РАСИПНИШТВОТО НА СДСМ: Владата во наредната недела ќе се задолжи за нови 86,9 милиони евра

Ново задолжување од високи 86,9 милиони евра е закажано на 28.11.2017 односно во вторник наредната недела.

На официјалната страна на министерството за финансии е закажана нова аукција на државни хартии од вредност и тоа на 6 месечни државни записи без девизна клаузула во висина од 500.000.000 или 8.123.476 милиони евра, потоа 12 месечни државни записи без девизна клаузула во висина од 4.600.000.000 или 74.735,987 милиони евра , 3 годишни државни обврзници без девизна клаузула во висина од 120.000.000 или 1.957.585 милиони евра и 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула во висина од 125.000.000 или 2.030.869 милиони евра.

Министерството за финансии исто така се задолжи оваа недела на 21 ноември во висина од 31.52 милиони евра. Задолжувањата вртоглаво растат, исто така ММФ во својот извештај за Македонија ја потенцираше опасноста од големиот долг кој до 2020 доколку задолжувањата се движат со вакво темпо би пораснал на 53 % што е загрижувачка бројка бидејќи на тој начин земјата се воведува во опасност да не може да ги сервисира сопствените долгови.

Вкупниот долг на Македонија до сега изнесува близу 640 милиони евра односно со овие нови 86,9 милиони евра би пораснал на приближно 726 милиони евра што е огромна сума.
Владата на СДСМ без усул ја задолжува земјата и македонските граѓани, тие во својата кампања остро ги критикуваа задолжувањата но сега го прават сосема спротивното вртоглаво се задолжуваат без да изградат со тие пари било каков капитален проект кој е од инфраструктурана или стратешка важност за државата.

Делев: За само една година Македонија ќе биде задолжена за повеќе од 1,3 милијарди евра

Во Емисијата „Алфаскоп“ на Алфа Телевизија гостуваше Христијан Делев, поранешниот заменик министер за економија во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Делев дискутираше за предлог Буџетот за 2018 година при што истакна дека Македонија оваа година ќе има рекордно задолжување, со што веќе се става знак прашалник дали ќе можеме да го сервисираме долгот, според Делев Македонија во изминативе 27 години се задолжила вкупно за 5.6 милијарди евра, а сега за само една година СДСМ ќе ја задолжи за неверојатни 1.3 милијарди евра.

-Максимумот со кое што Македонија може да се задолжи го надминуваме. Со овие задолжувања што веќе се направени ние влегуваме во една опасна зона каде што веќе ќе се стави знак прашалник дали ке имаме капацитет и можност да ги сервисираме тие долгови, истакна Делев.

Според Делев власта се задолжува без притоа да реализира барем еден реален проект.

-Еве сакам да напоменам со овој предлог Буџет и со досегашното искуство од новата влада, за денот кога владата ќе слави една година од превземањето на власта, Македонија ќе биде задолжена повеќе од 1,3 милијарди евра. Ако земеме во предвид дека Македонија за 27 години максимум се задолжила 5,6 милијарда евра, сега само за една година се задолжува над 1,3 милијарди евра што е енормен скок на задолжувањето а притоа непродуцирајќи ниту еден реален проект, заклучи тој.

СДСМ најави ново задолжување од 60 милиони евра, вкупно 400 милиони евра за само 3 месеци на власт

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, кога ја презентираше својата прогама „План за живот во Македонија“ меѓу оние работи кои ги вети, беше и она дека Македонија нема да се задолжува. Како и многу други ветувања и ова едно од оние кои Владата предводена од Зоран Заев не е исполнето, новата власт досега ја задолжи државата за 340 милиони евра, а се припрема и ново задолжување од скоро 61 милион евра.

Според проспектите објавени денеска за аукцијата во вторник, најавено е ново задолжување. Предвидено е да се земат 15 годишни обврзници вредни 1.110.000.000 денари, 12 месечни обврзници вредни 600.000.000 денари и 12 месечни обврзници вредни 2.035.000.000 милиони денари. Тоа се вкупно 3,745 милијарди денари или 60,89 милиони евра.

Граѓаните се гневни што парите од буџетот место да одат за продуктивни проекти кои би донеле подобар живот за нив, за остварување на ветувањата за повисоки плати, како што велат тие одат за досега единствените инвестиции на новата власт, а тоа се вработувањата на партиските војници и кадрите од невладините организации финансирани од Сорос.

Инаку ова задолжување на Владата на СДСМ е само едно од низата задолжувања кои досега ги имаше нова власт во Македонија, тие за само три месеци ја задолжија државата за 340 милиони евра, а со новото задолжување кое го спремаат тоа ќе достигне 400 милиони евра.

Уште поголем страв кај економските експерти, покрај задолжувањето е и односот на власта кон странските компании, тие во минативе три месеци на сите начини тераат негативна камања против нив. Македонија во минатите години со економските реформи и политики кои ги направи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, стана една од најатрактивните земји за привлекување на странски инвестиции, а најавата за менување на даночната политики, како и откривањето на деталите од договорите, кои секаде во светот се чуваат во тајност, како што се говори не само што нема да донесе нови инвестиции кои веќе ба скоро договорени, туку и ги тера сегашните инвеститори да размислуваат на заминување, со што многу луѓе ќе останат без работа и егзистенција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека недомаќинското работење на Владата го увиделе веќе граѓаните. Од таму велат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради ПЕТ-центар, а вкупната инвестиција изнесуваше 16 милиони евра. Станува збор за најсложен здравствен објект изграден во историјата на Република Македонија, за кој е обезбедена најсовремена опрема. ПЕТ- центарот овозможи примена на најсовремена метода за рано дијагностицирање на болести, нивно следење, лекување, како и следење на успешноста на терапијата.

-Неспособната влада на СДС расипнички потроши над 350 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви за само 100 дена. За овие пари можеше да се изградат дури 21 ваков објект со најсовремена здравствена опрема. Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на владата на СДС. Потрошија три месеци и 350 милиони евра, а единствено од тоа резултат е набавката на мебел, лешници, фстаци, дебели хонорари за шарени револуционери, твитер ликови, анонимни поети и пропаднати комедијанти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

320 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 3 МЕСЕЦИ: Заев и Тевдовски ќе ја задолжат Македонија за нови 27.6 милиони евра

Новата Влада продолжува да ја задолжува Република Македонија, државата на 5-ти септември треба да се задолжи за 27,64 милиони евра, а на 6-ти септември терба да се вратат 23,64 милиони евра од државната каса. Откако дојде на власт СДСМ досега се има задолжено за енормни 320 милиони евра, за помалку од 3 месеци.

Објавени се акции за 12 месечни записи во вреднос од 800 милиони денари, 2 годишна обврзница во износ од 300 милиони денари и 15 годишна обврзница од 600 милиони денари, или вкупно милијарда и 700 милиони денари, во евра тоа се 27,64 милиони. Аукцијата е закажана на 5-ти септември оваа година.

Експертите гласно прашуваат дали ова е доказ за неспособноста на новата Влада на СДСМ, која на ден пред да треба да врати 23,64 милиони евра, се задолжува за четири милиони евра повеќе.

Граѓаните се гневни што парите од буџетот место да одат за продуктивни проекти кои би донеле подобар живот за нив, за остварување на ветувањата за повисоки плати, како што велат тие одат за досега единствените инвестиции на новата власт, а тоа се вработувањата на партиските војници и кадрите од невладините организации финансирани од Сорос.

Инаку министерот за финансии, Драган Тевдовски гласно се фали дека државата повеќе ги враќа долговите отколку што се задолжува, што со овој пример може да видиме дека не е точно, во само два дена Македонија се задолжува за 4 милиони евра повеќе од она што треба да го врати.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразија сомнеж дека целта на овие задолжувања на Владата на СДСМ се купување на гласови во пресрет на локалните избори. Христијан Делев денеска аплелираше до сите претставници на меѓународните организации кои го мониторираат изборниот процес да внимаваат на можни нерагуларности и обиди за изборна корупција.

-СДС не смее со парите на граѓаните да купува гласови за да може да ги реализира своите антидржавни и антинационални политики на штета на државата. СДС, покажа дека не сака транспарентност и јавност во работењето на институциите. Министерството за финансии 5 дена не го објавуваше дневниот изештај за трошења од буџетот, што им е законска обврска во период по распишување на изборите. Министерствтото за финансии со ова директно го прекрши чл.8-а, ст.3 од Изборниот Законик, според кој, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовни плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страната во посебна база за буџетски трошоци во изборниот период, изјави Делев.

Мицкоски: СДС со секој свој нов чекор ја турка државата кон зголемување на невработеноста и банкрот

Владата на Социјалдемократскиот сојуз спроведува катастрофална економска политика. Социјалдемократскиот сојуз со секој свој нов чекор ја турка државата кон зголемување на невработеноста и банкрот, ова денеска на прес-конференција го објави Христијан Мицкоски генереалниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на вчерашната седница донесе одлука за декласифицирање и објавување на субвенциите кои се даваат на странските инвеститори во Република Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат. Не е никаква тајна, ниту е незаконски тоа што Македонија, како и повеќето земји низ светот, кои се борат за странски инвестиции, да дава субвенции по некаква основа. Тоа и досега не било тајна, било согласно закон и истото даде огромни резултати во намалување на невработеноста, отворањето на нови работни места, зголемување на извозот, пренос на технологии и знаење, обезбедување работа за домашните компании како и добавувачи или партнери од различен вид, и на крај резултираше со зголемување на индустриското производство, раздвижување на економијата, зголемување на конкурентноста, и раст на севкупниот БДП, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека во таа насока постои и огромна конкуренција при привлекувањето на инвеститорите вклучително и во сегментот на субвенциите.

-Секоја земја прави напори и води преговори со инвеститорите во тој правец. Тоа го прават и Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Унгарија, но и одредени држави во САД. Кога сакаат да привлечат голем работодавач. Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти. А, најчесто еден инвеститор во процесот на одлука „го бркаат“ најмалку 5-6 држави со различни понуди кои најчесто не се објавуваат, бидејќи секој нареден инвеститор ќе бара најмалку иста субвенција од оној кој добил најголема, што не е добро и ја става државата во подредена улога. Понекогаш кога конкуренцијата на земји за еден инвеститор е голема и силна, а неговата важност огромна, субвенциите се поголеми, а некогаш може да се успее и со помали субвенции, тоа е предмет на преговори, а во поретки случаи се успева и без субвенции, рече Мицкоски.

Тој додаде и дека декласицифирањето и објавувањето на субвенции кои се даваат на инвеститорите, во отсуство на проекти и нови домашни или странски инвестиции со кои би можела да се пофали новата влада, е наменет единствено како предизборна внатре-политичка пропаганда. Социјалдемократскиот сојуз во пресрет на локалните избори, ќе предизвика несигурност и незадоволство кај постоечките инвеститори приматели на субвенции, ќе ја намали конкурентноста во однос на другите држави и ќе одврати многу странски инвеститори да инвестираат во Република Македонија.

-Наместо во Македонија, земја на инвестирање ќе бидат соседните  Бугарија, Србија, Албанија, па и Романија, Турција, Унгарија и Чешка. Сепак, кога подобро ќе се размисли, оваа мерка е во склад со очигледните намери на Социјалдемократскиот сојуз да нема сериозен прилив на странски директни инвестиции во Македонија. Сите досегашни чекори се во тој правец, па овој е логичен последователен чекор. Загубата на нови работни места ќе се одрази и на невработеноста, и на неуспехот да се покачат платите на веќе вработените и ќе се стимулира натамошното иселување на работно способното население од Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

Тој на крајот рече и дека дополнително, следниот чекор кој го најави владата, да објави т.н. транспарентен ценовник или тарифник за субвенции, ќе биде уште еден чекор во тој правец. Едноставно, кога јавно ќе се знае колку е максимумот кој владата може да го даде, секоја друга држава конкурент секогаш ќе понуди евро повеќе и во најголем дел од случаите ќе ги привлече инвеститорите кај себе, а ние ќе имаме се помалку нови странски инвестиции, се помалку нови креирани места и се помалку работни места за нашите сограѓани, ваквата одлука ќе значи крај на странските инвестиции во Република Македонија и дополнително осиромашување на државата и буџетот на граѓаните кои што работат во странските инвеститори во Македонија.

Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови, наместо за ветените зголемувања на плати се троши на луксуз

Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови. Македонската јавност е сведок дека владата на СДС за овие неполни три месеци државата секој ден ја задолжува. Заев и Тевдовски единствена мерка што ја спроведуваат е исплата на партиските долгови кон послушниците и соросовите активисти со пари на граѓаните преку забрзано задолжување, изјави Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека вчера министерот за задолжување државата ја задолжи за нови 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра. А, за сето ова ова мегафоните на СДС молчат и замижуваат пред вистината.

– Заедно со вчерашната аукција за овие 75 дена Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на дневно ниво ја задолжи државата за речиси 1.933.333 евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на секој час ја задолжува државата за речиси 80.555 евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност секоја минута ја  задолжува државата за речиси 1.342 евра, посочува Делев.

Тој вели дека граѓаните од оваа влада за овој период од реформи видоа само долгови.

– Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари. Време е владата на СДС да одговори на граѓаните на што планира овие пари да ги потроши дали за остварување на дадените ветувања за минималната плата од 16.000 денари, просечната плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите, или пак за луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници. Заради неработата, непосветеноста и негрижата СДС набрзо ќе се соочи со политичката одговорност, нагласува Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Делев: СДС и Тевдовски упорно продолжуваат со задолжување на Македонија, за 3 месеци издадени државни хартии со вредност од 145 милиони евра

Неспособниот министер за задолжување упорно продолжува со задолжувањето на Република Македонија. Владата на СДС и Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заедно со денешната аукција за овие три месеци министерот Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Средствата се собираат дирекно од Македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на Македонското Стопанство се користат за покривање на буџетската дупка. Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде ќе одат народните пари со кои неспособната влада на СДС ја задолжува државата. Владата на СДС за овој период ниту еднаш не се обиде да го намали јавниот долг како што ветуваше туку напротив се повеќе долгот се продлабочува, истакна Христијан Делев на денешната прес-конференција.

Вистинското лице на владата на СДС, додаде тој, се виде и со ребалансот на Буџетот со кој се предвидува дополнително задолжување од 150 милиони евра.

-А, згора на сето тоа започнаа да ги топат и девизните резерви, буџетската сметка е во минус над 60 милиони евра, средствата од издадената обврзница од кој поголем дел се потрошени. Владата на СДС крие колку се намалени приходите во буџет со стопирање на сите инфраструктурни проекти и со погрешната политика и пристап кон странските инвеститори. Владата на Заев мора да запре со неконтролираното задолжување и да одговори на македонската јавност каде парите ќе бидат искористени, рече Делев и запраша:

„Дали со овие пари со кои ја задолжуваат државата СДС ќе ги исполни предизборните ветувања за ветената минимална плата од 16.000 денари, ветената просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите, бидејќи нив се уште ги нема, а граѓаните и докторите ги очекуваат. Или сепак овие пари ќе одат за луксузирање на СДС, и покривање на партиските вработувања во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат“.

СДС, додаде тој, многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на локалните избори народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев.

РАСИПНИШТВОТО НА СДСМ: Министерот за задолжување Тевдовски со секој поминат час ја задолжува државата за 62.500 евра

СДС со ништо не може да го прикрие своето расипничко трошење, неспособност и безидејност во водење на државата. Владата на СДС за овие неполни 3 месеци успеа само да ја задолжи Република Македонија и граѓаните. Заев и Тевдовски единствена мерка што ја спроведуваат е исплата на партиските долгови кон послушниците и соросовите активисти со пари на граѓаните преку забрзано задолжување. За сето ова мегафоните на СДС молчат и замижуваат пред вистината која јавноста има право да ја знае, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто мегафоните на СДС ниту еднаш не ја кажаа цифрата со која секојдневно Тевдовски ги задолжува граѓаните? Секој ден нашата држава по основ на државни хартии од вредност се задолжува за 1.5 милион евра. За секој поминат час се задолжува за 62.500 евра додека секоја одмината минута задолжувањето изнесува 1.050 евра. За 70 дена министерот за задолжување Тевдовски, успеа да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3.100 денари, односно 50 евра, стои во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека лицемерието е уште повидливо откако министерот за задолжување успеа да стопи 126 милиони евра од девизните резерви.

-СДС во предизборниот период ветуваше кули и градови, но граѓаните добија само задолжување за кое нема никакво објаснување. Единствено е јасно дека овие народни пари не одат за ветената минимална плата од 16.000 денари, ветената просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите, бидејќи нив сеуште ги нема, а граѓаните и докторите ги очекуваат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Засега, велат од партијата, се гледаат само луксузите и нарачките на октоподи, морски плодови, цвеќиња, партиски вработувања и вдомувања на соросовите војници.

Затоа СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на 15-ти октомври народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев. Тој ќе биде поразен и делегитимиран.

Владата на СДСМ денеска ги задолжи граѓаните со нови 15 милиони евра!

И покрај тврдењата во предизборието дека нема да се задолжуваат, Владата предводена од СДСМ денеска ја задолжи државата за нови 15 милиони евра.

Министерството за финансии денеска преку аукција на државни хартии од вредност ги задолжи граѓаните за нови 900.000.000 денари, односно 15 милиони евра со каматна стапка од 3,8 отсто. Аукцијата за хартии од вредност не поминала добро за новата влада на СДСМ, бидејќи добиле помалку од побараната сума од 1.140.500.000 денари. Ова значи дека банките немаат доверба во економската политика на новата влада, поради што се реализирани „само“ 900.000.000 денари.

Ваквото задолжување е спротивно на тврдењата на СДСМ дека новата влада немало да се задолжува, а воедно излегува на површина и лицемерието на СДСМ, чии функционери со години ја критикуваа претходната власт дека Македонија била алармантно задолжена, за сега самите тие да ги задолжуваат граѓаните.

-Укажуваме дека никој не смее да работи на штета на граѓаните на Македонија. Само нова и одговорна влада може да ги запре непотребните задолжувања и да одговори на реалните потреби на граѓаните. -Неопходни демократски промени и промените ќе се случат во декември, оваа година.Ова налудничаво задолжување мора што побрзо да прекине, се велеше во многу од предизборните соопштенија на СДСМ.

Со ова, декларативните ветувања кои СДСМ ги даваше дека ќе престане да ја задолжува државата паѓаат во вода. Секојдневната реторика на сегашниот министер Драган Тевдовски беше дека на Владата „неопходно е  да и се одземе правото на задолжување“, „да си ги пушти нозете колку што и е чергата“, дека „расипничката политика на задолжување која ја споведува Груевски ја води Република Македонија кон грчко сценарио“….

СДСМ многу пати ги заплашуваше граѓаните дека платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се доведени во прашање, поради неликвидноста на буџетот и поради предходното енормно задолжување.

Познавачите на финансиските прашања потсетуваат дека СДСМ преку ваквото своето однесување додека беа опозиција се обидоа на неколку наврати да спречат Македонија да дојде до поволни финансиски средства надевајќи се дека ќе блокираат исплати на плати, пензии, социјална помош, инвестирање во улишта, градинки и инфракструра.

Инаку, токму владата на СДСМ го воведе овој начин на задолжување уште во 2004 година кога хартиите од вредност ги издаваа по каматна стапка четири до пет пати повисока од тие кои потоа ги правеше министерството за финансии раководено од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонците вртоглаво се задолжуваат: Бројот на станбени кредити пораснал речиси сто отсто за шест години

Банкарите велат дека зголемувањето кај станбените кредити е поради градежниот бум во државата, особено во главниот град. Во исто време поради високите обезбедувања на станбените кредити кои секогаш се хипотекарни банкарите имаат поголема комоција во одобрувањето

За дури 14,5 проценти се зголемил износот на станбени кредити за една година, покажуваат податоците од Народната банка (НБМ). Од август лани, до август годинава, сумата која банките ја дале како потрошувачки кредити пак пораснала за 15,5 отсто. Во овие две групи кредити всушност е забележан најголемиот кредитен раст, а ваков тренд трае веќе со години.

Според НБМ, вкупните кредити на домаќинствата во осмиот месец од годината на месечно ниво пораснале за помалку од еден процент, но годишниот раст е 7,8 проценти.

Банкарите велат дека охрабрува растот на станбените кредити, кој е поддржан и од владините мерки за поевтина набавка на дом или за субвенционирање на кредитирањето преку проектот „Купи куќа купи стан“. Анализирано по години од 2010 година до средината на оваа, станбените кредити пораснале за дури 95 отсто.

Во сума, тоа е зголемување од 250 милиони евра. На крајот на 2010 година во станбени кредити банките имале издадено 264 милиони евра, сумата сега е над 510 милиони евра.

Банкарите велат дека зголемувањето кај станбените кредити е поради градежниот бум во државата, особено во главниот град. Во исто време поради високите обезбедувања на станбените кредити кои секогаш се хипотекарни банкарите имаат поголема комоција во одобрувањето, а во последниот период доста се намалени и каматите на овој тип кредити.

Според последниот сет монетарни податоци од НБМ, кај автомобилските кредити има месечен пад од 1,9 отсто, а падот на годишна основа е за дури 28,7 проценти. Познавачите велат дека за автомобилски кредити речиси и да нема интерес поради потребата автомобилот да е Каско осигурен, па за купување автомобил, најчесто половен се зема и потрошувачки кредит.

Потрошувачките кредити од друга страна за шест години пораснале за дури 120 отсто. Имено на крајот на 2010 година потрошувачките кредити изнесувале 463 милиони евра, а сега надминуваат една милијарда евра или пораснале за повеќе од двојно.