СЕ ПАЗАРИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ: ДУИ ќе гласа за Шилегов и Димитриевски, СДСМ за Арифи, Бејта и Дехари

dui-sdsm

Зоран Заев и Али Ахмети договорија СДСМ и ДУИ освен на централно да коалицираат и на локално ниво на изборите на 15 октомври, за клучните општини за двете партии, објави порталот „Пост.мк“.

Како што пишува порталот, според информации од високи функционери од двете партии, СДСМ не номинира свои кандидати за Чаир, Тетово, Гостивар и Кичево,  додека ДУИ не излезе со кандидати за Скопје и Куманово.

Ова значи дека социјалдемократите уште во првиот изборен круг ќе гласаат за Висар Ганиу, Теута Арифи, Невзат Бејта и Фатмир Дехари. Интегративците пак, во првиот изборен круг своите гласови ќе им ги дадат на Петре Шилегов и на Максим Димитриевски.

Партијата на Али Ахмети првпат не оди со свои кандидати ниту во Битола, Охрид и Гази Баба.

СДСМ, во Струга номинира свој кандидат. За Струга се ќе зависи кои од кандидатите за градоначалници ќе поминат во вториот изборен круг,  бидејќи  во трката за градоначалник влегуваат ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијансата за Албанците, Беса и ДПА.  Ако кандидатот на СДСМ не помине во вториот круг, социјалдемократите ќе го подржат кандидатот од владината коалиција кој ќе ја продолжи изборната трка, односно или Рамиз Мерко од ДУИ или Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

Впечатливо е дека првпат во плурална Македонија партии од македонскиот и од албанскиот политички блок, за локални избори коалицираат уште во првиот изборен круг.

Според досегашната пракса, соработката меѓу македонските и партиите на Албанците за Скопје, Чаир, Тетово, Куманово, Гостивар… била во решавачкиот, втор изборен круг.

Карактеристика пак, на последните локални избори во 2013 година беше  етничкото гласање во Струга и во Кичево.

ДОЈДЕ ДИКТАТУРАТА: СДСМ преку ДИК ќе го спречува изјаснувањето на граѓаните за Стратегијата за мигрантите

Migranti-na-granica

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои граѓаните бараа референдум.

Државната изборна комисија (ДИК) ќе се обиде да расправа за мигрантите и одржувањето на референдуми, кои според барањата на иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, добро е да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

Толкувањето на членовите на ДИК било дека нема технички можности за такво нешто, што е сосема неоправдано, бидејќи одржувањето на локалните избори со себе повлекува инфраструктура и техничка поддршка и логистика, која треба да се искористи и за одржувањето на референдум против одлуката на владата за доселување на мигранти.

Очигледно исплашени од исходот, СДСМ реши преку ДИК да ги минира референдумите. Поддршката за одржување на референдум од граѓаните е се поголема, иако советниците на СДСМ на седниците одржувани токму по ова прашање низ општините во земјава гласаат против можноста граѓаните да имаат право да се изјаснат дали се ЗА или Против населување и вработување на мигранти во нивната општина.

Таков беше и примерот вчера кога советниците на СДСМ на седницата во општина Центар гласаа против ставање на дневен ред на точката за распишување на референдум за населување на мигранти во општина Центар.


Советниците на СДСМ од Куманово, град во кој веќе 27 години владее СДСМ, гласаа против граѓански референдум и изјаснување на кумановци на референдум за планот на Владата за градење на згради и населби за мигрантите, како и нивно вработување.

За разлика од нив прилепчани на 15 октомври покрај избор на градоначалник и членови на Советот на општината, ќе гласаат и на референдум за доселување на мигранти во нивниот град. Од 27 советници, 15 од ВМРО-ДПМНЕ гласале ЗА, додека останатите од СДСМ останале на седницата, меѓутоа не гласале за оваа точка. Дека не им е важно за последиците кои можат да се случат со населувањето на мигрантите во земјата покажаа и советниците од општина Гази Баба кои ја напуштија седницата на која се одлучуваше дали се ЗА да се распише референдум за населување на мигрантите. Во оваа општина со 15 гласа „ЗА“ советот одлучи да распише референдум по ова прашање.

И советниците во Битола го бранеа акциониот план на Заев за мигранти, гласаа против референдум во нивната општина. Сепак, советниците на ВМРО-ДПМНЕ издејствуваа во Битола да има референдум. Со 15 гласа ЗА од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и со 9 гласа против од советниците на СДСМ е донесена одлука за распишување на референдум и изјаснување на граѓаните по ова прашање.

Дека според СДСМ референдумот не смее да се случи покажа и примерот во општина Радовиш каде советниците на оваа партија не гласаа ЗА граѓаните сами да одлучуваат дали мигрантите да се населат во Радовиш. Но, пораката од овој град е јасна, граѓаните на Радовиш на референдум ќе одлучуваат дали сакаат да се населат мигранти во нивниот град. На седницата на Советот присутни беа 17 од 19 советници, од кои 9 гласаа ЗА да се одржи референдум, сите од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додека 8 беа воздржани.

„Дали се за или против населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Гевгелија“, граѓаните на оваа општина ќе имаат можност да одговорат со ЗА или Против, имено гевгелиските советници на вонредна седнацица со 11 гласови ЗА четири воздржани ја изгласаа одлуката за распишување на референдум за населување на мигранти во оваа општина. Четворица советници на СДСМ гласаа воздржано. Останатите четворица советници ја напуштија седницата.

Советот на Општина Аеродром на 73-та седница донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општината, која за жал не ја поддржаа советниците на опозициската советничка група на СДСМ.

Волјата на граѓаните е на прво место, и карпошани на референдум ќе се изјаснат за населувањето на мигрантите. Со со 12 гласа „за“ и штипските советници ја изгласаа одлуката за распишување на референдум против населувањето на мигрантите.

По долга дискусија од час и половина советот на општина Кочанигласаше против населување на бегалци и странци во градот и ја усвои одлуката за распишување референдум. Советниците од ВМРО – ДПМНЕ им порачаа на своите колеги од СДСМ дека и тие треба да прифатат референдум за гласање за стратегијата за бегалци, бидејќи тоа е важно за сите граѓани на Кочани.

Со осум гласа „ЗА“, ниту еден глас против и тројца воздржани гласови Советот на општина Неготино изгласа одржување на референдум за да се изјаснат граѓаните дали се „ЗА“ или „против“ населување и интеграција на мигранти во нивниот град.

Дека налогот на Заев и СДСМ дека не смее да се одржи референдум за населување на мигрантите се спроведува во сите општини јасно покажаа постапките на советниците од оваа партија кои или гласаат против или се воздржани или пак ги напуштаат седниците кои се одржуваат по ова прашање.

Од ВМРО – ДПМНЕ порачаа дека СДСМ не смее да врши притисок врз ДИК со цел комисијата да го попречува одржувањето на локалните референдуми против мигрантите. Потенцираат дека референдумското изјаснување на граѓаните е највисок облик на непосредна демократија, во кој секој граѓанин на непосреден начин може да го искаже својот став по однос на определено прашање. Тоа ќе биде можност граѓаните да се изјаснат дали се за населување на мигранти во нивната општина според владината стратегија за населување на мигранти 2017-2027 година. Во Охрид, Ѓорче Петров, Дојран и Богданци наскоро ќе се одлучува по ова прашање.

Груевски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги исполнуваат ветувањата, граѓаните тоа ќе го поздрават на 15 октомври

Gruevski-izjava-Opstina-Ilinden

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е задоволен од нивната работа и посочува дека градоначалниците исполниле најголем дел од ветувањата дадени пред граѓаните. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период имаат реализирано 10.359 проекти.

Тој вели дека се направени крупни инвестиции, меѓу кои ги издвои реконструкцијата на 2.000 улици во вкупна должина од 1700 километри.

Додаде дека е изградена 700 километри водоводна и канализациона мрежа.

-Овие проекти се резултат на многу посветена работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, за да го остварат она што го ветиле на граѓаните. Граѓаните тоа ќе го поздрават на 15 октомври, подвлече Груевски кој денеска е во посета на општина Илинден.

ГОЛЕМАТА ЛАГА НА СДСМ: Ако се иселиле 600 илјади граѓани поради „режим“, зошто тогаш СДСМ не освои ни 2.000 гласа од дијаспората и се бореше да се одземе правото на глас?

SDSM-laga-iseluvanje

Гласачите од дијаспората ја разобличија лагата на СДСМ за бројот на иселени лица од Македонија. Наспроти тврдењата дека над 600 илјади лица се иселиле од Македонија поради незадоволството од т.н. режим, СДСМ на последните избори освои помалку од 2.000 гласови.

Подолг период наназад, СДСМ и нејзините медиумски мегафони постојано манипулираат со лаги и нереални бројки поврзани со иселувањето од Македонија . Без научна и ниту било каква друга основа, СДСМ постојано продолжува да манипулира дека од земјава поради “режимот“ се иселиле дури над 600 илјади граѓани.

Во предизборието, исклучиво за политички цели, СДСМ тврдеше дека  од Македонија се иселиле 626.312 луѓе до крајот на 2013 година, а кога ќе се додаделе и иселените во 2014, 2015 и 2016 година, бројката на иселени била драстично поголема. Дека ваквите манипулации не се ништо друго, туку само од ракав фрлена бројка во политичката борба покажува фактичката бројка на освоени гласови на СДСМ на изборите во декември минатата година.

Прашањето кое легитимно се поставува на ваквите лажни бројки пласирани од СДСМ е ако од државата се иселиле над 600 илјади граѓани поради “режимот“, како што тврди партијата, тогаш зошто СДСМ на изборите одржани во декември минатата година освои помалку од 2.000 гласа од дијаспората и пред тоа се силно бореше да се одземе правото на глас на македонските иселеници? Иако “незадоволните иселеници“ се голем потенцијал за нивни гласачи, сепак беше нејасно зошто СДСМ не сакаше истите тие да гласаат и ги направи сите можни опструкции, манипулации и изигрувања вредноста на нивниот глас да се намали што е можно повеќе,

Според тврдењата на соросовите експоненти и самиот СДСМ, причината за иселувањето на овој огромен број лица била поради лошите политики на власта и лошите постапки на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. КУРИР уште тогаш пишуваше дека формално СДСМ се залага за пратениците од дијаспората да се бираат според просечниот број на гласови за кој се избира пратеник во Македонија, но суштински и остварено во пракса значи дека тие ќе останат без пратеници во македонското Собрание, што практично и се потврди со резултатите од декемвриските избори.

Според нивната логика и нивната математика, над 600 илјади незадоволни и иселени се голем потенцијал за нивни гласачи, бидејќи според нивните тврдења тие ја напуштиле земјава незадоволни од власта. Од сето ова произлегува дека СДСМ очигледно некаде лаже и е неконзистентна, бидејќи нема никаква логика да не сака да гласаат оние кои незадоволни од нивниот политички опонент ја напуштиле Македонија.

Одговорот зошто СДСМ толку се бореше да ги неутрализира гласовите од дијаспората лежи и во резултатите кои доаѓаат од од последните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во однос на СДСМ, но поради наметнатиот нереален цензус од СДСМ, пратеник не беше избран.

Она што посебно излегува на виделина се манипулациите и лажниот мит кој го создаде СДСМ за иселени над 600 илјади граѓани поради незадоволството од т.н. режим. Доколку имаше и барем малку вистина во ваквите тврдења на партијата на Заев, тогаш СДСМ без проблем ќе ги добиеше трите пратенички места од гласовите на “незадоволните иселеници“, а немаше да освои очајна бројка од 2.000 гласови.

Бјелајац: Албанците не гласаа за Заев случајно, кај нив секогаш е или милум или силум

Mile-Bjelajac

Македонските граѓани се чувствуваат измамени и издадени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ова во дебатна емисија на РТРС го вели Миле Бјелајац, српски историчар и политиколог одговарајќи на прашањето зошто Заев не формира власт со Македонците, зошто тоа мора да бидат три албански партии?

-Ако аналитичарите приметија овие претходни денови, нему (на Заев) мнозинската групација во Парламентот, значи ВМРО-ДПМНЕ му понуди лојална соработка да направи малцинска влада и да има техничка соработка за да не дојде до ситуација да мора да го исполнува она што и’ го ветувал на албанската страна, првенствено се однесува на оваа тиранска платформа. Тој тоа го одби, но јас верувам дека кога би се направила една анкета меѓу македонскуите граѓани, кои чувствуваат и малку измамени и издадени од својот лидер, дека тие би дале една таква опција, рече Бјелајац.

Коментирајќи зошто голем број на албански гласови завршиле на контото на Заев и СДСМ, Бјелајац рече:

-Се кажува дека се во прашање некаде околу 70 илјади гласови кое од албанското бирачко тело преминале во СДСМ. Но, морам да кажам и јавно изговорам дека Албанците не прават ништо случајно и да во таа нација последните децении постои таа некоја т.н. национална дисцпиплина  “или милим или силум“ и дека тука картите се поделени и дека тие постапуваат онака како што се договориле.

Силјановска: Гласавме за програми, а не за идни платформи

Gordana-Siljanovska

Универзитетската професорка Гордана Силјановска смета дека она што сега се случува на политичката сцена во Македонија е сосема невообичаено, со постфестум креирани политички платформи да настапите во формирање на влада.

– Очекував партиите кои би биле костур на идната влада да се повикаат на своите програми, бидејќи ние гласавме за програми на изборите, а не за идни платформи. Не дадовме поддршка за да може потоа да смислуваат. Но тоа е македонската реалност – изјави Силјановска.

Силјановска додава дека не знае што ќе се случува понатаму, бидејќи очигледно во македонската политика има многу ирационалност, а сите сме оставени на она што постојано се критикува во годишните извештаи за напредокот на Македонија.

– Тоа е феноменот на партитократија. Повторно сме ние во рацете, не на партиите туку во рацете на партиските елити, да не речам лидери. Се соочуваме со уставен и правен феномен, лидери на четирите политички партии. Тоа е надвор од владеењето на правото – вели Силјановска.

Груевски: СДСМ е губитник, колку треба да немаш интегритет за секој ден да зборуваш дека си победник?

zaev-svednata-glava-sdsm

Јас на граѓаните во многу наврати им предочив дека доколку нема јасна победа со 63 пратеници тоа ќе биде можност кризата да биде продолжена, тоа го сакаат некои сили, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Тв Нова.

-Тоа не се случи затоа што некои работи се изместија со многу фактори. Сега кризата продолжува само се менуваат одредени фази има одредени разлики но продолжува и тоа не е добро. Нам ни требаат пред избори со јасна победа. Ако изгубиме со еден пратеник ние нема да играме како СДСМ со националните интереси, затоа што така  и државата ќе губи. Ние тоа нема да го правиме како СДСМ, ќе се бориме во парламентот но нема да бидеме како нив. Изгубија па излегоа на прослава и до ден денес тоа го зборат. Колку треба да немаш интегритет за секој ден да зборуваш дека си победник. Нека има избори да видиме кој ќе победи нека одбере народот. Но потоа да се овозможи да се формира влада и да се остварат целите, рече Груевски.

СДСМ КУПУВА ГЛАСОВИ СО 3.200.000 ЕВРА: Шилегов и Николовски дале по 500.000 евра во двете џамии во Теарце

silegov-kece-pari-dzamija

Новинарот Миленко Неделковски на својт Фејсбук профил објави дека СДС(без М) синоќа оставиле по 500.000 евра во две џамии, односно дека за прегласувањето во Теарце вкупно ќе платат 3.200.000 евра.

„СДС, односно Спасовски со службено возило на МВР и Николовски со службено возило на МЗШВ, синојка однеле и оставиле по 500.000 евра во двете џамии во Теарце.

Буџетот на СДС за ова гласачко место за ова прегласување е 3.200.000 евра. Кеш.“, напиша Неделковски.

milenko-nedelkovski-fb-tearce

Колумна на Ирена Радовановиќ: Албанците гласаа за Заев за да имаат почист воздух

irena-radovanovik-albanci-zaev

Опозицски приказни за граѓанство

Додека ни се продава приказната за „граѓанскиот“ концепт на Заев, преку медиуми блиски до СДСМ, не е мал бројот на оние Албанци кои сè почесто ги прашуваат Македонците дали би учеле албански и зошто не сакаат да учат.

А зошто тие да не бараат од Македонците да учат албански кога тоа го бара Македонец, лидер на една од најголемите македонски партии. Тој двојазичноста ја стави на маса, заедно со кантонизацијата. Примамлива понуда за оние Албанци на кои им се побитни нивните политички права од економијата, а таквите не се малку. За Заев гласаа речиси 70.000 Албанци. Дојдоа дури и од други држави. Што значи, етничкото ги мотивира да гласаат за него, а не граѓанското. Албанците не гласаа за тоа што Заев им ветил почист воздух, туку сакаат да ги видат Македонците како зборуваат албански и како нивните општини стануваат сè понезависни од централната власт. Додуша и воздухот ќе им биде почист кога ќе се затвораат во кантони во кои ќе нема Македонци.

„Граѓанската“ приказна, која сака да ни ја продаде опозицијата, фино ја дообјасни британскиот дипломат Тимоти Лес. Според него, на Балканот се враќа национализмот, а кога ќе избледи влијанието на Западот, ќе настапи нова ера на немири кои ќе резултираат со прекројување на денешните граници, вели Лес. Тој истовремено предупредува дека Русија почнала да го користи своето влијание за да го фрустрира процесот на евроинтеграцијата поттикнувајќи ги малцинствата во своите барања за сепаратизам. Замислете, Русија ги поттикнува малцинствата на сепаратизам, а гледаме дека во Македонија токму потезите на САД со помош на СДСМ и албанските партии, не доведоа до состојба денес да расправаме дали сме за или против федерализација на државата. Kолку добро ни мисли САД да не се навраќаме многу далеку, како, на пример, 1948 и нивниот однос кон тамошните жители во егејскиот дел на Македонија. Доволно е само да се потсетиме на времето од 2001 година, па наваму. А и две години претходно, односно во 1999 година, кога им дозволивме да прават што сакаат со воздушниот и со просторот на земјата и на државата со цел да ја спроведат акцијата бомбардирање на СРЈ. И верувавме дека со тоа ќе ги придобиеме симпатиите на Западот предводен од САД. Примивме 350.000 бегалци, кои две години подоцна ни се „заблагодарија“ за гостопримството заедно со ОНА помогната од ОВK, а сето ова поддржано од Западот. Западните демократии во чии устави, нели, граѓанинот е на пиедесталот, а не припадникот на етничката заедница, ни го стокмија Рамковниот договор, со кој нè обележаа како племенски заедници. Потоа ни ја скроија територијалната реорганизација. А ден пред референдумот во 2004 година САД не признаа под уставно име.

Опиени од признавањето не видовме дека државата ни се подели по етничка линија токму таква каква што посакуваше едно малцинство, а која сè поочигледно му одговара на Западот. Тактиката на поддршка на едни наспроти други или раздели па владеј, добро ја спроведоа и добивме едно малцинство, кое му е полојално на САД и на некои околни држави отколку на државата во која неговите припадници се родиле, израснале, се образувале.

И така денес дојдовме до идејата на Тимоти Лес за поделба на Македонија. Тој, всушност, сака да не реши по брза постапака. Па му предлага на Вашингтон да помогне државата што побрзо да се федерализира, па потоа да се присоедини западниот дел на Македонија кон Албанија.

Токму поради ваквите сценарија, ВМРО- ДПМНЕ побара на изборите да се гласа за Македонија. Но, за жал, голем број од Македонците гласаа за Заев. Му дадоа глас на човекот кој решил да ја докрајчи Македонија. Kому побитно му беше рушењето на Груевски, по цена да ја сруши и државата.

Предизборното ветување на Заев за Албанците, ги крена до плафон барањата на албанските партии за влез во владата. Дел од условите на ДУИ, Алијансата за Албанците и Беса се: целосна еднаквост на Албанците со Македонците под што тие подразбираат поделба на државата и влез во НАТО (под што тие подразбираат промена на името на државата. Останатиот декор како барањата за СЈО како уставна категорија, и Албанец на местото шеф на државата, премиер или претседател на Собранието се само некаква панделка на целиот пакет.

А сè ќе беше поинаку наместо Заев, на чело на опозициската партија стоеше човек кој ќе го личи да биде патриот и кој никогаш не би се пазарел со државните и националните интереси.

Дали има време за спас на Македонија?

Пишува: Ирена Радовановиќ за Дневник

Додовска: Очекувањата на СДСМ се сведуваат на теоријата на фантомски гласови која тие ја промовираа

ivanka-dodovska-tv-nova

Универзитетската професорка Иванка Додовска вели дека очекувањето на СДСМ за промена на бројот на мандати се сведува на теоријата на фантомски гласови, која патем ја промовираше СДСМ.

-Сметам дека прегласувањето кое треба да се одржи на едно избирачко место, според прифатената тужба од СДСМ од страна на Управниот суд, во конкретниов случај во избирачко место во Теарце во ништо нема да го промени финалниот исход кој го освоија политичките партии на изборите на 11 декември. Се работи за избирачко место каде што сите политички партии имаат свои поддржувачи и свои стандардни гласови. За да се случи било каква промена во освоените мандати во шестата изборна единица хипотетички би требало сите гласачи да гласаат само за СДСМ, со што би освоиле 400 гласа и би успеале да го променат изборниот резултат. Таква можност се исклучува бидејќи на 11 декември СДСМ освои помалку гласови од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ т.е. околу 80 гласови. Очекувањето за промена на бројот на гласови се сведува на теоријата на фантомски гласови која патем да ве потсетам ја промовираше СДСМ, вели Додовска за Курир.