Eксклузивно: СДСМ-овецот Харун Хаџибулиќ ја претстави програма за странски инвестиции

harun-hadzibulik-zaev

Самопрогласениот министер за странски инвестиции на СДСМ Харун Хаџибулиќ откако вчера најави дека ќе донесе многу инвестиции во Македонија, денес пред јавноста на својот Фејсбук профил ја претстави својата економска програма.

Хаџибулиќ соопшти дека без ничија помош ќе ги донел најголемите светски инвеститори во Македонија.

harun

Ова е на линија на желбите на Зоран Заев во Македонија да ги видел како инвеститори и Гугл и Фејсбук. Се шпекулира дека Заев за реализација на своите желби го ангажирал својот близок пријател Харун Хаџибулиќ.

harun-pistol-520x830

Не се знае дали Хаџибулиќ за овој потфат ќе се координира со колегите Рамиз Мерко и Зоран Шапуриќ кои исто така се задолжени од Зоран Заев за привлекување странски инвестиции или ќе делува како соло играч поради преголемиот капацитет и способност.

harun-hadzibulik-zaev

Хаџибулиќ меѓу другото е познат и како конфликтно лице со богата криминална историја. Лежеше и во затвор за насилство при убиството на Мирсад Кријешторац кај Универзална сала во Скопје. Осудениот за убиство Јасмин Лесковица заедно со Хаџибулиќ го нападнале убиениот Кријешторац, а низ јавноста се шпекулираше дека носител на убиството бил токму новиот носител на инвестиции од тимот на СДСМ.

harun-1-

pistol-520x384

 

Инаку кога сме кај колегите на Хаџибулиќ, Рамиз Мерко и Зоран Шапуриќ, тие ја добија безусловната поддршка од пријателот на Хаџибулиќ, Зоран Заев, исто така за големи заслуги: Мерко затоа што имал познанства со Албанците од Албанија и Швајцарија, а Шапуриќ затоа што се покажа многу како министер за животна средина пред 15 години и сега е логично да го врати животот со странски инвестиции.

Како ќе им оди соработката со Хаџибулиќ и кој ќе биде најуспешен магнет за странски инвестиции ќе покаже времето.

Српските органи ја завршуваат истрагата за криминалите на партнерот на Заев во Белград

zaev-i-rodic-640x428

Министерството за внатрешни работи на Србија во соработка со надлежното обвинителство и даночната полиција ја заврши сеопфатната истрага против Александар Родиќ, „Адрија медиа груп“ на чие чело е тој и весникот „Курир“, пишува српскиот весник „Политика“ додавајќи дека тоа е причината зад последните потези на Родиќ.

Весникот наведува дека се обезбедени конкретни докази за злоупотреби во финансиското работење, неплаќање на даночните обврски, фалсификување на документи, уцени, закани…

Како што оценува „Политика“, слично на претходните сценарија за одбрана Родиќ со отворени писма и пароли се обидел да ги оневозможи државните органи да си ја вршат својата работа.

-За да може претстојното постапување по кривичната пријава да го прогласи како политичка одмазда смислил „скопски маневар“ и жалење во стилот на „Јас сум борец за слобода на медиумите и бизнисмен кој го шири пазарот, жртва сум на прогон, бидејќи не прифаќам уцени“, пишува Политика додавајќи дека Родиќ „потегнува и безсмислени тврдења како она дека БИА го следи, дека животот му е загрозен за јавноста да го гледа како жртва.“

Весникот оценува дека кога ќе се проучи документацијата станува јасно дека не е збор за уцени и процени, туку за „долгогодишен мрежен начин за криминално однесување“ на штета на државата, банките, поединци и претпријатија.

„Политика“ пишува дека фирмите кои го издавале весникот „Курир“ повеќе пати се згаснувани, заминувале во стечај, а се основале нови за да се изгуби трагата на финансиските малверзации.

Фирми блиски до Заев ќе градат во Аеродром

dogovor640

Фирма блиска до Зоран Заев, СИМ Инжинеринг ДОО Струмица, која според наши информации е  во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстеви од Струмица, кои учествуваа во градбата на „Глобал“ во Струмица ќе градат зграда во скопски Аеродром.

СДСМ и порталите под палката на Сорос сакаат да го злоупотребат градежниот бум во Аеродром за да покажат наводна поврзаност на одредени градежници со власта, а притоа забораваат да и кажат на јавноста дека и најблиските бизнис партнери на Заев учествуваат во изгадбата на нови згради во Аеродром.

Имено во општина Аеродром може да купи земјиште и да гради секоја фирма која ги исполнува условите за тоа. Независно дали одредени медиуми за нивните газди пишуваат дека се блиски до одредена партија. Ноторен пример за тоа е и овој документ до кој дојде нашата редакција, а на кој јасно се гледа дека во општина Аеродром станбена зграда на површина од 1577 м2 ќе гради и фирма на Горан Крстев, бизнис ортак на Вице Заев, братот на Зоран Заев и еден од изведувачите на градбата во „Глобал“.

Од документот јасно се гледа дека во изградба на новиот станбен објект учествува и фирмата СИМ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Струмица, каде што сопственици се таткото и синот Симеон и Горан Крстеви.

За појаснување, покрај во СИМ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Струмица, која е предмет на овој договор за градба во општина Аеродром, Горан Крстев се јавува и како  косопственик во фирмата Сара Јавор Инжинеринг, каде што е содружник со Вице Заев. Имено Горан и Симеон Крстеви можеме да ги сретнеме и како сопственици во повеќе фирми како : Јавор Транс ДООЕЛ Струмица, Де Лукс Инжинеринг, Јавор Шпед и други.

Медиумите уште во јануари, 2014 година пишуваа дека Зоран Заев ја претворил фирмата Јавор Шпед  ДООЕЛ Струмица во главниот набавувач на гориво, екстра лесно масло за греење и други стоки за потребите на Општина Струмица и институциите под нејзина надлежнност. Зоран Заев на Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица му овозможил да добие 11 јавни набавки во изминативе години со вкупна вредност од 101,354.456 денари (околу 1,648 милиони евра). Од нив 83.322.641 денари фирмата Јавор Шпед ги добила од јавни набавки склучени директно со Општина Струмица, а 18.031.815 денари ги добила од јавни набавки склучени со ЈПКД Комуналец. Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица е во сопственост на Горан Крстев, човек кој што е капитално поврзан со семејството Заеви.

Фактот што во една општина или за државата градат и фирми кои се од спротивната политичка странна на политичката фигура што го води конкретниот субјект е доволен показател декаа таа институција, општина, држава е демократска и ги почитува правилата на слободниот пазар, според кој тендер може да добие секоја фирма која ги исполнува исловите на пазарот, без разлика дали истата е на човек близок до власта или опозицијата.

Заев прифатил и двојазична, федерална полиција: Се подготвувале и двојазичните ознаки

Policija-dvojazicna

Планот за федерализирање на Македонија прифатен од Заев и СДСМ, бил добро разработен и осмислен, имајќи во предвид дека се појавуваат информации за детали кои биле договарани за промена.

Освен името, химната, грбот, банкнотите и двојазичноста, со албанската платформа е договорено и формално бришење на границите помеѓу Македонија со Косово и Албанија, преку т.н. „интегрирано гранично управување“, но и „федерализирање“ на Македонската полиција. Веќе се појавија верзии за тоа како ќе изгледаат ознаките на полицијата кои биле договорени со планот за федерализација, прифатен од Заев и СДСМ.

policija_dvojazicno5

policija_dvojazicno4-768x385policija_dvojazicnopolicija_dvojazicno3policija_dvojazicno6policija_dvojazino-768x384tigar_dvojazicno

Народот стана против Заев – СЈО се активира

sjo

По налог на еден амбасадор, преку негова вработена, тргнувајќи од денес, и продолжувајќи во наредните денови, СЈО добило задача со свои засилени активности да го отргне вниманието на јавноста од актуелните народни протести против операцијата за смена на власта и носење на Зоран Заев за премиер, како и првиот најавен и започнат чекор за двојазичност на целата територија на Македонија, дознава Нетпрес.

Нашите извори велат дека, по добиениот налог во СЈО забрзано се работи на подготовка на нови истраги и обвиненија, со веројатни барања на претреси по домовите и работните места на функционери на ВМРО ДПМНЕ и нивни соработници или лица за кои СЈО смета дека се на некаков начин блиски до власта.

Првата и главна цел е отргнување на вниманието на јавноста од правењето бинационална држава и насила носење на нова партија на власт.

Втората цел е лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Амбасадорот проценил дека Груевски е главен кохезивен фактор не само во ВМРО ДПМНЕ, туку и пошироко кога станува збор за напорите за националните и државните интереси и главниот мотор по тоа прашање. Затоа оцениле дека независно што нема никакви докази за сторено кривочно дело, потребно е Груевски од сега да биде приклучен во сите или во најголемиот број отварања истраги и обвиненија со неколку цели.

Прво, да биде максимално искомпромитиран и тоа да го намали неговото влијание во политичкото делување, особено во овие клучни моменти. За таа цел било укажано дека не треба да се оди со соопштенија, туку со прес конференции кои треба да изгледаар многу убедливи, иако нема никаков доказ или поврзаност на Груевски со тоа што ќе му го товарат.

Претпоставка на сценаристот е дека сепак дел од граѓаните ќе поверуваат во приказните на СЈО, што во овој момент им е многу важно.

Второ, цел е Груевски наместо со актуелните настани да се занимава со СЈО, судови и слично и да биде целосно дефокусиран од актуелните случувања.

Третата цел е напорите за одбрана на националните и државните интереси да се прикажат пред јавноста како борба и обид на Груевски и раководството на ВМРО ДПМНЕ за избегнување кривична одговорност.

Нарачателот бил убеден дека народните протести нема да вродат со плод.

При договарањата на сценаристите со СЈО воопшто не ги интересирале докази. Клучно прашање им било кога и дали судот би попуштил под нивниот притисок со цел да почне да одобрува апсења, притвор, претреси и слично, без докази, и со тоа да се скрши отпорот и деморализира народот.

Ќе се оди и на обиди да се изврши притисок на други лица и соработници со закани и заплашувања дека тие ќе заглават за да станат лажни сведоци против Груевски и раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Се’ е ставено во контекст на медиумска кампања за перцепција и психолошка војна. Едноставно потребно им е шоу, со кое ќе се пренасочи вниманието на народот од проблемот со редифинирање на државата и намалување на силата на отпорот со елиминација на Груевски и неговите најблиски луѓе и сорбаотници.

Планот е потрупување на раководството на ВМРО ДПМНЕ со истраги и обвиненија, десетици и стотици, нивно максимално малтретирање и по можност апсења, и оставање простор да се истера процесот за редефинирање на државата, почнувајќи со двојазичноста, менување на името и идентитетот и на крај федерализација или кантонизација со можност за отцепување на делови од земјата.

Ќе се оди бескурполозно и безобзирно, особено во правец на притисок врз судот за да прифати да биде под целосна команда на надворешни центри.

Планот е затворање на македонското прашање еднаш за секогаш на штета на Македонија и на македонскиот народ.

Извор: НетПрес

Етничките заедници единствени: СО ЗАЕВ ЈА ГУБИМЕ ГРАЃАНСКА МАКЕДОНИЈА!

Zaev-komentari-etnicki-zaednici

Покрај македонците и останатите етнички заедници во Македонија се против црното сценарио на шиптарољубецот Зоран Заев и предавничката групировка СДСМ кои сакаат да наметнат двојазичност, кантонизација и редефинирање на државата.

Нивните коментари на социјалните мрежи покажуваат дека и тие се дел од оваа држава и дека ја сакаат подеднакво како што ја сакаат и македонците.

Komentari-etnicki-zaednici-6 Komentari-etnicki-zaednici-1 Komentari-etnicki-zaednici-2 Komentari-etnicki-zaednici-3 Komentari-etnicki-zaednici-4 Komentari-etnicki-zaednici-5

Колумна на Христо Ивановски: Ќе се удавиме ли сите во Рубиконот на Заев?

Hristo-Ivanovski

Претседателите на Бугарија, Петар Стојанов, а особено Георги Прванов одиграа клучна улога, заедно со премиерот Симеон Сакскобурготски (Сакс Kобург Гота клучните кралски семејства кои ја држат Европа во свои раце) за приемот на Бугарија во ЕУ. И Стојанов и Прванов ни беа чести гости во Македонија настојувајќи да се затворат евентуално отворените прашања како тоа со македонското национално малцинство во Бугарија. Софија пред да влезе во ЕУ практично си обезбеди појас за спасување за не дај Боже, а Македонија остана со прстот во уста, зашто не е во клубот, а кога си надвор немаш многу орудија за борба. Освен тие во Стразбур, каде што „ОМО-Илинден“ ПИРИН беше брутално ликвидиран. Практично македонското прашање беше закопано во Бугарија, а опелото се изврши во Стразбур, со амин на Скопје.

Но, европската приказна за Македонија и Македонците не е завршена, а тоа неодамна ни го кажа Дејна Рорабакер, сакале ние да веруваме или не, а тој ете си има истомисленици и во самата Македонија. И тие сметаат дека Македонија е неуспешен проект. Дејна, не си осамен. СДСМ ќе ја моделира Македонија со истомислениците од албанскиот блок-партии, а веројатно веќе се спремни новата химна, новото знаме, новиот грб и новото име кое треба да ја одразува реалноста искажана со Пржино и со платформата – Призренска лига2. Ако ова има врска со битка против корупција и криминал, со економски напредок и отворање нови работни места и перспективи за земјата, тогаш на Водно навистина навечер шетаат поларни мечки.

Оти погледнете во Брисел и во Стразбур – кремот на европската политика, европратениците се убедени од двајца бугарски депутати дека во Албанија, поточно во областите Пустец, Гора и Голо Брдо (каде шо и топонимите кажуваат каква е реалната состојба) живеат Бугари, а сите знаат дека се Македонци кои дури и Енвер Хоџа ги признал, да поверуваат дека главен аргумент за тоа се написи на британски патописци и новинари?! Опааа! Аплауз за Стразбур. Сега знаеме кој всушност ја пишува историјата. Значи историски факти не се тоа што го постигнал некој народ, што станал нација со свои граници, јазик, историја, култура, симболи, песни, поезија, востанија…туку што напишал некој патописец, макар цврцнал и некое ракивче во некоја ме(х)ана. Јасно е дека вакви нешта не би прошле во ЕУ доколку не се влечат конците за големата слика која од Вашингтон ја исцрта Рорабакаер.

Сега и не е толку важно што Софија си ја сече гранката на која сака да седи, оти само ќе си го наруши имиџот кај Македонците и тоа не им се случува сефте, туку опасноста се вика комплетно ретуширање на стварноста за која потписи се ставаат во ЕУ. Македонија да ја снема, како што предложи Рорабакер. Да ги снема Македонците во Бугарија, во Грција, во Албанија и тие самите себе да се избришат во Македонија, државата која тие си ја создале. И ние ова треба да го лапнеме како битка против корупцијата (нешто слично како битка со Бранковиот октопод, октоподот кој самиот го создаде) и за да не видиме дека битката е всушност за Македонија барем ваква каква што е во сегашнава форма. Не сме сигурни, но ајде да прашаме – дали Заев е способен да го помине овој Рубикон без притоа да се удави заедно со својот СДСМ во неговите води. И дали Заев ќе успее сите Македонци да ги удави преминувајќи нешто што никој пред него ниту помислил ниту се осмелил да го направи.

ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!

Zaev-albansko-zname

Сеалбанската платформа која во Тирана ја потпишаат лидерите на албанските партии во земјава под менторство на албанскиот премиер Еди Рама и натаму останува единствен услов за формирање на новата Влада. Платформата се состои од 7 главни точки, во кои албанските партии бараат, а СДСМ и Заев во име на Македонија – прифаќаат:

1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот

Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ја засилува националната рамноправност за албанското население.
Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“.
Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.

2. Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја.
Остварување правична зас­тапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или прет­пријатија со јавни акции.

3. Засилување на владее­њето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес

Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како “Сопот#, “Бродец#, “Монструм# и “Куманово# преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.
Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи.

5. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.
Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6. Добри односи со соседите

Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
Отворање на нови гранични премини.

7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија

Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Грците анализираат: Груевски нема да ја смени политиката кон Грција, Заев ќе прифати сложено име

grcki-vesnici

Социјал-демократите на чело со Зоран Заев се согласни со мнозинството грчки политичари и доколку дојдат на власт ќе прифатат сложено име со географска одредница за вкупна употреба, пишува во анализата на грчкиот портал „Ворија”. Нетпрес од Атина пренесува дека во анализата се вели и дека од друга страна, доколку ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски формираат влада, тогаш политиката кон Грција нема да се промени бидејќи тие и натаму ќе инсистираат на „македонизмот”.

Ако Груевски ја формира владата, политиката кон Грција нема да се помени и македонизмот ќе надвладее, а тоа беше и главниот аргумент за изборната победа. Наместо тоа, влада на чело со социјал-демократите на Зоран Заев целосно ќе ја смени сликата, со оглед на тоа што овој политичар прифаќа сложено име за земјата, како и мнозинството Грци политичари. Тоа значи дека тогаш би имало и договор за името, но да се надеваме дека грчката страна нема да прифати „Македонска нација” и „Македонски јазик”, пишува „Ворија”, нагласувајќи дека во однос на овие термини незадоволство изразува и Бугарија.

Во продолжението на текстот пишува и дека поради овие причини, САД се залагаат за тоа Зоран Заев да стане премиер, додека пак, Груевски информирал дека интервенирањето на албанскиот премиер Еди Рама во македонските внатрешни работи е атмосфера што се создавала уште во минатото, а сега е јавно промовирана од невладините организации спонзорирани од соросовото „Отворено општество”.

Сега се очекува и ставот на албанските партии, кои што се чини дека поверојатно е да се свртат кон Зоран Заев, со оглед на тоа што ова е и желба на Американците која што беше искажана и преку амбасадорот во Скопје, а динамично и преку премиерот на Албанија, Еди Рама, пишува „Ворија”.

Во анализата се заклучува дека следниов период е одлучувачки во однос на грчко-македонските односи во поглед на одредувањето на политиката на Македонија за „прашањето за името на земјата”.

Груевски: СДСМ беше само параван, инструмент, маша во рацете на Сорос

gruevski-konvencija-vmro-2016-stisnata-tupanica

Се договоривме да направиме едно интервју поврзано со активностите на Сорос во Македонија. Често е спомнуван, особено од Вашата партија, а никогаш подлабински немало разговор со некој политичар за тоа. А на почетокот да Ве прашам, поминавте тешка година, како ја оценувате?

Тешка, но и интересна. Да, имавме тежок противник, при што не мислам на СДСМ, тој беше само параван, инструмент, маша… Да не беше зад него Џорџ Сорос со сите милиони што ги истура во Македонија, со целата мрежа од НВО, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во Светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места. Иако и ова што го постигнавме не е за занемарување во една ваква тешка ситуација.

Како знаете дека Сорос има одлучувачко влијание кај најмоќните земји, кога станува збор за помали држави?

Има многу примери за тоа. Погледнете ги на пример меиловите кој Сорос ги испраќа а беа објавени на Викиликс, и се ќе ви стане појасно…човекот дава јасни инструкции што треба да се прави, и му поминуваат без многу дебата или проверки.

Од други објавени е-меилови се гледа дека влегува кога сака кај високи функционери во  Америка, договара средби од денес за утре, и има суштинско влијание. Ако има таков лесен пристап во најмоќната земја на светот, тогаш каков ли му е пристапот кај другите, помали од Америка?

Неговата фондација и по финансии и по кадровски потенцијал е најмоќна фондација во Светот која има политички цели. Сорос решил своето богатство да го употреби за да остварува влијание во две насоки- идеолошко кон создавање на т.н ” отворени општества” и финансиско,  преку шпекулации и однапред познати политички исходи во одредени земји да профитира на берзата.

По некое време, цели институции, цели министерства, можеби и цели влади, и нивни разузнавачки агенции се инфицирани со неговите гледишта, со неговата идеологија, со неговиот поглед и цели. Дополнително, и самите тие си наоѓаат некој дополнителен интерес од таквото делување, и тераат со сите сили, а ние тука разговараме за Заев, или СДСМ…Каков Заев, какви бакрачи…