Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг

Milososki-Live-Chat

Пратеникот и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Live Chat на ВМРО-ДПМНЕ одговори на прашањето „Каков ќе биде исходот од средбата на Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас со Никола Димитров?“

Милошоски истакна дека има еден проблем кој се провлекува во односите на Република Македонија со Грција.

-Република Македонија во моментов недоволно стои и се држи до својот најсилен аргумент во нашите билатерални односи, а тоа е пресудата од меѓународниот суд на правдата во Хаг. 2008 година кога Грција спротивно на времената спогодба стави вето на поканата за членство на Македонија во НАТО ние поднесовме тужба во судот во Хаг, каде што имав чест да бидам застапник на Република Македонија заедно со еден поголем дипломатски и правен тим. И во 2011 година добивме пресуда, едногласна пресуда доколку се иземе гласот на грчкиот судија во која што беше одлучено дека Грција нелегално и со прекршување на времената спогодба ја блокирала Република Македонија за да добие покана за членство во НАТО, истакна Милошоски.

Нашиот примарен аргумент во односите со Грција новата влада го занемарува, министерот Димитров и Заев не бараат од Грција и меѓународната заедница да ја признае пресудата од врховниот судски орган на обединетите нации судот во Хаг додаде тој.

Милошоски наведе уште еден недостаток во односите со Грција и надворешната политика која ја води владата на Заев, а тоа е нетранспарентноста во преговорите и одлуките. Тие кога беа во опозиција ја обвинуваа за нетранспарентност владата на ВМРО-ДПМНЕ, а сега немаме никаков увид во нивната надворешна политика. Во моментов има најави за нови предлози за името, а граѓаните немаат никаков увид во сето тоа додаде Милошоски.

УТРЕ ВО 10 ЧАСОТ: Македонски Манифест и СМК на мирен протест за време на посетата на Коѕиас

SMK-protest

На 31 август во Македонија престојува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас. Домаќин е неговиот колега, министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

Министерот Никос Коѕиас ќе биде примен и од претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов. 

Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес организираат мирен протест во врска со посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. 

– Мирниот протест ќе се одржи пред Министерството за надворешни работи на Македонија, во 10.00 часот, а собирно место е фонтаната пред црквата “Пресвета Богородица“ на кејот на Вардар меѓу МНР и МАНУ. Организаторите имаат подготвено транспаренти. Поканети се сите добронамерници. Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес вчера испратија отворено обраќање до Владата и парламентарната опозиција за семакедонската црвена линија за името: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА! Името на државата е идентитетот на нацијата! Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес бараат безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и безусловно и итно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, стои во соопштението од организаторите на протестот.

ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме недоличните квалификации искажани денеска од страна на грчкиот премиер Ципрас

VMRO-DPMNE-kamen

Нападите и навредите повеќе говорат за тој што ги изрекува, отколку за оној кому му биле упатени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува недоличните квалификации искажани денеска од страна на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој на неговата средба со српскиот премиер Александар Вучиќ ја обвини Македонија за иредентизам и национализам.

Република Македонија ниту имала, ниту има територијални претензии кон Грција. Република Македонија и македонскиот народ единствено го бранеле своето право на самоопределување и сопствениот идентитет.

Република Македонија не воведуваше санкции кон Грција. Напротив, Грција беше страната која ги затвораше границите и која со вето ја блокираше одлуката за полноправно членство во НАТО. Грција е страната што ден денес не дозволува ефектуирање на позитивните препораки за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

Каде премиерот Ципрас гледа иредентизам во однесувањето на Македонија? Во која постапка од македонска страна Ципрас гледа национализам?

Со ваквите неиздржани изјави и навреди кон Македонија и македонскиот народ, грчкиот премиер не придонесува за развој на добрососедските односи, ниту пак покажува барем малку волја во надминување на проблемот кој Грција го има со нашето име. Со ваквите изјави Ципрас покажува дека токму тој нема волја за решавање на спорот, а не Република Македонија која што ја обвинува.

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот на српскиот премиер Александар Вучиќ за немешање во внатрешните работи и во долгогодишниот спор со Грција.

Грците анализираат: Груевски нема да ја смени политиката кон Грција, Заев ќе прифати сложено име

grcki-vesnici

Социјал-демократите на чело со Зоран Заев се согласни со мнозинството грчки политичари и доколку дојдат на власт ќе прифатат сложено име со географска одредница за вкупна употреба, пишува во анализата на грчкиот портал „Ворија”. Нетпрес од Атина пренесува дека во анализата се вели и дека од друга страна, доколку ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски формираат влада, тогаш политиката кон Грција нема да се промени бидејќи тие и натаму ќе инсистираат на „македонизмот”.

Ако Груевски ја формира владата, политиката кон Грција нема да се помени и македонизмот ќе надвладее, а тоа беше и главниот аргумент за изборната победа. Наместо тоа, влада на чело со социјал-демократите на Зоран Заев целосно ќе ја смени сликата, со оглед на тоа што овој политичар прифаќа сложено име за земјата, како и мнозинството Грци политичари. Тоа значи дека тогаш би имало и договор за името, но да се надеваме дека грчката страна нема да прифати „Македонска нација” и „Македонски јазик”, пишува „Ворија”, нагласувајќи дека во однос на овие термини незадоволство изразува и Бугарија.

Во продолжението на текстот пишува и дека поради овие причини, САД се залагаат за тоа Зоран Заев да стане премиер, додека пак, Груевски информирал дека интервенирањето на албанскиот премиер Еди Рама во македонските внатрешни работи е атмосфера што се создавала уште во минатото, а сега е јавно промовирана од невладините организации спонзорирани од соросовото „Отворено општество”.

Сега се очекува и ставот на албанските партии, кои што се чини дека поверојатно е да се свртат кон Зоран Заев, со оглед на тоа што ова е и желба на Американците која што беше искажана и преку амбасадорот во Скопје, а динамично и преку премиерот на Албанија, Еди Рама, пишува „Ворија”.

Во анализата се заклучува дека следниов период е одлучувачки во однос на грчко-македонските односи во поглед на одредувањето на политиката на Македонија за „прашањето за името на земјата”.

Струмица нема мерна станица за загаден воздух, Заев оди на чист воздух на Халкидики

zaev-zagadenost-grcija

Додека Струмица нема мерна станица за мерење на загадувањето на воздухот, првиот човек на СДСМ Зоран Заев новогодишните празници ги минува на чист воздух на Халкидики во семејната хациенда во Грција.

Зоран Заев новогодишните празници ги минува под грчкото сонце. Заев со семејството најлудата ноќ ја помина во Грција, со што ја прекина долгогодишната традиција на славење на Нова Година со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

Во Струмица нема мерна станица за мерење на загадувањето на водухот. Граѓаните се жалат дека се гушат, а не знаат со колкава количина загаден воздух се трујат нивните деца. Од друга страна, Заев новогодишните празници го минува на чист воздух на Халкидики.

Ексклузивната хациенда која ја поседуваат Заев е со голем двор од околу 300 метри квадратни. Истата се наоѓа на самата плажа на Халкидики. Како што пишуваа неодамна медиумите,  куќа налик на трокатната на Заеви не може да се најде по цена пониска од 300.000 евра.

Кои се штетни последици од загадувањето на воздухот?

Светската здравствена организација утврдила дека 2,4 милиони луѓе годишно умираат од последиците поврзани директно со загадувањето. Тоа се хроничните заболувања, како на пример астмата, емфиземи на белите дробови, оштетувања на срцето и на белите дробови, алергии на дишните органи.

Загадениот воздух  влијае на  физиолошките функции, како на пример на респираторните и на доводот на кислород во крвта. Особено при поголема физичка активност, стеснети крвни садови и немање доволно кислород во крвта може да дојде до мозочни и срцеви удари, до надразнување на сетилата, повраќање, губење на апетитот, нарушување на сонот.

Суспендираните честички се сочинети од повеќе материи.Главно  од ситен прав, чад, несогорени масла, пепел, метали и мрсни материи. Големината на честичките се движи од 0,01 микрони до и над 100 микрони.Главно извори на овие честички се согорувања на масла и на цигари.

Кога ќе се здружат заедно со сулфур диоксид ги оштетуваат белите дробови, а можат да предизвикаат и карцином на желудникот. Оловото од издувните гасови на автомобилите  што се наоѓа во честичките е штетно за човековото здравје, особено за децата.

Берилиумот кој доспева во воздухот во мали количества од индустриските извори и течните горива предизвикува лезии во белодробните крила,тешки респираторни проблеми, па и смрт. Ситниот прав познат како ПМ честички 10, се фракција од суспендирани честички со пречник од 10 микрони,се задржуваат во носот. Честичките ПМ 2,5 (2,5 микрони) навлегуваат во бронхиите на белите дробови.

Робин О’Нил: Лажната историја на Грција е затвор за сите грчки влади и сопствениот грчки народ

onil-kodzijas

Непристоен е коментарот на шефот на грчката дипломатија г-дин Никос Коцијас, даден  за грчките медиуми. Се согласувам, со него дека историјата не е затвор. Но, историјата, односно лажната историја, е затвор кој што последниве грчки влади го направија за себе и за Грчкиот народ!, изјави за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ првиот медијатор во грчко-македонскиот спор, Робин О’Нил.

– Коцијас вели дека не станува збор за иредентизам од грчка страна, и јас му верувам, но тој треба да знае подеднакво добро, дека не постои иредентизам ниту од страна на Република Македонија. Македонија повеќепати тоа го потврди многу јасно, во повторените декларации дека нема никакви барања од таков вид кон Грција, појаснува О’Нил.

Во интервјуто за „Гласот на народот“, медијаторот О Нил, потенцира:

Жалам што морам да кажам дека, последната изјава на Коцијас потврдува дека политиката на Грција не е променета во целост за изминатите повеќе од дваесет години во врска со спорот покренат од страна на Грција околу името на Република Македонија, во голема мера поради внатрешни политички причини во самата Грција.

– Моето мислење е дека сите грчки влади не сакаат решение на овој проблем, којшто самите го создадоа, бидејќи знаат дека единствено решение ќе биде признавањето од страна на сите земји, дека Македонија има право според меѓународното право да го користи името по свој сопствен избор, име кое, се разбира, не претставува закана во целост кон Грција или кон Грчкиот народ, вели овој угледен британски дипломат и познавач на ситуацијата во грчко- македонскиот спор.

– Мојот совет останува како и сиве изминати години, како што честопати сум ти кажувал, дека Грција не сака да преговара сериозно за ова прашање, и Владата на Македонија сега треба да го покрене ова прашање во Обединетите Нации и да добие признавање на Македонија под нејзиното правилно име – Република Македонија, што ќе го отстрани секој меѓународен сомнеж во врска со ова прашање., изјави О’Нил во екслузивното новогодишно интервју за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ.

ФОТО: Заев му ја “дувна“ за Грција, таму ќе се теши од изборниот пораз

zaev-avt640

По изборниот пораз на 11-ти декември, претседателот на СДСМ Зоран Заев отиде да се теши во Грција, каде ќе ги мине Новогодишните празници.

Имено, според оваа фотографија која стигна до нашата редакција, автомобилот на Заев, луксузниот Ауди А8, пред околу половина час е забележан на граничниот премин Богородица кон Грција.

Новата година Заев најверојатно ќе ја дочека во семејната хациенда на Халкидики во Неа Мудања. Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 метри квадратни.

Ексклузивната куќа на Заеви се наоѓа на самата плажа на Халкидики. Како што пишуваа неодамна медиумите,  куќа налик на трокатната на Заеви не може да се најде по цена пониска од 300.000 евра.

Добро е ако Трамп ја притисне Грција за прием на Македонија во НАТО

luk-kofi-heritage

ЛУK KОФИ ОД „ХЕРИТАЏ“

Лук Kофи од влијателната американска конзервативна фондација „Херитиџ“, вели дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе биде повеќе заинтересиран за состојбите на Балканот од претходната администрација на претседателот Обама и дека не би требало да има загриженост во Македонија по именувањето човек со грчко потекло во Белата куќа.

Трамп го именува републиканскиот политичар Ренс Прибус за шеф на својот кабинет, а Kофи потсетува дека и во поранешната администрација имаше висок советник со грчко потекло.

„Се сомневам дека тој ќе има многу поврзаност со спорот за името. Можеби грешам, но би бил изненаден ако Прибус посвети многу важност на тоа прашање. Од објавените интернет-пораки на поранешниот висок советник на Kлинтон и Обама, Џон Подеста, откривме дека и тој на Македонија ~ се обраќал со поранешната југословенска Република Македонија, а не со уставното име. Но, ако САД ја притиснат Грција да дозволи Македонија да се приклучи на НАТО под референцата, тоа ќе биде значително подобрување. Се надевам дека, кој и да е во Белата куќа, ќе ја разгледа ситуацијата објективно и ќе види дека за доброто на алијансата и на регионот е важно Македонија да се придружи на НАТО. Од друга страна, Македонците ќе треба да прифатат членство во НАТО според референцата во согласност со Привремената спогодба“, вели Лук Kофи од фондацијата „Херитиџ“, за чии експерти се очекува во голема мера да бидат застапени во идната администрација на претседателот Трамп.

Според Kофи, Барак Обама не покажал голема наклонетост кон Балканот во неговиот мандат, а од Трамп може да се очекува да има барем емотивна поврзаност со регионот од каде што потекнува неговата сопруга. Kофи очекува запоставување на Европа во целина при почетокот на новата администрација и обид за приближување кон Русија, но смета дека оваа политика нема да може да трае долго.

„Во однос на неговиот интерес кон Европа, НАТО и односите со Русија, на Трамп на почетокот нема многу да се грижи за Европа и ќе се обиде да склучи договор со Русија. Потоа, по две години, ќе сфати дека Европа сè уште е многу важна за САД и дека Русија е држава на која не може да ~ се верува. Само се надевам дека нема ова да го открие на потешкиот начин, туку ќе учи од претходните искуства“, вели Kофи во разговор за Македонската телевизија.

Попоски: Има промени во односите со Грција

poposki-intervju

Во изминатата година воведовме мерки за градење доверба со Грција и имаме целосно нов квалитет на билатералните односи, оценува вицепремиерот и министер за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски во интервју за австрискиот дневен весник „Ди Пресе“.

Во интервјуто Попоски нагласува дека уште од независноста на Македонија не постоел период на толку интензивна соработка со Грција.

Запрашан дали очекува оти Грција наскоро ќе се откаже од блокадата во ЕУ против Македонија, шефот на македонската дипломатија вели дека би било премногу оптимистички да се каже дека знае кога точно ќе се случи тоа. – Но, атмосферата е промената, а тоа е добар предуслов за да се случи нешто во тој правец, вели Попоски.

Според него, Европскиот совет во 2009 година направил грешка бидејќи не ја следел препораката на Европската комисија за отпочнување на претпристапните преговори на Македонија.

– Сега ја добивме осмата препорака на Европската Комисија за отпочнување пристапни преговори. Првата ја добивме во 2009 година. Европскиот совет тогаш ја направи големата грешка што не ја следеше оваа препорака. А Грција бараше да се одолговлечи почетокот на преговорите. Во Советот се создаде впечаток дека преговорите само за кратко ќе се одложат и дека спорот за името ќе се реши во најбрзо време, оценува Попоски.

Во однос на критиките за корупција и влијанието врз судството во најновиот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија, министерот Попоски со став дека постојат неколку критички точки што укажуваат на проблеми што ги имаат сите земји од регионот, без разлика дали се во ЕУ или не. – Владеењето на правото или ефикасноста на админстрацијата се точки во кои мораме да покажеме напредок. Ова важи за Македонија, но исто и за Србија, Црна Гора и Албанија. Сепак, најголемиот напредок се постигнува за време на преговорите за членство во ЕУ. Затоа, најголемата грешка беше отпочнувањето на преговорите со Македонија да се одложува веќе осум години, вели Попоски.

Осврнувајќи се на односите меѓу ЕУ и Турција и дали договорот за бегалците меѓу ЕУ и Анкара може да биде неуспешен, министерот Попоски со став дека не верува оти тоа ќе се случи.

– Сè уште не сме ја достигнале точката на која Договорот може да доживее неуспех. На Турција ѝ се потребни сојузници, а на ЕУ – и пред сè на Германија – и е потребен договор, за да се спречи минатогодишната состојба. Ниту еден политичар не може да си дозволи влез на толку многу бегалци, а особено не Германија, на која ѝ претстојат избори во 2017 година. Не мислам дека некој сериозно сака да го загрози договорот меѓу ЕУ и Турција, истакнува Попоски.

За тоа како Македонија се справува со бранот мигранти, Попоски вели дека дневно се регистрираат од 20 до 50 илегални преминувања на границата, односно од почетокот на годината, повеќе од 30.000 луѓе се обиделе илегално да ја преминат границата што, според него, е далеку помалку во споредба со минатата година кога околу 40.000 лица дневно ја поминувале границата.

– Но, треба да ни биде јасно дека кризата сè уште не е надмината. Не би сакал да исклучам ситуација кога повторно повеќе луѓе би ја користеле балканската рута. Барем не засега, вели Попоски, додавајќи дека доколку ситуацијата остане како што е сега, тогаш нема да има потреба од дополнителни австриски полицајци кои и помагаат на македонската војска и полиција на јужната граница.

Kако да потпишеме договор и со Атина и со Софија, ако Македонија во исто време е и грчка и бугарска?

maja-kocijancic

БРИСЕЛ И ПОРТПАРОЛKАТА KОЦИЈАНЧИЧ БЕЗ ОДГОВОР

Додека националистичките пораки од соседните земји Грција и Бугарија го оневозможуваат развојот на добрососедските односи, на Македонија ~ останува запечатен условот да биде добар сосед ако сака да го продолжи процесот за влез меѓу 28-те членки на Европската Унија. Прашањето е зошто е ова услов за Македонија да влезе во кругот на ЕУ, кога добрососедството го проблематизираат токму членките, но не и земјава?

Имено, минатата недела грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, којзнае којпат ја повтори дека „Македонија е грчка“ и оти присвојувањето на историјата било иредентизам, додека бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на една од минатите средби со македонскиот колега Ѓорге Иванов побарал „да се престане со манипулација на историјата на Македонија“. Павлополус и вчера од Солун се јави со истата порака, на денот на ослободувањето на градот од турската империја, во балканските војни, иако грчкиот претседател, веројатно, не сака да знае какво било тоа ослободување кога по него се случувал погром на сите што не се Грци.

Пишува: Искра Kоровешовска
Поопширно во печатеното или во електронското издание на Дневник