СВИТКАНА КИЧМА НА ДЕЛО: Хаос и политика на понижување во меѓународните односи во првите 100 дена на Димитров и СДСМ

Dimitrov-Zaev-Srbija-Grcija-Bugarija

Сто дена хаос и понижување во меѓународните односи. Спорниот договор за добрососедство со Бугарија, дипломатскиот скандал со Србија, празно ветување за брз влез во НАТО и Европската Унија, нарачување цвеќиња од 5.000 евра е епилогот од првите 100 дена на Владата на СДСМ и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Во првите 100 дена од владеењето на СДСМ надворешната политика на Македонија значително се промени. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ сега води политика на неспособност, хаос, лаги и понижување.

-Сведоци сме дека владата на СДС одбра политика на понижување. Политика на попуштање на се и сешто и национално понижување, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакна надворешната политика на Република Македонија е без никаков концепт и е базирана исклучиво на рушење на достоинството на државата и константно понижување.

-Нашата надворешна политика е без никаков концепт и базирана исклучиво на рушење на достоинството на нашата држава и константно понижување. Градењето на добрососедски односи е посебна приказна. Се случи една од најголемите дипломатски кризи со соседна Србија, а со Бугарија потпишавме договор кој предвидува обврски само на македонска страна. Ревидирање и бришење на учебниците по историја е еден од условите кои Зоран Заев ги прифати, а беа предложени од Бугарија, и тоа ќе стане актуелно и неизбежно за една до две години од сега доколку овој договор биде ратификуван во нашиот парламент. Дали некој мисли дека односите може да се подобруваат само со отстапки од наша страна? Одговорот е не! Со ваквиот пристап само се отвораат вратите и можностите за нови блокади во иднина, доколку не бидат исполнети барањата на Бугарија во врска со договорот.

Првото нешто што го направи министерот за надворешни работи, Никола Димитров од Владата на СДСМ беше потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија.

Груевски посочи дека премиерот Зоран Заев и СДСМ прифатиле дека Гоце Делчев и сите македонски револуционери биле бугарски револуционери, а Илинденското востание било заедничко.

-Со тоа што прифати дека Гоце Делчев и сите македонски револуционери биле бугарски револуционери, а Илинденско востание било заедничко, и сме имале заедничка историја со бугарите. Дека на 11-ти октомври 1941 година имало граѓански конфликт на идеолошка осова помеѓу бугарското население во Македонија.  Исто така не се ни обиде да издејствува признавање на македонскиот јазик, за кој нашиот сосед нема аргументи само со нас да го ословува со фразата ,,согласно уставот,, и со ниту една друга земја тоа не го прави. Ете така заев гради добрососедство. Којзнае што уште ја чека државата во идните предизвици со името и идентитетот?, праша Груевски.

Веднаш по потпишувањето на договорот Софија ја заостри реториката по ова прашање. Министерот за одбрана на Бугарија и претседател на националистичката ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов за Гоце Делчев вели дека нема зашто да се делиме околу него, бидејќи било евидентно оти е Бугарин.

Тој исто така истакна дека Илинденското востание е најорганизираното бугарско востание во бугарската историја.

По Каракачанов се огласи и европратеникот од истата партија, Ангел Џамбиски кој посочи дека целта на Илинденското востание била да нема граници од Охрид до Црно Море.

-Ние немаме интерес од граница на Деве Баир, ние немаме интерес од граница на Ќустендил. Ние имаме интерес да го довршиме делото на востанието од 1903 година кое беше од Охрид до Црно Море, за да нема граница од Охрид до црно Море-изјави Џамбаски.

По потпишувањето на договорот со Бугарија следуваше дипломатскиот скандал со Србија.

Македонија беше обвинета од Србија дека незаконски била прислушувана српската амбасада во Скопје.

Во екот на тој скандал, единствено нешто што Владата на Заев изјави е дека Република Македонија развива пријателски однос со сите соседни земји.

-Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Во врска со конкретниот случај, не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки, соопшти Владата во екот на дипломатскиот скандал со Србија.

При последната средба на Димитров со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, Македонија беше наречена „северна земја“.

Коѕиас рече дека ја сакаат оваа северна земја и во НАТО и во Европската Унија, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО.

Освен тоа, Димитров нема никаков проблем со евентуално уривање на споменици на македонските херои и историски личности, бидејќи како што рече, живееме во 21 век.

На прашањето што ќе направи новата Влада во однос на симболите и скулптурите на Александар Македонски кои побудуваат чувства кај граѓаните на Грција, Димитров одговори дека ова е 21 век и дека не смее да се гради политика врз историски личности од пред 2 илјади години.

– Историјата треба да е учител, но не и затвор. Ќе се држиме до спогодбата од 1995 година. Двата народа ќе живеат посплотено само во добрососедски односи.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи истакна дека Република Македонија недоволно стои и се држи до својот најсилен аргумент во билатералните односи, а тоа е пресудата од меѓународниот суд на правдата во Хаг.

-Република Македонија во моментов недоволно стои и се држи до својот најсилен аргумент во нашите билатерални односи, а тоа е пресудата од меѓународниот суд на правдата во Хаг. 2008 година кога Грција спротивно на времената спогодба стави вето на поканата за членство на Македонија во НАТО ние поднесовме тужба во судот во Хаг, каде што имав чест да бидам застапник на Република Македонија заедно со еден поголем дипломатски и правен тим. И во 2011 година добивме пресуда, едногласна пресуда доколку се иземе гласот на грчкиот судија во која што беше одлучено дека Грција нелегално и со прекршување на времената спогодба ја блокирала Република Македонија за да добие покана за членство во НАТО, истакна Милошоски.

Тој додаде дека новата влада го занемарува овој аргумент, а министерот Димитров и премиерот Заев не бараат од Грција и меѓународната заедница да ја призае пресудата од врховниот судски орган на Обединетите Нации, односно судот во Хаг.

Освен потпишувањето договори, дипломатски скандали и тестирање на ново име, Министерството за надворешни работи, предводено од Димитров, си објави и оглас за барање на прибирање на понуди за набавка за надворешни и внатрешни саксиски растенија и цвеќиња, цветни аранжмани и одржување на истите.

Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 305.700 денари или околу 5.000 евра.

Министерот за надворешни работи во владата на СДСМ Никола Димитров, покрај петте илјади евра за цвеќиња ќе потроши и 2,6 милиони денари за набавка на странски весници, иако новата влада најавуваше дека ќе штеди.

Србија бесна, Владата на Заев ги наруши односите со официјален Белград

Dusanka-Divjak-Tomic

Сите дипломати во Амбасадата на Србија, како што потврдуваат српски извори за Макфакс, се повлечени вчера, а македонското Министерство за надворешни работи било известено со дипломатска нота.

Амбасадорката Душанка Дивјак-Томиќ и персоналот, како што е наведено, веќе синоќа пристигнале во Белград. Причината за повлекувањето официјално не се соопштува сè уште ни од македонска ни од српска страна, но, како што дознава „Макфакс“, се поврзува со гласањето за Косово во УНЕСКО и со заканите на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ дека ќе возврати на евентуална поддршка за Косово од Македонија, па и ќе го преиспита признавањетоуставното име на земјата.

Според извори на „Макфакс“, официјален Белград имал информација дека Македонија ќе биде предлагач за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО, поточно да ја предложи таа точка за дневен ред.

Сите прозорци во амбасадата се затемнети, а пред неа има зголемено полициско присуство. Неофицијално, се дознава дека, освен персоналот, се однесени и технички сретства и сите документи од Амбасадата.

Амбасадорот Душанка Дивјак-Томиќ за новинската агенција „Бета“ изјавила дека не може да ја коментира причината за повлекувањето и упатила на информации денес во српското МНР.

Зошто Србија ги повлече своите дипломати: Македонија ќе го предложи Косово за влез во УНЕСКО?

Zaev-Dimitrov

Официјално не е соопштена причината за повлекувањето на српските дипломати од Македонија. Молк и од македонска и од српска страна.

Според неофицијалните информации, причината за ова се поврзува со гласањето за Косово во УНЕСКО, како и со заканите на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ дека ќе возврати на евентуална поддршка за Косово од Македонија. Претпоставките за оваа одлука одат до таму што Србија најверојатно ќе го преиспита уставното име на земјата.

Извештаите говорат дека Србија дошла до информации дека Македонија ќе биде предлагач за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО, поточно да ја предложи таа точка за дневен ред.

Пред амбасадата од вчера има зголемено полициско присуство. Персоналот е повлечен, а најверојатно од просториите се изнесени сите документи на амбасадата.1

Робин О’Нил: Лажната историја на Грција е затвор за сите грчки влади и сопствениот грчки народ

onil-kodzijas

Непристоен е коментарот на шефот на грчката дипломатија г-дин Никос Коцијас, даден  за грчките медиуми. Се согласувам, со него дека историјата не е затвор. Но, историјата, односно лажната историја, е затвор кој што последниве грчки влади го направија за себе и за Грчкиот народ!, изјави за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ првиот медијатор во грчко-македонскиот спор, Робин О’Нил.

– Коцијас вели дека не станува збор за иредентизам од грчка страна, и јас му верувам, но тој треба да знае подеднакво добро, дека не постои иредентизам ниту од страна на Република Македонија. Македонија повеќепати тоа го потврди многу јасно, во повторените декларации дека нема никакви барања од таков вид кон Грција, појаснува О’Нил.

Во интервјуто за „Гласот на народот“, медијаторот О Нил, потенцира:

Жалам што морам да кажам дека, последната изјава на Коцијас потврдува дека политиката на Грција не е променета во целост за изминатите повеќе од дваесет години во врска со спорот покренат од страна на Грција околу името на Република Македонија, во голема мера поради внатрешни политички причини во самата Грција.

– Моето мислење е дека сите грчки влади не сакаат решение на овој проблем, којшто самите го создадоа, бидејќи знаат дека единствено решение ќе биде признавањето од страна на сите земји, дека Македонија има право според меѓународното право да го користи името по свој сопствен избор, име кое, се разбира, не претставува закана во целост кон Грција или кон Грчкиот народ, вели овој угледен британски дипломат и познавач на ситуацијата во грчко- македонскиот спор.

– Мојот совет останува како и сиве изминати години, како што честопати сум ти кажувал, дека Грција не сака да преговара сериозно за ова прашање, и Владата на Македонија сега треба да го покрене ова прашање во Обединетите Нации и да добие признавање на Македонија под нејзиното правилно име – Република Македонија, што ќе го отстрани секој меѓународен сомнеж во врска со ова прашање., изјави О’Нил во екслузивното новогодишно интервју за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ.

Работен состанок со шефовите на Дипломатско-Конзуларните претставништва на Македонија

MNR

На 24 и 25 август 2015 година ќе се одржи овогодинешниот Работен состанок со шефовите на Дипломатско-Конзуларните претставништва на Република Македонија.

На покана на домаќинот, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, како почесни гости на овогодинешниот состанок ќе учествуваат министерот за надворешни работи на Република Бугарија Даниел Митов и министерот за надворешни работи на Република Албанија Дитмир Бушати.

Амбасадорскиот состанок ќе го отвори МНР Попоски, со настап на почесните гости, министрите Митов и Бушати и интерактивна дискусија со шефовите на ДКП-та за актуелните надворешни политички прашања во рамките на Европската Унија и НАТО, процесот на европската евро-атланска интеграција на Балканот и перспективите на регионалната соработка.

На Амбасадорскиот состанок свое обраќање ќе имаат и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања.