Бомбите ја открија вистината за Македонија: СДСМ подготвува распад на државата преку двојазичност – федерализација – отцепување

zaev-verusevski-albansko-zname

Веќе на сите им е јасно дека кризата што ја намета СДСМ и ја одржува две години со помош на Сорос и албанските радикали, од Беса, од соседството, но и високо од раководството на партијата, не е никако за доброто на Македонија, во корист на народот кој треба да ја дознае вистината за наводниот криминал на власта, туку за да им го отвори патот на албанските радикали да го реализираат планот за Голема Албанија.

Protest-Albanci

Бомбите немаа цел да ја откријат вистината за Македонија, ниту пак СЈО на чело со Катица Јанева се фотмира за да ја истера правдата на виделина – нивна цел е да се раскараат и закрват Македонците, особено во власта, а потоа разединети и закрвени да бидат лесни за елиминација. На тој начин, со „чисти раце“ на нивно место да дојдат структурите кои планираат федерализација и конечно отцепување на Македонија, предводени од Зоран Заев.

Што значи редефинирање на државата

silegov-albanci-tetovo

И Шилегов како и Заев се залага за доспроведување на процесот за поделба на земјата до степен на неповратност. Тоа што со нивниот речник е „редефинирање“ на унитарниот карактер на државата, значи воведување на двојазичност, па федерализација и потоа отцепување на државата со можност за приклонување кон соседни држави.

Шилегов низ „Шестката“ потврдува дека Заев им дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Двојазичноста е само прва од трите фази на федерализацијата заедно со кантонизацијата и федерализацијата, како преоден пат кон отцепување на делови од Македонија.

Тоа што сега го зборува Заев, а Шилегов „пластично им го доловувал“ на Албанците во Тетовско, значи воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата, односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.

Распад на државата во три фази

Лидерот на опозицијата веќе подолго време работи на неповратен процес на федерализација на Македонија. Влогот на Заев е унитарноста на државата, а сценариото кое веќе и јавно го презентира како „редефинирање“ на државата се состои од трите фази од воведување на двојазичност, преку федерализација, до отцепување на делови од државата и спојување со соседни земји.

golema-albanija

За исполнување на сценариото Заев одамна дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години.

Прва фаза

Со првата фаза е опфатена воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата. Односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.

Обраќањето на Заев пред албанската дијаспора во Берн предизвика лавина од реакции кај македонската јавност. Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски-  француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.

Втора фаза

Во втората фаза е предвидено поделба на државата по федерални единици, кантони, односно развивање на општините во „понапреден систем на самоуправување“. Во оваа фаза би требало да се одвива и административно поврзување на федералните единици.

zaev_albansko-zname-640x341

Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Дека Заев е свесен дека двојазичноста води кон федерализација, и дека знае што тоа може да предизвика, потврдува и изјавата на првиот човек на албанската дијаспора Муса Љамалари.

Трета фаза

Третата фаза од распадот на државата е отцепување на делови преку локани референдуми на шесте кантони и нивно припојување кон соседни држави. Намерата на Заев, не е нова, тој го подготвува теренот за ова сценарио подолго време.

zaev-zekiri-verusevski-fudbal

Заев зборува за двонационален идентитет уште во првото (и последно) интервју дадено за „Република“ непосредно по стапувањето на функцијата претседател на СДСМ.

Иако сопартијците се обидоа да го прикажат како „грешка“ поради струмичкиот дијалект на својот лидер, сега е кристално јасно дека изјавата за „двонационален идентитет“ воопшто не била надвор од неговата агенда.

ГРОМ: СЈО да отвори истрага против непознат сторител за објавените снимки од т.н. „бомби“

grom-logo

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) бара Специјалното јавно обвинителство веднаш да отвори истрага против непознат сторител и за сите објавени аудио снимки од т.н. „бомби“ да има кривично гонење.

– Нивната злоупотреба ќе предизвика големи штети па дури и ќе има убиства. Одговорноста за сето тоа ќе падне врз СЈО, Зоран Заев и СДСМ, стои во денешното пишано соопштение од ГРОМ.

Од оваа партија потсетуваат дека уште пред една и пол година предупредиле дека аудио снимките, набавени на незаконски начин ќе имаат далекусежни негативни последици.

– Предупредивме дека снимките ќе бидат користени за компромитирање на јавни личности, уцени, рекет на стопанственици и други граѓани. Денес, токму тоа и се случува. Аудио снимките од т.н. „бомби“ се доставени до разузнавачки служби на Балакнот, до членови на криминалното подземје, до одредени политичари од соседните земји. Згора на тоа, ние сме сведоци дека т.н. специјална обвинителка и во својот извештај и усмено, во повеќе наврати, упати апел  до сите оние кои поседуваат неовластени снимки, истите да ги достават до СЈО, се вели во соопштението од ГРОМ.

Во таа насока од ГРОМ ја прашуваат специјалната обвинителка Катица Јанева дали е таа хуманитарно здружение па упатува апели или е обвинител.

Анализа на Мирка Велиновска: Заев им делел бомби и на Бојко Борисов и на Аиво Орав

Mirka-Zaev-Borisov-Orav

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ СНИМА РИМЕЈК НА ИТАЛИЈАНСКИОТ „АМАРКОРД“

Додека чекаме спокојно на крајот на месецот по неколкукратно одложување поради „објективни околности“ Советот на ЕУ-министри за надворешни работи да ја официјализира странската севкупна интервенција во Македонија, без да го заморуваат Советот за безбедност на ООН, ред е да се потсетиме на неколку операции и гротескни ликови што можеби по повеќе децении на денешниве македонски пубертетлии ќе им бидат романтични и носталгични спомени од времето кога растеле среде фрикови.

Овој горчлив „романтизам“ на Федерико Фелини прикажан како сеќавање на пубертетлијата Тита за животот во село во близина на Римини во 1930 година во фашистичка Италија е најсоодветен за објаснување на некои „феномени“ во Македонија. На пример, провалата на операцијата „Еразмус“ што резултира како потрага по осомничените професори од Економскиот факултет кои правовремено киднале. Некој очигледно им шепнал. Интересна е таа врска на службеници на МВР (ДБK), бивши и сегашни, кои од хоби се занимаваат со шпионирање. И уште посрамно е што Министерството што стана еквивалент за швајцарско сирење не прави ништо видливо за враќање на сопствената кредибилност. Преку заштита на честитите професионалци. Добро, јасно е дека наредбите за „не таласај“ доаѓаат од политичкиот врв на владејачката будистичка партија, ама овде не е во прашање веќе министерот сегашен, бивш или паралелен (О, Господе, чувај не од тие што за наше добро со своите одлуки ја претворија Македонија во лудница) туку за колабирање на безбедносниот систем на земјава. Митко Чавков засега уште единствен министер за внатрешни, за вакви појави не сака да шпекулира. За жива глава не кажува кои странски служби ~ го организираа ова чудо на Македонија. Во интерес на истрагите, де. Не е важно дека Македонија може за час да биде окупирана и официјализирана како колонија на НАТО. Му вели на Васко Ефтов, времето ќе покажело и ќе ги разјаснело ситуациите. Му треба на политичаров дистанца за да го види тоа што и слепец го гледа. Бидејќи тој не е направен од материјал на Едвард Сноуден, и не сака да ризикува сопствен задник за „тривијалности“ ќе мора пак ние жртвите на ваква политика да истопориме скриени информации. За да има што да работат паралелните судски и обвинителски органи.

Папка со снимки

Овој пат за трансферот на прислушуваните разговори поради кои нели се формира неуставен наменски кенгурски трибунал по налог на корпоративна Америка. Значи, знаеме ли конечно што и кому предал Зоран Заев од милиончето снимки? Бијонсе од Гевгелија не кажува. Арно ама, кажуваат шефовите на држави и влади од Југоисточна Европа кои во синхроно време примиле лично од негови рачиња интересни материјали. Не е дека кому било во светов му е тајна тоа дека западните служби ги шпионирале своите пријатели, партнери и сојузници. НСА, БНД и МИ 6 биле најагилни. Но баш е слатко што суштествово од Муртино му врачил папка со снимки, на пример, на Аиво Орав во кои цел на шпионирање е врската и интимата на амбасадорот и неговиот швалер Стефан Шанов од Бугарија. А истата содржина, покрај снимките за бугарската амбасада и активностите на персоналот во и надвор од работното време, му е врачена и на Бојко Борисов. Орав напросто полудел од бес кога разбрал дека Заев го истретирал и лансирал на меѓународен план, а чека напредок во кариерата. Борисов, сетете се, по средбата со Заев просто цутеше од радост што стекна толку добар пријател од Муртино. Заев, исто така, оти доби уште еден западен поддржувач за своите политики кон Македонија. Заев доби од непознат донатор милион снимки. Бомби. Дали со дозвола од газдата и ги редистрибуира сега, не ни е познато ама, со оглед дека дотичниов дејствува на копче, изгледа дека бил охрабрен. Снимките се поделени во три групи. Едните се однесуваат на македонските политичари и тие ниско се котираат на меѓународната шпионска берза. Вторите се за НВО и медиумите што исто така се со вредност на „џанк“ или тежок отпад. Е третите се „малку поинакви“, да не кажам деликатни зашто ги третираат странските мисии, амбасади, вработени и амбасадори. Од овој третиов бомбашки арсенал, Заев си направил купчиња за подарок. Досега им ги дал на Италија, Грција, Хрватска, Србија, Kосово и Бугарија. На сите со кои се среќавал фактички. Дали заради дејството од оваа ујдурма прислушувачот Велика Британија по чиј директен налог работел агентот Зоран Верушевски и кој и сега го штити преку Бијонсе Јанева, ја добил честа да ја реформира македонската полиција, според директивите на Прибе експертизата на ОБСЕ и упатствата на Шекеринска?

И ние како министерот Чавков не би сакале да шпекулираме, ама амаркордовски кажано, да не е малку многу очебијно што британските циници што ни ја подготвија „Kилибарната лисица“ и така преку Еребино ја онеспособија одбраната на државата во 2001 година, сега, пак, по иста кројка ја дрмаат државата и тоа од среде МВР. Еребино го префрлаат во МВР. Еднаш во духот на Рамковниот, заедно со експерти од ОБСЕ (Kрег Џенес од Kанада), Британци ни ги напишаа реформите на МВР. Потоа, на терен ни го саботираа собирањето потписи за референдумот за територијална поделба, инаку измутирано копиле од родоскрвната политичка врска на македонските политичари запечатена со Рамковниот. И сега, пак, трета мајка, на ист трик, со ист шаблон, во МВР ќе ги напукаат покрај домашните разголени цијаши и англофилните скриени „мијаши“. Можеби со Верушевски на чело. Ваква гротескна реприза на операцијата „ГЛАДИО“ не е поставена никаде досега. Веројатно само во Македонија има толку благопријатни поволности.

Ангажманот на ОБСЕ

Но чекајте! Ова не е сè. Нашава безбедносна институција во содејство со нашиот ресор за надворешна политика, од само ним познати причини, дозволи двајца странски шпиони и координатори на терористички дејства (врска за комуникација), а инаку со формално домашно потекло според лични документи, да се изземени од процесот „Пуч“. Зошто? Па зашто обајцата се вработени како локално „особље“ во странски претставништва. Иако по ниту една дефиниција немаат дипломатски имунитет, ете, на барање на газдите, шефот на мисијата на ОБСЕ и амбасадорот на САД ги прикажале како дипломати. Се работи за Беат Рамадани и Адријан Исмаили. За нив во интервју говори терористот од „Дива Населба“ кој избега. Вели дека контактирал со нив од подготовката на операцијата до самиот крај. Kај нив барал гарантиран излез со меѓународна помош. На ОБСЕ ова не ~ е прв ангажман и учество во воените конфликти што ги креираа специјалците на НАТО. Сетете се на Липково, Липковската брана, на дотурот на оружје на УЧK, а божем во возила со хуманитарна помош, па на извлекувањето на терористите со се инструкторите од Британија, Холандија и САД во Арачиново, па истиот случај со криењето на идентитетот на инструкторите од „Дива Населба“ и нивното засолнување во „Бонд стил“. Досега со сигурност се знае само дека еден од инструкторите бил Холанѓанец, чиј идентитет се чува во тајност. Но и сега, преку учеството на практично сите вработени во мисијата како „локал стаф“ сосе семејствата на шарените вандалски расхотки низ Скопје, јасно е што и е примарната мисија на ОБСЕ во Македонија. Безбедност и соработка секако не. Ги гледаме кога ни проаѓаат крај домовите како лапаат свирчиња, ги овековечуваме исто како Евреите, за не дај боже утре да се загубат во масите преоблечени во лажен македонски идентитет. Оти овој македонски пилав уште многу вода ќе пие.

Чистачот на чевли Kенан и СЈО

Претпоставувам дека еден од мотивите зашто на Никола Попоски италијанскиот амбасадор Белели му врачи орден на честа и го прогласи за голем офицер токму сега, е таа позната македонска простодушност раширена меѓу „државотворните“ и „одговорни“ политичари што одбегнуваат да шпекулираат пред својот народ. И кои, иако зборуваат македонски, никој Македонец не ги разбира. Оти дечкиве од италијанската ГМО влада, составена на пржински начин по ликвидацијата на последниот легално избран премиер Силвио Берлускони (преку обвинители и судии специјални како и нашиве од СЈО) мислат дека кадри како Попоски ќе бидат корисни и во следниот чин на македонскиот амаркорд. А ако нешто тргне на лошо за слугите на чадорот, италијанската амбасада е таа што треба да им обезбеди кидавела. Демек, работни визи и престој ќе им дава откога ќе киднат. Нормално, со домашна тајна соработка и со дискретната ОБСЕ која е испрактицирана во извлекување корисни идиоти. А тоа бара најмалку почесен „Голем офицер“ со фиктивни уставни овластувања кои преседански ги толкува фиктивниот Уставен суд. Во оваа категорија на мигранти со статус е и СЈО, кое за петтоколонашите стана култно место за собирање и самоидентификување. Приближно како што чистачот на чевли Kенан беше идентификација за скопските корзаџии во седумдесеттите години од 20 век. Спремни се за кидавелка и трите моири. Сега, ГМО Италија ги промовира интернационално како храбри борци против криминал и корупција и тоа за сметка на убиениот Фалконе, кој вистински се бореше со вистинската мафија. Бидејќи фактите на терен може молскавично да се сменат и некој да се сети и праша како тоа корумпираната мафијашка власт самата себе се снимала и оставила докази за своето злосторство, а во револуцијата за правна држава главните борци ~ се с` докажани криминалци и странски платеници, старателите на Јанева, Ристовска и Фетаи решиле да си побараат гаранции за излезно решение. Во Палермо, од правнуците на Дон Вито и Тото Рина, очигледно ги добиле. Тоа го потврдува италијанскиот амбасадор со својата теренска работа. Досега, нашите извори не ни обелоденија дали со работни визи ќе го опфатат и Светомир Шкариќ, кој долго време беше главен идеолошки инквизитор на СKМ за да се трансформира сега во демократ, правдољубец, плуралист и шарен револуционер и Александар Тортевски, антикомунист, кој колку до завчера тврдеше дека СДСМ преку Ленче Софрониевска во судскиот систем ја инсталирал мафијата, која, пак, била организирана оперативно во тројки составени од обвинител, судија и адвокат. Kако и да е, за неодамнешната екскурзија на Бијонсе од Гевгелија со својата свита по прататковината на мафијата, нашите извори велат дека била чисто промотивно пропагандна. Женава немала никаков јавен настап, никаков специјален говор оти не знае македонски, а камоли англиски и италијански, туку само пригодно ја шетале како мечка на панаѓур, а нарачани ГМО-новинари од неколку медиуми под корпоративна контрола ја „продавале“ во неколку реда нејзината лажна биографија. Толку. Другото било кафањерство и пазарлак.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

ЗАЕВ СЕ ЗАКАНУВА – Како ќе објавува „бомби“ кога сите ѝ ги „предаде“ на Јанева?

Zaev-Katica

Дека Заев често ги менува ставовите доказ е извештајот на специјалното јавно обвинителство дека располага со 546.948 фајла, за по неколку дена тој јавно на телевизија да каже дека тој поседува еден милион разговори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера се закани дека повторно ќе почне да ги објавува прислушуваните разговори доколку не бидат исполните неговите услови под кои би се согласил конечно да излезе на избори. Иако пред неколку месеци „филмски“ тој и неговите соработници ги предадоа содржините на „бомбите“ во специјалното обвинителство, сега го тврди спротивното.

SDSM-Materijali-prislusuvanje
Во јавноста уште тогаш постоеше сомнеж дека тоа е една обична фарса и дека кутиите се празни и дека во нив нема никакви податоци, хард-дискови со материјали. Со оваа негова изјава само се потврди дека материјалите се кај него и дека тој чека погоден момент повторно да почне да ги објавува.

-Досега не постоеше ниту законска ниту уставна можност Зоран Заев, СДСМ и опозицијата да продолжи со објавување на бомбите. Ако тоа биде потребно, ние и тоа ќе го направиме – се „пофали“ вчера лидерот на СДСМ.

Дека Заев често ги менува ставовите доказ е извештајот на специјалното јавно обвинителство дека располага со 546.948 фајла, за по неколку дена тој јавно на телевизија да каже дека тој поседува  еден милион разговори.

Предавањата на прислушуваните разговори и забрана за нивно понатамошно објавување е дел од договорот од Пржино на кој еден од потписниците е и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со измени за Законот за помилување, за „бомбите“ и уште четири други

Sobranie-glasanje

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, доцна попладнево поднесoа во процедура измени и дополнувања на шест закони.

Според информациите до кои успеа да дојде Нетпрес, со поднесената процедура опфатени се Законот за општа и управна постапка, Законот за управни спорови, Законот за помилување, Законот за заштита на приватноста, потоа Законот за изменување на изборниот законик, како и Законот за заштита на личните податоци.

Првите два закони се поврзани со подобрување на работата и зголемување на ефикасноста во управните постапки на Државната изборна комисија, третиот е закон кој претходно беше најавен и од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, а со него на Претседателот на државата му се дава можност да изврши поништување на одредено помилување. Четвриот е всушност одложување на примената на Законот за заштита на приватноста, попознат како Закон за „бомбите“. Поточно се одложува неговата примена до први јули 2017 година, а дотогаш оваа проблематика ќе биде опфатена во рамки на Кривичниот законик.

Последните два, пак, се поврзани со работата на Државната изборна комисија, поточно со проблемите со кои се соочи ДИК при објавување на личните податоци на граѓаните при прочистување на избирачкиот список.

Коментар на Искра Kоровешовска: Подметнатите бомби на социјалните мрежи

Katica-prislusuvanje

И два месеца откако беа поставени на социјалните мрежи, секој може да ги слуша приватните разговори на уредници, политичари и бизнисмени, иако за нив се водат постапки под сомнение дека потекнуваат од нелегално прислушуваните телефонски разговори, тие сè уште се достапни на интернет.

Постапка поведе специјалното јавно обвинителство кое беше формирано токму за разоткривање на криминалите за прислушувањето, иако со задоцнување од неколку недели. Своја истрага води и Министерството за внатрешни работи, од кое „Дневник“ и по два месеца упорно инсистирање, не добива одговор зошто овие снимки, нелегални и предмети на истраги, уште може да се слушаат на интернет? А досега ги слушнале неколку стотици илјади граѓани.

Објаснувањата од двете надлежни институции се дека се работи на случаите, без детали и дополнителни појаснувања, а уште помалку за тоа како е можно да не се симнати од „Фејсбук“ и „Јутјуб“ и да нема никаков прогрес во истрагите.

И не само ова. Енигма е сè уште и дали сите прислушувани материјали се предадени до СЈО оти бројката од над еден милион разговори – за кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тврдеше дека ги предал, не се совпаѓа со бројката од околу 500 илјади фајлови со разговори во извештајот на специјалното обвинителство – со образложение дека тимот на Kатица Јанева сè уште ги брои и класифицира.

Во меѓувреме, откако Заев и’ ги предаде на Јанева, да не заборавиме, излезе и „Фабриката за афери“, каде што беа запленети над 70 илјади нелегални снимки, умножени од бомбите на лидерот на СДСМ или, пак, некои други – уште не се знае. Деновиве, пак, се запленети уште прислушувани материјали од македонски политичари во Србија.

Зошто специјалното јавно обвинителство не открива до каде се постапките што ги водат и дали воопшто има некаков прогрес? Зошто сè уште нема осомничени, ниту информации кој ги поставил на социјалните мрежи? Зошто ако МВР, кое единствено треба да побара од „Фејбук“ и „Јутјуб“ да ги тргне од таму, според министерот Оливер Спасовски, уште веднаш го сторило тоа, снимките уште се достапни?

Ако транспарентноста е една од главните одлики на тимот на Јанева и е очигледна на секоја прес-конференција на ова обвинителство кога се објавуваат нови случаи, зошто тогаш ја нема во однос на гореспоменатите, во врска со приватните снимки?

Молкот од СЈО остава простор за шпекулации и сомневања.

Извор: Дневник / Искра Kоровешовска

Васко Ефтов: Заев ќе почне да пушта бомби против Спасовски и Ременски

Vasko-Eftov

Заев ќе почне да пушта бомби против Спасовски и Ременски… Со оглед на тоа дека и ДУИ изелзе од владата се прашуваме против кого сега Заев ќе пушта бомби.

Прво беше ВМРО- ДПМНЕ на мета, па ДУИ, сега кој е следен? Ременски и Спасовски? Со оглед на тоа дека само тие останаа веројатно новите „бомби“ ќе бидат наменети за нив.

Но, како и да е, Заев пак ќе биде лутата опозиција, а Ременски и Спасовски ќе бидат недемократската власт.

Новинарот Васко Ефтов напиша интересен статус на социјалните мрежи кој може да го прочитате во продолжение:

Vasko-Eftov-FB-Bombi

Колумна на Ненад Мирчевски: Катица во јуриш за уривање на македонската држава

Katica-Dinamit

Најновиот скандалозен испад на специјалната обвинителка Катица Јанева во кој ги погази сите институции на државата покажа дека нејзиното поставување на функцијата (предлог наметнат од меѓународните посредници) воопшто не е во насока за спроведување легална истрага и расчистување на аферата со прислушувањето, туку е со задача да ја преземе улогата на Заев во сценариото за тотално разнебитување на државата. Јанева останува последен адут на Заев не само да се спаси од избори туку и од затвор, па затоа обвинителката е подготвена да оди до крај во растурањето на државата во обид да го одбрани обвинетиот.

Начинот што го одбра да избега од обврската да се појави пред Советот на обвинители и пред пратениците за да го дообјасни извештајот полн со нејаснотии, имаше катастрофален ефект и за неа и за сценариото што го спроведува. Обвинителката, која со недели бега од јавноста, окуражена од присуството на чадорот, си дозволи без докази, спротивно на демократските правила на владеење да ги прогласи за нелегитимни претседателот на државата, Уставниот суд и пратениците. Притоа, Јанева целосно ја погази државата и го навреди народот, а во исто време го оспори и сопствениот легитимитет. Згора на сѐ, побара сите да покажат почит кон нејзината институција, небаре се самопрогласува за суверен кој ја презема целата моќ и власт во државата.

Ако цврсто стои на ставот дека пратениците немаат легитимитет, тогаш се поставува прашањето зошто неколку дена претходно Јанева достави писмен извештај до Собранието за својата работа и кому таму му се правдаше за сработеното?

За волја на вистината, нејзиниот легитимитет е оспорен од многумина уште од самиот почеток поради противуставното формирање на институцијата, но никогаш досега на ваков начин и од самата обвинителка. Уште поскандалозно од негирањето на легимитетот на институциите е тоа што обвинителката настапува со идентичен став како и обвинетиот Заев, кој цела година наназад не ги признава судовите и претседателот на државата.

Мизеријата оди дотаму што таа како обвинителка која би требало да се повикува на докази и факти, ги користи неиздржаните аргументи на Заев. Така, во несреќно составеното образложение од скандалозниот настап, Јанева ги доведува во прашање изборите во 2011, 2012 и 2013 година без да размисли (или без никој да ѝ сугерира) дека и пратениците и претседателот беа избрани на избори во 2014 година. Само за потсетување, од изборите што самата ги спори, единствен мандат што може да виси е мандатот на Заев, кој стана градоначалник на Струмица во 2013 година.

Ако Јанева, пак, воопшто знае што зборува, и навистина има докази за сето тоа што го тврди, наместо да игра политички игри и да придонесува во дестабилизирањето на државата, треба веднаш да побара од надлежниот суд итно да го распушти Собранието и да распише нови избори со кои би се вратил легитимитетот на институциите. Ако не го стори тоа, тогаш треба да одговара заедно со сите тие што ги обвинува затоа што им овозможува нелегално да владеат со државата. Секако, за сето ова ѝ требаат силни докази и голема доверба и поддршка од граѓаните, за чии интереси и треба да работи. Од сето потребно Јанева нема ништо, па затоа од обвинителка се претвори во портпаролка на Заев.

Специјалната обвинителка мора да се појави пред Советот на обвинители и пред пратениците не само за да им даде отчет на нив, туку и на целата македонска јавност, која скапо ја плаќа нејзината работа (четири милиони евра годишно). Легитимитетот на овие пари Јанева досега не го оспорила, затоа е неверојатно да се види како крши нозе да се сретне и да даде отчет пред амбасадори и претставници од странство, но се крие како преплашено јаре од соочувањето со јавноста и со граѓаните.

Секако, надвор од памет е да се верува дека некој ќе ѝ дозволи на Јанева да укинува легитимитет на институции кои се градени со децении, но дилемата е до кога институциите ќе молчат и ќе толерираат вакви антидржавни испади на групи и на поединци?

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Ефтов: Со бомби бараа избори, сега од изборите бегаат како од (атомски) бомби

SDSM-bega-od-izbori-f

По повод актуелните случувања на политичката сцена во Македонија со свој став се огласи и новинарот кој важеше за близок до СДСМ, Васко Ефтов.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави кус коментар кој се однесува на барањето на лидерот на СДСМ и на лидерот на партијата Зоран Заев за одложување на изборите што согласно договорот од Пржино треба да се одржат на 24-ти април годинава.

Vasko-Eftov-atomski-bombi

„Со бомби бараа избори, сега од изборите бегаат како од (атомски) бомби!!!“

Ова е кусиот коментар на Ефтов по однос на последните случувања на македонската политичка сцена и пролонгирањето на политичката криза во земјава, предизвикано од СДСМ.

На неговата Фејсбук фан страница се појави и фотографија што го илустрира кажаното, и која ја преплави оваа социјална мрежа.

SDSM-bega-od-izbori

Интервју со Ѕинго: СДСМ со бомбите го урива системот и државата, а не ВМРО-ДПМНЕ

Dzingo-Intervju

Бомбите на опозицијата го уриваа системот и државата, а не ВМРО ДПМНЕ вели Љубисав Иванов Ѕинго, политичар со најдолг стаж во државата, во интервју за весникот „Вечер“.

Иванов има 60 години искуство во политиката.

Госпо­дине Иванов вие сте политички активен повеќе од 50 години, дваесетина години сте Претседател на Социјалистичката партија на Македонија, истовремено сте успешен стопанственик, од овие позиции како ја оценувате изминатата 2015 година?

Македонија ја заврши една од најтешките и најбурни години од осамостојувањето, година на големи политички потреси, година на изместени вредносни критериуми и година што несмее да се повтори. 2015 ќе остане запаметена по обидот за вонинституционално превземање на власта преку недемократски методи во име на Слобода и Демократија, но истовремено ќе биде запаметена и по мудроста, смиреноста и патриотизмот на Македонскиот народ, ќе биде запаметена и по прогресот, економските резултати, вработувањата и бегалската криза. Со еден збор многу турбулентна, политички нестабилна, но економски успешна година. Велите дека годината која завршува ја одбележал обидот за вонинституционално превземање на власта, на кого точно мислите, и кој мислите дека стои позади еден ваков обид? Сите ние сме сведоци на една долго организирана операција на девалвирање на изборните резултати и на демократските капацитети на нашата држава, преку разни невладини организации, преку извештаите на ОБСЕ, преку јавни настапи на домашни и странски политичари и таканаречени експерти се креираше слика и приказна за недостаток на Европските вредности во Македонија. Оваа добро осмислена стратегија започна да се реализира во 2011 година, продолжи 2013 и 2014, за да ескалира во годината која е зад нас, ескалираше на начин и со методи кој се незапамтени во демократските земји во Европа, преку укинување на основните права на граѓанинот, право на приватен живот, заштита на личните податоци, обиди за наметнување на цензура на медиумите, напади на новинари и медиуми итн. На вашето прашање кој стои зад ова неможам да дадам точен одговор, но секако дека стојат структури надвор од нашата држава кои во Македонија најдоа извршители и сојузници за реализација на своите планови.

Политичката криза започна со објавување на таканаречените бомби од опозицијата и барањето на оставка од Владата на Република Македонија, кој е вашиот став во врска со објавувањето на овие бомби?

Објавувањето на бомбите има три димензии. Првата е дека една група на луѓе, поттикната од материјална корист се организирала, го пробила безбедносниот протокол во МВР и за нарачателот со години снимала и му испорачувала снимени разговори од политичари, стопанственици, новинари, студенти, професори и други профили на граѓани, за да во еден момент нарачателот им ги предаде овие снимки на СДСМ поточно на нивниот лидер Заев. Оваа работа во меѓувреме беше откриена, дел од учесниците го признаа делото и во тек е судски процес кој се води против останатите учесници во овие незаконски дејанија. Втората димензија од овие бомби е дека тие беа бесправно, незаконски емитувани, пред очите на целата Македонска јавност, во име на демократијата и борбата против корупција, а всушност нарушувајќи ги основните демократски права на стотици граѓани кој биле снимани на незаконски начин. И третата димензија на овие бомби е нивната злоупотреба во политички цели преку креирање на негативна енергија во општеството, преку создавање на незадоволство и бес кај граѓаните да дојде до ескалација на состојбите во државата и насилно превземање на власта.

Велите дека ова е добро осмислена и реализирана операција, што мислите дали оваа однапред планирано сценарио ги постигна зацртаните цели…

На оваа прашање ќе одговорам и да и не. Од една страна ги постигна целите, бидејќи Македонија беше девалвирана како држава пред светската јавност, во Македонија се донесоа закони набрзина прикрпени, без јавна дебата, во договор на четири партии и во најголем дел противуставни. Се измислија институции кои делуваат надвор од системот како Специјалното јавно обвинителство, се ревидираа институции како ДИК, на чија што работа никој немаше забелешки, се внесоа министри во Владата кои се целосно непродуктивни, со еден збор почна да се руши правниот поредок на државата, почна да се девалвираат инстуциите и се загрози уставот и основните начела на владеењето на демократијата во Македонија. Во овој дел нарачателот и организаторот на оваа политичка криза успеа да ги реализира делумно своите цели. Од друга страна нивниот план не се реализира во целост бидејќи Македонскиот народ, и останатите етнички заедници во Македонија ја прочитаа оваа валкана игра, не дозволија да бидат заведени и да бидат дел од едно вакво сценарио, Македонскиот народ е мудар народ, и со своето однесување не дозволи ескалација на состојбите и целосна реализација на зацртаниот план.

Во екот на најголемата политичка криза, се случија немилите настани во Куманово, дали мислите дека овие две случувања се поврзани едни со други.

Многу тешко е да се одговори на оваа прашање во овој момент, судскиот процес и истрагата можеби ќе ни дадат повеќе и поточни одговори на оваа дилема. Факт е дека во периодот на објавување на бомбите имало план од една екстремистичка групација да врши терористички напади низ нашата држава, овие напади би предизвикале дополнителен притисок врз Владата на Република Македонија, составување на експертска влада и нов рамковен договор. Ако тргнеме од овие претпоставки произлегува дека корист од ваквото сценарио би имала опозицијата, во недостаток на докази некоректно е да се шпекулира со една ваква теорија, но сомнежот останува.

Како резултат на бомбите, протестите на опозицијата и кумановските настани се потпиша Договорот од Пржино, како го оценувате овој договор?

Овој договор требаше да води кон смирување на состојбите преку градење на доверба и мостови помеѓу партиите, меѓутоа самиот договор и посебно имплементација на истиот одеше во еден сосема друг правец. Како резултат на договорот се донесоа противуставни закони и како резултат на договорот се носеа законски и потзаконски акти со кои се поткопува националната легислатива. Македонија има свој судски систем веќе 70 години, и покрај сите слабости кои се присутни во оваа област, но слабости кои ги има и во други држави, се наметнаа решенија со кои се понижи и Јавното обвинителство и судиите во целост. Сите ад хок закони кои се донесоа како резултат на Договорот од Пржино, се неиздржани и потценувачки за нашата држава, но најважно е дека нема да се ефикасни и како такви ќе бидат укинати за неколку години. Од друга страна имплементацијата на овој договор не водеше кон смирување на состојбите туку кон продолжување на политичката борба со цела жестина не бирајки средства и методи.

Договорените обврски кои произлегуваат од договорот се завршени во целост, останува уште оставката на премиерот, но опозицијата постојано поставува нови услови и уценува со одложување на изборите?

За да ја сфатиме оваа игра, мораме да ја сфатиме суштината на проблемот, во 2011 година опозицијата сфаќа дека неможе да дојде на власт преку демократски средства со натпревар на идеи и програми и одлучува да изгради стратегија за компромитација на изборните резултати и демократските капацитети на Владата, на начин и со методи за кои говорев погоре. Од тој момент тие одлучуваат да не ги признаат било кои избори во кои тие не се победници, одлучуваат да не ги легитимираат изборните победи на другата страна, и да не учествуваат на избори освен ако не се сигурни дека ќе победат. Бидејќи тие во овој момент се свесни за тоа дека ќе доживеат тежок изборен пораз ако има избори во април, ќе направат се избори да нема или ако има да има такви избори кои нив ќе им гарантираат победа без оглед на расположението на гласачите.

Каде вие го гледате излезот од оваа политичка криза?

Според мене има два начина како да излеземе од оваа неодржлива состојба. Првиот е преку одржување на изборите во април согласно договорот од Пржино, избори на кои ќе учествуваат сите кои што сакаат да учествуваат, со кои ќе се потврдат демократските капацитети на државата и ќе се избере влада која што ќе ја подржуваат мнозинството на Македонци. Втората опција е да се избере нова влада без таканаречените технички министри и да се одржат избори во својот редовен термин 2018 година. Сите други варијанти би биле многу опасни за државата и би воделе кон хаос со несогледиви последици и врз стабилноста и безбедноста на Грѓаните и врз суверинитетот на Македонија.

Овие денови се отвори една голема афера, таканаречената Фабрика за афери, како вие гледате на ова?

Сведоци сме на откривање на неверојатни методи и планирани сценарија на опозицијата, целата оваа афера е во поткрепа на сето она што го говорев погоре, ова е само дел од сценариото за девалвирање на изборните резултати. Истовремено креирањето на фалсификати со кои би се компромитирале изборните резултати на претходните избори е тешко кривично дело, креирање и фалсификување на патни исправи, банкарски сметки, банкарски трансфери, поседување на лични податоци на стотици илјади граѓани се исто така тешки кривични дела. Дистрибуцијата на 70.000 телефонски разговори на една криминална група е скандалозно, нечовечно, недемократски и противзаконито. На овој начин опозицијата ја компромитираше веродостојностана и автентичноста на сите досега објавени бомби.

Да преминеме на некои други теми, решавањето на името или нови отстапки кон Албанската заедица надвор од Рамковниот договор, би можеле да бидат некои карајни цели на политичката дестабилизација на Македонија, ваше мислење за ова?

Ако се ова мотивите за политичката криза, а возможно е да се, мислам дека креаторите или нарачателите на истата имаат направено погрешна политичка процена, овие процеси според мене само не одалечуваат од решение за името и од меѓуетничкиот соживот. Во спорот со името оваа влада покажа максимална конструктивност, но во една фаза кога другата страна одбиваше било какво решение, прогрес беше невозможен. Со промените во Грција се надевам дека ќе има поискрен пристап од нивна страна, и по евентуалните избори во Април верувам дека Груевски и Владата во целост ќе пристапат со уште поголем интерес за решавање на оваа прашање. Од друга страна оваа политичка криза им штети и на двете Албански партии и на албанците во целост, само во мирни услови низ демократски процеси може да се направат промени или концесии кои нема да ги исфрустрираат граѓаните, и нема дополнително да го поларизираат општеството по национална основа.

Бегалската криза во еден момент се закануваше да стане голем проблем за нашата држава, дали мислите дека ризиците од истата се поминати?

Бегалската криза беше, сеуште е и ќе биде голем безбедносен предизвик за нашата држава, во овој момент бегалската криза не е само проблем на Македонија туку стана и глобален проблем. Во еден момент постоеше реална опасност за голема штета врз Македонија, постоеа и некакви опасни планови на ниво на Европската унија за прифаќање на стотици илјади бегалци од страна на Македонија. За една мала држава како нашата тоа ќе беше страшен економски, безбедносен и демографски удар, од кој што немаше да можем да се оправиме со децении. Нашата влада со мудар и принципиелен пристап успеа да го релативизира и ублажи ефектот од бегалската криза, се надевам дека овој пристап ќе продолжи и во иднина.

Во услови на внатрешна политичка криза Македонија на економски план имаше солидни резултати, вие како долгогодишен стопанственик каква оценка би дале за економските состојби во државата?

Годинава имавме малку помал економски раст од планираниот, што во услови на ваква криза е извонреден резултат, со паметна фискална и монетарна политика успеавме да ја задржиме макроекономската стабилност на земјата и добра кондиција на буџетот. Добро е што индустријата расте, градежниот сектор е во експанзија, инфракструктурни објекти се градат, енергетски капацитети се исто така во изградба, нови економски инвестиции секојдневно се реализираат, сето ова е добра основа за оптимизам за економијата и во наредниот период. Една од најголемите придобивки е зголемувањето на вработеноста, новите работни места се најважниот приоритет на оваа а би требало да биде и на секоја наредна влада.

Социјалистичката партија постојано инсистира на нови вработувања, социјални мерки, и посебен фокус на земјоделието, какви се вашите предвидувања за овој сектор?

Владата на Груевски во која ние го имаме секторот на Земјоделие, направи извонредни мерки, програми и резултати во овој сектор, имаме 112 милиони евра директни субвенции за земјоделците, и овој износ од година во година расте. Инвестиции во нови хидросистеми за наводнување, браната Злетовица е завршена, започнува изградба на две нови брани Конско и Речани, во моментот се реализира проектор Вардарска долина, ваков инвестициски циклус во Земјоделието никогаш немало. Постојано се работи на осовременување на земјоделското производство, на воведување на нови технологии и знаења, преку неколку програми се овозможува набавка на ефтина механизација. Во кратки зборови Земјоделието во Македонија оди со крупни чекори напред.

И за крај кои се вашите очекувања од новата 2016 година во Република Македонија?

Очекувам разрешница на политичката криза, очекувам релаксирање на политичките односи, очекувам ревидирање на политичката стратегија и политичките приоритети на опозицијата и очекувам нормализација на вкупните состојби во државата. Истовремено мислам дека Македонија идната година ќе има уште подинамичен економски раст, ќе има нови инвестиции, нови вработувања што од друга страна ќе допринесат за подобар живот и повисок стандард на граѓаните. Воедно ја користам оваа прилика да им ја честитам Новата година на сите граѓани на република Македонија и им пожелувам многу здравје, успех и среќа во новата 2016 година.