Заев се крие бидејќи е фатен во тесно – ДУИ го прегази СДСМ за албанските барања

zaev-ahmeti-albanci

СДСМ веќе нема што да понуди и цели десет дена бега од одговор кој е нивниот став за албанските барања. Свесни дека ВМРО- ДПМНЕ И ДУИ влегуваат во сериозни преговори за формирање на Влада, тие молчат и за двојазичноста сто ја бараат Албанците, а токму тие ја ветуваа пред избори. ВМРО-ДПМНЕ и други политичките субјекти, како и партиите кои ги застапуваат интересите на другите етнички заедници во Македонија се изјаснија дека за нив барањата наведени во документот се неприфатливи

Молк на Бихаќка по се погласните информации дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе седнат на заедничка маса и покрај забетонираните позиции и дека можат да постигнат договор за влада.

Од СДС речиси две недели молчат на прашањето дали партијата ги прифаќа сите точки од понудената платформа на албанските партии.

– Мандатот за формирање на Влада го има ВМРО-ДПМНЕ и тие нека се изјаснат за таа платформа. Ние кога ќе го имаме мандатот ќе се изјасниме по тоа прашање. Се што имаме да кажеме ќе кажеме во моментот кога ќе го добиеме мандатот, рече Благој Бочварски од СДСМ. Тој не одговори колку позициите од заедничката платформа на Албанците се поклопуваат со ставовите на СДСМ за двојазичноста, што ја најавија во предизборната кампања, ниту на прашањето колку СДСМ е подготвен за промена на Уставот.

Преку платформата се бара официјален албански јазик, решавање на името, па дури и промена на химната И знамето. ВМРО-ДПМНЕ и други политичките субјекти, како и партиите кои ги застапуваат интересите на другите етнички заедници во Македонија се изјаснија дека за нив барањата наведени во документот се неприфатливи.

Во меѓувреме тече рокот за формирање на нова Влада откако мандатот му е даден на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски како лидер на партијата која освои најголем број на пратенички мандати. Од ВМРО-ДПМНЕ и од Демократската унија за интеграција, како победник во албанскиот блок, велат дека преговорите за нова влада ќе финализираат наредната недела, пред истекот на рокот. Но и двете партии на преговарачката маса седнуваат со веќе јасни и спротивставени ставови во однос на две прашања – двојазичноста и мандатот на Специјалното јавно обвинителство, кои како услови за формирање влада ги поставија интегративците на Али Ахмети. Од ВМРО-ДПМНЕ велат нема да дозволат уставни промени со цел воведување на двојазичност на целата територија на државата, а велат СЈО е наменска институција која се политизира. Ахмети во неколку наврати изјави дека доколку не успеат преговорите за влада излезот ќе бидат нови парламентарни избори. Рокот за формирање нова влада е 29 јануари.

СДСМ преку свои аналитичари се нуди на ДУИ прифаќајќи ги понудите до запирка

SDSM-Ordanovski

Аналитичарот на СДСМ Сашо Ордановски вчера во емисијата Топ Тема на телевизија Телма отворено говореше дека нема ништо спорно во тоа СДСМ да ја прифати Платформата потпишана од албанските партии.

-Содржината на платформата која јас се обидувам да не ја коментирам е направена таква да биде неприфатлива за ВМРО односно да ВМРО има доволно отстапка и оправдување заради тоа што ќе оди во опозицијата. Истовремено таму нема речиси ништо спорно за СДСМ да направи Влада со ДУИ. На крајот ќе си го добие мандатот втората по големина партија во Собранието, таа ќе и пристапи на ДУИ, бидејќи таква е математиката, ќе се побара поддршка и од другите. Веќе се усогласуваат ставовите, гледатет како веќе се кристализира гламурозната платформа, се распадна се сведе на четири-пет применливи точки. Нема ништо спорно во тие точки безразлика на драмите што се обидуваат да ги прават, вели Ордановски.

Тој не е првиот аналитичар на СДСМ кој има ваков пристап. Претходно и Бранко Тричковски и Бранко Героски излегоа со слични позииции тврдејќи дека Албанците биле премногу меки и несуштински во нивните барања кои стојат во Платформата.

И додека СДСМ официјално молчи, а преку свои аналитичари се нуди на ДУИ прифаќајќи ги понудите до запирка, ВМРО-ДПМНЕ излезе со јасен став дека императив претставува почитувањето на волјата на народот и со тоа формирањето на влада, но не по секоја цена.

Сепак, за разлика од аналитичарите блиски до СДСМ, останатите многу пореално ја согледуваат ситуацијата.

Берат Бужала кој е сопственик на еден од најчитаните косовски портали кој смета дека се врши огромен медиумски притисок за постизборен инженеринг кој пак има за цел да ја изигра волјата на мнозинството граѓани со што би се предизивикале дополнителни проблеми и тензии во земјава. Тој дури ја споредува ситуацијата со демонтирање на бомба која може да експлодира доколку се погоди погрешната жица.

-Кога се веќе поминати неколку недели од денот на изборите, сè уште нема политичка јасност. Тоа што е очигледно е тенденцијата за непочитување на гласот на Македонците и оној на Албанците што гласаа за ВМРО и ДУИ. Се обидуваат да направат еден пуч против партијата која очигледно беше најгласана од Македонците, односно против ВМРО и нејзиниот шеф, Никола Груевски, пишува Бужала.

Тој анализира дека евентуалното коалицирање на Али Ахмети со Зоран Заев ќе значи штета за сите.

berat-buzhala-Ја има наведнато главата, како губитник, пред тие кои им ги зедоа гласовите. Ова не е единствената грешка. Формирањето на коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ , ќе ја доведеше  државата на непознати простории дотогаш. Ова ќе беше прв пат на таков неискрен начин да се згази волјата на мнозинството од Македонците. Секако дека авторот на оваа колумна, крајните месеци имаше симпатии за СДСМ, Заев и Едмонд Адеми. Но, политичката реалност оди подалеку од симпатиите. СДСМ, покрај сите обиди, покрај сите шеми, не успеа да биде на еднакво ниво со историскиот противник. Им зедоа илјадници гласови на Албанците, но не успееја. Така да оваа шема треба да се затвори со тоа. Напишаните планови на лист не треба по секоја цена да се реализираат. Убавите соништа треба да останат само такви. Ќе има повторно гласање. Ако сите беа заедно против Груевски, во овој случај сите Албанци, тогаш неговата сила кај мнозиството на заедницата, Македонците, ке имаше голем пораст. Кога и да се одржат избори, тој ќе победи уверливо. Неговиот пораз преку шеми, ќе се гледаше од страна на Македонците како пуч. Ќе се кршеа политичките правила. Тој само ќе добиеше повеќе сила, вели во својата колумна Бужала.

За разлика од медиумскиот притисок кој оркестрирано се врши преку сатанизирање на ВМРО-ДПМНЕ меѓу Албанците, Бужала смета дека изминативе 10 години е сторено многу во подобрување на статусот на Албанците во Македонија.

-Јас не знам дали е повеќе антиалбанска партија ВМРО или СДСМ, но знам дека овие последни 10 години Македонија беше наш сојузник на меѓународната сцена. Сакам да додадам уште нешто: Секогаш која ја поминувам границата во Хани Елезит, на македонската страна граничните полицајци ми зборуваат на албански. Ова го немаше порано. Знам и друго нешто: Во државната администрација на ова држава се вработени околу 30.000 Албанци. За крај: Овој договор меѓу ДУИ и ВМРО е политички договор, не е доживотен. Во секој момент штом не се исполнуваат условите од договорот, тој може да се прекине. Во договорот треба да вклучат партиите кои добија мнозиство гласови од двете етнички популации во Македонија. Другиот дел потоа е пропаганда, невладина организација, непотребен морал. Ова е еден голем крстопат за Али Ахмети. Тој е многу поголем отколку во времето кога носеше униформа на себе. Тој не треба да се плаши, смета Бужала.

Уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас, пак, во својата најнова колумна анализира дека наспроти рационалните и логички одлуки кои треба да ги донесе ДУИ, клановската поделеност во партијата има огромно влијание врз двоумењето за идно коалицирање.

– Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се силна партиска машина и доминантна политичка сила и на власт, и кога би биле во опозиција. Не е тешко да се претпостави колку гласови би добиле за ВМРО-ДПМНЕ на првите наредни избори ако ВМРО премине во опозиција, а СДСМ како проалбанска, и три албански партии плус во коалиција, донесат закони и мерки на штета на Македонците и на уставниот поредок. Тоа би бил хаос и гнев кај Македонците кој, без сомневање, би експлодирал со поддршка за Груевски како никогаш порано.

Затоа, прва опција е коалиција на ДУИ со ВМРО, втора вонредни избори заедно со локалните кои би биле одложени за некој период, а дури трета опција за Ахмети е самоуништувачката варијанта – коалиција на СДСМ со ДУИ. Се што бара ДУИ и ветува Ахмети е уставна категорија со потребни две третини мнозинство во парламентот, а тоа зависи од Груевски и ВМРО. СДСМ не може ништо, ама баш ништо да даде од она што Ахмети го бара. Тогаш, и нема многу дилеми околу одлуката што следи наскоро. Што и да биде, ќе биде вонредно, пишува Латас во најновата колумна „ВОНРЕДНО“.

ДУИ ТАКТИЗИРА: Ахмети ќе пресече, одлуката ќе биде во „консултација со меѓународните пријатели“

Ali-Ahmeti-DUI-pres

ВО МАЛА РЕЧИЦА ГИ АНАЛИЗИРААТ ОПЦИИТЕ

Централното претседателство на ДУИ вчера во Мала Речица решаваше со какви позиции ќе настапи во преговорите за новата влада, во очекување нивниот лидер Али Ахмети и официјално да добие покана од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Никола Груевски за средба.

Интегративците ќе премеруваат која од опциите – коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, коалиција со СДСМ, техничка влада, ДУИ во опозиција или нови избори – ќе биде најдобра за партијата.

Воедно анализата на интегративците ќе биде и за тоа која од можните опции ќе им нанесе најмала штета, особено во пресрет на локалните избори во мај годинава, а во ситуација кога ДУИ е клучот дали Македонија ќе добие влада по изборите на 11 декември.

– Kај некои членови на ДУИ и кај членовите на Централното претседателство преовладува отпор за повторно владино партнерство со ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски и други високи функционери опфатени во истрагите на СЈО. Но, ова не значи дека одлуката ќе биде да не влегуваме во влада со ВМРО-ДПМНЕ. Во ДУИ на крајот секогаш пресекува лидерот Ахмети – вели член на Претседателството на ДУИ.

Во ДУИ немаат одговор за тоа како тогаш би правеле влада со СДСМ, бидејќи додека Груевски е осомничен, Заев е обвинет во најмалку два случаја пред Јавното обвинителство на РМ, „Пуч“ и „Поткуп“. Ако го применуваат тој принцип, им останува во секој случај да бидат надвор од владата или да бараат нови избори, што не би им го решило проблемот бидејќи и на новите избори Груевски и Заев би ги предводеле своите партии. Исто така немаат одговор ни за тоа како тогаш Ахмети можеше своевремено да влегува во Владата на РМ и партијата да застане зад тоа кога беше обвинет пред македонските судови за воени злосторства.

Нашиот соговорник додава дека за секоја од опциите што се на маса ќе се дебатира кои се придобивките, но и последиците и за партијата, албанскиот електорат и за државата.

– Особено голем отпор за влада со ВМРО-ДПМНЕ има од градоначалниците, бидејќи во мај се локалните избори. Стравувањата се дека ДУИ на локалните ќе доживее целосен крах и фијаско и ќе изгуби повеќе од половина општини ако ја продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на парламентарните избори завршивме со преполовена доверба – вели функционерот на ДУИ.

Ова значи дека Ахмети е на тешки маки за која од опциите да се определи, ако се знае дека најблиските соработници на лидерот, односно сите потпретседатели на партијата Теута Арифи, Изет Меџити, Невзат Бејта и Садула Дураку се и градоначалници. Ако ним им се приклучи и организацискиот секретар и партискиот бунтовник Хазби Лика, јасно е дека најтесното партиско раководство на ДУИ е меѓу функционерите што се противат на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Но, од друга страна, Теута Арифи одамна влече кон СДСМ, за Невзат Бејта неодамна се изјасни Груевски во интервјуто за „Дневник“, а за отпорот на градоначалникот на Чаир постојат други шпекулации.

За влада со ВМРО-ДПМНЕ натежнува фактот дека владејачкото мислење во партијата е оти коалиција на ДУИ и Алијансата за Албанците со СДСМ ќе биде со краток рок. Аргументите за ова се дека ако ВМРО-ДПМНЕ биде опозиција, ќе ги користи сите демократски мерки да ја опструира и блокира работата на Собранието, а тоа ќе значи дека голем дел од барањата од албанската платформа не ќе може да добијат законска рамка, бидејќи ќе нема двотретинско мнозинство. Аргумент во корист на влада со ВМРО-ДПМНЕ е и дека ДУИ тогаш нема да го прекрши принципот што сама го наметна – победниците да прават влада.

– Тешка ќе биде одлуката и ако решиме да одиме со ВМРО-ДПМНЕ, но и ако одлучиме да не коалицираме со партијата на Груевски – вели функционер на ДУИ.

Дека функционерите на Централното претседателство се меѓу два огна, потврда се позициите оти ДУИ, пред с`, треба да мисли на партиските интереси и, од друга страна, дека станува збор за одлука за процеси што се подолгорочни и покомплицирани.

Во секој случај, според соговорниците од ДУИ, одлуката што ќе ја донесе Ахмети ќе биде во консултации, како што велат, со меѓународните пријатели.

Партискиот портпарол, Бујар Османи, вчера потврди дека Централното претседателство разгледува пет опции за можно коалицирање во наредниот период. Тој истакна дека ДУИ нема стратешки партнер и оти се разгледуваат сите опции.

– ДУИ почна процес на сеопфатна анализа на можните опции за коалицирање во наредниот период. Ги спомнавме сите пет опции што се денес на маса на Централното претседателство, за кои детаљно се разговара за сите аргументи за и против и за краткорочните и долгорочните ефекти. Анализите се без емоции, без преференции, ДУИ нема стратешки партнер, ДУИ нема префериран партнер. Сериозно ги разгледуваме сите аргументи – изјави Османи.

Од партијата велат дека преговорите со мандатарот ќе почнат откако ДУИ ќе заврши со анализите на опциите и оти ќе има повеќе состаноци на Централното претседателство.

Ахмети: СДСМ не е победник на изборите – коалиција со нив не носи стабилна ситуација

ali-ahmeti-intervju

СДСМ не е победничка партија на изборите и коалицијата со нив не е стабилна ситуација. Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за ТВ21 вели дека неговата партија детално ги разгледува сите опции по што ќе ја донесе одлуката како ќе се постави во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии.

Иако во игра е и опцијата за коалиција со СДСМ и други албански партии, Ахмети вели дека таа ситуација не е стабилна.

„СДСМ не е победничка партија на изборите и кој ни гарантира нам за тоа колку ќе има стабилна ситуација. Секој избрзана одлука може да предизвика последици. Не брзаме никаде, туку 99 пати ќе размислиме, а 100-иот ќе пресечеме. За да донесеме одлука ќе ги анализираме придобивките и последиците со ВМРО-ДПМНЕ, придобивките и последиците со СДСМ, придобивките и последиците со проширена влада. Во вакви околности ДУИ одлучи да ја разгледа можноста и да прејде во опозиција, во многу специфични околности, со големи последици”, нагласи Ахмети

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ВЛАДА: Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите

gruevski-ahmeti

Преговорите за состав на новата влада ќе се водат лично помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели за „Дневник“ Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети.

Kако што веќе објавивме, Ахмети ќе го почитува воспоставениот принцип преговорите за влада да ги водат победниците на изборите од македонскиот и од албанскиот блок и оти лидерот на ДУИ веќе чека покана од Груевски за средба.

Груби вели дека нивниот претседател ќе инсистира преговорите за влада да се водат на највисоко ниво, односно лично двајцата лидери Груевски и Ахмети ќе треба да проценат дали е можно продолжување на владиното партнерство. Доколку тргнат разговорите и се процени дека е можна владина коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не се исклучува можноста натамошното договарање да се спушти на ниво на партиски тимови.

Ова ќе значи дека иако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ петти пат ќе почнат преговори за владина коалиција, првпат разговорите за нова влада ќе ги водат лично Груевски и Ахмети.

Во 2006 година по победата на изборите ВМРО-ДПМНЕ водеше паралелни разговори и со ДУИ и со ДПА за владин партнер. Тогаш ДУИ извиси и владина коалиција формира ВМРО-ДПМНЕ со НСДП и ДПА.

По предвремените парламентарни избори во 2008, 2011 и 2014 година се воспостави принципот победник со победник и преговорите за владина коалиција ја водеа тимови на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Kарактеристика на претстојните преговори за влада е дека иако станува збор за веќе стари владини партнери, првпат исходот од преговорите е неизвесен. Ахмети преговорите за нова влада ќе ги услови со прифаќање на сеалбанската платформа. Груевски врати дека ако ДУИ игра со платформа и ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери има платформа, но и куп забелешки кон досегашното практикување на власта од функционери на ДУИ.

– И ние и во минатото, и сега и во иднина ќе бидеме речиси 25 партии во коалиција со заедничка платформа. Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем така ќе тераме отсега – порача Груевски во интервјуто за „Дневник“.

Ахмети, пак, за телевизија на албански јазик потврди дека очекува покана од Груевски.

– Ние ќе преговараме со партијата што ќе добие повеќе мандати – потврди Ахмети.

Од ДУИ не сакаат да прејудицираат како ќе течат преговорите. Од таму повторија дека услов е сеалбанската платформа, која ќе биде на маса пред Груевски, но и пред секој евентуален преговарач за новата влада. Оттука од ДУИ велат сè е на маса, можен е договор за влада и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, битно е да се прифатат барањата од платформата. Во спротивно, од ДУИ не ја исклучуваат и можноста од широка коалиција, тие да бидат опозиција или ако нема договор со ниту една страна, повторно да се оди на нови парламентарни избори.

Ова го потврди и Ахмети прашан дали е за нови избори.

– Зошто да не. Сигурно дека неприфаќањето на платформата од кој и да е субјект ја носи земјата кон нови избори – вели Ахмети.

СДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ: Прифатлива е платформата на албанските партии

zaev-ahmeti

Заев кој во кампањата ветуваше кантони и форми на федерализација, сега иако поразен од народот бил спремен на сè само за да влезе во владата.

СДСМ остана единствената политичка партија која официјално не зазема став за платформата постигната од албаските политички партии. Но зад сцената дознаваме дека Заев и раководството испратиле пораки до ДУИ и Ахмети дека би прифатиле се што е напишано во платформата само да се играчи за составување на новата влада. За ова нема потврда ниту јасен демант од СДСМ.

Без заддршка за раководството на СДСМ било прифатливо да се воведе двојазичост на целата територија вклучително и во градови како Делчево, Струмица, Штип, Свети Николе и останатите градови каде Македонците се убедливо мнозинство, како и решавање со учество на албанските партии на спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО. Но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица барања, меѓу кои и резолуција за осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

Заев кој во кампањата ветуваше кантони и форми на федерализација, сега иако поразен од народот бил спремен на сѐ само за да влезе во владата.

Дека „ишаретите” на СДСМ до албанските партии се реалност, се надоврзува и ставот на идеолозите на СДСМ дека платформата на Албанците е премногу мека и на тој начин создавајќи услови таа безусловно од СДСМ да биде прифатена.

Главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски во колумна пишува дека очекувал пожестоки, посуштествени и поконкретни барања.

Очекував многу повеќе од „заедничката пплатформа на албанските партии за Македонија“, подготвена под спонзорство на Тирана. Очекував пожестоки, но посуштествени и попринципиелни барања. За жал, тие тоа не се. Не се „историски исчекор“, како што се фали Еди Рама, пишува Героски.

За уште еден отворен опозициски поддржувач, Бранко Тричковски, платформата на албанските партии е „добра основа за формирање на влада“. Тричковски пишува „не гледам зошто во Уставот не би се ставила формулацијата дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Република Македонија“.

Не гледам зошто не би ја смениле химната која во музичкиот дел е катастрофална, а во текстуалниот грозна, не можам да сфатам зошто да не ги хармонизираме и знамето и химната, со нашата стварност. Конечно, Македонецот мора да разбере дека државата е сериозна работа и дека ако реши десетина години да и се препушти на идиотската хистерија на ВМРО, цената ќе мора да ја плати. Треба да биде среќен ако помине само со овие „издатоци”!, пишува Тричковски.

Миленко Неделковски: Бед карма – Oпстанокот на политичкото крило на УЧК зависи од ВМРО

milenko-nbnb

Денеска истекува рокот кога претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов треба да го довери мандатот за формирање влада. Во врска со тоа, и со изјавата на Груевски во интервјуто за „Дневник“ дека „Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата.“, свој коментар даде и новинарот Миленко Неделковски кој истакна дека опстанокот на ДУИ, односно на политичкото крило на УЧК зависи од ВМРО.

Следнава Влада не е бити-или-не-бити за ВМРО! Туку за ДУИ?!
Без ВМРО, ДУИ на следни локални ќе нема градоначалници. На пример во Тетово.
Без ВМРО, ДУИ не може да добие толку министерства и функции како досега?! Оти и Беса и Сеља ќе сакаат дел.

Без ВМРО, ДУИ преку ноќ ќе згасне. Радикалите ќе им заминат во БЕСА, другите во СДС.

Бед карма е опстанокот на политичкото крило на УЧК да зависи од ВМРО. Бед карма…“, напиша Неделковски.

Груевски: Ако ВМРО-ДПМНЕ биде изиграна од ДУИ, наскоро ќе се вратиме на голема врата во владата без какви било обврски

gruevski-video-poraka-vmro

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на еден ден пред истекот на крајниот рок за доделување на мандатот од страна на претседателот на државата и еден ден по објавувањето на заедничката платформа на албанските партии во Македонија најавува дека ќе се обиде да состави влада, но не по секоја цена.

Во интервју за „Дневник“ Груевски вели дека како и во минатото, така и сега се создава атмосфера кај албанските партии да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, а ја создаваат  медиумите и лицата што водат или припаѓаат или се соработници на НВО финансирани од Институтот отворено општество.

На коментарот дека многу албански политичари и аналитичари тврдат дека албанскиот електорат посакува влада водена од СДСМ со албанските партии, Груевски возвраќа со одговор дека „во 2008 година македонскиот електорат, особено вмровскиот, не сакаше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се случи најмногу затоа што Албанците во Македонија сакаа ДУИ да ги застапува во владата“.

„Ако сега ДУИ отиде во коалиција со втората, наместо со првата партија, со поразениот наместо со победникот, секако дека тоа ќе значи воспоставување една нова практика и традиција во Македонија, на која ние секако ќе се приспособиме, не само сега, туку и во иднина. Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата“, изјавува Груевски.

Во врска со изјавата на Али Ахмети дека за него најважни се интересите на Албанците и платформата на сите албански партии, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за него најважни се интересите и на Македонците и на сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и Албанците.

Што се однесува до платформата на албанските партии, тој додава дека и тие (ВМРО-ДПМНЕ) со 25 партии ќе бидат во коалиција со заедничка платформа, но „ако сакаме  да ја играме играта со платформи, нема проблем, така ќе тераме отсега“.

„На Албанците во Македонија нема да им помогне ако имаат двојазичност на цела територија, вклучувајќи ги и Делчево, Берово, Гевгелија или Кавадарци. Ним може да им помогне ако во наредните четири години се отворат уште 100 или 150 нови фабрики, и се вработат илјадници луѓе, ако стандардот почне да расте и имаат поубав и пок- валитетен живот, ако пораснат пензиите, платите, субвенциите, социјалната помош, ако се изгради потребната инфраструктура, ако добијат поддршка за градба на куќи, ако се направат многу реформи и земјата се придвижи напред“, вели Груевски за „Дневник“.

ДИПЛОМАТСКА РЕДЕНКА ВО ДУИ: Амбасадорите го „обработуваат“ Ахмети?

ali-ahmeti-miting

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, и шведскиот амбасадор во Македонија, Мат Стафансон, на денешната средба во седиштето на партијата во Тетово разговарале околу постизборните случувања во Македонија, како и за приоритетите на ДУИ и на државата.

Ахмети ги образложил програмските ставови на ДУИ велејќи дека еднаквоста во земјата го прави општеството постабилно, додека одговорноста за решавање на спорот за името, интеграцијата, реформите, добрите меѓуетнички односи треба да ги преземат сите.

ahmeti-stefanson

ДУИ, како што нагласил Ахмети, е фокусирана на соработката со албанските парламентарни партии околу заедничката национална платформа. – Моментално не водиме разговори за коалициска влада ниту со ВМРО ниту, пак, со СДСМ. Но единствениот дијалог што го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и со албанските партии – се наведува во соопштението.

Лидерот на ДУИ последниве неколку дена има интензивни средби со странките претставници. Пред Стефансон, тој се сретна со холандскиот амбасадор Воутер Пломп, како и со амбасадорот на САД, Џес Бејли.

ahmeti-plomp

Неофицијално, странците притискаат ДУИ да прифати некаква широка коалиција во која би влегле партиите од македонскиот и од албанскиот блок и би работеле на приоритети што ги постави ЕУ во извештајот на Прибе.

Кај ДУИ наводно не постои расположение за широка коалицијата поради тоа што колачот ќе треба да се дели со повеќе партии, наспроти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во која повторно би добиле неколку клучни министерски позиции, а можеби и нешто повеќе.

На средбата на еден ден пред прегласувањето во Теарце, на која ДУИ ги повика лидерите на сите партии на Албанците, се одѕва само „Алијансата на Албанците“. Тогаш беше речено дека овие две партии остануваат на барањата за албански јазик како втор службен јазик, продолжување на мандатот на СЈО, имплементација на препораките од извештајот на Прибе, рамномерна распределба на буџетот, консензуално одлучување за сите битни прашања.

По Бејли, и Kломп и Стефансон ги обработуваат Ахмети и Заев

zaev-stefanson

Средбите што изминативе денови ги имаа лидерите на СДСМ и на ДУИ со меѓународните дипломатски претставници вчера продолжија со нивните одделни средби со амбасадорите на Шведска и Холандија. И на двете средби, официјално, било разговарано за состојбата настаната по изборите на 11 декември и за можностите за составувањето на новата македонска влада. Од објавените партиски соопштенија не се гледа каков став и видувања амбасадорите им пренеле на двајцата лидери за можните коалирања за состав на новата македонска влада, пренесува Дневник.

Прво стаса соопштението за средбата на партискиот лидер Зоран Заев од информативната служба на СДСМ, во кое беше наведено дека тој се сретнал со амбасадорот на Kралството Шведска во Република Македонија, Матс Стефансон. При ова, како што беше наведено, заеднички е констатирано дека новата влада во Македонија мора да биде посветена на потребните реформски процеси, нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.

– Се гордееме со резултатот, со пенкало и глас поразивме режим. Над 612.000 граѓани во Македонија се изјаснија за промени – рече претседателот Заев според партиското соопштение.

На крајот е наведено дека на средбата се разговарало за текот на политичките процеси во земјата по реализираните предвремени парламентарни избори.

Инаку, „Дневник“ вчера и изминативе денови пишуваше за јавните истапи на амбасадорот Стефансон, кои се идентични на тие на Заев, а во кои тој оцени дека на неодамнешните избори народот во Македонија гласаше за промени.

– Тоа е многу очигледно. Очигледно е дека народот сака некакви промени. Kако тоа ќе изгледа во пракса е многу тешко за мене како странски дипломат да коментирам. Но, важната работа, сега кога изборите завршија, е што ќе може да се состави влада која има моќ и можност да спроведе големи реформи за промена, кои Македонија мора да ги спроведе – изјави тој во едно интервју по соопштувањето на изборните резултати.

Овие негови оценки, практично, беа идентични на оние што во јавноста по изборите ги изнесуваше лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Од шведското Министерство за надворешни работи не одговорија на прашањата на „Дневник“ за ваквите оценки на нивниот амбасадор во нашата земја кои не соодветствуваат со официјалните резултати од изборите.

Од друга страна, лидерот на интегративците, Али Ахмети, со холандскиот амбасадор Воутер Пломп се сретна во седиштето на партијата во Тетово. Тие, според партиското соопштение, размениле мислења за ситуацијата создадена по изборите на 11 декември и за иднината на земјата.

– Претседателот на ДУИ, Ахмети, истакна дека партијата многу внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки што треба да се преземат во блиска иднина земајќи ги предвид создадените околности. Ахмети нагласи дека јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост и интеграцијата остануваат приоритети, но и транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста. ДУИ е посветена на остварувањето на својата политичка програма во согласност со очекувањата на граѓаните во овие тешки и предизвикувачки времиња – се наведува во партиското соопштение.

Во него се наведува и тоа дека Ахмети зборувал и за потребата за подготвување и одобрување заедничка политичка платформа на албанските парламентарни партии и ДУИ останува посветена и целосно отворена за да се постигне успех во оваа исклучително важна иницијатива.

Заев и Ахмети пред една недела имаа одделни средби и со американскиот амбасадор Џес Бејли. Според партиското соопштение, претседателот на СДСМ на оваа средба нагласил дека институциите се должни да работат во служба на граѓаните.

– Граѓаните се определија за добар живот, за слобода, за демократија. Тоа што граѓаните не подлегнаа на манипулациите и провокациите изминатите денови е уште една потврда дека општеството е зрело за промени. Деновите што престојат ќе покажат дека започнатите демократски процеси во Македонија веќе никој не може да ги спречи – изјавил Заев, меѓу другото на средбата со американскиот амбасадор Бејли – соопштија од СДСМ.

На средбата Бејли-Ахмети главна тема биле изборниот процес и ситуацијата создадена по изборите.

– Ахмети ја истакна важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазична и економска еднаквост, реформи и владеење на правото, како и евро-атлантската интеграција – соопштија тогаш од ДУИ.

Тој нагласил дека сите достигнувања во изминатите 15 години во земјата се реализирани во соработка со меѓународната заедница, вклучувајќи и разрешувањето на кризата.

– Затоа ова стратешко партнерство на ДУИ со американските сојузници ќе продолжи во духот на исполнување на заедничките интереси, полноправно членство во НАТО и ЕУ – се вели во соопштението од ДУИ и се додава дека на средбата Ахмети зборувал и за одредени групи. Нагласил дека ДУИ е посветена на одржување на стабилноста и стратешката определба на земјата за членство во НАТО и ЕУ.

Средбите со меѓународните дипломати се случуваат во периодот кога постои голема неизвесност за тоа кој ќе може да формира нова македонска влада, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ има 51, а СДСМ – 49, ДУИ – 10, Беса – 5, „Алијансата за Албанците“ – 3 и ДПА – 2 пратенички места, и кога странските амбасадори од западните земји преку Заев се обидуваат да ја протуркаат тезата дека опозицијата освоила над 600.000 гласа, што е ноторна лага и манипулација, и кога се обидуваат да издејствуваат таа да формира влада наспроти мнозинската волја на гласачите.