УЗУНОВ ПРИЗНА ДЕКА ЗАЕВ ЛАЖЕ: Нема ништо за фалење, растот на БДП ќе биде меѓу 0 и 1%

Бруто домашниот производ на Македонија за 2017-та ќе биде под 1 %, изјави советникот во владата Узунов во емисијата КликПлус.

Тој потенцираше дека не смета дека Македонија ќе влезе во рецесија, но истакна дека нема да има никакво позитивно придвижување на економијата.

-Јас не мислам дека Македонија ќе влезе во рецесија со тоа што нема да влезе ни во никаква експанзија, истакна Узунов.

Експертите сметаат дека македонската економија во третиот квартал ќе бележи рецесија, рецесијата следи после три негативни квартали во кои економијата не бележи никаков раст. Во првиот квартал македонската економија имаше 0% раст на БДП, -1,8% во вториот квартал, додека експертите сметаат дека најверојатно во третиот квартал ќе има негативни вредности за кој што уште нема податоци бидејќи доцни извештајот од Државниот завод за статистика.

Во емисијата КликПлус Узунов потенцираше дека растот на БДП ќе изнесува под 1% односно околу 0,8 или 0,9%. Овие бројки се поразителни ако се земе фактот дека владата на Зоран Заев ветуваше раст на економијата и на стандардот на граѓаните со ветување и на плати од 30.000 денари.

Узунов уверуваше дека Македонија нема да влезе во рецесија, но дека ова сигурно не претставува посакувано економско сценарио.

-Растот ќе биде под 1 % меѓу 0 и 1 најверојатно 0,8 или 0,9%. Тоа формално не е рецесија меѓутоа не е ништо за фалење, изјави Узунов.

Ова е уште еден доказ дека владата на СДСМ е неспособна за менаџирање на економијата. Економијата не била во полоша состојба и бележи катастрофални економски индикатори кои ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија. Не се покачи стандардот, но затоа се покачија трошоците за живот за граѓаните, давачките и даноците. Ако македонската економија бележи негативни вредности на БДП и во третиот квартал Македонија ќе биде официјално влезена во рецесија. Експертите стравуваат дека со сегашните мерки и вака скроениот буџет од страна на владата не е возможно постигнување на проектираниот БДП раст од 3,2 % за 2018 година, анализира порталот Економски.мк.

 

Узунов потврди: Оставката е завршена работа, СДСМ остана без економски тим

Kонечна е одлуката потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов, да се повлече од високата позиција во партијата. Лидерот на економскиот тим на партијата и дефинитивно му врти грб на Зоран Заев и останува на одлуката за негово повлекување од потпретседателското место во СДСМ.

Иако дел од опозициските медиуми деновиве пренесуваа дека оставката на Узунов не е конечна и дека можно е универзитетскиот професор да ја промени таквата одлука по средбата со лидерот Зоран Заев, сепак Узунов вели дека оставката е завршена работа.

– Таков е барем впечатокот ако се земе предвид одговорот на Узунов од кого вчера побаравме дефинитивно да ни каже дали е конечно повлекувањето кое дојде непосредно пред последниот Централен одбор на партијата или, сепак, ќе остави простор за средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, па потоа да размисли за заминување, пишува весникот ДНЕВНИК.

Не сакајќи да навлегува во детали, високиот функционер на опозицијата главно задолжен за економскиот дел на СДСМ, преку СМС-комуникација ги нарекол пикантерии пишувањата за неговата оставка. Токму затоа што нема ништо пикантно во оставката, истакнал Узунов за ДНЕВНИК, тоа е завршена работа и истовремено побарал да не се навлегува повеќе во таа дебата.

Од СДСМ се уште нема конечни и официјални одговори за неговото повлекување, ниту за тоа дали е дефинитивно и ако е така, кога ќе назначат нов потпретседател и кој би можел тоа да биде. Имено, дилемата дали си заминува конечно или не, доаѓа по веста дека се повлекува од високата позиција поради несогласување со Заев околу договорот од 2 јуни, но веднаш потоа лидерот на партијата побара средба со него на која, како што се коментираше низ СДСМ, ќе побара од Узунов да размисли за конечна оставка.

Узунов во неколку наврати и јавно изрази незадоволство од насоките по кои се движи СДСМ. Оградувањето на рдинствениот економски експерт во партијата од политиките на Заев и СДСМ е потег што ја остава партијата  без човек кој би можел евентуално да подготви некаква програма за претстојните изборите.

Освен професорот Узунов, од СДСМ веќе подолго време се има дистанцирано и Зоран Јовановски, кој важеше за еден од најкомпетентните економисти во СДСМ. Ако на ова се додаде дека и Игор Ивановски Шема, од економскиот факултет, се пасивизираше по доаѓањето на Зоран Заев, тогаш се поставува прашањето кој компетентен економист ќе му ја пишува програмата на СДСМ на престојните избори.

ОФИЦИЈАЛНО: Узунов замина од СДСМ и се откажа од Заев

Првиот соработник на Заев разочаран од катастрофалните резултати од анкетата на ИРИ и од потпишаниот договор си поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ.

Ванчо Узунов, еден од најистакнатите кадри на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, и официјално си поднесе неотповиклива оставка од фунцијата потпретседател на партијата и се откажа од актуелниот лидер Зоран Заев.

Првиот соработник на Заев и потпретседател на СДСМ го напушти својот претседател разочаран од деструктивните политики, но најмногу поради потпишаниот договор од пред три дена.

Узунов, свесен дека со овој договор СДСДМ ќе доживее уште еден дебакл на изборите, и официјално се повлече од функцијата пред завчерашната седница на Извршниот одбор на партијата. Узунов оставката ја доставил во писмена форма. Партискиот портпарол Петре Шилегов го потврдил повлекувањето на универзитетскиот професор и вели дека во образложението на одлуката за заминување од партијата биле наведени сериозни лични причини.

Ваквиот чекор Узунов го најави уште минатата недела, како револт од политиките што ги спроведува раководството на партијата предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Узунов отворено во својата последна колумна го изнесе своето размислување за политиките на неговата матична партија и за резултатите од анкетата на ИРИ. Тој за разлика од Заев, кој смета дека се нерелевантни,  ги прифаќа резултатите и ги оценува  како релевантен показател на јавното мислење.

-Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има било каква смисла мојот натамошен ангажман во политика, пишува Узунов.

Според познавачите, повлекувањето на Узунов кој важи за еден од најквалитетните кадри со кои располага опозицијата е резултат на растечкото незадоволство од работењето на Заев и останатото раководство, лажната еуфорија и неостварените ветувања на лидерот на СДСМ, како и резултат од отвореното незадоволство од договорот и условите на кои се согласи опозицискиот лидер.

Се најавуваат уште оставки во наредниот период, мнозинството на функционери и членови на СДСМ не го прифаќаат постигнатиот договор и најавуваат внатрепартиска пресметка.

Узунов претставува и значително ослабување на економскиот тим. Имено, тој беше единствениот економист во тимот, а сега со неговото заминување се губат и било каквите шанси дека СДСМ може да седне и да напише некаква програма, за која од партијата засега не ни се зборува, ниту пак, се споменува.

Потпретседателот на СДСМ, Узунов го напушта Заев поради анкетите на ИРИ

После објавувањето на анкетата на ИРИ, во која ВМРО-ДПМНЕ бележи повеќе од двојна предност пред СДСМ, започна раслојувањето во СДСМ. Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов во својата денешна колумна за Утрински весник јасно го кажа својот став за политиката на СДСМ и за анкетата на ИРИ, што е целосно спротивен од тој на Зоран Заев.

Во својата колумна Ванчо Узунов напиша:

“Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има било каква смисла мојот натамошен ангажман во политика“.

Uzunov-kolumnaОва е целосно спротивно на ставот на претседателот на СДСМ Зоран Заев кој пред некој ден изјави „во хибриден режим, којшто опстојува нашето општество, автократско владеење од страна на Груевски, какво што го дебатираме, разговараме, и ние и сите меѓународни институции, ниту една анкета не е релевантна. Никој не може да верува во такви анкети“.

Zaev-AnketaИмено Узунов не само што ги признава резултатите на ИРИ како релевентен показател на јавното мислење, туку и најави дека и ќе се дистанцира од политиката. Ова според многумина може да се протолкува дека Узунов како потпретстедател на СДСМ се противи на политиката која ја води Зоран Заев и Радмила Шекеринска и го напушта раководството на партијата поради нивните погрешни потези и одлуки.

Очигледно дека во СДСМ се повеќе се манифестира незадоволство од деструктивната политика која ја води двоецот Шекеринска и Заев. Во отсуство на економска понуда и програма, СДСМ се занимава само со негативна кампања, која според резултатите на ИРИ не поминува кај граѓаните и после 6 месеци објавување т.н. „бомби“.