ДИК ќе ги соопшти официјалните резултати по истекот на роковите за жалби

Државата изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти официјалните резултати од локалните изброи по истокот на роковите за жали. Уште официјално не може да се каже во колку општини изборите се завршени, а во колку ќе треба да се гласа во вториот круг, рече денеска на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Чичаковски. Тој рече и дека не може да се кажат точните мандати на советници се додека не се добијат конечните резултати.

– Сега следува период на приговори, жалби и тужби до Управен суд. Па дури откако тоа ќе заврши ќе можеме да кажеме колку точно општини добиле партиите и во кои општини ќе треба да се гласа и втор круг – рече Чичаковски.

Партиите имаат право на приговор до утре до полноќ, по што ДИК ќе ги разгледува приговорите. Откако ќе се одлучи по приговорите, партиите имаат право да се жалат до Управниот суд. Откако ќе истечат роковите за оваа постапка, ДИК ќе ги објави официјалните резултати.

Според засега обработените податоци, неофицијално четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 општини на 29 октомври ќе се гласа во втор круг.

Од досега преброените гласови, излезноста е повеќе од 60 отсто.

Во првиот круг избрани се градоначалници на: Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебрца.

Втор круг ќе има во: Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Според Државната изборна комисија, на вчерашните локални избори има 51.164 неважечки ливчиња за гласање за општинските совети, додека за изборите за градоначалници има 45.066 неважечки ливчиња.

ДО 17 ЧАСОТ: Гласале 49,14 отсто од граѓаните со право на глас

49,14 од граѓаните со право на глас го оствариле своето право до 17 часот. Во СКопје гласале 50,58 отсто од граѓаните. Ова се официјални податоци од Државната изборна комисија. Наскоро детални податоциза излезност по општини.

Јовановски: Чичаковски треба да го дисциплинира Заев – СДСМ е тој кој го крши Изборниот законик

Заев, Спасовски и Шекеринска ја окупираа државата. Законите не важат подеднакво за сите. Во континуитет се врши грубо кршење на изборниот законик и на изборните процедури, а Државната изборна комисија под партиска испостава на СДС и Зоран Заев праќа блед апел до политичките партии да престанат со инцинденти и насилство, истакна Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ

-Господине Чичаковски, овој апел треба да го пратиш токму до твојот партиски шеф Заев и до Социјалдемократскиот сојуз, бидејќи токму тие се виновници за  инцидентите и насилствата кои што се случуваат откако СДС е на власт. Чичаковски, државната изборна комисија е независен орган кој има функција да спроведува фер, слободни и демократски избори. ДИК мора да вложува напори за да се одржува непристрасност, одговорност и професионалност во работењето, вели Јовановски.

Тој посочува дека ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се престане да се прикажува лажна загриженост од страна на Чичаковски и да се бараат неотповикливи оставки од претседателот на ОИК Марија Петковска од Кратово, која беше во првите редови на конвенцијата за промоција на кандидатот за градоначалник на СДС од Кратово и претседателот на ОИК од Кисела Вода, Томо Мојсовски, кој беше фотографиран и  објавени во медиумите како врши партиски активности за СДС во Кавадарци.

-Претседателите на ОИК се бираат од редот на службеници на државната администрација, под претпоставка дека ќе бидат независни и непристрасни во своите активности за време на изборниот процес.Значи луѓето кои треба непристрасно да организираат избори всушност се партиски војници на СДС. Со ваквите скандали владата на СДС и Зоран Заев го крши изборниот законик и процедури, а со тоа придонесуваат кон нефер и недемократски избори. Ова беззаконие мора да престане. Ова дрско мешање на партијата и државата мора веднаш да се санкционира. Во Република Македонија, законите мора да важат подеднакво за сите, без разлика за кого се работи. Чичаковски не смее да си дозволи Државната изборна комисија да ја става во функција на СДС, Заев, Спасовски, Шекеринска, посочува Јовановски.

Тој вели дека одговорност за сите незаконски постапки ќе има, со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија.

ПРОТИВЗАКОНСКИ: ДИК потклекна пред притисокот од СДСМ

ДИК одлучи да ги запре референдумите за мигранти на денот на локалните избори, а ќе бидат известени сите Изборни Комисии во 12 те општини кои барале референдуми за мигрантите, дека постапката е запрена. Општините Карпош и Ѓорче Петров за кои Државниот Инспекторат се уште нема никаква одлука, ДИК ги стави на чекање и не одлучи за нив, затоа што станувало збор за исто прашање. Дали Државната Изборна Комисија денеска под притисок на власта попушти? Денешната седница помина во знакот на дофрлувања, препукувања, тензични довикувања меѓу членовите на комисијата.

Членовите од СДСМ јасно држеа страна дека не сакаат референдуми за денот на локалните избори. ДИК немал искуство за одржување референдум и избори во ист ден.

Одговор на ова беше дека не постои таква законска одредба која што може да ги запре референдумите да се одржат во исто време со изборите, кажа Сашо Срцев.

Откако Бонева изјави дека ДИК е само орган којшто треба да спроведе да се одржат референдуми и дека не постои пречка и неисполнување на некој услов за да се одржат референдуми, Виолета Дума одговори дека не сака ниту да помисли дека на претходниот дискутант му било побитно одржувањето на референдумите од изборите.

Очигледното нетрпение помеѓу членовите растеше и премина во викање едни на други кој колку минути можел да зборува. Претседателот Чичаковски се обидуваше да ја прекине дискусијата, на што беше опоменат од членовите да не тропа по масата и да не биде пристрасен. По ова следеше гласање.

По денешниот заклучок на ДИК е јасно, референдуми за мигранти на денот на локалните избори дефинитивно ќе нема.Остана само на разгледување од страна на службата за спроведување, референдумот во Дебарца. Меѓутоа тој очигледно не беше спорен, станува збор за изградба на депонија.

Инаку Државниот Инспекторат за локална самоуправа за запирањето на референдумите за мигранти се повика на член 22 од Законот за локална самоуправа според кој никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа.

ДИК има налог да ги руши референдумите: Мигрантите се прашање кое не заслужува одговор (ВИДЕО)

СДСМ, референдумите во општините за населување на мигранти ќе ги рушат преку Државната изборна комисија, односно ќе сакаат да спречат изјаснување на граѓаните по ова прашање- дали се „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина. ДИК има налог од новата власт предводена од Заев и СДСМ да донесе одлука дека не смее да има референдуми. Членовите на ДИК ризикуваат кривична одговорност.

Толкувањето на членовите на ДИК било дека нема технички можности за такво нешто, што е сосема неоправдано, бидејќи одржувањето на локалните избори со себе повлекува инфраструктура и техничка поддршка и логистика, која треба да се искористи и за одржувањето на референдум против одлуката на владата за доселување на мигранти.

Постои законска обврска, референдумите да се закажат во рок од 40 дена што се совпаѓа со првиот круг од локалните избори. На овој начин, дополнително ќе се заштеди, бидејќи и референдумите и локалните избори ќе бидат на ист трошок.

И од иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, велеа дека е добро референдумите да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои граѓаните бараа референдум.

„Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име“- порачуваат граѓаните.

И шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за Дојче Веле вели дека Македонија е подготвена да прими мигранти.

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

По повод Глобалниот ден на изборите, кој се оддржува секој прв четврток во февруари, Државната изборна комисија оствари работна средба со претставници од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Средбата, како што соопшти ДИК, била во насока на проширување на соработката помеѓу ДИК и МОСТ, а на која Граѓанската асоцијација МОСТ на ДИК и ја предала на користење датабазата на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите, претходно подготвена од страна на МОСТ.

Датабазата е изработена во форма на веб-страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на документи во pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По  овие критериуми датабазата може и да се пребарува.

Датабазата е подготвена како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ спроведен од Граѓанската асоцијација МОСТ, а финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, Британската Амбасада во Скопје, Националниот демократски институт (NDI) и Националниот фонд за демократија (NED).

Новаковски: Резултатот од изборите е јасен со верификацијата на мандатите

Имајќи ги предвид сите случувања во текот на изминатите години, ние бевме опседнати со избори кои мораат да завршат коректно и да имаат легитимитет, истакна поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека резултатот од изборите е јасен со самата верификација на мандатите во Собранието.

-Познато е кој има мнозинство, а кој нема. Мандатот е доделен на победникот, не можеме да кажеме дека друг е победник, победникот се знае, резултатите се признати, и никој не ги оспори, посочи Новаковски

ДИК ги објави конечните резултати од прегласувањето во Теарце

Конечниот резултат е 51 пратенички мандат за ВМРО-ДПМНЕ, 49 за СДСМ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада.

На прегласувањето во Теарце, ВМРО-ДПМНЕ освои 149 гласа, СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците по 1 и ВМРО за Македонија 2 гласа. Ова се официјални резултати кои ги објави ДИК и според нив нема да има промена во освоените пратенички мандати.

preglasuvanje-tearce-rezultati

ВИДЕО: Чичаковски дрво пијан, пресот на ДИК доцнеше за да може да се отрезни?

Неофицијално Република дознава дека причина за доцнењето на прес-конференцијата на Државната изборна комисија од цели три часа не е неможноста на Општинската изборна комисија да го состави записникот 21, како што рече претседателот на ДИК, туку тоа што претседателот на комисијата бил дрво пијан.

Наши извори велат дека Александар Чичаковски бил толку многу под дејство на алкохол, што било невозможно прес-конференцијата да се одржи во 21.30, како што беше закажано. Членовите на ДИК морале да почекаат Чичаковски да си дојде при себе за да може да ги прочита официјалните информации во врска со прегласувањето во Теарце пред камерите.

Од снимката можете самите да заклучите во каква состојба е претседателот на ДИК.

ДИК: На 25 декември ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце

Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, откако ИТ секторот на Комисијата направил симулација дека тоа може да влијае на резултатот, односно бројот на освоени мандати на партиите во Изборната единица 6 на парламентарните избори што се одржаа на 11 декември.

Одлуката на ДИК, е донесена врз основа на член 151, став 3 од Изборниот законик гласањето да се повтори доколку тоа може да влијае на крајниот резултат, но и врз основа на вчерашната одлука на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

Прегласувањето ќе се врши на 25 декември 2016 година.