Груби: Македонија станува двојазична на целата територија, на сите нивоа! (ВИДЕО)

„Македонија станува двојазична на сите нивоа на државата“, порача пратеникот Артан Груби од ДУИ во гостување на Алсат телевизија.

Во врска со реакциите на ВМРО-ДПМНЕ „дали Македонија станува двојазична или не“ Груби е дециден дека двојазичноста ќе се воведе во сите органи на државата: централната власт, вклучувајќи го и претседателството, Владата, Собранието, општините, додека општинската власт е регулирана преку актуелниот закон.

-Сите органи, како судството, нотаријатот, обвинителството, сите органи ќе зборуваат албански, вклучувајќи ги и граничните премини и се надеваме дека со оценување на Венецијанската комисија по разгледувањето на членот 8 и трите елементи кои се пратени на разгледување таму, како банкнотите и монетите, двојазичноста кај нив, хартиите од вредност, како и униформите на војската, и тие ќе се вметнат во Законот за употреба на јазиците, вели Груби.

Орданоски на ТВ „Шења“: Овој Заев нема многу високи морални и политички стандарди (ВИДЕО)

Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, кој важи за близок до СДСМ, како гостин во емисијата “Отворено студио“ на телевизија Шења, ги коментираше актуелните политички случувања и потезите на Зоран Заев, при што констатираше кога тој би бил во политиката би поставил цврсти линии и стандарди, и дека Заев нема високи морални и политички стандарди.

-Јас кога би бил во политиката, би ставил некои по цврсти линии преку кои не може да се помине, но гледам дека овој Заев, има прилично отворена една концепција, дека нема многу високи морални и политички стандарди, во оваа фаза во која бара поддршка од сите бидејќи не чекаат крупни прашања за решавање, рече Сашо Орданоски во “Отворено студио“.

Тој исто така констатираше дека сега притисокот не е толку голем врз ДУИ колку што е врз СДСМ, затоа што сега СДСМ е таа која треба да испорача за етничката агенда на Aлбанците, пред кој што претходните власти во Македонија немале такви обврски.

-Погледнете го сега проблемот со законот за јазиците, сега е тоа иницијатива помалку на ДУИ колку што е сега исправање на тест на СДСМ, сега СДСМ треба, и тоа добро го прави, да излезе со понуда која што ќе ги задоволи и некои етнички барања од нејзините гласачи, – рече Орданоски во неговото гостување на ТВ Шења, притоа алудирајќи на гласачите Aлбанци.

Аналитичарот Орданоски исто така кажа дека на крај цената ќе ја плати Заев, со тоа што ќе дојде време кога ќе се излезе на избори и тој ќе ја плати цената за сето ова што го прави.

ВИДЕО: Косовари го запалија македонското знаме по пресудите за „Диво Насеље“

“Skifterët”, навивачите на фудбалскиот клуб од Гњилане, Косово, во знак на протест поради пресудите што се случија денеска во Скопје, за случајот “Диво насеље”, го запалија македонското знаме.

ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата и надлежните институции останаа неми на експлицитни видео и фото материјали од кои се гледа целиот криминал извршен од СДС

Изминативе локални избори беа најнедемократските и најнерегуларните избори во историјата на независна Македонија. Изборите во целост поминаа во знакот на уцените и поткупот на гласачи во скоро сите општини во државата, а граѓаните беа предмет на закани од страна на полициски службеници пред сопствените домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумите, но и граѓаните на социјалните мрежи објавија безброј докази за насилството од страна на партиските активисти на СДС, кои во придружба на полицијата им се закануваа на граѓаните да не излегуваат да гласаат. Полицијата наместо да ги штити граѓаните во текот на вчерашниот ден ги напаѓаше и физички им се закануваше. Снимката од Бутел, каде полициски службеник му се заканува на граѓанин да не се осмелува да излезе од својот двор, видеото со поткуп на граѓани во Штип, аудио снимката од Зоре Темелковски како се вели дека ќе избрка 1100 луѓе од работа за само еден ден доколку не излезат да гласаат се доказ како функционираше СДС и какви избори имаше Република Македонија, се вели во реакцијат аод ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Злоупотребата на полицијата во Кавадарци, Могила, Новаци и Македонска Каменица, но и поткупот на гласачи на ден на избори во Визбегово од страна на партиски шеф на СДС во Бутел се еклатантен пример за нефер избори и бришење на границата помеѓу државата и партијата. Полицијата и надлежните институции останаа неми на ваквите експлицитни видео и фото материјали од кои се гледа целиот криминал извршен од СДС, а со помош на државните органи, кои се под целосна контрола на власта. Институциите се узурпирани. Демократијата е уништена. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излезе со 7 барања кои ќе ја вратат демократијата во државата и ќе влијаат на враќање на слободата кај граѓаните“.

ПУКАЈТЕ КОЛКУ САКАТЕ: СДСМ го озаконува пукањето по улици!

Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски од СДСМ, го озаконува пукањето по улиците низ Македонија.

Имено, од МВР има само молк за тоа што ДУИ синоќа со истрели од огнено оружје славеше на плоштадот Скендер бег. Во одбрана единствено на својот коалиционен партнер во Владата, ДУИ, на СДСМ воопшто не им е грижа за безбедноста на граѓаните.

КУРИР уште утрово испрати прашања до МВР со цел да биде информирана македонската јавност, но од МВР одговор нема.

-Дали се идентификувани лицата кои вчера вечерта пукаа од огнено оружје на плоштадот Скендербег? Колкумина се приведени?

-Колку парчиња оружје се одземени и дали оружјето било и претходно користено за кривични дела?

-За колку време се очекува да заврши вештачењето?

Додека не одговараат на прашања на  КУРИР, МВР за медиум близок до СДСМ испрати ваков одговор:

„Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот. Кога ќе биде расчистен, јавноста ќе биде известена“ велат од МВР.

Граѓаните се уплашени и загрижени, но полицијата под водство на Спасовски не превзема ништо за да ги заштити, па тие секако стравуваат за својата безбедност и своите животи.

Со игнорантскиот и незаинтересиран однос на МВР, се испраќа порака до насилниците дека секој може да пука каде сака, а ако  е близок до СДСМ за тоа нема да одговара.

Испукаа цели шаржери, а МВР не превзема ништо

 

Десетина од славениците на победата на Ганиу и на ДУИ синоќа испукаа цели шаржери во воздух и покрај тоа што имаше полициско присуство на прославата. Еден од приврзаниците пред да почне да зборува Ганиу во негова непосредна близина испука цел шаржер, а неколку куршуми удрија во долниот дел од катот на плоштадот Скендер бег по што деланки бетон паѓаа врз кандидатот, но и врз вицепремиерот Бујар Османи.

Ѓорчев: Вчера се случија нерегуларни и насилнички избори, доставивме видео и фото материјали од нерегуларностите

Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги имаше најнерегуларните и нај недемократските избори во историјата на независна Македонија и никогаш во последниве 27 години немало понасилни избори и немало избори со поткуп и насилство, вели на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Забележани и документирани се огромен број на нерегуларности како и индиции за поткуп, закани и уцени вклучувајќи и од полициски службеници. Уште од рано изутрина беше прекршен изборниот молк, а постојат и сериозни докази дека биле полнети изборните кутии со така наречениот бугарски воз во повеќе општини во државата. ВМРО-ДПМНЕ до меѓународните претставници до ОБСЕ и ОДИХР достави видео и фото материјали за голем број од забележаните нерегуларности, потенцира Ѓорчев.

Тој додава и дека медиумите вчера објавиле снимка од која се гледа како активист од СДСМ во Штип дава поткуп на граѓанин.

-МВР и државните институции на СДСМ не реагираа и го премолчеа овој поткуп, а целата полиција беше на располагање на СДСМ и полициски припадници физички им се закануваа на гласачите кои не се од СДСМ да излегуваат од својот дом, рече Ѓорчев.

Ѓорчев на пресот го објави видеото каде припадник на МВР се заканува на гласач во Бутел да не излегува на гласање и кажа дека луѓето сакаат дома да ги тепаат, во куќен двор.

-Припадник на МВР се заканува на човек што има 60-65-70 години и му вика не искачај од дома. Што му фали на припадникот на МВР? Ништо! Кога тој се однесува вака, во сред Скоје, пред камера, можете да замислите што се случува по помалите градови, што се случува по помалите улици што се случува по селата и по населбите, каде што нема камери. Дома им се закануваат на луѓето дека ќе ги тепаат. Здрав, прав човек од 35-40 години се заканува на човек што има 60-65-70 години, дека дома ќе го тепа и него и син му, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев напомена дека вака фунционирало МВР насекаде низ државата, дека вака полициски службеници им се заканувале на граѓаните да не излегуваат на гласање и дека оваа појава била масовна низ цела Македонија.

-Во Визбегово, во истата општина Бутел, со фотографија е документирано делење шеќер, зејтин и други материјали до граѓаните, од страна на локален лидер за време на изборниот молк и изборниот ден. Значи, зборуваме за носење на товари материјали, шеќер, зејтин, брашно и други материјали од страна на локален лидер на СДСМ документирано со фотографија и никому ништо. Пријавено реакција никаква, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев напомена дека на вчерашниот изборен ден исто така граѓаните виделе и што значи за вработените во државната и јавна администрација кога СДСМ е на власт.

-Во аудио снимка објавена во медиумите слушнавме како таткото на кандидатот за градоначалник од СДСМ се заканува дека во еден ден може да бидат отпуштени над 1.100 луѓе во Драчево од работа, само ако не гласаат за СДСМ, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека оваа снимка е доказ каков притисок бил вршен врз граѓаните за да гласаат за СДСМ.

-Знаете за што зборуваме тука? Зборуваме за отпуштање на 1.100 луѓе од Драчево, за 1.100 луѓе од Драчево нивно отпуштање, како во транзицијата, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев напомена дека во текот на вчерашниот ден врз граѓаните бил правен системски и психолошки притисок со цел втерување на страв за да не излезат на гласање.

-На само три часа пред затварањето на избирачките места беа искршени преку 40 надгробни плочи на православните гробишта во село Брњарци, Општина Гази Баба. Сликите се загрижувачки и многу зборуваат за оваа власт, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека забележан е и спречен обид за „бугарски воз“ во Општина Чаир, а дека информации а извршен „бугарски воз“ имаат од повеќе места.

-Полициските припадници рамо до рамо со партиските активисти на СДСМ вршеа притисок и во Македонска Каменица, Новаци, Могила, Кавадарци, Штип и во сите општини каде што имаше втор круг. Во Могила и Новаци им беше кажувано на луѓе за кои што се мислеше дека нема да гласаат за СДСМ: „Не излегувајте на гласање, од понеделник не доаѓајте на работа. Ако било кој од вашето семејство излезе, во понеделник не доаѓајте на работа“. Тоа им беше кажувано на луѓе вработени во РЕК. Могила и Новаци, општини во кои секогаш победувал ВМРО-ДПМНЕ, општини во кои што водеше ВМРО-ДПМНЕ, изјави Ѓорчев.

Тој напомена дека ова се само мал дел од нерегуларностите кои биле направени во текот на вчерашниот ден, напомена и дека сите овие информации биле и се проследени до меѓународните набљудувачи, ОБСЕ и ОДИХР.

-За сите овие нерегуларности, МВР и државните институции молчат и не реагираат, затоа што се под целосна контрола на СДСМ и се извршители на изборниот криминал. Демократијата и правната држава вчера беа погребани во Република Македонија. СДСМ покажа дека нема намера да спроведува фер и демократски избори и дека сака да спроведува целосна контрола врз институциите, за целосен и тотален притисок врз граѓаните, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува со седумте барања кои сметаат дека се основен предуслов за враќање на демократијата и владеењето на правото во државата.

1.Организирање на предвремени парламентрани избори согласно Пржинскиот модел кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, на исти начин како што беа организирани парламентарните избори на 11 декември 2016 година.

2.Итна смена на директорот на Агенцијата за аудиовизулени и медиумски услуги, и избор на директор на оваа значајна институција по предлог на опозицијата.

3.Оставка и разрешување на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски. Враќање на старото законско решение, во време на Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кога претседателот на ДИК беше од редовите на СДСМ, од редовите на опозицијата. Сега истото решение за кое ВМРО-ДПМНЕ имаше демократски капацитет, нека го спроведе и оваа влада што носи под наводници демократија, живот и слобода. Нека го дадат истото она што беше пред пет години.

4.Итна истрага и вештачење со наше учество на уредите за прислушкување на УБК, заради основано сомнение дека полицијата врши прислушкување на најмалку 100 лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

5.Итно и без пролонгирање завршување на судењето за случајот Поткуп, во кој Заев на очиглед на целата јавност бара мито во висина од 200 илјади вера..

6.Основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчистување на изборните нерегуларности од изборите во 2016 и изборите во 2017 година, како и на злоупотребата на целокупниот државен апарат во изборни цели за изборите во 2017 година.

7.Ослободување на лицата кои што се во притвор и прекинување на процесите против граѓаните, за случувањата на 27 април 2017 година.

-Демократијата ќе се врати, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ВМРО е константа која што трае 124 години и во добро и во лошо. Ќе победи Република Македонија. Тогаш овие прекршители на законите, сите оние кои што им се закануваа и ги заплашуваа граѓаните дека ќе ги тепаат во нивните дворови и во нивните домови ќе одговараат согласно законите, изјави Ѓорчев.

ВИДЕО: ДУИ ја прославува победата во Чаир со автомати на плоштадот „Скендербег“

Приврзаници на ДУИ со истрели од огнено оружје на плоштадот Скендер бег ја слават победата на Висар Ганиу, кој, според партискиот штаб на интегративците, ќе биде нов градоначалник на Чаир.

Десетина луѓе со пиштоли и со истрели во воздух славеа на плоштадот Скендер-бег на влезот во скопската Чаршија каде се наоѓа штабот на кандидатот на ДУИ Висар Ганиу. Според партиски извори од штабот, Ганиу победил со над илјада гласови разлика иако во тој момент (околу 21 часот), според пребројаните резултати на ДИК се уште беше тесно и кандидатите се сменуваа во водство. Прв се обрати вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој рече дека со победата на Ганиу се покажало дека Чаир е бастион на ДУИ. Ганиу пак се заблагодари на сите што гласале за него и на сите организации, групи и поединци кои му помогнале во кампањата. Пред да зборуваат двајцата, десетина од славениците на победата на Ганиу и на ДУИ испукаа цели шаржери во вовоздух и покрај тоа што имаше полициско присуство на прославата. Еден од приврзаниците пред да почне да зборува Ганиу во негова непосредна близина испука цел шаржер, а неколку куршуми удрија во долниот дел од катот на плоштадот Скендер бег по што деланки бетон паѓаа врз кандидатот, но и врз вицепремиерот Османи.

Груевски до Рама: Тиранската платформа нема да придонесе за развивање пријателство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари средба со премиерот на Република Албанија, Еди Рама. На средбата се разговараше за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека е за отворена соработка со Република Албанија базирана на принципиелна основа. Во таа насока не помагаат различните документи како што е Тиранската Платформа која, како по формата во која беше промовирана, така и во својата суштина нема да допринесе за развивање на пријателство базирано на искрени основи меѓу двете држави, и може да има негативен ефект во однос на меѓусебниот соживот во Република Македонија, истакна Груевски, соопштуваат од партијата.

Во соопштението се наведува дека било истакнато дека е добредојдена поддршката на Република Албанија за интеграција во НАТО Алијансата и дека постојат заеднички предизвици за напредок на патот кон Европската Унија, во чие исполнување на соработката е очекувана.

Груевски истакна дека добрите односи меѓу двете држави кои треба да се развиваат ќе придонесат за релаксирање на атмосферата и градење на доверба која е потребна за економски и политички напредок на регионот.

ВИДЕО: „Еко герила“ контра Зоран Заев – изјавата за Југохром е манипулација

Еколошките здруженија реагираат на најавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека комбинатот Југохром во Јегуновце, ќе почна со работа во март.

Еколошките здруженија реагираат на најавите на лидерот на СДСМ , Зоран Заев, дека комбинатот Југохром во Јегуновце, ќе почна со работа во март. Ова се велат, обични предизборни манипулации со граѓаните. Поставувањето филтри, што е и услов за рестартирање на Југихром,  е процес кој бара време и невозможно е да биде готов на пролет.

Заев за утре најави и потпишување на договор меѓу Владата и комбинатот. Сомневајќи се дека и ова ќе биде само политичка пропаганда, Аријанит Џафери од Еко Герила очекува тој договор, неговата цел и содржина, да биде и јавно претставен пред граѓаните.

ВИДЕО: Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е најфрапантниот доказ за начинот на кој работи СЈО и притисоците што ги врши врз него но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги.

Нов скандалозен видео материјал фрла ново светло врз упадот на СЈО и полицијата во домот на екс претседтелот на кривичниот суд Владимир Панчевски. На материјалот од домашниот видео надзор од домот на судијата се гледа како еден од службениците го зема домашниот клуч на судијата и го става в џеб.