ВИДЕО: Неписмениот Заев се избламира пред велешани: Добровечер, сограѓани на Прчилев

Настапите на лидерот на СДСМ Зоран Заев се конкретен показател зошто Заев презема антимакедонски потези во надворешната политика. Оние договори кои за нас се штетни и антимакедонски за Заев се унапредување на билатералните односи со сеседите. И тоа не е чудно, зашто однародувањето е за народот, само Македонецот може да се одмакедончи, но не и Заев, зашто неговите корени не се во почвата македонска, негова историја не е националната историја на Македонија, а личностите значајни за Македонија и нејзината историја се имиња некаде слушнати и испомепшани во главата на Заев.

Човекот кој е тука, но не за Македонија, додворувајќи им се на велешани беше исвиркан на соствениот митинг како никој досега.

-Добровечер Велес, добровечер сограѓани на Рацин, на Џинот, на Жинзифов, на Брашнаров, НА ПРЛИЧЕВ и на уште многу наши македонски дејци, поздрави Заев во Велес.

Точно е дека Велес со големи букви е запишан многупати во националната историја, точно е дека многу велешани биле горди и знаменити Македонци, но Прличев секако не е еден од нив.
Прличев е роден во Охрид, а оваа информација се учи и знае уште во основно училиште.

Се поставува прашањето дали поради својата неписменост СДСМ го укина екстерното и дали поради непознавањето на основните историски податоци оваа ненародна и предавничка влада сака да ја промени историјата и да потклекне пред соседните земји кои сакаат да не’ збришат како народ?

Инаку, ова не е прв слуѕчај СДС да се избламира на ваков случен начин. Сакајќи да најави каде патува и на која културна манифестација ќе присуствува, министерот за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски ги измеша брзините и пред отворањето на 52 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ напиша: „Пристигнуваме во Прилеп. Градот-херој, градот на Цепенков, на Чернодрински….“.

Alagjozovski-FB-Cernodrinski

За волја на вистината, собирачот на народни умотворби Марко Цепенков навистина потекнува од Прилеп, но во животописот на теаратскиот режисер и писател Војдан Чернодрински како родно место е запишано струшко Селци.

СДСМ ГО ВОЗДИГНУВА КРИМИНАЛОТ: Коцевски не бил само милионер, туку и нелегално градел – нови документи од „свиркачите“

Централниот регистар потврди дека Фирмата АФИОН и деловниот имот во вредност од околу 800 илјади еврае во целосна сопственост на кандидатот Аце Коцевски.

Во исто време, „свиркачите“ денеска го продолжија скандалот со нова серија документи.

Фирмата АФИОН и деловниот имот во вредност од околу 800 илјади евра во индустриската зона во Велес, е во целосна сопственост на кандидатот и поранешен градоначалник, Аце Коцевски. На барање на Алфа Централен регистар го потврди токму ова – пред два дена објавено од свиркачи на интернет – дека тој е сопственик на милионскиот имот, а не скромен човек каков се претставува во кампањата.

-Коцевски вчера во телефонски разговор ни рече дека се е лага и измислица и револтирано одби официјално да коментира. Ни се закани и со тужба доколку како медиум, како што рече, објавуваме лаги. Документот од Централен регистар во кој тој стои како сопственик и основач, всушност го демантираше демантот на Коцевски. – јавува Алфа.

Но скандалот за екс-градоначалникот не завршува тука. Свиркачите, повторно на порталот „Џастпејстит“, објавија уште документи, со кои сакаат да докажат дека Коцевски освен што е милионер, ами и нелегално изградил уште два деловни објекта на истата парцела со фирмата Афион.

Тие, според објавата, се дивоградби, оти не се нигде впишани и немаат имотни листови. Според свиркачите, кои инаку се потпишани како членови на општинската организација на СДСМ, скандалот е дотолку поголем што двата објекта се кренати на место, кое, според планот требало да биде зелена површина.
Објавувачите прашуваат зошто општината Велес ова го дозволила, каде се Управата за јавни приходи и пазарната инспекција да реагираат? Зошто досега молчеле?
Новинарите на Алфа се обиделе да добијат одговор од инспекторатот каде сега е директор Исен Шабани од партијата на Села, но на централниот телефон никој не одговарше. Како ни на нашата електронска порака.
Од УЈП пак им одговориле дека не смеат да даваат податоци што може да претставуваат повреда на доверливоста на конкретната даночна постапка.
„Во врска со Вашите прашања, Ве информираме дека согласно член 9 од Законот за даночна постапка , сите информации и податоци чие доставување може да има штетни последици и кое може да претставува повреда на доверливоста на даночната постапка, не се предмет на комуникација со јавноста и имаат третман на даночна тајна“.
Се очекува одговор од Општината.
Коцевски и денеска не се одважил да ги коментира новите документи кои од Алфа му ги исрпатилена Вибер. Не одговорил ниту на нивните телефонски повици.

АЛФА ОТКРИ СКАНДАЛ: Кандидатот за градоначалник за Велес од СДСМ Аце Коцевски преку ноќ станал милионер (ВИДЕО)

Свиркачи објавија нов скандал на интернет, кандидатот за градоначалник на СДСМ за Велес, Аце Коцевски преку ноќ станал милионер, а пред граѓаните се обидува да се претстави како скромен кандидат за градски татко, објави телевизија Алфа.

Аце Коцевски е милионер, а не скромен човек како што се претставува пред велешани, а градоначалничката функција му треба за да ја прошири својата градежна империја во Велес, ова е вистината, вака почнува текстот што осамна вчера на веб порталот, „џастпејстет“ потпишан како што е наведено од разочарани членови на велешката општинска организација на СДСМ кои сакаат повикувајќи се на правото што произлегува од таканаречените свиркачи да ја обелоденат вистината за богатството на Коцевски.

Со слики, мапи и катастерски изводи свиркачите се обидуваат да докажат дека е невозможно човек кој заминал од градоначалничката функција во 2009 година со само две семејни куќи пријавен имот во Мартовци и Велес да купи имот од 100 илјади евра во единствената велешка индустриска зона во тоа време Узус југо тутун, а во тоа време во 2015 да почне да гради објект во вредност меѓу 500 и 800 илјади евра.

Во продолжение на текстот со документи од катастар е објаснета хронологијата на развој на настаните и според нив осум месеци по престанокот на неговиот мандат во јануари 2010 година Коцевски ја основал својата фирма „Афио“ ДООЕЛ, а само по една година купува градежно земјиште од безмалку 5 илјади метри квадратни, а тогашната вредност според документите била 100 илјади евра заради неговата атрактивност во тоа време.

За нив е нејасно како со плата од 850 евра месечно успеал да заштеди за да го купи земјиштето, а според нивните податоци во 2010 земјиштето е ставено под хипотека за кредит од 30 илјади евра, а во 20015 кога всушност започнува со градење на индустриско деловен објект на 2000 метри квадратни е ставено под хипотека за кредит од 100 илјади евра.

На веб страната на фирмата „Афион“ стои ексциплитно се што таа нуди, но никаде не е наведена сопственичката структура, единствено Коцевски може да се види на една од сликите во галеријата.

На крајот од текстот свиркачите се закануваат дека ова е само почеток на објавување за вистината на милионерот Коцевски кои како што пишуваат време е велешани да дознаат како се стекнал со толку голем имот за толку кратко време по завршувањето на мандатот како градоначалник.

Инаку ова е втор случај кога заради незадоволство од кадровските решенија на новата Влада свиркачи објавуваат документи на интернет, првиот пат тоа беа документи за вицепремиерот Ангушев.

И Државниот завод за ревизија констатирал неправилност за начинот на кој Аце Коцевски од СДСМ ги спроведувал тендерите за нафта

Случајот со сомнителните тендери на Општина Велес од 2006 година за набавките на нафта за велешките училишта биле забележани и од државниот ревизор. Имено, Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи на Сметките за Наменски дотации (930) на Општина Велес за 2006 година за што бил изготвен и Конечен извештај кој е заведен под архивски број. 1403-219/8 од 06.06.2007 година. Во Извештајот, изрично биле нотирани бројни неправилности за начинот и водењето на постапката околу јавната набавка на нафта за велешките училишта.

Според Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија, бодувањето и рангирањето било необјективно и ги доведувала понудувачите во нееднаква положба со што се фаворизирала одредена фирма. Овој податок јасно се гледа од извадокот од Извештајот прикажан на сликата подолу.

Revizija-Veles

Покрај стандардите кои биле пропишани, Аце Коцевски одлуката ја донел и од естетски причини што е смешно кога се има во предвид дека предметот на набавка бил нафта. Какви подобри естетски карактеристики имала нафтата на „Интернешенл трејд“ која за 11 милиони и 650 илјади денари требало да ги затоплува велешките училници во 2006 година веројатно освен тој не знае никој друг.

Revizija-Veles-1

Тогашниот градоначалник Аце Коцевски наместо понудата со пониски цени, што бил логичен, но и пред сѐ законски избор, тој се одлучил за понуда која имала повисоки цени за истите услуги. Тендерот за нафта за велешките училишта во 2006 година не го добила поефтината понуда на фирмата „Алма комерц“ од Неготино, туку поскапата на скопската „Интернешенл трејд“.

Ваквиот сомнителен начин на водење на постапката за јавна набавка на нафта за велешките училишта доби на внимание во јавноста кога, поради поднесената жалба од страна на останатите општетени учесници на тендерот, училиштата останаа без потребната нафта за загревање. 10 илјади ученици од Велес, среде зима, наместо во затоплени, неколку денови настава посетуваа во ладни училници облечени во шалови, капи и ракавици. По бурните реакции на родителите за ладните училишта фирмата „Алма комерц“ од Неготино ја повлекла жалбата пред државната комисија за жалби по јавни набавки, најверојатно под притисок? Аце Коцевски повторно, по петти пат, е кандидат на СДСМ за градоначаник на Велес.

И НИЕ НЕ ПИЕМЕ НАФТА: Аце Коцевски местел тендери за нафта за велешките училишта?!

10 илјади ученици во велешките училишта во декември 2006 година настава посетувале во ладни училници. Неколку последователни денови учениците, во зимска опрема, ја следеле наставата која се изведувала во училници на минусни температури и грч ладни радијатори. Причината – недостиг на нафта поради незаконски спроведена јавна набавка на гориво за затоплување на велешките училишта. Градоначалник на Општина Велес во тој период е Аце Коцевски, кој деновиве СДСМ повторно го нуди на велешани за истата функција.

Тогашниот градоначалник Аце Коцевски на тендерот за јавна набавка на нафта за затоплување на училиштата избрал фирма која што понудила повисоки цени што било во спротивност на Законот за јавни набавки. Тоа го потврдила и државната второстепена комисија за јавни набавки која, по поднесена жалба на второрангираната фирма, го поништила тендерот. Имено, избрана како прворангирана била скопската фирма „Интернешенл трејд“, пред фирмата „Алма комерц“ од Неготино, иако понудата на неготинската била со пониска цена отколку понудата на скопската фирма. Образложението на тогашниот градоначалник Аце Коцевски било дека „Интенрешнл трејд“ понудила нафта со повисок квалитет од второрангираната и затоа, иако со поскапа понуда, и бил доделен тендерот. Инаку, Општина Велес за затоплување на основните и средните училиштата тогаш располагала со буџет од преку 11 милиони и 650 илјади денари.

Овие настани во Велес ја разбрануваа јавноста што доведе до тоа и самото Министерство за образование и наука да се заинтересира за случајот. Тогашниот министер Сулејман Рушити во врска со начинот на спроведување на тендерот за нафта за велешките училишта изјави: Не знам како би се мерел квалитетот на нафтата. Јас не пијам нафта за да видам каква е“.

Nafta-vo-casa

Како се мери квалитетот на нафта Коцевски во 2006 година не откри. Не ја откри ниту вистинската причина зошто токму фирмата Интернешенл трејд од Скопје ја избрал да го добие тендерот за нафта за затоплување на училиштата, иако истата доставила понуда со поскапи цени.

Дали денес, во септември 2017 година, се уште ја има тајната формула за мерење на квалитетот на нафтатата не знаеме, но има шанси тоа да одговори бидејќи повторно, по рекорден петти пат, е предложен од СДСМ за кандидат за градоначалник на Општина Велес.

ФОТО: Груевски во посета на духовното и културно наследство на Велес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со својата сопруга денеска беше во посето на Велес. Најпрво присуствуваше на осветувањето на новиот црковен храм СВ Кирил И Методиј, каде беа присутни повеќе стотини велешани и добранамерници од целата држава кои присуствуваа на литургијата со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија, господин господин Стефан.

Свое обраќање имаше и владиката Агатангел кој се осврна и на градбата која има исклучително значење за градот Велес. Тој истакна дека храмот има уметничка, културна и духовна вредност, а истиот, речиси 85 осто е изграден од средствата кои своевремено државата ги врати на повардарската епархија во форма на обврзници за денационализација.

Gruevski-Veles-1 Gruevski-Veles-2 Gruevski-Veles-3 Gruevski-Veles-4 Gruevski-Veles-5

Груевски со својата сопруга остатокот од денот го искористи и за посета на два мошне значајни храмови во Велес, црквите СВ Пантелејмон и СВ Димитрија.

Црквата Св Пантелемојн е  најголемата црква во Велес. Храмот е изграден во 1864 година и има своја многу интересна приказна како во Османлиско време се издејтвувало да се изгради таков голем храм како и предизвиците со кој тогаш се соочиле. Нејзината изградба била извршена од познатиот македонски неимар и градител на цркви во Македонија и низ Балканот, Андреја Дамјанов со своите браќа, од велешкото село Папрадиште.

Gruevski-Veles-6 Gruevski-Veles-7

Потоа Груевски ја посети и малку познатата црква но со исклучително значење СВ.Димитрија, за која се смета дека датира од 14 тиот век и според зборовите на луѓето пронајдени се и некои археолошки предмети кои датитаат и од 6 тиот век.

Манастирот е познат по приказната дека своевремено верувајќи дека османлиите ќе го запалат, локалните жители го потрупале со земја, со цел да го заштитат.Сместен е под висока карпа. Но поминало долго време и го заборавиле таков, се додека на еден човек не му се сонило на сон дека на тоа место закопан е манастир и треба да се откопа, што и било сторено.

ТАЈНО ПРЕДАВСТВО: Луѓе од доверба на Заев во Велес бараат локација за изградба на бегалска населба

Специјална работна група составена од „лица од доверба“ од Велес почнала да работи по предлог на Претседателот на Владата, Зоран Заев пред околу еден месец.

Според пишувањето на порталот „Курир“, целта на оваа група била во најкус можен рок да се изнајде локација за изградба на бегалска населба на територијата на општина Велес. По изборот на предлогот за локација истиот требало да се достави до меѓуресорското владино тело за спроведување на Акцискиот план на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, сочинето од претставници од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, министерството за труд и социјална политика, министерството за транспорт и врски, министерството за животна средина и просторно планирање, министерството за одбрана, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за планирање на просторот и претставници на невладини организации со искуство во спроведување на бегалски политки.

Veles-Migranti

Особен акцент на ова операција бил ставен на нејзината тајност во работењето. Причините за тоа биле двојни. Прво, во јавноста владее огромно незадоволство и недоверба кон владината Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017- 2027 година и нејзиниот Акциски план. И второ, што било од особена важност за Зоран Заев, лошите резултати на СДСМ од неодамна спроведените анкети за локалните избори.

Имено, анкетите покажувале заостанување на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ и Заев стравувал дека излегувањето на површина на овој план за изградба на бегалска населба во Велес ќе нанесе ненадоместлива штета врз интересите на партијата во пресрет на претстојните локални избори закажани за 15 октомври.

За сето ова да се реализира без никакви проблеми на Зоран Заев му е потребна победа на локалните избори во Велес на 15 октомври.

Бегалска населба на просторот кај велешката касарна – 3.600 мигранти ќе бидат сместени во Велес?

Според информации кои протекоа во јавноста владата планира изградба на бегалска населба во Велес. Определен е простор во рамки на велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ во строгиот центар на градот.

Вкупната површина на која ќе се градат станбените објекти изнесува околу4 хектари. Во игра се неколку можни решенија за изградба на станбените објекти, а како најсериозна се споменува идејата за изградба на 15 згради кои ќе имаат по 10 ката.

Секој кат ќе има по 6 станови за сместување до 4 лица (број на лица во едно просечно семејство). Се уште е нејасно на чиј предлог е избрана оваа локација, која се наоѓа во урбаниот центар на градот со густа населеност, меѓутоа постојат индиции дека тоа е сторено од страна на претставници на раководството на велешкиот огранок на СДСМ.

Покрај станбени објекти, за новите 3.600 жители на Велес с епланира и изградба на детска градинка, училиште, спортска сала и амбуланта. Предвидено е изградба и на специјална железничка станица со оглед на непосредната близина на железничката пруга до идната бегалска населба. Планот е населбата да почне да се гради до крајот на оваа година, после локалните избори.

Монструми од СДСМ – Велес го организирале атентаторот на Тодоров!?

Чив бил пиштолот со кој дедото на Тамара пукаше во Тодоров и дали двајцата негови поддржувачи, од СДС – Велес му го дале, останува да утврди истрагата.
Во ова, очигледно планирано сценарио, учесници биле и двајцата членови на СДС од Велес го инструирале и „набоцкале“ напаѓачот. Кои се овие подбуцнувачи, дали нивниот општински огранок на СДС или целата партија стои позади овој грозоморен чин, останува да почекаме детали од МВР. Тие, наводно, злоупотребувајќи ја смртта на Тамара, успеале да го наговорат велешанецот да пука во екс-министерот Тодоров.

Зошто, доколку дедото од шарената револуција бил ирзеволтиран, се чекал токму денешниот ден, останува да дознаеме.

Токму смртниот случај на малата Тамара беше едно од главните оружја на СДСМ и нивните невладини пајташи во црната кампања која ја водеа против Тодоров односно ВМРО-ДПМНЕ. Карактеристиките на оваа кампања беа да се злоупотребуваат сите можни случаи на смрт и за тоа да се обвинуваат Тодоров и другите функционери од владеачката коалиција. Покрај Тамара, ваквите некрофилски тактики на СДСМ и шарените граѓани беа злоупотребувани и во случајот на Мартин Нешковски, случајот Диво Насеље, Смиљковско езеро, со манипулирањето на бројот на новороденчиња кои починуваат и секоја друга прилика која некрофилите од опозицијата ќе ја сметаат за соодветна.

 

Груевски: Мора да застанеме на патот за сулудата идеја на Заев за кантонизација на Македонија

Покрај двојазичост на цела тереиторија Зоран Заев очигледно ветувал и кантонизација на Р. Македонија. Кантонизација во Швајцарија е една работа, а сосема друга работа е на Балканот. Кантонизација на Македонија би значело 5,6 кантони кои со тек на време еден по една на легален начин со одлука на нивните локални кантонски влади ќе се отцепуваат. Тоа е последниот чекор пред растурање на една држава без војна. Такво нешто не ни треба, истакна вечерва на митингот во Велес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Мораме да застанеме на патот на оваа сулуда идеја на Зоран Заев. Мораме да застанеме затоа што тоа ќе има сериозни последици од големи размери. Дали ќе биде за три или пет години, проблемите ќе дојдат пред нашата врата, рече Груевски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија не ги дели граѓаните и не прават разлика помеѓу нив, туку се залага за подобра економска земја и подобар стандард на граѓаните.

-Ние само укажуваме на сите дека ќе ни го растурат мирот, ќе ни направат големи проблеми и да се закрвиме. На 11 декември масовно да го пресечеме тоа и ќе им кажеме каква Македонија сакаме и дека никој не може да управува со нас, посочи Груевски.

Посочи дека во очај СДСМ веќе им дава нереални ветувања на граѓаните кои сепак не можат да ги прелажат и како примери ги посочи враќањето на ДДВ од 15 % и покачувањето на минималната плата и социјалната помош.

-Но народот е мудар , можеби некои не се доволни образовани. Слушнавме дека ќе враќаат 15 % ДДВ и на тој начин домаќинствата ќе добивале 500 евра по домаќинство годишно. За да се направи таков поврат, тој човек треба да троши по најмалку 2000 евра за да на крај ги добијат тие 500 евра, образложи Груевски.

Како нерално ветување од СДСМ тој го посочи и зголемувањето на просечната плата и социјалната помош додаде дека просечна плата може да расте само ако се намалува невработеноста, во секоја пазарна економија така растат платите.

-Тргнаа со нерални ветувања, со лажни ветувања, да го излажат македонскиот народ, потенцираше Груевски.