ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да одговара – тој се луксузира додека граѓаните трпат последици поради неисчистениот снег

VMRO-DPMNE-kamen

Катастрофална е состојбата во Струмица после врнежите од снег и студеното време. Најголема вина за тоа носи незаинтересираниот и неспособен градоначалник Зоран Заев кој граѓаните ги остави на цедило, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Срамно е аболицираниот криминалец Зоран Заев да дозволи струмичани да си ги кршат рацете и нозете по струмичкиот мраз кој не е исчистен од улиците и тротоарите затоа што Заев или е на новогодишен одмор во монденски одморалишта, или си ги вози скапите играчки по планините, далеку од проблемите на струмичани.

Минатиот викенд во Струмица повеќе од 30 лица побарале медицинска помош поради повреди при лизгање и паѓање на мразот кој Зоран Заев и локалната самоуправа не го исчистија од струмичките улици. Дури 12 струмичани се здобиле со скршеници, а некои од нив дури и завршиле на операциона маса.

За жал деновиве слушнавме и за два трагични случаи со фатални последици за време на поларниот студ во Струмица. Еден живот згаснал поради премрзнување, а вториот додека брзата помош не можела да стигне да интервенира поради неисчистените патишта во општината на Зоран Заев.

За ова аболицираниот криминалец мора да понесе одговорност. Додека тој се луксузира и забавува во монденски одморалишта и на снегот далеку од градските мразови, неговите граѓани добиваат препораки од лекарите да не излегуваат од дома за да не си скршат раце и нозе на мразот кој Заев не го исчистил.

Ете што аболицираниот криминалец Заев направи од градот. Хаосот во Струмица е доказ за неговата непсособност. За него е најважен личниот луксуз и профит.

Него никогаш не го интересирале граѓаните и нивните животи, туку само луксузот, личното криминално богатење и милионите што секојдневно легнуваат на сметка на неговите најблиски.

Истото што го направи со милионите од Глобал го прави со милионите од струмичкиот гас, го прави со дивоградбата на Цареви кули и со сите криминални тендери во општината.

ЗАЕВ СЕ ПИШМАНИ: Останува градоначалник на Струмица (ВИДЕО)

zaev-gas-strumica

ЗОРАН РЕЧЕ, ЗАЕВ ПОРЕЧЕ!

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не се повлекува од функцијата градоначалник на Струмица иако претходно, пред советниците на општината говореше дека си дава оставка и дека ќе оди на друга функција, алудирајќи дека ќе биде нов премиер.

Но, како што веќе сме навикнати: Зоран рекол, Заев порекол! А ние сме тие кои не сме го разбрале.

– Беше заменет заменик градоначалникот, пратеничката Катерина Кузмановска стана пратеник и таа беше заменик градоначалник од редот на советниците. Вчера само објавив дека друг ќе ја води функцијата заменик крадоначалник и реков дека ова е последна седница на советот на Општина Струмица за оваа година – одговори Заев на новинарско прашање во петокот, на прес конференцијата пред Собранието.

Одлука, дека ќе се повлече од функцијата, тој ја соопшти на седницата на на Советот на општината пред 4 дена, на која ги информираше советниците дека ова ќе му биде последна седница на која тој учествува бидејќи мандатот како градоначалник му завршува поради заминување на друга функција.

-Во следните денови настапува престанок на функцијата градоначалник порадизаминување на друга функција и согласно законот сакам да ги информирам советниците, а преку медиумите и граѓаните дека наредните денови ќе именувам заменик градоначалник согласно законот. Досега функцијата заменик градоначалник ја вршеше сегашната или идната пратеничка доктор Катерина Кузмановска. – рече тогаш Заев. (ВИДИ ВИДЕО)

Заев пред само 4 дена информираше дека согласно законот вршителот на должноста градоначалник треба да биде поставен од редот на советниците и затоа на оваа позиција го именува Костадин Костадинов, актуелен советник и претседател на локалниот клуб на млади на СДСМ во Стрмица кој исто така беше и кандидат за пратеник на листата на СДСМ на последните предвремени парламентарни избори.

СТРУМИЦА БАРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК: Кучиња ги напаѓаат луѓето, градот пропаѓа, Заев си го тера „ќејфот“

strumica-gradonacalnik-transparent-1

Повеќе од две години, од моментот на почнувањето на деструктивниот поход на струмичкиот градоначалник низ Македонија, градот е оставен на милост и немилост да пропаѓа и деградира додека струмичката администрација безмилосно ги троши народните пари

strumica-gradonacalnik-transparent

Кучиња скитници кои напаѓаат луѓе, катастрофално ниво на јавна чистота, неуредени зелени површини, осветлување кое откажува, улици полни со дупки се само дел од катастрофалната слика за Струмица која западна во немилост на времето да пропаѓа благодарение на негрижата на градоначлникот.

Додека градот пропаѓа, градската администрација продолжува безмилосно да ги троши народните пари, делејќи тендери на лица блиски до кланот Заеви. Последен во низата беше тендерот за справување со кучињата скитници, тендер во вредност од речиси милион и половина илјади денари доделен на ветеринарна станица од Богданиц, кои со прст немаат мрднато да се справат со проблемот.

strumica-kucinja-skitnici

Претходно, во јавноста излегоа низа скандали во кои беше вмешан токму градоначалникот и неговиот фамилијарен клан, за злоупотреба на општинскиот буџет за богатење на фирми блиски до Зоран Заев.

Сето ова, се случува веќе две години, а на Струмичани веќе им дојде преку глава па пред два дена поставија транспарент на кој јавно побараа нов градоначалник за Струмица, бидејќи актуелниот едноставно воопшто не се грижи за градот.

Инцидент во кабинетот на градоначалникот: Му се заканувал дека ќе го убие

stip

Вчера во 13.40 часот градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев во полиција пријавил кривично дело загрозување на сигурноста извршено од страна на К.П.(59) од Штип.

Истиот ден околу 13.30 часот во кабинетот на градоначалникот на општина Штип дошла вработената А.Д., која му кажала дека од нејзината службена просторија без нејзино одобрение биле земени документи од страна на лицето К.П. Веднаш било побарано од обезбедувањето да го отстранат К.П. од Општината.

За кратко време вокабинетот на градоначалникот ненајавено и без одобрение влегол К.П. и упатил сериозни закани по животот и телото на градоначалникот.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

ЗАЕВ ФАТЕН ВО НОВ КРИМИНАЛ: Црпнатиот лапнал милиони за хотел во Струмица

Zaev-kriminal-hotel-Strumica

Речиси и да нема ден во јавноста да не излезе нов скандал, афера, криминал или обвинување за мито и корупција на лидерот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица Зоран Заев, кој себеси пред јавноста сака да се претстави како праведен човек од средната класа со богатство од неколку милиони евра, ексклузивни хациенди, автомобили, куќи, бројни фирми, бизниси…

Зоран Заев е единствениот човек во Македонија, а можеби и пошироко кој два пати е аболиран за тежок криминал, чија вредност се брои во милиони евра, а освен тоа ослободен е и од обвинувањата за шпионажа, закани кон високи државни фунцкионери и што ли уште не од палетата на Кривичниот законик.

Првата голема афера во која беше вплетка и директно профитираше лидерот на СДСМ беше аферата „Глобал“ во која тој беше обвинет дека проневерил, односно незаконски присвоил 8 милиони евра за изградбата на трговскиот центар и затворен пазар во Струмица. За овој криминал Заев беше аболиран од тогашниот претседател на Р.Македонија и негов партиски лидер Бранко Црвенковски, на кој подоцна Заев му се „заблагодари“ со внатрепартиски пуч!

По аболирањето кое го прими од Црвенковски, се до моментот додека не стана претседател на СДСМ за Заев малку се знаеше и слушаше. Речиси стана анонимус на македонската политичка сцена, но откако влезе во сериозни и неаргументирани обвинувања кон поединци од владеачката партија, јавноста почна да се интересира за неговата искреност, и набрзо на виделина излегоа бројни скандали и криминали.

Прво беа објавени снимки обезбедени преку посебни истражни мерки од неговиот кабинет, како тој бара мито во вредност од три евра по квадрат. Дури е снимено и како тој ја објаснува технологијата на земање на мито, за работа која со закон е должен да ја заврши.
Технологијата подразбира, „Едно евро за Вицето, едно за Црквата (партијата), едно за Зоки“.

Откако беше обвинет за ова дело, тој ја спрегна машинеријата ботови (машини со вештачка интелегенција) да излезат по улиците и да предизвикуваат хаос, а тој реши да не го почитува судот па едноставно не се појавуваше на закажаните рочишта, а судскиот систем затаи и не го обезбеди пред лицето на правдата. Потоа беше аболиран.

На Заев исто така му се препишуваат и тешки кривични дела против безбедноста на државата, како шпионажа во процесот на соработување со странски разузнавачки служби и прибавување на нелегално стекнати прислушувани материјали, кои подоцна ги користел за уцена и изнуда на високи државни функционери. Откако ова не му „запали“, тој реши истите јавно да ги објавува што само по себе е кривично дело.

Исто така, на Зоран му се препишува и соработката со голем број на озогласени криминалци, а се претпоставува дека е вмешан и во аферата „Фабрика“ во која првоосомничен е Закир Беќири – Чауш, за масовно печатење на фалсификувани документи и исправи. Повторно, органите на прогонот решија да го остават на мира.

Неодамна во јавноста излезе и скандал со тендери на општина Струмица кои спротивно на закнот се доделувале на фирма блиска до Заев, односно во сопственост на висок функционер на СДСМ од Струмица. Поточно, Заев договарал тендерски набавки за превоз на ученици, кои ги доделувал на фирмата „Тритерол“ иако понудите на оваа фирма биле неколку пати поскапи од останатите доставени понуди. За ова, финансиската полиција реши да спроведе истрага, па упадна во општина Струмица каде што заплени документи, но и во фирмата која ги земала парите.

Заев исто така е осомничен и во случајот „Пуч“ во кој првоосомничен е Зоран Верушевски. Овој предмет се однесува на нелегалното прибавување на прислушувани материјали, како и поради пресретнатата комуникација помеѓу првоосомничениот Верушевски и неговиот соработник кои договараат граѓанска војна во Македонија.

Денес, неделникот „Република“ најави нов скандал на Заев.

Naslovna-Republika-Zaev-hotel

Се работи за афера во која е вклучен Заев, а се однсеува на нелегална изградба на луксузен хотел во Струмица, случај сличен на „Глобал“

Документите и фотографиите до кои дојде „Република“ покажуваат дека Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс, кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година. Повторно, се работи за бизнисмен што е добро познат на Заев и на општинската администрација како сопственик на компанија што често добива општински тендери. Откако со Законот за легализација го реши проблемот со „Глобал“, за кој беше помилуван, го злоупотребува ли Заев сега законот и за своите соработници?

Вака, „Република“ го најави новиот скандал.

Останува до утре да почекаме, и да бидеме сведоци на новиот криминал во кој е вплеткан најкорумпираниот политичар во Македонската историја, Зоран Заев!

ИМА ЛИ ПРАВДИНА: Дали СЈО и Апелација ќе постапуваaт за криминалот на Заев?

Apelacija-Zaev

Овие денови актуелена е политичката хајка организирана од Специјалното јавно обвинителство  (СЈО) и најголемата опозициска партија СДСМ против битолскоот градоначалник Владимир Талески.

Дел од судиите потклекнаа на притисоците од опозицијата и си поплукаа на претходната одлука доделувајќи мерка куќен притвор. Сега Апелација треба да одлучува по однос на жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола.

Во јавноста нема дилеми дека станува збор за класична политичка хајка, бидејки  е јасно дека Талевски постапувал законито кога станува збор за превозот на ученици.

Но, она што е вистински скандал е тоа што СЈО молчи кога станува збор за Струмица и превозот кој го организирал Зоран Заев, односно Катица Јанева нема намера кривично да го гони струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ.

Освен тоа што во просек струмичани плаќале скоро двојно поскап превоз, голем дел од тендерите припаднале на фирмата на функционерот на СДСМ, Лефтер Андонов. Во игра биле милиони, а Андонов добивал и по 9 тендери дневно.

-Фирмата на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов „Тритерол“ ДООЕЛ, не е единствена која добила близу 1 милион евра бизниси од општина Струмица. Тендери од општина Струмица добиле уште две други фирми на Лефтер Андонов со име „Тритерол бенз“ и „Тритерол турс“ ДООЕЛ. Во игра се милиони, а фирмите на Лефтер се апсолутно фаворити за добивање на сите тендери во Струмица. Преку фирмата „Тритерол бенз“ функционерот на СДСМ Лефтер Андонов ја снабдува општина Струмица со нафта, па така во ист ден „Тритерол бенз“ добива три тендери во декември 2012 година во висина од 1,5 милион денари, изјави Пишев вчера ан прес-конференција.

Истата фирма, рече Пишев, уште еден тендер претходно добила во висина од 389.400 денари.

-Истата „Тритерол бенз“ тендери добила и од струмичкото ЈП Комуналец, и тоа во ист ден во висина од цели 12.120.000 денари. Во 2014 година третата фирма на Лефтер Андонов „Тритерол турс“ исто така добива тендер од општина Струмица од дополнителни 115.640 денари. Со други зборови фирмите на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов се апсолутни фаворити на сите тендери на Општина Струмица. Кланот Заеви се зголемува и збогатува преку уште една фирма. Затоа ваквите сериозни сомневања за криминал мора да бидат расветлени. Сега е јасно зошто Струмица плаќа зголемена цена на превозот и скоро двојно повеќе од една Битола. Време е СЈО да се откаже од политичките хајки и да почне да се занимава со вистински сомненија за криминал кој постои во општина Струмица. Време е Заев да си оди. Струмица бара оставка од Заев, рече Пишев.

Од СЈО молк, а останува да се види како Апелација би расудувала и дејствувала доколку стануваше збор за Зоран Заев кој очигледно е вплеткан во голем потенцијален скандал во Струмица со дебела криминогена позадина на испумпување на општински пари. Дали Апелација би го сочувала интегритетот останува да се види во случајот на Талевски.

БИТОЛЧАНИ НА НОЗЕ: Градоначалникот Талески да биде ослободен од домашен притвор

Vladimir-Taleski

Сите знаат оти Заев барал поткуп и заедно со Верушевски се договарал да ја уништи Македонија, но оти се уште е на слобода

Владимир Талески е жртва на политички прогон и заканите на СДСМ кон судството. Како може Зоран Заев кој е аболициран криминалец да е недопирлив за Специјалното обвиниотелство, а Владимир Талески без сторен криминал да е во домашен притвор? Ова се дел од денешните реакции на битолчани, на републичките пратеници во Собранието Зоран Илиоски и Лилјана Кузмановска, како и претседателката на општинскиот Совет Силвана Ангелевска и претседателот на ОК на партијата од Битола, Борче Димитровски.

Сите знаат оти Заев барал поткуп и заедно со Верушевски се договарал да ја уништи Македонија, но оти се уште е на слобода.

– Дури и судиите знаат дека Зоран Заев украде осум милиони евра ама се уште е на слобода со аболицијата на Црвенковски кој директно ги спречи судиите да го процесуираат случајот „Глобал” и да ја спроведат правдата. Сите видоа како криминалецот Зоран Заев јавно се заканува дека е над судството, дека нема да ги почитува судските покани и дека не ги признава судиите и се’ уште е на слобода. Зоран Заев е свесен дека два-триесетте платени поддржувачи кои блокираат улици не се народот. Тој е свесен дека од ден на ден ја губи поддршката од чесните социјалдемократи и знае дека народот нема да му го прости ова што го прави со државата, нагласи Илиоски.

Владимир Талески е жртва на класична судско-политичка манипулација со јавноста чија цел не е спроведување на законот, туку очаен обид на СДСМ по маратонската серија погрешни и неуспешни чекори, да ги мотивира своите приврзаници и членови кај кои Заев се повеќе ја губи поддршката, смеаат во ВМРО-ДПМНЕ. Талески доби поддршка и од градоачалниците на Ресен и Новаци.

Вчера бевме сведоци на тоа како под силен, бескруполозен, бесрамен и јавен притисок на СДСМ, судиите потклекнаа и донесоа одлука која не е базирана на закони и факти и нема никаква врска со реалната состојба и со почитувањето на правдата и законите, туку служи за дневно-политички потреби на неуспешните политики на СДСМ насочени против сопствениот народ и институциите на државата, рече Илиоски.

Судот му определи мерка притвор на битолскиоот градоначалник Владимир Талески по жалбата на специјалното обвинителство од 14 јуни годинава, кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер”. Надзорот над куќниот притвор се наложува да го извршува СВР Битола. Владимир Талески практично треба да одговара зошто организирал бесплатен јавен превоз за учениците во Битола. Општината добила надлежност да спроведе групна јавна набавка за организирање бесплатен превоз на ученици и таа била извршена со согласност со сите директори на училиштата. Општината ги трансферирала до училиштата, а училиштата работат врз основа на договор потпишан со превозниците. Целиот случај „Транспортер” се однесува на постапка чие дејство е завршено.

КУРШУМ ЗА ИЗЕТ МЕЏИТИ: Избегал од 20 члена група која упаднала во неговата канцеларија

Izet-Medjiti

Чаирскиот градоначалник и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити пред два дена избегнал блиска средба со група од 20-ина лица кои упаднале во неговата канцеларија во општинската зграда на Чаир, дознава „Дневник“.

Нема информации која е групата и зошто насилно влегла кај Меџити. Од МВР ни го потврдија настанот, но и оттаму нема детали што барала групата од 20-ина лица од чаирскиот градоначалник. Се шпекулира и дека откако групата не го нашла Меџити во општинската зграда, како поздрав од посетата му оставиле куршум.

И покрај обидите да добиеме потврда од Меџити за упадот, градоначалникот вчера не одговараше на телефонските повици и на СМС-пораките за тоа кои се заканувачите, ни дали како предупредување групата му оставила куршум.

Неофицијално, кружат информации дека станува збор за бизнис-интереси или за притисок за реализација на нечии интереси.

Ни од партијата не сакаа да зборуваат за упадот на засега непознатата група во Општина Чаир.

Од МВР за „Дневник“ потврдија дека завчера вработен во Општината пријавил во полиција дека ден претходно околу 11.30 часот во општинската зграда на Чаир упаднала група од 20-ина лица и дека се упатиле кон канцеларијата на Меџити. Според полицијата, поголем дел од групата останал на првиот кат од општинската зграда, а само тројца се качиле на третиот кат, каде што се канцелариите на градоначалникот. Таму ја затекнале секретарката која им кажала дека градоначалникот е службено отсутен, по што тие ја напуштиле зградата.

Некои портали на албански јазик вчера пренесоа дека Меџити во општинските канцеларии го „посетиле“ двајца Kосовци. Според порталите, двете лица побарале Меџити да се повлече од градоначалничката функција. Градоначалникот за настанот ја известил партијата, но нема информации дали случајот е пријавен во полиција. Порталите информираат дека двајцата Kосовци ~ биле познати на приштинската полиција како проблематични. Се наведува и дека Kосовците биле блиски пријатели на друг функционер од Чаир и дека посетата се случила кога во ек се недоразбирањата меѓу функционери од чаирскиот разгранок.

Kој му се заканува на Меџити засега нема одговор ни од полицијата ни од партијата. Од ДУИ брифираат дека во чаирскиот разгранок врие откако неодамна се нарушени односите меѓу Меџити и претседателот на разгранокот Беќир Асани. Но партиски извори ја отфрлаат можноста дека зад упадот стои недоразбирањето меѓу двајцата функционери кои повеќе од 10 години неприкосновено владеат со Чаир.

Неофицијално, токму на 14-годишнината на ДУИ викендов, додека лидерот Али Ахмети повика на единство меѓу сопартијците, на состанок на разгранокот кулминирало нетрпението меѓу крилата на Меџити и на Асани со барање за оставка на чаирскиот градоначалник. Недоразбирањата меѓу двајцата функционери настанале по протестите на Албанците предводени од „Беса“ на кои учествувале значителен број чаирчани. Наводно, тогаш Асани го обвинил Меџити дека ја губи контролата и влијанието во Чаир. Според партиски информации, заладување на односите меѓу двајцата високи функционери дошло и по именувањето на внукот на Меџити за нов министер за економија.

Но, за „Дневник“ и Меџити и Асани демантираат дека се во кавга и дека меѓу нив има нетрпение.

– Ништо не е точно од тоа што се зборува од душегрижниците дека Изет и Беќир се скарани. Само тие што не ~ посакуваат добро на ДУИ и не сакаат да ги видат резултатите на разгранокот и на Општина Чаир може да измислуваат такви работи. ДУИ во Чаир е многу силна и сложна и тоа ќе го покажеме на изборите – вели Беќир Асани преку СМС-порака.

Извор: Дневник (Мариела Траjковска)

Кумановска Палестина: Градоначалникот никаде го нема, граѓаните без канализација, асфалтиран пат и осветлување

Kumanovo

Граѓаните на Куманово велат дека живеат во мизерија. Тие се револтирани од градоначалникот Зоран Дамјановски-Циц за кого велат дека не исполнува ништо што досега има ветено.
ku-palestinaa

Кумановците кои живеат во населбата Палестина преживуваат голгота. Велат дека името на нивната населба кажува се оти тоа не е нормално место за живеење.

-Со години бараме од градоначалникот да ни го асфалтира патот кој кога ќе заврне дожд се претвора во бара која не отсекува од цивилизацијата. Целата населба нема канализација. Го молевме градоначалникот безброј пати и тој во неколку наврати ни вети дека ќе не приклучи кон канализационата мрежа. Но, како што можете да видите ништо од сето тоа. До кога ќе чекаме? Срамота е за општината што толку години нема слух за нашите проблеми. Цело време живееме во страв бидејќи населбата нема улично осветлување, па навечер избегнуваме да се движиме. Како да живееме во среден век, се жалат овие граѓани.

Голем проблем за нив е тоа што немаат имиња на улиците, ниту броеви за нив. Тоа им претставува големи тешкотии при вадењето на лични документи.

-Што треба да направиме за да живееме како нормални луѓе? Каде е градоначалникот да не посети, да покаже дека барем малку се грижи за жителите на оваа држава. Срамота е господине Дамјановски, доаѓате во Палестина еднаш во четири години само за да соберете гласови за ваш нов мандат, а после тоа како да не постоиме, истакнаа тие.

Граѓаните од Палестина му порачаа на Дамјановски дека овој пат неговата негрижа и незаинтересираност нема да му бидат заборавени.

 

Циц дел од злосторничко здружување: Градоначалникот на Куманово обвинет за рекет за градежни дозволи?!

Zoran-Damjanovski-Cic

Градоначалникот на Куманово,  Зоран Дамјановски – Циц добил кривична пријава за злосторничко здружување со вработени во општината, судии, јавни правобранители, нотари и вработени во катастарот заради наводна вмешаност во издавање градежни дозволи.

Имено, МВР има поднесено кривична пријава против гореспоменатите лица, откако во истрагата било утврдено дека постојат основи на сомневање дека го оштетиле Буџетот на РМ, и тоа преку здружување, со тоа што биле издавани дозволи за градба, за да подоцна од страна на инвеститорите се направени одредени отстапувања од основниот проект.

Градоначалникот на Куманово во изјава за Кумановски Муабети додава дека пријавата била примена во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје, но, надлежниот Обвинител, откако оценил дека нема елементи за кривичните дела за кои се гонат десетте лица, предметот бил препратен во Јавно Обвинителство во Куманово.

Во препраќањето на предметот, како што објави НОВА, дошло до одреден судир на надлежности, па Обвинителство го вратило предметот во Скопје, за да Јавниот обвинител одлучи кој е надлежен да ги гони осомничените.

Градоначалникот на Куманово во изјавата тврди дека се работи за класична хајка против него, но Дамјановски нема објаснето зошто со никаков повод излегува јавно да се правда за нешто што сеуште не е ниту покренато како обвинение. Очигледно, кој си ја има мувата на капата прв вика иш.