Србов: Факт е дека со конфликтот СДСМ сакаше да го скрие ударот врз државата

Sobranie-policija-narod

Факт е дека пратениците од ВМРО два дена апелираа до СДСМ да не вршат противуставни дејства.
Факт е дека им беше одземено правото на говор на пратениците од ВМРО во Собранието.
Факт е дека ВМРО не го прекршуваше Деловникот.
Факт е дека незаконски се избра „претседател“ на Собранието.
Факт е дека се изврши пуч од страна на СДСМ.
Факт е дека СДСМ го прекрши и Уставот и Деловникот.
Факт е дека овој пуч можеа да го сторат пред 18:00 часот.
Факт е дека осмислено го направија во 18:00 часот.
Факт е дека сакаа да го испровоцираат народот кој пристигна токму во 18:00 часот.
Факт е дека СДСМ сакаше да дојде до конфликт.
Факт е дека позади конфликтот СДСМ сакаше да го скрие ударот врз државата.
Факт е дека СДСМ најдолно го изманипулира народот и неговите чувства за да ја продаде приказната надвор.
Факт е дека СДСМ извршуваат странско сценарио.
Факт е дека народот се спротиставува на тоа сценарио.
Факт е дека СДСМ сака да ја спроведе тиранската платформа.
Факт е дека народот кажа НЕ за тиранската платформа.
Факт е дека народот не се политичари.
Факт е дека народот реагира така како што реагира кога некој му ја загрозува државата.
Факт е дека народот е жртва.
Факт е дека народот не бираше партиски кого ќе избутка, беа удрени и пратеници од ВМРО.
Факт е дека никој не може да контролира толкава изреволтирана толпа.
Факт е дека бројот на полициски сили на протестите е континуирано ист.
Факт е дека два месеца немаше никаков инцидент на протестите.
Факт е дека никој не можел да предвиди кога СДСМ ќе прави пуч па соодветно на тоа и да го зголеми бројот на полицијата.
Факт е дека народот е секогаш во право.
Факт е дека народ поставува и симнува власт.

Ефтов: Јас не знам каде во светот со цвеќе и чиста демократија се спречува државен удар

Vasko-Eftov

Ако на ваков начин се изгласа Претседател на Парламентот надвор од закон, Устав и деловник, aко утре на ист таков начин се изгласа влада надвор од Устав, закони и правна процедура, tогаш која е гаранцијата дека во некоја сала, во некоја шупа или во нечија канцеларија внатре или надвор од Македонија нема да биде договорена или изгласана Илирида“, пишува на својор Фејсбук профил новинарот Васко Ефтов.

-Нема демократија кога народот влегува во Парламентот и кога тепа пратеници. Но има патриотизам кога се брани државата од испланиран и реализиран државен удар. Немало демократија 1944 кога се правела македонската држава, но имало патриотизам. Затоа вие кои вчера влеговте во Парламентот да ја браните државата не сте силеџии и криминалци, туку луѓе кои си ја сакаат својата држава. Да, тоа не беше манифестација на чиста демократија-но јас не знам каде во светот со цвеќе и чиста демократија се спречува државен удар, додава Ефтов.

Vasko-Eftov-drzaven-udar

ЦРНИТЕ СЦЕНАРИЈА СЕ ОБЗНАНИЈА: СДСМ и Албанците извршија државен удар во три чекори (ВИДЕО)

Sobranie-nelegitimen-izbor-na-Talat-Dzaferi

СДСМ и албанските партнери се обидоа насилно, спротивно од волјата на народот, да изберат претседател на Собранието и да формираат влада, за што предупреди „Република“ уште на 9 април годинава.

Како што поминуваше времето и како што се зголемуваше одѕивот на граѓаните на улиците низ државата против прифаќањето на тиранската платформа, така се намалија на минимум шансите Зоран Заев да формира влада спротивно на волјата на народот. Тоа го гледаат и неговите албански партнери, кои на СДСМ му донесоа повеќе од 70.000 албански гласови. Јасно се виде дека ова е единствена опција СДСМ да ја намали разликата во гласови со ВМРО-ДПМНЕ и да дојде на власт, а како противнадомест СДСМ во целост презеде обврска да ја реализира албанската платформа. Тие сега го држат Заев под притисок и уцена по секоја цена да направи влада.

sobranie nemiri 27 04 2017 (7)

Првиот чекор веќе беше изнесен во јавност – со кршење на Деловникот за работа на Собранието, кој во чл. 80 ст.2 вели дека расправата трае сѐ додека не сѐ исцрпи листата на пријавени за збор и со такво флагрантно кршење на Деловникот да се премине на втора точка на расправа, која би била избор на претседател на Собранието. Доколку СДСМ не успее во тоа, веројатно би оделе на варијантата што ја заговара Мерсел Биљали, а која подразбира формирање паралелни институции.

sobranie nemiri 27 04 2017 (4)

- Добро е мнозинството да размисли самото да избере претседател на Собранието и на Владата, во кои и да било простории. Таквата влада сигурно дека веднаш ќе биде признаена од ЕУ и од САД и тие фактички ќе ги прекинат сите врски со оваа постојната влада, министерствата и другите органи – најави Мерсел Биљали, еден од експонентите на Сорос блиски до СДСМ, кој понуди начин како да се заобиколи волјата на мнозинството Македонци и да се спречат дискусиите за штетните последици на прифаќањето на тиранската платформа.

Ова упатство Заев го искористи како прв чекор во реализацијата на државниот удар во Собранието на Република Македонија, а и ЕУ и САД побрзаа да го признаат легитимноста на негелитимно избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Освен тоа, на целата предавничка епизода ѝ претходи најавата на Хојт Ли дека на 1 мај ќе ја посети земјата, а Талат Џафери, како што најави Заев, ќе го поздрави високиот гостин од спикерската позиција.

Од говорницата во Собранието најави дека претседател на собранието ќе се избере на ваков или на онаков начин.

Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ – рече Заев во неговото излагање на говорницата, од каде што го повика преседавачот на седницата Трајко Вељаноски да не ги крши Деловникот, законите и Уставот на РМ и да дозволи продолжување на седницата и по 18 часот, да одзема право на збор во согласност со Деловникот доколку некој ја крши процедурата и да дозволи со пратенички потписи да се смени дневниот ред на седницата, односно со гласање да се дозволи да се премине на точката избор на претседател на Собранието.

Потоа на прес-конференција во Прес-центарот на Собранието, Заев го повтори овој став и нагласи дека не се откажува од спроведувањето на Тиранската платформа, во која тој не гледа „ништо лошо“.

Вториот чекор беше да се предизвика тепачка во Собранието и некој од пратениците на СДСМ да седне на местото на Велјаноски, да претседава со Собраниската седница, така што веднаш ќе се премине на гласање на претседател на Собаранието.

За ваквиот начин на разврска Фрчкоски во својата најнова колумна јавно ја советува опозицијата.

- Вељановски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“ – пишува Фрчкоски.

Второто сценарио подразбира насилна узурпација на столчето на претседавачот Трајко Велјановски, со што на негово место би дошол Талат Џафери.

Ова и се случи, но СДСМ не успеа да ги испровоцира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, па не дојде до тепачка во Собранието.

Увертира во државниот удар што го изведоа СДСМ и албанските партии во Собранието на Република Македонија беше изведувањето на  албанската химна од говорницата. Химната ја испеа пратеникот Зеќирија Ибраими од Беса и додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ силно негодуваа, пратениците Албанци, меѓу кои и тие од СДСМ, застанаа за почит, а пратениците од СДСМ неалбанци премолчија.

По официјалниот деловнички завршок на денешната собраниска седница, пратениците на Заевата коалиција одбија да го напуштат парламентот. Иако свесни дека надвор пред законодавниот дом се одвива протестот на граѓаните од за заедничка Македонија, тоа не го спречи Заев надвор од Деловникот со своите пратеници да избере нелигитимен претседател на парламентот.

Претседателот на Собранието Трајко Велјановски прогласи крај на седницата, што наиде на отпор од пратениците на СДСМ, Беса, ДУИ и Алијансата на Села. Надвор од сите деловнички норми, со очигледна намера за спроведување на замисленото, Ферид Мухиќ како најстариот присутен пратеник од СДСМ и албанските партии меѓу клупите ја стави на дневен ред точката за избор на претседател на Собранието. Веднаш потоа, со 62 гласа за од коалицијата на Заев, Талат Џафери од ДУИ беше избран за незаконски претседател на парламентот. Во текот на незаконската процедура, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееја химната на Република Македонија, онаа на која Заев и неговите албански партнери не се чувстуваат комотно.

Целата ситуација беше постојано пропратена со обид за мирно спречување на државниот удар од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои скандираа дека во Собранието се врши пуч и предупредуваа на последиците од него.

Надвор од сите норми и востановени правила, скриен од своите, меѓу клупите, Талат Џафери даде заклетва за претседател на Собранието, а потоа се обрати прво на албански, па на македонски.

talat dzaferi (2)

Лидерот на СДСМ по ова, луцидно и испланирано, а со цел да се предизвика инцидент и да се префрли топката кај народот, во прес-центарот на Собранието, во 18.20 часот, кога граѓаните од За заедничка Македонија се токму пред Собранието, на граѓаните им го честита изборот на нелигитимно избраниот собраниски спикер.

Заев рече и дека изборот е извршен во согласност со сите деловнички норми, иако тој и неговата коалиција извршија упад во деловникот и извршија класичен државен удар со далекосежни последици.

sobranie nemiri 27 04 2017 (7)

Третиот чекор, опцијата за која Заев најмногу се залагал, е да го активира криминалното подземје и на тој начин да ги судри со протестантите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од чиешто присуство Заев има огромен страв и ги чувствува како најголема пречка за убрзување на процесот плашејќи се од граѓанската реакција.

sobranie nemiri 27 04 2017 (26)

Тоа и се случи.

Извор: Република.мк

Миленко Неделковски ги објави деталите од неуспешниот обид на СДСМ и „Тиранците“ да направат државен удар

milenko-nedelkovski

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил ги објави деталите од вчерашниот обид на албанољупците СДСМ и нивните „Тирански партнери“ да направат државен удар.

Неговата објава ја објавуваме интегрално:

За ДЕТАЛИТЕ од денешната Собраниска седница. За деталите во врска со неуспешниот државне пуч:

Во текот на денот, околу пладне, во таборот на “Тиранците“ имало дилема дали да се оди со план “А“ или со план “Б“:И двата плана им имале свои добри и лоши страни.

Планот “Б“ бил да се соберат во салата “Борис Трајковски“ и таму да си одржат свое конститутивно собрание. Оние што се спротиставиле на овој план сметале дека во таа сала е незаконско донесување на било какво решение. Особено, формирање на ново Собрание и избирање на нов Претседател. Едноставно таа одлука не само што би била еднострана, ами и неуставна и незаконска бидејки е донесена на место кое нема такви ингеренции. Плус, сето тоа би било без присаство на јавноста со помош на Собранискиот канал.

Планот “А“ подразбирал акција, односно државен пуч во главната собраниска сала.
Околу 16.00 во Собранието дошле сите пратеници освен Мендух Тачи и Али Ахамети.

Пратениците од ВМРО навремено биле предупредени што ќе
се случува од своите колеги од СДС, од неколкумина кои се свесни за катастрофата што следи, но се преуплашени јавно да реагираат. Па со пораки на мобилни алертираат.

Околу 17.20 часот Петре Шилегов добил задача да ги преброи “своите“. Но, традиционално бил летва пијан, па не му одело. Се збунивал после 20-тиот пребројан. Така таа работа на пребројување ја презел Оливер Спасовски околу 17.30 часот. Требал да се осигура дека се над 65 души.

Планот под работен наслов “Предлогот на Фрчко“, односно тегнењето за уши на Трајко Вељановски, бил следен: На истекот од седницата, некаде околу 17.40 или 17.45 (седницата трае до 18.00) за дискусија да излезе Радмила Шекеринска. Да предложи прекин на дебата и избор на нов претседател на Собранието. Нормално, јасно било дека таа работа Вељановски нема да ја дозволел, но требало веднаш до Шекеринска на говорницата да застане Оливер Спасовски, и да го побара истото со гестикулирање, викање, навреди. Потоа да притрчаат за асистенција Горан Мисовски, Љупчо Николовски и неколкумина други, да ги турнат од фотеља на патос Вељановски, и како во “светлите“ примери на Јужно Корејскиот парламент да заседнат на столчето на Председавачот. Да биде таму веднаш ставен нивниот најстар пратеник и веднаш да се преминело на гласање на нов спикер. Во првиот налет тоа требал да биде Олиевр Спасовски, а за некоја недела ДУИ да седне на тоа место.

Целото сценарио било предвидено да трае 10-тина минути. Да го претрка народот што стои пред Собранието. Да нема можност за било каква акција. За време на куражењето на своите пратеници денеска на “Тиранците“ им било кажувано дека пред Собрание нема повеќе од 600-700 луѓе.

Но, благодарејки на неколку свесни пратеници од СДС, ова сценарио е разбрано на време. За збор од ВМРО се јавуваат повеќемина. Излегуваат, и како премината преку Сахара пијат вода па и дебатираат (Трајко Вељановски му вели на Влатко Ѓорчев: “Додека пиете вода ви тече времето“! Овој одговара: “Нека тече“.). И семафорот означува 18.00 часот, па судијата означи крај на денешниот натпревар.

Утре има нов.

Во овие моменти во Собранието на Републка Македонија останати се 20-тина пратеници од коалицијата на ВМРО за да ја чуваат зградата. Да се осигураат дека сите од “Тиранците“ ќе го напуштат Собранието и дека нема да направат преврат на полноќ.
ВМРО и Коалицијат во моментов се на “мртва стража“ во Законодавниот Дом.

Инаку, на влезот за пратеници од кај домот на АРМ има повеќе ТВ екипи од Соросовите телевизии. Им било кажано околу 16.00 часот да бидат тука оти ќе имало ексклузива и радосна вест.

Толку.

ПРЕДАВНИК И АНТИХРИСТ: Заев подготвува албански банди за државен удар на Велигден

Teroristi-Divo-Naselje-Zaev

Како клучна се посочува следната недела, односно трите работни дена пред празниците. Обидот за насилно преземање на власта кој што се подготвува , како што се шпекулира во јавноста, може да предизвика дополнителни тензии со несакани последици. Се дознава дека е формирана група наречена „Легија на честа“ во која во најголем број се Албанци со дебели криминални досиеја на кои им е ветена амнестија од Заев

Поврзаноста на Зоран Заев и неговите нови социјалдемократи со мрачните ликови на балканското подземје не е непозната. Тие беа активни за време на двегодишната криза, во блокирањето на државата, протестите, фалсификувањето документи, рекетирањето со телефонски разговори, но и со закани и насилство кое го покриваше со политичко дејствување.

SDSM-Kriminalci

Дури и за време на изборната кампања, албанската ѕвезда на Заев, Зекири, имаше блиски средби со познати косовски и балкански осудени криминалци и убијци.

zekiri so kosovarite

Не смее да се изземе и однесувањето на заевистите по борбата во Диво Насеље, кога отидоа со насмевка да се сликаат со јатаците на терористите врз крвта на полициските жртви.
zaev selfi divo naselje (3)

Сега, кога сето тоа не даде резултати и го остави Заев како губитник, муртинецот кој што прифати да биде носител на спроведувањето на разнебитувањето на државата, повторно се сврти кон насилството и криминалното подземје.
„Република“ дознава од свои извори дека Зоран Заев остварува тајна среба и зачестени контакти со структури на албанското подземје.

zaev-bekim

Тој со неговите пајташи, како што се дознава, подготвува државен удар во празничните денови за Велигден. Како клучна се посочува следната недела, односно трите работни дена пред празниците. Обидот за насилно преземање на власта кој што се подготвува , како што се шпекулира во јавноста, може да предизвика дополнителни тензии со несакани последици.

golema albanija sdsm (1)

Се дознава дека е формирана група наречена „Легија на честа“ во која во најголем број се Албанци со дебели криминални досиеја, и кои во замена за ветена амнестија од Заев се подготвени да влезат во пресметка со македонскиот народ, за да може да му го чуваат грбот на Заев за насилно преземање на власта.

zaev-aps640

Притоа Заев ветувал амнестии иза криминалци за злоделата од агенда за ослободување и на уапсените во Диво Насеље, но и за случаите како Смилковско езеро, случаи со кои постојано игра со албанските чувства.

kol233-nm-zaev-albanci-740x320

Фактурите за 70.000 албански гласови и 18 пратенички места за поддршка на владата Заев ќе ги плати со целосно спроведување на тиранската платформа, во која, меѓу другото, е предвидено прв човек на Собранието да биде Албанец. „Република“ веќе пишуваше, а и Заев потврди дека спикерското место е предвидено за Талат Џафери.

СЕ СПРЕМА ДРЖАВЕН УДАР: Што било договорено на тајната средба помеѓу Бејли и Заев?

Zaev-Bejli

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, имал тајна средба со американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, завчера попладне, пишува НетПрес.

Нашите извори велат дека средбата се случила во седиштето на СДСМ во околу 17 часот во вторникот. Бејли дошол со своето службено возило, опкружен од телохранители, а придружуван од уште неколку лица од амабсадата на САД.

Нема официјална информација за што се разговарало на средбата. СДСМ засега молчи, за разлика од пред неколку месеци кога Зоран Заев не се појави на судско рочиште во кое е обвинет, со оправдување дека имал средба со италијанскиот амбасадор во Скопје.

Оваа информација експресно брзо беше демантирана и тоа лично од италијанскиот амбасадор. Потоа, пак, излезе дека Заев всушност имал средба со некое лице, македонски државјанин што се водел како надворешен соработник во амбасадата.

Сепак, според досегашните чекори кои ги презема, очигледно е оти СДСМ оди на сценарио за извршување на државен удар во Македонија. Ова може да се заклучи и од најавите на СДСМ и нивни членови за насилно завземање на претседателското место во Собранието, како и подготвеноста и одлуката на оваа партија, заедно со ДУИ и со Зијадин Села, да направат влада, која ќе ја спроведе т.н. Тиранска платформа.

Какви ли сценарио, овојпат, подготвил Џес Бејли за Македонија заедно со Зоран Заев, останува да видиме.

СДСМ и Зоран Заев претходно со полна уста се фалеа во јавноста за секакви средби со разноразни вработени по амбасадите во Македониија, а сега е нејасно зошто молчат за средбата со американскиот амбасадор Џес Бејли во вторникот.

СДСМ ВО ОЧАЈ: Се потсмева на жрвите во Турција и повикува на крвни вооружени пресметки во Македонија

Protesti-SDSM-nasilstvo-1

Социјалдемократскиот сојуз повторно го достигна дното. Во очај, немајќи ја поддршката од граѓаните, повикуваат крвави пресметки во Македонија и слика иста како во Турција, која синоќа спречи обид за државен удар.

Пратеничката на СДСМ Лидија Димова, која наместо да се залага за интерсите на граѓаните на Македонија и нивен подобар живот, таа преку социјалните мрежи посакува „и на наша глава“ да се случи Турција.

Voen-puc-SDSM-1

Димова е контактирана во обид да ја појасни нејзината објава и да одговори дали ја повикува македонската војска на насилство против својот народ и дали смета дека билансот на повредени и починати во Турција би соодветствувал во Македонија, но пратеничката на СДСМ не сакаше да одговори на нашите прашања и го прекина телефонскиот разговор.

„Сакам да ни се случи Турција“  е објава од полицаец кој беше унапреден од техничкиот министер Оливер Спасовски очигледно по партиска заслуга.

Поддршка него му дава и аналитичарот Суад Мисини кој коментира „Е**ти државата во која нема шанси да се случи државен удар“.

Voen-puc-SDSM-2

-Аматерски изведениот обид за воен удар во Турција е на прагот на доживее тежок пораз. НАТО и САД повикаа на поддрша на демократски избраната Влада во Турција. Владата ја врати контролата врз државната телевизија и врз Анкара. Делот од армиските сили кој го направи обидот за воен удар е изедначен од страна на владата со терористичките сили на ИСИЛ и ги очекува оздамзадата на демократот Ергодан, пишува Ѓорѓи Спасов од СДСМ.

Voen-puc-SDSM-3

Опозицискиот колумнистот Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил напиша:

-Некогаш застанување пред тенк беше врвен гест на борба за слобода, денес се претвори во борба за слугување.

Voen-puc-SDSM-4

-Нема ништо недемократско во воен удар, гледано од историскиот контекст на Турција, каде секогаш биле гаранти на секуларноста и политичка стабилност. Не е ова Латинска Америка и не се дигаат против демократски режим, туку против авторитарен режим.

Voen-puc-SDSM-5Voen-puc-SDSM-6

Поддршка на пучистите од Турција им дадоа поддршка и Исмаил и Колозова, борци на платеничката револуција

Voen-puc-SDSM-7

Поддршка на крвопролевањето не изостана ниту од Јани Макрадули, кој ги поддржа братот на Фрчкоски и синот на Цветанка Ласкова.

Voen-puc-SDSM-8

Поддршка стигна и од Ховит, пријателот на Заев и Шеќеринска

Voen-puc-SDSM-9

За потсетување во медиумите одамна беше пренесен и ставот на Едмонд Адеми, член на највисоките органи во СДСМ и поставен на висока функција во МВР во времето на Спасовски, кој повикуваше на крв по улиците.

Edmond-Ademi-FB

Инаку, бројот на убиени и уапсени од момент во момент се зголемуваат во Турција. Последните информации говорат дека загинати се 194 лица, а уапсени се 1.563 лица.

ТАЈНА СРЕДБА: Заев во консултација со Црвенковски за државен удар

BC-Zaev-protesti

Насилства на протестите на СДСМ и СОРОС не се новина. Исто така и пристапот кон преземање на власта со уривање на државата.

BC-Zaev-protesti-1

Лично Зоран Заев на интервју за Алсат-М призна дека имал средба пред неколку дена со Бранко Црвенковски. Како рече, бил да се консултира, бидејќи „не знаел се и не се срамел да праша”.

Притоа порача дека во партијата ја имал поддршката од „бранковистите” и од членството кое беше блиско до претходното раководство на партијата. За време на интервјуто Заев посочи дека партијата пораснала за 9.000 нови членови и тоа Албанци, што „го радувало како дете”.

Zaev-Protesti-Sobranie

Врската меѓу Заев и Црвенковски е долга. Заев беше партиски функционер во штабот на Црвенковски, потоа додека Црвенковски беше претседател на државата, го постави Заев за в.д. лидер, да му го чува местото, а Црвенковски го аболираше Заев за криминалот во случајот „Глобал”.

BC-Protesti-Sobranie

Заев со Црвенковски исто како и сега го доведоа народот на раб на братоубинствен судир. Во ист обид СДСМ да ја превземе власта без избори.

Михајловски: Да престанат да се аболицираат оние кои го почнаа државниот удар

Mihajlovski-GDOM

Има една суштинска разлика меѓу нас и нив, тука се сите Македонци, а таму некаде се собрани бивши југословени кои сакаат да живеат во мртва држава. Каде се тие, таму и ние, оти не се само тие народ во оваа земја. Нас нè интересира само Република Македонија и нема да дозволиме никој да чепне ниту една буква од тоа свето име. И како што кажа колегата од границата „Ова е моја земја и јас сум спремен и да умрам за неа“, и ова не е само фраза, вели актерот Тони Михајловски кој е дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Како што беше најавено ГДОМ денес организира протест пред Собранието против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски.

-Се собравме да им кажеме дека е доста. Господинот Заев два пати аболициран, тој може хет-трик да направи, може и трет пат да го аболицираат. Какво време дојде криминалците зборуваат за чесност, оние кои убиваа зборуваат за невисноста, тие кои ја распродадоа државата зборуваат за зборуваат дека сакаат да ја сочуваат. Е затоа нема да им дозволиме, ќе ја одбраниме оваа земја. Да престанат да се аболицираат оние кои заслужуваат да завршат во затвор затоа што тие го почнаа државниот удар,тие се тие што кои сакаат да го продадат името, посочува Михајловски.

Климовски: Македонија е во перманентна состојба на државен удар

Savo-Klimovski-2

Универзитетскиот професот Саво Климовски во интервју за Сител порачува дека ние имаме елиминација на уставниот статус на државните институции, што всушност претставува перманента состојба на државен удар.

-Државниот удар е моментална работа, државниот удар се остварува од неколку луѓе, со диктати се превзема власта и тој тече краток прериод. Овдека е перманентна ситуација да го ставам под наводници државен удар. Ние сме во перманентна состојба да не знаеме што да почитуваме, тоа е абнормална ситуација во која ние се наоѓаме, тоа е тој канцер кој се јавува во уставно рпавниот систем на РМ, но влијае и на државно- правниот статус и во односите, вели Климовски.

Тој нагласува дека Македонија нема одбранбен механизам и додава дека единствена институција кај нас која не е доведена во прашање и смета дека доста добро се справува, тоа е претседателот на републиката, шефот на државата.

-Оваа влада е политичка влада, оваа влада е изгласана влада од легитимен политички орган, тоа е Собранието на РМ, а тоа што Собранието е доведено во ваква ситуација да чека до 5 до 12 за да не изминел некој рок кој Брисел нас ни го дал, замислете каква е таа ситуација и целата нација ја држи во неизвесност, тоа е нешто што личи на државен удар, нешто што ги суспендира институциите, смета Климовски.