СОРОСОИДОТ БИЛТ ЛАЖЕ: Еве доказ дека побарал средба со Иванов уште на 5-ти април

Bilt-laze-pokana

Ова е дописот со кој делегацијата на тинк-тенк организацијата, „Европскиот совет за надворешни односи“, а во чие својство како ко-претседавач е Карл Билт, бара средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Дописот е со датум од 5 Април, 2017 година.

Bilt-pokana-za-sredba-so-Ivanov

Имено, поранешниот шведски дипломат кој е во посета на нашата држава во својство на претставник на невладина организација, пред седиштето на СДСМ, во својата изјава рече дека не побарал средба со претседателот Иванов.

„Не знам, не сум побарал средба“, одговори Билт на новинарското прашање дали побарал средба со македонскиот претседател.

Претходно, Билт правдајќи се пред македонските новинари изјави дека негова примарна цел не била средба со претседателот Иванов, што е во тотална спротивност со дописот испратен до Кабинетот на Претседателот на Репиблика Македонија.

Bilt-pokana-za-sredba-so-Ivanov-1

Од Кабинетот на Иванов потврдуваат дека до нив е пристигнат допис со барање за средба од страна на организацијата „Европскиот совет за надворешни односи“, и додаваат дека ставовите на Претседателот во однос на актуелната политичка состојба се јавно и јасно искажани во повеќе наврати.

„Дневник“: Глигоров го врати мандатот кај СKМ-ПДП зашто му докажа дека има мнозинство во Собранието

BC-i-Kiro

Одлуката на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, по завчерашниот ден на консултации со сите партии, мандатот за состав на нова влада да ~ го додели на партијата, односно коалицијата која ќе докаже дека може да обезбеди мнозинство во Собранието – не е ниту кршење на Уставот, ниту преседан, ниту самоволие – како што беше толкувано од опозициската СДСМ, одредени медиуми и експерти, анализира Дневник.

Имено, според Уставот, шефот на државата го доделува мандатот на оној од кој ќе добие писмено известување дека има обезбедено мнозинство во Собранието. Такво нешто од страната на втората партија, односно коалицијата предводена од СДСМ, според бројот на гласови, досега до Иванов не е испратено. Заев единствено на прес-конференција го повика претседателот да му го довери мандатот нему, но доказ дека може да обезбеди мнозинство с` уште не е доставен.

И Глигоров во 1992 и го врати мандатот на СKМ-ПДП

Дека не станува збор за преседан доволно зборува речиси истата ситуација во која се најде шефот на државата во 1992 година Kиро Глигоров. Тогаш претседателот, по неуспехот на Љубчо Георгиевски да формира влада како победник на изборите, мандатот му го доделува на тогашната СKМ- ПДП – како второпласирана според бројот на пратеничките мандати, ама откако таа како доказ претходно приложува дека има обезбедено мнозинството во Собранието. Потоа коалицијата предводена од СKМ-ПДП го предлага за мандатар Петар Гошев, кој не успева да состави влада, и за ова го информира писмено Глигоров, кој повторно го враќа мандатот на СKМ-ПДП.

Гошев во интервју пред неколку дена нагласи дека мандатот го вратил веднаш штом му бил доделен од страна на Глигоров, порачувајќи дека Иванов треба да му даде шанса на СДСМ да ја формира владата. Но според архивираните документи во претседателската канцеларија, излегува дека изјавата на Гошев е неточна, односно тој го известил Глигоров дека не може да направи влада дури по истекот на 20-те дена рок во кој се консултирал за да обезбеди мнозинство, но неуспешно.

– Заклучно со денешниот ден, дваесет дена водев интензивни преговори и консултации за да го обезбедам соодветниот состав на владата – состав што ќе може да одговори на тежината на задачата што ја носи таа функција (тој орган), особено во овие тешки и би рекол судбински денови за Републиката. За жал, работите почнаа да се одвиваат поинаку од почетната согласност и поддршка, се вели во писменото известување доставено кај Глигоров на 6 август 1992 година.

Откако по ова Глигоров го враќа мандатот кај СKМ-ПДП – ова собраниско мнозинство го одредува Бранко Црвенковски за нов мандатар. ВМРО-ДПМНЕ тогаш на чело со Георгиевски поднесува иницијатива пред Уставниот суд со тврдење дека Глигоров го прекршил членот 90 од Уставот (односно членот 84 во стариот Устав) со тоа што го доверил мандатот на Црвенковски (како кандидат од иста партија, од која претходниот мандатар го вратил мандатот). Но Уставниот суд се произнел со решение дека нема прекршување на Уставот.

Претседателот не постави услови

Оттука обвинувањата на опозицијата дека Иванов го прекршил членот 90 од Уставот се неосновани. Со други зборови, Иванов постапува идентично како и Глигоров во 1992 година, односно одлучува мандатот да ~ го довери на партијата или коалицијата која ќе докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието.

Покрај последната одлука на Иванот, тој беше вчера нападнат и поради тоа што побара од партиите кои ќе ја составуваат новата влада да имаат два клучни приоритета, што според опозицијата значи дека претседателот наметнува услови, односно го условува идниот мандатар. Иванов побара нешто што претходно веќе го кажа во своето годишно обраќање: заштита на државните интереси, што подразбира зацврстување на унитарниот карактер на државата, и второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Македонија.

– Ваквите барања не претставуваат услови, туку политички ставови на претседателот Иванов за идните приоритети на новата влада, кои се конзистентни и се однесуваат на сите политички структури во земјава. Претседателот има целосно легитимно право да изнесува политички ставови и барања поврзани со државните интереси, велат од кабинетот на претседателот за „Дневник“.

Токму истото го направил и Глигоров во 1992 година, а е запишано и во неговите белешки до кои дојде „Дневник“. Па во една од нив од 17 јули 1992 година токму е нагласено дека тогашниот претседател во пораките кон идниот мандатар се осврнал на задачите што ја чекаат Македонија нагласувајќи го економскиот и политичкиот контекст во кој земјата се наоѓа. Со други зборови ги изразил своите политички ставови, укажувајќи ги задачите кои треба да се исполнат.

Всушност, треба да се нагласи, дека тоа што како приоритети ги изнесе Иванов, соодветствуваат со препораките содржани во извештајот на Прибе.

ДО ГУША ВО КРИМИНАЛ: Уште еден доказ за криминогеноста на Заев и раководството на СДСМ

zaev-dokumenti-kriminal

Структури на МВР под раководство на министерот од СДСМ, Оливер Спасовски, местат актуелни заменици министри и сето тоа во функција на политичка кампања и за политички цели, а потврда за тоа е криминално-полициската местенка на Диме Спасов.

Спасовски вчера се криеше од камерите и не објасни зошто ја лажеше јавноста дека криминалци не го бркале Спасов и зошто по цела една недела нема покренато никаква истражна постапка за Алфите кои вперија пиштол во  главата на функционер кој бегаше од осудени криминалци.

Наместо тоа,  го пушти на прес-конференција поранешниот новинар во телевизија „24Вести“, Тони Ангеловски, кој по партиска заслуга беше вработен  и унапреден од Спасовски во државен советник на министерот за односи со јавност кој како куроизитет бил фатен како под дејство на огромно количество алкохол управувал возило сериозно загрозувајќи ја безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

toni-pokana-obvinet toni-naredba-sdsm

Но, она што е главна дилема што случајот со Спасов кој беше искористен за брутална негативна кампања од страна на медиумите под контрола на СДСМ покажува исклучително битен брак и заедништво меѓу криминалот и раководството на СДСМ.

Ова не е единствен случај на местенки. Случајот со Крпач кој се самоуби, според голем број на медиуми и позначави на состојбите беше резултат на притисоците на полицијата и СЈО и заплашувањата кои тој ги добиваше. Тука е и неодамнешниот случај кога домот на поранешниот шеф на тајните служби Мијалков  беше следен од луѓе кои се испостави дека се пратени од СЈО. Уште свеж е случајот на Чаушот кој фалсификуваше пасоши кои подоцна СДСМ сакаше да ги прикаже како наводен изборен криминал. А  најсвеж е случајот со Спасов, но веројатно не и единствен. Има информации дека вакви местенки се спремаат и за други функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Се отвара прашањето дали СДСМ преку свои структури во МВР и во подземјето располага со некаква партиска полиција која треба да ги гони и да ги мести сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ и сите неистомисленици на Социјалдемократите?- вели Никола Србов во изјава за КУРИР.

nikola-srbov-tv-nova

– Во изминатиот период бевме сведоци на разни креирани случаи од страна на кадри внатре во МВР кои беа под директна контрола на Оливер Спасовски. Во медиумите се појавија индиции дека бил следен Сашо Мијалков и дека вработени во МВР се обидувале да го набљудуваат неговиот дом. Имавме случај во кој Коста Крпач си го одзеде својот живот, а во јавноста излегоа информации дека бил под силен притисок на СЈО и Aлфите кои ги контролира Оливер Спасовски. Се наметнува прашањето кој сѐ друг е во опасност од ваквите криминални конструкции од страна на Заев и СДСМ. Кога на ова ќе се додаде и Чаушот со неговата „фабрика“ за лажни патни исправи со цел да се искреира лажна слика за цел изборен процес, тогаш сфаќаме дека Заев располага со добро организирани подземни структури кои се во функција на СДСМ. Сведоци сме дека во предизборната кампања на СДСМ се вклучени десетина поранешни шевови на службите за државна безбедност, вклучени се разознавачи кои претпоставувам имаат искуство со монтирани полициски случаи. Кампањата на СДСМ ја водат полициски структури и дел од тие луѓе ги гледаме рамо до рамо со Зоран Заев на протестите на СДСМ. Доколку вакви случаи се креираат пред почетокот на кампањата за престојните избори, не би ме изненадило СДСМ да ја злоупотреби полицијата и на самиот ден на изборите со цел да се фрли дамка врз целиот процес при нивниот се поизвесен пораз на изборите, вели Србов.

Димовски: Структурите на Спасовски во соработка со лица со криминално досие

dimovski-izjava-veles

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од Велес упати порака дека граѓаните се свесни за дејствувањето на Спасовски.

-Видовме еден инцидент во кои што очигледно паралелно соработуваат дел од структурата поставена од Оливер Спасовски од единицата Алфи со лица кои имаат сомнително и криминално досие и заедно учествуваат во некаква си замислена потера, употребуваат огнено оружје, се закануваат и напаѓаат. Тоа го видовме на видео снимките и сакам да потенцирам дека такви појавни форми не се случуваат само во Скопје, ги гледаме и во други градови ги гледаме и во Велес, дел од раководниот кадар кој што Оливер Спасовски го поставува во министерството за внатрешни работи и очигледно е дека соработуваат со такви структури во насока на политичка активност и поддршка на СДСМ.  Јас би апелирал дека тоа е неразумно и дека тоа ќе им се удри од глава затоа што не само ние го гледаме тоа, туку и граѓаните на цела Македонија ги знаат тие работи и прво ќе им се одрази на политичката поддршка која што ја имаат и второ секој кој што би направил некој инцидент или прекршување на изборниот законик без разлика дали е од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ ќе мора и ќе треба да си ги сноси лично одговорностите. Во таков случај ниту Оливер Спасовски ниту началник на полиција или било кој ќе може да заштити некое лице кое што залетало во моментот и мисли дека ако некој началник го чукнал по рамото може да прави инциденти и апелираме Оливер Спасовски да престане со таквите структури во полицијата на републичко и на локално ниво. Апелираме до сите припадници на министерството за внатрешни работи  да останат професионални и одговорни онакви какви што беа сите овие години и да си ја вршат работата врз база на закон и врз база на правила, а не врз база на симпатии или со некакви поврзаности со одредени политички структури низ Македонија, рече тој.

Дарко Јаневски: МЕСТЕНКА

Darko-Janevski

Ако нешто може да се заклучи од случајот со Диме Спасов, тоа е дека во наредниот период треба да се чувате од вакви местенки, порачува Дарко Јаневски во најновата колумна за ДНЕВНИК.

-Не знаете кога некој може да ви исценира инцидент – во продавница, на семафор, на натпревар… Знаете, она во стариот стил – што ме гледаш, бе! Сељачишта, криминалци, бандити, денес лесно се наоѓаат. И потоа медиумската комуњарска банда поддржана од слободарските странски амбасади, сето тоа пропагандно да го филува. До степен што со уши да си го покриваш очите и лицето од срам, бадијала е. Се разбира, целата шема не би случила да немаме две министерства за внатрешни работи. Kако што имаме две обвинителства, како што имаме трка за создавање двојни судови, оние регуларните и оние што ќе ги исполнуваат желбите на странците преку СЈО и како што, впрочем, имаме две, а можеби и три влади. Kојзнае, наскоро можеби ќе имаме и референдум: На кое МВР сакате да му пристапите, со право да склучите сојуз и со другото МВР? Со дообјаснување – референдумот треба да ви помогне за да знаете кому да се јавите ако, на пример, ви го ограбат станот? На 192 или на 192 цртичка 1. Во секој случај, ова двојство кај полицијата сега веќе станува опасно за живот. И тоа треба да си го решат премиерот на Македонија од САД, неговиот заменик од ЕУ и четирите политички партии. Ете им го и Јоханес Хан, нека си го викнат и него, па нека прават што ќе прават, ама две министерства и два припадника на „алфите“, од кои едното министерство и едните „алфи“ трчаат по заменик-министерот заедно со криминалците од Арачиново или од каде се веќе, таа работа не ја бива. Точно е тоа дека на некој обичен граѓанин нема зошто да му се прават местенки, но од друга страна, кога еднаш ќе се тргне по тој пат, тогаш, порано или подоцна, секогаш ќе има некој што некому му смета, макар тоа било за банална граѓанска работа, и ќе може да го искористи системот на местење. Само да е вгнезден во некаква си власт. И тоа секако ги заплашува луѓето. Тие плаќаат данок за држава која очигледно не е способна да им ја пружи законската заштита и за која не треба некои којзнае колку силни очила за да се види дека колабирала. С` е во ред тоа дека нашите политичари имаат потреба да прават с` што треба за да не бидат искарани од странскиот премиер и неговиот странски заменик на оваа држава, но разумната граница веќе одамна е премината. Е, сега, прашањето е што ако во целата таа трка по Спасов некој погинеше? На пример, не дај боже, некое дете на улица? Што ќе правевме тогаш? Што полза ќе имаше тогаш дури и самиот СДСМ од местенка на, пази сега, заменик-министер за труд и социјална политика во држава како Македонија? Или ве заболе за тоа, пишува Јаневски.

Колумна на Џејсон Мико: Македонија докажа дека грешат

Dzejson-Miko

Оваа колумна се објавува во среда (со датум на печатење од четврток) секоја недела, и поради тоа, ова е многу специјален повод за мене: на 25 мај 1996 година првпат слетав во Македонија, на аеродромот во Скопје. Денес славам две децении со Македонија – во нормален животен век на просечен човек, тоа е многу долго време; во моите средни години, тоа е век. Во тие 20 години видов и научив многу за Македонија, за мене и за светот. Всушност, и кога станува збор за Македонија, заборавив повеќе отколку што повеќето луѓе – вклучувајќи ги и таканаречените експерти“ – некогаш ќе знаат. Но прво, како дојдов тука? И зошто?

Пред дваесет години дојдов во Македонија на брзо тридневно патување за да видам дали можам да останам на подолга тримесечна хонорарна работа со „Мрси корпс“, хуманитарна организација со седиште во Портланд, Орегон. Работев во компанија за односи со јавност во Вашингтон и имавме клиенти од Балканот. На едно патување во регионот пролетта 1995 година, водејќи двајца американски конгресмени во мојата група, сретнав господин од „Мрси копс“. Kонтактиравме следната година и пролетта 1996 година тој ми кажа дека ќе ги премести неговите канцеларии од Загреб и Будимпешта во Скопје. Имаше слободно привремено тримесечно работно место во Скопје и ми го понуди. Јас живеев и работев во Вашингтон седум години и си помислив „зошто да не одиш во Македонија, да имаш авантура три месеци и да се вратиш во Вашингтон и да продолжиш со животот?“ Тоа имав намера да го направам. Пристигнав на 15 јули 1995 година (што ќе биде предмет на друга колумна „дваесет години, втор дел“) со намера да работам и да останам три месеци. Останав седум години.

Во изминатите 20 години, вкупно, сум минал солидни десет години во Македонија. Живеев тука од летото 1996 до летото 2003, а потоа минав значителни делови од мојот живот тука во 2004, 2005, 2006 и 2008 година. Другите години, исто така, посетив и минав многу недели и месеци во Македонија, низ цела Македонија. Најверојатно сум посетил повеќе места во Македонија од повеќето Македонци (и не се фалам, само кажувам факт). Во однос на тоа што правев тука, па, тоа не е многу важно. Доволно е да се каже дека бев вклучен во голем број задачи за време на мојот престој во Македонија, како на личен, така и на професионален план.

Што е најважното нешто за мене за моето време во Македонија? Едноставно ова: односите кои имав среќа да ги воспоставам со луѓето од Македонија – сите луѓе, без оглед на нивната заднина. Бев благословен да развијам односи со индивидуи кои ги сметам за фамилија. Стекнав многу пријатели ширум земјата, како и во дијаспората. И овие врски се она што ми значат најмногу затоа што на крајот на денот – на крајот на нашите животи – единственото нешто што навистина е важно е нашата врска со Господ и нашата врска со неговото најскапоцено дело – индивидуите. Од тој аспект, многу бев благословен.

Што видов во тие 20 години? Многу. Премногу за да ставам во една колумна. Но, еве го најважното: иако Македонија моментално минува низ тешко време, знам дека за Македонија ќе биде подобро. Повторно, тука бев две децении – видов и ја преживеав војната во Kосово, конфликтот во 2001 година, политичките махинации во текот на тие 20 години, доброто и лошото е се измеѓу. Додека многу меѓународни политички експерти, многу во академија, тинк-тенкови и други рекоа дека Македонија нема да успее како независна држава во 1991 година, Македонија докажа дека грешат – повторно и повторно и повторно. Македонија успеа каде другите рекоа дека Македонија нема да успее. Само поради тоа што минувате низ проблеми сега, не значи дека е готово. Далеку од тоа. Kога Македонија ќе ја надмине моменталната ситуација, ќе биде посилна затоа што ја надминала. Тоа секогаш е начинот кој функционира за индивидуи – и за нации-држави. Претпоставувајќи дека ги учите лекциите од овој период (а така и ќе биде, секогаш сте го правеле тоа во минатото), ќе бидете посилни во текот на годините.

Затоа верувам во Македонија. Иако моментно живеам и работам во Тусон, Аризона, постојано мислам на Македонија. Всушност, никогаш не престанувам да мислам на Македонија. Kога ќе погледнам во часовникот, често помислувам колку е часот во Македонија и што прават луѓето во тоа време. Читам вести за Македонија во текот на денот (некогаш и премногу) и свесен сум, преку читањето на вестите и разговарањето со пријателите и фамилијата во Македонија, за тоа што се случува. И постојано се молам за Македонија: наутро, навечер и во текот на денот. Зошто? Затоа што нам кои сме христијани заповедано ни е да се молиме и затоа што Бог одговара на молитвите. Можеби не секогаш со одговорите кои ги сакаме, туку одговори кои ни требаат, кои и требаат на Македонија. Се молам за мир, заштита и просперитет на Македонија. Се молам за индивидуалците Македонци кои ги знам, сакам и со кои комуницирам. Се молам за оние во владата и за оние во опозицијата. Се молам за меѓународните претставници кои се вмешани во Македонија. Се молам Бог да ја благослови Македонија – луѓето во Македонија, како и земјата, животните, плодовите.

Тоа беа одлични 20 години и ако е Божја волја, се молам за уште 20! Господ да ја благослови Македонија и долго да живее Македонија!

Пишува: Џејсон Мико за Дневник
(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД), и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа)

Документ: Богдановиќ земал 2.000 евра плата – ќе поднесе ли оставка директорот на ПОЦ

Bogdanovik-plata

На вонредната седница на Општина Центар на која на барање на советничката група ВМРО ДПМНЕ се дискутираше за енормно високата плата која ја добивал директорот на Паркинзи центар и водено прв човек на СДСМ Центар Богдановиќ, се бранеше дека доколку било точно дека тој земал дури две илјади евра примања тој ќе си поднел оставка.

Sasa-Bogdanovik-plata-2000-evra

Овој официјален документ покажува дека Директорот Саша Богдановиќ земал секој месец речиси 2 илјади евра плата зголемена за додатоци кој му се препишани.

Јасно се гледа од пресметките кои ги објави преку соопштение општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар дека Богдановиќ за месец јуни земал плата и додатоци од 119 илјади денари.

Тоа сумата на пари која ги чини центарци за неработа, нефункционирање и неквалитетно обавување на услугите на ова претпријатие.  Бидејќи сега има непобитен доказ и доколку Богдановиќ си стои на зборот се чека оставка од директорското место на ПОЦ Центар.

Богдановиќ пред советниците на Општина  Центар денеска кажа дека ќе си поднесе оставка.

Јас еве јавно кажувам дека ако докажете дека јас земам 2.000 евра плата јас лично ќе си поднесам оставка од директор, заедно со Вангел Андревски за кој тврдите дека зема 1.500 евра плата, рече Богдановиќ.

Инаку директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ, во текот на неговото долго излагање, континуирано избегнуваше да одговори на прашањето дали во месец јули 2015 на негова сметка легнале 2.000 евра и држеше долг политички говор, на кој што реагираа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

-Морам да го искажам моето жалење затоа што дефинитивно се изнаслушавме се и сешто, само она што требаше да го слушнеме не го слушнавме, а тоа е, повторно ќе повторам јасно и гласно- дали во седми месец 2015 година Саша Богдановиќ, директор на ЈП Паркинзи на општина Центар има добиено по основ на личен доход 119.000 денари, а неговиот заменик Вангел Андрески 90.000 денари, рече советникот Томислав Лазаров.

-Уште на почеток кога го зема говорот ценетиот директор, многу ми беше чудно што настапи, не како директор на јавно претпријатие, туку настапи како претседател на општинска организација, значи се кажа, се изнакажа само за она за што беше прашан не даде одговор. Се рашири темата се оддржа еден партиски говор како за претседател на општинска организација, се изнакажаа многу работи и апсолвирани и потрошени, подвлече Трпески Сашо.

Советникот Илиовски Илија му посочи на Богдановиќ дека се уште се чека на вистински поткрепен, со правни документи одговор на прашањето: Колку се реалните примања на господата менаџери ма ЈП Паркинзи на Општина Центар.

-Апелирате  на транспарентност, а истото не го почитувате. Јас како советник имам право да побарам информации од вас како директор на Јавно претпријатие. Јас имено културни ви доставив барање потпишано од мене како советник, за пристап на информации со неколку прашања во однос на финансиите и од вас добивам цинизам и потценување во кое ми враќате дека немате обврска да ми одговорите на истите. И цинизмот да биде поголем , со спајалица ми го доставувате истиот тој 6 месечен извештај, подвлече советничката Елена Петковска, во присуство на сите советници, лично на рака на Богдановиќ уште еднаш му го достави тоа барање.

Кривичниот совет пресече: Заев може да се слика – „бомбите“ не се доказ

Zaev-Prislusuvanje

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги одби жалбите на обвинителите и ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка со којашто прислушуваните материјали се отфрлаат како неосновани.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на ОЈО – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството се одбиваат како неосновани и решенијата на судија на претходна постапка со кои се издвојуваат докази – аудио записи од телефонски разговори и транскрипти од истите се потврдуваат“, соопшти Судот.

Одлуката на Кривичниот совет следува откако Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство во Скопје кои беа поднесени откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги отфрли како неосновани докази прислушуваните материјали што ги објави опозицијата во коишто наводно се вмешани високи владини функционери.

Врв на лудилото на СДСМ и нивните новинари-рекетари

Кулминира забеганоста на СДСМ и нејзините новинари-рекетари, кои го достигнуваат врвот на лудилото кое изминатиов период владее во опозициските редови, посебно по постигнатиот договор за нови парламенарни избори кои ќе се одржат во април.

dokaz-stamenkovski

До каде достигна лудилото на СДСМ и дел од нејзините таканаречени новинари, кои всушност не се ништо друго туку само обични рекетари најдобро покажува последниот напис објавен на порталот Доказ.мк на Марјан Стаменковски, кој не може да се опише никако поинаку освен како целосна забеганост.

Имено, Стаменковски во текст објавен на Доказ.мк злоупотребувајќи фотографија од премиерот Никола Груевски кога бил дете, пишува дека “Груевски и како дете личел на ретардирано злобно копиле“.

Ваквите написи на медиумите кои се под директна контрола на СДСМ и раководени од лица кои се во специфична психичка состојба покажува во каков длабок очај се наоѓа опозициската партија која се подлабоко пропаѓа и се заглавува во сопствените стапици.

 

Тепан од албанци поради милионски долгови, а се жали на политика

Marjan-Dokaz-f

Народот воопшто не верува во лагите на соросоидите кои уште еднаш се обидоа да ја потценат неговата интелигенција. Изгледа последниот инцидент со т.н новинар Марјан Стаменковски е далеку од инцидент.

Marjan-Dokaz-mobСе обидоа и на овој напад, ако воопшто е напад, да му стават партиски акцент и да се обидат со крајни сили и напори да добијат политички поени, иако оние што го познаваат овој преварант знаат дека тој се има чепнато со сите, а плус е здолжен до гуша во кредити и должи пари на вработените во неговите фирми, како и на многу бизнисмени од кои земал роба додека бил сопственик на супер маркет во Крива Паланка.

Од бизнисмените на кои им должи пропаднатиот бизнисмен Марјан Стаменковски само „Даути комерц“ успеал да извлече нешто, па му го земал станот, колата и неколку доќани во Крива Паланка. Но, Марјан, инаку сопственик на порталот Доказ, останал должен на останатите бизнисмени кои го бараат и под дрво и под камен за да си ги наплатат долговите. Според кажувањата на Кривопаланчани, поради долговите, Стаменковски со семејството се преселил во Скопје од каде што продолжил да навредува и плука по сè што ќе стигне преку својот интернет портал и имал препирки со многу луѓе. Се претпоставува дека и овој напад, ако воопшто бил извршен, го извршил некој од бизнисмените на кои им должи пари.

За тоа дали и кој го извршил нападот и оставаме на надлежните институции да дадат одговор, но она што се гледа од фотографиите кои кружат на Фејсбук докажува дека лагите на соросоидите им се откриени.

Оваа фотографија покажува нешто сосема поинаку. На сликите се гледа како сопственикот на порталот Доказ, со „скршената“ рака држи телефон, а потоа истата рака е ставена во гипс.

Marjan-Dokaz-1Дали ова е уште еден очајно наместен инцидент? Одговорот веруваме дека го гледате и сами.

Фото: Фејсбук

ЗНМ и МАН бараат начин како да се исчисти новинарството од луѓе како Саше Политико

sase-politiko

Здружението нановинари на Македонија и Македонската асоцијација на новинари (ЗНМ) бараат начин како да се врати професионалноста во новинарската фела и да се исчисти новинарството од луѓе како уредникот и сопственик на порталот Мактел, Саше Ивановски- Полтиико и на порталот Доказ, Марјан Стаменковски.

sase-politiko

Според извори од ЗНМ, предлог на дел од новинарите кој според нив експресно би ја решил работата е измена на статутите на овие организации со која ќе се бара лекарско уверение дека лицето кое е новинар нема психички нарушувања.

Ова е планот на новинарите како да ги маргинализираат лицата кои ја брукаат професијата и се нарекуваат новинари. Се смета дека двајцата посочени нема да можат да извадат лекарско уверение, имајќи ги предвид нивните состојби и капацитети и тоа ќе помогне во надминување на некои состојби.

mar

Освен ова за овие двајца, ЗНМ предлага и обезбедување на бесплатно брачно советување кое се цени дека ќе ја олесни работата на другите специјалисти кои треба да разговараат посериозно со овие две лица и да им помогне.

ЗНМ со ова сака да помогне на споменатите во надминување на како што велат основните прицини за нивното однесување, бракот и нестабилниот карактер.

ПРЕСУДА: Срушено сценариото на Заев и Верушевски, обвинет во „Пуч“ ги призна намерите за дестабилизација

Zaev-Verusevski

По објавувањето на првата пресуда од случајот „Пуч“ паднаа маските и се разобличи валканото, нечесно и антидржавно сценарио на шпионските структури предводени од Зоран Заев и Зоран Верушевски и невниот обид за дестабилизација на Македонија.

Признанието на еден од осомничените во овој случај ги демантираше обвинувањата дека зад прислушувањето стојат премиерот Никола Груевски и директорот на ДБК Сашо Мијалков, и јасно потврдува кој нарачувал да се прислушува. Осудениот признава дека неовластено прислушувал по наредба на Зоран Верушевски, која пак имал договори за сето ова со лидерот на СДСМ. Потврдата дека прислушувањето се вршело во соработка со странски центри и агентурни мрежи инсталирани во Македонија, го срушија сценариото кое во јавноста се обиде да го наметне Заев.

Еден од осомничените покрај деталното објаснување за тоа како се вршело незаконското дејство со кое е планиран удар на Македонија, признал дека во замена за добро завршената работа наредена од Заев и Верушевски бил богато парично наградуван.

Puc-1

Заев потона во своите лаги и по ваквата пресуда е јасно дека ниту Груевски, нити Мијалков не стојат за прислушувањето. Дотолку повеќе што, по објавените креирани материјали со братот на Мијалков, Влатко паднаа маските на лидерот на СДСМ, бидејќи е илузорно првиот човек на ДБК да нарача прислушување на сопствениот брат.

И премиерот во саботата истакна дека е апсурдно СДСМ да убедува дека прислушувањето било нарачано од него и Мијалков.

-Изминативе 6 недели слушаме разни креирани и очигледно сецкани и конструирани разговори само од нас, и од нашите најблиски соработници. Еве последно дознавме дека јас сум нарачал, а Сашо спровел, да се прислушува и Владимир Мијалков, братот на Сашо. Ете и од него нешто пуштиле некни. Ај што е тоа ноторна глупост, туку и фактот дека Сашо сам си нарачал прислушување за себе си и за мене и за сите наши соработници, говори за тоа какви лаги и манипулации говорат без око да им трепне, потенцираше Груевски.

Признанието на еден од осомничените ја откри глумата на Заев, а веќе е јасно дека за реализација на сценариото подготвено од центри од надвор се покрижиле токму Заев и Верушевски, со цел дестабилизација на Македонија и насилно доаѓање на власт спротивно на искажаната волја на граѓаните.

Според експертите, првата пресуда за „Пуч“ е несоборлив доказ во однос на останатите учесници во оваа афера, а ќе влијае на цела постапка, смета поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков.

-Таквата пресуда е несоборлив доказ како пресуда во однос на останатите учесници во оваа афера ПУЧ така да ќе влијае на целата постапка и на она што ќе се утврдува во обвинителската и претходната постапка. Прислушувањето не е нарачано од државата, туку тоа е од мала група па се поврзале со странци, вели Ставре Џиков – поранешен јавен обвинител.

Puc-nova-1 Puc-nova-2 Puc-nova-3