ОО СДСМ Гостивар: Хаос во базата, членството разочарано, револт кон централата, јавно оградување од кадровската политика на Заев и Кирацовски

Во моментот се случува општ хаос во базата на СДСМ, а резултатот е масовно разочарување на членството на СДСМ.

Последен е примерот со Општинската организација (ОО) СДСМ Гостивар, во која кулминира незадоволството од именувањето на Славе Арсоски за директор на Водостопанство на Република Македонија.

Оваа реакција е само една од многуте реакции на најновите кадровски решенија на централата во Скопје, како и кадровската политика што ја водат премиерот, Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

-ОО СДСМ Гостивар го известува своето членство дека Славе Арсоски поранешен претседател на ОО СДСМ Гостивар и пратеник од редовите на СДСМ во периодот од 2002-2006 год, од 2006 год. е член на НСДП. Во период од 2006-2008 кога НСДП коалицира со ВМРО-ДПМНЕ истиот е поставен на истата функција како денес односно директор на ЈП Водосттопанство на РМ. ОО СДСМ Гостивар од првиот момент на сознаније дека НСДП го спрема истиот како кадар за погоре наведеното место реагираше кај структурите од НСДП како на локално така и на Централно нив меѓутоа истите не ги послушаа нашите сугестии. Од тие причини ОО СДСМ Гостивар се оградува од назначување на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на РМ, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Гостивар.

РАСПАД НА СДСМ СТРУМИЦА: КАДРОВСКА ВОЈНА МЕЃУ СОВЕТНИЦИТЕ НА СДСМ, ОБВИНУВАЊА ЗА БИЗНИСИ, АЛЧНОСТ, ЛАКОМОСТ, ЕГОИЗАМ, МИЗЕРЕН КАРАКТЕР И ПРЕПОРАКА ЗА ДИЈАЗЕПАМИ

Љубинка Вета и Наќе Гогов, двајцата советници од СДСМ во Советот на општина Сттрумица отворија војна на социјалните мрежи, со обвинувања за бизниси, алчност, лакомост, егоизам, мизерен карактер и препорака за дијазепами, пишува порталот Денешен.

-Еднаш неправедно матичната партија СДСМ го разреши од директор на тогашниот Медицински центар во Струмица, во моментот кога тогашниот министер за здравство, планираше да го прогласи за најуспешен менаџер. Сега не го разрешивте, се разбира, зошто требаше да назначите директор на ЈЗУ Општа болница Струмица, а тој беше во трка со колегата Др Наке Гогов, Многу размислуваше пред да каже дали би сакал повторно да биде кандидат, зошто тој лесно не носи одлуки, ама ако донесе, таа е поткрепена и со план и стратегија за понатамошно дејствување за да ги постави работите како што тој умее – под конец. Одговорноста и посветеноста се негови најголеми доблести. Сте побарале од Здравствената комисја во Скопје двајца кандидати, тој, мојот брат на 57 години-специјалист анестизиолог, мислам и примариус и Др Наке Гогов -специјалист невролог, кој за некој месец ќе прави 64 години. По вашите критериуми, кадровици од мојата партија, како што најавивте сте избрале најстручни и најспособни директори…а, изборот падна на Др Наке Гогов кој ми е од браншата и со кој сум заедно во Советот на Општина Струмица, пишува Вета.

Наќе Гогов

На ваквиот статус на Вета реагираше Миле Гогов, син на новиот директор на болницата Наќе Гогов.

-Навидум си културна, навидум ти не навредуваш, а ти кажуваш дека одлуката паднала на ,,неспособниот,, Д-р Наќе Гогов.Епа вака да расчистиме едно. Ти бааги време имаш раскрстено со докторството.Мојот татко одлучи да биде доктор, а ти бизнисмен или бизнис-woman, на што не ти е таа лоша варијанта.Имаш заборавено дека мојот татко ти има помогнато додека ти работеше приватно до многу скоро. Имам слушнато за многу доктори пофални зборови, некои критики. Ама за тебе освен некаковото лигавење по фб, НЕ СУМ ВИДЕЛ НИТУ СЛУШНАЛ НЕКАКВА СИ ДИЈАГНОЗА , ЛИЧНО ОД ТЕБЕ,НЕКАКВО ЛЕКУВАЊЕ НА ГЛАВОБОЛКА,ВРТОГЛАВИЦА, РАЗРЕШЕН СЛУЧАЈ, пишува Гогов меѓу другото.

СДСМ од Струмица стоеше зад Др. Јане Араников, кој беше поддржан од актуелните пратеници на СДСМ Др. Катерина Кузмановска и Др. Коста Јаневски. Др. Араников ја имал и поддршката на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Љубинка Вета

Но, одлуката и препораката на општинската организација од Струмица за Др. Араников е сменета од централата на СДСМ, со поддршка на министерот Љупчо Николовски, по што Гогов е поставен за директор на болницата. Министерот Николовски периодов повеќе пати беше во Струмица поради проблемите со бостанот, но сега активно се вклучува во кадровска политика.

Миле Гогов, син на Наќе Гогов

На хаосот во ОО на СДСМ Струмица придонесуваат крајно влошените односи помеѓу претседателот на СДСМ и екс пратеникот на СДСМ Марјан Даскаловски, заедно со секретарот Илија Патриков, а кои се отворено против актуелниот ВД градоначалник Коста Костадинов, кој е личен избор на Заев.

Марјан Даскаловски

УПРАВЕН ЈА ПРИФАТИ ТУЖБАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има прегласување во Гостивар за косоварката Фатиме Сулејмани

Управниот суд го отфрли решението на ДИК за прегласување во Гостивар на избирачкото место на Фатиме Сулејмани од Гостивар, каде што беше спорно дали таа сакала да гласа два пати, или некој го фалсификувал нејзиниот потпис

Урп бр.517/2016

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите М-р Есма Алибашиќ Јонуз како претседател на советот, Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, М-р Тања Терзиева и Ељмедине Асани – членови на советот, со записничарот Роберт Јордев – судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителот Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, поднесена преку овластен претставник Емил Димитриев против Решението на Државната изборна комисија УП 1 10-487 од 16.12.2016 година, на јавната седница одржана на ден 20.12.2016 година, во присуство на претставникот на тужителот Александар Михајловски, согласно член 150 став 3 од Изборниот законик, донесе:

П Р Е С У Д А

Тужбата на тужителот Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, СЕ УВАЖУВА.

Решението на Државната Изборна Комисија УП 1 10-487 од 16.12.2016 година СЕ ПРЕИНАЧУВА и СЕ ОДЛУЧУВА:

Приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година, поднесен од подносителот на листа на кандидати – политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, согласно чл.147 став 3 алинеа 2 од Изборниот законик, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕУРЕДЕН.

О б р а з л о ж е н и е

Со Решението на Државната изборна комисија УП 1 10-487 од 18.12.2016 година, приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година поднесен од подносителот на листа на кандидати политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, се уважува и резултатите од гласањето по листите на кандидатите за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, на гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, врз основа на чл 151 став 2 алинеја 6 од Изборниот законик, се поништуваат.

Незадоволен од донесената одлука, Коалицијата за предвремени избори на Пратеници 2016 година предводена од ВМРО ДПМНЕ преку овластен претставник Емил Димитров, поднесе тужба во законски предвидениот рок до Управниот суд преку Државната изборна комисија, со уредно овластување против Државната изборна комисија претставувана од Претседателот Александар Чичаковски со основ поништување на решение УП 1 10-487 од 16.12.2016 година, а врз основа на член 151 став 4 од Изборниот законик в.в. со член 46 став 1 од Правилникот за начинот и постапката на решавање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година. Тужителот во тужбата, донесеното решение од страна на Државната изборна комисија го оспорува како незаконито, поради повреди од формално правен аспект на одредбите на Изборниот законик и подзаконските акти, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право.

Судот постапувајќи по тужбата на тужителот, а врз основа на списите по предметот, најде дека:

Тужбата на тужителот е основана.

Согласно член 147 став 3 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, бр.136/2008, бр.148/2008, бр.155/2008, бр.163/2008, бр.44/2011, бр.51/2011, бр.142/2011, бр.31/2013, бр.34/2013, бр.14/14, бр.30/14, 196/15, бр.35/16, бр.97/16 и бр.99/16), приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат:

· место, време, опис на направената повреда, сторителот и доказите на кои подносителот се повикува;
· име, презиме и потпис на подносителот на приговорот, односно на овластениот претстваник и
· електронско сандаче за прием на писмената.

Согласно член 5 став 1 точка 6 од Правилник за начинот и постапката за решевање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година на Државната изборна комисија, приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат потпис на подносителот на приговорот.

Согласно член 41 став 1 алинеа 1 од Правилникот, со решение приговорт се отфрла.

Согласно цитираните одредби од Изборниот законик и Правилник за начинот и постапката за решавање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година на Државната изборна комисија, Судот од извршениот увид во Приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година, во оригинал, поднесен од подносителот на листа на кандидати политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкотот место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, утврди дека приговорот не содржи потпис од подносителот на приговорот, односно на овластениот претстваник Блерим Сејди ниту електронско сандаче за прием на писмената што е спротивно на член 147 став 3 од Изборниот законик, поради што Државната Изборна Комисија погрешно го применила материјалното право, постапувајќи по приговорот, без потпис, кое нешто не е спорно ниту на тужениот орган ниту на тужителот, а е наведено во образложението на оспореното решение, дека приговорот не е потпишан.

Судот, согласно чл.150 став 2 и 3 од Изборниот законик, одлучи како во изреката на пресудата и одлуката ја донесе, едногласно со 5 гласа ,,ЗА”.

ПРЕСУДЕНО ВО УПРАВЕН СУД на 20.12.2016 година под УРП.бр.517/2016.

Записничар – судски соработник Претседател на совет – судија
Роберт Јордев М-р Есма Алибашиќ Јонуз

Пресудата да се достави на:

-тужител – Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ

-тужен орган – Државната Изборна Комисија

Претседател на совет – судија
М-р Есма Алибашиќ Јонуз

ЈОРМ: Оформен е предмет за поништеното гласање во Гостивар

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека активно постапува по сите предмети поврзани со изборни нерегуларности кои беа оформени во предизборниот период и на денот на изборите.

Во таа насока, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на седницата на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име. Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Груевски: Со векови живееме заедно, не ни требаат кантони и двојазичност за соживот

На 11 декември истовремено ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа, но до СДСМ народот ќе испрати една силна порака преку поразот кој и следува. Пораз затоа што го потценуваат македонскиот граѓанин, затоа што се пазарат со државните и национални интереси за да дојдат до власт. Пораз затоа што сметаат дека некој друг треба да ги направи премиер и партија на власт, а не овој народ, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски на митингот одржан во Гостивар.

-Ќе доживеат и пораз затоа што се расфрлаат со лажни и нереални ветувања и со тоа го поценуват сопствениот народ. Каде и да отидат даваат лажни ветувања, лажни зголемувања на плати, пензии, социјални помошти, од ништо непресметано. Веруваат дека народот тоа нема да го забележи, туку дека ќе се воодушеви од некои енормно високи суми кои се нереални и дека ќе гласа за нив. Овој народ е мудар и тој точно знае да процени што е реално, а што лага и измама

Тој потенцираше дека СДСМ ќе се соочи со тежок пораз затоа што се поигрува со иднината на државата и со животот во неа.

-Со правење на се она кое порактично никој и не го бара од нив. Со нивните понуди за кантонизации со кои може да ни се растури државата. Ние си имаме соживот во Македонија, нам не ни требаат кантони кои еден ден ќе се растураат, со референдуми ќе прогласуваат независност и ќе се дели и парчи Македонија. Нам ни треба силна, суверена, унитарна Република Македонија, економски силна и моќна со добар квалитетен живот на сите граѓани и на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати кои живеат во Македонија. Со векови живееме заедно. Не ни требало кантони за да живееме заедно, не ни требале насадени двојазичности низ целата територија, не ни требало купување на гласови и исполнување на туѓи агенди за да се дојде на власт за да го подобриме соживотот. На нашите граѓани потребна им е подобра економија, нови работни места како што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе отворат нови 70.00 работни места, потенцираше Груевски.

ФОТО: 73 годишен гостиварец фатен со кокаин – неуспешна испораката на дрогата до Австрија

Министерството за внатрешни работи по спроведена истрага спречи меѓународен транспорт на наркотична дрога кокаин во вкупна тежина од 580 грама, при што од слобода е лишен М.А.(73) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Гостиварецот, откако ја земал дрогата од лице во Гостивар истата требало да ја пренесе во Виена, но бил откриен на граничниот премин Табановце.

Starec-gostivarec-kokain-1

Од страна на судија на претходна постапка по поднесената кривична пријава на осомничениот определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Starec-gostivarec-kokain-2

-Инаку по преземените мерки и активности утвдено е дека пријавениот, од засега непознато лице-албански државјанин преземал наркотична дрога кокаин со намера истата да ја транспортира и предаде на лице во Австрија, со што би се стекнал со против правна имотна корист од 700 евра. Во периодот од 12ти-18ти месецов М.А. остварил средба со лицето во Гостивар, при што му била предадена патничка торба-црна боја во кој била сместена наркотичната дрога кокаин и 350 евра, а останатите 350 евра требало да му бидат дадени од лицето во Виена, по успешниот меѓународен транспорт, информираат од МВР.

Starec-gostivarec-kokain-3

На 20.08.2016 година на граничниот премин Табановце на излез од Р.Македонија во автобус со охридски регистарски ознаки кој сообраќал на линија Струга-Виена, од страна на полициски службеници и царински службеници од Царинската Управа на РМ, автобусот  е селектиран за детална контрола и при претрес пронајдена е патничката торба на седиштето до пријавениот и во неа пронајдено е полиетиленско пакување со прашкаста материја, за што по извршени прирачни тестови утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин.

Starec-gostivarec-kokain-4

Пронајдената прашкаста материја е доставена до Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење, при што од извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин во количина  од 580 грама.

Starec-gostivarec-kokain-5 Starec-gostivarec-kokain-6 Starec-gostivarec-kokain-7 Starec-gostivarec-kokain-8 Starec-gostivarec-kokain-9 Starec-gostivarec-kokain-10

ФОТО: Груевски во Полог – Промовирани проекти во вредност од шест милиони евра

Во Полошко денеска се промовирани проекти во вредност од 6 милиони евра. Во посета на општините Тетово и Гостивар денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во Брвеница направи увид на реконструираниот пат од Брвеница до Гостивар кој ги поврзува селата под Сува Гора, присуствуваше на поставување камен темелник на нова спортска сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, а направи увид и на работите на зградата за социјални станови во Гостивар.

Gruevski-Polog-6

При крај се завршните работи на рехабилитација и реконструкција на регионалниот пат Тетово – Гостивар делница Брвеница – Чегране.  Груевски направи увид на работите и се сретна со жители од неколку тетовски села од овој крај.

– Ова е регионалниот пат што оди од Брвеница до Чегране. Целата должина на оваа делница е 16 километри. Вкупната вредност е околу еден милион и 800 илјади евра. Патот е скоро секаде проширен, останаа уште три километри, но секаде е рехабилитиран. Сега има ширина од 5,5 метра. Остана уште овој мост (кај Брвеница). 98 проценти се завршени.  Мостот е незавршен затоа што чекавме да се исуши бетонот и да го тргнеме шалувањето, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта најавувајќи завршување на мостот за околу две недели.

Gruevski-Polog-7

По завршувањето на работите на мостот целата должина на овој пат ќе биде обележана со сигнализација.  Регионалниот пат ги поврзува селата Брвеница, Теново, Радиовце, Форино, Чегране, Гостивар и Чајле.

Кај селото Брвеница направена е и клучка. Едниот крак од клучката ставен е во употреба, а се очекува наскоро да биде завршен и вториот крак.

Директорот на државни патишта Александар Стојанов го информираше Груевски дека има проблем со имотно правните односи на вториот крак од Гостивар кон Брвеница и дека случајот е на Виш управен суд.

Gruevski-Polog-5

Државниот секретар од Министерството за транспорт и  врски Божидар Петроски информираше дека во село Брвеница треба да се направи канализациска мрежа чија вредност изнесува 500 илјади евра од коишто 350 илјади евра се од буџетот, а останатите 150 илјади треба да ги обезбеди локалната самоуправа.

– Веќе проектот е цел готов, се правеше ажурирана подлога. Со градоначалникот треба да се договорме кои краци треба да се направат во рамки со буџетот  што го имаме, рече Петроски.

Очекувањата се дека во вториот дел на наредната година би требало да биде завршена  канализацијата во Брвеница.  Жителите на Брвеница исто така побараа  атмосферска канализација која во одредени делови во селото би спречила од евентуални поплави.

Gruevski-Polog-4

Груевски исто така денеска во Гостивар присуствуваше на ставање камен темелник на спортска сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“.

Дел од ова училиште се реконструира, а се гради и сосема нов дел. Се очекува работите во овој дел на училиштето да завршат до крајот на годината. Во него учат околу илјада ученици, а 300 се во подрачните одделенија на училиштето, ученици од македонска, албанска и турска етничка припадност.

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта и директорот на ова училиште се заблагодарија за поддршката што ја добиле за изградба на ваква спортска сала во рамките на ова училиште.

Според директорот на училиштето, со изградбата на салата ова училиште ќе биде едно од најсовремените во градот.

Gruevski-Polog-3

Државниот секретар во Министерството за образование и наука Елизабета Тодоровска информираше дека инвестицијата за изградба на спортската сала изнесува 40 милиони денари.

– Ова е од големите сали за тип А, 1.300 метри квадратни со трибини, со опрема за сите спортови – мал фудбал, кошарка, ракомет…Периодот за градба е минимум една година. Се очекува за 15 месеци да биде готова, рече Тодоровска.

Во тек е изградба на девет спортски сали во земјата, вклучувајќи ја и денешната, а како што кажа Тодоровска, планирано е до крајот на годината да биде почната изградбата на уште шест спортски сали во Скопје, во Дојран, во Виница, во Охрид и во Струга.

– Засега се готови 55 од кои 30 се спортски сали во средни училишта. Во Гостивар има уште една спортска сала, а пуштена е во употреба во 2013, рече Тодоровска.

Gruevski-Polog-2

Груевски денеска направи увид и на активностите на изградбата на објект Тоскалар со 70 станови за лица со социјален ризик и други групи.

Оваа е една од зградите коишто се планирани со програмата на Владата за лица со социјален ризик, социјално ранливи категории приматели на постојана парична помош и деца без родители.

Директорот на ЈП за станбен и деловен простор Цветко Грозданов информираше дека вакви станови во моментов се градат во Гостивар, Кочани и Македонски Брод. Оваа зграда во Гостивар, како што кажа тој, планирано е да се пушти во употреба во март 2018 година.

Gruevski-Polog-1

– Ние се наоѓаме некаде три до четири месеци пред динамиката и се надеваме дека порано ќе биде пуштена во употреба. Во Кочани исто така изградбата е десет месеци пред динимиката, а  во Македонски Брод е во рокот. Во моментов во тек е примопредавањето  или потпишувањето на договорите во други три општини каде Министерството за транспорт и врски го извлече жребувањето за станови за овие социјално ранливи категории, рече Грозданов.

Овие социјални згради за коишто се примопредаваат договорите се наоѓаат во Прилеп, Ресен и Демир Хисар.

– Во овие три градови веќе се завршени 119 станови и во тек е примопредавање на клучевите на добитниците. Во зградата во Гостивар и во другите два града ќе има 123 стана кои што ќе бидат предадени во текот на 2017 година, рече Грозданов.

На крајот на посетата на општините Тетово и Гостивар претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се сретна со жителите на гостиварската населба Циглана.

Работна посета на Груевски во Тетово и Гостивар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес ќе оствари посета на општините Тетoво и  Гостивар.

Во 12:45 ќе оствари посета на с. Шипковица и средба со жителите.

Тој ќе оствари посета и увид на рехабилитиран регионален пат Тетово – Гостивар (делница Брвеница – Чегране );

Ќе присуствува и на поставување на камен темелник за изградба на училишна спортска сала во ОУ. Мустафа Кемал Ататурк – Гостивар;

Груевски ќе изврши увид во активностите при изградба на објект Тоскалар со 70 станови за лица со социјален ризик и други групи  и средба со жители на Гостивар.

ФОТО: Чавков со делегација од МВР во Гостивар им одаде почит на загинатите херои

Денес во Гостивар им се оддаде почит на загинатите гостиварски херои кои минатата година загинаа од терористичките напади во Диво Насеље. Високи преставници на Министерството за внатрешни работи, предводени од заменик министерот Митко Чавков присуствуваа на панихидата.

Cavkov-Gostivar-1

На годишнината од терористичкиот напад во Диво Насеље,граѓаните од Гостивар  им одадоа чест и почит чест на младите полициски службеници кои до последен здив ја бранеа родната земја.Панихидата најпрво се одржа во селото Зубовце, на вечното почивалиште на Херојот Ненад Серафимоски, а потоа на градските гробишта во Гостивар каде почива Херојот Горан Илиески.На панихидите присуствуваше висока делегација на Министерството за внатрешни работи предводени од заменик  министерот, Митко Чавков.

Во дводневните битки против терористичко-криминалната група во кумановската Дива населба, животите ги загубија полицајците: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Cavkov-Gostivar-3 Cavkov-Gostivar-4

ФОТО: Груевски во Гостивар го даруваше најсреќниот верник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за денешниот празник Богојавление – Водици беше во Гостивар, каде присуствуваше на чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар.

Gruevski-Vodici-Gostivar-2

По прв пат светиот крст е во рацете на Горан Божиновски кој по истиот скокаше во осветените води на Вардар во Гостивар.

Gruevski-Vodici-Gostivar-9

На среќниот Горан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој присуствуваше на манифестацијата му подари икона на која е претставен Ангелот од Курбиново и лап-топ компјутер.

Gruevski-Vodici-Gostivar-11Gruevski-Vodici-Gostivar-12Gruevski-Vodici-Gostivar-4Gruevski-Vodici-Gostivar-3

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Груевски на одбележување на Богојавление Водици во Гостивар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес беше меѓу верниците во Гостивар по повод одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Тој присуствуваше на чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар.

Gruevski-Vodici-Gostivar-1 Gruevski-Vodici-Gostivar-2Gruevski-Vodici-Gostivar-6 Gruevski-Vodici-Gostivar-7 Gruevski-Vodici-Gostivar-8

По прв пат светиот крст е во рацете на Горан Божиновски кој по истиот скокаше во осветените води на Вардар во Гостивар.

Gruevski-Vodici-Gostivar-9 Gruevski-Vodici-Gostivar-10

На среќниот Горан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој присуствуваше на манифестацијата му подари икона на која е претставен Ангелот од Курбиново и лап-топ компјутер.

Gruevski-Vodici-Gostivar-11 Gruevski-Vodici-Gostivar-12Gruevski-Vodici-Gostivar-5Gruevski-Vodici-Gostivar-4Gruevski-Vodici-Gostivar-3

Фото: МИА