ВМРО-ДПМНЕ ТРГНУВА ВО НОВА ПОБЕДА: Избрани првите пет кандидати за градоначалници за локалните избори

Hristijan-Mickoski-pres-16-8

Мицкоски вели дека изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина.

Марјан Бајрактаров орален хирург за Струмица, за Петровец Борче Митревски, Славчо Чадиев за Велес, Тони Затковски за Кривогаштани и Зоран Ѓорѓиевски за Куманово се кандидатите за градоначаници со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на локалните избори во овие општини.

-ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема победа. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги предложи на Централниот комитет следните кандидати за градоначалници: За Струмица Марјан Бајрактаров, орален хирург, почитува граанин на струмичани, долгогодишен партиски активист, член на општинскиот комитет и на ЦК, за Петровец Борче Митревски – актуелен градоначалник, Славчо Чадиев за Велес актуелен градоначник, за Кривогаштани Тони Затковски актуелен градоначалник и за Куманово Зоран Ѓорѓиевски хирург, актуелен пратеник во Собранието и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели дека изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина.

-Програма на која што работат врвни експерти од земјава и од странство, програма која се базира на реалните потреби на граѓаните и има за цел подобрување на нивното секојдневие, инфраструткура и стандардите на живот. На овие локални избори граѓаните ќе одлучуваат не само за локални теми туку тие се веројатно последна шанса за да биде запрена оваа екскурзија наречена СДСМ и да ги казнат овие катастрофални месеци на Македонија за економско уназадување, национални порази и понижувања, погубни политики по однос на клучните и стратешките прашања за државата, посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Кога на јавноста и објаснувавме дека се потребни 63 пратеници за да не се случи овој ужас кој сега и се случува на државата, вели Мицкоски, некои веројатно имаа и дилеми на таа наша констатација. Овојпат повторно и конечно алармираме: почитувани, моќта е во вас, граѓаните на Република Македонија. Само вие со пенкалото во рака на гласачкото ливче може да ја запрете оваа деструкција и изживување врз Македонија и само вие сте тие кои можете да одберете меѓу работа, посветеноста и достоинството, наспроти она што и се случува сега на Македонија, а тоа е неспособност, хаос и понижувања.

-Нашите градоначалници ќе работат посветено и одговорно кон сите реални секојдневни потреби на граѓаните. Во тоа бидете убедени, нашите дела, конкретни мерки и проекти и досега се реализираа на државно и локално ниво, и се доказ дека само работата е таа која што движи напред и која што може да придонесе кон подобро утро. И вие знаете дека на нас секогаш можете да се потпрете, заклучи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Рокот за поднесување кандидатски листи за градоначалници е до 14 септември

Izbori-glasanje

Крајниот рок за поднесување листи на кандидати за локалните избори е 14 септември, информира Државната изборна комисија. Од таму ги известиле сите општини и градот Скопје дека се должни најдоцна до денеска, 11 август јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а најдоцна до 25 август се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

Исто така, Државната изборна комисија ги известила општините и градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од буџетот на РМ и со нив располага Државната изборна комисија.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври.

ИСТЕЧЕ МАНДАТОТ НА СОВЕТИТЕ: Градоначалниците со технички мандат до крајот на годината

Oprsini-Makedonija

Мандатот на советниците во општините е истечен на 24 март 2017 година, а на градоначалниците може да трае до 31 декември 2017 година.

Вакво појаснување даде денеска преку соопштение Државниот инспекторат за локална самоуправа повикувајќи се на член 35 и член 49 од Законот за локална самоуправа.

Како што наведуваат во соопштението, мандатот на советниците во општините согласно член 35 став 1 од Законот за локална самоуправа е 4 години и тој со оглед на последните локални избори кои се одржани на 24 март 2013 е со истечен мандат од 24 март 2017. Сите одлуки кои советите на општините ги донеле по овој датум од страна на Инспекторатот се поништени и ставени вон сила, а никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство.

Мандатите, пак, на градоначалниците, како што стои во соопштението, се регулирани во член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа и таму јасно стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи 31.12.2017. Со оглед на изминатиот мандат на советите, градоначалниците извршуваат техничка функција, но во никој случај не смеат да прекинат со функционирањето на општината, а во случај да не ги извршуваат законските обврски ќе бидат соочени со законски санкции, укажува Инспекторатот.

Државниот инспекторат за локална самоуправа, како надлежна државна институција која ја следи законитоста на единиците на локалната самоуправа, истакнува во соопштението дека изнесените толкувања деновиве за мандатите на советниците и градоначалниците се произволни и несериозни со цел свесно манипулирање на граѓаните.

– Чудно е како Инспекторатот не беше консултиран ниту пак учествуваше во некоја од јавните дебати, организирани од ЗЕЛС, каде очигледно се носеа производни заклучоци со партиски интереси без законска основа, а што е најтрагично со криење на вистината од граѓаните, лицитирајќи со датуми на мандати и поистоветувајќи ги советниците и градоначалниците што е апсолутно незаконско, велат од Инспекторатот, од каде апелираат да не се манипулира со локалната самоуправа и да не се даваат изјави кои не се од овластена државна институција.

Климовски: Уставен итно да се произнесе за иницијативите за мандатот на локалната самоуправа

Savo-Klimovski

Јас мислам дека секоја иницијатива која се поднесува до Уставен суд е право на граѓаните, односно на подносителите на тие изјави и јас мислам дека тие се уставни. Не треба да се заборави дека судиите уживаат имунитет. Имунитетот, судијата го има со истиот капацитет како што го имааат и пратениците, вели во интервју за телевизија Сител поранешниот прв човек на Собранието, Саво Климовски.

-Јас мислам дека тоа е еден флагрантен обид да се врши  директен притисок на Уставниот суд и директно на судиите на Уставниот суд воопшто да не пристапат во разгледување и донесувањето на одлука, тоа си е нивна, во врска со пдонесените иницијативи. Напротив, јас мислам дека таа одлука мора да се земе како приоритетна, Уставниот суд веднаш треба да расправа по поднесените иницијативи и со оглед на значењето, со оглед на сензибилноста, со оглед на карактерот на прашањето кои што го покренуваат во тие иницијативи мсилам дека тоа би било многу одговорно и политички исправно, вели Климовски.

Тој додава дека уставно- правно е сосема во ред, тие уживаат  имунитет и порачува да не се плашат од никаква кривична- правна одговорност.

-Ова е директен напад врз самостојноста, имунитетот и начинот на одлучување на уставните судии и тоа е за мене неприфатливо, вели Климовски.

Се исполнуваат ветувањата дадени пред граѓаните, Груевски на состанок со министри и градоначалници

Gruevski-sostanok-proekti-1

Меѓу народот сме препознаени како политичка гарнитура која стои зад дадениот збор, политичари кои ги остваруваат дадените ветувања и работат на исполнување на барањата и потребите на граѓаните. Ние го испорачуваме ветеното и тоа е голема одговорност.

Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го отвори денешниот состанок со владини министри, заменици министри и градоначалници на кој беше направен преглед на ветувањата дадени при теренските посети и на нивната реализација.

По средбите со граѓаните, веднаш се пристапува на решавање на проблемите и исполнување на барањата. Дел од нив веќе се спроведени и завршени, а други во длабока фаза на реализација.

При посетата на градот Охрид, граѓаните пред Груевски истакнаа две барања од село Коњско. Тоа е осветлување на влезовите од селото кое е веќе завршено, а иако граѓаните побараа асфалтирање на две улички, ќе бидат целосно обновени три во вкупна вредност од 2,3 милиони денари. Готови ќе бидат до крајот на годинава.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски информираше дека се работи на патот Гостивар-Кичево каде пред се ќе се прави рехабилитација на коловозот. Истовремено се бара и концесионерот за градба на нов автопат. Инвестицијата тежи 6 милиони, а постапката се очекува да започне следниот месец. Веќе е потпишан договор и месецов почнува градба на Неготино-Демир Капија. Градбата на патот долг 8 километри во два правци ќе трае една година, а сообраќајот ќе се одвива со привремен режим. Ќе се градат и патиштата кај Пештани и Требениште, на барање на граѓаните.

По посетата на Груевски, се решава и проблемот со водоснабдувањето во Велгошти. Во летниот период, рекоа граѓаните, се намалува притисокот на вода поради наводнувањето. Градоначалникот на Охрид на денешниот состанок информира дека се сработил проект и дека ќе биде поставена пумпна станица која ќе го реши овој проблем. Изведбата почнува во октомври и е вредна 1,5 милиони денари.

Gruevski-sostanok-proekti-2

Исполнети се барањата на жителите на Радожда. Веднаш по средбата со граѓаните, информираше министерот Мисајловски, беше саниран патот, а се зафати со работа и во делот Струга-Калишта. На големо задоволство на децата и родителите, ќе биде исполнето барањето за реконструкција на училиштето.

Заменик министерот Спиро Ристовски информираше дека направен е веднаш увид и е одлучено да се направи темелна реконструкција. Истата ќе биде реализирана следново лето, додека дечињата се на распуст.

Во Радожда се спроведува изградба на колекторскиот систем вреден 8-10 милиони евра, а е завршено асфалтирањето на патот Ливадишта-Елен Камен.

Се остварува ветеното и за жителите на Македонски Брод. Патот преку Јасен ќе значи исполнување на долгогодишен проблем. Патот ќе биде долг 14.5 километри, а неговата вредност е 3 милиони евра.

Нема повеќе страв кај жителите на Шипковица од следно невреме. Исполнето е нивното барање и карпите се минирани и отстранети. Повеќе нема опасности од одрони иако Мисајловски потенцира дека редовно ќе се врши и контрола. Ќе се гради и клучка за Брвеница, а за исполнување на ова ветување се издвоени 60 милиони денари.

Во Струга ќе се гради единечен тениски терен на женска плажа како и повеќенаменско игралиште за одбојка, ракомет и мал фудбал. Во Зубовце започна изградба на повеќенаменско игралиште кое ќе биде готово за два месеци, а во Циглана е веќе избран изведувач и игралиште ќе почне да се гради наскоро.

Се работи на изградба на водоводот во Долнени, инвестиција вредна 8 милиони.

Жителите на Бучим побараа нова градинка или дневен центар. Денес министерот Диме Спасов на состанокот информираше дека со пари на општината ќе се реновира во целост, а МТСП ќе го финансира опремувањето на оваа градинка која ќе ги згрижи дечињата.

1,8 милиони евра беа вложени за градбата на делницата на патот Гостивар-Тетово, Брвеница-Чегране.

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за градоначалници за локалните избори 2017

VMRO-DPMNE-gradonacalnici-2017-1

Водејќи се од принципот на транспатентност и отчетност, ВМРО-ДПМНЕ денес преку дневните весници објави јавен повик за кандидирање на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во 2017 година. Кандидатурите ќе може да се поднесуваат најдоцна до 20 септември.

Повикот се однесува на сите 84 општини во државата. Во истиот е наведено дека кандидат за градоначалник може да биде секој граѓанин кој ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Устав и закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политики, идеологијата, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потребно е заинтересираните кандидати да оседуваат углед, авторитет и морален дигнитет во местото каде живеат и работат, односно во општината за која аплицираат. За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи, туку доставување на стандардизирана биографија со фотографија на не повеќе од 3 страну, детална програма за рабпта на општината на не повеќе од 5 страни со конкретни проекти, мерки и идеи, за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардна аплицијација, стои во повикот од владејчката партија.

VMRO-DPMNE-gradonacalnici-2017

По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од партиското седиште и со него ќе биде извршен разговор од страна на Специјална комисија која за таа цел ќе биде формирана.

По повикот се наведува дека сите кандидати имаат поддеднакви шанси да бидат избрани во зависност од личните квалитети и успеси во минатото, како и визијата за иднината.

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува со својата пракса низ максимално транспарентна процедура и преку активно учество на граѓаните да се изберат најсоодветните кандидати за градоначалници. Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги обедини сите граѓани околу мотивот за создавање на силни и просперитетни општини во Република Македонија, стои во јавниот повик на партијата.

Инаку, сите заинтересирани лица потребната документација може да ја подигнат од седиштето на партијата во архивата секој работен ден од 12 до 16 часот или пак на веб страната www.vmro-dpmne.org.mk. Пополнетите материјали треба да се достават до партиското седиште.