ФОТО: Членови на СДСМ ги враќаат книшките, Темелковски ветил изградба на џамија во Драчево

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, предизвика гнев и разочарување кај партиското членство.

Имено, членови на СДСМ од Драчево се откажаа од своите членски книшки од партијата поради ветувањето на Темелковски дека ќе дозволи градба на џамија.

Со писмени изјави, поголем број на членови на СДСМ, се откажаа од своето членство во партијата и ги вратија книшките. Тие не го кријат револтот што Темелковски од СДСМ за да собере некој глас повеќе на утрешното гласање, вети градба на џамија кај ромското маало.

 

ФОТО: Еуфоричен и масовен „мини-митинг“ на ВМРО-ДПМНЕ во Драчево – Попоски најави голема победа

Масовно посетен и еуфоричен мини митинг вечерва во Драчево одржа владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Собирот кој се одржа во „Паркот на бранителите“ во Драчево наиде на голема заинтересираност од локалните жители, кои во голем број излегоа да дадат поддршка на владејачката партија во пресрет на изборите закажани за 11-ти декември.

dracevo-7

Покрај носителот на листата во првата изборна единица Никола Попоски, пред присутните се обратија и кандидатите за пратеници Елизабета Канческа- Милевска, Чедомир Саздовски, Светлана Јакимовска и Светлана Колариќ.

Присутни беа и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, орце Ѓорѓиевски, градоначалничката Билјана Беличанец и низа други партиски фукнционери.

dracevo-12

dracevo-10

dracevo-9

dracevo-6

dracevo-5

dracevo-4

dracevo-11

Груевски од народниот собир во Пеленица: Ги боли тоа што е изградено, но народот нема да дозволи рушење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес присуствуваше на народниот собир кој се одржа во месноста Пеленица, Драчево во организација на Советот на ветерани на партијата.

Gruevski-Pelenica-1

Овој собир е традиционален и се одржува викендот спроти верскиот празник Св. Руса. На настанот секоја година присуствуваа голем број граѓани и посетители.

На инсистирање на присутите, Груевски имаше свое обраќање во кое се осврна на актуелните случувања.

Gruevski-Pelenica-2

-Нашето чекорење кон успехот ќе продолжи и како партија и како држава. Сите видоа во минатите години што ВМРО-ДПМНЕ направи за Македонија и како држеше до својот збор кога ги даваше ветувањата. Како градеше, како создаваше, како реформираше, како го подобруваше стандардот на граѓаните, како носеше нови инвеститори и отвораше нови работни места, над 150.000 нови работни места. Тоа можеби некому му пречеше затоа што се препознаваше дека тоа не беше направено од него. Затоа што и други имаа власт и други имаа поддршка и доверба од народот, но никогаш не го направија тоа. Ги паметиме тие времиња, не беа многу одамна и лесно може да се спореди. Затоа ги боли тоа што е изградено и во Скопје и низ Македонија, затоа сакаат да го уништат, затоа сакаат да го оцрнат, да го сквернават, но нема да им успее. Тоа што е создадено е создадено, тоа што е создадено е народно и народот нема да дозволи некој тоа да го уништи што е изградено од народни пари и за народно добро, истакна Груевски.

Gruevski-Pelenica-4

Голем број од присутните граѓани се сликаа и поздравуваа со Груевски, но и дискутираа околу актуелните случувања.

ФОТО: Груевски се сретна со жителите на Припор, Усје, Пинтија и Драчево

Премиерот Никола Груевски денеска ги посети населените места Припор, Усје, Пинтија и Драчево каде се сретна со жителите и ги ислуша нивните потреби и барања, за чија реализација, како што рече, ќе се преземат најитни мерки. 

Gruevski-Kisela-Voda-2Жители на Припор ја истакнаа неопходноста од продолжување на автобуската линија „24“ при што е договорено, доколку има просторна можност, автобусите да почнат да сообраќаат со што ќе се продолжи автобуската линија и ќе им се излезе во пресрет на околу илјада жители.

Истовремено е договорено да се воведат и ноќни автобуски линии во петок и сабота како што бараа жителите.

Во однос на фекалната канализација, жителите беа информирани дека ДУП-от за едниот потег ќе биде готов до Нова година, а за вториот до јуни, со што општината ќе може да почне со реализација. Договорено е почетокот на реализација на овој проект да стартува до крајот на 2016-та или почетокот на 2017 година.

Во Усје, градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ која го прдружуваше премиерот, информира дека по барање на жителите, општината има добиено средства од Владата за урбанистичка документација и по урбанизацијата ќе може да се реализираат неколку проекти поврзани со овој регион.

Жителите го прашаа премиерот дали може да се изгради петкилометарски регионален пат на потегот булевар „Борис Трајковски“ – Усје – Сопиште иако не е ветено на изборите, зашто тоа, како што рекоа, значително ќе придонесе за развој на целиот регион.

Груевски ги информира дека иако патот не е ветен, ќе се земе предвид и ќе се разгледаат можностите дали нешто може да се стори за ова барање.

Gruevski-Kisela-Voda-3Жителите на Усје побараа и подобрување на полските патишта при што е договорено министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски да ги разгледа можностите за решавање на ова барање, а беше договорено да се разгледаат и можностите за поинтензивно движење на приватните автобуски линии.

По Усје, премиерот Груевски ја посети Пинтија каде направи увид во изградбата на детската градинка во која се очекува да бидат згрижени околу 80 деца. За овој објект општината има инвестирано 19 милиони денари.

Според градоначалничката Беличанец – Алексиќ, во тек е изготвување проект за реконструкција и проширување на улицата од овој регион, а привршува и водоводот.

При посетата на Драчево премиерот Груевски ги информираше жителите за воведување дополнителна линија на автобусот со број 42 што беше барање на граѓаните. Ќе се разгледа, рече, и можноста за проширување на постојната постројка кај Клиничкиот центар. На средбата граѓаните беа информирани и дека следниот месец почнува и третата фаза од изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ на потегот до Пинтија во должина од два километра.

Повозрасните жители од населените места изразија благодарност за зоглемувањето на пензиите, како и за мерката за бесплатно банско лекување.

Премиерот Никола Груевски беше придружуван и од министрите за здравство и за транспорт и врски, Никола Тодоров и Владо Мисајловски.