Прво Заев нека каже што прифатил, па потоа ќе избираме претседател на Собранието

Пратеникот Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ, од собраниската говорница денес порача дека Собранието на Република Македонија не смее да премине на следната точка додека не се расчисти и не се стави на очиглед на јавност што Зоран Заев и СДСМ прифатиле со Тиранската платформа, односно што договориле и дали граѓаните го поддржуваат тој договор.

-Не смееме да поминеме на следната точка на дневен ред се додека не се расчисти што е договорено со прифатената Тиранска платформа од страна на Зоран Заев и СДСМ, рече Манојлоски.

Манојлоски: Албанските партии јасно кажаа дека нема да го поддржат СДСМ ако не ја спроведе Тиранската платформа

Пратеникот Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ денес во Собранието на Република Македонија потсети дека албанските партии  од говорницата во Собранието јасно кажаа дека нивните потписи му ги даде на СДСМ само заради тоа што Заев ја прифатил во целост тиранската платформа.

-Овие денови сме сведоци дека дебатата што ја почнавме тука во Собранието и тоа како е корисна и ќе доведе до решавање на многу дилеми. Откако на почетокот на дебатата јавно ни беше презентирана платформата од нашите колеги од албанскиот политички блок со забелешка дека без нејзино целосно спроведување нема да го поддржат СДСМ да формира Влада, полека но сигурно и нејзините креатори однадвор, како и однатре, почнаа да ретерираат во своите ставови. Прво дека нема платформа, дека тоа е декларација, па потоа дека не е составена во Тирана, дека е составена во Скопје – рече Манојлоски.