Иванов: Европската унија да престане да ја блокира нашата иднина

gjorge-ivanov-godisno-obrakjanje-2

Европската унија да престане да ја блокира нашата иднина. Блокадата не е ништо друго освен казна за македонските граѓани, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање денеска од неговиот кабинет.

– Не бараме изговори и свесни сме за нашите пропусти. Но, исто така, свесни сме за пропустите и за неисполнетите обврски на НАТО и на Европската унија кон Република Македонија. Нашите партнери во Брисел зборуваат за владеење на правото во Македонија. Апсолутно се согласувам дека треба уште многу да работиме на ова поле. Но, истовремено ги прашувам – ако ни забележувате за состојбата во судството, тогаш зошто не ни дозволувате да ги отвориме 23. и 24. поглавје за правосудството, основните права, правдата, слободата и безбедноста?“, рече претседателот Иванов.

Според него, однесувањето на НАТО и ЕУ кон Македонија се одразило на нашата внатрешна политика.

– Неодговорното однесување на НАТО и на Европската унија кон Македонија неминовно се одрази на нашата внатрешна политика. Се изгуби реформскиот моментум, се затегнаа односите меѓу политичките партии и се намали трансформирачката моќ на Унијата. Последиците од блокадата станаа причина за нови блокади на Република Македонија. Секој проблем што го игнорирате доволно долго, ќе се јави како симптом што ќе боли. Тука доаѓаме до втората, внатрешна причина за политичката криза, рече македонскиот претседател.

Тој со повик до ЕУ да престане да ја блокира иднината на Македонија.

– Ја повикувам Европската унија да престане да ја блокира нашата иднина. Блокадата не е ништо друго освен казна за македонските граѓани. Со блокирањето на преговорите се блокира можноста за градење одговорни, европски институции во Република Македонија. Со блокадите, нам ни се ускратува правото на просперитет. Повторувам, со блокадите ни се ускратува правото на просперитет. Затоа, време е за поголема одговорност на Унијата кон Македонија, порача претседателот Иванов во годишното обраќање.

Иванов: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се сплотат околу државните интереси

VMRO-SDSM

Го повикувам лидерството на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да смогнат сила за да си простат, да се помират и конечно да се сплотат околу националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Република Македонија, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во годишното обраќање во Вила Водно, оценувајќи дека нема ништо потрагично и поопасно од меѓу-македонскиот судир.

– Ако навистина ја сакаат оваа држава и ако навистина се грижат за македонскиот народ, ги повикувам да ја почитуваат волјата на граѓаните, бидејќи во омразата никој нема ниту иднина, ниту надеж, рече Иванов.

Претседателот повика да ги оставиме зад нас поделбите и реваншизмот и реториката на патриоти и предавници.

– Да престанат и нападите кон дипломатските претставници. Да престанеме секогаш вината да ја бараме кај другите. Одредени политички лидери да престанат да се повикуваат и да ги злоупотребуваат имињата на амбасадорите во Република Македонија за да остваруваат свои цели. Истовремено, го повторувам и повикот дипломатските претставници во вршењето на своите надлежности да внимаваат да не бидат погрешно разбрани и да се придржуваат до Виенските конвенции, рече Иванов.

Да да го направиме чекорот на помирување неопходна е одговорност, порача македонскиот претседател. -Одговорноста е темел на довербата меѓу луѓето и институциите, бидејќи секој кој носи одлуки мора да превземе лична одговорност за своите чекори, рече Иванов, додавајќи дека само одговорноста создава услови за безбедност, стабилност и напредок.

– Кога институциите се заобиколувани, блокирани и парализирани, наместо да се дел од решението, тие стануваат дел од проблемот. Се надевам дека лидерите конечно ја научија лекцијата – дека не треба да се бараат решенија надвор од институциите на државата. Затоа, повикувам, по којзнае кој пат да им ја вратиме моќта на институциите, потенцираше претседателот Иванов.

Во таа насока Иванов ги повика и партиите да покажат одговорност и, како што рече, да го обноват заветот за европска и евроатлантска Македонија.

– Ги повикувам што поскоро да потпишат обврзувачка декларација за посветеност на европската и евроатлантската агенда, се додека довербата на граѓаните во Европската Унија и НАТО е толку висока. Ги повикувам да се обврзат дека сите закони и решенија од европската агенда ќе имаат приоритет, истакна претседателот.

Истовремено, претседателот Иванов ја повика и Европската унија да престане да ја блокира иднината на Македонија.

– Со блокирањето на преговорите се блокира можноста за градење одговорни, европски институции во Република Македонија. Со блокадите, нам ни се ускратува правото на просперитет. Повторувам, со блокадите ни се ускратува правото на просперитет. Затоа, време е за поголема одговорност на Унијата кон Македонија, порача Иванов во обраќањето.

Со повик за простување, помирување и сплотување околу државните интереси, претседателот Иванов го заврши своето годишно обраќање.

– Повикувам, конечно, одлуките за Македонија да ги носиме во институциите што сами ги создадовме, преку претставниците што сами ги избравме.Повикувам на одговорно однесување. А одговорноста се гради преку јавност и транспарентност. Граѓаните треба да бидат врвниот контролор на одговорноста на лидерите, политичарите, институциите. Бидејќи сите постојат заради граѓаните, истакна македонскиот претседател.

Само така, рече тој, ќе ја градиме Република Македонија како држава во која наместо поединци ќе владее правото, во која ќе се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и рамноправноста, држава што ќе обезбеди мир и соживот меѓу своите граѓани, независно од етничката, верската и јазичната припадност и држава што ќе обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.

– Како Претседател на Република Македонија и како Врховен командант на вооружените сили се повикувам на мојата одговорност дека ќе го правам она за што положив свечена заклетва. Ќе ги бранам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија од внатрешните и надворешните предизвици, закани и ризици. Ќе го бранам Уставот и уставниот поредок на Република Македонија. И не помислувам да отстапам од тоа, рече претседателот Иванов во своето годишно обраќање.

Иванов: Новата Влада да ги заштити државните интереси и системски да ги реформира безбедносните служби

gjorge-ivanov-godisno-obrakjanje-1

Заштитата на државните интереси на Република Македонија што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и системска реформа на системот за национална безбедност треба да бидат двата клучни приоритета на новата Влада, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето Годишно обраќање.

– Овие приоритети се неопходни, пред се, поради бројните закани со кои се соочуваме и внатрешните слабости кои ги имаме. Последиците од конфликтите во регионот на Северна Африка и Блискиот Исток, илегалната миграција, активностите на странските терористички борци и нивните поддржувачи, транснационалните криминални мрежи, насилниот екстремизам, радикализам и интересите на разни центри на моќ влијаат врз поларизација на македонското општество. Тие можат да предизвикаат идни внатреетнички, меѓуетнички, и меѓурелигиски тензии во Македонија. Постои навистина висок ризик за внатрешната безбедност од надворешните закани со кои се соочуваме. Не само ние, туку и целиот наш регион, цела Европа. Поради ваквиот сооднос меѓу надворешните закани и внатрешните слабости неопходни се таквите системски реформи, рече претседателот Иванов.

Според шефот на државата, разузнавањето, Армијата на Република Македонија, граничната полиција, службите за спроведување на законите и Обвинителството мора да се трансформираат за да ја заштитат националната безбедност на државата, согласно промените на предизвиците и заканите со кои се соочуваме.

– Веќе 15 месеци сме во прогласена кризна состојба за заканата од илегалната миграција. Таа кризна состојба ќе продолжи и понатаму. Затоа, не смееме да дозволиме по изборите политичката криза да прерасне во институционална криза, рече претседателот Иванов во годишното обраќање.

Иванов: Ако некој крадел, ќе мора да го врати украденото и да плати за стореното

gjorge-ivanov-godisno-obrakjanje

Владеењето на правото подразбира дека сите луѓе, почнувајќи од мене, независно од нивната етничка, религиска, политичка и социјална припадност, независно дали се на власт или во опозиција, се еднакви пред словото на законот, рече Иванов во годишното обраќање

Со одлуката за помилување ги скршив црните сценарија насочени против Македонија, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето денешно годишно обраќање, осврнувајќи се на неговата одлука од 12 април. Одлуката, посочи македонскиот претседател, ја донел во ситуација кога Република Македонија веќе имаше прогласено кризна состојба поради мигранската и бегалска криза, но и во момент кога, според претседателот Иванов, специјалното јавно обвинителство станало селективно и поларизирано и кое наместо инструмент за правда, се свело на инструмент за уцена на политичките противници.

– Сето ова што ни се случуваше неминовно водеше кон граѓански конфликт. Во такви сложени услови, како претседател на Република Македонија, бев единствената институција со легитимитет и овластувања да носи одлуки. И, наместо да бидам пасивен набљудувач на отворен судир, понудив решение за кризата. Понудив помирување преку помилување на сите што на еден или на друг начин се вклучени во политичката криза – рече претседателот Иванов.

Тој рече дека еден ден граѓаните јасно ќе го добијат одговорот за причините поради кои ја презел таквата мерка.

Еден ден, кога ќе бидат декласифицирани сите документи, граѓаните ќе имаат целосен увид во состојбата поради која ја презедов таа мерка. Но, ќе кажам само дека во состојба во која беше доведена во прашање иднината на државата, помилувањето беше единствениот мирен начин да се замрзнат непријателските намери меѓу спротивставените страни и да се избегне анархија – рече претседателот Иванов.

За таа моја одлука, рече претседателот Иванов, претрпев многу критики и обвинувања.

– Ме обвинуваа дека со одлуката за помилувањата сум ги прекршил Уставот и законите. Но, не само што со одлуката не ги прекршив Уставот и законите, туку ги скршив црните сценарија насочени против Македонија. Ме обвинуваа дека сум го помилувал криминалот во Македонија. Но, помилувањата воопшто не вклучуваа запирање на постапката за конфискација на нелегално стекнат имот. Ако некој крадел, ќе мора да го врати украденото и да плати за стореното. Владеењето на правото подразбира дека сите луѓе, почнувајќи од мене, независно од нивната етничка, религиска, политичка и социјална припадност, независно дали се на власт или во опозиција, се еднакви пред словото на законот. За такво владеење на правото се залагам. Затоа и го потпишав Законот за формирање на СЈО. Бидејќи, без сузбивање на криминалот и корупцијата, не можеме да градиме иднина за Република Македонија – рече претседателот Иванов во годишното обраќање.

Во однос на протестите што се случија потоа тој рече дека одлуката ја повлекол поради незадоволството од страна на јавноста.

– Сепак, таквиот начин на решавањето на политичката криза не беше прифатено од дел од јавноста и штом се создадоа законски услови за тоа, ги повлеков дадените помилувања – рече македонскиот претседател во своето годишно обраќање, одржано денеска во вила „Водно“.

Иванов: Со помилувањето ги скршив црните сценарија насочени против Македонија

Ivanov-godisno-obrakjanje

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето денешно годишно обраќање, осврнувајќи се на неговата одлука од 12 април за одлуката за помилување истакна дека со неа ги скршил црните сценарија насочени против Македонија.

Одлуката, посочи македонскиот претседател, ја донел во ситуација кога Република Македонија веќе имаше прогласено кризна состојба, поради мигранската и бегалска криза, но и во момент кога, според претседателот Иванов, Специјалното јавно обвинителство станало селективно и поларизирано и кое наместо инструмент за правда, се свело на инструмент за уцена на политичките противници.

– Сето ова што ни се случуваше неминовно водеше кон граѓански конфликт. Во такви сложени услови, како Претседател на Република Македонија бев единствената институција со легитимитет и овластувања да носи одлуки. И, наместо да бидам пасивен набљудувач на отворен судир, понудив решение за кризата. Понудив помирување преку помилување на сите кои на еден или друг начин се вклучени во политичката криза, рече претседателот Иванов.

Додаде дека еден ден кога ќе бидат декласифицирани сите документи, граѓаните ќе имаат целосен увид во состојбата поради која ја презел таа мерка.

– Но, ќе кажам само дека во состојба во која беше доведена во прашање иднината на државата, помилувањето беше единствениот мирен начин да се замрзнат непријателските намери меѓу спротивставените страни и да се избегне анархија, рече претседателот Иванов.

За таа моја одлука, додаде претседателот Иванов, претрпев многу критики и обвинувања.

– Ме обвинуваа дека со одлуката за помилувањата сум ги прекршил Уставот и законите. Но, не само што со одлуката не ги прекршив Уставот и Законите, туку ги скршив црните сценарија насочени против Македонија. Ме обвинуваа дека сум го помилувал криминалот во Македонија. Но, помилувањата воопшто не вклучуваа запирање на постапката за конфискација на нелегално стекнат имот. Ако некој крадел, ќе мора да го врати украденото и да плати за стореното. Владеењето на правото подразбира дека сите луѓе, почнувајќи од мене, независно од нивната етничка, религиска, политичка и социјална припадност, независно дали се на власт или во опозиција, се еднакви пред словото на законот. За такво владеење на правото се залагам. За тоа и го потпишав законот за формирање на СЈО. Бидејќи, без сузбивање на криминалот и корупцијата, не можеме да градиме иднина за Република Македонија, рече претседателот Иванов во годишното обраќање во Вилата Водно.

Сепак, рече, таквиот начин на решавањето на политичката криза не било прифатено од дел од јавноста и штом се создале законски услови за тоа, ги повлекол дадените помилувања.

Иванов: Без нов попис, не може да се бараат права што зависат од статистиката

Ivanov-obrakjanje

Без нов попис на населението, не може да се бараат права што зависат од статистиката. Очекувам новата Влада час поскоро да спроведе попис за да видиме колку сме, да видиме дали реалноста на теренот соодветствува со тврдењата на некои политичари, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Годишното обраќање.

– Слушам дека се бара двојазичност на целата територија на Македонија. Тоа прашање е затворено со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Охридскиот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. Службената употреба на кој било јазик во Република Македонија зависи од статистиката, а единствен начин за добивање на реална статистика е пописот, истакна претседателот Иванов.

Според него, неодговорно е да се бараат права без да се преземат обврски.

– Им порачувам дека е неодговорно да се бараат права без да се превземаат обврски, точно онака како што е наведено во амандманот 4 од Уставот на Република Македонија, рече Иванов.

Тој истакна дека обврска и одговорност на секој граѓанин на Македонија, независно од етничката, верската, јазичната и идеолошката припадност е да се грижи за добробитта на оваа наша единствена заедничка татковина.

Последниот попис во Македонија, посочи Иванов, беше пред цели 14 години, оценувајќи дека тоа е предолг период за која било држава.

Иванов: Никој нема мандат да ја прекројува државата и да го продава она за што гинеле генерации

Gjorge-Ivanov-Obrakjanje

Мојот став е повеќе од јасен. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде бинационална држава. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде федерална држава, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Годишното обраќање одржано денеска во неговиот кабинет.

– Се уште слушам како поедини лидери на партии јавно лицитираат со унитарниот карактер на државата, со некаква си кантонизација и федерализација, со името на државата и идентитетот на граѓаните. Тие лицитираат со државните интереси. Ќе ги потсетам дека Македонија во 1991 година се конституира како национална држава на македонскиот народ, во кој се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, истакна претседателот.

Тој потенцираше дека со Охридскиот рамковен договор била отворена вратата за правична застапеност на граѓаните од сите, а не само за една заедница.

Недозволиво е, смета македонскиот претседател, некои лидери на парламентарни партии на преговарачка маса да ги ставаат државните интереси на Република Македонија, како што рече, спротивно на Уставот на Република Македонија.

– Во името на македонските граѓани, ги предупредувам да внимаваат што прават. Во името на македонските граѓани, им порачувам да не помислат во нивните постизборни комбинаторики да разговараат или преговараат за државните интереси на Македонија и националните интереси на Македонскиот народ. Бидејќи за државните интереси ниту се разговара, ниту се преговара, потенцираше македонскиот претседател.

Додаде дека никој нема мандат да ја прекројува државата, да го менува нејзиниот идентитет.

– Никој нема мандат да го продава она за што сонувале и гинеле генерации, а тоа е слободата и независноста на Република Македонија. Република Македонија ниту е, ниту ќе се согласам да биде бинационална држава. Република Македонија ниту е, ниту ќе се согласам да биде федерална држава. Република Македонија е унитарна држава со мултуетничко, мултирелигиско и мултијазично општество, истакна Иванов.

Осврнувајќи се на изборите и постизборниот период претседателот уште еднаш им честита на граѓаните, истакнувајќи дека со распределбата на своите гласови тие всушност ги принудиле партиите да водат дијалог во институциите, но, не по цена на државните интереси.

– Граѓаните разбраа дека за да се излезе од кризата не е потребно надгласување, туку усогласување, не е потребно уценување, туку помирување, рече Иванов, додавајќи  дека граѓаните најодговорно си го исполниле својот дел од договорот наречен демократија.

Претседателот Иванов истакна дека со ова обраќање ја исполнува својата уставна обврска да информира за прашањата од негова надлежност и дека за обраќањето писмено ќе го извести Собранието на Република Македонија.

Годишното обраќање наместо во Собранието на Република Македонија беше од кабинетот на Иванов, бидејќи новиот собрански состав се уште не е конституиран