Груевски: Почнува ново утро, доаѓаат нови победи – Утре ќе ја презентираме нашата визија, нова ера за Македонија

gruevski-konvencija-vmro-2016-stisnata-tupanica

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека утре партијата ќе ја презентира новата визија, новата ера за Македонија.

-Утре во 20 часот во спортскиот центар Борис Трајковски, ќе ја презентираме нашата визија, новата ера за Македонија! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за граѓаните. Имаме одлични програми, читајте ги внимателно и направете ја разликата! пишува Груевски на Фејсбук.

Милошоски: Неуставниот закон за јазици е тука за да рашири магла, за Анѓушев и Мерко да си ги покријат криминалите (ВИДЕО)

Milososki-Sobranie

На денешната седница во Собранието каде точка на дневен ред е Законот за јазиците, говореше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој напомена дека меѓу другите, овој закон го предложиле вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот без ресор Рамиз Мерко.

Тој говореше зошто тие имаат потреба од овој закон, карање меѓу Македонци и Албанци, меѓу политички партии и стереотипи.

-Затоа што против господинот Мерко, сегашен министер, се води постапка за 6 милиони евра проневера за улично осветлување во Струга, наменски формирана фирма Сити Лајт, која што во моментот на тендерот, нема исполнето ниту еден од условите вреден 6 милиони евра, изјави Милошоски.

Тој напомена дека сега е поважно Мерко да им каже дека Антонио не ги сакал Албанците, а да се тргне курсот од неговиот криминал.

-Заедничкиот интерес на Анѓушев и Мерко е тендери, милиони, кеш и пари. Не потребата на граѓаните на Македонија. Овој неуставен закон е тука за да рашири магла, пред избори треба да се гласа, за да се направи политички пазар, не за да донесе поквалитетен живот, туку некој да си ги покрие криминалите кои што ги направил или што има намера да ги прави, изјави Милошоски.

Додека ВМРО-ДПМНЕ градеше за Албанците, СДСМ ги купуваше нивните гласови со лаги, измами и клеветења

Gruevski-Alsat-M-1

Фактите се на наша страна, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, навраќајќи се на, како што рече новинарот Рашиди, „погрешната перцепција за него, за ВМРО-ДПМНЕ во однос на исте меѓуетнички политики во Македонија, или кон Албанците“. Тој повторно потенцира дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ била насочена кон решавање на реалните проблеми на Албанците, кои произлегуваат од секојдневниот живот и чиешто решавање директно влијаело за подобрување на нивниот стандард.

Од донесувањето на Леар во Тетово со планирани 3000, а веќе оставрени 1000 вработувања, дали станува збор за земјоделието, за субвенциите, само во олошкиот регион според нашата евиденција Албанците имаат земено над 40 милиони евра, дали станува збор за решавање инфраструктурни проекти – во општините каде што се Албанците доминантно население инвестирани се над 400 милиони евра.

– Паралелно на тоа, се водеше очигледно силна медиумска кампања против ВМРО-ДПМНЕ и против мене лично како претседател на партијата дека сме националисти, шовинисти, дека не ги сакаме Албанците, дека им мислиме нешто лошо, што беше тотално неточно. Ние мислевме дека преку секојдневните настапи Албанците ќе го разберат тоа, затоа што гледат дека ивестираме во албански средини, дека отвораме 10 нови факултети на Тетовскиот универзитет, отворивме нов универзитет „Мајка Тереза“, изградивме 35 нови училишта само во четирите општини со доминантно албанско население, реконструиравме над 100 училишта, потсети Груевски.

Груевски е дециден дека колку и да изгледа нормално дека секој премиер го прави тоа за граѓаните, вклучувајќи ги и Албанците, тоа во Македонија не е точно. Груевски потсети на премиерите пред него, во чиешто време не било направено во однос на она што го сработи владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно некој виде дека е прочитан кај Македонците, дека измамите, лажните обвинувања не поминуваат, мислам на СДСМ, и отиде на стратегија да ги привлече албанските гласачи така што ќе го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ до таа мера што Албанците ќе почнат да гласаат за нив и на тој начин ќе се приближат со гласачкото тело до ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски на „Алсат“: Се трудевме да решаваме проблеми за сите граѓани, без разлика на националноста

Gruevski-Alsat-M

Ние од секогаш сме се труделе да направиме работи во Македонија со кои што ќе ги решаваме проблемите и потребите на сите граѓани, факт е дека во минатото многу често од некои медиуми, а особено од албанските бевме оцрнувани како политичка партија која што им мисли лошо на Албанците, ова во емисијата „200“ на телевизија Алсат го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Во реалноста спротивно на тоа ние направиме многу позитивни работи за Албанците и ние кога ја имавме поддршката од мнозинството граѓани на Македонија во минатото работевме многу работи кои што се важни за сите граѓани и се трудевме да решаваме реални проблеми.  Само во четири големи општини каде што живее доминантно албанско население се отворија 25 илјади нови работни места во последните девет години, а според податоците во Тетово имаме 7.350 повеќе вработени во споредба со 2006 година и бројот на вработени е зголемен за 59 проценти, во Гостивар 5.620 повеќе работни места споредено со 2006 и бројот на вработени се зголемил за 76 проценти, во Боговиње имаме 1.100 нови работни места споредено со 2006 и зголемен е бројот на вработени за 176 проценти, во Струга 4.000 нови работни места и 53 проценти  зголемување на вработеноста, Куманово 8.000 работни места и зголемување на вработеноста за 53 проценти, Арачиново за 230 проценти, Чаир за 156 проценти, ова е доказ дека ние бевме фокусирани во најголемиот дел на решавање на реалните проблеми на граѓаните при што не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци,Турци и за сите се обидувавме да се отворат нови работни места, истакна Груевски.

Тој истакна дека фактите се на нивна страна кога станува збор за нови работни места, донесувањето на „Леар“ во Тетово и планирани 3.000, а веќе 1.000 вработени лица, кога станува збор за земјоделието и субвенциите каде што според нивните информации само Албанците во полошкиот регион тие имаат земено над 40 илјади евра,кога станува збор за решавање на инфраструктурни проекти каде доминантно живеат Албанци имаме инвестирано над 400 милиони евра за тоа.

Милошоски: Неуставниот закон за двојазичност се носи за да се прикрие корупцијата и неспособноста на функционерите на ДУИ

Antonio-Milososki-govor

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната собраниска седница, истакна дека неуставниот јазик за двојазичност се носи за да се прикријат корупцијата и неспособноста на функционерите на ДУИ.

-Кој има потреба од носење на неуставен закон, дали имаат потреба некои пратеници кои што земале или не земале пари да гласат за ваков закон, дали тие пратеници се од СДСМ или не се тоа не знам, но едно знам дека ова не е потребата на граѓанинот Албанец, не е главната потреба. Знам дека ова е потребата на некој функционери Албанци за да ја покријат својата неспособност или корупција. Градоначалникот на Чаир Изет Меџити има земено 14% провизија за плоштадот Скендербег, 450 илјади евра има земено Изет Меџити, рече Милошоски.

Потребата на неуставниот закон не е за обичниот Албанец туку за да се покрие непособноста на функционерите на ДУИ.

-Потребата за овој закон е како Теута Арифи да покрие тоа што нејзиниот сопруг стана врховен судија, додека многу Албанци заминаа во странство да бараат леб. Како Изет Меџити зема 450 илјади евра за плоштадот Скендербег, како може еден градоначалник да земе пари и да се кити со нив. Потребата да се донесе неуставен закон има еден градоначалник кој што бугарска фирма градеше плоштад и истата префрли 450 илјади евра на фирма од Дебар, по  барање на градоначалникот Изет Меџити. Потребата е на Теута Арифи која што не успеа Албанците во Тетово да ги заштити од канцероген чад, потенцираше тој.

Милошоски на крајот истакна дека овој неуставен закон ќе падне на Уставен суд, но ќе предизвика кавга и нема да се збори за реалните потреби на Албанците во Македонија.

ВИДЕО: После овој говор на Трајчо Димков пратениците на СДСМ избегаа од Собранието со наведнати глави

Trajco-Dimkov-govor

Пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ од Собраниската говорница им одджа предавање на пратениците од СДСМ во врска со погубната и платеничка политика што ја водат и им посочи да се откажат од Законот за употреба на јазиците.

Стевананџија: Наместо „навивачки групи“, во Собрание поканете ги студентите, МАНУ, земјоделците

Dimitar-Stevanandzija

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија денес потенцира дека за време на носењето на законот за стечајците во собраниската сала, во делот предвиден за новинари е донесена „навивачка група“.

-Пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа тој закон. И ако воведувате таква пракаса, добро е при носењето на другите закони тука да ги видиме студентите кои се оштетени, земјоделците кои што нема да добиваат субвенции, да ги видиме вработените во Еврокомпозит кои министрите од Владата ги лажат 5 месеци дека ќе им пуштат плата. Да ги видиме претставниците на МАНУ, на Институтот за македонски јазик, затоа што јас најдобронамерно ја сфатив вашата намера дека треба да биде отворено Собранието, но не за гостите да искажуваат политички ставови, туку да ја слушаат дебатата која што ја водат пратениците. Видовте дека едногласно Законот за стечајци беше донесен.  Ние не ги делиме стечајците на припадници на нашата политичка партија, на ДОМ, на ЛДП или на СДС, за да дојдат овде да ни одржуваат лекција по навивање. Сфатете го ова најдобронамерно, најкоректно, затоа што ако продолжите вака, не знам чија режија е, дали е режија на координаторот на СДСМ, дали на кандидатите за градоначалници. Воведувате лоша пракса. Затоа што на носењето на секој закон горе треба да има 500 луѓе кои ќе скандираат за тој што ги поканил, истакна Стевананџија.

Мицкоски до Кирацовски: Вистинската анкета ќе биде на денот на изборите – ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БИДЕ СИГУРЕН ПОБЕДНИК

Mickoski-Samo-Vistina

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешната дебата во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски му порача дека вистинската анкета ќе биде на денот на изборите.

-Денот на изборите беше на 11 декември кога на народот на Зоран Заев му порача „Господине Заев вие сте минато, бидејќи дадовте збор“. Заев за жал не го испочитува тоа, но повторно ќе кажам, тоа е момент кој внатрепартиските органи на Социјал-демократскиот сојуз треба да одлучат, посочи Мицкоски.

Тој го осуди потегот на Заев кој пред граѓаните на Македонија пред одржувањето на парламентарните избори во декември минатата година истакна дека доколку загуби на изборите, макар и за еден глас, ќе си поднесе оставка, но тоа никогаш не го направи.

-За денот на изборите, ќе видиме која анкета била во право и кој не бил во право. Граѓаните ќе бидат тие кои ќе ја испорачаат вистинската анкета. Јас ви гарантирам дека граѓаните повторно ќе му кажат на Заев дека треба сериозно да размисли да го испочитува дадениот збор во декември месец, за време на парламентарните избори 2016 година, истакна Мицкоски, додавајќи дека треба да се почека онаа вистинската анкета на денот на изборите.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека партијата на овие избори влегува максимално мобилизирана по вертикала – од долу, нагоре.

-Од Месните комитети до врвот на партијата, до Извршниот комитет, апсолутно сме мобилизирани. Присутни сме секојдневно на терен, тоа може да се потврди од секојдневните комуникации со граѓаните, со активистите на партијата, со поддржувачите на партијата, но и оние кои се критичари, посочи Мицкоски.

Напомена дека ВМРО-ДПМНЕ е во комуникација со сите граѓаните на Република Македонија без разлика нивната национална, верска или партиска определба.

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сигурен победник на локалните избори.

Анкета на „Димитрија Чуповски“: Груевски дупло појак од Заев, ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ во пресрет на локалните избори

institut-dimitrija-cupovski

ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври. Според анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“, 28,4 отсто од гласачите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори, а за СДСМ би гласале 18,1 процент.

Според анкетата, најголема доверба ужива претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, односно 29,2 отсто, а премиерот Зоран Заев има само 14,8 проценти доверба од граѓаните.

Анкетата е спроведена од 13 до 16 септември. Испитувањето на јавното мислење е направено телефонски, а партиципирале 1.124 испитаници.

-Анкетата беше спроведена со цел да се измерат генералните перцепции во пресрет на локалните избори закажани за 15 октомври. Оваа анкета беше спроведена на ниво на цела Република Македонија и притоа беа земени сите демографски карактеристики, се вели во соопштението од Институтот Димитрија Чуповски.

Груевски: Нашите градоначалници ги чека тешка задача, за секоја општина ќе имаме посебна програма и концепт за развој

Gruevski-tribina-Konrad-Adenauer-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Политичка академија која ја организираа Кондар Аденауер и институтот „Павел Шатев“, се обрати до кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ја имаат одговорноста да го спроведат она што го има во програмите на ВМРО-ДПМЕ.

– Најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе, затоа што ќе ја имате довербата од народот, ветувајте го она што се сигурни дека ќе го направите, така ќе ја имате самодовербата и довербата од народот подоцна. Како што Ганди велеше „Бидете промента која сакате да ја видите“. Ние, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, граѓаните со нас се на сигурно, порача Груевски.

Тој напомена дека нивните противници ќе ветуваат чуда и волшебни решенија, бидејќи тие немаат друг избор. И тие немаат образ да останат на зборот, и тоа го покажаа во минатото безброј пати, а во последните три месеци триесет пати го сменија зборот, го погазија кажаното, се демантираа, потенцираше Груевски.

– Кога на национално ниво ветуваа, а не остваруваа, тоа ќе биде пресликано и на локално ниво. Народот е мудар и знае да разликува што е реално и остварливо, а што не е, и уште поважно народот знае кој држи до зборот а кој не, кога ќе ветиме остваруваме. Ние оставаме за нас да говорат делата, кои се гледаат, чувствуваат, посетуваат, користат, кои помагаат, изјави Груевски.
Тој на кандидатите за градоначалници им порача дека ги чека тешка и одговорна работа.

– За секој град за секоја општина ќе имаме конкретна програма. Таа програма ќе биде концептот за развој на секое место на живеење. Конкретни и одмерени проекти кои ќе бидат реализирани, а ве уверувам дека секој од градоначалниците ќе ја има мојата поддршка, но и мојот притисок секое ветување да биде остварено. Приоритет ќе биде развој на локалната економија. Поддршка на компаниите и овозможување на подобри услови за стопанисување. Зајакнување и формирање на повеќе индустриски зони кои ќе обезбедат повеќе приходи и повеќе работа за луѓето, тоа одлично тргна во претходниот мандат треба да продолжи. Секоја општина која што ја нема треба да ја создаде индустриската зона, секоја општина која што ја има, а се веќе распродадени локациите, треба или да ја прошири или да формира нова индустриска зона. Затоа што тоа е основната работа која што е потребна на граѓаните на Република Македонија, нови работни места, кои не може да ги има ако еден градоначалник не обезбеди обезбеди услови во инфустриска зона, изјави Груевски.