Борјан Јовановски бил издрогиран кога ги навредувал професорките на Фејсбук поради Законот за двојазичност

Новинарот Борјан Јовановски бил под дејство на наркотични супстанци кога ги навредувал професорките на Фејсбук за нивните ставови околу законот за двојазичност, велат луѓе кои одамна го познаваат Јовановски.

Јовановски со жолчни навреди и зборови кои ги измислил под дејство на дроги како „квазиинтелектуалнист“ ги напаѓал сите релевантни стручњаци и познавачи кои заземаа став против законот за двојазичност во Македонија.

Јовановски е жесток поддржувач на двојазична Македонија и сите други политики на Зоран Заев. Токму во интервју со Јовановски, Заев најави редефинирање на државата пред изборите во декември 2016, кое што како што гледаме се случува во моментов. За неговиот напад од синоќа, оние кои го познаваат велат дека Јовановски најверојатно бил под дејство на лесни дроги поради кои знаел да избувнува и во минатото.

Борјан Јовановски со навреди ја нападна професорката Ванковска само затоа што на својот Фејсбук профил го сподели видеото од емисијата и напиша пофални зборови за професорката Силјановска.

Професорката Ванковска, објави и две фотографии од размената со новинарот:

Borjan-Jovanovski-navredi-2 Borjan-Jovanovski-navredi-1

Во коментар подолу на истиот пост се надоврза и професорката Ана Лазаревска, која посочи дека Борјан и неа ја невредувал на ист начин по пораки на Фејсбук.

 

ВИДЕО: Паднаа дилери од Тетово, активисти на СДСМ – на пат да компензираат дрога за БМВ

Во рамки на акција за сузбивање на криминални групи, полицијата уапси три лица од Тетово. Станува збор за Сами Ф. од с.Одри-Општина Теарце (активист за СДСМ на терен, во првиот и вториот круг од парламентарните избори во 2016 година, го гледате заокружен на фотографијата како го пречекува Петре Шилегов), заедно со неговите соработници: Ферит И. викан Мамли од Тетово и Мендух А. од с. Порој, вчера рано сабајле и ноќта се приведени под обвинение: тргување со опојни дроги и психотропни супстанци, пишува весникот „Вечер“.

Извори од полиција за Вечер наведуваат дека, се работи за фатена поголема количина на доказен материјал пронајден при нивното апсење.

Фатената марихуана Сами Ф. (на сликата) заедно до Ферит И., требало да му ја продадат на Мендух А. кој требало да им плати со БМВ 525. Полицијата ги запрела на пат да ја остварат транскацијата, во Пежо 206 управувано од Илјази, на патот меѓу Одри и Џепчиште и дрогата е пронајдена под патосница, пишува весникот.

Потоа извршен е претрес кај Сами Ф. при што е пронајдено дополнително количество дрога. Сите тројца се изведени пред Истражен судија денеска.

-Станува збор за уште едни соработници на СДСМ од подземјето кои на истиот начин како и претходните од Арачиново, на истиот принцип соработувале и помагале во кампањата на СДСМ. Минатаа недела полицијата го уапси братот на претседателот на СДСМ Арачиново, исто така за тргување со дрога, пишува Вечер.

Шестмина, од вкупно осум осомничени лица, беа уапсени во акција на МВР минатата недела против организирана криминална група која подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава. Меѓу уапсените е и братот на претседателот на СДСМ Арачиново.

Во акцијата, која МВР ја спровело по насоки од обвинителството, осомничени се лица од Прилеп, Битола и од Арачиново. Двајца од осомничените не се достапни за органите на прогонот.

На петмина од уапсените, на барање на обвинителството, судот им одредил мерка притвор, а на еден куќен притвор.

Како што соопштија од МВР, во текот на акцијата биле запленети околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8 и 10 килограми марихуана и 570 таблети екстази.

Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја

„Утре е прогласен ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет.
Нема да има редовен дотур на бела прашкаста материја и други облици на производи за халуцинации.

#правдазаСетко“, напиша синоќа Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил.

Milenko-za-kokainot-na-SDSM

Ѓорѓиевски: Додека децата во Скопје се труеле, соработници на Заев се богателе од трговија со кокаин

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во врвот на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на криминалот. СДСМ е дувло и синоним за криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера полицијата приведе уште еден соработник на Зоран Заев поради трговија со кокаин.

Човекот кој со Заев се сликаше по кафеани си формирал група со која што го затрупувале Скопје со дрога. Од таа дрога децата во Скопје се труеле, а луѓето на Заев се богателе.

Претходно Заев и неговиот технички министер се шетаа и се сликаа со лице од Ѓорче Петров кое се бара со потерница. Тој е осомничен за убиство во обид.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев во неговиот кабинет се среќаваше со блискиот пријател и соработник Захир Бекири Чауш.

Целата јавност виде кој управувал со Фабриката за афери на СДСМ и кој ги продуцирал лагите за двојни лични карти. Сега Чауш е во Идризово на издржување казна затвор.

Криминалци како Харун Хаџибулиќ беа во најблиското опкружување на Зоран Заев на митинзите на СДСМ. Сега и тој е во бегство и се крие од органите на прогон. На криминалците местото им е зад решетки. На криминалци не им е местото во политика.

Народот на 11 декември му порача на аболицираниот криминалец Зоран Заев дека е против криминал и корупција и дека треба да почне да размислува за казнено-поправниот дом Идризово.

Полицијата пронашла дрога и оружје во домот на братот на функционер на СДСМ

Паковка со дрога и куршуми биле пронајдени кај осомничените кои вчера во голема полициска акција беа приведени во Скопје, а ги предводел С.Р., брат на функционер на СДСМ. Според информациите до кои дојде Прес24 во претресот кај осомничениот за кој дел од медиумите тврдат дека е брат на поранешен пратеник на СДСМ, била пронајдена 1 паковка со прашкаста материја и 50 куршуми со калибар 9 милиметри.

Порталот дознава од полициски извори дека паковки со прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин биле пронајдени и кај другите приведени во полициската акција. Според информациите, тие покрај дрогата имале и реденици со куршуми, 25 парчиња со калибар 5,56 милиметри.

Во претресот пронајдена е и една кеса во која најверојатно имало марихуана како и еден зад со траги од прашкаста материја за која истрагата верува дека е кокаин.

Полицијата вчера во голема акција приведе повеќе луѓе кои ги сомничи дека како криминална група продавале кокаин по скопските улици. Полицијата се сомнева дека организатор на групата е С.Р. кој според дел од медиумите е брат на поранешен пратеник на СДСМ.

Извори од скопската полиција за агенцијата „Нетпрес” синоќа изјавиле дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче”

Познат скопјанец, заедно со уште две лица, уапсен е вечерва од полицијата, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко, дознава Нетпрес неофицијално од полициски извори.

Информациите од скопската полиција велат дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче”. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери.

Полициски извори велат дека осомничениот кој е организатор на групата, С.Р., поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на бивш пратеник на опозицијата во македонското собрание. Истрагата на скопските полицајци утврдила дека тој ги ангажирал лицата Д.М. и М.З. за да го продаваат кокаинот. По продажбата на дрогата на наркозависници, овие двајца осомничени редовно го известувале Сеат Р. за парите, кои ги заработувале, велат извори во МВР, инволвирани во истрагата.

Според нив, исто така утврдено и дека четврто лице посредувало во вршењето продажба на кокаин. Истрагата на полицијата утврдила дека тоа лице го известувало С.Р., кога имало побарување на кокаин од одредени муштерии, ја вршело продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.

ЦЕЛА НОЌ АПСЕЊА: МВР уапсила повеќе лица и запленила големо количество дрога

Голема полициска акција се одвивала во текот на ноќта на повеќе локации во Македонија.

Како што дознава Press24, акцијата која полицијата ја водела под оперативното име „Брана“ била насочена кон наркодилери.

Неофицијално, уапсени се повеќе лица и запленета е поголема количина дрога.

Од МВР потврдуваат дека се спроведувала полициска акција но не откриваат повеќе детали во моментов. Нив ги најавуваат во текот на денот.

ФОТО: 73 годишен гостиварец фатен со кокаин – неуспешна испораката на дрогата до Австрија

Министерството за внатрешни работи по спроведена истрага спречи меѓународен транспорт на наркотична дрога кокаин во вкупна тежина од 580 грама, при што од слобода е лишен М.А.(73) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Гостиварецот, откако ја земал дрогата од лице во Гостивар истата требало да ја пренесе во Виена, но бил откриен на граничниот премин Табановце.

Starec-gostivarec-kokain-1

Од страна на судија на претходна постапка по поднесената кривична пријава на осомничениот определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Starec-gostivarec-kokain-2

-Инаку по преземените мерки и активности утвдено е дека пријавениот, од засега непознато лице-албански државјанин преземал наркотична дрога кокаин со намера истата да ја транспортира и предаде на лице во Австрија, со што би се стекнал со против правна имотна корист од 700 евра. Во периодот од 12ти-18ти месецов М.А. остварил средба со лицето во Гостивар, при што му била предадена патничка торба-црна боја во кој била сместена наркотичната дрога кокаин и 350 евра, а останатите 350 евра требало да му бидат дадени од лицето во Виена, по успешниот меѓународен транспорт, информираат од МВР.

Starec-gostivarec-kokain-3

На 20.08.2016 година на граничниот премин Табановце на излез од Р.Македонија во автобус со охридски регистарски ознаки кој сообраќал на линија Струга-Виена, од страна на полициски службеници и царински службеници од Царинската Управа на РМ, автобусот  е селектиран за детална контрола и при претрес пронајдена е патничката торба на седиштето до пријавениот и во неа пронајдено е полиетиленско пакување со прашкаста материја, за што по извршени прирачни тестови утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин.

Starec-gostivarec-kokain-4

Пронајдената прашкаста материја е доставена до Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење, при што од извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин во количина  од 580 грама.

Starec-gostivarec-kokain-5 Starec-gostivarec-kokain-6 Starec-gostivarec-kokain-7 Starec-gostivarec-kokain-8 Starec-gostivarec-kokain-9 Starec-gostivarec-kokain-10

УАПСЕНИ 28 ЛИЦА: Голема операција на МВР и балканските полиции

Полициите од Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција водеа паралелни истраги во рамки на операцијата за трговија со дрога „Балкан“ започната во 2015 година од Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал.

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека операцијата завршила успешно и дека истрагата резултирала со апсење на 28 лица, меѓу кои и петмина организатори и издавање налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Биле запленети приближно 27 килограми хероин, 2 килограма кокаин и речиси 184 килограми марихуана, како и повеќе од 38.000 евра, 1,5 милиони албански леки и четири оружја.

– Се очекуваат натамошни резултати од оваа заедничка истрага, стои во соопштението.

Истрагите биле насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги како хероин, кокаин и марихуана. Хероинот е набавуван од Турција и транспортиран до Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Албанија и транспортирана во Македонија, Грција и Турција.

– Паралелни истраги беа водени во Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција. Размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во овие земји се одвивале во реално време преку канал на Селек, се наведува во соопштението од МВР.

ВИДЕО: Како е разбиена криминалната структура во акцијата „Лотос“

Министерството за внатрешни работи ја реализираше оперативната акција „Лотос“, при што беше сузбиена криминална структура од подрачјето на Велес чиј организатор освен што и самиот продавал наркотични дроги на уживатели и дилери, воспоставил и мрежа на препродавачи низ повеќе градови во Македонија. Имено кон крајот на 2015 година, по добиени оперативни сознанија за лица кои препродавале наркотични дроги хероин и марихуана, како и синтетичка дрога амфетамин беа преземени мерки и активности за обезбедување на материјални докази.

MVR-Akcija-Lotos-3

Во рамки на ацијата која траеше до рано изутринава беа извршени претреси во дом на 24 локации кај исто толку лица, од кои 11 на подрачјето на Велес, четири  во Скопје, три во Свети Николе, две во Кочани и по еден на подрачјата на Штип, Кавадарци, Гевгелија и Струга.  При претресите беа пронајдени и со потврда одземени околу 5500 евра,  околу 100 грама хероин, 160 грама смеса од кофеин и парацетамол, ваги, како и паковки хероин и марихуана спремни за продажба.

MVR-Akcija-Lotos

По преземените мерки беше утврдено дека 40 годишно лице од Велес кое се јавува во улога на организатор од засега непознати лица набавувал хероин и марихуана кои во својот дом ги препакувал во помали количини и по претходен телефонски договор ги продавал на лица дилери и уживатели на дроги на договорени средби во повеќе градови и тоа за цена од околу 1000 денари за грам хероин и 500 денари за паковка марихуана.

MVR-Akcija-Lotos-1

Исто така првоосомничениот кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година организирал мрежа на препродавачи и посредници при што ангажирал уште три лица сите од Велес да вршат продажби на хероин и марихуана со цел стекнување со противправна имотна корист. Лицата по добиените инструкции и по извршената продажба на дрогата дел од заработката ја задржувале за себе, а поголемиот дел му ја носеле на првоосомничениот во неговиот дом.

MVR-Akcija-Lotos-2

Освен денешните претреси во претходниот период беа реализирани уште два случаи на недозволена трговија со наркотични дроги во кои беа запленети скоро 30 килограми марихуана, 40 паковки хероин и уште 7 паковки марихуана во рамки на акцијата. Исто така беа поднесени 14 кривични пријави против 20 од лицата, кај кои е пронајдена помала количина наркотична дрога, одземени беа четири ПМВ и два мотори, а во периодот од воспоставување на оперативната акција до денес, изречени се прекршочни санкции во висина од 14.000 евра.

Интерпол во Македонија: Приведeни 14 лица, заплето огромно количество дрога и муниција

Четиринаесет лица се приведени, а запленети се околу 40 парчиња различно огнено оружје, шест килограми експлозив, 11 рачни гранати, 1.300 парчиња најразлична муниција, 52 килограми марихуана, 14,5 килограми злато и 250.000 евра, во регионалната операција „Балкан тригер“ (Balkan Trigger) што ја спроведе Интерпол од 17 до 19 април со цел спречување на нелегалната трговија со огнено оружје во земјите од Западен Балкан.

Како што информира денеска МВР, „Балкан тригер“ трала 48 часа, а биле ангажирани 5.000 полициски службеници распоредени во земјите кои беа дел од оваа операција – Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора.

Заради зголемената загриженост за состојбата со недозволената трговија со огнено оружје од балканскиот регион во Европа, кое, како што се наведува, се користи за терористички напади, клучниот фактор за спроведување на оваа операцијата на Интерпол е утврдување на силна мрежа за поефикасно сузбивање на овој вид криминал.

Околу 43.000 лица беа сопрени на граничните премини, транзитните патишта и посебно определените места за контрола, по должината на целиот регион, со повеќе од два милиона проверки извршени во дата базите на Интерпол, вклучително и базите за потрага по лица, изгубени и украдени документи и украдени патнички моторни возила, соопшти МВР.

– Неодамнешните терористички напади како во Европа, така и во светот, каде како примарно повеќе се користи огненото оружје од експлозивот, покажа дека потребно е да се направи поефективна контрола, вели Тим Морис, извршен директор во Интерпол.

Целта на операцијата „Балкан тригер“ е да се создаде цврста основа која ќе биде појдовна точка за натамошните активности на земјите во борбата со недозволена трговија со огнено оружје. Покрај полициските службеници кои дејствуваа во сопствените земји, во регионалниот координативен центар во Сараево партиципираа и полициски службеници од земјите учеснички, а кои дејствуваа во корелација со координативниот центар во Генералниот секретаријат на Интерпол.

– Податоците добиени од операцијата понатаму ќе бидат дополнително анализирани со цел добивање на почиста слика за можни потенцијални поврзаности со други кривични дела и терористички активности во регионот и пошироко, се вели во соопштението од МВР.