Милошоски: Неуставниот закон за јазици е тука за да рашири магла, за Анѓушев и Мерко да си ги покријат криминалите (ВИДЕО)

Milososki-Sobranie

На денешната седница во Собранието каде точка на дневен ред е Законот за јазиците, говореше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој напомена дека меѓу другите, овој закон го предложиле вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот без ресор Рамиз Мерко.

Тој говореше зошто тие имаат потреба од овој закон, карање меѓу Македонци и Албанци, меѓу политички партии и стереотипи.

-Затоа што против господинот Мерко, сегашен министер, се води постапка за 6 милиони евра проневера за улично осветлување во Струга, наменски формирана фирма Сити Лајт, која што во моментот на тендерот, нема исполнето ниту еден од условите вреден 6 милиони евра, изјави Милошоски.

Тој напомена дека сега е поважно Мерко да им каже дека Антонио не ги сакал Албанците, а да се тргне курсот од неговиот криминал.

-Заедничкиот интерес на Анѓушев и Мерко е тендери, милиони, кеш и пари. Не потребата на граѓаните на Македонија. Овој неуставен закон е тука за да рашири магла, пред избори треба да се гласа, за да се направи политички пазар, не за да донесе поквалитетен живот, туку некој да си ги покрие криминалите кои што ги направил или што има намера да ги прави, изјави Милошоски.

Мукоски: СДСМ со законот за јазиците прави јазична федерализација на државата

Mukoski-Sobranie-na-RM

Сакам да ги прашам моите колеги од СДСМ дали воопшто размислиле каков закон воопшто панираат да носат? Ако ВМРО-ДПМНЕ и јас се ставам тука бидејќи и во 2008 и 2012 бев пратеник на два пати се донесе закон за унапредување на правата на етничките заедници, како може да зборувате дека ВМРО-ДПМНЕ  е против Албанците, прашува пратеникот Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Меѓутоа тие закони во себе имаа елементи кои што ги гарантираат правата на сите заедници и тоа се европски признати права и кои што за жал нашите Македонци кои живеат надвор од оваа држава ги немаат никаде. Со овој закон правиме јазична федерализација и зошто во 111 дена трите прашања кои што не се решени 30 години и особено договорот со Бугарија и она што следува за името го продавате, прашува Мукоски.

Тој вели дека СДСМ се откажал од македонскиот народ, јазик и нашето малцинство во пиринска Македонија.

Милошоски: Неуставниот закон за двојазичност се носи за да се прикрие корупцијата и неспособноста на функционерите на ДУИ

Antonio-Milososki-govor

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната собраниска седница, истакна дека неуставниот јазик за двојазичност се носи за да се прикријат корупцијата и неспособноста на функционерите на ДУИ.

-Кој има потреба од носење на неуставен закон, дали имаат потреба некои пратеници кои што земале или не земале пари да гласат за ваков закон, дали тие пратеници се од СДСМ или не се тоа не знам, но едно знам дека ова не е потребата на граѓанинот Албанец, не е главната потреба. Знам дека ова е потребата на некој функционери Албанци за да ја покријат својата неспособност или корупција. Градоначалникот на Чаир Изет Меџити има земено 14% провизија за плоштадот Скендербег, 450 илјади евра има земено Изет Меџити, рече Милошоски.

Потребата на неуставниот закон не е за обичниот Албанец туку за да се покрие непособноста на функционерите на ДУИ.

-Потребата за овој закон е како Теута Арифи да покрие тоа што нејзиниот сопруг стана врховен судија, додека многу Албанци заминаа во странство да бараат леб. Како Изет Меџити зема 450 илјади евра за плоштадот Скендербег, како може еден градоначалник да земе пари и да се кити со нив. Потребата да се донесе неуставен закон има еден градоначалник кој што бугарска фирма градеше плоштад и истата префрли 450 илјади евра на фирма од Дебар, по  барање на градоначалникот Изет Меџити. Потребата е на Теута Арифи која што не успеа Албанците во Тетово да ги заштити од канцероген чад, потенцираше тој.

Милошоски на крајот истакна дека овој неуставен закон ќе падне на Уставен суд, но ќе предизвика кавга и нема да се збори за реалните потреби на Албанците во Македонија.

Заев ги лаже Албанците пред избори, за неуставниот закон за употреба на јазиците ќе се одлучува по изборите

zaev-albansko-zname

Науставниот закон за употреба на јазиците нема да се донесе пред изборите. Сега е само прво читање, намерно темпирано од страна на Заев за да ги излаже Албанците и да ги добие нивните гласови пред изборите.

Зоран Заев ги доведува во заблуда сите граѓани на Република Македонија. Тој си поигрува со чувствата и на Албанците и на Македонците. Неуставниот закон за јазици иако беше протуркан во Собрание, нема да дојде на дневен ред за гласање пред изборите. Имено, истиот сега е само прво читање, а следното ќе биде дури после локалните избори. Ова е намерно темпирано од страна на новиот премиер, кој има јасна цел да ги излаже Албанците за да ги добие нивните гласови пред изборите.

Заев намерно одлучи да оди со две читања, а законот можеше да помине и со едно. Така само купува време. Кога веќе одлучи да го подметне законот со европско знаменце, Заев можеше да одлучи и да помине истиот во само едно читање. Но, тој одлучи законот да оди со две читања за да си купи време пред претстојните избори.

Законот е неуставен, дури и да се донесе по изборите тој че биде соборен на Уставен суд.

Симона Груевска Маџовска, универзитетски професор,  во емисијата „Топ тема“ изјави дека се сретнале со Заев и иако се добивало впечаток дека со законот се воведува двојазичност и иако ќе имало двојазични печати на сите институции, de facto двојазичност нело да има на цела територија.

– Исто така не’ убеди и ни рече дека она што тука е многу непрецизно напишано, а јас како лингвист можам да реагирам на лоша терминологија, нејасни  термини што се подразбира, лошо срочени реченици итн од кои ние читајќи го буквално, знаејќи ги политичките преговори… Кога читаме добиваме впечаток  дека се работи за албанскиот јазик како службен на целата територија на Република Македонија и дека сите државни институцииќе бидат должни да обезбедат, печатите ќе им бидат двојазични на сите институции… Овде ни даде гаранција премиерот дека, верувам дека ќе имам можност и за прецизирање и за некоја измена како е напишано, ни гарантираше дека не станува збор за албанскиот како службен на цела територија на Македонија, истакна професорката која гостуваше на Топ Тема на Телма телевизија.

Заев ги доведува во заблуда и Албанците и Македонците: Законот за двојазичност нема да се донесе пред локални избори

Zaev-Golema-Albanija

Зоран Заев ги доведува во заблуда сите граѓани на Република Македонија. Тој си поигрува со чувствата и на Албанците и на Македонците.

Иако сакајќи да им се додвори на албанските гласачи се обиде да го протне Законот за двојазичност пред локалните избори, тоа нема да се случи. Во Собранието, пратениците расправаат за законот во прво читање, а второто читање, пред воопшто да се гласа за него, ќе биде после локалните избори.

Законот за јазици, кој многу професори и експерти го оценија како неуставен, влезе на главна расправа во Законодавниот дом.

Пред два месеци, пак, албанските медиуми пишуваа дека ставот на Зијадин Села е дека доколку во рок од 100 дена не се изгласа Законот за албанскиот јазик тој ќе ја напушти владината коалиција. Се поизвесно е дека Заев во обид да ја сочува владината коалиција и да го испорача ветеното ќе остане глув на изјавите и укажувањата на екпертската фела, но и на мислењето на граѓаните.

Ѓорчев до СДСМ: На власт доаѓате само кога го заобиколувате македонскиот народ

Vlatko-Gjorcev

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на реплика во македонското Собрание му се обрати на пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, на седницата каде СДСМ се обиде да го протне Законот за јазици.

-Велите дека овој закон има европско знаменце и тоа било европски закон. Дали овие права ги има некој Македонец во Грција? Дали овие права ги има некој Македонец во  Бугарија, Албанија, во Србија или Косово? Кажувате цитат „Мајчиниот јазик е право на секој човек секаде“. Дали мајчиниот јазик е право, ова што вие ќе го гласате тука, на Македонците во соседството? Одговорот го знаеме и вие и јас. Дали СДСМ ќе се согласи, а не ви е тука ниту еден кандидат за градоначалник, молчат, дали ќе се согласите да заедно изгласаме декларација поединечно до секоја соседна земја и да побараме од неа да имплементира ваков закон? Да кажеме за соседните земји да го направат ова?

Нема да се согласите зошто мора да ќутите, мора да се умилкувате таму? И да изгласаме такво нешто, ќе ни речат „ Македонијо гласајте си такви работи, но кај нас тоа нема да помине, така ќе ни одговорат, рече Ѓорчев.

Ѓорчев потенцира дека СДСМ може да победи на избори само во случаи кога го заобиколува македонскиот народ.

-Ако ова било во рамките на охридскиот Рамковен договор, зошто СДСМ ова не го изгласа 2002-2006? Тогаш СДСМ и ДУИ, истите коалициони партнери имаа 78 пратеници. Зошто не го изгласавте? Затоа што никогаш Бранко Црвенковски не би се согласил на ваков закон. Зошто ви молчи Бранко Црвенковски? Зошто ви молчат поранешните раководства? Зошто ви молчат поранешните премиери? Затоа што свесни се што правите. Вие имате системски проблем што редовно македонскиот народ не ве гласа и од тие причини треба да го бајпасирате тоа и треба да го заобиколите македонскиот народ во составувањето на вашите влади, рече тој.

ПРЕДАВНИЦИ НА СВОЈОТ НАРОД: Заев и СДСМ прифатиле и носат противуставен закон за двојазичност на цела држава

Zaev-SDSM

Предлог Законот за употреба на јазиците е спротивен на амандманот V на Република Македонија. Во Амандманот V, со кој се замнеува членот 7 од Уставот, никаде не се наведува “албански јазик“, како што се наведува во членот 1 став 2 од предложениот закон.

Во членот 1, јасно се наведува дека под “друг јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ е албанскиот јазик. Со тоа, со предложениот закон се повредува Уставот, бидејки во аманднманот V никаде не се наведува албанскиот јазик, туку се употребува терминологија “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член”. Oва е формулацијата содржана и во Рамковниот договор.

Членот 1 од предложениот закон е спротивен на Амандманот V, во кој се наведува дека “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто исто така е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член”.

Тоа значи дека со овој член од Уставот се определува јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, кој исто така е службен јазик и неговото писмо, а не како што се наведува во член 1 став 2 од Законот за употреба на јазиците со формулацијата “согласно овој закон”.

Со Законот за употреба на јазиците неможе да се изменува Уставот на Република Македонија. Законот за употреба на јазиците не може се стави над Уставот како највисок правен акт на државата. Ниту еден закон не може да биде повисок од Уставот, вели поранешниот министер за правда, Михајло Маневски.

Силјановска: Европското знаменце не треба да стои на овој закон

Професорката по Уставно право и политички систем Гордана Силјановска – Давкова вели дека европското знаменце не треба да стои на овој закон.

– Овој закон оди во скратена постапка со европско знаменце, обидете се да пронајдете директиви или регулативи за јазичните прашања, нема да ви успее тоа. Значи знаменцето не треба да стои на овој закон, вели Силјаовска.

Таа додава дека е спорно тоа што претседателот на Комисијата за европски прашања, кога ја заклучува седницата вели: Усогласен е со европското законодавство. Тоа е спорно.

-Во 2015 година имаше амандмани, во време кога претходната коалиција беше во еден прекрасен политички брак. Ниту еднаш не се прозборе за овој закон. Ако е тоа најважното прашање, а е едно од најважните прашања, особено низ призма на нашите сограѓани Албанци, сигурно дека прво прашање во 2001 година што ќе се решеше е тоа. Во 2008 година исто. Ама јас тогаш чув одговори дека, не можеме да го смениме Уставот дури и во ова студио од колеги по уставно право Албанци. Дека во поглед на јазикот и на симболите треба да се смени уставот, вели Силјановска.

Според неза, Аконот за јазици не е обврска од рамковниот договор.

-Јас не го препознавам во Рамковниот договор основот за токму ваков Закон за јазици. Јас знам дека има во 2008 година недовршени прашања, меѓутоа ова е нешто сосема ново. Значи, не е тоа обврска од рамковниот договор, со одговорот што следи, туку значи на еден поинаков начин требаше да се постави и да се реши ова прашање, додава Силјановска.

Казни во износ од 4.000 до 5.000 евра

Во членот 22 се предвидува глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок која ќе се изрече на органите наведени во член 1 став 3, член 2 став 3, како и сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице во органите од став 1 на овој член.

Глоба од 4000 до 5000 евра може да се изреќе спрема сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции.

Глоба во износ од 4000 до 5000 евра може да се изрече на сите институции од членот 2 став 3 и тоа: Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство, Уставен Суд на Република Македонија, Народен Правобранител, во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области.

Глоба во износ од 30% од одмерената глоба се предвидува да му се изрече на службеното лице и одговорното лице во органите од став 1 на овој член.

Ова значи дека глоба е предвидена за сите државни органи, јавни и приватни ретпријатија и институции за повреда на секоја одредба од Законот за употреба на јазиците, како и за службеното и одговорно лице во тие органи и институции.

Ваков налчин на определување на глоба за правно лице и за службено и одговорно лице во правно лице не е предвиден во ниту еден закон. Нема опис на повредата за сторениот прекршок.

Започна насилното носење на Законот за двојазичност, тензии меѓу Џафери и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Talat-Sobranie-VMRO-protiv-dvojazicnost

Нелегитимно избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери повторно го прекрши деловникот за работа, не дозволи пауза која следува согласно Деловникот кога ќе ја побара координатор на пратеничка група.

Додека координаторот на пратеничка група Илија Димовски упорно бараше пауза, Џафери на шверцерски начин започна со процедура на гласање на дневниот ред. Откако Џафери го одби неговото барање, десетина опозициски пратеници излегоа и ја блокираа говорницата за време на расправата за предлог-законот за употреба на јазиците.

– Го кршите Деловникот, го кршите Уставот и го кршите Охридскиот рамковен договор, му рече Димовски на Џафери.

Димовски бараше пауза за пратениците од власта сериозно да размислат уште еднаш за повлекување на законот за јазици бидејќи тој е спротивен ан Уставот и надвор од Охридскиот рамковен договор. Талат Џафери многу пати  досега има влезено во конфликт со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои не го признаваат како претседател бидејќи е избран со кршење на деловникот, Уставот и законот за Собрание.

ЏАФЕРИ И СДСМ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ПРОТУРКААТ ЗАКОНОТ СПРОТИВНО НА РЕГУЛАТИВИТЕ

-Сакам остро да регирам на грубите прекршувања на процедурите поврзани со донесување на Законот за двојазичност и за двојазична федерализација на Република Македонија, кој што денеска парламентарното тенко мнозинство на чело со Талат Џафери, спротивно на огормен број деловнички одредби во деловникот за работа на Собранието на Република Македонија се обидува да го протурка спротивно на праксата и спротивно на регулативите, изјави Димовски.

Прекршен е член 118 став 4, кој што предвидува дека со одлука за основање на работните тела и анкетните комисии се утврдува делокругот  и бројот на членовите на комисиите. Ние имаме одлука со која што како деловник и надлежност на Комисијата за политички систем  и односи меѓу заедниците, меѓу другото е предвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците.

-Оваа Комисија од страна на Џафери не беше прогласена за матична комисија, иако одлуката и Деловникот наложуваат дека тикму оваа комисија да биде матична комисија, спротивно на оваа одлука и споротивно на Деловникот за работа на Собранието, матична комисија беше прогласена Комисијата за европски прашања, која што никогаш досега не била прогласена за матична комисија за закон од ваков обем и ваква проблематика. Понатаму е прекршен член 135 став 4 , кој што предвидува дека кога предлог на закон содржи одредби со кој се врши усогласување со правото на ЕУ во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум. Во воведот на овој предлог закон не постои изворен акт, не е наведен изворен акт на ЕУ со полн назив, број и таму поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои, но значајно е што во членот 135 со ова прашања и со неколку други прашања се регулира комплетноста на поднесокот на предлог закон во процедура на Собрание, изјави Димовски.

Тој нагласи дека ова е неопходен услов за да може да се смета дека законот е комплетен и во согласност со Деловник за понатамошна постапка, затоа членот 136 кој што е исто така пркршен, предвидува дека ако предлог на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, а видовме дека не е според член 135 став 4.

-Според законот за нас колегата Џафери пред да го достави до пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите од овој деловник, што не е направено. Значи нема никакво барање од страна на Џафери до Владата и до Министерството за правда за усогласување со одредбите на овој деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена што не е направено се смета дека предлогот на законот не е поднесен.  Значи нити е упатено писмо од Џафери до предлагачот за отстранување на недостатокот кој што претходно го кажав ниту пак недостатокот е отстранет. Зошто заради тоа што не посоти правна регулатива во ЕУ како мултилатерален акт со кој што може оваа проблематика да се усогласува. Која е целта на таквото прекршување, целта на таквото прекршување е да се злоупотреби знамето на ЕУ, да се стави на овој закон и целата процедура да иде по брза постапка, односо комисиите во Собранието да имаат само по три дена и во фаза на прво читање и во фаза на разгледување на амандмани, рече Димовски.

Доколку остане ова знаме на ЕУ и доколку има расправа на пример за 50 амандмани во втора фаза, тоа ќе значи дека ако во три дена дискутираме само за 10 амандмани, останатите 40 амандмани воопшто нема да бидат разгледувани.  Исто така прекршени се ченовите 139 и 140 каде што е регулирано дека матичното работно тело треба да да го разгледува и Законодавно-правната комсиија во рамките на три дена, напротив ние вчера видовме дека на седница на  Законодавно-правната комсиија по само еден не цел ден, грубо прекинување со грубо наметнување на гласање. Затоа ние бараме три работи, кој што се однесуваат на суштински и суптилни прашања.

СО ОВОЈ ЗАКОН СЕ ПРЕКРШУВА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР

-Прво, со овој закон очигледно е дека се прекршува и на некој начин се поништува Охридскиот рамковен договор. Ние бараме овој закон целосно да се усогласи со Уставот на Република Македонија и со Охридскиот рамковен договор. Второ, бараме да се отстранат сите процедурални прекршувања кои што се направени свесно. За да може Собранието во една нормална атмосфера, нормална состојба и широка состојба да расправа за прашањата поврзани со овој закон. Би сакал да потенцирам посебно за нашите сограѓани припадници на албанската заедница, дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема намера да бега од дебата за подобрување на употребата на албанскиот јазик во Република Макеоднија, напротив во текот на минатите денови дадовме и конкретни и конструктивни предлози кои што ќе значат навистина директна полза за обичниот наш сограѓанин Албанец. Истото го мислиме и за дебата која што ќе значи и за подобрување на употребата и на другите јазици споменати во нашиот Устав мислејќо на турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот и влашкиот јазик, заради тоа што според Уставот на Република Македонија и според Рамковниот договор, Република Македонија е граѓанска држава со унитарен карактер и мултиетничко општество. Ние го почитуваме тоа и сакаме да го надоградуваме со постапки кои што ќе значат подобрување на интеграцијата во општеството. За жал овој закон ќе направи двоен правен систем, овој закон ќе направи двојна држава, овој закон ќе направио фактичка јазична федерализација на Република Македонија што е спротивно на Охридскиот мировен рамковен договор, рече Димовски.

И конечно бараме, рече Димовски, во согласност со член 145 кој што вели „За предлог на закон од поширок интерес  Собранието по општата расправа може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело кое што ќе ја организира јавната дискусија“.

-Бараме Собранието безусловно и без одлагање да ја запре оваа процедура и да закаже јавна расправа на која што политичарите нема да играат дневно политички игри, каде што политичарите нема да го носат главниот збор, нема да се расправаме за процедуралните грешки јас и господинот Џафери, нема да се надмудруваме, надвикуваме и надгласуваме туку ќе поканиме професори по македоснки јазик, македонисти, ќе поканиме професори по албански јазик, албанолози, ќе поканиме професори по турски јазик, босански јазик, српски, ромски, влашки, ќе поканиме професори од сите правни факултети во Република Македонија без разлика на кој јазик се одвива наставата, ќе поканиме професори по компаративно право, ќе поканиме практичари. Овој закон се однесува на сите постапка, се однесува на управна постапка, парнична постапка, граѓанска постапка, извршна постапка, се однесува на сите нотари, се однесува на сите адвокати, се однесува на сите извршители, се однесува на сите подрачни единици на министерствата во Република Македонија, се однесува на сите државни органи на власта, се однесува на сите јавни претпријатија, се однесува на сите здравствени установи, се однесува на сите фондови, агенции и други правни лица кои што обавуваат јавна дејност, рече Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ СИТЕ ЗАКОНСКИ МОЖНОСТИ ЗА ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА НОСЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ

-Затоа, ова не е време посебно не пред избори политичарите да се надмудруваат и надгласуваат, ова е време кога треба да покажеме сериозност и да ја прекинеме политичката игра наметната од некое мнозинство и да започнеме реална расправа за проблемите кои што не тиштат или не мачат. Ние признаваме и прифаќаме дека голем процент од нашите собраѓани имаат интерес да се отвори ваква дебата во нашето општество ние нема да бегаме од таква дебата ќе бидеме составен дел од таква дебата и само тоа е гаранција дека ќе дојдеме до разумни решенија кои што ќе значат интеграција на нашето општество. Дозволете ми да најавам дека ќе ги користиме сите возможни уставни, правни, законски и деловнички можности за да се спротиставиме на носење закон кој што нема да донесе ништо добро за Република Македонија туку ќе воспостави двоен правен систем, двојно општество, двојна јазична федерација, изјави Димовски.

Милошоски: Неуставниот закон на СДСМ и албанските партии води кон целосна двојазичност што ќе предизвика федерализација на Македонија

Antonio-za-dvojazicnosta

Законот кој СДСМ и албанските партии го предлагаат во оваа форма води кон целосна двојазичност, што ќе предизвика федерализација на Република Македонија. Овој закон не е уставен, истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, каде се расправа за Законот за употреба на јазиците.

Тој потсети дека албанските политичари Али Ахмети и покојниот Арбен Џафери по потпишување на Рамковниот договор сами истакнале дека не успеале да направат двојазичност зашто не успеале да го променат Уставот.

Милошоски образложи дека двојазичноста само ќе ја зголеми недовербата меѓу Македонците и Албанците, но ќе ја зголеми и дискриминацијата кај помалите етнички заедници.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овој закон не е договор меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Македонија, туку едноставно е договор меѓу СДСМ и ДУИ со кој сакаат пред изборите да ги прикријат неуспесите на ДУИ од изминатите години и сакаат законот да служи како компензација, замачкувајќи им ги очите на незадоволните граѓани, Албанци.

Милошоски истакна дека донесувањето на овој закон ќе повлече глоби, казни и санкции за секој суд, универзитет или која било друга установа која нема да ја спроведе двојазичноста.

Според него, овој закон се обидува да се протне во Собранието со европско знаменце, иако ниту една земја од Европа не побарала двојазичност како услов за членство на било која друга земја.

Борјан Јовановски бил издрогиран кога ги навредувал професорките на Фејсбук поради Законот за двојазичност

Borjan-Jobanovski-navredi-FB

Новинарот Борјан Јовановски бил под дејство на наркотични супстанци кога ги навредувал професорките на Фејсбук за нивните ставови околу законот за двојазичност, велат луѓе кои одамна го познаваат Јовановски.

Јовановски со жолчни навреди и зборови кои ги измислил под дејство на дроги како „квазиинтелектуалнист“ ги напаѓал сите релевантни стручњаци и познавачи кои заземаа став против законот за двојазичност во Македонија.

Јовановски е жесток поддржувач на двојазична Македонија и сите други политики на Зоран Заев. Токму во интервју со Јовановски, Заев најави редефинирање на државата пред изборите во декември 2016, кое што како што гледаме се случува во моментов. За неговиот напад од синоќа, оние кои го познаваат велат дека Јовановски најверојатно бил под дејство на лесни дроги поради кои знаел да избувнува и во минатото.

Борјан Јовановски со навреди ја нападна професорката Ванковска само затоа што на својот Фејсбук профил го сподели видеото од емисијата и напиша пофални зборови за професорката Силјановска.

Професорката Ванковска, објави и две фотографии од размената со новинарот:

Borjan-Jovanovski-navredi-2 Borjan-Jovanovski-navredi-1

Во коментар подолу на истиот пост се надоврза и професорката Ана Лазаревска, која посочи дека Борјан и неа ја невредувал на ист начин по пораки на Фејсбук.