СМОГ НАМЕСТО ЖИВОТ: Цели градови се гушат во смог, ветувањето на СДСМ за чист воздух доживува фијаско

Во недостаток на идеи, главно ветување на кандидатите за градоначалници на СДСМ пред локалните избори беше чистиот воздух, но без никакви конкретни мерки како би дошло токму до тој почист воздух. Но, не само што нема ништо од чистиот воздух кој беше ветуван, туку во најголем дел од градовите во Македонија, би можело да се каже и дека е ризично да се излегува од домовите.

Во текот на вчерашниот ден најзагадени градови во Република Македонија беа Битола и Скопје, каде концентрацијата на ПМ 10 честички беше на доста високо ниво.

Во Битола тие изнесуваа 340 мг/м3, додека во скопско Лисиче тие изнесуваа 228 мг/м3.

Наместо конкретни мерки за справување со загадувањето, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој и самиот призна дека нема целосен план за справување со овој проблем, реши да удри директно по џебот на граѓаните, со најава дека ќе се поскапува паркингот во Скопје.

-Една од мерките што ја замисливме е скалесто покачување на паркирањето во центарот за оваа зима и намалување на јавниот билет, додека не дојдеме до состојба на бесплатен јавен превоз, изјави Шилегов.

Од градот Скопје наведоа дека сите мерки за справување со загадувањето се во фаза на предвидување и планирање.

-Планот предвидува краткорочни и среднорочни мерки во однос на загадувањето. Планираме уште зимава да воведеме забрани за градежни активности во најзагадените делови на градот. Предвидуваме и нови политики во јавниот превоз и промоцијата на велосипедизмот, пишаа од градот Скопје.

Но, место кои навистина ќе помогнат за почист воздух, денеска видовме како се сечат дрва во скопската населба Чаир, додека пак градоначалникот кажа дека не знаел дека тоа се правело, иако е под негова ингеренција.

Експертската јавност коментира дека празното ветување со кое СДСМ дојде до гласови на изборите, сега им се удира од глава. Како што велат тие, СДСМ ветуваше чист воздух, но без никаков план и мерки како до тоа би дошле, што може да се види сега.

Инаку освен Скопје и Битола, големо е загадувањето и во другите градови и населени места во Македонија.

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Скопјани заробени дома поради рекордното ниво на загаденост

Скопје веќе неколку дена по ред се гуши во загаден воздух. На стартот на грејната сезона, како никогаш досега мерните станици бележат високо ниво на загаденост, а скопјани се жалат и на миризбата во воздухот која ги принудува да останат затворени во своите домови. Најлоша е состојбата во општината Карпош и наслебата Лисиче, но загаденоста е висока и во Центар и Гази Баба каде се поставени мерни станици.

Вака изгледаат бројките попладнево:

Ништо подобра не е состојбата ниту во Битола. И таму мерните станици на стартот на грејната сеозна бележат високо ниво на загаденост на воздухот.

Вообичаено во текот на ноќта состојбата се влошува, а бројките на мерните станици растат.

СЕ СПРЕМААТ ЗА ОПОЗИЦИЈА: СДСМ почнаа сами против себе да протестираат, владата не мрднува со прст за чист воздух

Група граѓани денеска со скандирања „Сакаме воздух, не се дише“ протестираа пред Владата, а меѓу присутните беа и видни лица од СДСМ кои протестираа сами против себе.

На протестот кој беше организиран од повеќе Невладини организации присуствуваа заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, министрите Дамјан Манчевски, Роберт Поповски и пратеникот Павле Богоевски. Меѓу присутните беа и кандидатите за градоначалници од СДСМ, Петре Шилегов, Саша Богдановиќ и Златко Марин.

Министрите и членовите на СДСМ од нивната Влада бараа чист воздух.

Организаторите на протестот побараа од Владата веднаш да преземе мерки за намалување на загадувањето на воздухот, а барањата ги доставија до Министерството за животна средина.

За апсурдот да биде поголем, Макрадули вчера одржа прес-конференција каде даде рече дека Владата формирала Интерресорска работна група од повеќе институции за следење на состојбата на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека оваа прес-конференција претставува чист популизам во пресрет на претстојните локални избори.

-Тој практично вети дека ќе го исчисти владата загадениот воздух со протоколарни заложби и рестриктивни мерки кои одат на штета на граѓаните. Посебниот сообраќаен режим или воведувањето на мерката пар непар за возење на автомобили нема да го реши проблемот со загадениот воздух, туку само ќе ја зголеми нервозата на граѓаните и ќе ја потикне нефункционалноста за што ќе трпи и бизнисот како и граѓаните. Загадениот воздух нема да се исчисти со мерката на владата која ја презентираше Макрадули за зголемување на административните капацитети за проверка на оџаците на домаќинствата. Како министерство тоа може да го прават и сега, но откако тoa ќе го констатираат треба да понудат и конретно решение, се посочува во вчерашната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека сите мерки кои Макрадули ги презентираше се давање на иницијативи, а не конкретно делување што покажува дека ништо од ова нема да се оствари и оваа прес конференција е гол и примитивен популизам во однос на претстојните локални избори. На граѓаните им се потребни прецизни и сеопфатни мерки кои квалитативно ќе го подобрат загадениот воздух и животната средина.

ФОТО: сдк.мк

СДСМ 27 ГОДИНИ БЕЗ РЕШЕНИЕ: Куманово среде лето се труе со канцероген чад и во континуитет е најзагаден град во Европа

Вечерва Куманово е убедливо најзагадениот град во Европа, а граѓаните се гушат од канцероген чад.

Иако е лето, загадувањето со канцерогените ПМ10 честички е фрапантни 272 мк/м3 иако максималната дозволена граница е 50 мг/м3.

Kumanovo-zagadenost

Тоа значи дека во градот со кој раководи Зоран Дамјановски од СДСМ, загадувањето е 500 процентно поголемо од максимално дозволеното.

СДСМ веќе 27 години ја има неприкосновената власт во Куманово. Но, премиерот Зоран Заев, градоначалникот Дамјановски и пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски не прават ништо за граѓаните иако добија гласови во Куманово.

Додека нивните сограѓани буквално едвај дишат од енормно загаден воздух, блиските соработници на Заев не превземаат буквално ништо.

КУМАНОВО Е НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО КОНТИНУИТЕТ!

Овие фрапантни податоци граѓаните на Куманово не ги сведочат прв пат. Градот е во континуитет најзагаден во Европа. Градот во кој СДСМ е на власт 27 години нема чист воздух. Загаденоста е енормно голема и тоа се одразува и на здравјето на голем број на граѓани.  

Миленко Неделковски: Не ќе да е лошо повремено да се употребува и малку мозок

Нападнатите градоначалници од поголемите градови во Македонија, а особено оние од Скопје, како и нападнатата Влада на Република Македонија, со супер-продукција на прилози, докази, теми и дебати за загаденоста во општините – не можат да се бранат оти НЕ ЗНААТ. Тоа е првата причина што се постојано медиумски тепани и претепувани.

Што би рекла Мирка, бегале од школо, особено од часови на логика, филозофија, математика, физика, биологија…

Па, кога не знаеш, и не можеш да се браниш. Па ќе си бидеш топовско месо на соросписките артилериски проектили.

Втората причина, покрај елементарното незнаење, е и немањето воља или дозвола од “погорните“ да се размислува и да се учи. Односно да се послушаат не-традиционални медиуми, современите сознанија, новите истражувачи и храбрите новинари. Кога ќе добиеш назнака “остави го Миленко, гледаш дека претерува“, па затоа не обрнуваш внимание на едукативните и научни емисии што сум ги имал, тогаш останува сопругата, роднините, децата, комшиите на градоначалнците да знаат повеќе за причините за загадување од самите општински татковци. И тоа затоа што ги гледале емисиите и објаснувањата во нив што ги имаат дадено Велибор Абрамовиќ, Крешимир Мишак, Вилим Ужичанин, Мајкл Телинџер…

ДАРВИН и ГОСПОД

Ние, нели, сме пријателска земја со Турција. Таа реално, и покрај исламистичките претерувања, ни е единствениот политичко-безбедносен партнер. За лидерт на Турција Ердоган сите во Македонија навиваа да ги совлада пучистите. Предходно и да победи на избори. Навиваа и политичари и граѓани. И албанци и турци и македонци.

Е па, откако Миленко со отец Ивица уште пред 6-7 години во Марков манастир правеше емисија во која се побиваше Дрвиновата теорија, од турчинот Ерол Ризаов и неговото весело друштво бев опишан како човек “кој за една вечер од човек станал мајмун, иако на мајмунот му требало милиони години да стане човек“. И, оп, еве сега турчинот Ердоган, современиот Отомански султан, ја исфрли од образовниот систем Дарвиновата теорија. Гледам, турчинот Ризаов не напиша ништо за тоа за колку брзо време Ердоган од човек станал мајмун. Ајде турче. Можеш ли? Или некој од твоите истомисленици. Или, прпа. Усеритис?

ЕВОЛУЦИОНИСТИ и КРЕАЦИОНИСТИ

Откако Миленко во минатата сезона ја отвори дебатата за “Рамната земја“, се јавија многу исмевачи и уште повеќе пријатели што ме советуваа дека не било баш паметно вака да се резилам. Иако јас ништо не тврдев, туку само пренесував факти и докази што ги тврдат и ги собираат луѓето што ја поддржуваат теоријата за “Рамна земја“. Инаку, кокодакањето на исмевачите ја потисна суштината на “Флет ’Рт“, односно борба помеѓу еволуционистите и креационистите.  На оние што навистина ги сметам за пријатели, а кои се и големи верници, им ја поставив дилемата: “Ако си верник, ако го почитуваш Бога и ја следиш Библијата, тогаш тоа значи дека го признаваш делото Божје со кое е направен светот, човекот и се околу нас“? Не можеш да веруваш во Бога и во неговата креација која ја пишува во Библијата, а да стоиш зад Дарвиновата теорија?!?!?!

Просто е: Ако има креација, нема еволуција. И, обратно.

ЗАГАДУВАЊЕТО и КЕМИТРЕИЛС

Еве, последно за овие што бегале од часови а и што не смеат да земаат знаење од моите воспитно-образовни емиси, е загадувањето.

Значи, денеска е недела. Што значи дека вчера беше сабота. Тоа значи фабриките кои и така ги нема, не работеа. Сообраќајот беше намален. Возилата се или надвор од Скопје, или стојат паркирани, а загадувањето и покрај тоа е огромно!!! Не ви е чудно ова нешто малку?! Не се запрашавте, што е работава. Плус нели не работат: Рафинерија, Годел, поголем дел од Железара, Охис, Хром, Пластика, Комуна… Има гасна централа за парно. Поголемиот дел од бензинашите се на плин. Се модернизира возниот парк. Нема веќе Трабанти, Варбурзи, Запарожци, Волги, Москвичи… И, пак има загадување?! Во недела?! Кога нема активности? Еден ден откако имаше обилен дожд – вчера?!

Има ли логика?!

А малку со главата муч – муч? Да се промучка малку, да се поразмисли, проанализира??? Или, деструктивната реактивна политичка агенда си е општо прифатена? Кога напаѓаат, брани се. Никаква сопствена иницијатова, напад, пресинг… Само Дифенс.

Нели ви е чудно дека сите “докази“, прилози и дебати доаѓаат исклучиво од Соросовите телевизии. На нивната “програмска“ политика потоа помодарски се налепија и анти-соросовите телевизии. На Телма секоја втора реченица е “предупредуваат Експертите“!!! Брејјјј, мајката. Кои експерти? Од која област, со кои докази?

А, всушност одговорот е тука пред нас. Многу пати објаснет во моите емисии од мене и голем број мои гости и дискутанти. Знам дека кога сум зборувал и докажувал за Кемтриелс не било политички подобно да се гледа, уште помалку да се научи нешто од емисијата на Миленко. Знам. Ама вашето незнаење и не сакање да чуете и научите не ве амнетсира. Напротив.

Па, ај, сепак пак да ви разјаснам. Еве и колегите кои се мачат да најдат теми и соговорници во емисиите, еве им идеа.

ПМ честичките (суспендираните честички) се од запрашувањето со кемитреилс. Кога има магла, тие се всушност ептен сконцентрирани, и изгледа дека и маглата е погуста и по “тешка“. Изгледа се многу позагадено.

Ова е всушност Соросов Мастер план за промени во климата на планетата (Climate changes) за веќе од “утре“ да плаќаме затоа што загадуваме. Да плаќаме, како што сега веќе се плаќа во “Западните демократии“ за користење вода, за уште едно сеопште добро – ВОЗДУХ. Се плаќа за користење вода, иако таа не може да е приватна ни на Нестле ни на Мосанто, ќе плаќаме за користење на воздух. Ќе остане само да изнајдат начин да плаќаме и за користење на сонцето и неговите зраци.

Значи, загадувањето не е затоа што е виновен Коце или Владата или оној несреќник Циц од Куманово. Згадувањето ни е пратено преку запрашување од авиони.

Нормално, на вас управувачите со државава и општините, бидејки ви е речено од американска амбасада или од политичките партии “слушај, глупост е ова за кемитреилс што збори Миленко“, не значи дека треба да слушате и да не научите нешто што не знаете.

Беше “смешно“ и кога пред 10 години ги отворив темите за “11 Септември“, па со време се виде дека нема четврт авион, дека не удрил авион во Пентагон, дека нема погреби и закопи колку што наводно имаше мртви во кулите… И крајно, остана неодговорено најбитното прашање, поставено до Даниеле Генсер (нормално, гост во мојата емисија): Два авиона – три згради?

Значи, пак да ви кажам. Нема загадување. Има запрашување.

Пишува: Миленко Неделковски за Дудинка

Куманово повторно најзагадено во Европа, НВО платениците на СДСМ и Сорос молчат

Загадувањето во Куманово продолжува да расте. Од 284 mg/m3 со честички ПМ10 утрово, загадувањето порасна на цели 328 mg/m3 ПМ 10 честички во 11 часот.

Со овие бројки, Куманово денеска повторно е најзагаден град во Македонија и во Европа. За жал, Куманово во моментов има 50 % поголема загаденост на воздухот од било кој град во Македонија.

Во предизборната кампања СДСМ ветуваа мерки за намалување на загаденоста, а во Куманово каде што раководи СДСМ со години не се преземани никакви мерки.

Никаде ги нема НВО платениците на СДСМ и Сорос да протестираат пред општина Куманово. Очигледно, за НВО платениците на СДСМ и Сорос воопшто не е важно здравјето на 110.000 жители на општина Куманово, како најголема општина во Република Македонија.

11-10

Дополнително, во вода паѓаат сите приказни за таканаречената “гасификација” на Куманово и Струмица. Додека градоначалникот Зоран Дамјановски никаде го нема, Оливер Спасовски не се јавува, Зоран Заев одмора во хациендата во Грција, кумановци го дишат најзагадениот воздух во Европа.

Овие неславни европски рекорди во загадувањето на Куманово зборуваат и за неуспешноста на таканаречената „гасификација“ што ја најавуваа СДСМ и Заев. Свој дел во одговорноста за загадувањето на Куманово има и Оливер Спасовски кој долги години беше секретар на општина Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога има мизерен рејтинг, СДСМ зборува за загадувањето на воздухот

СДСМ упорно бега од одговорот на прашањето каде беа мерните станици за загадувањето на воздухот од нивно време? – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

СДСМ треба на јавноста да и одговори зошто не може да се направат споредби со периодот пред 2006 година за ефектите од мерките кои се преземаат.

Дали СДСМ може да наброи еден проект на Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ познат како министерот кој потона во малите поплави, кои служеа како нивни министри за животна средина? Граѓаните не памтат – бидејќи такви проекти немаше.

За потсетување, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.

Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.

Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.

СДСМ сака да зборува за загадувањето на воздухот секогаш кога има мизерен рејтинг, кога е фатен на дело како се обидува да спроведе тоталитаризам во медиумите и кога нивните економски експерти со вечерно школо кај Вицето се нокаутирани од банките.

Ваквите бесмислени обиди да се дефокусира јавноста од прашањата кои СДСМ не сака да ги одговори и политиките од кои СДСМ се срами, нема да пројдат.

На 24 април за само 139 дена доаѓа казната од народот за СДСМ.

Старите возила – најголеми загадувачи на воздухот во Македонија

Индустриските објекти и огревното дрво не се најголеми загадувачи на воздухот во Македонија, туку согорувањето на горивата од увезените половни нееколошки возила, покажува анализаta на Сојузот на стопански комори (ССК), презентирана денеска. ­

– Тие возила немаат заштитни филтри и катализатори и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот. Во ЕУ, според законодавството, просечната дневна емисија на штетни честички изнесува 50 микрограми на кубен метар, а кај нас, според мерењата на штетните честички во воздухот, изнесуваат меѓу 10 и 20 пати повеќе од дозволените граници – рече денеска на прес­конференција извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.

Алексов посочи дека старите возила не ги исполнуваат декларираните евро­нормативи и ја зголемуваат емисијата на штетни ПМ честички во воздухот. ­

– Овие возила, особено во последните пет години, се внесени во голем број, кога и загадувањето на воздухот покажува најголеми размери – рече Алексов.

Според податоците од Царинската управа на РМ, од 2010 до 2015 година се увезени 191.639 употребувани патнички возила. Од Сојузот упатуваат на преземање неколку мерки меѓу кои се итно воведување на стандардот Евро 4 за увоз на половни возила, воведување политика за СО2 при увоз и регистрација, односно при увозот на возила да се врши проверка за исполнување на пропишаните еуро­ нормативи.

Возилата што се увезуваат како возила со Евро 3 се стари и до 15 години и го исполнувале овој стандард кога биле нови. Со нивната повеќегодишна експлоатација тие веќе не го исполнуваат стандард Евро 3.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да зборува за загадување на воздухот бидејќи губи на сите анкети

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конфернеција на СДСМ за загадувањето на воздухот наведуваат дека СДСМ сака да зборува за загадување на воздухот бидејќи губи на сите анкети и имаат рекорден пад на рејтингот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ треба да одговори зошто во нивно време не поставија ниту мерни станици за загадувањето на воздухот, камо ли да преземат некакви мерки за да се намали тоа, а, како што наведуваат,  граѓаните паметат дека загадување на воздухот во градските средини имаше и тогаш.

За разлика од нив, стои во реакцијата, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.

Посочуват на повеќе активности како изградени и проширени булевари, набавка на нови автобуси, проектот за гасификација.

– Оваа Влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што Владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација, се наведува во реакцијата.

Меѓу проектите ги посочуваат и велосипедските пакети во Скопје, електричните возила и мотоцикли, формираниот Комитет за здравје и животна средина, замената на котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.

Информираат дека во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и дека Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на Уиверзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Распишан е тендер за набавка на резервните делови на станиците. Изработена е и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.

– СДСМ ќе се обидува на секој начин да го покрива рејтингот на нивното неработење кој резултираше со девет последователни изборни порази. Меѓутоа соодносот 24:12 во корист на ВМРО-ДПМНЕ нема да може да го игнорираат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.