Ефтов: Поради слаб изборен резултат Заев масовно ќе апси за да испровоцира немири и протести со што ќе изнуди широка влада

Новинарот и аналитичар, Васко Ефтов на својот Фејсбук профил објави дека од Заев и СДСМ се очекуваат масовни апсења пред изборите, а уште повеќе доколку ги изгубват изборите, за да предизвикаат немири и протести со што ќе изнудат широка влада.

Неговата Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

„Ако ВМРО освои еден глас повеќе на изборите можат да се очекуваат масовни апсења од страна на Заев и СДСМ. Ако ги изгуби изборите, со макар еден глас помалку, Заев ќе мора да апси за да им покаже на сите, а најмногу на членовите на СДСМ дека е се уште силен и ја држи цврсто власта во свои раце! И како второ, со масовни апсења Заев во секое време ќе може да провоцира немири и протести и тоа да го искористи (како една од можностите) за формирање на широка влада“, напиша Ефтов.

Тој исто така додаде дека „Апсења се можни и пред изборите, но масовни ќе бидат само во случај на неповолен изборен резултат за Заев“

Vasko-Eftov-SDSM-apsenje-izbori

Ефтов: Што да ви кажам!? Луѓето сè знаеле – Што му пишал Гафур Адили на македонскиот новинар пред една година?

На почетокот на јануари 2008 година во Тирана имав интервју со Гафур Адили. Лидер на АНА. Тоа е организација која по расформирањето на ОНА и на УЧК се закануваше со акции во Македонија. Интервјуто го снимавме во Тирана Интернационал Хотел во строгиот центар на Тирана.

Адили на снимањето дојде вооружан и на почетокот од разговорот го предупредив да го извади пиштолот и да го остави на страна. Интервјуто беше, тврдо но целото снимање помина во многу коректна атмосфера. На 30 септември минатата година ( 30 септември 2016 ) Гафур Адили ми испрати порака со која ме потсетува дека пред десет години ми кажал дека ќе се расипи ( јас тоа го читам како ќе се растури ) мојата Македонија.

И ме прашува каде ќе го пиеме кафето во Скопје, во бугарскиот или албанскиот дел од Скопје. Гафур Адили повеќе од десет години беше и се уште е на Црната Листа на САД. И во последните 30-на години не му беше дозволено влегување во Македонија. Внимавајте на датите. На 30 септември 2016 абер нема дека Заев ќе дојде на власт. Анкетите укажуваа на огромна разлика во рејтинзите во корист на ВМРО и Груевски. Абер нема за т.н. Тиранска Платформа. Абер нема за договорот со Бугарија. И уште помалку абер нема дека некој ќе му дозволи влез на Гафур Адили во Македонија. А тој ме прашува каде да го пиеме кафето во Скопје?

И тоа не било каде туку во албанскиот или бугарскиот дел на Скопје. Не македонскиот, не српскиот, не турскиот туку баш бугарскиот. Што да ви кажам!? Луѓето се знаеле. Си имало готово сценарио и по тоа сценарио си работеле. Не ни се нас виновни ни Албанците. Ни Американците. Ние како Македонци треба да се запрашаме што сакаме и во каква држава сакаме да живееме.

Извор: Фејсбук статус на Васко Ефтов

Ефтов: Нема логика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да не се договорат поради СЈО (ВИДЕО)

На ВМРО-ДПМНЕ многу полесно ќе му беше да ја минира работата на СЈО, доколку направеше коалиција со ДУИ, отколку во овој момент да ја прифати тоа да го прави како опозициска партија, изјави Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“.

-Ако некој се плаши од СЈО, повеќе може да ја блокира работата на СЈО како власт или како опозиција. Ако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од СЈО, тогаш многу пологично е да направат коалиција со ДУИ и од позиција на власт да ја минираат работата на СЈО, отколку да не се договорат за нова влада поради СЈО, нема логика, изјави Ефтов

Гостин во емисијата на Ефтов беше Слободан Близнаковски од ВМРО Народна партија, кој што кажа дека за секоја одлука за понатамошниот мандат на СЈО е потребно двотретинско мнозинство. Ефтов смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема страв од СЈО, бидејќи доколку имаше страв многу полесно ќе направеше влада со ДУИ, со што немаше да дозволи структурата на СЈО да се претопи во Основното јавно обвинителство.

Ефтов се надоврза и на претставката за уставноста на СЈО која стои во фиоката на уставниот судија Јован Јосифовски, кој за време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ беше претседател на ДИК. Ефтов кажа дека се прават многу погрешни политички анализи околу улогата на СЈО, иако дефакто тоа е партиска институција, како што кажа тој.

-Уставен суд не расправа за СЈО, иако има претставка, иако таа претставка е кај господинот Јосифовски ако не се лажам, кој беше претседател на ДИК во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ. Значи тој како известител пред Уставниот суд може кога сака да го отвори тоа прашање за уставноста на СЈО, но не го отвара. Многу фама, многу баук се прави околу тоа СЈО, мислам дека многу погрешни политички анализи се прават околу улогата на СЈО, иако дефакто СЈО делува на некој начин партиски, изјави Ефтов.

Ефтов се надополни и на политизираноста на судството откако Близнаковски обвини дека политиката е вмешана во Уставниот и дека таму има малку правосудство. Ефтов спомена и дека политичар со најмногу судски постапки е токму лидерот на СДСМ, Зоран Заев, партија со која ВМРО НП сака да влезе во коалиција

-Како и секаде во државата знаете, не можеме да вадиме само камчиња од мозаикот кои нас ни одговараат, ако има политика има секаде во државата политика, во секое судство, во секоја судска постапка. На крајот на краиштата, политичар со најмногу судски постапки, не сме јас и вие, туку тој со кој треба да коалицирате, односно вие сакате да коалицирате, изјави Ефтов.

„Во Центар“: Нова влада за промена на името

Новинарот Васко Ефтов во емисијата „Во центар“ вели дека приоритетите на владата која лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да ја направи е по секоја цена Република Македонија да влезе во НАТО. Тоа би значело и промена на името.

Според Ефтов, постојат најмалку три сценарија како Македонија до крајот на годината да стане членка на НАТО. Како што вели тој, и американскиот Амбасадор Џес Бејли сака по секоја цена Македонија да влезе во Алијансата за да ги покрие сите активности во изминатите две години.

– Првото сценарио е да биде организиран референдум во Република Македонија. Тоа значи, 50 плус 1 отсто од гласачите во Република Македонија, односно близу 900 илјади луѓе да гласаат позитивно на тој референдум. Тоа е тешко остварливо и таа опција се помалку е актуелна и се помалку е во игра за решавање на проблемот со името, истакнува Ефтов.

Посочува дека втората варијанта е Македонија да влезе под условите кои се договорени со времената спогодба, односно да се реализира она што не беше направено на самитот на НАТО во Букурешт.

– Втората варијанта е под името „поранешна југословенска Република Македонија“, Македонија да стане членка на НАТО. Всушност, изминатите четири или пет години постои онаа пресуда на Хашкиот суд. Раководството или официјалната политика на Република Македонија бараше под таа референца, како што е содржана во времената спогодба да станеме членка на НАТО. Односно, да се реализира тоа што не беше направено на самитот на НАТО во Букурешт, објаснува Ефтов.

Според него, третата варијанта е Македонија да влезе во Алијансата под референцата FYROM, што и одговара на Грција.

– Третата варијанта е под референцата FYROM, која и одговара на Грција. Притисокот кој сега се врши врз Зоран Заев е под референцата FYROM, која одговора на Грција, Република Македонија да стане членка на НАТО, посочи Ефтов.

Вели дека влегувањето е многу важно за американскиот амбасадор Џес Бејли, бидејќи како што вели, на тој начин ќе ги покрие сите законски или незаконски активности кои ги правеше изминатите години.

– Тоа е важно бидејќи американскиот амбасадор, Џес Бејли по секоја цена сака Македонија да стане членка на НАТО. На тој начин, сите активности на Бејли, законски или незаконски, сака да ги покрие сите активности кои ги правеше изминатите години. Тоа е по секоја цена ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да ги симне од власта во Република Македонија и да направи влада меѓу СДСМ и ДУИ, потенцира Ефтов.

АПСУРДНА СИТУАЦИЈА: Заев, Шекеринска и Фрчковски губат од народот, а сакаат да владеат

Васко Ефтов во својата емисија Во „Ценатар“ вели дека во моментов во Македонија имаме една апсурдна политичка ситуација кога соросовидете медиуми бараат оставка од Никола Груевски после 11 победи на изборите во Република Македонија, а од друга страна Зоран Заев кој има пет последователни порази да биде новиот македонски премиер.

Зоран Заев беше вршител на должноста претседател на СДСМ 2008-та година, а тогаш СДСМ ги изгуби локалните и парламентарните избори во Република Македонија. Во 2014 година повторно лидер на СДСМ е Зоран Заев и повторно ги губи изборите и парламентарните и претседателските избори. На 11 декември 2016 година Зоран Заев повторно Зоран Заев е лидер на СДСМ, тој ги губи парламентарните изборите од пред четири месеци со со 20 илјади гласа разлика во корист на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, вели Ефтов.

Тој потенцираше и дека ако ги мериме резултатите на изборите кога тој е носител во четвртата изборна единица тогаш бројот на пет порази се зголемува на осум, односно девет политички порази на Зоран Заев на македонската политичка сцена. 2008, 2011 и 2014 Зоран Заев ја губи политичката битка, а истото се случи и во 2016 година кога Заев беше поразен од Груевски.

-И така доаѓаме до апсурната политичка ситуација во Македонија Зоран Заев кој после Мендух Тачи има најмногу порази да треба да биде иден македонски премиер. Во рамки на СДСМ најтешнкиот пораз го има Љубомир Фрчковски со освоени 200 илјади гласови на претседателските избори во 2009-та година, од друга страна Радмила Шекеренска го има најтешкиот пораз на парламентарните избори во 2011 кога едвај освојува 220 илјади гласови и тоа е тројката која владее со македонската опозиција и која што би требало сега како што стојат работите да биде новата македонска власт во Република Македонија, истакна Ефтов.

ВИДЕО: Избран со помалку од 61 глас – Талат генератор на дополнителна политичка криза

Ефтов: Дали избројавте колку точно пратеници гласаа за Талат Џафери?

Салиу: Си има служби кои го имаат тоа направено.

Ефтов: Би се согласиле ли сега да пробаме да направиме проста математика?! Дали беше Али Ахмети присутен на седницата?

Салиу: Не

Ефтов: Дали беше Бранко Манојловски присутен?

Салиу: Не беше ни тој.

Ефтов: Дали петте пратеника на БЕСА беа присутни?

Салиу: Беа.

Ефтов: И напуштија кога се гласаше.

Салиу: Учествуваа, после завршувањето на гласањето напуштија.

Ефтов: Не, напуштија пред да се гласа. Дали двата пратеника од ДПА беа присутни кога се гласаше?

Салиу: Едниот беше.

Ефтов: Дали е под 60?

Салиу: Мислам дека не паѓа.

Ова е разговорот на новинарот Васко Ефтов со колегата Исен Салиу во емисијата „Во центар“. Тој во разговор со главниот уредник на „Лајм“ прави математика – Дали Талат Џафери е изгласан со 61 глас.

Ефтов посочува дека остана да лебди дилемата дали Талат Џафери е со 61 глас во македонското собрание. Настрана сите оние фаули во демократската процедура, коментира тој, ако Талат Џафери не е избран со 61 глас во македонскиот парламент, тогаш влагаме во една многу нестабилна, многу кревка и многу неизвесна политичка и демократска иднина.

Шилегов и Зекири гласаа со две раце. Дали така Џафери стигна до 61 глас?!

-Ако тука ја направија невината грешка, сите потези кои понатаму следат и кои се поврзани со Талат Џафери, ја носат на работ на демократска процедура и на одредена недемократска процедура. Всушност, така избраниот Талат Џафери е основа или генератор на дополнителна политичка криза – коментира Ефтов во последното издание на „Во центар“.

Ефтов: Јас не знам каде во светот со цвеќе и чиста демократија се спречува државен удар

Ако на ваков начин се изгласа Претседател на Парламентот надвор од закон, Устав и деловник, aко утре на ист таков начин се изгласа влада надвор од Устав, закони и правна процедура, tогаш која е гаранцијата дека во некоја сала, во некоја шупа или во нечија канцеларија внатре или надвор од Македонија нема да биде договорена или изгласана Илирида“, пишува на својор Фејсбук профил новинарот Васко Ефтов.

-Нема демократија кога народот влегува во Парламентот и кога тепа пратеници. Но има патриотизам кога се брани државата од испланиран и реализиран државен удар. Немало демократија 1944 кога се правела македонската држава, но имало патриотизам. Затоа вие кои вчера влеговте во Парламентот да ја браните државата не сте силеџии и криминалци, туку луѓе кои си ја сакаат својата држава. Да, тоа не беше манифестација на чиста демократија-но јас не знам каде во светот со цвеќе и чиста демократија се спречува државен удар, додава Ефтов.

Vasko-Eftov-drzaven-udar

Со Тиранската платформа треба косовскиот Устав да се прекопира во македонскиот

Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“ вели дека целта на Тиранската платформа е да се прекопира косовскиот Устав во Уставот на Македонија. Посочува дека во тој случај македонскиот народ не би бил носител на државноста во својата земја.

– Гледате како кукавичко јајце ни се подметнува со таа Тиранска платформа. Содржината на косовскиот Устав да биде вградена во македонскиот Устав, истакна Ефтов.

Тој ги спореди Уставот на Косово и точките во Тиранската платформа.

-Во Член 5 од Уставот на Косово пишува: Службените јазици во Република Косово се албанскиот и српскиот јазик. Иако Србите се под 10 осто, српскиот е службен јазик, што значи дека тука тие претпоставуваат дека се под 20 проценти и сакаат да бидат побрзи од времето или побрзи од пописот и да биде албанскиот јазик – службен јазик без разлика на резултатот на пописот. Во Член 6, се вели дека знамето, грбот и химната се државни симболи на Република Косово кој го одразуваат нејзиниот мултиетнички карактер. Затоа тие го немаат знамето со орелот, туку го имаат тоа знаме со шест ѕвезди. Де факто, кога ќе ги видиме барањата на Тиранската платформа, името, химната, банкнотите, знамето кои треба да бидат прифатливи за Албанците, ние доаѓаме класично Косовско сценарио да спроведуваме во Република Македонија, вели Ефтов.

vlcsnap-2017-04-10-15h01m14s500

Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски пак, истакна дека прво е направен еден, како што вели, сурогат на некаков Устав за да се припреми теренот за она што допрва следи во Македонија.

-Прво се прави еден сурогат, бидејќи тоа никој пат нема да биде применета таа двојазичност на Косово, се прави сурогат на некаков си Устав кој е наводно многу либерален за се подготви пат на теренот за она што допрва следи во Република Македонија.

cuculovski

Според Ефтов, за да се направи целосна реприза на косовското сценарио, мора да се најде одговор на проблемот со северниот дел на Косово.

-За да се направи целосна реприза на косовското сценарио во рамки на структурите во Република Македонија, мора да се најде одговор на проблемот со Северно Косово на територијата на Република Македонија. Очигледно е дека тоа треба да се направи со проектот „Илирида“ или проектот „Северо-западна Македонија“ каде што треба да се направи хоризонтално поврзување на сите тие општини каде што е доминантно албанското население. Тоа се без малку, сите општини, почнувајќи од Сарај, завршувајќи со Струга. Центарот на таа „Северо-западна Македонија“ треба да биде градот Тетово и Теута Арифи која е апсолутно неуспешен и неспособен градоначалник на Тетово. Тој треба да биде главен играч на тој дел, тој појас или тоа територијално организирање на „Северо-западна Македонија“. Тоа треба да биде пандан или одговор на проблемот со Северно Косово, посочи Ефтов.

„Во Центар“: Шарена револуција, терористички закани и блокада на граница – координирана стратегија против Македонија

Изолација на Република Македонија и потполно попречување на нормална комуникација  помеѓу македонската влада со администрацијата во Вашингтон, предизвикување на економски и социјални потреси во државата и саботажа на македонските безбедносни структури се трите есенцијални точки на стратегија три факти на Џо Бајден за дестабилизација на Македонија и промена на македонската Влада која беше презентирана во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов.

Ефтов открива дека американска стратегија во последните две години веќе се реализира во Македонија и целосно треба да биде завршена во 2021 година.

– Првата точка е изолација на Р. Македонија и потполно попречување на нормална комуникација  помеѓу македонските власти, македонската влада и претседател со администрацијата во Вашингтон. Втората точка е изолацијата на Македонија со структурите во Брисел. Првата фаза ја реализираат американските дипломати, а втората фаза ја реализираат германските дипломати  посебно со помош на германското влијание во рамките на ЕУ. Следната фаза е предизвикување на економски и социјални потреси во Р. Македонија  како што беше направено во Турција во времето на Таип Ердоган. На тој начин се смета дека најголема масовност може да имаат протестите по македонските улици и да биде дестабилизирана или сменета македонската влада. Третата фаза е саботажа и напади на македонските безбедносни структури. Со третата фаза се очекува да се постигне несигурност и хаос во рамките на македонските безбедносни структури, образложува Ефтов.

Уривањето на македонскиот безбедносен систем според стратегијата е планирано преку  делување од неколку страни, пункта во ист временски период. На пример во ист временски период на Македонија и се случуваат блокада на јужната граница од мигранти, терористички акции од Косово и шарена револуција по македонските улици.

– Во текот на минатата година во еден исти временски период има одредени закани за терористички акции од територијата на Р. Косово, во истиот период имаме блокирана македонската јужна граница со мигрантската криза и во истиот период имаме шарена револуција по македонските улици. Со таа шарена револуција всушност се тестираше македонското судство и македонското обвинителство бидејќи се делува во толпа, немаме индивидуална одговорност. Всушност тој начин на делување, фрлање, уништување и сквернавење на одредени споменици и институции се тестира дали тие луѓе ќе бидат осудени. Ако не бидат осудени тогаш се наметнува чувството дека тие се недопирливи за македонските законски ,судски органи . На тој начин тие се претставуваат дека се власт во рамки на Р.М и дека никој ништо не им може, вели Ефтов.

Ефтов заедно со Мирка Велиновска ја откриваат пирамидата во Стејт департментот  преку која се дејствува врз Македонија и нејзина дестабилизација преку фондации на СОРОС и Ѓулен.

– Главата на целата стратегија е Џо Бајден, поштениот потпретседател на Обама како шеф и координатор, потоа Даниеле Гарбе, па потоа доаѓа Стејт департментот со УСАИД Структурата, односно Викторија Нуланд, под неа е Филип Рикер. Дејвид Бургер и Рајан Стонер, деск офицери на Стејт департментот  се директно  учипени во македоснаката амбасада, вели Велиновска во емисијата на Ефтов.

rrrr

Главниот оперативец за реализацијата на стратегијата три факти на Џо Бајден е Даниеле Гарбе која му е надредена на американскиот амбасадор во Р.Македонија Џес Бејли.

– Даниеле Гарбе е претставник на Стејт департментот  во времето на Кондолиза Рајс , таа е нејзин специјален помошник. Меѓутоа во својата кариера таа врши неколку клучни функции. Таа е шеф на дескот на Стејт департменот кој ги контролира или ги организира операциите на териториите на Р. Турција . Има кариера во Либан, Авганистан, во Шпанија. Станува збор за маркантна личност која му е надредена на Џес Бејли која всушност во рамки на Стејт департментот ги контролира Бејли и активностите на Нуланд, образложи Ефтов.

Целата стратегија и нејзина операционализација во Р. Македонија е секнирана на 11 јануари 2016 година во Белата куќа кога Џес Бејли има состанок со Џо Бајден на кој добива директни инструкции како треба да се дејствува. Средбата трае околу 9 часа, до полноќ. Тој ден Бејли има оперативен состанок и со Даниеле Гарбе.

www11-768x398

„Во Центар“: Каде завршија 179 преостанати хард дискови со снимени разговори (ВИДЕО)

Снимените разговори од прислушувањето во Македонија се сместени на 180 хард дискови. Од нив во СЈО е предаден само еден. Најголемиот дел од нив се однесуваат на СДСМ, а само десет проценти на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Со прислушуваните разговори за врвот на социјалдемократите се сакала да се обезбеди смена на раководството во партијата и на тој начин на чело на структурата да дојде некој кој ќе може да го смени името, вели во синоќешната емисија „Во Центар“ новинарот Васко Ефтов.

Тој додава дека агентот Силвер има добиено на задача од структурите на МИ6 да ја прислушува работата и структурата на СДСМ бидејќи таму треба да биде реализирана операција на менување на раководството. Тоа значело дека треба на чело на структурата да биде донесен човек кој ќе биде задолжен да го смени името на Република Македонија.

– Бројка од 90 отсто од тие прислушувани разговори кои се сместени на тие 180 хард дискови, всушност, се прислушувани разговори кои се однесуваат на состојбите внатре во СДСМ. Само 10 отсто од прислушуваните разговори отпаѓаат на прислушувани разговори кои се однесуваат на членови на владата на Никола Груевски и луѓе од неговото најтесно опкружување – вели Ефтов.

Ефтов додава дека ова се должи на тоа што Агентот Силвер има добиено на задача од структурите на МИ6 да ја прислушува работата и структурата на СДСМ бидејќи таму треба да биде реализирана операција на менување на раководството.

– Тоа значело дека треба на чело на структурата да биде донесен човек кој ќе биде задолжен да го смени името на Република Македонија. Притоа не треба да заборавиме дека во ингеренции на британската дипломатија се сите отворени спорови на светската политичка сцена-Кипарското прашање, Макеоднското прашање, прашањето на Фолкландите, прашањето на Гибралтар , значи сите отворени политички дипломатски прашања, всушност се во ингеренции на решавање на британската дипломатија . Од тие причини структурите на МИ6 преку својот агент господинот Силвер или агентот Силвер влегуваат во операција на прислушкување во Република Македонија, влегуваат во операција на промена во врвот на СДСМ и влегуваат во операција на приспособување на СДСМ за борба до финално истребување со партијата ВМРО ДПМНЕ кое треба да резултира со политички промени, а подоцна со промени на Уставот и промена на името на државата, вели Ефтов.

Ефтов додава дека прислушкувани се и снимени се разговори кои се сместени на 180 хард дискови. Станува збор за енормно количество на снимени телефонски разговори сместени на 180 хард дискови.

-Секој кој се разбира во компјутерска техника ќе ви каже дека снимени разговори на 180 хард дискови всушност значат огромно количество на снимени телефонски разговори. Целата операција се спроведува во период од 2010 до 2014 година кога во Република Македонија е набавена израелската опрема. Постојат два системи –Главниот оперативен систем и резервниот оперативен систем. Всушност во структурите на МВР во рамки на министерството за внатрешни работи на Република Македонија не постои можност во оперативниот систем да се внесува УСБ или одредени стикови и на тој начин да се преснимуваат дел од снимените телефонски разговори туку тоа се прави на еден многу едноставен начин. Не се користи главниот оперативен систем, туку се користи резервниот систем кој всушност треба да биде одредена бекап или резервна варијанта, ако не функционира главниот оперативен систем, вели Ефтов.

Според него, три структури имале допир или имале можност да го користат резервниот оперативен систем во рамки во петтата управа на Министерството за внатрешни работи.

-Тој бил началникот господинот Горан Груевски, тој бил заменикот господинот Ѓорѓи Лазаревски и една трета личност кој е со потекло од странска држава. Името на таа трета личност не го кажуваат ни господинот Горан Груевски ни господинот Лазаревски. Луѓето кои се разбираат во тие работи велат дека кога ќе биде соопштено името на таа трета личност ќе стане вистински земјотрес на македонската политичка сцена. Некој од тие три личности, а истрагата вели дека тој е господинот Ѓорѓи Лазаревски, на крај ќе видиме за што всушност станува збор, го користи резервниот систем и снима телефонски незаконски прислушкување разговори и ги сместува на 180 хард дискови. Тие хард дискови се земаат и се вадат од системот и на нивно место се става празен хард диск. Полните хард дискови му се даваат на Агентот Силвер. Ако целата операција се реализира во период од 2010 до 2014 година, ако првичните контакти на господинот Верушевски со гоподинот Зоран Заев се остваруваат дури на крајот на 2014 година, тогаш тука се поставува прашањето , зошто и за кого некој снимал во период од 2010 до 2014 година кога се воспоставуваат првичните контакти на Верушевски и Зоран Заев. Ние се обративме до СЈО и од таму ни кажаа дека кај нив е доставен само еден хард диск. Тука се поставува прашањето каде завршија тие 179 преостанати хард дискови на кој биле снимени недозволени телефонски разговори, вели Ефтов.