НОВ СКАНДАЛ: Свиркачи објавуваат криминална одлука со која Владата на Заев му помага на Анѓушев и неговите фирми да се богатат

Диверзификација на капиталот додека се владее

Како некој што се борел со срце за промена на власта преку глава ми е веќе од сите пијавици кои гледаат да бутнат некое милионче повеќе за сметка на сите нас кои се мачевме да дојдеме до подобар резултат за да го бутнеме режимот.

Таквите го девалвираат секој наш макотрпен напор и затоа подобро е партијата веднаш да се свести и да реагира, наместо граѓаните да не плукаат по улици и да не обвинуваат дека сме протестирале и сме се бореле само за да се богатиме.

Јас ниту сум се борела за тоа, ниту се борам. Се борев затоа што верував во животот и се борев за да се вработам бидејќи сум сигурна дека имам капацитет да помогнам со труд и знаење и чесно да си ја одработам платата.

Молчев кога во владата влегуваа шарените револуцинери. Си велев дека е во ред, иако никогаш не биле дел од партијата. Протестираа со нас, се организираа и плукаа по режимот. Знам дека преку невладините добиваа и надомест за тоа, но немав против да влезат во владата, бидејќи ангажманот во невладините не е постојан, па и тие заслужуваа вработување, исто како и јас.

Молчев кога договорите ги потпишувавме преку кумот на генералниот секретар Рашковски , кој патем и никогаш не придонел нешто за партијата.

Молчев и кога почнаа да излегуваат аферите за Кочо Анѓушев, кој исто така не е член, ниту бил член. За претседателот Заев и за неговите фирми никогаш нема да зборувам затоа што и да заработи нешто повеќе неговото семејство, партијата се финансирала од тие пари.

Затоа во иднина ќе ги објавувам сите документи кои верувам дека побргу ќе не отрезнат и ќе ни го обелат образот пред јавноста. Еве токму еден од нив.

Raskovski-dokument-Angjusev-Drenovo

Владата на седница на 29 август донесе одлука за пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште. Тоа се 23 дена откако беа распишани изборите и откако владата практично е ограничена и не смее да носи вакви одлуки. Кога се распрашав зошто е тоа така, ми стана јасно. Зад фирмата која учествува во целата работа стои кој ако не Кочо Анѓушев.

Имено станува збор за пренамена на земјиште со која неговата вредност неколкукратно се зголемува. Станува збор за земјиште на кое треба да се гради ХЕЦ Тополка со придружни објекти. Фирмите кои стојат зад сето ова се Energy delivery solutions и Hidro holding односно Мали Хидроелектрани Тополки ДОО сега регистрирана на бул.Свети Климент Охридски број 30, во управната зграда на Фероинвест на Кочо Анѓушев. Управител на МХЕ е братот на Кочо Анѓушев, Тодор Анѓушев. 

Ваквата алчност за пари не може да се скрие со поставување на сопствениот брат за управител. Судир на интереси постои и нас ќе не плукаат по улици ако не се избориме против ова. Не знам дали Кочо Анѓушев лично гласал и дали бил присутен на таа седница, но не можам да гарантирам дека не разговарал со другите министри и не ги убедил да изгласаат една ваква одлука која што ќе му донесе екстра профит на него и брат му.

Ете ја погоре одлуката на Влада, па нека повели Анѓушев и нека објасни.Ова е извадок од веб страницата на Фероинвест во кој јасно стои кој е управител на МХЕ.


Извор: Justpaste.it

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски манипулира со допис од 2011-та, во изминативе 6 години не изградивме ниту еден објект за населување на мигранти

Владата на СДС преку Соросовите портали и апологети на бандитската власт на СДС, се обидува да го отргне вниманието од нивната стратегија за трајно населување во Република Македонија со илјадници мигранти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста, реакција на невистините на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски во врска со мигрантите.

Владата на СДС преку министерството за труд и социјална политика и министерката Царовска има испратено дописи до општините во кои се бара обезбедување на локации за изградба на објекти за домување кои ќе бидат за населување на мигранти.

-Медиумите финансирани од Сорос, пренесувајќи го Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, манипулираат со дописи од МТСП од 2011-та година, кои што првенствено се однесуваат за изградба на социјални станови, за социјално необезбедени лица, или лица кои се раселени во Република Македонија, а потекнуваат од косовскиот конфликт од 90-тите, а не за мигранти од Сирија, случаи  кои тогаш и не беа проблем по интензитетот како што се сега, се вели во реакцијата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе 6 години, откако е испратен дописот со кои манипулира Генералниот секретар на Владата Рашковски, не изгради ниту еден објект за населување на мигранти.

-СДС, Заев и Царовска треба да одговорат како ќе им обезбедат работа и егзистенција на десетиците илјади мигранти кои планираат да ги доселат во Република Македонија. Дали лицата кои ќе се доселат ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно образование на штета на граѓаните на Република Македонија. СДС и соросовиете медиуми треба да престанат да ја лажат јавноста и да излезат и да дадат одговор на прашањата на кои граѓаните чекаат одговори за Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2020 година, се вели во реакцијата.

СОРОСОИДОТ БИЛТ ЛАЖЕ: Еве доказ дека побарал средба со Иванов уште на 5-ти април

Ова е дописот со кој делегацијата на тинк-тенк организацијата, „Европскиот совет за надворешни односи“, а во чие својство како ко-претседавач е Карл Билт, бара средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Дописот е со датум од 5 Април, 2017 година.

Bilt-pokana-za-sredba-so-Ivanov

Имено, поранешниот шведски дипломат кој е во посета на нашата држава во својство на претставник на невладина организација, пред седиштето на СДСМ, во својата изјава рече дека не побарал средба со претседателот Иванов.

„Не знам, не сум побарал средба“, одговори Билт на новинарското прашање дали побарал средба со македонскиот претседател.

Претходно, Билт правдајќи се пред македонските новинари изјави дека негова примарна цел не била средба со претседателот Иванов, што е во тотална спротивност со дописот испратен до Кабинетот на Претседателот на Репиблика Македонија.

Bilt-pokana-za-sredba-so-Ivanov-1

Од Кабинетот на Иванов потврдуваат дека до нив е пристигнат допис со барање за средба од страна на организацијата „Европскиот совет за надворешни односи“, и додаваат дека ставовите на Претседателот во однос на актуелната политичка состојба се јавно и јасно искажани во повеќе наврати.

ДУИ ГИ ОТКРИ ЛАГИТЕ НА СДСМ: Тиранската платформа објавена во Собранието! (ВИДЕО)

За да ги отстраниме дилемите околу заедничката Декларација на албанските политички партии, јас сум поринуден да ја прочитам Декларацијата која е потпишана од албанските политички партии. Ова е програма и платформа на албанските политички партии, рече од собраниската говорница пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими. Аљими во име на новото парламентарно мнозинство ја изнесе Тиранската платформа на собраниска говорница.

Аљими во име на новото парламентарно мнозинство ја изнесе Тиранската платформа на собраниска говорница. Првата точка, како што рече Аљими е постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот.

– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население. Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”. Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност. Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година, рече Аљими.

Тој рече дека платформата предвидува постигнување економска рамноправност и општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините. Создавање министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја. Остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата. Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции, изјави пратеникот на ДУИ.

Аљими рече и дека платофрмата предвидува целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

-Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес. Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ. Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди. Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган, рече Аљими.

Груевски: Подготвуваме политички документ за излез од кризата и за зачувување на унитарноста (ВИДЕО)

Ние понудивме две решенија, прво брзи парламентарни избори заедно со локалните избори и нема да се потрошат и други пари, на една од анкетите кои што ги направивме над 70.000 граѓани ценат дека треба да се оди на други предвремени избори, а само 12 проценти се искажале дека не сакаат нови избори, вели во гостувањето во дневникот на Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Втората понуда е доколку Заев го донесат албанските позиции на функција, ние му нудиме 51 пратеник да гласаат за да тој биде премиер, сите министи да бидат од СДСМ и да има малцинска влада. Малцинска влада е поддржување на владата од сите малцинства, иако таа малцинска влада нема да донесе ништо добро за нашата земја сепак ќе се спречи бинационалноста, откажување на Тиранската платформа, а ние се уште сме отворени за тоа да му ја дадеме целосната власт на Зоран Заев, само нека ја остави нашата земја Македонија, изјави Груевски.

-Ние подготвуваме и документ за зачувување на Македонија, тоа е политички документ кој ќе понуди начин за излегување од  кризата, преку негово прифаќање ќе се излезе од кризата, но нема да се наруши унитарноста на државата. Овој документ во текот на следната недела ќе биде понуден на сите поголеми партии и очекуваме да го освоиме сите политички партии, истакна Груевски.

ДОСИЕ: Панта Џамбазоски од соработник на тајните служби до експерт во СЈО

Поранешниот новинар, кој во моментот е ангажиран во одделот за комуникации со јавноста при Специјалното јавно обвинтелство, Панта Џабазоски, во време на неговата новинарска кариера своевремено бил и соработник на тајната полиција, покажуваат документите до кои дошол порталот НетПрес.

Од нив јасно може да се заклучи дека Џамбазоски бил ангажиран од Службата за државна безбедност (СДБ) да пренесува информации од негови професионални разговори со личности од политичкиот живот во Македонија, односно да биде доушник на тајната полиција. Тоа се случувало во моментот кога Џамбазовски работел како новинар, започнувајќи ја својата кариера во списанието „Млад Борец“, каде најпрво бил уредник од областа на музиката, а потоа преминал во политичката рубрика.

Потоа Џамбазовски станува уредник во дневен весник „Нова Македонија“, а за весникот две години известувал и како дописник од Тирана, Албанија. Џамбазовски кариерата ја продолжува во националната телевизија „Телма“, за на крај да биде ангажиран, како, што тврдат од Специјалното јавно обвинителство, како експерт во оваа институција, во одделот за комуникации со јавноста.

Службената белешка на РУСДБ со број 09-50 од 24-ти јануари 1994 година, во која како извор е наведен Панта Џамбазоски, содржи податоци од разговор којшто изворот го остварил со Мухамед Халили, а на кој тема на разговор бил Мендух Тачи и тогашниот раскол во првата политичка партија на Албанците во Македонија ПДП (Партија за демократски просперитет).

panta-dokument-2Целта на состанокот, остварен во, како што е наведено во белешката, службени простории на изворот, била добивање сознанија од интерес на СДБ, од позиции на АЕН, а во контекст на индикативните наоди на Мухамед Халили во врска со наводните цели и намери на лидерот на огранокот на ПДП за Тетово, Мендух Тачи. Во разговорот, како што е наведено во белешката, било разговарано и за поврзаноста на Тачи со Демократската партија (ДП) на Албанија и за наводно формираните „групи за ликвидација“. На овој начин, според познавачите, Џамбазоски им овозможувал на тајните служби да, бидат во тек со тогашните настани во Партијата за Демократски Просперитет и да можат да го подбуцнуваат расцепот на истата.

– Истото што ДБК и го правела на ПДП пуштајќи нивни соработници во партијата со цел да извлечат некои потребни и можеби недозволени информации, како што во случајот се наведува дека наводно Мендух Тачи организирал формирање на таканаречени групи за ликвидација, истото ДБК го правеше и до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, преку аферата „Дувло“, на која дефакто и беше подметнато дека партијата создава „црни тројки“ за ликвидација на некои личности, што подоцна се докажа како тотално неточно. Извршниот комитет во тој период тоа целосно го негираше и се огради од некои луѓе, за на крај со обелоденувањето на досието за тоа како бил креиран случајот „Дувло“, се докаже дека целата операција била масло на тајните служби, со цел да се оцрни оваа политичка партија, да се фрли дамка врз неа и да се девалвира пред македонската јавност, вели во изјава за Нет Прес, аналитичарот Никола Србов.

Но, тајната набљудувачка мисија на тогашниот новинар не завршува со овој разговор објавен во документите до кои дојде Нетпрес. Дека ова не е единствената задача кој Џамбазоски ја добил од СДБ, говори фактот што на крајот од оваа белешка оперативниот извршител посочува дека на изворот (Панта Џамбазоски) му биле дадени задачи за натамошно континуирано следење на состојбите на овој план, и благовремено да ги известува службите за тоа. Според аналитичарите, ангажирањето на Џамбазоски во СЈО е крајно контрадикторно, бидејќи како што велат, човек кој бил инволвиран во незаконско прислушување, сега работи на иста проблематика и треба да придонесе кон нејзино разрешување.

panta-dokument-1

– Со самото тоа што Панта Џамбазоски бил соработник со безбедносните служби на Република Македонија и за што постои досие дека бил нивен доушник условно кажано, а до скоро креирал јавно мислење како новинар, претпоставките се дека јавното мислење кое го креирал требало да оди во служба на безбедносните служби, кои во тој момент биле во рацете на власта во тоа време, во чии раце биле и тајните служби. Со самото тоа што Специјалното јавно обвинителство го зема за нивни соработник, а притоа СЈО токму на тема која произлегува од нелегално прислушувани разговори, се поставува прашањето дали Панта Џамбазоски како бивши соработник и сега во СЈО не продолжува да работи за тајната служба и дали се уште ја води истата линија од минатото. Човек кој веќе бил дел од таа проблематика сега работи во институција која треба да ја реши истата проблематика, а како би се решила таа проблематика кога во институцијата се вработуваат луѓе кои тајно набљудувале и следеле, тоа е апсолутно контрадикторно, смета аналитичарот Никола Србов.

Тој не очекува под вакви околности, во кои вработен во СЈО бил соработник на тајната полиција, од оваа институција да произлезе правда.

– Тоа ви е како тој што прислушкувал на пример ги дал разговорите на вас, а вие токму тој што прислушувал го земате кај вас во служба да работи и треба да откриете кој всушност прислушкувал. Тоа е крајна контрадикторност. При тоа знаеме и кој стои позади прислушкувањето, знаеме дека опозицијата ги предаде само разговорите во кои се споменува моменталната владејачка гарнитура, а Панта Џамбазоски работел за тајните служби во времето на СДСМ, која пак денеска го диктира работењето на СЈО, па оттука јас се сомневам дека од таа институција би произлегла некоја правда која ја очекува македонскиот народ и да дознае кој прислушкувал и за кои цели и како тие разговори успеале да дојдат во приватни раце, во случајот во рацете на Зоран Заев. Она што е сомнително во целиов случај е дека Панта Џамбазовски можеби се наоѓа во улогата на линк во целата ситуација, посочува Србов.

„Абе кај се наоѓате, ќе дојдам да ве отепам“: Како Чадорот, Заев и Спасовски го замислуваат МВР-СДС

Убаво ме потсети Оливер Андонов со неговиот настап пред некој ден да напишам текст за мафијашката СДС структура во МВР, напиша новинарот Миленко Неделковски во порталот Дудинка.мк

Се сетив дека во архивата си имам податоци за злоупотребите на кадрите на СДС кои работеле во полицијата. Конкретно за поранешниот началник на тајната полиција во Битола во времето на Бранко Црвенковски кој се вика Љубе Чкљамовски.

Чкљамовски инаку доаѓа од фамилија која има наследна форма на ментална болест. Неговиот брат е во Бардовци.

Чкљамовски во моментов има фирма за обезбедување. Тоа е всушност партиска агенција, како парамилитантна организацја. Кога на власт без избори доаѓа СДС, односно партиските кадри на Оливер Спасовски, тогаш тој почнува да дивее низ Битола и околината.

Чкљамовски е ментор на Славко Јовановски, начелник на битолската полиција кога СДС е на власт во МВР. Во тие неколку месеци во Битола е безвластие.

Началникот Славко Јовановски одбива да постапи по било која пријава или записник кога се во прашање неговите сопартијци од СДС.

Така е во случајот со заканите по живот, вадење пиштол, уцена со безбедноста на фамилијата по телефон и во живо што се има десено во битолско. Ова што го приложувам го нема ниту ви билтенот на МВРСДС.

Кадрите на СДС и на Оливер Спасовски се закануваат низ битолско со зборовите: “АБЕ КАЈ СЕ НАОЃАТЕ, ЌЕ ДОЈДАМ ЌЕ ВЕ ОТЕПАМ“. Или со: “ЌЕ ТЕ СТРЕЛАМ, ПИШТОЛОТ МИ Е ВО ЏЕБ“.

zapisnik-sdsm-mvr

На сторителот сеуште не му е одземено оружјето што е вообичаена превентивна процедура.

Така СДС практицира слобода и демократија.

Извор: Дудинка.мк

ДОКУМЕНТ: Лагите на Ременски од СДСМ целосно разобличени

Техничката министерка за труд и социјална политика назначена од СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, денес одржа прес конференција за опозициските медиуми на која обвини дека потпишала исплата на социјална помош и други додатоци, но дека наводно Министерството за финансии не им ги префрла на граѓаните.

Zdravstveno-RemenskiМинистерство за финансии веднаш демантираше на овие тврдења на Ременски и посочи дека налозите за социјални надоместоци и другите категории за кои Ременски тврди дека се доцни еден месец со исплата ги има доставено во Трезорот дури во петокот минатата недела и дека техничката министерка задоцнила со доставување на налозите за исплата.

ДОКУМЕНТИ: Посебни привилегии од Јанева за Верушевски и Лазаревски?

Со писмо испратено на 4 декември специјалната обвинителка Катица Јанева ги известила обвинетите во аферата Пуч, Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски дека го презема предметот од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Документите кои ги објави Press24 откриваат дека специјалното обвинителство на обвинетите ова известување им го испратила директно во скопскиот затвор каде што се наоѓаат по изречената мерка притвор.

Dokument-Janeva-VerusevskiDokument-Janeva-LazarevskiДека ја презема надлежноста врз предметот Пуч, Јанева ја извести јавноста вчера, повеќе од една недела подоцна. Нејасно е зошто Јанева цели 10 дена криеше од јавноста дека ја преземала надлежноста врз предметот Пуч во кој четврто осомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Фокус“ пишува дека главна цел на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде предизборно да се намали кредибилитетот на власта како непобедлива односно да се направат обиди да се покаже дека изборните победи во изминатите години не биле регуларни, пренесе Курир.

„Обвинителите ќе настојуваат да падне митот за власта, која е непобедлива во неколку изборни циклуси односно да се докаже дека изборните победи не се заслужени или пострашно дека биле наместени“ пишува Фокус

Неделникот повикувајќи се на свои извори објавува кои предмети ќе бидат отворени, иако јавно обвинителството објави  за тоа одлука ќе донеле откако ќе ги анализираат сите предмети. Според текстот, врвот на агендата на Јанева би било евентуално притворање на Груевски и неговите најблиски соработници по отворање на истрага на обвинителството со што ќе се намали „кредибилитетот и ќе се покаже нивното вистинско лице“.

„Евентуално притворање на Никола Груевски и свитата, по отворањето истрага во специјалното обвинителство од една страна ќе го намали нивниот кредибилитет и ќе го покаже нивното вистинско лице“ пишува Фокус.

fokus-janevaУниверзитетскиот професор Александар Даштевски ова го толкува како обид  во пресрет на изборите закажани за април да се изврши притисок врз специјалното обвинителство за да покрене обвиненија и да побара притвор против високи функционери на власта . Истовремено неделникот го открива единствениот начин како опозицијата да го подобри својот рејтинг и да извлече подобри резултати на избори во недостиг на добро подготвена кампања и висока доверба од граѓаните.

– Тоа што се сугерира е обид да се направи притисок врз специјалната јавна обвинителка од страна на весникот но и од страна на опозицијата бидејќи јасно е дека го контролира весникот….Тоа е смислена пропаганда од опозицијата каде што повторно одат со негативна кампањата не ги слушаат советите на целокупната јавност во Македонија па дури и на дел од своите експерти дека треба да водат позитивна кампања ако сакаат да добијат позитивни резултати и повторно се случува истото програмата нивна се уште не е дооформена и сметам дека немаат програма затоа што видовме дека нивната програма е препишана од скандинавските земји, а се што е препишано не може да се спроведе на дело – вели  Александар Даштевски за Курир.

ДОКУМЕНТИ: СДСМ го смени името и од државата ќари имот од 3.583 квадрати

Со едноставна пријава дека Сојузот на комунисти на Македонија (СKМ) го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, во првата половина на 90-тите години, сегашниот СДСМ го стекнал имот во центарот на Скопје, на улица Бихаќска, со површина од 3.583 квадратни метри, пишува весникот Дневник.

Dogovor-SDSM-1Се работи за зградата и дворното место каде што сега се наоѓа партиското седиште на СДСМ, а кое пред 1993 година, кога го добива партијата, било сопственост на државата, односно се работи за земјиште што претходно го користеле Министерството за наука, а претходно и Рударскиот институт и Министерството за култура. „Дневник“ дојде до документите што потврдуваат како СДСМ со неколку управни постапки, од промена на име до замена на земјишта и уписи, водени во Град Скопје, Kатастарот и Министерството за финансии, повикувајќи се на промена на името на СKМ во СДСМ, без да плати ни денар, стекнал сопственост на 3.580 квадратни метри во центарот на Скопје, пазарно вредни околу милион евра.

Dogovor-SDSM-2
Се работи за неколку документи меѓу кои Договор за замена на недвижен и подвижен имот, склучен меѓу Министерството за финансии и СДСМ од 30 јуни 1993 г., решение на Републичката геодетска управа (Одделение за премер и катастар) од 6.9.1993 г. за промена на катастарската евиденција врз основа на Договорот и Барање за запишување право на сопственост од СДСМ до Републичката геодетска управа (Одделение за премер и катастар) од 13.2.1998 година. Од документите може да се заклучи како се одвивала целата постапка. Прво, СДСМ во 1991 г. поднел пријава во Градскиот секретаријат за внатрешни работи при Собранието на Град Скопје дека Сојузот на комунистите на Македонија го менува името во Социјалдемократски сојуз.

„Со решението УП бр. 38-4161/1/91, уверението бр. 38-401/72/91 и Изводот од извршена промена бр. 02-6009/2/91, е утврдена промена на име Сојуз на комунистите на Македонија – ПДП во Социјалдемокартски сојуз на Македонија“, пишува во Решението на геодетската управа од 1993 г.

Врз основа на ваквата измена на името СДСМ добива имотен лист дека поседува згради во градски ѕид на булевар Илинден б.б. кои, според ова Решение, всушност се станбени згради што ги градел и поседувал Централниот комитет на СKМ – Скопје, односно запишани на поседовен лист бр. 455 на О.С. на Централен комитет на СKМ – Скопје.

Dogovor-SDSM-3Потоа СДСМ склучува Договор за замена на движен и подвижен имот со Министерството за финансии со кои ~ ги отстапува станбените згради (кои всушност се на СKМ) на државата. Станува збор за бруто-површина на сите кули к-1 до к-7 и плус подрумски простории со гаража 15.545 квадратни метри, односно згради од 3.905 м2 и неплодно место двор од 19.639 м2. Државата, пак, за сметка на станбените згради, му доделува земјиште на СДСМ на Бихаќска, односно денешното седиште на партијата.

Во името на државата е потпишан министерот за финансии Џевдет Хајредини, а во името на партијата е потпишан тогашниот секретар на СДСМ, Никола Поповски. Она што е интересно е дека во Договорот стои дека за негово склучување е донесена одлука на Влада од 22.6.1993 година. Договорот е склучен експресно за само седум дена од ваквата одлука. Во јуни 1993 година премиер на Владата е Бранко Црвенковски, инаку и претседател на СДСМ и партиски шеф на Поповски.

Dogovor-SDSM-4Со овој Договор СДСМ добива имот што се состои од зграда и дворно место на Министерството за наука (имотен лист 8464) со вкупна површина од 3.583 квадрати лоцирана на KМ бр. 11057/3. Освен недвижниот имот, СДСМ со договорот го добива и целиот подвижен имот што се наоѓал на него (канцелариски мебел, возила и слично).

СДСМ веднаш бара да се направи промена на титуларот на земјиштата што се замениле, за што е издадено Решението на геодетската управа од 1993 г.

Во 1998 година СДСМ бара од катастaрот да направи упис на сопственоста на земјиштето на Бихаќска на име на СДСМ.

Извор: Дневник/Катерина Нешкова