УЗУНОВ ПРИЗНА ДЕКА ЗАЕВ ЛАЖЕ: Нема ништо за фалење, растот на БДП ќе биде меѓу 0 и 1%

Бруто домашниот производ на Македонија за 2017-та ќе биде под 1 %, изјави советникот во владата Узунов во емисијата КликПлус.

Тој потенцираше дека не смета дека Македонија ќе влезе во рецесија, но истакна дека нема да има никакво позитивно придвижување на економијата.

-Јас не мислам дека Македонија ќе влезе во рецесија со тоа што нема да влезе ни во никаква експанзија, истакна Узунов.

Експертите сметаат дека македонската економија во третиот квартал ќе бележи рецесија, рецесијата следи после три негативни квартали во кои економијата не бележи никаков раст. Во првиот квартал македонската економија имаше 0% раст на БДП, -1,8% во вториот квартал, додека експертите сметаат дека најверојатно во третиот квартал ќе има негативни вредности за кој што уште нема податоци бидејќи доцни извештајот од Државниот завод за статистика.

Во емисијата КликПлус Узунов потенцираше дека растот на БДП ќе изнесува под 1% односно околу 0,8 или 0,9%. Овие бројки се поразителни ако се земе фактот дека владата на Зоран Заев ветуваше раст на економијата и на стандардот на граѓаните со ветување и на плати од 30.000 денари.

Узунов уверуваше дека Македонија нема да влезе во рецесија, но дека ова сигурно не претставува посакувано економско сценарио.

-Растот ќе биде под 1 % меѓу 0 и 1 најверојатно 0,8 или 0,9%. Тоа формално не е рецесија меѓутоа не е ништо за фалење, изјави Узунов.

Ова е уште еден доказ дека владата на СДСМ е неспособна за менаџирање на економијата. Економијата не била во полоша состојба и бележи катастрофални економски индикатори кои ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија. Не се покачи стандардот, но затоа се покачија трошоците за живот за граѓаните, давачките и даноците. Ако македонската економија бележи негативни вредности на БДП и во третиот квартал Македонија ќе биде официјално влезена во рецесија. Експертите стравуваат дека со сегашните мерки и вака скроениот буџет од страна на владата не е возможно постигнување на проектираниот БДП раст од 3,2 % за 2018 година, анализира порталот Економски.мк.

 

Героски до Заев: Покачувањето на даноците ли е лекција за економија која ја ветуваше?

Преку текст со наводна критика кон Зоран Заев и политиките на Владата, уредникот на ПлусИнфо Бранко Героски сака да се прикаже како објективен новинар кој не штеди никого.

Ваквиот обид е неуспешен бидејќи Героски нема храброст да распали по Заев како што тоа би го сторил доколку премиерот беше од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – но сепак останува фактот дека дури и за најголемите перјаници на СДСМ меѓу новинарите, ова што го прават Заев и Владата на СДСМ нема врска ниту со економија, ниту со она што беше најавувано во предизборието.

Во текстот насловен „Друже Заев, да си ја повториме лекцијата!“ провладиниот Героски пишува:

„И јас се сеќавам на спектакуларната изјава на премиерот Зоран Заев, човек со бекграунд на успешен бизнисмен, кој во кампањата за локалните избори рече дека СДСМ ќе одржи лекција по економија и дека ќе оди со концептот „повеќе пари кај граѓаните“. И токму затоа, она што се случува деновиве, мене, најблаго речено, ме збунува“

Героски немаше да биде толку збунет, туку во најмала рака бесен и лут, ако на место Заев владата ја имаше ВМРО-ДПМНЕ. Но Александар Обрадовиќ, сопственикот на Слободен Печат каде уредник е Героски, е добар пријател и помагач на Заев, па ваквата емотивна состојба на Героски е дури и разбирлива.

Понатаму Героски вели:

-На пример, не можам да сфатам како тоа зголемувањето на акцизата на дизелот, кој учествува со 64 отсто во вкупната потрошувачка на горива, ќе донело повеќе пари кај граѓаните, а ќе ги насекирало богатите, оти сиромашните ионака не возеле автомобили (?!). Такво објаснување чувме од човек од ресорот финансии.

Исто така, не ми е јасно како е можно со години да трубиме дека имаме прекубројна и неефикасна администрација, која го оптоварува стопанството, а сега одеднаш да се ветува зголемување на платите во здравството, во образованието, во јавниот сектор, пишува Героски.

Отворениот поддржувач на СДСМ вели дека не му е јасна ниту работата со субвенциите.

– Да бидам искрен, мене тој концепт со субвенциите никогаш не ми се допаѓал и се уште мислам дека тој механизам повеќе го умртвува отколку што го заживува производството на храна. Но, еве, не полемизирам, да не се правам експерт за сѐ и сешто. Ама, факт е дека на луѓето им беа ветени субвенции во износ од 160 милиони евра годишно, а во буџетот за 2018 година се испланирани само 138 милиони. Зошто? 

И уште нешто. Многу важно. Кога сегашната власт беше опозиција, многу се зборуваше за кратењето на непродуктивните расходи, за кои се тврдеше дека изнесуваат неколку стотици милиони евра на годишно ниво. И јас сум убеден дека навистина зборуваме за толкави суми. Сега, кога полемизираме за зголемената акциза за дизелот, зборуваме за потег што во државната каса ќе донесе одвај 30 милиони евра годишно. Па добро, што стана со оние „стотици милиони“ непродуктивни трошоци? Се скратија?

На крај Героски заклучува дека сето она што СДСМ го зборуваше во предизборието било голема лага. Но, бидејќи новинарот потсвесно кон Заев сака да гледа како кон „другарот“ Тито, наместо  да каже отворено дека СДСМ пласирале лаги и предизборни манипулации, тој овие лажни ветувања на Заев ги ословува со „скршнување од патот“.

„Мислам дека е време, друже Заев, да си ја повториме лекцијата – кога социјалдемократите беа во опозиција, ветуваа поскромни буџетски зафаќања од реалниот сектор на економијата (за да има повисоки плати за работниците), кратење на непродуктивните трошоци, повеќе капитални инвестиции и општо – повеќе пари за граѓаните. Натаму одиме? Да не сме скршнале малку?

Со ваквата мека критика, односно со „контролирана реакција“, Героски и СДСМ сакаат да се релативизира темата за изборните лаги на СДСМ, тема која инаку има бурен потенцијал. СДСМ и Героски мислат дека доколку тие сами се критикуваат себеси „ќе ја издишат“ евентуалната бурна реакција на јавноста. Но, како што тоа досега се покажало – едноставно не е можно и прашање на време е кога граѓаните ќе им кажат на СДСМ дека им се потрошил кредитот и дека народот не пие нафта, особено со покачена акциза.

ВМРО-ДПМНЕ: Се случува грабеж на македонската економија, Заев и Тевдовски ги задолжија граѓаните за 431 милион евра

Додека СДС прави монтирани спектакли и упади со партиската полиција на Спасовски, гледаме како СЈО секој ден делува надвор од своите законски овластувања, Заев брка наводни криминалци те во својата влада, те надвор од неа и не кажува ништо за спрегата со обвинителството и од каде му се таквите информации, во реалноста се случува грабеж на македонската економија, се  спроведуваат најкриминалните избори, фабрики како „Фени“ се згаснуваат, „Еврокомпозит“ и „Колска“ се далеку од решение, секој ден се повеќе и повеќе се случува задолжување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствената работа што ја прави владата на СДС и Зоран Заев е задолжување на граѓаните на Република Македонија. СДС, Заев и Тевдовски ги задолжија граѓани за нови 71 милион евра. Со што сумата се искачи за неверојатни 431 милион евра. Дополнително на ова Заев и Тевдовски од државните резерви стопија 180 милиони евра. На алчноста и нема крај. Неодговорната и неграѓанска влада на СДС ја задолжи Република Македонија за вртоглава сума од 611 милиони евра. СДС и Заев со години лажно глумеа дека државата е задолжена, а во предизборниот период ветуваа дека нема да ги задолжува граѓаните. Но, очигледно е дека Заев ги излажа граѓаните на Република Македонија. СДС, Зоран Заев и Драган Тевдовски ја киднапираа државата. Заев ги задолжува секој ден граѓаните на Република Македонија, без да се каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија, а притоа нема најава за ниту една капитална инвестиција од која граѓаните би имале најголема придобивка, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат зошто државата се задолжува со толкава сума и каде СДС ги троши овие пари.

-Недозволиво е Зоран Заев и Драган Тевдовски да ги задолжуваат граѓаните, за да трошат пари на непродуктивни работи. Личните луксузи, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на шарените револуционери не смее да биде на трошок на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ порачува дека за сите финансиски злоупотреби и злодела со неоснованото задолжување од страна на СДС, Заев и Тевдовски ќе има одговорност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ЌЕ ЈА КРАХИРА ЕКОНОМИЈАТА: На 31 октомври следува ново задолжување тешко 71,1 милиони евра

За само пет месеци, откако СДСМ дојде на власт, Владата на Зоран Заев ја задолжи Република Македонија за повеќе од половина милијарда евра. 360 милиони евра се директни задолжувања, а 180 милиони евра се извадени од девизните резерви. За 31 август се најавува ново задолжување од 71.1 милиони евра.

Едното задолжување ќе биде во износ 3.115.000.000 денари, за кое аукцијата е на 31 октомври. На истиот ден предвидено е уште едно задолжување на сметка на граѓаните, во износ од 370.000.000 милиони денари. Третото задолжување кое државата ќе го има на истиот ден, ќе чини 470.000.000 денари. Уште едно задолжување е предвидено за истиот тој ден, задолжување вредно 420.000.000 денари.

Тоа се вкупно околу 71.1 милиони евра задолжувања на главата на граѓаните, нешто што е сосем спротивно од ветувањата кои СДСМ ги даваше пред изборите.

Досега државата е задолжена 540 милиони евра, а со ова задолжување ќе го помине и прагот од 600 милини, т.е. ќе биде нешто повеќе од 610 милиони евра

Експертите велат дека ова е далеку од она што СДСМ го ветуваше пред изборите, дека задолжувањата на државата нема да ги има, како што велат тие неверојатно без ниту еден капитален проект или капитална инвестиција долгот на државата да порасне за волкава сума, тие велат дека поради ваквите штетни економски политики директно ќе трпат граѓаните, нивните очекувања се дека ќе има вистински економски крах на државата.

Задолжувањата не се единствени штетни економски политики на власта на СДСМ кои директно удираат по граѓаните. Денеска вицепремиерот за економски прашања во Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев потврди дека ќе бидат зголемени даноците, што претставува директен удар како врз граѓаните, така и врз економијата во државата.

Доколку Владата продолжи со ова темпо, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за една година ќе ја задолжи државата повеќе од една и пол милијарда евра.

-Владата треба веднаш да запре со неоснованото задолжување. Таа мора веднаш да им одговори на граѓаните на што и како потроши над половина милијарда евра за само 4 и пол месеци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД АМБИС: Заев, Анѓушев и Тевдовски секојдневно ја уништуваат државата, ново задолжување од 24,4 милиони евра

Македонската економија е пред амбис. Македонија влезе во рецесија. Црното економско трио секојдневно ја уништува државата. Заев, Анѓушев и Тевдовски, синоќа донесоа одлука за измена на максималниот износ на задолжување преку издавање на државни хартии од вредност. Со оваа одлука црното економско трио ќе не заглави и нас и сите идни генерации во долгови само за да ја покријат сопствената неспособност за креирање нормални услови за раст на економијата, истакна на денешната прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Делев посочува дека црното економско трио веќе во вторник ќе ја задолжи државата за нови 24 милиони евра.

-Не поминаа ниту десет денови од последното задолжување кое изнесуваше 72,3 милиони евра, а финансиската кујна на СДС веќе ни спреми ново задолжување на домашниот пазар. Во екот на предизборната кампања, министерот Тевдовски, издава широка палета на државни хартии од вредност составена од: 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 750 милиони денари, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 500 милиони денари и 15-годишни државни обврзници со евро клаузула во износ од 250 милиони денари. СДС во очи на избори забрзано се задолжува, без да каже каде ќе одат парите, кои утре треба сите ние заедно да ги враќаме, нагласува тој.

Делев прашува за што ќе служат ваквите пари кога знаеме дека досега владата нема реализирано ниту една капитална инвестиција.

– СДС отвара сомнеж за можна изборна корупција, за кое претставниците на меѓународната заедница и меѓународните организации не смеат да останат неми. Со новото задолжување, СДС за нешто повеќе од 4 месеци ќе ја задолжи Македонија за 523 милиони евра. Како што е видливо од графичкиот приказ, задолжувањата со хартии од вредност има загрижувачка тенденција на постојано зголемување. Од 18 јули оваа година, СДС непрестано ја задолжува земјата, првично за 10,6 милиони евра, притоа за неполн месец, на 8 август оваа година ја задолжи земјата за додатни 30 милиони евра. Понатаму расипничката и должничка влада, само во септември, два пати ја задолжи државата со хартии од вредност, и тоа на 5 септември, за 27 милиони евра и на 19 Септември, за 76,33 милиони евра. На 3 октомври исто така следеше ново задолжување во износ од 72,26 милиони евра, посочува Делев.

Тој вели дека последните вести од финансиската кујна на СДС се нови 24,4 милиони евра задолжувања во хартии од вредност на 17 октомври.

-Социјалдемократскиот сојуз нема ниту грам одговорност кон сопствените граѓани. Владата се однесува расипнички и ја става иднината на граѓаните и државата на коцка. Владата во период пред избори задолжи милиони евра за кои никој не знае кај завршиле и каде допрва ќе завршуваат. Милионски задолжувања и ниту еден реализиран проект. Недомаќинското работење на СДС почна уште првиот ден на мандатот и уверени сме дека ќе трае до последниот. СДС ќе одговара за поигрувањето со народните пари и катастрофалното управување со економијата. На 15-ти октомври граѓаните ќе стават крај на ова расипничко владеење, нагласува Делев.

Груевски: СДСМ ги преполови капиталните инвестиции, индустријата оди надолу, градежништвото тоне

Остануваат уште само неколку дена и мигот на одлучување од кој ќе зависи по кој пат Македонија ќе тргне, дали ќе продолжи слободното паѓање  или ќе започне новата ера во Македонија. Се приближуваме до 15-ти октомври. Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори, вашата одлука е многу важна – не е само, уште една обична одлука, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Валандово.

-Гласајќи локално испраќаме силна порака и на централно ниво. Вашата одлука е конечна. Вие го имате последниот збор. Ова е ваш град, наша држава, Ваша одлука. Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и народот на оваа земја. Нашата сила произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата љубов кон нашата земја. Ја сакаме нашата земја, со целиот наш народ, сите градови, сета радост, ентузијазам и возбуда, посочи Груевски.

Тој потенцираше дека се партија на граѓаните на Македонија и дека се гаранција за силна Македонија.

-Во изминатиот период од 5 месеци видовме катастрофална економска политика од новодонесената залепена власт. Имаме преполовени капитални инвестиции, индустрија која оди надоле, градежништво кое тоне, а со него уште 25 други индустриски гранки кои се поврзани, странски инвеститори кои планираат да си заминат, а нови нема. Извоз кој опаѓа, девизни резерви кои секој ден се топат. Просечни плати кои наместо да растат опаѓаат. Просечната плата за неколку месеци опадна за 420 денари наместо да расте за 500 евра како што ветуваа. Пензии чие зголемување е укинато, субвенции за земјоделци кои се најавија дека од следната година ќе ги нема за оној кој ќе има помал придос од оваа, а го нема ни ветеното зголемување од 10 проценти на субвенции. Ова е сликата за денес. Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Ветуваат воздух и живот, ама така апстракно, несуштински, ветар и магла. Колата тргна надоле. Ова допира и влијае на сите граѓани. Ова се однесува на судбината на секој од вас. Се работи за нашата држава, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој им се обрати на оние кои гласаат за СДСМ и ги повика да му се придружат на ВМРО-ДПМНЕ и нивните напори.

-Да се обединиме и да направиме посилна Македонија. Лицето кое е претседател на СДСМ не вреди, заслужувате подобро. Затоа што овој човек не е загрижен за намалување на невработеноста, за развојот и напредокот на нашите градови и села и општини, за обезбедување на среќата и спокојството на сите граѓани и нивните семејства. Погледнете дека тој не е загрижен за земјоделците, работниците, невработените. Тој ги нема сите во неговата агенда.Тој нема љубов кон знамето и татковината. Ова првенствено се должи на неговата единствена агенда: Груевски. Тој за мене зборува 24 часа на ден. Зошто? Тој многу добро знае дека нема капацитет и способност да превземе одговорност за она што треба да го направи и да го надгради она што ние досега сме го направиле. Тој нема храброст да ги реализира сите решенија и проекти што ги замислуваме за нашата земја. Тој воопшто не може да ја оствари визијата и соништата што ги подготвуваме за Македонија, вели Груевски.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ знае како да обезбедат работа.

-Ги знаеме општините. Знаеме како да создадеме урбани средини.  Ние знаеме како да им служиме на луѓето. Другите немаат идеја за сето тоа. Ние обезбедуваме работа, тие обезбедуваат празни зборови. Ние испорачуваме резултати, тие даваат магла. Се стремевме кон раст и развој за нашата земја. Се стремевме да реализираме проекти и услуги и да ја заштитиме нашата земја. Што и да прават, да фрлаат кал на нас, да измислуваат лаги за нас и да генерираат празни зборови ќе продолжиме да создаваме проекти и да работиме за сите наши сограѓани. Нашата агенда сте вие. Ја имаме само Македонија во нашата агенда, дециден е Груевски.

ПОРАДИ НЕКАДАРНОСТА НА СДСМ: Македонија исклучена од Извештајот за конкурентност по 15 години

Во најновиот извештај за конкурентност, што секоја година го објавува Светскиот економски форум годинава ја нема Македонија на листата на 137 најконкурентни економии. Причината заради која Македонија е исклучена е недоволно информации. Заедно со Македонија заради недоволно информации да се направи истражувањето од листата годинава се исклучени Брегот на Слоновата коска, Габон,  Барбадос и Боливија, пишува Капитал.мк.

Ова е прв пат Македонија да биде исклучена од овој Извештај за период од 15 години, откако во 2003 година земјата беше ставена во земјите во кои Светскиот економски форум ја мери конкурентноста на економијата.

Капитал пишува дека минатата година Македонија беше рангирана на 68 место, од вкупно рангирани 138 држави.

Инаку, во најновиот Извештај на конкурентност на прво место како најконкурентна економија во светот е Швајцарија. Швајцарија е лидер на листата изминатите шест години. Швајцарскиот пазар на труд се смета за најдобро функционален на глобално ниво, додека земјата е на второ место според усвојувањето на технологијата за поголема продуктивност.  По три години на третата позиција, САД годинава се искачија на второто место и го истисна Сингапур, кој сега падна на третата позиција.

Рекетарската власт на СДСМ ја урниса економијата, државата на раб на економски колапс

Ветуваа дека економијата ќе расте, а прометот во индустријата падна за 9 проценти, извозот падна за 12 проценти, девизните резерви се намалија за над 170 милиони долари, а еве и гувернерот објави дека годинава наместо планираниот раст на економијата,  ќе имаме намалување на економијата и рецесија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Охрид.

-Откако стапнаа во владата нов странски инветитор не стапна во земјата, а од домашните инвеститори само еден покажа дека произвел нов автобус, за подоцна цела јавност да види дека и тоа било голема измама и дека таа фабрика одамна не работи, дека нема работници,нема вработени, и дека автобусот без тронка срам го донеле за овој кој ќе ни носеше живот да влезе во него со новинарите и да покаже дека животот доаѓа. Брука и срамота. Но и жалосно истовремено. Нека отидат во Ван хол да видат што е фабрика за автобуси донесена од ВМРО –ДПМНЕ. Нека отидат и во штипска Актива која се изггради од домашен инвеститор за да биде партнер и да изработува делови за Ван Хол. Нека дојдат во ОДВ Електрик во Охрид, и во Костал во Охрид, да видат што значи да ветиш, да работиш и да исполниш ветување, рече Груевски.

Груевски потсети како во најголемиот ек на политичката криза, кои патем кажано тие ни ја наметнаа, рече Груевски, економијата растеше, инвеститори доаѓаа и отвораа нови работни места.

-Се отвораа фабрики, се градеше, се создаваше, се решаваа проблемите на граѓаните. Целиот овој пад на економијата почнува токму откако се формираше новата влада. И тоа воопшто не е изненадување. Како може да непаѓа економијата кога јавно објавија дека ќе ги зголемат даноците и придонесите, давачките кон државата и на работниците и на фирмите. Како може да непаѓа економијата кога цело лето ги оставија земјоделците сами на себе, кои незнаеја дали поправо да се справуваат и што да прават со своите производи кои скапуваа, или да се борат со пожарите да не ги изгорат додека владата цело лето бареше што ручал некој поранешен министер, во кој хотел престоувал кога бил на службен пат и додека незаконски ги разрешуваа поранешните директори за да донесат тешки аматери, некомпетентни кадри, партиски послушници и луѓе кои се  истакнале во боењето на државните објекти, рече Груевски.

Груевски праша како може да не паѓа економијата  кога ги запреа без малку сите градежни проекти во државата, трите автопати, клиничкиот центар во Скопје, се пренаменија и парите предвидени за театарот во Охрид, училишта, градиники и останато.

-Од пусти гнев и инает, да запрат се што ВМРО започнало, ја запреа економијата и немаат никаков план како да продолжат. Како може да не паѓа економијата кога сите компании видоа дека дојде рекетарска екипа на власт, и кон странските инвеститори кои отвораат нови работни места се однесуваат како кон непожелни натрапници. Од овие причини, зборуваа а не правеа реформи, додека тие ја лажеа јавноста дека имале средба и разговори со претседателот Трамп, а целата јавност виде само попатно ракување, додека се мачеа како да се спречат рефередумите за спречување на населување на мигранти низ општините, бидејки дале такво ветување кон надвор, додека прифаќаа штетни меѓудржавни договори со кои се откажаа и од јазикот и од историјата и од македонскотото малцинство во Бугарија, додека ни правеа организирани хајки и политички прогони и мислеа дека со тоа ќе не уништат и деградираат. Додека ги правеа сите овие работри, ние тоа  време го искористивме за други цели, рече Груевски.

Тој рече дека направиле анализи за тоа каде биле нивните слабости и пропусти и да ги корегираат, да направат кадровско освежување во раководството, да ја зацврстат партијата како народна и конзервативна партија, и како граѓанска десница.

-Да подготвиме детални и одлично обмислени програми за секоја општина за кои консултиравме многу луѓе и експерти, но и имајки во обзир дека владата е тотално дезориентирана и фокусирана на тоа како да го смени името, бидејќи е свесна дека за тоа е донесена на власт, додека тие ја тонеа економијата, ние седнавме и направивме нов документ со кој што после се што се случи нудиме една нова визија, нова ера на Македонија, нова ера за напредок и успеси на Македонија во наредната декада, рече Груевски.

Државата е на работ на економски колапс, Македонија чекори кон банкрот

Државата е на работ на економски колапс. Водена од црната тројка за македонската економија Заев, Анѓушев и Тевдовски, Македонија чекори кон банкрот. Владата на СДС во вторник ќе ја задолжи државата за скоро 62 милиони евра. Во екот на предизборната кампања министерот за задолжување издава широка палета на државни хартии од вредност составена од: 6 месечни записи, 12 месечни записи, 2 годишни обврзници, 3 годишни обврзници и 15 годишни обврзници, со и без девизна клаузула, истакна на денешната прес-конференција Христијан Делев.

Делев истакна дека на расипништвото на СДС му нема граници. Министерството за финансии пред само недела дена ја задолжи државата за 76 милиони евра, додека до сега има задолжено над 250 милиони евра.

-Со најавеното задолжување сумата со која СДС ја задолжува државата за само 4 месеци ќе се искачи на над 310 милиони евра. За само 4 месеци СДС ве задолжи за нови над 310 милиони евра. Додека од државните девизни резерви стопи цели 177 милиони евра. Тоа се над 477 милиони евра за само 4 месеци, за кои граѓаните немаат објаснување на што се потрошени. Тоа се 477 милиони евра, кои може да бидат искористени за поткуп на гласови, нагласи Делев.

Тој додава дека дополнително загрижува фактот што во период пред избори Тевдовски, во текот на октомври има закажано дури три аукции за хартии од вредност.

-За што ќе служат ваквите пари кога знаеме дека досега владата нема реализирано ниту една капитална инвестиција. Додека од една страна државата енормно се задолжува, владата крати огромни суми на пари од повеќе развојни ставки од буџетот. Владата не дава објаснување за што и како ќе бидат трошени стотиците  милиони евра со кои ги задолжи граѓаните. Граѓаните оправдано стравуваат дека ваквите пари можат да бидат користени за изборен поткуп. Каде е бројчаникот кој толку го најавуваа или тој прегоре од сегашните енормни задолжувања. Хаосот кој СДС го создава мора да запре. Државата не може без прегледно да се задолжува, граѓаните можат да го запрат ова лудило на 15 октомври, кога ќе кажат не за расипништвото на СДС, потенцира Делев.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев нема капацитет да привлекува инвеститори и да отвора нови работни места

Македонската економија за првпат после подолг период има негативен раст, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев успеа ги избрка потенцијалните странски инвеститори кои требаше да отворат 25000 работни места и да вбризгаат многу пари во македонската економија. Валдата на СДС за 100 дена ја задолжи Македонија за неверојатни 410 милиони евра, пари од кои граѓаните не видоа никаков ефект, а ќе треба да ги враќаат идните генерации. Без причина се стопрени изградбите на автопатите кои покрај бенефитот од самата подобрена сообраќајна инфраструктура, придвижуваа и многу други економски гранки. Можното најавено покачување на даноците е причина повеќе за немањето нови инвестиции. Објавувањето на договорите со инвеститорите во јавноста на кои има многу чувствителни информации е негативна препорака која ги одбива инвеститорите. Доколку Заев имаше капацитет да привлекува странски инвестиции тоа ќе го направеше во Струмица и во индустриската зона Сачево, која со години зјае како празна ливада. Владата на СДС предводена од Заев нема капацитет да работи во интерес на граѓаните, да привлекува инвеститори и да отвора нови работни места. Граѓаните на Македонија ги видоа неспособноста и незаинтересираноста на СДС да ја подобрат економијата и условите за живеење и затоа на 15 октомври ќе ги казнат нивните политики, стои во партиската реакција.

Фирмите се борат за опстанок, бизнисмените пред колапс – големо е разочарувањето од 100 дена влада!

Стартот на новата влада не ги даде очекуваните резултати кај бизнисмените, а фирмите се борат за опстанок. Економијата е се поблиску до рецесија велат од комората на северозападна Македонија. Тоа го покажуваат и бројките. Во вториот квартал од годинава БДП бележи негативен раст, а регистриран е и нов пад на прометот во индустријата. Странските инвестиции се преполовени.  Бараат државата да донесе конкретна стратегија и мерки   кои ќе генерираат повисоки стапки на раст, зголемена конкуретност на домашните фирми, извоз и ќе отворат  нови работни места.

– Потребни се конкретни мерки за развој на домашнотот производство, за зголемен извоз, а со тоа ќе се отворат и нови работни места и дирекно ќе се влијае на стапката на невработеност. Потребна е стратегија на долг рок која ќе помогне за повисок економски раст и тоа од 5 проценти годишно повисоки минимална и просечна плата кај работниците – смета Неби Хоџа- претседател на комора на северозападна Македонија

Проценките на комората се дека Македонија годинава ќе ја заокружи со раст на економијата не поголем  од еден процент.

-СДС и Заев ја водат Македонија кон економски крах и ја туркаат државата во банкрот. Во овие 100 дена од владеењето на СДС, се забележува пад на индексот на промет во индустријата. Во јули годинава во однос на јули лани, на домашниот пазар се бележи опаѓање од 3% односно 2.5% на странски пазари- оценува и ВМРО-ДПМНЕ.

-За прв пат се бележи  пад на просечната плата за 0.7%.Откако СДС e на власт за прв пат после долго време имаме пад на индустриското производство за 2,2%.Огромен е падот и на градежништвото за месец јуни од дури 25 %.Расипничката влада на СДС, поради катастрофалните економски политики кои ги води во изминатиот период, успеа да ја повлече економијата во надолна линија.Неодговорната влада на СДС, за само 100 дена владеење расипнички потроши над 350 милиони евра што по основ на аукции на државни хартии од вредност, што по основ на трошење на девизните резерви. Од граѓанските  пари не се реализираше ниту еден проект.

СДС и Заев  потрошија точно 57.470.439 евра на стоки и услуги. На сметка на граѓаните, преку тендери црпат пари од државната каса за семејните фирми, вработуваат партиски пријатели и купуваат скап мебел за своите кабинети. Овие расипнички потрошени пари на луксузирања ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Како се приближува периодот за локалните избори, така СДС драматично се задолжува.

Владата на Заев, во вторник најави ново задолжување за 60 милиони евра, каде долгот на граѓаните ќе се искачи на 280 милиони евра. Ваквото забрзано задолжување предизвикува сомнеж кај граѓаните дека СДС ќе троши пари за поткуп на гласови и корумпирани избори.

Се повикуваат надлежните институции и ДИК како дел од изборниот процес, да внимаваат и да не дозволат СДС  да поткупи гласови.

Ваквото сценарио, во кое Македонија се турка кон банкрот, граѓаните ќе ја казнат. На 15 октомври ќе кажат НЕ за СДС, НЕ за Заев- стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.