Љубчо Георгиевски со остра реакција кон Стојан Андов: Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе!

На исказите на Стојан Андов за прашањето: Зошто било потребно во 1990 година да се стави името ВМРО? реагираше екс премиерот, Љубчо Георгиевски. Во острата реакција тој меѓудругото истакува дека името ВМРО било ставено поради таквите како Стојан Андов.

– Господине Андов, еве ќе ви одговорам. Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе. Затоа што ти во таа 1991 година, партијата што ја водеше, ти се викаше Реформски сили на Југославија, затоа што беше еден од поголемите симболи на југословенството. И, треба да знаеш, секогаш кога зборувавме за Киро Глигоров како за голем Југословен и тебе те стававме во тој пакет, рамо до рамо со него. А такви како тебе имаше многу во тоа време и токму на таквите луѓе сакавме да им создадеме една експлозија во главата за да сфатат дека имало идеја за самостојна и независна Македонија!, вели Георгиевски.

Груевски: ВМРО ќе го издржи и ова бидејќи ја има Македонија како водилка и инспирација

ВМРО ќе го издржи и ова бидејќи има света мисија пред себе, ја има Македонија како водилка и инспирација, бидејќи без разлика на се што ќе кажат и ќе ве убедуваат, ако го нема ВМРО ќе ја нема ни Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска присуствуваше и се обрати на Свечената академија по повод „Денот на Македонската револуционерна борба“.

-Денес одиме по трнлив, тежок и мачен, но исправен пат. Патот мора да се изоди бидејќи друг пат нема. Идејата мора да живее бидејќи ако ја нема идејата, ќе ја нема ни иднината. Делото мора да трае. Живееме во време кога на удар е духот на Македонецот. Нема да те скршат ако те повредат, ако те оцрнат, ако те дискриминираат, ќе те скршат само кога ќе ти го убијат духот, и кога ќе ти го убијат духот ќе ти го убијат и името. Не 100, туку 100 илјади од нас прислушувајте, вие не можете да не заплашите, не можете да не натерате да ги свиеме главите и не можете и нема да ја скршите нашата кичма, порача Груевски и додаде:

„Нивното досие во кое нас не водат како македонски националисти, алудирајки на шовинисти, е само повторување на една мрачна епоха од минатото, која ние и тоа како ќе ја издржиме, и ќе ја совладаме. Ние знаеме дека ние сме само патриоти и родољуби, кои си ја сакаат својата земја и народ и се подготвени на високи ризици во нивна заштита. И немаме ништо против или било што злонамерно кон другите земји и народи. Напротив. Ако мислеа дека со фабрикувани избори и организиран изборен инжињеринг  ќе не поразат, ќе не срозат, и ќе го поразат духот на Македонците, им порачувам дека притаснале на копче кое само не активира да нашиот организам почне да работи со 120 осто капацитет. Сите можеби некогаш и оправдано скептици, како и сите оние кои подлегнале на пропагандата ги повикувам да ја видат суштината и големата слика, и да се приклучат на вмро во оваа тешка битка. Битка која само заедно и обединети можеме да ја победиме. Ова не е битка на индивидуалци, или лидери. Тоа е минлива категорија, ова е битка на еден народ за опстанок, за идентитетски и економски опстанок“.

Храброста, патриотизмот, љубовта, самопрегорот, рече Груевски, ги добиваш од раѓањето па се до формирањето на личноста и карактерот и на нив не влијаат никакви притисоци.

Михајловски: После 12 победи само спектакуларен пораз доаѓаше во обѕир, а вие учествувавте во него – Не за пари, ЗА МНОГУ ПАРИ!

Актерот Тони Михајловски кој беше дел од ГДОМ преку својот Фејсбук статус испрати јасна и моќна порака за денешната политичка состојба.  Вели дека овој пост е наменет за оние со кои три години беа по контрапротести, ГДОМ, ГИ4 и слично.

Неговиот статус го пренесуваме во целост:

Како оџа баклава ја лапнавте коската на Сорос, СДС и ШР за реформи во ВМРО. И не ви беше чудно што тоа го почнаа Ѓеро, Фрчко, Тричко и сличните му “душогрижници” на ВМРО? Што за тоа најмногу напињаа и се секираа оние што најмногу не мразат и најрадо би не затвориле, прогониле или убиле? Одработевте за нив. И тоа ќе стои вечно на вас. Како жиг на купен роб. Какви и да биле вашите намери, а не верувам дека биле чесни и бесплатни, вие бевте нивниот тројански дрвен, од махагони, ама коњ.

Вие, и тие, велите дека раководството било нечесно, а вие бевте едно со раководството. Дека не работело како треба, а вие бевте тие што работевте со раководството. Со најтесното. Трпевте или трпавте? Кога го дознавте тоа? Кога ви се јавија да ви кажат? Трепетот на предавството, лагата која ве поти, стравот кој ви ја суши устата ве издаваат дека одработувате и дека сте алчни за пари. Се друго е добредојдено.

И не е завршен инженерингот. Крајот допрва треба да дојде. На “нив” им треба ново реформирано ВМРО-ДПМНЕ. По можност без ВМРО. На “нив” најмногу им треба ново раководство кое вие и тие заедно ќе го составите. Поразот беше единствената домино коцка што може да го турне Никола Груевски. И тој се случи. После 12 победи само спектакуларен пораз доаѓаше во обѕир, а вие учествувавте во него. Не за пари. ЗА МНОГУ ПАРИ.

И, сега ние треба да му свртиме грб? Да се откажеме од него баш како што бараат Ѓеро, Фрчко, Тричко, Шарените? Нема да биде ништо ново нели? Ни во постарата а уште помалку во поновата историја. Во заедничкава ќе биде прв. И на еден друг лидер му се свртеа грб. И се откажаа од него. Тогаш го уништуваа “љубчовизмот” кој ја доведе земјата до пропаст. Сега “груевизмот” е на мета. Уствари го уништуваат вмроизмот ако тоа така се вика.

Ќе се надеваме дека ќе дојде некој кој ќе ја обедини партијата во следните 4 години опозиција, и ќе ја донесе победата? Како што го направи тоа, тој што сега вие и тие најмногу го обвинувате. Или ќе почекаме подолго? Или никогаш нема да дочекаме.

Најпоштено сепак би било, бидејќи тие го дадоа предлогот и ја почнаа “реформата” да ги прашаме кој да ни биде лидер. Ѓеро, Фрчко, Тричко, Бајли да кажат кој им е добар на нив тој да биде, па дури и ти..🙂

Дури им е лош на олошот што го слушате и ве плаќа за ова, мене ми е добар. Зошто? Затоа што во нивните црни тефтери секогаш биле запишувани големи Македонци. Вас ќе ве запишат во белите книги. И заради тоа. За инат на вас пичињата..🙂

Сигурно ќе доживееме реформи. Ќе мора. Се надевам ќе бидат без вас. И дека нема да сте во раководството. Пак. Или со него. Затоа што вие сте послушници на Ѓеро, Фрчко, Тричко и ШР. Пеете иста песна и трошите исти пари.

Реформи можат направат луѓе кои не се уценети, чесни и искрени луѓе што не ги држат за јајца, да простите. Вие тоа не сте. Да не се лажеме.- напиша Михајловски.

Лагите на СДС излегоа на површина: За ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Македонија се пред мигрантите

На вчерашната седница на општина Кавадарци се изгласа иницијативата за распишување на референдум за акцискиот план 2017-2027 на владата за мигранти. Граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат дали се за ваквиот акциски план за изградбата на бегалски кампови, на изградба за згради за мигрантите, бесплатно здравствено осигурување, бесплатно образование и итн, истакна Зоран Јованчев на денешната прес-конференција во просториите на општина Кавадарци.

-ВМРО не е против бегалците и ние сочувствуваме со нивната трагедија. Апелираме овој проблем да се реши во нивните земји каде што е настанат. За ВМРО граѓаните на Македонија и граѓаните на Кавадарци се пред мигрантите. Советниците на СДС ја напуштија седницата и не гласаа за иницијативата за референдум, која што беше предложена од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со што само ја потврдија идејата на владата Македонија да биде мигрантска земја. Лагите на СДС излегоа на површина уште првиот месец, тврдеа дека нема да има двојазичност и втор службен јазик на територијата на Република Македонија на дело ја спроведуваат веќе двојазичноста. Тврдеа дека нема да го потпишат штетниот договор со соседната земја Република Бугарија, тие го потпишаа тој договор што е на штета на Република Македонија, додаде Јованчев.

Исто така, додаде тој, тврдеа дека нема да водат преговори односно нема да преговараат за промена на уставното име на Република Македонија на дело ги гледаме дека на големо преговараат за промена на името на Република Македонија.

-ВМРО секогаш ќе ги слуша барањата на граѓаните на Македонија и ќе застане зад одбраната на нивните права.

ВИДЕО: Моќен говор со силна порака на Јохан Тарчуловски – Нема сила што може ВМРО да го уништи!

Нема таа сила што може ВМРО да го уништи! ВМРО не е вештачка партија, ВМРО е генот на Македонецот, а тоа не можеш да го уништиш, порачува Јохан Тарчуловски.

-Кој што сака да помисли, кој што мисли дека ќе му наштети, ќе го уништо, ќе го срози, ние како феникс од пепелот ќе излеземе и ќе им покажеме дека кога е најтешко ВМРО-вецот и Македонецот нема да се предаде. Никогаш не сме се предавале, нема ни сега да се предадеме. Во овие тешки моменти некој ќе дојде и ќе те праша „Кој беше во Прилеп“? Во Прилеп беа правите, искрените ВМРО-вци. Во Прилеп не беа тие што дојдоа за да успеат во животот за кратко, во Прилеп беа тие што се од 1991-ва до денес. Тие што никогаш не го свртеа грбот на ВМРО-ДПМНЕ, порача тој.

Тарчуловски порача дека другите веќе се префрлени во други редови и со тоа станало јасно кој бил со ВМРО за бенефит, а кој за 4 свети букви.

-Од сега па натаму, треба на сите да ни биде многу важно и многу јасно, да знаеме да го цениме правиот, искрен ВМРО-вец. Да го цениме тој што кога било најтешко бил тука, дополни тој.

Видеото објавено од Маркукуле е насловено како  „ЈОХАН со најискреното, најмакедонското обраќање„!

Милошоски: Пред да продолжите со насилството, запаметете добро – ВМРО не се поединци

По денешниот неуспешен атентат врз Никола Тодоров, Антонио Милошоски преку социјалните мрежи порача: Пред да продолжите со насилството, запаметете добро – ВМРО не се поединци!

-• 11 години не успевате да не’ победите на избори!
• три години удиравте со монтирани “бомби” и ширевте омраза против ВМРО и поттикнувавте “револуционерен” реваншизам!
• Неколку дена по деловничкото насилство и нелегалниот избор на Талат, подметнавте бомба во куќата од моите родители, со намера да убиете!
• еден ден по изборот на Премиерот “за Живот” му испланиравте смрт на колегата Никола Тодоров!

Пред да продолжите со политичкото, институционално и физичко насилство, Запамтете добро – ВМРО не се поединци, ВМРО е народот и затоа преживувало, дејствувало и победувало!
Да живее Македонија !, пишува Милошоски на Фејсбук.

ВМРО ја има поддршката од народот: Ниту СЈО ниту сценаристите нема да ја уништат непоразената ВМРО

Сите оние кои сега плукаат и го закопуваат ВМРО и сметаат дека е готов, се лажат. Ни СЈО, ни сценаристи, ни било кој друг нема да гo уништат. СЈО ако имаше нешто сериозно против нив, одамна ќе го видевме. Сега во последните месец два од нивното работење ќе вадат празни со докази предмети и обвиненија против нив за да го задоволат сценаристот и да ги оправдаат парите кои ги трошат. И се разбира верувајќи дека ќе му помогнат на СДС. Тие се неискусни и незрели и сигурен сум дека се убедени дека СДС ќе владеат вечно, а дека ВМРО нема веќе никогаш да биде власт. Толку им е капацитетот. Не само што СДС нема да владеат вечно, туку нема да истераат ни пола мандат. Со сила убавина не бидува, пишува аналитичарот Александар Пандов на Фејсбук.

Тој потсетува дека СДС не се замерија само со ВМРО, туку и со народот. Партијата смета дека со помош на сценаристот ги поразила и народот и ВМРО, но се лаже, пишува Пандов, и додава дека набрзо ќе се покаже споротивното.

„Колку силно и неправедно ќе удираат сега по ВМРО, толку и двојно ќе им се врати по враќањето на ВМРО на власт. ВМРО е победник на овие избори. ВМРО победи 10 пати по ред од 2005 до 2016. Да не го забораваме тоа. Живееме во време на демократија, па по 11 години власт, не е ни чудо ни трагедија да се отиде во опозиција. ВМРО во опозиција ќе оди како победник а не поразен на изборите и по 10 и пол години владеење и жестоки напади и клевети, грешки и пропусти, подметнувања и милион лаги. Со својата посветена работа и труд ова раководство на ВМРО и нејзиниот водач победи на изборите, но овој пат не го победи СДС, туку и многу посилен противник. Можеби и е добро за некои луѓе кои не се сеќаваат, да го почувствуваат малку СДС на власт. Не само за промена, туку и за споредба“, завршува Пандов.

Арнаудов: Го предупредив Ахмети дека не е добро ВМРО-ДПМНЕ која е сеопшт победник на изборите да остане надвор

Директно го предупредив Али Ахмети дека не е добро ВМРО-ДПМНЕ, која е сеопшт победник на изборите, да остане надвор. Тоа е игра што не е добра ни за едните ни за другите, односно ниту за ВМРО-ДПМНЕ ниту за ДУИ, смета Ламбе Арнаудов од ВМРО-НП.

– Ваква состојба не може многу да придонесе. Според мене, по многу работи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се слични. Исти обележја, фолклор и цели, со разлика што едните го имаат зад себе македонскиот, а другите албанскиот народ. Мојот став е дека политичка партија како ДУИ треба да сфати дека ВМРО не може да остане настрана во оваа игра. Денешното обраќање на Ахмети може да покаже дека работите се движат кон подобро – вели Арнаудов.

Додава дека доколку се донесе во Собранието одлука во однос на Влада, а без мандат, истата нема да биде уставна.

– „Кога едно малцинство има поголеми права од другите“ е темата на вечерашното „Отворено студио“. Во програмата гостуваат Иван Стоилковиќ – Демократска партија на Србите во Македонија, Бејџан Илјаз – Демократска партија на Турците во Македонија, Ламбе Арнаудов – ВМРО НП и Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Кога ВМРО ќе повика на протест, тоа нема да бидат 500 лајка, туку 50.000 народ пред Собрание за унитарна Македонија!

-Почитувани 455.000 гласачи за унитарна Македонија, браќа и сестри, драги сограѓани, бидете здрави, живи, достоинствени и спремни!, напиша Милошоски.

Арнаудов: ВМРО е преторијанската гарда на македонскиот народ

Суверена, самостојна, независна, демократска и просперитетна Република Македонија е исклучително дело на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 година.

ВМРО е преторијанската гарда на македонскиот народ и на македонската држава. Вмровците, како и другите што даваат, некои малку, некои повеќе, некои многу, се разликуваат од останатите по тоа што тие даваат сѐ. Тие никогаш не се изморуваат од давањето за својата татковина, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО-НП Ламбе Арнаудов во интервју за неделникот Република.

Коментирајќи ја актуелната ситуација и заканите за девмроизација, Аранудов вели дека веќе на сите им е јасно зошто тоа се случува.

Сега мислам дека на сите им е јасно зошто девмроизација затоа што тоа како производ го има најстрашното – демакедонизација. Низ историјата се покажало дека кога треба да ѝ наштетиш на Македонија, прво треба да го средиш ВМРО, ама поради нашиот карактер и верба, тоа е невозможна мисија. Се обиделе и многу помоќни, посилни, попаметни да удрат на ВМРО и на Македонија, и завршиле таму каде што им е местото – поразени до нога, вели Арнаудов.