СДСМ со закани по советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба: Ако не гласате за СДС крв ќе падне и молотови коктели

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека притисоците, заканите, уцените и дивеењето на СДС кое беше присутно пред изборите и за време на изборите продолжува.

-И во вакви едни услови ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиционите партнери за време на изборите ја доби мнозинската поддршка од граѓаните на Гази Баба на советничката листа освојувајќи мнозинство на советници, изјави Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека алармантноста на силеџиството од страна на структури блиски до СДС ги принудува јавно да го соопштаат она што се случувало во текот на вчерашниот ден при конституирањето на советот.

-Имено вршен е непосреден и дрзок притисок на советници, имајќи го во предвид тесното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да го поддржат СДС за да може да формираат мнозинство во Советот спротивно на изразената волја на граѓаните дадена на избори. Имено додека траеше конститутивната седница посетен е домот на советник на ВМРО-ДПМНЕ од непознати лица при што на родителите им било испратена директна закана, цитирам: „Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели“, изјави Бојковски.

Бојковски кажа дека е фрапантно, до таму стигнаа, наместо проекти и дела, СДС сака да владее со молотови коктели и страв.

-Крајно недемократски и одлика на една заробена држава. Истиов случај е пријавен во полиција и ги повикуваме институциите да го расветлат во најбрз можен рок, во спротивно ќе сметаме дека тие стануваат заштитници на силеџиството. Вчера советниците не подлегнаа на заканите и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери го формираше мнозинството на советот. И ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе работи во интерес на граѓаните на Гази Баба и ќе биде остар критичар на сите непопуларни мерки и коректив на работата на градоначалник од СДС, Борче Георгиевски, изјави Бојковски.

Тој кажа дека граѓаните не се плашат. Порака до СДС, со закани и уцени не се владее. Кој се обидел со страв да владее брзо бил поразен од народ.

Борче Горгиевски од СДСМ ветил проширување на автопазарот во Триангла

Борче Горгиевски од СДСМ играјќи двојна политика, едно ветува а друго прави. Дознаваме дека веќе се договорил со сопстввениците на автопазарот кои се од скопски Чаир дека ќе го прошири автопазарот на истата локација кој се наоѓа во скопската населба Триангла.

За сметка на тоа тој ќе добие финансии кои му се од корист во неговата изборна кампања. Иако во јавноста ветуваше дека ќе се направат анализи за локацијата на пазарот, тој веќе се договорил за негова надргадба.

-Ако ова е вистина дека пазарот ќе се проширува, тоа ќе биде катастрофа. Ние ќе се спротивставиме на тоа, вели жител на Триангла.

Дополнително во скопско Маџари Владата има план за изградба на нова населба за мигранти.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Гази Баба, Георгиевски, фалсификувал документ за албански наркодилер

Кандидатот на СДСМ за градоначалник за општина Гази Баба, Борче Георгиевски, фалсификувал службен документ за лице кое поминува низ полициската евиденција за трговија со дрога, обелоденија медиумите. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ e Љ. Ахмет, со што тој го прекршил законот и извршил кривично дело од чл.379 ст.1, од Кривичниот законик, дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, за што му била поднесена и соодветна кривична пријава. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ е дел од полициската евиденција и се терети за трговија со дрога, физички инциденти и насилство. Инаку, Георгиевски кривичното дело фалсификување го извршил во 1998 година.

До редакција на „Инфо плус“ биле доставени и документи од страна на свиркачи од полицијата, кои потврдуваат дека кандидатот за градоначалник од СДСМ, за Гази Баба, Борче Георгиевски, во 1998 година фалсификувал патна исправа за познат криминалец, Љ. Ахмет, лице кое е гонето за трговија со дрога.

Според документите кои ги добила редакцијата на порталот, јасно се гледа дека за конкретното дело била поднесена кривична пријава, која во тој момент била во фаза на обвинение, се уште не е јасно дали имало и судска разрешница или сепак Георгиевски успеал да и избега на правдата.

Граѓаните на Гази Баба од страна на СДСМ имаат кандидат за градоначалник кој фалсификувал јавни исправи за криминалци гонети за трговија со дрога, прочуени во подземјето. Граѓаните се повеќе се прашуваат дали ваков човек со линкови до подземјето може да биде градоначалник на општина во главниот град?

Се уште останува нејасно што добил како надоместот Георгиевски за овој фалсификат.

Свиркачи од полицијата откриваат: Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Гази Баба, Георгиевски, фалсификувал документ за албански криминалец

До нашата редакција беа доставени документи од страна на свиркачи од полицијата, кои потврдуваат дека кандидаттот за градоначалник од СДСМ, за Гази Баба, Борис Георгиевски, во 1998 година фалсификувал патна исправа за познат криминалец, Љ. Ахмет, лице кое е гонето за дрговија со дрога. Георгиевски со тоа директно го прекршил чл.379 ст.1 од Кривичниот законик, дело за кое е предвидено казна затвор од 5 година. Според документите кои ги доби редакцијата, јасно се гледа дека за конкретното дело била поднесена кривична пријава, која во тој момент била во фаза на обвинение, сеуште не е јасно дали имало и судска разрешница или сепак Георгиевски успеал да и избегне на правдата, пишува порталот Инфоплус.

Граѓаните на Гази Баба од страна на СДСМ имаат кандидат за градоначалник кој фалсификувал јавни исправи за криминалци гонети за трговија со дрога, прочуени во подземјето. Граѓаните се повеќе се прашуваат дали ваков човек со линкови до подземјето може да биде градоначалник на општина во лгавниот град?

Сеуште останува нејасно што добил како надоместот Георгиевски за овој фалсификат.

Инаку Георгиевски беше чест посетител на протестите на т.н. Шарената револуција која демолираше државни објекти низ центарот на Скопје и нанесе штета од неколку стотици илјади евра, која беше покриена од парите на граѓаните. Познато е дека семејството на Георгиевски за краток период се распореди на функции. Борче Георгиевски е кандидат за градоначалник, неговиот брат, Бранко Георгиевски, е избран за советник во Град Скопје од СДСМ, а неговата сопруга и ветиле директорско место во едно од училиштата во Гази Баба.

Кандидатот на СДСМ за Гази Баба фалсификувал документ на лице обвинето за трговија со дрога

Кандидатот на СДСМ  за градоначалник за општина Гази Баба, Борче Георгиевски, фалсификувал службен документ за лице кое поминува низ полициската евиденција за трговија со дрога. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ e Љ. Ахмет, со што тој го прекршил законот и извршил кривично дело од чл.379 ст.1, од Кривичниот законик, дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, за што му била поднесена и соодветна кривична пријава. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ е дел од полициската евиденција и се терети за трговија со дрога, физички инциденти и насилство, јавува порталот Денешен.

Против Георгиевски била поднесена пријава, а не се знае дали има и правна разрешница. Според информациите кои ги објави Денешен, Георгиевски кривичното дело фалсификување го извршил во 1998 година, по што била поведена постапка против него.
Познат .ОПЕРАТИВНО на полицијата
-КП по член 379 посебни случаи на фалсификување исправа во 1998 година од СВР Скопје

– Актуелен претседател на ОО на СДСМ во општина Гази Баба, бивш советник во Советот на општина Гази Баба во периодот од 2009 до 2013 година

ОБЈАВЕНИ ДОСИЕА: СДСМ во очај ангажира убијци, крадци и криминалци за да го блокираат Скопје

Според порталот, жителите на Гази Баба како кандидат за градоначалник имаат пред себе лице кое е прекршител на законите и извршител на кривични дела, во полза на криминалци од подземјето, што е и документирано, и за што има и кривична пријава. Дали има и други вакви случаи во кои Георгиевски е замешан останува неоткриено. Останува нејасно и дали Георгиевски за ваквата работа добил надомест или друго ветување.

Денешен пишува и дека Георгиевски беше чест посетител на протестите на т.н. Шарената револуција која демолираше државни објекти низ центарот на Скопје и нанесе штета од неколку стотици илјади евра, која беше покриена од парите на граѓаните.  Познато е дека семејството на Георгиевски за краток период се распореди на функции. Борче Георгиевски е кандидат за градоначалник, неговиот брат, Бранко Георгиевски, е избран за советник во Град Скопје од СДСМ, а неговата сопруга и ветиле директорско место во едно од училиштата во Гази Баба.

Борче Георгиевски од СДСМ ветил албански паралелки во училиштето во Стајковци

Канидатот за градоначалник од СДСМ за Гази Баба ветил отворање на албански паралелки во основното училиште СВ Кирил и Методиј во селото Стајковци. Ова ветување им го дал на албанците во Сингелич и Ченто, а дополнително ветил и бесплатен превоз за учениците кои не можат да си обезбедат превоз.

Имено жителите на Ченто и Сингилеч се пожалиле на недостаток на простор во училиштата, а Борче Горгиевски за да ја добие поддршката ветил времено решение преку префрлање на паралелките во училиштето СВ Кирил и Методиј во скопско Стајковци. Во суштина тоа преставува лошо решение и за жителите на Стајковци, но и за Ченто и Сингелич бидејќи не се работи на трајно решавање на проблемот туку негово ставање под тепих и затскривање.

Георгиевски тоа го ветил пред првиот круг на изборите со главна замолница да не се дознае во неговото Стајковци бидејќи таму жителите се остро против такво решавање на проблемот.

-Тоа не решение, туку дополнително оптоварување на училиштето, бидејќи нема ниту простор, ниту ресурси да го издржи товарот, а искрено верувам дека со ова не се среќни ниту жителите на Ченто, бидејќи ова е е решение кое трајно им го решава проблемот, вели жител на скопско Стајковци кој ни го раскажа проблемот.

Инаку за кандидатот Борче Горгиевски познато е дека ветил и кратење од парк шумата и зеленилото во Гази Баба за изградба на куќи каде ќе се доселат жители на Чаир и Ченто, а воедно по првиот ден по одржаните избори изјавил дека како глувци ги вадел луѓето да гласаат за него. Слично ветување за албанските паралелки дал и кандидатот на СДСМ за Бутел Велимир Смилевски кој пак им ветил на албанците во Бутел дека ќе отвори албански паралелки и во ОУ Климент Охридски во Бутел 1 и во училиштитето Ацо Шопов населено место Радишани.

Борче Георгиевски ветил 800 плаца за куќи на косовски инвеститори

Борче Георгиевски од СДСМ ветил 800 плаца за градба на куќи на жители од Чаир, Топанско Поле и Сарај во Гази Баба, а за возрат да ја добие поддршката на ДУИ за овие локални избори. Ивеститори се косовски бизнисмени кои подоцна би ги продале куќите. Главно заинтересирани имало од Чаир, Топанско Поле и Сарај.

За можни локации се парк шумата во Гази Баба, со што би се скратил еден дел од самиот парк, а втората можна локација е на потегот меѓу Маџари и Јурумлери.

Веќе имал и првични средби со инвеститори, а за сметка на тоа побарал поддршка. Ветувањето е дека земјиштето ќе го даде за по едно евро за метар квадратен.

Борче Георгиевски во минатото има кривична пријава за фалсификување на патни исправи а сега е кандидат за градоначалник на СДСМ во општината Гази Баба

ПРЕПОЛНА САЛА: Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски на средба со граѓаните во Гази Баба (ФОТО)

Највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ активно продолжуваат со теренски активности и средбите со граѓаните, кои имаат за цел да се слушнат проблемите и потребите на луѓето во Македонија.

Денеска на состанок во Гази Баба беше генералниот секретар на партијата д-р Христијан Мицкоски, заедно со потсекретарот Александар Стојкоски, во придружба на пратеничките Невенка Стаменковска и Жаклина Пешевска.

Голем број на граѓани на се собраа во Гази Баба да ги дадат своите предлози за подобрување на состојбата во државата.

Mickoski-Gazi-Baba-4 Mickoski-Gazi-Baba-2 Mickoski-Gazi-Baba-3 Mickoski-Gazi-Baba-5

ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Жителите на Гази Баба гневни поради навредите на советникот на Заев

Советникот на Зоран Заев за односи со јавноста, твитерџијата Влатко Васиљ пред извесен период ги навреди сите жители на Гази Баба.

-Па нема посмешно од паниката против камп за бегалци во Маџари. Во Маџари еј, па стан на поклон бе човек не зима, не камп да гради, напиша советникот на Заев.

Vasilj-Madzari

На ова жестоко реагираат жителите на општината, но и лица од јавниот живот. Тие порачуваат дека советникот на Заев е срам за општината, дека не заслужува да зема плата од државната каса и да потценува граѓани.

Не е прв пат ова лице да навредува и омаловажува други. Сега кога Заев му додели удобно столче во Влада, тој продолжи жестоко да плука по граѓаните, овој пат по жителите на општина Гази Баба.

Новинарот Борјан јовановски, кој важи за близок до СДСМ јавно праша зошто Васиљ добива пари од буџет.

Однесувањето на советникот на Заев е скандалозно и срамно затоа што тој добива плата од џебот на граѓаните кои ги омаловажува.

Влатко Васиљ без трошка срам ги читаше сите овие реакции на граѓаните.

       

Секојдневно на социјалните мрежи граѓаните го покажуваат револтот што кај нив го создаде навредливиот однос на Васиљ.

     

    

Гази Баба, Штип и Гевгелија со иницијативи за референдуми против масовно доселување на мигранти

Штип, Гази Баба и Гевгелија се приклучуваат на иницијативата за референдуми против изградбата на населби за мигранти, а граѓанската иницијатива „Будење“ почнува да зема замав низ повеќе општини и градови. Граѓаните гласно кажуваат НЕ за доселувањето на мигранти на територијата на Република Македонија.

Штипјани обединети се спротиставуваат на идејата за населување на мигранти во нивната општина. Како што кажа иницијаторот на кампањата, Видан Лазаров иницијативата почнува од денеска. За многу брзо време во Штип се собрани повеќе од 500 потписи, а истите продолжуваат да се собираат.

-Ние имаме за цел да ја анимираме јавноста, да ги информираме луѓето за акциониот план кој го донесе МТСП, за населување на мигранти низ цела Македонија. Одзивот во Штип е солиден, во општина Штип е предвидено да има околу 6.000 мигранти, ние сме овде тоа го спречиме, да им кажеме НЕ, последиците од тоа ги знаете, јавноста е запознаена. Терористички напади, силувања, разбојништва низ цела Европа, изјави Лазаров од иницијативата „Будење“ Штип.

Тој напомена и дека тие сакаат да делуваат превентивно, да ги соберат потписите, да ги достават до Советот на општина Штип, со што би можеле да направиме еден референдум, каде граѓаните ќе го кажат своето големо не за мигрантите во општината, вели тој.

За неполни два часа Граѓанската иницијатива „Будење“ Гази Баба, денеска собра повеќе од 400 потписи за одржување референдум заради Националната стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027.

-Граѓанската иницијатива „Будење“ Гази Баба се спротивставува на идејата за населување на мигранти во нашата општина. Целта на Граѓанската инцијатива е да ја спречиме одлуката на Владата за доселување мигранти, после што, ништо нема да биде исто, велат од иницијативата.

Оттаму посочуваат дека со населување на мигранти во Република Македонија ќе се зголемат трошоците на државата за домување на овие луѓе, ќе се зголеми стапката на криминал и ќе се смени структурата на населението.

-Затоа иницираме до Советот на општината распишување на референдум по однос на ова прашање. Ќе собираме потписи против овозможување услови за населување на мигрантите,истакнуваат од Иницијативата.

И гевгеличани собираат потписи за референдум. Велат, наместо трошење пари за нови училишта, градинки, паркови и игралишта ќе се трошат пари за станови и куќи за мигрантите.

-Да ја спречиме иницијативата на Владата на СДСМ за населување на мигранти бидејќи по нивно доселување нема да биде ништо исто, доселувањето значи намалување на платите и евтина работна сила, губење на работни места и нови отпуштања. Наместо трошење пари за нови училишта, градинки, паркови и игралишта ќе се трошат пари за станови и куќи за мигрантите , помалку пари за пензии и социјална помош, со тоа ќе се зголеми и криминалот и небезбедни градови, велат од иницијативата „Будење“ Гевгелија.

Тие бараат од советот на општината Гевгелија да распише референдум по однос на ова прашање и тие ќе собираат потписи против населување на мигранти, а досега одѕивот е голем.

Акцијата покрај во Штип, Гази Баба и Гевгелија, се одржува во многу други општини низ државата, а секојдневно се шири и во други општини од нашата држава. Граѓаните гласно кажуваат не против доселувањето на мигранти на територијата на Република Македонија.