Каде се СДСМ и соросовите „Паркобрани“ кои се противеа на изградба на легална црква во Центар, сега да реагираат за сечењето дрва и изградба на џамија дивоградба во Чаир?

Каде се паркобраните на СОРОС и противниците од СДСМ кои жестоко се противеа за изградба на легална црква во општина Центар и сечењето на пет стари дрва, сега да реагираат за сечењето на десетици дрва и изградбата на џиновска џамија дивоградба во општина Чаир?

На огромна парковска површина со многудеценски дрвја во населбата Топанско Поле ќе се гради џамија. Просторот е веќе ограден со лимена ограда, а со забрзано темпо речиси за два дена е изградена монтажната лимена куќа, која веројатно ќе се користи за градежните работници.

Истите оние соросови активисти, кои себеси се нарекуваа „Паркобрани“ и кои наводно се залагаа за зачувување на дрвјата и зеленилото, сега ги нема никаде да излезат со било каква реакција за сечењето на многудецениските дрвја каде ќе се гради џамија. Истите оние кои жестоко протестираа за изградба на легална црква во центарот на Скопје, сега не им пречи тоа што се уништува парковска површина за да се изградија џамија дивоградба.

parkobrani

Во 2013-та година, токму оваа група политички инструирана од СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски започна протести кај хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје, затоа што биле загрижени поради тоа што ќе се уништело зеленило за да се изградела црква.

parkobran

Дека нивните протести имаа политичка позадина, а не стануваше збор за вистинска еколошка грижа покажува фактот што истите беа исценирани од страна на партиска група во која најголемиот дел беа функционери и вработени во Општина Центар, но и роднини на високи политичари од СДСМ. Оние кои со месеци ја манипулираа јавноста дека се грижат за зеленилото во Скопје, со низа постапки докажаа дека истите тие кои протестираа против сечењето на пет стари дрва на место каде што треба да се изгради црква, не беа ништо друго туку само група на луѓе која се користеше за партиски цели.

Истите овие „Паркобрани“ молчеа и кога Андреј Жерновски сечеше дрва на улицата „Ѓорѓи Пешков“ во Дебар Маало, како и на низа други локации во централното градско подрачје.  За таквите акции на Жерновски за сечење на дрвја немаше протести, вандалско рушење тараби, ноќни “дежурства“, транспаренти и огрдување на објекти во центарот на градот.

parkobran-500

Овие активисти кои се претставуваа за независни дрвољупци беа редовен декор кога поради планските промени во согласност со урбанистичките планови се отстрануваше старо зеленило со цел да се реуредува просторот во централното градско подрачје.

Некои дрва не заслужуваат протест во име на повисоките „непартиски“ цели

Селективното реагирање на групата наречена „Паркобрани“ е доказ дека протестите кај „Бристол“ беа политички мотивирани. Од „Паркобраните“ кои со ноќи го чуваа паркот кај Бристол, сега нема ниту трага, ниту глас кога во Чаир се уништува огромна парковска површина и се сечат многулетни дрвја.

secenje-drva

Тоа што тие сега не реагираат, покажува дека тогаш не ги бранеле личните, туку бранеле партиски ставови. Ова само наведува дека дрвјата во Дебар Маало кои ги сечеше Жерновски и оние во Чаир кои сега ги сече Изет Меџити изгледа немаат иста политичка тежина како оние пред Бристол. За едните требаше партиски да се одработува, за другите не.

До каде може да оди лицемериото на СДСМ и Андреј Жерновски кога “уништување“ на зеленило е во прашање покажува и последните случувања кај поранешен „Чичко Стоилко“ во близина на ГТЦ. Изминативе денови Жерновски преку соопштение обвини дека последниот потег на град Скопје да ги исечело зимзелените садници на потегот од Триумфалната порта до ГТЦ било несфатливо уништување на зеленилото.

debardrvo4

На ваквите обвинување од Жерновски реагираше Градот Скопје, кој соопшти дека на ова место се искастрени неколку грмушки, а не дрва како што се наведува. Стручните служби од ЈП „Паркови и зеленило“, по извршен увид оцениле дека истите се делумно исушени и треба да бидат отстранети.

20170419083855

Истите оние кои сега реагираат за исечени диви грмушки, молчат кога истовремено се сечат десетици дрва во Чаир каде никнува огромна џамија дивоградба, која според последните информации ќе биде една од најголемите во Европа.

Има ли “дил“ меѓу Заев и Меџити?! – СДСМ молчи за џамијата дивоградба, а кочеше изградба на легална црква во Центар

Општина Чаир и Изет Меџити засега молчат и не одговараат за грандиозниот верски објект кој ќе се гради на територија на општината. И додека СДСМ од една страна за пет исечени стари дрвја ја кочеше изградбата на легална црква во центарот на Скопје, сега социјалдемократите молчат за џамијата дивоградба во Чаир.

Прашањето кое се поставува во јавноста е дали тоа е премолчен “дил“ на Заев со градоначалникот Меџити, кој во последно време повеќе делува како заменик на Петре Шилегов на портпаролското место во СДСМ, отколку како градоначалник на општина Чаир? Дали за сметка на молк за изградба на џамија во Чаир, СДСМ добива поддршка од Меџити за коалиција?

dzamija

Од сето ова излегува на површина дека целото противење на СДСМ на сите градби е чисто поради теснопартиски и политички причини, а не поради еколошка грижа за зеленилото и дрвјата.

Молк и од опозициските медиуми. Сдсмовските портали кои деноноќно ја следеа ситуацијата кај „Бристол“ и постојано известуваа за уништување на зеленилото, истите оние партиски активисти кои молчеа за сечата на дрвјата во Дебар Маало, сега нема да излезат со “жив штит“ пред дрвјата кои се сечат по наредба на Општина Чаир, бидејќи очигледно таму нема партиски интерес.

Објектот на Панчевски не е дивоградба, инвеститорите ќе поднесат тужба против Општина Центар

Решенијата на општина Центар за рушење на наводната дивоградба на улица „Никола Вапцаров“ бр „6“ во центарот на Скопје, на која што еден од сопствениците е и претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски се поништени и незаконити. Одлуката ја донесе Државната комисија  за одлучување од втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочна  постапка. Поради претрпените штети  инвеститорите на објектот кој беше прогласен за дивоградба најавуваат тужба против Општина Центар за надомест на штета.

-Државната комисија  за одлучување од втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка донесе две одлуки со кои решенијата на општина Центар за рушење на наводната дивоградба на улица „Никола Вапцаров“ бр „6“ се поништуваат како незаконити, истакна адвокатот на инвеститорите Благоја Пеповски.

Пеповски посочи дека во образложението на одлуките од второстепената комисија јасно се наведени повредите кои овластениот градежен инспектор ги сторил, односно прекршен е Законот за општа управна постапка, Законот за градење и Законот за инспекциски надзор

-Со оглед на тоа што инвеститорите беа принудени да постапуваат по вака незаконито решение, односно жалбата не го одлагаше извршувањето на истите, како и притисокот кој беше наметнат од овластените лица при општина Центар изразен преку јавни повици на фирми за рушење на наводната дивоградба, односно јавни повици за асистенција на МВР за постапување за сите тие решенија инвеститорите претрпеа штета која е утврдена со градежно техничко вештачење,  рече Пеповски.

Од семејството Панчевски велат дека со одлуката на второстепената комисија се докажа беззаконието и инволвираноста на општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски во хајката против семејството Панчевски.

– Конечно паднаа маските за подмолната намера на општината за исконструираниот случај- дивоградба на претседателот Панчевски. Штетата причинета со незаконитото работење на општинската власт кои второстепената комисија ги образложува на повеќе од 11 станици со повеќе од 25 тешки повреди на повеќе закони и процедурите на постапување нема да ја платата ни Жерновски, ниту градежниот инспектор, ниту раководителот на инспекцијата Кочо Стојчевски кој грчевито овие денови се обидуваше да ги оправда незаконитите решенија донесени заради повисоки цели и интереси. Штетата за ваквиот егзибиционизам на општинската власт ќе ја платата и ќе биде на товар на граѓаните на општина Центар. Се надевеме дека надлежното јавно обвинителство ќе ја задоволи превдата и ваквите криминални општински структури ќе одговараат пред законот за направените злоупотреби, велат од семејството Панчевски.

Објектот на семејството Панчевски, кој општина Центар го прогласи за дивоградба, е семејно наследство изграден уште од 1928 година.

ПОТВРДЕНО: Заев е стар другар со газдата на дивоградбата „Цареви кули“ Коце Ристовски (ВИДЕО)

Коце Ристовски, сопственик на „Цареви Кули“, хотелскиот комплекс во Струмица кој се најде во средиштето на вниманието заради најновата криминална афера со злоупотребата на градоначалникот Зоран Заев на Законот за легализација на дивоградбите, јасно и гласно потврди дека токму градоначалникот Зоран Заев му е долгогодишен пријател.

Koce-Ristevski-Carevi-Kuli Koce-CK-pismo

Токму тоа и го тврдеше Република кога ја отвори оваа афера: дека е невозможно Зоран Заев да не знае кој е Коце Ристовски, сопственик на компанијата „Чам Чифлик Голд“ ДООЕЛ од Струмица, а притоа тој да може „на диво“ да изгради хотелски комплекс од над 600 квадратни метри, на државна парцела – пасиште од околу 1.000.000 метри квадратни, непосредно до новоизграден пат, во периодот меѓу 2011 и 2013 година, а потоа да го легализира преку злоупотреба на законот за легализација на дивоградбите. Притоа, истата компанија секоја година да зема дел од општинскиот тендерски „колач“, било тоа да е поправка на тротоари или материјали за дури 300 споменици во Струмица!

Koce-CK-dogovor-1 Koce-CK-dogovor-2 Koce-CK-trotoar Koce-CK-tenderi

Во писмото испратено до медиумите Ристовски како аргументи посочува дека не постоел никаков криминал во изградбата на хотелскиот комплекс и дека тој бил граден повеќе години лично од него и од неговата сопруга, како и дека бил испочитуван законскиот рок за пријавување за легализација во секторот за урбанизам. Но, тоа што Ристовски го нагласува во реакцијата воопшто не е спорно.

Zaev-Carevi-kuli-1 Zaev-Carevi-kuli-patZaev-Carevi-kuli-2011 Zaev-Carevi-kuli-2013

Никој не го спори времето на поднесување на барањето за легализација, туку фактот дека целиот комплекс е изграден по определената дата до која дивоградбите можат да добијат документи. Спорниот момент во целата афера е тоа дека според сателитските фотографии од алатките на Гугл за мапирање, со точно определена дата, покажуваат дека хотелскиот комплекс во март 2011 година воопшто не постоел. А законот за легализација ги опфаќа сите градби без одобрение што биле изградени пред тој да влезе во сила, односно трети март 2011 година. За тој факт Ристовски, исто како и општина Струмица, нема ниту збор.

Zaev-Carevi-kuli-1 Zaev-Carevi-kuli-2 Zaev-Carevi-kuli-3

Ристовски „одговорно“ тврди „дека Зоран Заев нема никаква поврзаност со комплексот“. Според документите кои Ристовски ги поднел, до општината има и Изјава дадена пред Нотар (Данче Шеримова , со број ОДУ 45/13 од 16.01.2013). Изјавите пред Нотар се даваат под кри­вич­на и матери­јал­на од­го­вор­ност, а во случаите за легализација на дивоградба се во насока на тоа дека барателот ­твр­ди де­ка бес­прав­ни­от об­јект е из­гра­ден пред вле­гу­ва­ње­то во си­ла на законот.

Газдата на „Цареви кули“, пред да и го подари хотелскиот комплекс на сопругата заедно со другите недвижнини, и на компанијата „Чам Чифлик Голд“ ДООЕЛ од Струмица, апелира до медиумите да прашале „било кого во Струмица“ за каков човек го сметале. Истата јавност на која се повикува Ристовски од него очекуваше одговори- докази дека објектот е изграден пред 03.03.2011 година и ако нема докази, како може и кои се адреси му овозможиле да го легализира објектот кој на сателитските фотографии се појавува меѓу 2011 и 2013 година? Вистината излегува на виделина за законите да може да важат за сите.

Наместо со одговори и докази дека објектот бил изграден пред 03.03.2011 година, Ристовски во јавноста излезе со празни редови, чија тежина не ги надминува четирите реченици во соопштението од Општина Струмица според кои „се е по законот“ и „медиумите лажат“.

Reakcija-Strumica-Carevi-kuli

ТРАЈКОВСКИ ДЕМАНТИРА: „Космос“ е дивоградба, а општина Гази Баба постапи законски

Општина Гази Баба постапуваше законски во случајот „Космос“ што може да го докаже во каква било правна  постапка, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.

За уривањето на зградата на „Космос“ во сопственост на бизнисменот Фијат Цановски, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) минатата недела отвори истрага. Според Трајковски, „Космос“ била дивоградба и не смеела да биде третирана поинаку од, како што рече, „кој било друг нелегално изграден објект“.

-Повеќепати во судските постапки Управен суд и Виш управен суд како и со решение од Уставен суд сме ја докажале нашата законска постапка во случајот Космос. Ќе ја искористам секоја правна можност согласно Законот и Уставот уште еднаш да докажам дека законски се постапуваше, наведе Трајковски, укажувајќи декла целата постапка е докажана деветпати во Управен суд и деветпати во Вишиот управен суд.

Градоначалникот Трајковски тврди дека „СЈО не ги презентирало сите факти и аргументи што им ги доставиле и ги обвинило без докази“.

Презентирајќи документи Трајковски рече дека не се точни аргументите на СЈО за стручното мислење од Архитектонскиот факултет, како и за тврдењето оти била незаконски избрана фирмата за уривање на „Космос“ и дека е направена штета од 2.999.560 денари.

Toni-Trajkovski-Gazi-Baba-1Во постапката беше доставено стручно мислење од Архитектонскиот факултет потпишано од професорот Мирослав Грчев, кој исто потврдува дека градбата се градела спротивно на одобрението и само ја кажува причината. Сите отстапувања  во изградбата настанале поради наводите на геомеханичкиот елаборат во кој се утврдуваат лоши носиви и динамични својства на почвата  поради активните подземни води. Ова наложило  подигнување на најниската кота на објектот  при што дошло до пренамена на приземјето од деловен  простор во паркиралиште. Значи и тој ниту потврдува дека според неговата анализа објектот е подигнат поради подземни  води за што тој тогаш ниту бараше ниту добил согласност од Општина Гази Баба, рече Трајковски.

Инвеститорот Фијат Цановски, наведе Трајковски, пред да  започне со градбата целокупната постапка ја направил со умисла, а тоа го покажувале документите за периодот пред, во тек и по изградбата.

Според градоначалникот на Гази Баба, не се точни изјавите на Цановски дека се што градел било легално, затоа што, како што рече, само неколку дена подоцна по таквите изјави се демантирал сам и поднел барање за легализација за сите три парцели на кои е сместен факултетот Фон.

Одговарајќи на новинарско прашање  дали ќе побара да биде изземен од одлуката за аболиција од претседателот на државата за овој случај, Трајковски наведе дека „ниту барал, ниту има потреба да бара ниту ќе бара да биде тргнат со одлука од постапката, односно да биде спречено водење постапка“.

Деветпати во Управен суд и деветпати во Вишиот суд  ја докажавме целата постапка. Подготвен сум уште повеќепати ако треба во судска постапка да ја докажам нашата законитост затоа што верувам дека овие аргументи се доказ со којшто ние можеме без тронка сомнеж и во каква било постапка да ја докажеме нашата законитост, рече Трајковски.

НОВ СКАНДАЛ: Ќе одговара ли Фијат Цаноски дивоградбите или ќе го спасат Заев и Јанева?

Телевизија НОВА вчера отвори нов скандал според кој Космос не била единствената дивоградба на Фијат Цаноски. Се отвора прашањето дали бизнисменот ќе одговара за ова.

Според документите презентирани во јавноста, Цаноски надвор од законот градел и делови од универзитетот ФОН кој исто така е во негова сопственост.

-Законите во оваа држава важат за сите граѓани освен за Зоран Заев и неговите соработници, сметаат политичките аналитичари. Ваквиот заклучок се наметнува по едноставната анализа на најавите кои доаѓаат преку медиумите дека Катица Јанева ќе отвора предмет поврзан со уривањето на Космос, пренесува ТВ НОВА.

Zaev-Spasovski-Canovski

Единствената логика во ваквата постапка е дека ниту еден граѓанин не смее да гради надвор од законот, бидејќи нему ќе му биде урнат објектот, но ова правило не важи и за Фијат Цаноски. Тој заради блискоста со Зоран Заев, не само што може да гради на диво, туку и секој обид на државата да го санкционира неговото незаконско работење може да заврши со постапка против институциите од страна на Катица Јанева.

Фијат Цаноски во петокот го промовираше студентскиот дом во рамки на Универзитетот Фон, но како што дознаваме не е се законски исправно ниту со овие простории. Според признанието на самиот Фијат Цаноски целиот објект сеуште нема имотен лист, односно допрвин треба да биде впишан во катастарот.

– Имаме сега доукнижување за другите спратови горе, но овој дел каде што е сместен сега има имотни листови. Тоа е формалност да се добијат, ние секако сега не го користиме целиот дом, домот ќе се користи од септември. Тие два ката каде што е сега комплетирано имаат имотни листови, а другите катови ќе си добијат укнижување, по што било правно, а сега само правиме укнижување, вели Цаноски за ТВ НОВА.

Според неофицијалните информации објектот кој што го промовираше Фијат Цаноски воопшто нема намена како студентски дом во одобрението и целиот елаборат кој што е доставен од страна на геодетската фирма имал големи неправилности и отстапувања од реалната состојба.

Дека не е прв пат Цаноски да не ги почитува законите за градење, потврдија и градоначалникот на Општина Гази Баба и поранешниот министер за транспорт и врски кои детално ги образложија сите пропусти при градењето на Космос, како и одбивањето на Цаноски да постапи согласно насоките на институциите.

-Космос согласно законот за градење започна да се гради со одобрение за градба, но за жал во текот на градбата инспекторката кога отиде на лице место констатира дека објектот се гради спротивно на одобрениот проект, спротивно на архитектонско-урбанистичкиот проект и спротивно на деталниот урбанистички план, односно дека е дивоградба. Затоа и понатаму се пристапи кон соодветно постапување согласно законот на отстранување на објектот, посочи Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба.

-Со кажувањето дека многу малку имало отстапување дека објектот се рушел политички не е точно, туку сите правни аспекти во случајот Космос е согласно Законот за градење и  сите судски инстанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи, истакна Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски.

Објектот на универзитетот ФОН во Скопје е пуштен во употреба во 2003-та година, но според информациите од општина Гази Баба, сопствениците се уште немаат целосна документација.

Целиот пролог на ТВ НОВА погледнете го во продолжение

ФОТО: Никна ресторан – ДИВОГРАДБА СРЕДЕ ЦЕНТАР?

Нов ресторан ќе се отвора деновиве во строгиот центар на Скопје , но според сознанија до кои дојде „Телеграф“ објектот немал уредна градежна дозвола.

Restoran-Centar-2Засега нема информации кој е сопственикот на објектот, но веќе била испратена инспекција која утврдила дека за објектот немало целосна документација.

Објектот се наоѓа во близина на Католичката црква во Скопје, а неофицијално за деновиве се најавува и негово отворање.

Од општината Центар сè уште нема податоци за овој објект и за тоа дали е целосна документацијата околу неговата изградба.

Restoran-Centar-1

Извор: Телеграф.мк

Јанакиески: „Космос“ е класична дивоградба, тоа го потврди и Управниот суд и самиот инвеститор

Коментирајќи го случајот со објектот „Космос“, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во интервју за НОВА ТВ изјави дека треба да се сфати, без разлика дали се работи за отстапување од 1,5 метри, од две метри, три метри и така натаму, дивоградба си е дивоградба.

-„Космос“ како објект е класична дивоградба и општина Гази Баба надлежна за таков вид на објекти има постапено согласно законот и тоа не го кажувам јас, туку тоа го кажа и Управниот суд. Тоа го потврди и самиот инвеститор, впрочем кога се донесе решението за уривање самиот инвеститор побара измени во тек на градба, односно неговата дозвола за градба да се измени точно за оние отстапувања што ги имаше и со тоа самиот ја призна вината дека при изградба на „Космос“ имаат направено нешто што е спротивно на законот за градење- рече Јанакиески.

Јанакиески нагласува дека не е точно дека објектот се рушел политички, туку сите правни аспекти во случајот „Космос“ се согласно законот за градење и сите судски истанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи.

-Во однос на обвинувањата дека сум бил длабоко влезен во градежништво во градба и така натаму, јас одговорно тврдам дека ниту имам градежна компанија, ниту сум се занимавал со градење, тоа се шпекулации се со цел да се нанесе негативно влијание на мојот имиџ- вели Јанакиески.

Лазаров: Жерновски ја легализира најголемата дивоградба во Градскиот парк

Томислав Лазаров, координатор на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар денеска го обвини градоначалникот Андреј Жерновски за поддржување на урбаната мафија во Скопје, истакнувајќи дека ја легализирал  најголемата дивоградба во Градскиот парк“.

Во прилог на тврдењето презентира решение со кое, како што рече,е легализирана дивоградбата.

Андреј Жерновски, рече Лазаров, сакаше да го уништи пазарчето Буњаковец со цел да оствари бизнис интереси на негов пријател и да се изгради бензиска пумпа. – Овој план по жестока реакција на граѓаните беше повлечен, наведе Лазаров.

Според него, Жерновски во недостиг на работа и проекти креира проблеми, а потоа обвинува други.

– Тој сега самиот крева магла за урбанистичкиот план кој го изработил и го предложил на разгледување на јавна анктеа. Неговата намера не е да реши проблеми туку да ги создаде. Тој го критикува Министерството за транспорт и врски, а од таму велат дека се што Жерновски ќе предложи и е во рамки на законот ќе биде прифатено, рече Лазаров.