СДСМ ВО КОАЛИЦИЈА СО КРИМИНАЛОТ: Хаос во Скопје – Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк

Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк и сето ова само за нешто повеќе од 24 часа. СДСМ направи коалиција со криминалот и улицата, а Скопје потона во хаос. Оправдан е стравот кој се јави кај скопјани. Главниот град се претвора во крвава арена, а МВР под палката на СДСМ нема никого ниту приведено ниту казнето.

Скопје како Див запад: Пукано од возило во движење во Кисела Вода

Утрово на улица Антон Попов во населба Кисела Вода од страна на непознати сторители од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило местото и се упатило во непознат правец.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници излегле на лице место, извршиле увид и подигнале предмети за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ограбено лице во Градскиот парк во Скопје- му се заканувале со нож

Четири лица синоќа со закана со нож ограбиле лице во Градскиот парк во Скопје, при што му одзеле 500 денари.

Како што соопшти МВР, вчера во 23:40 часот, од страна на четири засега непознати машки лица извршено е разбојништво над Н.Б., при што му се одземени 500 денари.

Сторителите со закана со нож му побарале пари, по што оштетениот извадил од џебот 500 денари и им ги дал по што сторителите заминале во непознат правец.

Од МВР превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Брутално претепан и ограбен маж кај Жена-парк

Во петокот, во 21:52 часот во Полициска станица Центар, Д.Д. од село Могорче-Дебар пријавил разбојништво од страна на три лица во паркот “Жена борец“.

Според пријавата, едно лице му пришло од зад грб, го фатило за рацете, а другите две лица почнале да го удираат и да го претресуваат, по што му одзеле лични документи, пари и часовник и со трчање побегнале.

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на случајот.

И вооружените напади на банки, станаа секојдневие во Скопје.

Две банки беа ограбени за само две недели, а сторителите се уште се на слобода.

ПУКАЈТЕ КОЛКУ САКАТЕ: СДСМ го озаконува пукањето по улици!

Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски од СДСМ, го озаконува пукањето по улиците низ Македонија.

Имено, од МВР има само молк за тоа што ДУИ синоќа со истрели од огнено оружје славеше на плоштадот Скендер бег. Во одбрана единствено на својот коалиционен партнер во Владата, ДУИ, на СДСМ воопшто не им е грижа за безбедноста на граѓаните.

КУРИР уште утрово испрати прашања до МВР со цел да биде информирана македонската јавност, но од МВР одговор нема.

-Дали се идентификувани лицата кои вчера вечерта пукаа од огнено оружје на плоштадот Скендербег? Колкумина се приведени?

-Колку парчиња оружје се одземени и дали оружјето било и претходно користено за кривични дела?

-За колку време се очекува да заврши вештачењето?

Додека не одговараат на прашања на  КУРИР, МВР за медиум близок до СДСМ испрати ваков одговор:

„Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот. Кога ќе биде расчистен, јавноста ќе биде известена“ велат од МВР.

Граѓаните се уплашени и загрижени, но полицијата под водство на Спасовски не превзема ништо за да ги заштити, па тие секако стравуваат за својата безбедност и своите животи.

Со игнорантскиот и незаинтересиран однос на МВР, се испраќа порака до насилниците дека секој може да пука каде сака, а ако  е близок до СДСМ за тоа нема да одговара.

Испукаа цели шаржери, а МВР не превзема ништо

 

Десетина од славениците на победата на Ганиу и на ДУИ синоќа испукаа цели шаржери во воздух и покрај тоа што имаше полициско присуство на прославата. Еден од приврзаниците пред да почне да зборува Ганиу во негова непосредна близина испука цел шаржер, а неколку куршуми удрија во долниот дел од катот на плоштадот Скендер бег по што деланки бетон паѓаа врз кандидатот, но и врз вицепремиерот Бујар Османи.

Криминалната фамилија на Бочварски сака да завладее со Штип

Кланот Бочварски е само еден од повеќето кланови во Штипските лоби групи на СДСМ. Најмладиот член од фамилијата Бочварски е Благој Бочварски, кој моментално е во Извршниот одбор на СДСМ и кандидат за градоначалник на Штип

Неговиот татко и чичко се долгогодишни членови на општинските раководства на СДСМ во Штип и во блиски релации со сите локални моќници користејќи ја положбата во урбанизмот во Локалната самоуправа. Тие се во блиски долгогодишни релации со Мите Николов сопственикот на “Нико-Петрол” и фабриката за масло за јадење “Брилијант” и со поранешниот заменик министер за земјоделие Санде Џамбазовски. Со близината од овие релации и со меѓусебни долгогодишни “дилови” тие ја имаат изградено својата империја која и ден денес опстојува и работи во овие тешки и недемократски услови во кој тие живеат.

Имено, уште од самите почетоци на кариерата на Венцислав Бочварски како Началник на подрачната единица во министерството за сообраќај, градежништво и екологија, а претходно суспендиран од директор (поради малверзации и дела со дивоградби во Штип) на Јавното комунално претпријатие-Завод за урбанизам и унапредување на градежно земјиште т.е денес ЈП-Штип-Проект од Штип, вршејќи услуги во 1992 на штипскиот бизнисмен Мите Николов како одолжување успева на берза преку јавно надавање во “КБ-Бокер” да ја купи ГП-Пелагонија (97’-98’) денешна Пелагонија-Инжинеринг доо Штип за минимални пари и да го превземе управувачкиот пакет кој во тоа време според експертите и агенцијата за приватизација вреди околу 1,2 милиони евра.

На ист таков начин подоцна го откупува и Неметали-Огражден (рударски коп на кварц) со сепарација за околу 60-70.000 евра. Исто така во фамилијарниот бизнис ја имаат и фирмата “Техно-Инвест” и “Урбан ДОО” (фирми за проектирање и архитектонски решенија каде фигурира младиот архитект Благој Бочварски заедно со неговиот чичо Владимир Бочварски и неговата мајка Владанка Бочварска) и пекара “ДЕ-ЛУКС” преку која користејќи ги релациите на локално ниво со градоначалниците од редовите на СДСМ и директорите на Основните училишта ги добиваат скоро сите тендери во градот.

Од оваа ненародна и недемократска власт кланот Бочварски успешно успеваат да ги водат фирмите за кои знаеме кои ги имаат:

1. Друштво за градежништво, промет и услуги ПЕЛАГОНИЈА-ИНЖИНЕРИНГ ДОО ШТИП (соспственик Венцислав Бочварски) (вкупно приходи: 83.143.460,00 ден. со добивка од 2.050.672,00 ден.)

2. Друштво за производство, услуги и трговија ТЕХНО-ИНВЕСТ ШТИП (соспственик Венцислав Бочварски) (вкупно приходи: 9.899.636,00 ден. со добивка од 1.055.592,00 ден.)

3. Друштво за производство, услуги и трговија ДЕ-ЛУКС ДОО Штип (соспственик Венцислав Бочварски) (вкупно приходи: 26.012.650,00 ден. со добивка од 2.225.035,00 ден.)

4. Друштво за просторни и урбанистички планови, инжинеринг и др. УРБАН ДОО Штип (соспственик Владанка Бочварска) (вкупно приходи: 3.082.847,00 ден. со добивка од 57.699,00 ден.)

5. НЕМЕТАЛИ (Сепарација) (соспственик Венцислав и Владимир Бочварски)

Според Благој Бочварски би требало секој граѓанин на РМ да има достоен и нормален живот и за тоа би требало кога тие ќе дојдат на влас секој вработен да има минимум месечни примања од 29.000 денари. Само за илустрација може да се наведат неколку примери на вработени во неговите приватни фирми со нејзините месечни примања.

1. Мартин Жежов (дипл.инг. враб.во Пелагонија-Инжинеринг доо) со месечни примања 17.500 ден.

2. Гоце Блажевски (работник враб.во Пелагонија-Инжинеринг доо) со месечни примања 14.173 ден.

3. Бајрам Дурмишов (работник враб.во Пелагонија-Инжинеринг доо) со месечни примања 14.173 ден

4. Билјана Стамболиска (работник враб.во пекара ДЕ-ЛУКС) со месечни примања 11.935 ден

Како младиот политичар Благој Бочварски заедно со неговата фамилија успешно опстојува во оваа недемократска, ненародна и хибридна власт според него и како успева да заработува милионски суми и да има вкупни приходи над 1 милион евра на годишно ниво, за што би требало да се запрашаат и членовите на штипското СДСМ.

Груевски: Со односот на владата на СДС работите одат во лоша насока

Според податоците на Народната банка на Република Македонија, но и од односот што јавно се гледа, работите одат во лоша насока, ќе продолжи трендот на намалување на странските инвестиции, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денес беше во посета на Зелениково.

-Можеби еден период државата ќе се вади на тоа што претходниот период се започнати градби, се започнати отворање на нови капацитети и можеби во првите шест месеци до една година, тоа нема до толку да се почувствува. Меѓутоа како времето ќе одминува со оваа политика која ја води владата ќе се гледа дека се помалку има нови странски инвеститори и тоа ќе значи намалување на трендот на намалување на невработеноста. Тој тренд ќе го почувствуваат најмногу невработените, а ќе го почувствуваат и вработените затоа што нема да постои притисок за зголемување на нивните плати, бидејќи единствениот начин да се зголемуваат платите е кога има притисок со нови вработувања и кога новите компании бараат да преземат вработени од постоечките компании. Тоа се помалку ќе го има, вели Груевски.

Груевски: Индустриската зона претставува можност за инвестирање и нови работни места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на општина Зелениково и индустриската зона која претставува можност за инвестиции и нови работни места, информираше тој преку социјална мрежа Фејбук.

-Од триесетина локации, 17 се продадени. Изграден е и пристапен пат во вредност од околу 300.000 евра. Дополнително е обезбедена и зона за домување односно парцели кои ќе се понудат на продажба како дел од проектот “Купи куќа”. Направени се и други проекти, а имајќи предвид дека општината располага со лимитирани средства и буџет, ова е добар напредок, вели Груевски преку својот Фејсбук профил.

Тодоров: Пропаднатите стопански капацитети во Куманово говорат за начинот на кој СДСМ владее

Пред нас е 11 декември, денот кога македонскиот  народ ќе стави крај на две годишната криза предизвикани од СДСМ. Изборите се од историско значења, доаѓа денот кога ќе можете да кажете не на партата која го остави Куманово очајна инфраструктура, сообраќаен хаос, задушено во ѓубре и  смет.

Да кажете не на партијата која во времето на транзицијата ги затворти кумановските фабрики  и илјадници граѓани oстанаа без работа и парче леб. Куманово долго време на својот грб ги чувствува катастрофалните последици на владеењето на СДСМ, затоа Куманово со голема разлика ќе го порази на овие избори СДСМ, рече вечерва пред кумановчани носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ Никола Тодоров во ИЕ2.

-Ние пред вас гордо стоиме, достоинствено  со реална програма и остварливи проекти. Со новата програма се обврзуваме дека ќе се рестартираат пропаднатите стопански капацитети жртви на транзицијата во Куманово. На заинтересираните инвеститори Владата ќе им понуди државана помош со цел креирање на поголем број на работни места, а с о поголем акцент  на ангажман на поранешните стечајни работници. Пропаднатите стопански капацитети во Куманово  се вистинското лице на СДСМ. Пропаднатите стопански капацитети во Куманово говорат за начинот на кој СДСМ владее и јасно сведочат за нивниот капацитет за водење и на  економијата и на државата, рече Тодоров.

Тој посочи дека новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидува огромен број на проекти во Куманово.

Ќе извршиме комплетна реконструкција на автопатот Скопје-Куманово и реконструкција на регионалниот пат Куманово- Свети Николе , предвидуваме изградба на пруга Куманово Вељаковце, ќе изградиме водовод во населеното место Пчиња , канализација во Романовце , ќе изградиме 7 детски градинки , ќе се реконструираат училишта , со рурални развојни зони ќе бидат опфатени 48 села, набавка на мамограф и нова медицинска опрема на болницата во Куманово, веќе се гради и новиот ургентен центар во Куманово и многу други проекти. Исполнување на ветеното е одлика на ВМРО-ДПМНЕ , истакна Тодоров.