ПОВТОРНО СЕ КИТИ СО ТУЃИ ПЕРЈА: Заев во Израел се фали со проектите на Груевски направени за Евреите

Zaev-Netanjahu

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со неговиот израелски колега, Бенјамин Нетанјаху се фалеше со проекти кои ги направи претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека македонските власти активно работат на одржување добри односи со Израелците преку проекти кои се направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакам да потенцирам дека Македонија го почитува културното наследство на изралскиот народ во нашата држава. Се сеќаваме на жртвите на холокаустот со порака „никогаш да не се повтори“. Во 2011 беше отворен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а од 2015 година активно работиме на реставрација на Еврејските гробишта во Битола и изградба од Меморијалниот парк. Тоа е нешто што сакам да го потенцирам тука бидејќи тоа е искрен пристап од моите граѓани кон пријателските граѓани на Израел.

Memorijalen-centar-za-Holokaustot

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија претставува една комплексна функционална целина, посветена на меморијата за сите настрадани во времето на фашизмот на територијата на Македонија. Тој е изграден во чест на настраданите 7.148 Евреи во Македонија.

Центарот кој е изграден со поддршка на македонската влада, која во тоа време беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Официјално беше отворен на 10 март 2011 година, 68 години по трагичниот настан.

Средствата за изградба на центарот биле обезбедени од повратот на имотите на Евреите од Македонија, кои ги загубиле животите во нацистичките логори и немаат никакви наследници. Ова било овозможено преку донесувањето на Законот за реституција, која целосно била завршена во декември 2007 година. Средствата биле раководени од страна на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кој е и сопственик на објектот.

Избришаното интервју на Сорос повторно достапно: „Јас сум Бог, имам многу силни фантазии дека сум луд, соработував со нацистите против Евреите“ (ВИДЕО)

soros-nacist

Видеото од 60-на минути, кое Џорџ Сорос го има дадено за CBS во 1998 година, неколку пати е избришано од интернет, токму поради контроверзните ставови и сето она што го кажува Сорос во него. Но, колку и да е широко распространето неговата соросова мрежа, видеото повторно успева да се најде на интернет и да се дознае вистината за тоа каков човек е Џорџ Сорос.

Снимката која долго време беше скриена, сега повторно е достапна за очите и ушите на светската јавност.

Џорџ Сорос е роден во Унгарија, во богато и образувано еврејско семејство. Кога нацистите ја окупирале Будимпешта во 1944 година, таткото на Сорос бил успешен адвокат, но знаејќи дека периодот што следи ќе има големи проблеми за Евреите, одлучил да го раздели семејството, им купил лажни документи, подмитил човек од власта за да го земе 14-годишниот Џорџ Сорос и да го престават како христијанин и негов кум.

Додека 100 илјадници унгарски Евреи биле пренесени во логорите, Џорџ Сорос и неговиот „кум“ од владата се спасиле, но не само тоа, туку заедно го конфискувале имотот на Евреите, пријатели и соседи, па дури и роднини на малиот Сорос.

Овие контроверзни одговори за тоа што им правеле на Евреите, почнуваат од 6:43 во видеото.

Сорос: Имав 14 години и можам да кажам дека токму тогаш се оформи мојот карактер.

Крофт: На кој начин?

Сорос: Да сфатам дека еден човек мора да гледа напред и да ги предвидува настаните. Тоа беше страшна закана на злото.

Крофт: Колку што разбрав, ти заедно со човекот кој се претставувал како твој кум, сте оделе низ еврејските имоти и сте конфискувале што ќе најдете?

Сорос: Да, тоа е точно.

Крофт: Да бил некој друг на ваше место, она што го правел ќе го довело до лудница и психички пореметувања… Дали беше тешко да го правите тоа?

Сорос: Не, не беше. Воопшто не беше. Можеби како дете не гледате поврзаност, но мене не ми претставуваше никаков проблем.

Крофт: Не чувствувате вина?

Сорос:Не.

Крофт: На пример: Јас сум Евреин и еве ме гледам како луѓето ги пренесуваат во логори, јас можев да бидам на нивно место. Јас требаше да бидам на нивно место. Ништо од тоа не почувствувате?

Сорос: Секако дека можеше да бидам на другата страна, но не чувствував вина за тоа што сум на таа страна. Смешно но, тоа е исто како пазарната економија-Ако не бев јас, ќе беше некој друг, вели Сорос со ладна насмевка на лицето.

Во интервјуто вели и дека не е религиозен и дека не верува во Бог. Смета дека Бог е создаден од човекот а не обратно. Аналогно на ова тој за себе смета дека е Бог…

Неговиот „боженствен“ комплекс е тој кој што ја анулира вината во него.

-Покрај моите фантазии дека сум Бог, исто така имам и многу силни фантазии дека сум луд, признал Сорос во интервју за британска телевизија.

-Всушност, мојот дедо беше параноичен. Има многу луди луѓе во моето семеjство, до сега јас успеав да го избегнам, иронично вели тој.

Честитка од Груевски по повод еврејската Нова година – Рош Хашана

Nikola-Gruevski

По повод празникот Рош Хашана – Новата 5776 година според еврејскиот календар, премиерот Никола Груевски лично и во име на Владата на РМ упати честитка до членовите и припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија и до нејзината претседателка Берта Романо-Николиќ со желби за среќна и успешна нова година.

– Празникот што го прославува еврејскиот народ на овој ден претставува симбол на новите почетоци, на прифаќањето на минатото и на смело зачекорување кон непознатото кое го носи иднината. Исчекувањето, можноста за остварување на соништата и желбите во времето кое доаѓа ни дава сила да се соочиме со секојдневието, ни ги ослободува умот и душата и им дозволува да живеат необременети од стегите на минатото. Истовремено, очекувањата од иднината нè упатуваат на пат кој води до посакуваните резултати и до успесите кон кои се стремиме. Овој празник носи длабока мудрост пренесувана низ генерациите на еден народ која нè учи дека човек секогаш треба да гледа напред, но и дека за да се исполнат желбите потребно е да работиме, да бидеме вредни, да сме добри и дарежливи зашто само тогаш можеме да очекуваме да бидеме благословени со истата среќа, радост и милост со кои и самите сме ги дарувале другите, пишува во честитката на премиерот Груевски по повод празникот Рош Хашана.