ПЛАТИЛЕ 537.000 ЕВРА: Еве како СДСМ преку соросови НВО купуваше ромски гласови во Делчево

НВО КХАМ Делчево пред изборите помеѓу ромското население делеле пакети за имунизација, пакетите ги делела лично Мира Стојчевска, претседателка на ОО СДСМ Делчево и кандидат за пратеник, пишува на својот Фејсбук профил Никола Србов.

-Непосредно пред денот на изборите во сите домови кај Ромите влегла Мира заедно со претставници од НВО КХАМ, се претпоставува дека делела и кеш. Од 600 ромски гласачи на овие избори 400 гласале за СДСМ, а вообичаено гласале за ВМРО ДПМНЕ. На денот на изборите во дворот на гласачкото место стоеле претставници од КХАМ со цел да им укажат на Ромите кои доаѓале да гласаат за кого треба да гласаат. Нека кажува Пирова од Хелсиншки за правата на Ромите. Од ФООМ на сметката на КХАМ Делчево легнале 537.000 евра, пишува Србов.

Мисајловски: Имаме обемна програма која ќе допре до секој граѓанин (ВИДЕО)

Ние сме постојано на терен, освен што ги имаме сите активности во текот на денот, имаме практика да се сретнеме дополнително со граѓаните. Да им порачаме на сите граѓани дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за избори и сме максимално подготвени да ги презентираме сите проекти што се предвидени за граѓани, истакна денес Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со граѓаните од Делчево.

-Имаме обемна програма која ќе допре до секој граѓанин. Она што ќе го ветиме да биде инфраструктурен проект, да биде некоја нова градба, исполнето ветување. Сакаме да завршат сите црни сценарија што се подготвени за Република Македонија. Делчево не сака двојазичност, Делчево сака проекти. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи многу силно на следните избори, посочи Мисајловски.

misajlovski-delcevo-1 misajlovski-delcevo-2

Делчевчани му порачаа на СДСМ: НЕ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА!

Граѓани на Делчево очигледно револтирани од најавените проекти на СДСМ за двојазичност на целата територија на Македонија утринава на влезот на градот поставија транспарент со натпис „Социјал-демократски сојуз за АЛБАНИЗАЦИЈА – Делчево НЕ сака двојазичност!!!“, решавајќи на сликовит начин да ја поздрават најавената посета на Дамјан Манчевски од СДСМ во овој град и да му посакаат топло добредојде.

delcevo-transparent-2

Делчевчани, како и жителите на другите градови од Македонија, се против најавената двојазичноста на целата територија на Република Македонија, проект кој што го најави претседателот на СДСМ Зоран Заев доколку опозицијата дојде на власт, во рамките на големиот план на СДСМ да се отвори кон албанскиот електорат и да ги исполнува неговите желби само за да ја освои власта по секоја цена.

„Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата? “, изјави Заев додавајќи дека  планира СДСМ да стане најголемата албанска партија во Македонија.

Населените места како Делчево се очигледно загрижени од ваквите најави и планови на Зоран Заев и останатите функционери во СДСМ кои свесно одат против волјата на македонците, поткопувајки го унитарниот карактер на Република Македонија.

Караванот „Купи куќа за млади“ во Штип, Делчево и Кочани

Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе се одржат презентации во Штип, Делчево и Кочани.

Презентациите ќе се одржат во Штип во Општината, во Делчево во Домот на културата и во Кочани во Општината, со почеток во 17 часот.

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Берово и во Дебар.

Груевски изврши увид во доградбата на градинката „Весели цветови“ во Делчево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на Делчево, изврши увид во градежните работи за доградба на градинката „Весели цветови“.

За доградбата се инвестираат над 21 милион денари, средства обезбедени преку Светска банка и буџетот на општината. Со доградбата, градинката ќе биде проширена со уште 450 метри квадратни. Градежните работи се очекува да завршат најрано во мај, а најдоцна до септември.

– Има голема потреба од дефектолози во училиштата така што се очекува наскоро да има вработувања на ваков кадар, но веројатно има потреба и од психолози, истакна Груевски.

За време на посетата, Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и со заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов остварија средба со граѓаните од Делчево кои побараа да се реконструира улицата „Светозар Марковиќ“. Груевски рече дека се обезбедени средства за оваа улица.

Реконструкцијата, како што информира градоначалникот Дарко Шехтански, се очекува да започне по завршување на изборите, а за обнова на оваа и на уште две улици се обезбедени средства во висина од 260 илјади евра преку ИПА програмата. Планирано е да се постави атмосферска канализација, водоводна мрежа и нов асфалт.

Пукна тиквата во СДСМ Делчево

Расцепот во и онака слабата општинска организација на СДСМ во Делчево деновиве доживува кулминација.
Имено, на трибината на Оливер Спасовски во салата на Спомен домот АСНОМ во Делчево, беше евидентно отсуството на претходниот Претседател на ОО на СДСМ во Делчево – Горан Трајковски, заедно со поголем број од членови на претходното партиско раководство, кои важат за блиски на него.

Сегашната претседателка на ОО на СДСМ Делчево, Мира Стојчевскиа, пратеник во Собрание на Република Македонија, важи за дел од фракцијата на Мирко Иванов – поранешниот градоначалник на Делчево и долгогодишен функционер на партијата, заедно со Кирчо Иванов – Претседател на советот на Општина Делчево од 2005 до 2009 година. 

Поголемиот број на приврзаници на крилото на Горан Трајковски, кој уште кога бил Претседател на ОО на СДСМ од 2010 до 2013 година, бил во конфликт со фракцијата на сега актуелното раководство на СДСМ во Делчево, комплетно ги бојкотираат партиските активности. Членовите од фракцијата на Трајковски, како што велат, не сакале да присуствуваат на трибината, која била реализирана единствено со покани на одбрани членови, кои актуелното раководство ги сметало за погодни.
Како што информираат од фракцијата на СДСМ на Горан Трајковски, во време на неговиот мандат, неговите соработници биле претежно од младината на СДСМ во Делчево. Но, откако младите социјалдемократи не биле поканети на трибината, тие најавуиваат радикализација на активностите и комплетна блокада на огранокот на СДСМ Делчево се додека таму е пратеничката Мира Стојчевска.
Затоа, младите делчевски социјалдемократи, најавуваат комплетна блокада на активностите кои ќе се одвиваат во предизборниот период, со цел да увиди централата дека старите и истрошени кадри не носат резултати и најавуваат дека состојбата во оваа општинска организација ќе доведе до најголем изборен дебакл во историјата на партијата.
Од таборот на Трајковски бараат итно разрешување на пратеничката Мира Стојчевскиа од Претседател на ОО Делчево, а во спротивно разгледуваат опции за насилно враќање во партијата преку членството или приклонување кон други политички партии каде би ги артикулирале своите политички цели.
Приврзаниците на СДСМ истакнуваат дека слична е состојбата и во поголемиот број на општински организации на СДСМ и дека токму поради ваквата внатрешна раскараност, централата се обидува да издејствува одложување на договорениот термин за избори.

Започнува изградбата на регионалниот пат Кочани – Делчево

Распишан е тендер за изградба на патот Кочани-Делчево, во должина од 30 километри. Во изградбата на патот ќе бидат вложени 10 милиони евра, а градежните работи ќе почнат кон крајот на годината, информира министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета на Кочани. 

Мисајловски и директорот на Агенцијата за државни патишта Александар Стојановски извршија увид  на градежните  работи и на асфалтирањето на клучката на влезот во Кочани од Подлошка раскрсница до хотел „Национал“ во градот.

Министерот Мисајловски истакна дека во првата половина на следната година ќе започне изградбата на патните делници од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани. – До крајот на годината очекувам да заврши постапката за распишување на тендерот за градба и во првата половина од 2016 година ќе започнеме со градба, рече министерот Мисајловски и додаде оти се гради и делницата Велес-Кадрифаково, автопатот Миладиновци – Штип.

Во тек се и активности за обнова и асфалтирање на делницата од влезот во Кочани во должина од 1.200 метри во вкупна вредност од 8,5 милиони денари. Работите ги изведува „Македонија пат“.

Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски за наредната година најави реконструкција и асфалтирање на патниот правец од Кочани до Пониква.

Одговарајќи на новинарско прашање Стојановски  информира дека во кочанско-виничкиот регион целосно се осветлени клучките кај Оризари и за влез во Виница од магистралниот пат Кочани- Делчево.

– Останува да се осветлки клучката кај Кочани кон Зрновци. Договорот е потпишан со изведувачот и очекуваме да се пристапи кон осветлување и на оваа клучка, рече Стојановски.