Героски со жестоко предупредување до Заев: Некои од децава ќе мораат да летаат од Влада, со бизнис класа, на клоци

Големата државна ПР-машинерија на претходната влада се надградува и проширува. Бројот на лицата што работат односи со јавност и комуникации во министерствата и Владата е зголемен за најмалку 18 лица од лани, покажуваат бројките до кои дојде истражувањето на „Макфакс“.

Во Владата и министерствата во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации, откриваат информациите што „Макфакс“ за 2016 и 2017 година ги доби од институциите преку барања за слободен пристап до информациите.

Зголемувањето на ПР машинеријата на остра критика наиде и кај еден од најголемите поддржувачи на власта и според многумина главен медиумски стратег на СДСМ додека беше во опозиција.

Бранко Героски во својата нова колумна насловена „Пиарчење“ остро ја критикува оваа одлука на власта на СДСМ.

Тој на нападна и одлуката да биде направено посебно министерство за пи-ар, таков ресор според Героски таков сектор нема во ниту една европска држава.

Тој во колумната вели и дека не е сигурен дека луѓето впрегнати во оваа како што тој ја вели машинерија немаат ниту завршено каков било факултет и дека првпат во живото се среќаваат со поимот пи-ар. Според него тоа не е никако не е во ред, не е во ред владините служби да служат за вработување на „шарени револуционери“, „фејсбук активисти“ и други заслужни по било каква основа.

Тој во колумната пишува и дека Владата повеќе време посветува на пропагандата отколку на реформите, што како што вели е апсолутно точно. Тој на Заев и му порача „некои од децава сепак ќе мора да летаат од Влада. И тоа со бизнис-класа. Што ќе рече, на клоци… Жал ми е, но тоа е вистината“ .

Најмалку 120 луѓе работат во ПР и пропаганда за Владата на Заев и Поповски: Народот плаќа, бројката секојдневно се зголемува

Големата државна ПР-машинерија на претходната влада се надградува и проширува. Бројот на лицата што работат односи со јавност и комуникации во министерствата и Владата е зголемен за најмалку 18 лица од лани, покажуваат бројките до кои дојде истражувањето на „Макфакс“.

Во Владата и министерствата во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации, откриваат информациите што „Макфакс“ за 2016 и 2017 година ги доби од институциите преку барања за слободен пристап до информациите.

-Платите и хонорарите на вработените што работат односи со јавност во Владата и министерствата ги чинат граѓаните најмалку 690.000 евра годишно, покажуваат податоците за 2016. Иако сè уште е рано да се спореди сумата потрошена за годинава, која не е завршена, дека пиарот, освен на претходната, ѝ е важен и на новата Влада, говорат бројките на вработените во одделите за односи со јавност, кои и годинава остануваат слични, а некаде има и дополнителни вработувања, информира „Макфакс“.

Порталот пишува дека дури ни оваа огромна бројка не е конечна затоа што лица во секторот односи со јавност Владата продолжува да вработува, па „Макфакс“ анализира дека институциите им доставиле нецелосни информации или имаат вработени што работат односи со јавност, но технички нивните работни места се заведени со други имиња

Најмалку 120 лица во Владата и во министерствата работат односи со јавност, пиар и комуникации, покажуваат податоците што „Макфакс“ ги доби од институциите преку барања за слободен пристап до информациите. Оваа бројка е најверојатно и поголема затоа што кога направивме повторна проверка, дознавме дека некои институции ни доставиле нецелосни информации или, пак, имаат вработени што работат односи со јавност, но технички нивните работни места се заведени со други имиња. Некои од служениците, пак, работат пиар и односи со јавност, но имаат и други работни задачи, па се водат како да се вработени во друг сектор.

-Најмногу вработени што работат односи со јавност и комуникации и информирање има во Владата, каде што најмалку 40 лица работат односи со јавност и комуникации. Во 2017 тие во секторот за односи со јавност дополнително вработиле 25 лица ангажирани со авторски договор, како и еден портпарол и еден посебен советник за односи со јавност во кабинетот на претседателот на Владата. Во владата во 2016 година во Секторот за односи со јавност имало 17 вработени како државни службеници под генералниот Секретаријат и дополнителни 13 вработени лица и 2 портпарола на владата, кои биле задолжени за односи со јавноста директно во Кабинетот на претседателот на Владата или вкупно 32 лица. Вторите 13 лица, како и двата портпарола, веќе не се вработени во Владата.Од 17-те државни службеници, четворица не се веќе во тој сектор, но 13 лица, според старата систематизација и потврдата што ја добивме од владиниот портпарол, се сè уште вработени во секторот за информирање, анализира „Макфакс“.

Годинава за платите на овие вработени досега биле потрошени најмалку 562 илјади евра, но податоците за платите за 2017 не се целосни поради тоа што годината не е завршена, но и поради тоа што некои од институциите  дадоа податоци само за шест, седум или осум месеци. Бројките за платите за оваа година реално се многу поголеми од оваа бројка, а бројките до кои дојде порталот може да ги разгледате во табелите во продолжение.

Вработени поради „Шарената револуција“, „Пленумот“,  јавната поддршка за СДСМ и партиска послушност!

Освен што е скандалозна ваквата превработеност и што огромен број на лица земаат плата од џебот на македонските граѓани, спорна е и нивната компетентност за работните места кои ги вршат. Ликови познати од „шарените револуции на СДСМ“, јавни поддржувачи на партијата на Зоран Заев и партиски послушници беа наградени со место во ПР секторите во Владата и министерствата.

Министерот Роберт Алаѓозовски за лице со односи со јавност го вработи Петрит Сарачини. Главен на сите протести против минатата Влада, јавен и гласен поддржувач на СДСМ, а учесник и во насилните протести во кои беа повредувани полицајци.

Комичарот Бубо Каров, познат како Цацко исто така е ставен на платниот список на Зоран Заев. Тој е вработен како надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски. Инаку, Цацко беше еден од критичарите на претходната власт, беше дел од протестите против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а држеше говори и на протести пред Македонската Радио Телевизија.

Министерството за финансии за свој портпарол ја избра презентерката на „Фчерашни новости“, Јована Аврамовска. Водеше хумористична емисија со политичка содржина контра минатата власт, спонзорирана од УСАИД, а со тоа си заслужи место во ПР секторот на едно од најважните министерства.

И за “пленумците“ следуваа работни места како награди за послушноста кон СДСМ. Така, во Министерството за образование и наука минатата година вработиле пет лица, а годинава дополнително како советник за односи со јавност во Кабинетот на министерката Рената Дескоска го ангажирале поранешниот пленумец Владимир Делов.

МВР како “строго доверливо“ го држи податокот колку лица работат во нивниот ПР сектор.Сепак, според нивната веб-страница, во Министерството за внатрешни работи се вработени 12 портпароли и советници за односи со јавност, што значи дека во Министерството најмалку 12 лица работат односи со јавност и комуникации, но оваа бројка може да е поголема.

Лице за односи со јавност кое ги држи прес-конференциите во МВР е Тони Ангеловски, екс новинар на 24Вести. Скандалите во неговото назначување започнаа уште првиот ден кога на оваа функција беше ставен по незаконски начин непочитувајќи ги основните правила.Од началник на одделение, Ангеловски стана државен советник за медиуми во МВР.

Тој не е единствениот новинар од телевизија 24Вести кој е близок до СДСМ, па беше награден со работно место во сектор односи со јавност од Владата на Заев. Во Министерството за земјоделство односи со јавност и комуникации работи Соња Трпчевска-Јанковска, која претходно беше новинарка во телевизијата. Марина Узунов од истата телевизија си доби функција портпарол во кабинетот на Кочо Анѓушев.

Превработеност на грбот на граѓаните!

Платите на овие над 120 лица ќе се исплаќаат од џебот на македонските граѓани. Владата на Заев изминатиов период води штетни економски политики поради кои граѓаните трпат. Расте цената на акцизата за дизелот што ќе биде терет за најголем дел од граѓаните, а со зголемените даноци кои се ставаат на грбот на народот исто така овие лица ќе бидат исплаќани.

Зоран Ивановски разочаран од своите во СДСМ: Овие се само за циркус, јас со цел памет застанав зад Заев, тешко мене на паметот

Деновиве сме сведоци како најблиските и најгласните поддржувачи на политиките на Зоран Заев јавно искажуваат револт против политиките кои ги води и јавно се покајуваат за поддршката која му ја дале.

Кандидатот за пратеник на СДСМ од дијаспората Зоран Ивановски во својот вчерашен статус на фејсбук профил изразува разочарување и револт од политиките кои ги води Зоран Заев.

Имено тој во својот статус пишува дека сегашната власт е „циркуз“ и дека најверојатно нема да има ништо од изградбата на Чебрен и Галиште, ветерни фарми, фотоволтаични системи итн.

Зоран Ивановски во 2016 година беше кандидат за пратеник на СДСМ од дијаспората, тој важеше за еден од најголемите поддржувачи на идеите на Зоран Заев но по неполна година од доаѓањето на СДСМ на власт го промени својот став.

Тој на својот фејсбук профил напиша: „Јас со цел памет помислив кога застанав зад Заев дека ќе се прават Чебрен и Галиште, ветерни фарми, фотоволтаични системи….. овие само за циркуз за друго….. Тешко мене на паметот.“

Зоран Ивановски- кандидат за пратеник на СДСМ: Заев треба да се извини пред сите нас кои го донесовме на власт, а ние да се извиниме за грешката што ја напрвивме

Лошите политики на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев наидува на остри критики и кај оние кои токму го донесоа Заев на власт. Имено покрај ветувањата за подобар живот и повеќе пари во џебовите граѓаните, добивме покачување на акцизата за нафтата, која самата како еден од главните енергенси што се користи во скоро секој сектор, повлекува и зголемување на цените на сите производи. Ветувана беше просечна плата од 500 евра, а откако е на власт СДСМ, просечната плата паѓа. Уште многу ветување за подобар живот на граѓаните како да се заборавени од страна на власта.

Поради ваквата работа на оваа Влада, со реакција излезе Зоран Ивановски, кандидат за пратеник од СДСМ, кој беше втор на листата пратеници од дијаспората. Тој во својот најнов пост на Фејбуск вели дека Заев треба да се извини пред сите кои го донеле на власт, а дека тие кои го донеле на власт треба да се извинат пред граѓаните.

Ивановски упати критики кон власта и поради нелогичното однесување кое го има. Во текот на кампањата за локалните избори СДСМ единствено што ветуваа беше чистиот воздух, додека од друга страна актуелната власт најави дека ќе се менува законот за пушање, со кој сега повторно ќе се дозволи пушење во јавните простории.

Тој ги напаѓа и како што самиот вели лошите кадровски решенија на власта предводена од СДСМ. Имено, откако Тевдовски ги нарече медиумите кои пишуваат за зголемувањето на акцизата за дериватите нестручни, само затоа што го критикуваат овој потег на власта, а неговиот советник Бранимир Јовановиќ се обиде да им објасни дека тоа што дериватите ќе поскапат, било добро за граѓаните.

Тој на Фејсбук напиша дека пред изборите СДСМ пуштиле голем број криминалци од затвор, за да ги добијат овие локални избори, па како што вели дека не треба сега да се жалат дека се зголемил бројот на убиства во државата.

Ивановски упати и прашање дали министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски воопшто работи нешто, постирајќи неколку вести од трагични настани кои се случија само минатиот викенд.

Ивановски на Фејсбук напиша и дека Заев дејствува за ослободување на градоначалник, дека Заев знае дека двајца функционери му се под истрага, но дека тие ингеренции и информации по закон премиерот ги нема. Тој заклучува дека тука се создава новото македонско божество.

Кандидатот за пратеник на СДСМ од 2016 година упати критики и кон новиот буџет кој го предлага Владата предводена од Зоран Заев и Министерството за финансии, предводено од Драган Тевдовски. Ивановски вели дека во него предвидено ниту еден капитален проект.

Пред изборите во 2016 година една од главните работи кои цело време ги зборуваше тогашната опозиција е дека во државните установи има превработеност, а во новиот буџет за 2018 побарани се средства за 200 нови вработувања во градинките.

Тој прашува и дали Заев сака да го направи најголемиот грабеж досега од постоењето на Македонија.

Тој ги нападна и оние „непартиски“ активисти, од кои дел сега се вработени во Владата, дел се пратеници, дел директори, советници.

Душко Млекарот, пуленот на СДС: Ленче Николовска се слика додека фармерите страдаат

Душан Илиевски, познат како Душко Млекарот кој во иминатите години постојано одработуваше за СДСМ како лидер на земјоделците а во исто време е член на партијата, на социјалните мрежи жестоко удри кон партиските функционери за ситуацијата во фармерскиот сектор.

Николовски напиша дека додека функционерите на СДСМ се сликаат по некои мини млекари, цената на килограм млеко е се пониска а во исто време трошоците се зголемуваат. Фармерот алудираше и на се помалиот сточен фонд кој го има во Пелагонија благодарение на лошите политики на Владата.

Душко млекарот со нови обвинувања: Кирацовски спречува легални избори на синдикатот во РЕК, Ковачевски си купи магистерска диплома

Душан Илиевски познат и како Душко млекарот од Битола, активист на СДСМ упати сериозни обвинувања до неговиот сограѓанин, генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

На социјалните мрежи Душко млекарот за Кирацовски напиша дека се обидува да спречи легални избори на синдикатот во РЕК Битола со цел на чело на синдикатот да постави човек кој е негов послушник.

Илиевски додава и дека поради написите против генералниот секретар на СДСМ, истиот му се реванширал со тоа што го повлекол адвокатот кој му го доделил СДСМ за да го брани поради неговото учество во немирите на шарената платеничка „револуција“, односно за напад на службено лице.

Покрај Кирацовски, Душан Илиевски „Млекарот“ ги обвинува и другите негови сопартијци од Битола за кои тврди дека има докази за незаконски постапки. Па така на мета на „Млекарот“ се најде и Васко Ковачевски, пратеник и претседател на битолскиот огранок на СДСМ. Него Илиевски го обвинува за купена диплома во незаконска постапка.

Ова не е прв пат Душко Млекарот да открива скандали за сопствената партија. Неодамна напиша дека Кирацовски и Ковачевски од СДСМ Битола направиле „јавна куќа“ и дека ќе остане СДСМ до крај но ќе продолжи да објавува информации за „криминалците кои профитираа од СДСМ и што наплаќаа пари од бизнисмени за својот џеб“.

Героски до Заев: Покачувањето на даноците ли е лекција за економија која ја ветуваше?

Преку текст со наводна критика кон Зоран Заев и политиките на Владата, уредникот на ПлусИнфо Бранко Героски сака да се прикаже како објективен новинар кој не штеди никого.

Ваквиот обид е неуспешен бидејќи Героски нема храброст да распали по Заев како што тоа би го сторил доколку премиерот беше од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – но сепак останува фактот дека дури и за најголемите перјаници на СДСМ меѓу новинарите, ова што го прават Заев и Владата на СДСМ нема врска ниту со економија, ниту со она што беше најавувано во предизборието.

Во текстот насловен „Друже Заев, да си ја повториме лекцијата!“ провладиниот Героски пишува:

„И јас се сеќавам на спектакуларната изјава на премиерот Зоран Заев, човек со бекграунд на успешен бизнисмен, кој во кампањата за локалните избори рече дека СДСМ ќе одржи лекција по економија и дека ќе оди со концептот „повеќе пари кај граѓаните“. И токму затоа, она што се случува деновиве, мене, најблаго речено, ме збунува“

Героски немаше да биде толку збунет, туку во најмала рака бесен и лут, ако на место Заев владата ја имаше ВМРО-ДПМНЕ. Но Александар Обрадовиќ, сопственикот на Слободен Печат каде уредник е Героски, е добар пријател и помагач на Заев, па ваквата емотивна состојба на Героски е дури и разбирлива.

Понатаму Героски вели:

-На пример, не можам да сфатам како тоа зголемувањето на акцизата на дизелот, кој учествува со 64 отсто во вкупната потрошувачка на горива, ќе донело повеќе пари кај граѓаните, а ќе ги насекирало богатите, оти сиромашните ионака не возеле автомобили (?!). Такво објаснување чувме од човек од ресорот финансии.

Исто така, не ми е јасно како е можно со години да трубиме дека имаме прекубројна и неефикасна администрација, која го оптоварува стопанството, а сега одеднаш да се ветува зголемување на платите во здравството, во образованието, во јавниот сектор, пишува Героски.

Отворениот поддржувач на СДСМ вели дека не му е јасна ниту работата со субвенциите.

– Да бидам искрен, мене тој концепт со субвенциите никогаш не ми се допаѓал и се уште мислам дека тој механизам повеќе го умртвува отколку што го заживува производството на храна. Но, еве, не полемизирам, да не се правам експерт за сѐ и сешто. Ама, факт е дека на луѓето им беа ветени субвенции во износ од 160 милиони евра годишно, а во буџетот за 2018 година се испланирани само 138 милиони. Зошто? 

И уште нешто. Многу важно. Кога сегашната власт беше опозиција, многу се зборуваше за кратењето на непродуктивните расходи, за кои се тврдеше дека изнесуваат неколку стотици милиони евра на годишно ниво. И јас сум убеден дека навистина зборуваме за толкави суми. Сега, кога полемизираме за зголемената акциза за дизелот, зборуваме за потег што во државната каса ќе донесе одвај 30 милиони евра годишно. Па добро, што стана со оние „стотици милиони“ непродуктивни трошоци? Се скратија?

На крај Героски заклучува дека сето она што СДСМ го зборуваше во предизборието било голема лага. Но, бидејќи новинарот потсвесно кон Заев сака да гледа како кон „другарот“ Тито, наместо  да каже отворено дека СДСМ пласирале лаги и предизборни манипулации, тој овие лажни ветувања на Заев ги ословува со „скршнување од патот“.

„Мислам дека е време, друже Заев, да си ја повториме лекцијата – кога социјалдемократите беа во опозиција, ветуваа поскромни буџетски зафаќања од реалниот сектор на економијата (за да има повисоки плати за работниците), кратење на непродуктивните трошоци, повеќе капитални инвестиции и општо – повеќе пари за граѓаните. Натаму одиме? Да не сме скршнале малку?

Со ваквата мека критика, односно со „контролирана реакција“, Героски и СДСМ сакаат да се релативизира темата за изборните лаги на СДСМ, тема која инаку има бурен потенцијал. СДСМ и Героски мислат дека доколку тие сами се критикуваат себеси „ќе ја издишат“ евентуалната бурна реакција на јавноста. Но, како што тоа досега се покажало – едноставно не е можно и прашање на време е кога граѓаните ќе им кажат на СДСМ дека им се потрошил кредитот и дека народот не пие нафта, особено со покачена акциза.

ВИДЕО: Палчо го посипа со боја Героски иако тој дојде со „татко му“ Милчин и со Алфите на „ферка“

Главниот медиумски стратег на СДСМ Бранко Героски и поранешниот прв човек на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски, верувале или не, закажаа тепачка за денес во 12 часот. Палевски најпрво го предизвика Героски, а тој пак прифати…

Со мало задоцнување, вооружен со силна придружба од новинари од Слободен печат, но и поранешниот прв човек на Сорос, Владимир Милчин, Героски се појави на закажаното место.

"

Палевски во меѓувреме објави на Фејсбук дека Героски дошол со Алфи, кои седеле во кафулето спроти „Манда“ и чекале да видат што ќе се случи.

Палевски му пријде на Героски и побара од него да му се извини за навредите што ги изнел за него, а откако овој немо го гледаше неколку мига, Палевски му истури жолта и црвена боја, како што рече, во манир на Шарената револуција што самиот ја измислил. Боите, рече Палевски, ги избрал намерно, за и Геро еднаш да биде обележан во националните бои на Македонија.

Фејсбук страната Видео Вести вршеше лајф стримиг на закажаната „ферка“и неколку пати се вклучуваа во живо пред почетокот на „двобојот“

Зоки, дајте му на човекот: Героски загрижен што не добил функција преку „Плус Инфо“ и „Слободен Печат“ се пењави за да добие внимание

Бранко Героски е незадоволен од третманот на неговите СДСМ-овци кои откако дојдоа на власт, заборавија да обезбедат некоја функција и за него.
Токму затоа Героски покрај ретките колумни во кои со „наводно“ критички став се обраќа до владата, праќал и приватно пораки до Заев и до Роберт Поповски со полузаканувачка содржина.
Во пораките Героски по принципот „слушај ме ќерко, сети се снао“ им укажувал одоколу на премиерот и главниот за медиумите дека се чувствува напуштен и заборавен. На ваквите аларми од Героски премиерот Заев и Поповски се смееле и им раскажувале на вработените во владата кои им се поблиски.
Заев и Поповски посебно го исмевале Геро за писмото кое го испратил до Бранко Црвенковски и за разговорот со Фрчко, при што констатирале дека такво дно во новинарството ниту постоело ниту ќе постои, сведочат извори од владата на Република Македонија.

Фрчкоски до Героски: „Сè што не е забрането со Устав е дозволено – така ќе го решиме јазикот“ (ВИДЕО)

Само неколку минути по гласањето за нова Влада, на интернет беше поставена аудио снимка од телефонски разговор, за кој се претпоставува дека се Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски, во кој Фрчкоски му посочува на уредникот на медиумот како треба да го подготви теренот за воведување на двојазичноста.

Според гласот за кој се претпоставува дека е Фрчкоски, се што е побарано во Тиранската Платформа за двојазичноста не е спорно и дека се тоа може да се „изработи“.
-Значи таа тема е многу важна- гласи пораката до уредникот на медиумите.

ПРЕДАВНИЧКИ НЕГАТОР: За Гериз пишувањето „Македонија“ и цртањето знаме и сонце се „националистичка содржина“

Секојдневно на виделина испливува лудоста и желбата преку медиумите на СОРОС да се продадат државните симболи и воопшто државата во замена за каква-таква власт на социјалдемократската врхушка, но медиумскиот главен поданик на социјалдемократите и прв антимакедонист Бранко Героски познат како Гериз вечерва ја мина секоја граница. Гериз преку неговите медиуми вечерва го надмина и Села со неговото негирање на македонската нација и симболи.

Во веста за денешниот собир на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, употребата на црвената и жолтата боја, цртањето на македонското знаме, сонцето, го нарекува НАЦИОНАЛИСТИЧКА СОДРЖИНА!

ludost

„Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска во Градскиот парк во Скопје организираше настан на кој деца од најмала возраст цртаа цртежи со националистичка содржина – знамиња, сонца, употреба на црвена и жолта боја, испишуваа „Македонија“… “

Героски како прв човек на овој интернет медиум, исто како и на весникот Слободен печат, со ваквиот став открива дека не само што ги прифаќа ставовите на Зијадин Села, туку оди и чекор понатаму.

Героски со објавувањето на оваа вест се покажува како вистински Гериз- Ваквиот негов став покажува дека тој би ги ЗАБРАНИЛ црвената и жолтата боја, Гериз би барал јавно да се казни секој што ќе напише Македонија, Гериз би забранил деца да ги цртаат македонското знаме, и воопшто сонцето како симбол.

geroski-selfie

За Гериз национализам е деца кога цртаат знаме!!! Но, за Гериз е прифатливо тоа што ликови како Села од Ливада плукаат, негираат, поганат се што претставува македонската нација со нејзините симболи.

Дали можеби Гериз напиша дека постои злоупотреба на деца кога низ Македонија се славеше денот на албанското знаме, кога колони деца го носеа албанското знаме среде Скопје? Испита ли Гериз дали македонските Албанчиња биле излажани „со чоколадца“ за да носат знамиња, како што вели сега за децата кои цртале сонциња? Или на Гериз му пречат само македонското знаме, македонското сонце, црвената и жолтата, македонските дечиња.

Напиша ли нешто Гериз за тоа со колку пари беа потплатувани насилниците кои повредуваа полицајци за време на „неговите собири“, им порачувал ли Гериз тогаш да не носат македонски знамиња, туку само албански знамиња и симболите на УЧК?

Ваквиот став на Гериз не се разликува многу од однесувањето на грчките фашисти против Македонците, ниту пак отстапува од удбашките терминологии во времето на сузбивањето на македонските слободарски идеи.

Сето ова ја покажува вистинската рак- рана на македонското општество и вистинското лице на луѓето кои себе се претставуваат како борци за „слобода на говорот“ и „слободата и демократијата“.

Жестока осуда за нападот на Фрчкоски, само Героски во негова одбрана пропагира насилство (ФОТО+ВИДЕО)

Откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како поранешниот министер и кандидат на СДСМ за претседател, Љубомир Фрчкоски му удира шамар на младо момче, стигна осуда од негови колеги, универзитетски професори и јавни личности. Само мегафонот на СДСМ/Сорос Бранко Героски, застана во негова одбрана.

Frckoski-PlusInfo

-Погледнете како Фрчкоски дисциплинира вмровчиња, напиша Героски.

Опозициските медиуми ваквото насилничко однесување гледано според насловите не само што го одобруваат, туку еуфорично го храбрат и потикнуваат ваквото насилство.

Инаку, Љубомир Фрчкоски, кој што е дологогодишен функционер на СДСМ и професор на Правниот факултет се гледа како на видео снимка физички напаѓа млад човек поради изразено мислење.

Тројца млади луѓе го прашуваат пред еден од влезовите на правниот факултет со зборовите “дали му е срам што има такви ставови против унитарноста на државата”, на што овој возраќа со тупаници по едниот од младите луѓе.

Дополнително професорот Фрчкоски во стилот на локален силеџија со погрдни зборови им се обраќа ”пичкави материна вмровска”, ”маму ти ебам”,…

За разлика од Героски кој пропагира насилство и вели дека Фрчкоски не тепал деца, туку делел воспитни на вмровчиња, тој доби жестока осуда на социјалните мрежи.

-Оваа видео снимка одушевува мнозина и од Фркоски прави цар – и веројатно пример! Да, навистина се гледа дека двајца млади луѓе го следат и му приоѓаат на паркингот, но овде е професорот оној кој напаѓа физички на дофрлање и пцуе мајка вмровска. Фрчковизацијата започна како „литературен стил“, па од вербално насилство се претвори во физички пресметки (човеков е искусен кога станува збор за шлаканици). Немојте да ми кажувате дека се чувствувал загрозен – ако било така, ќе влезел во возилото, ќе повикал полиција на телефон и ќе заминел. Тој се пресметал – и ако вчера Плусинфо го фалеше за „педагошка шлаканица“ сега пишува за „дисциплинирање вмровчиња“. Побогу, универзитетски професор е, а во предачните сигурно му седат и вмровчиња, меѓу другите! Слична работа синоќа му се случила на Борис Дамовски, додуша девојки биле, а тој не врзал шлаканица, напиша универзитетската професорка, Билјана Ванковска.

vankovska-fb

-Не ми е јасна оваа глорификација на „лупање шамари“ макар и во самоодбрана? Се борди… Што?.. Да вежбаме „лупање шамари“? Ако побрз е со пиштоли пукање, да вежбаме „кој е побрз“? Тоа е спасот? Секогаш од најбрзиот имало побрз… Уште од Дивиот Запад, па до Балканот, како најзападен, напиша актерот Јовица Михајловски.

jovica-mihajlovski-fb

Скандалозно е што универзитетски професор дели тупаници на малолетници за изразено мислење. Дополнително со ова паѓа во вода и целокупната фама создавана од опозициските перјаници дека опозиционери трпат насилство и јасно излегува на површина дека сето тоа е дел од една црна пропаганда.

Покрај тоа што овој брутален напад е срамотен и не доликува на возрасен човек а камо ли на лице кое е професор на факултет кој пред се треба да е педагог, Фрчкоски за нападот на малолетник треба да одговара кривично за што следи најстрога правна санкција.

На Героски 10-те потписи од ДУИ му се помили од Mакедонците

Социјалдемократскиот сојуз ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада, ако е толкава желбата на Зоран Заев да владее, само ако не ја прифати селабанската платформа за обезличување и разнебитување на државата и македонскиот народ, понуди вечерва Никола Груевски.

-Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откаже од законот за јазиците, платформата од Тирана и редефинирањето и урнисувањето на државата. Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го свати како јавна понуда- напиша Груевски во отворената понуда до Заев преку социјалните мрежи.
geriss
Јасно е дека огромен број од македонскиот народ е против политиката на Заев за прифаќање на платформата со која партиите на етничките Албанци ја условија поддршката за тој да го добие мандатот за формирање на влада.

Но, истовремено, воопшто не изненадува ставот на дел на поддржувачите и пропагаторите на ваквите политики кои задираат во националните и државните интереси, кои што во понудата на ВМРО-ДПМНЕ гледаат „трик“.

Веднаш по понудата, преку Плусинфо, медиумот на Героски, се појави наслов „Нов трик на Груевски: Ќе поддржиме влада на СДСМ, ама без двојазичност“, каде уредникот и сопственик својот став го задскрива зад „Познавачите на приликите“, и каде наведува дека се работи за наводно „подметнување на кукавичко јајце во редовите на СДСМ, за да ги минира преговорите со ДУИ“.
geroski-ajde-da-zboruvame-za-federalizacija-640x396
И до сега Герис се истакнуваше по ставови кои ги поткрепуваа ваквите тези, па сега не е изненадувачки што за него помили се десетте потписи на пратеници од ДУИ, наместо 51 македонски глас и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Герис и натаму како мегафон на Заев и на големоалбанските идеи не го поставува прашањето како борбата „за слобода и демократија“ се претвори во усогласување на постизборни платформи за обезличување на народот? Всушност, токму преку Герис и се започна кампањата за прифатливост на концептот за федерализација на Македонија како „концепт со изворна енергија кој требало да се спроведе“.

Петровски до Героски: „Уште еднаш потврди дека си против сè што е македонско“

Пред неколку дена напишав дека Героски напаѓа се што е МАКЕДОНСКО, после една од неговите т.н. колумни, она мало парченце интернет на неговиот соросов портал во кој ги спроведува наредбите кои ги добива од своите стопани. Таму Ѓериз има чувство дека е некој важен лик чиј збор оддекнува подалеку од ѕвоното од омраза и антимакедонизам со кое се обвиен тој, како и неговите браќа и сестри по идеологија, пишува на својот ФБ профил директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски.

Тогаш Ѓериз дојде и започна да се пенави токму тука, на овој профил и се закашлуваше во сопствената пена, измислувајќи оправданија зошто патриотите ги нарекувал фашисти, и обидувајќи се по старите добропознати удбашки методи да го дисквалификува соговорникот (мене) за да ми ги девалоризира ставовите. Веќе видено илјада пати.

Но, никој не може да го дисквалификува Героски повеќе од Героски. Овој одработувач против Македонија вчера го проби дното и продолжи да копа уште подлабоко. Цела насловна на неговиот „Слободен печат“, она мизерно гласило полно со жолтица и гнев на распенавен квислинг, беше посветена на најновата антимакедонска фабула во која платеникот Ѓериз иницијативите за воспоставување на МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ги нарекува удбашки, националистички и такви кои ќе доведат до војна.

Од друга страна албанската платформа Героски ја продава како врв на демократијата и (одамна) повикува да се зборува за федерализација на Македонија. Сега, по примерот на неговите ментори Заев, Шекеринска и Милчин, вели и дека за 10 минути би го решил и името и знамето и химната и грбот и јазичното прашање.

Е види вака Герис, единствениот грб кој ти може да го решиш и за кој му се нудиш на албански политичари да ги советуваш и да им даваш планови, е твојот сопствен грб, колку што ти крепи. Единствениот јазик за кој може да решаваш е сопствениот, дали ќе го држиш зад заби или ќе го исплазиш на ачик за сите да те гледаат повторно и повторно каков антимакедонец си.

И тоа тебе ти е јасно. Само си толку очајно зачаурен во сопствениот меур од пенавење и панично сакаш да си важен, што си спремен Македонија да ја продадеш за малку слава и важност. Како што си спремен други делови од себе да продадеш и да мафташ со опашката над тие делови ако твојот стопан ти нареди тоа да го направиш.

Изрод е комплимент за ова што го правиш. Ама Македонија и Македонците гледаат. Немој да се лажеш дека вистинските патриоти пијат нафта или пелин како ти. Пишувај за стопанот и земај си ги парите. Ама еден ден ќе треба да се положи сметката.

(ФБ статус на Филип Петровски)

Геро му се понуди на Ахмети: „Ќе ви дадам предлог како да ги решиме знамето и химната“

Бранко Героски, еден од најистакнатите медиумски експоненти на СДСМ и Сорос и човек кој за себе смета дека е идеолог на оваа партија, иницијативите за создавање на Македонска платформа ги нарече „удбашки обиди за разнебитување на Македонија“, како и „националистички и шовинистички обиди за крвопролевање во земјата“.

Во својата колумна во неговиот „Слободен Печат“ која ја објави и на насловната страна на весникот, Героски како по нарачка, во ист ден со уште дузина колумнисти и коментатори на Соросовите портали, за повикот на СПМ, дузина формални и неформални здруженија и индивидуалци на интернет да се формира документ т.н. „Македонска платформа“, како одговор на онаа која во организација и по нарачка на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана ја потпишаа претставници на албанските партии од Македонија.

Героски во својата вчерашна колумна насловена „Удбашка платформа за разнебитување на Македонија“ со конструкциите оди дотаму што реакциите на македонските патриоти кои се противат на инволвирањето странски држави во македонските работи, ги нарекува „удбашки нарачки кои имаат за цел да ја поделат земјата меѓу Србија и Грција“.

„Се разбудија старите удбашки структури, повампирени, пак жедни за македонска крв, со наум конечно да ја остварат целта што не им успеа во 1991 година и потоа десет години подоцна, во 2011 година – да ја разнебитат и да ја распарчат Македонија. Така како што им ветија на своите налогодавци Милошевиќ и Мицотакис, но, за среќа, не го исполнија ветувањето“, пишува Героски во колумната.

За Героски, за кој интернет коментаторите коментираат дека потполно го загубил паметот, албанската платформа која на некој начин е директно мешање на една странска држава во внатрешните работи на Македонија, не само што не е националистичка, туку е и демократска и за неа треба да се разговара.

Во разговорите за неа, Героски ја нуди сесрдно сета своја помош, позадински и фронтално, за овие тирански нарачки да го видат светлото на денот. И тоа не се обраќа кон неговиот Зоран Заев, туку бара Али Ахмети да го повикал за да му даде десет предлози и за знамето, и за химната и за другите точки од албанската платформа:

„Верувајте, сите прашања покренати во Тиранската платформа се лесно решливи. И за знамето. И за химната. И за статусот на заедниците конституенси на државата… Не знам како да ве убедам во тоа. Еве, нека ме викне Али и јас лично ќе му дадам десет предлози што тој, едноставно, нема да може да ги одбие.“

Ова не е ни од далеку прв пат опозицискиот новинар да заговара редефинирање на Македонија како држава. Во колумната насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, од пред неполни две годни Героски соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера Героски на федерализацијата гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерација.

Со најновата понуда лично тој да посредува во промената на името, јазикот, химната, знамето и државниот грб, ова гласило на СДСМ и Сорос јасно и недвосмислено кажа каква е неговата визија за Република Македонија: Героски Македонија ја гледа како држава во која треба да се стори се и да се продаде се, држава која треба да се откаже од својот мнозински народ, само за во неа да може да дојде на власт неговиот пулен Зоран Заев и СДСМ.