Вицепремиерот Османи ја обзнани измамата на Заев: Следи промена на името, нема да има референдум

Премиерот Зоран Заев после изборите најави дека ќе забрзано ќе се оди кон решавање на спорот со името на Македонија и Грција. Иако во многу наврати премиерот најавуваше дека токму граѓаните се оние кои што на референдум ќе го имаат последниот збор за промената на името, вицепремиерот Бујар Османи тоа го демантираше.

-И јас ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето на името, ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните, бидејќи граѓаните бараат Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави Османи.

На прашањето дали решението на спорот ќе оди на референдум, вицепремиерот во Владата на Заев кажа дека овие избори биле референдум.

-На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Зар не беа референдум овие избори? Граѓаните ни ја дадоа пораката, вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години, изјави Османи.

Претходно попродуктивни разговори за името по завршувањето на локалните избори беа најавувани и од грчка страна. Пратеникот на грчаката опозициска партија Нова демократија, задолжен за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос, коментирајќи ги резултатите од првиот круг од локалните избори во Македонија, Кумуцакос во интервју за АНА-МПА, изјави дека победата на СДСМ во првиот круг претставува позитивен тек на настаните и можност за натамошно подобрување на односите меѓу двете земји. Грчкиот пратеник изрази задоволство што во Македонија се подобрува атмосферата за решавање на спорот со името.

-Самиот факт што националистот Никола Груевски загуби на локалните избори е позитивен тек на развојот на настаните. Сега во Скопје имаме многу посигурни и попродуктивни соговорници во однос на прашањето за името, изјави Кумуцакос.

Дел од аналитичарите предупредуваат дека Македонија мора да биде претпазлива во тој процес, некои пак сметаат дека за името не треба воопшто да се преговара.

Официјална Атина преку шефот на дипломатијата Коѕијас во неколку наврати најави дека на почетокот на ноември ќе стартува со работа мешовитата комисија што ќе ја чисти историјата од иредентизам, информација која беше демантирана од нашите власти.

НА ЗДРАВЈЕ ДВОЈАЗИЧНОСТ: Законот за јазици на дневен ред на 13-ти септември

Вицепремиерот Бујар Османи информираше дека Законот за употребата на албанскиот јазик е доставен до Собранието.

– Нашите информации се дека ќе биде ставен на дневен ред некаде на 13 септември и очекуваме брзо да се усвои бидејќи законот е со европско знаменце. Тука процедурите се дефинирани. Очекуваме и повикуваме сите политички партии да гласаат позитивно за овој закон бидејќи сметам дека така на најдобар начин ќе направиме големо унапредување во делот на Рамковниот договор кој е одобрен и потпишан од сите политички партии меѓутоа и ќе покажеме волја за соживот и прифаќање на различностите, додаде вицепремиерот Бујар Османи.

Евроатлантските Далтони(сти) – Заев, Шекеринска, Османи и компанија

ДИКТАТУРА
По сите незаконски и дубиозни постапки на кои трагично сведочиме од државниот удар на 27 април 2017 до денес, а сега и по незаконското сменување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, навистина дефинитивно не постои веќе ништо што Зоран Заев и неговата кримогена клика нема да го направат во Македонија на незаконски начин, само ако им се ќефне. Тоа се вика Диктатура, со голема буква. Прашање е само дали граѓаните на Република Македонија навистина сакаат тоа да го трпат и да го поднесуваат, и дали и до кога сите ние заедно ќе дозволиме да живееме во такво изопачено општество со распашани Далтони.

КРИМИНАЛЕЦОТ ЗАЕВ ЗАСЕКОГАШ Е ЖИГОСАН СО БУКВАТА „П”
Со политичкото уривање на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, и на Зоран Заев од криминалниот грб му падна еден голем срамен камен за случајот „Поткуп”. За околу еден месец најверојатно ќе добиеме нов државен јавен обвинител, се разбира по партиска заевска линија, а според досегашните мрачни искуства со севозможните махинации на Заев со судството, треба да очекуваме тој да биде и ослободен од обвинението за обид за земање поткуп од 200.000 евра од еден струмички бизнисмен. И така, „дезинфициран”, „прочистен”, „морален”, „како нов”, Заев ќе си се шетка слободно меѓу нас и ќе ги ужива плодовите на својата успешна кримогена дејност, а нам и натаму ќе ни го соли умот за длабинска реформа на судството и за доблестите на правната држава. Но Зоран Заев, што и да си мисли за себеси, мора сосема јасно да сфати и да знае дека како црн црносан жиг втиснат на задникот на некој тупав вол од Дивиот Запад и тој засекогаш е жигосан со голема буква „П”(откуп) и секогаш, каде и да го сретнеме и каде и да го видиме, ќе го гледаме како еден беден криминалец кој кукавички 11 пати бегаше и мизерно се извлекуваше и се криеше од едно до друго судско рочиште само да не го стаса тешката рака на правдата. А замислете само колку убаво би било новиот државен јавен обвинител сите бескрајно да не’ изненади и да не’ израдува, па да го заев(бе) Заева и храбро да го продолжи процесот против него за дебелиот криминален случај „Поткуп”? Но, можеби Зоран Заев баш за тоа и се завзема и вака крваво се бори, за да ни покаже и на сите да ни докаже дека и со него како кримоген, марионетски премиер е можна правна држава во која и тој ќе биде осуден на затвор!!

АРБИТАР БЕЗ ОПШТОНАЦИОНАЛЕН ЛЕГИТИМИТЕТ
Кој е Бујар Османи, претставник на само половина, т.е. на 9% од 18-процентното албанско население во Македонија, што така дрско се наметнува како незаобиколен фактор што ќе одлучува за менувањето на уставното име на Република Македонија? Но, ете, драг мој мнозински македонски народе, токму таков човек што не знае ни за елементарна мерка на цивилизациска пристојност со оглед на вистинската демографска реалност во Македонија во која денес има околу 18% или нешто малку повеќе албанско етничко население, резолутно, пред наши очи енергично ги форсира и ги забрзува преговорите и, што е најстрашно, тој и ќе одлучува за она што му е најсвето на секој македонски човек – за името на нашата татковина. Ете, тоа е таа највисока и најступидна можна цена на бедниот компромис што го направи предавникот Зоран Заев со големоалбанските партнери, кои на тенки и цимкави нишки ќе го држат на власт се’ додека целосно не ја спроведат Тиранската платформа во дело, т.е. Република Македонија да ја претворат во двонационална држава. Се прашувам што ни е нам, луѓе, кога дозволуваме нешто така идиотско и бесмислено, еден случаен, ситен албански политичар со навистина незначителна поддршка од вкупниот македонски електорат, да преговара и да одлучува за менување на името на Република Македонија, и тоа човек на кој тоа име не му значи ништо повеќе од обична мачкина кашлица?

СЛОНОТ И ГЛУВЦИТЕ
Трчаат преку мост слонот по име НАТО и глувците Зоран Заев и Радмила Шекеринска. И глувците си велат: леле, колку татниме! Ете така, неодамна, на средбата на челниците на НАТО на кој му дозволија на Зоран Заев да ѕирне на тој нивен тековен состанок, тој, под ужасен адреналински шок и со цел да ги импресионира со нашата воена готовност, и секако за да го забрза до светлосна брзина приемот на Македонија во членството на Сојузот, пред сите тие воинствени мажишта, „стари борци”, храбро стана, се подисправи, се испрчи, се засили и бувна како некој искусен тобџија-мустаклија од НАТО дека Македонија значително ќе го зголеми буџетот за одбрана. Е, тоа многу ги импресионира челниците на НАТО (а за Трамп и да не зборуваме!) зашто сега барем знаат дека Алијансата со НАТО-Македонија некако финансиски ќе преживее, зашто премиерите на другите членки се покажаа како бедни кучкини синови кои бараа, ако не да се намалат постојните давања, барем да не се зголемуваат. По овој храбар и оригинален, сосема автономно повлечен политички но и продуктивен стопански потег на лидерот на миротворното граѓанско македонско општество, Зоран Заев, НАТО сега ширум ќе ни ја отвори својата шим-шир порта. Само уште до крај да си го скршиме и последниот пршлен од и така веќе до земја свитканиот ‘рбет. Истовремено, пак, охрабрена од тоа што имаме такви моќни добро вооружени, опасни пријатели и Биг-браќа, министерката Шекеринска реши да ги од…бе Русите. „Тие ни се мешаат во животот, и ако му кажеме на НАТО – ќе видат тие со кого имаат работа”, ја цитирам по сеќавање. Лично не се согласувам со таков нејзин плиток говор на омраза кон нашите пријатели Русите, на чија голема и фасцинантна, длабоко европска култура, која, впрочем не почива само на стелтови, томахавки, дронови и носачи на авиони, се напојуваа и се вдахновуваа генерации и генерации, не само македонски граѓани од сите општествени слоеви, туку и денес врз таа импресивна и инспиративна култура растат, учат и се вдахновуваат нови генерации млади луѓе во целиот свет. Затоа, кога не би ми било малку непријатно и јас да применам говор на омраза и одбивност, би рекол дека тие две бедни глувчиња од црнохуморниот виц на нашата современа политичка стварност, Заев и Шекеринска, што толку силно татнат трчајќи на мостот по слонот НАТО, се навистина бескрајно смешни и глупави. Но не, нема да го изговорам тоа, зашто тоа и со голо око се гледа дури и од воените, разузнавачки сателити на НАТО што баш во моментов прелетуваат преку Република Македонија која, гледана од горе, има некакво друго, непознато, сосема бесмислено име.

Пишува: Алдо Климан за Република

ОСМАНИ ПОТВРДИ: После двојазичноста и капитулантскиот договор со Бугарија, Владата ќе се фокусира на ПРОМЕНА НА ИМЕТО!

После капитулантскиот договор за добрососедство со Бугарија и официјализирањето на Тиранската платформа како владина програма со законот за двојазичност, Османи и официјално го најави она што многу граѓани и политичари од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија го говорат одамна – „крајната цел е името“.

„Владата во следниот период ќе се фокусира на прашањето на името со цел завршување на евроинтеграциите. Ова прашање веќе станува приоритет на Владата. Ние завршивме две крупни прашања – прашањето на јазикот и на договорост со Бугарија. Сега имаме енергија да се фокусираме на прашањето на името“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања во Владата на Зоран Заев.

Ова го најави и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кога бараше поддршка од граѓаните да не се дозволи официјализирање на тиранската платформа во владина програма имајќи го предвид комплетното сценарио кое треба да финишира со промена на името.

Денес сите поддржувачи на СДСМ кои ја негираа тиранската платформа и сакаа да создадат впечаток дека таа не постои, со законот за двојазичност се потврди нејзиното постоење. Бројни експерти се изјаснија дека законското решение го крши уставот и го нарушува унитарниот карактер на Република Македонија.

За договорот со Бугарија и најтврдите националисти кај источниот сосед се презадоволни од отстапките кои владата на Заев и СДСМ ги направија прифаќајќи ги сите максималистички барања на Бугарија, без да се изборат за ниту едно прашање од национален интерес на Македонија. Во меѓувреме СДСМ дома „го продава“ договорот како голем успех кој Македонија ќе ја приближи кон евро-интергациите.

Сега и промената на името која исто така беше негирана како дел од овој поголем план, доаѓа на дневен ред и тоа го признава и вицепремиерот Бујар Османи.

АМНЕЗИЈА И ЛИЦЕМЕРИЕ: Како СДСМ го обвинуваше Бујар Османи за криминал?

Зоран Заев и СДСМ по кој знае кој пат си го погазија зборот, како да заборавија во минатото што зборуваа за нивниот коалиционен партнер во Владата, ДУИ. Во предизборната кампања СДСМ го обвинуваше ДУИ дека бил дел од криминалите за кои го обвинуваа и ВМРО-ДПМНЕ, за сега заедно со нив да формира влада.

На 26 февруари Емилијан Станковиќ на прес конференција го обвинуваше Бујар Османи, кој ќе биде вицепремиер за евроинтеграции во новата влада, дека купувал медицински апарати за повисока цена.

-Ова е увоз на царинска декларација и фактура за комплет ренгенски и компјутерски томограф, со опреми и прибор ВЦТ ХТ-64 слајс од марката Генерал електрикс, кој во Македонија е увезен пред три месеци по цена од 533.334 евра. Само за споредба Груевски, Османи и ВМРО-ДПМНЕ го набавуваат со народни пари ЦТ-64 сити скен компјутерот, по цена од 900 илјади евра или за 370 илјади евра поскапо. Сега очекуваме од Груевски и од како што самиот се нарекува од инвестициски аспект во наводници најзначајниот министер за здравство да и ги објасни на јавноста овие факти, кажа тогаш Емилијан Станковиќ на прес на СДСМ.

На 3 март 2010 години Менде Диневски на прес конференција го обвинуваше Османи дека го одвел здравството во целосен колапс.

-Господине Груевски и Османи што се уште треба да се случи за да сфатите и колку уште човечки животи треба да се изгубат, за да сфатите дека вашата политика  во здравството доживеа целосен колапс. Здравството не може да се подобри со вашиот популизам, лажните ветувања, владините кампањи  и партиските војници. Здравството не може да се подобри со коруптивните афери и разлики во набавна цена за четири години најавуваната медицинска опрема од неверојатни 28 милиони евра. Недозволиво е личните и партиските бизнис интереси да се поважни од здравјето на граѓаните, изјави тогаш Менде Диневски на прес конференција на СДСМ.

На 16 април 2010 година Андреј Петров на прес конференција го обвинуваше новиот вицепремиер за евроинтеграции дека го наполнил здравството со партиски војници.

-Министре Османи еднаш во вашата министерска кариера кажете нешто конкретно, нешто штоп нема да биде ветување на брда и планини или препишување на вашите неуспеси на нечие туѓо конто. Велите дека банкротот на  Фондот за здравство ќе го решавате на сметка на граѓаните со ограничување на нивното право на избор на здравствена институција во која ќе се лекуваат. Од друга страна се полни јавното здравство со партиски војници, на кои не им е јасно што треба да работат, ама го празнат без потреба здравствениот буџет, за нив имате пари. А клиниката за трансфузиологија нема пари за фактори за коагулација на крвта, со што многу чувствителна популација ја доведувате во животна опасност, изјави тогаш Андреј Петров на прес конференција на СДСМ.

ЌЕ ИМА ЛИ ПРАВДА: За тројца министри од ДУИ се води истражна постапка

Тројца министри од ДУИ во новиот владин кабинет не ги разјаснија шпекулациите дека постојат сомненија за извршени криминални дела. Тоа се идните министри Рамиз Мерко, Бујар Османи и Садула Дураку, јавува телевизијата Алсат-М.Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко воедно е под истрага за злоупотреба на постапката при јавен повик.

Поранешниот портпарол и поранешен министер за здравство од редовите на ДУИ Бујар Османи, е осомничен за нелегални набавки во времето кога тој беше министер за здравство. Сомнежите се за проектот за реконструкција на Државна болница во износ од 400 илјади евра. Аферата беше објавена во „бомбите“ на СДСМ, а од извори во СЈО, Алсат-М дознава дека за овој случај е отворена предистражна постапка уште од пред една година.

Поранешниот министер за земјоделство и градоначалник на Липково, Садула Дураку, се дознава дека се уште не го исчистил досието за извештајот на Државниот ревизор, каде било констатирано дека за време на неговото раководење со Министерството за земјоделство, фалеле милиони евра. Дураку исто така е спомнат и во судските рочишта за случајот „Куманово“. Се шпекулира дека тој со наредба од Али Ахмети е испратен за преговори со „Кумановската група“, за дознавање на нивните мотиви.

Заев: Поднесена е кривична пријава за Бујар Османи (ВИДЕО)

На истите оние за кои пред извесно време тврдеше дека биле заглавени во криминал, лидерот на СДСМ Зоран Заев сега им понуди да бидат дел од неговата „реформска влада“.

Во интервју за ТВ Шења во декември 2015-та година, кое патем го водеше сега неговиот сопартиец Мухамед Зекири, Заев одговарајќи на прашањето има ли некој фунционер, односно предмет со кој што ќе се занимава СЈО за функционери од ДУИ, претседателот на СДСМ вели:

Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, за Муса Џафери. Поднесени се кривични пријави за некои политичари во делот на тетовската индустриска зона. Тоа моите адвокати подобро го знаат. Поднесени се, но не е толку важно што ние сме поднеле кривични пријави, СЈО со примањето на материјалите ќе види што тоа има криминал и во другите случаеви

Османи возврати на навредите од Богоевски

На заканите и навредите на Павле Богоевски, кои денеска пратеникот на СДСМ преку својот профил на „Фејсбук“ ги упати кон ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети, одговори Бујар Османи.

Портпаролот на ДУИ посочи дека ДУИ не е на македонската политика сцена за да ги исполни агендите на некоја македонска партија, туку за реализација на аманетот на паднатите борци од 2001 година.

– Главна грешка на експонентите на македонските партии е тоа што тие политиката на ДУИ ја оценуваат врз призмата на нивните партиски интереси во нивната борба за власт. ДУИ не е на македонската политика сцена за да ги исполни агендите на некоја македонска партија туку за реализација на аманетот на паднатите борци од 2001 година и гаранцијата на западот во форма на рамковен охридски договор, тоа е единствениот патоказ на нашата политика а не калкулациите не македонските партии за власт – рече Османи, пренесува албански Журнал.

Османи: Немаме конкретна одлука, уште се анализираат сите опции (ВИДЕО)

Претседателот на ДУИ Али Ахмети попладнево во партиското седиште во тетовска Мала Речица имаше повеќечасовен состанок со четворицата партиски потпретседатели Теута Арифи, Невзат Бејта, Иџет Меџити и Садула Дураку.

Состанокот е дел од серијата консултации со разни нивоа и форуми во партијата за позиционирањето на ДУИ во преговорите за состав на новата влада на Македонија. Ова вечерва го потврди портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

– Се уште немаме донесено конкретна одлука, се уште ги анализираме сите опции што се поставени на маса, сите аргументи за и против. Знаеме за одлуката и важноста на оваа одлука, состојбата е деликатна, знаеме дека роковите се кратки, меѓутоа една конечна одлука немаме се уште и ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден со овој тип на консултации. За секоја од опциите има аргументи што се ставени на маса и сите во текот на овие денови сме ги образложиле опширно. Се анализираат последиците на секоја од тие опции и, пред се, ни е интересот на граѓаните и на државата, изјави Османи.

Портпаролот на ДУИ посочи дека денеска немало седница на Централното претседателство на ДУИ и оти овој вид консултативни состаноци во ДУИ ќе продолжи и утре.

– Денеска немаше состанок на Централното претседателство, туку состанок на претседателот Ахмети со потпретседателите и со други членови на претседателството, на кој конкретно се анализираше аргумент по аргумент. Централното претседателство ќе се свика кога ќе сметаме дека сепак има некои предлози за конечни одлуки и тогаш ќе ги поставиме на претседателство. Ние сме свесни за роковите и посакуваме што побрзо да се најде едно решение за да може да постигнеме политичка стабилност. Меѓутоа не можеме да кажеме и сметам дека првично е одлуката да биде добра, отколку да биде навремена, рече Османи.

ДУИ: Избори мора да има – СДСМ си прави штета ако не учествува на нив

Избори на 5 јуни мора да има за да и се стави крај на кризата, изјави денеска во емисијата Топ тема на Телма, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Тој рече дека одлуката на СДСМ да не учествува на изборите е политичка и ќе биде на нивна штета