Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон за намалување на старосната граница за пензија за рударите

Во текот на вчерашниот ден група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Собранието на Република Македонија поднесоа Предлог на закон за остварување право на пензија за работниците во рударството, по редовна постапка.

„Имајќи го предвид фактот дека ескплоатацијата на руда е една од најтешките и најопасните дејности каде работните задачи на рударите се особено тешки и штетни по нивното здравје и нивната работна споспобност, со овој Предлог на закон предвидуваме и сметаме дека е потребно остварувањето на правото на старосна пензија да им биде уредено под поинакви услови соодветни на оваа специфична, тешка и опасна дејност. Основната цел на ова позитивно законско решение е да се намали старосната граница на пензионирање на лица кои работат на овие работни места односно на рударите кои работат на работни места и своите работни задачи ги извршуваат под земја“, истакна Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој Предлог закон, додаде таа, предвидува единствен услов за остварување право на старосна пензија за вработените во рударството да биде пензискиот стаж, со што ќе биде овозможено овие вработени правото на пензија да го остварат порано од останатите категории на работници.

„Имено, за работниците кои работат на работни места и своите работни задачи ги извршуваат под земја во рударската дејност, а стажот на осигурување се смета со зголемено траење, ефективно најмалку 15 години, правото на старосна пензија ќе може да го остварат со навршување на вкупен пензиски стаж од 40 години за мажи односно 35 години за жени, без оглед на нивната возраст. Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија сметаме дека ова позитивно законско решение е од огромно значење за рударите и токму од тие причини, по нивно барање и меѓусебни консултации остварени преку повеќе неформални средби во изминатите години, во текот на вчерашниот ден го поднесовме овој Предлог на закон со кој конечно ќе се реши и ќе се излезе во пресрет на барањата на рударите“, објасни Митовска.

Оттука, додаде Митовска, како пратеници-подносители на овој закон силно веруваме дека со донесувањето на ова позитивно законско решение, од една страна значително ќе се подобрат условите на рударите со оглед на тежината и специфичноста на рударската дејност, но од друга страна пак и ќе се овозможи отворање на нови работни места за вработување на млад кадар, што дополнително ќе влијае врз економската сигурност на граѓаните од познатите рударски региони во нашата држава.

„Токму од овие причини, искрено се надеваме дека СДС конечно ќе почне да се однесува зрело и ќе даде поддршка за овој Предлог закон со цел да се помогне на работниците од една од најтешките работни дејности во Република Македонија, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали е на власт или во опозиција“, секогаш ќе работи и ќе се бори за интересите и потребите на сите граѓаните на Република Македонија.

Отец Тодоров: Законот за двојазичност е вовед во подмолно федерална држава

Сите граѓани на Република Македонија треба да се борат за унапредување на личните и колективните права на сите свои сограѓани кои живеат во Република Македонија, но според Уставот и правилата на правната држава, и не смееме да удоволуваме национал – шовинистички желби и закани на некои политички кругови кои во 21 век поттикнати од националниот романтизам се борат за некоја Голема своја држава, во нашиот случај се работи за Голема Албанија, пишува Отец Ивица Тодоров.

Фејсбук статус на Отец Ивица Тодоров од МПЦ:

Членот 1, став (1) до став (4) од ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ е најдиректен вовед во бинационална, скоро подмолно федерална држава со огромни материјални средства издвоени од буџетот на Р. М за негово спроведување и одржување.
Затоа граѓани на Р. М, како Македонци, така и останати, за овој предлог закон да помине треба првин попис на населението, а потоа и референдум!
+
НИЕ СМЕ ГРАЃАНСКА, А НЕ СМЕ ПАРТИСКА ДРЖАВА, затоа МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА ГЛАСОТ НА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ НА Р. М!!!
+
Сите граѓани на Р. М треба да се борат за унапредување на личните и колективните права на сите свои сограѓани кои живеат во Р. М, но според Уставот и правилата на правната држава, и не смееме да удоволуваме национал – шовинистички желби и закани на некои политички кругови кои во 21 век поттикнати од националниот романтизам се борат за некоја Голема своја држава, во нашиот случај се работи за Голема Албанија!
———–
Прочитајте што пишува во Членот 1, став (1) до став (4) од ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ, а ако имате време прочитајте го и целиот предлог закон, но за воља на вистината уште во самиот член 1 се нарушува Уставот на Р. М, а и она што е договорено со Охридскиот рамковен договор:

Член 1

-(1) На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

-(2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните
(албанскијазик) исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

-(3) Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции,јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

-(4) Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната
самоуправа.
———-
+ споделувајте, размислувајте и алармирајте+
———
целиот текст на Предлог законот прочитајте го ТУКА.

Законот изричен: Апсурдно е нелегални докази да се користат во судска постапка

Ниту македонската легислатива, ниту светската пракса дозволува користење на докази кои биле стекнати спротивно на законот. Во европските земји постојат исти вакви закони како во Македонија, кои не дозволуваат незаконски стекнати материјали да се користат како доказ во суд. Тоа покажува дека и европските судови носат и би донеле одлука исто како и македонскиот суд, пишува Република.

Основниот суд Скопје 1 уште во 2015 година ги отфрли снимките од телефонските разговори и транскриптите, приложени како докази за прислушување, бидејќи биле прибавени на незаконски начин. Иако СДСМ обвинува дека одлуката е противправна, експертите по право и меѓународната практика, се децидни – судот работел исклучиво според законот.

Прислушуваните материјали се обезбедени на незаконски начин, без примена на законски утврдена процедура од страна на одметната група на чело со Верушевски кои на своја рака го прекршиле законот и вршеле снимање на телефонските разговори без одобрение ниту од обвинител, ниту од суд, ниту од било каков друг надлежен орган. Како такви тие материјали не може да се користат во судска постапка и политизација на овој случај не е потребна воопшто. Се работи за чисто правна проблематика и токму на изработка на овој нов закон за кривична постапка работеше работна група која беше предводена, односно чиј претседател беше социјалдемократскиот жесток поддржувач Гордан Калајџиев како и професорката Гордана Бужаровска, вели во изјава за Република професорот од Правниот факултет Александар Климовски и појаснува дека врз основа на барање на адвокат, судот уште во август 2015 година донесе одлука за издвојување на тие материјали и со право ги стори неупотребливи во идни судски постапки.

-Судот не можеше да донесе поинаква одлука со оглед на фактот што тука имаше црно бела ситуација: ако доказите се незаконски стекнати се носи одлука за издвојување на тие докази, ако не се незаконски стекнати се одбива барањето, дециден е професорот.

Никаде во светот не може да се покрене судска постапка врз основа на докази до кои се дошло преку нелегален пат. Материјали кои се обезбедени на незаконски начин, како што на незаконски начин се обезбедени прислушуваните материјали, никако не можат да се користат како докази ниту пак врз нив да се заснова судска одлука. Оттука, нема ништо спорно во судската одлука, а тоа го потврдува и членот 12 од Законот за кривична постапка, кој вели: „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“. 

СЈО може да понуди незаконски докази, но судот проценува дали ќе им поклони верба

Професорката по уставно право Тања Каракамишева – Јовановска објаснува дека нашиот Закон за кривична постапка, не случајно уште во основните начела, поточно во чл. 12, став 2 утврдува дека „доказите прибавени на незаконит начин кои со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“. Практично, овој став од членот кажува се во врска со (не)дозволеноста незаконски стекнатите прислушувани материјали, како и доказите кои произлегуваат од нив да можат да се користат како законити и полноправни докази врз основа на кои ќе се носи судската одлука.

Впрочем, и професорите по казнено-процесно право од Правниот факултет во Скопје во својот учебник од 2015 година, на страна 44, точка 3-Судските одлуки не смеат да се засноваат врз незаконити докази, ќе констатираат: „Нашиот ЗКП предвидува исклучување на правно невалидните докази, пропишувајќи во основните начела дека тие се недозволени согласно чл. 12, став 2, од ЗКП. На овој начин, велат професорите, се настојува да се добие целосно чиста концепција на законот, според која, во кривичната постапка како доказен материјал може да се употреби само оној што е набавен со почитувањето на основните процесни форми и гаранции за заштитата на правата на граѓаните. Ова начело произлегува од идејата за правичност, ќе заклучат професорите. Согласно чл. 93 од ЗКП се вели дека кога во законот е определено дека врз некој доказ не може да се заснова судската одлука, судијата во претходна постапка, по службена должност или по предлог на странките, ќе донесе решение за издвојување на тој доказ од списите најдоцна до завршувањето на истражната постапка. По подигнувањето на обвинителниот акт, решение за издвојување на доказ донесува советот за оцена на обвинителниот акт. Против ова решение е дозволена посебна жалба по која одлучува повисокиот суд. По правосилноста на решението издвоените докази се чуваат кај судијата на претходната постапка, одвоено од другите списи и не можат да се разгледуваат ниту можат да се користат во постапката. Издвоените записници се затвораат во посебна обвивка и се чуваат кај судијата во претходната постапка. Издвојувањето на доказите може да биде направено по барање на странките, но судот е тој што одлучува дали и колку докази треба да бидат издвоени согласно законот. При тоа, нашиот закон ја има прифатено теоријата на слободна оцена на доказите (слободно судиско уверување) како клучна доказна теорија која се заснова на фактот дека судијата суди врз основа на стекнатото убедување во постоењето, односно непостоењето на определен факт. Според оваа теорија, законот не бара од судиите да полагаат сметка за начинот врз основа на кој тие го создале своето уверување, ниту пак им пропишува правила според кои треба да ја одредуваат потполноста и доволноста на еден доказ. Од судијата единствено се бара мирно, прибрано, и со искрена совест да испитува каков впечаток на нивниот ум оставиле доказите поднесени против обвинетиот, како и во негова одбрана. Суштината на слободната оценка на доказите се состои во правото на судот да го оценуваат (не)постоењето на фактите според сопственото убедување и ваквата нивна оценка не е врзана ниту ограничена со посебни формални доказни правила. Имајќи го во предвид изнесеното може да се заклучи дека страната што обвинува (во нашиов случај СЈО) може да предложи различни докази со цел да го оправда своето постапување, поведување истрага, или поведување обвинителен акт, но она што е важно е дека само судот е тој што е надлежен да цени дали понудените докази можат да се употребат, дали се дозволени или не во судската постапка. Тужителот, СЈО може да стави се на хартија, и да понуди разно-разни, па дури и незаконски докази, но судот е тој државен орган кој мериторно проценува и на крај одлучува дали ќе им поклони верба, дали ќе ги издвои како незаконски, и што со тие докази натаму.

Меѓународната кривично-правна практика на страната на судот

Правните експерти појаснуваат дека правниот основ по кој се водел македонскиот суд е ист како и во САД и во европските држави.  Според американските закони  доказите на СДСМ би се нарекле „плодови на отровно дрво“  и тие  не може да бидат доказ во ниту една граѓанска, кривична или управна постапка.

И законските решенија од Белгија, Кипар, Шпанија, Грција, Исрка, Луксембург, Холандија, Португалија, Малта го  предвидуваат исто, што  и нашиот закон, односно доказите прибавени на противправен начин, не се допуштени во рамки на судска постапка.

И Европскиот суд за човекови права заземал став дека користењето на противправно прибавени докази, особено доказите прибавени со повреда на членот 8 од Конвенцијата кој го гарантира правото на почитување на приватниот живот може да доведе до неправична кривична постапка.

Според правото во Грција, правниот режим на доказите прибавени со предизвикување на повреда на заштитата на приватниот живот е регулиран со Уставот. Став 3 од член 19 од Уставот на Грција, усвоен со уставните измени од 2001, предрвидува дека „користењето на докази прибавени со повреда на правата од овој член (заштита на тајната на кореспонденцијата и комуникацијата генерално) како и членовите 9 (заштита на приватниот живот, фамилијарниот живот и домицилот) и 9А (заштита на личните податоци) е забрането“.

Генерално е признато дека оваа забрана е директно и веднаш применлива и дека таа ги покрива сите постапки судски и административни, дури и во отсуство на конкретни правни норми.

Според грчкиот Устав, како резултат на ова, доказите прибавени со повреда на правата коишто го заштитуваат приватниот живот треба да бидат отфрлени како недопуштени, под закана за запсолутна ништавност на кривичнатга постапка во случај на нивно користење од страна на судијата. Ова се однесува без оглед на сторителот на таа повреда (дали станува збор за јавен орган или приватно лице).

Ниту во Италија не смее да се користат докази стекнати спротивно на законот. Член 191 од Законот за кривична постапка на Италија ја уредува допуштеноста на доказите во кривичната постапка во Италија. Според оваа одредба, доказите прибавени со предизвикување на повреда на забраните предвидени со закон, не можат да бидат употребени.

Неможноста за нивна употреба може да биде проверена/верифицирана од орган на државата во која било фаза на постапката. Што се однесува до прислушување на разговори или комуникации, член 271 од Законот за кривична постапка на Италија во став 1 и 3 се предвидува дека „резултатите од прислушување не можат да бидат користени доколку истите биле реализирани надвор од оние случаи предвидени со законот или доколку одредбите од член 267 (коишто ги дефинираат условите и формите на овластување) и член 268 ставовите 1 и 3 (начини на извршување на операциите) не биле почитувани. Во секоја инстанца на постапката, судијата кој ја поседува документацијата од прислушувањата предвидени со став 1 и 2 од овој член обезбедува истите да бидат уништени, освен доколку тие не претставуваат предмет на кривичното дело“.

Докази како оние на Заев не поминуваат ни во Шпанија, Португалија, Холандија…

Во шпанското законодавство оваа материја ја регулира Органскиот закон 6/1985 од 1 јули за судската власт, во членот 11.1, во кој се вели дека „доказите прибавени директно или индиректно со повреда на фундаменталните слободи и права не можат да предизвикуваат правни ефекти“.

Уставот на Португалија во член 32 предвидува дека доказите прибавени преку упад во приватниот живот (како овие на Заев), особено преку следење на комуникациите, ќе се сметаат за ништовни. Се смета дека кривичниот прогон во никој случај не ја легитимира употребата на неовластено прибавени докази. Во став 8 од членот 32 децидно се предвидува дека сите докази прибавени на противправен начин, вклучително и преку упад во приватниот живот и домот, а особено преку следење на кореспонденцијата и телекомуникациите ќе се сметаат за ништовни.

Членот 359 а од Законот за кривична постапка на Холандија предвидува дека доказите обезбедени со кршење на човековите права, вклучително и правото на приватност, се исклучуваат и не можат да послужат како докази во прилог на обвинението, па дури и недопуштеност на обвинението, доколку доказите во прилог на истото биле обезбедени со сериозно прекршување на човековите права.

Во Ирска, пак, прибавувањето на докази за кое ќе се констатира дека било свесно и намерно направено на начин со кој се кршат уставните и законските гаранции за заштита на правото на приватен живот неминовно ќе доведе до изземање на таквите докази, односно нивно прогласување за недопуштени во текот на кривична постапка во која биле предложени.

Инаку на изработката на Законот за кривична постапка, според кој судот ја носи одлуката, работеа експерти кои важат за блиски до СДСМ. Работната група беше предводена од професорот Гордан Калајџиев, за кој се верува дека е еден од советниците на Заев, а дел од групата беше и професорката Гордана Бужаровска, која јавноста ја поврзува со СДСМ.

Целта е да се обесхрабри загрозувањето на фундаменталното право на почитување на приватниот живот

Целта на овие македонски, европски и американски законски решенија, смета Климовски, е да се обесхрабри загрозувањето на  фундаменталното право на почитување на приватниот живот преку одбивање на доказите прибавени на противправен начин, вклучително и преку загрозување на правото на приватност. Во спротивност, секој кој би стекнал вакви материјали би можел истите да ги користи и за тоа да не сноси никаква одговорност за нивна дистрибуција или закана за дистрибуција во јавноста. Со тоа приватниот живот на секоја граѓанин во Република Македонија не би постоел, односно целосно би се укинал со обелоденување, односно прикажување во јавноста.

Со логиката на постапувањето на Заев, СДС и СЈО, за жал, тоа е сосема нормално кога се работи за другите. Затоа СЈО како алката на СДС ги преслушува и истражува само прислушкуваните разговори на функционери од спротивните политички партии. Заев своите разговори и оние на своите луѓе најверојатни ги задржал кај себе, за да си обезбеди механизам за “дисциплинирање” во своите партиски редови. Можеме да замислиме што македонскиот би направил македонскиот Фауст како премиер на Владата на Република Македонија со овој аморален, криминоген начин на функционирање, вели Климовски.

Денес, кога имаме високоразвиена технологија на полето на следењето на комуникациите, при нејзина евентуална злоупотреба од страна на криминални групи, особено при масовно прислушување на разговори, може да доведе до загрозување на приватниот живот и да биде алатка во нивните раце за уцени од разни мотиви, изнуди на пари и услуги и да доведе до целосен распад почнувајќи од семејните односи, па се до деловните и политичките реалции меѓу поединци или групи, предупредува професорот.

Исто така, вадењето од контекст на кажаното во тие разговори и нивното паушално поврзување со одредени фикции и нивно третирање како правни настани кои воопшто не се ни случиле води кон единствен заклучок, а тоа е дека институцијата која ги третира тие незаконски прибавени прислушкувани разговори (СЈО) работи непрофесионално и политички мотивирано. И токму затоа професоналното и законитото работење на судот кој постапува по нивните предмети им беше пречка во остварување на нивната политичка агенда. Кога политиката ќе се наметне врз правото, и кога таа ситуација ќе премине на теренот на правосудството, не можеме да очекуваме реализација на правдата, бидејќи правдата е тоа што е вградено во правните норми. Затоа сите повици од одредени „засегнати“ поединци (читај „независни аналитичари и експерти“, протестирачи (читај Шарена револуција), невладини организации (читај Сорос) или политички партии (читај СДС) за правда, се само хистерична мимикрија на она што значи право и правда во Република Македонија.

Преку случајот со објавување на незаконски приватни разговори и нивно користење за уцени и изнуди, правото и правдата се категории од кои погоренаведениве се светлосни години одалечени од нив. Таквата правда базирана на незаконски прислушкувани приватни разговори и таквото право кое го наметнаа со противуставни договори (читај Пржински договор) за која тие се залагаат значи неправда за секој граѓанин во Република Македонија, завршува Кломовски.

Тодор Петров: Според Уставот, граѓаните имаат загарантирано право на локална самоуправа

Мандатите на градоначалниците не се лимитирани и траат до изборот следните, но не подолго од оваа година. Според Законот за локална самоуправа, постои неизедначеност помеѓу мандатите на градоначалниците и советниците, вели Петров.

Уставниот суд мора да реагира за продолжување на мандатите на градоначалниците. Во спротивно ќе настане хаос во функционирањето на општините, смета Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес и добар познавач на Уставот. Според него, постои нелогичност во траењето на мандатите на градоначалниците и советниците и затоа Уставниот суд мора да реагира.

Мандатите на градоначалниците не се лимитирани и траат до изборот следните, но не подолго од оваа година. Според Законот за локална самоуправа, постои неизедначеност помеѓу мандатите на градоначалниците и советниците. Советниците се избираат за време од четири години и тој мандат истекува овој месец – објаснува Петров за Телеграф.мк.

Според него, граѓаните во ниеден случај не смеат да да останат без локална самоуправа која им е неопходна за секојдневните работи во местата каде што живеат.

– Според член 14, став 1 од Уставот, загарантирано е правото на граѓаните на локална самоуправа. Засега Собранието ја има суспендирано локалната власт бидејќи само претседателот на законодавниот дом може да ги распише локалните избори – додава Петров.

Петров бара и измена на делот во Изборниот законик каде што стои дека локалните избори се одржуваат во правата половина на мај. Се бара тој термин да се избрише и Собранието да утврди нов.

Покрај иницијативата на Петров, до Уставниот суд посебна иницијатива достави и Министерството за локална самоуправа. Во неа се бара да се преиспита уставноста на спорните членови 35 и 49 од Законот за локална самоуправа кои се однесуваат на мандатите на градоначалниците и советите. Таму стои дека тие се со мандат од четири години, но не е прецизирано што би се случило доколку не бидат распишани нови избори, како што е случај сега.

Засега нема информација кога и дали Уставниот суд ќе се произнесе за овие иницијативи. На интернет-страницата на судот стои дека на 10 мај ќе има разгледување на уставноста на две иницијативи, но тие не се поврзани со локалните избори.

ОФАНЗИВА ПРОТИВ МАФИЈАТА: Унгарија тргнува со закони против октоподот на Сорос

Унгарската држава тргнува со закони против октоподот на американскиот милијардер Џорџ Сорос. НВО мафијата ќе треба да ги објави изворите, сумите и целта на финансиранјето од странство.

Медиумската куќа „Брајтбарт“ на главниот советник на Доналд Трамп, Стив Бенон ги најави новите закони во Унгарија со кои се воведува јавност, отчетност и транспарентност во финансирањето на НВО мафијата на Џорџ Сорос.

Унгарската владејачка партија до законодавството ќе предложи легислативи преку кои ќе ги принуди невладините организации да го откријат изворот, висината на паричните средства кои ги добиваат, како и целта на финансирањето, пишува „Брајтбарт“.

Лајош Коса од конзервативната партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан, во петокот изјави дека намерата е да се расветли начинот на финансирање на групи од странски извори, кои се обидуваат да влијаат во Унгарија. Коса рече дека Нацрт законот ќе биде поднесен до парламентот следниот месец.

Унгарскиот премиер Орбан постојано ги критикува невладините организации финансирани целосно или делумно од филантропот Џорџ Сорос, опишувајќи ги како “странски агенти” кои сакаат да го поткопаат авторитетот на избраните претставници. Локалната канцеларија на „Транспаренси Интернешнл“, Унгарската унија за граѓански слободи и унгарскиот Хелсиншки комитет се посочени од страна на Владата на Орбан.

ВАЖНО: Од утре обврска за зимска опрема во возилата

Од утре, 15 ноември, во сила стапува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот, информира Авто-мото сојузот на Македонија. Обврската ќе трае до 15 март 2017 година.

АМСМ соопшти дека сообраќајот на сите државни патишта утрово се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Ако не ви дадат одмор, треба да ви го платат – знајте ги вашите работнички права

Работникот има право на паричен надоместок за неискористените денови од годишниот одмор само доколку тој го побарал, а не му било овозможено да го користи. Со исплатата на паричниот надоместок по основа на неискористени денови од годишен одмор, се смета дека работникот целосно го искористил годишниот одмор.

Работничките права на македонските работници, правата за надомест, отсуство од работа и слично, може да се најдата на новата синдикална веб-страница www.rabotnickiprava.mk, која е пуштена во употреба денеска во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за пристојна работа – 7 октомври.

Целта е да се овозможи полесен пристап до информации за работничките права. Има намена да ги едуцира и информира работниците со цел да бидат подобро запознаени со своите права, како брзо да реагираат и да се заштитат.

Веб-страницата е заедничка активност на сите синдикални организации во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, на сите нивни членови и за сите оние кои имаат потреба од заштита. Финансирана е од Европската унија преку проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, а е реализирана од Меѓународната организација на трудот – МОТ. Со ова официјално започнува и медиумската кампања наменета за подобра заштита на правата на работниците, и со цел обезбедување поголема нивна благосостојба.

Страницата е поделена во неколку категории со цел корисниците лесно и брзо да може да се снајдат. Дискриминација, мобинг, колективно договарање, право на одмор, плата – се само дел од темите кои се поставени на насловната страница. За истакнување е делот за често поставувани прашања, каде работниците може да се информираат од туѓите искуства и да се охрабрат да ги постават своите прашања со цел да решат некакви проблеми.

Веб-страницата www.rabotnickiprava.mk се промовира на Светскиот ден на пристојна работа, кој традиционално секоја година се одбележува на 7 октомври насекаде низ светот. Целта е работниците да добијат гаранција за своите права, сигурност, подобра плата и подобри услови за работа, што севкупно ќе придонесе подостоинствен работен век секому.

ПРЕДИЗБОРЕН БЛЕФ: СДСМ без консензус предлага закон за кој се потребни 82 гласа

ЗА ВЛАСТА, ЗАKОНИТЕ ЗА СЈО СЕ ПРЕДИЗБОРЕН МАРKЕТИНГ НА ОПОЗИЦИЈАТА

Тера ли опозицијата политички маркетинг со предлозите што ги бараше специјалната обвинителка Kатица Јанева за продолжување на мандатот на СЈО и специјалното обвинителство да има автономија при постапувањето со заштитените сведоци?

Дилемата произлегува откако прво СДСМ неуспешно се обиде по скратена постапка да поминат двата закона во Собранието и ден по ова, пратеникот Павле Трајанов повторно ги врати истите предлози во парламентот, но во редовна процедура. Поентата е дека за продолжување на мандатот на специјалното обвинителство е потребно двотретинско мнозинство или 82 пратенички гласа.

Ова според актуелната позиционираност на партиите во Собранието е речиси невозможна мисија, особено по цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржат никаков предлог кој не е дел од договорот од Пржино.

Главните аргументи на партијата на Никола Груевски се дека и двата предлога не се дел од пржинските процеси и оттука немаат намера да ги поддржат.

Поопширно во печатеното или во електронското издание на Дневник

НЕПИСМЕНОСТ И ДВОЈНИ АРШИНИ: СЈО се избрука со „Трезор“ – бараат мерки по погрешни членови

Во врска со вториот предлог на СЈО кој се однесува на правно лице опфатено во предметот „Трезор“, а воедно и за двојните аршини на СЈО како и за нивното двојно постапување кон Основен суд Скопје 1 – Скопје, Кривичниот суд ја информира јавноста дека судија на претходна постапка на 29.09.2016 година го доби предлогот од СЈО со кој обвинителството предлага мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правно лице согласно член 202 ст. 1 и 2 од ЗКП со која мерка се бара забрана за користење и располагање на сите трансакциски сметки на конкретното правно лице која ќе трае се до правосилно завршување на кривичната постапка, со цел да не биде доведена во прашање наплата на имотно правно побарување за надомест на штета.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на Основен суд Скопје 1

Судијата на претходна постапка, во законски утврдениот рок од 12 часа по добивање на предлогот, односно истиот ден 29.09.2016 година, откако увиде дека предлогот е некомплетен, до СЈО достави барање да се уреди конкретниот предлог на начин што ќе се наведат банките и трансакциските сметки на правното лице, бидејќи обвинителот во барањето изоставило да ги наведе и барањето е општо и неопределено за кои сметки и за кои банки се однесува.

Воедно и од причини што барањето на СЈО гласи да се изрече забрана за користење и располагање со трансакциски сметки по член 202 ст.1 и 2 од ЗКП, како што го предложиле од СЈО, во суштина кога ќе се види законот ваква одредба не постои па од овие причини судијата побарал СЈО да се произнесе дали можеби бара привремено одземање на имот или предмети, бидејќи запирање на извршување на финансиски транскации е определено со членот 200 ст.7 од ЗКП, па судијата побарал од СЈО да се наведат точни.

СЈО на 03.10.2016 година до судијата доставил  одговор дека за претходно наведеното не се во можност да достават уреден предлог,  но сега се повикуваат по член 200 ст.7 од ЗКП, иако претходниот предлог го поднеле по сосема друг член, од причини што наведуваат дека за барањето за податоци се обратиле до одредена банка од каде се уште не добиле одговор, а кога ќе ги добијат бараните податоци ќе поднесат уреден предлог по точниот член од ЗКП кој им го преточи судијата.

По јавните прозивки на квази експерти и „професионалци“ во нивното „професионално работење“ и гостување по најразлични телевизиски шоуа го претворија правосудниот систем во шоу парада, а истите Основниот суд Скопје 1  – Скопје со своето „длабоко незнаење“ го претставуваат дека има двојни аршини. За двојните аршини на СЈО и квази експертите сама нека процени јавност зошто судот ваквиот предлог и сите предлози доставени од нивна страна дури по три пати ги враќа на нивна корекција како би можел да одлучи.

Во прилог членовите од Законот за кривичната постапка.

Член 200

Постапување со податоци кои се банкарска тајна, имот во банкарски сеф, следење на платен промет и трансакции на сметки и привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции

(7) По образложен предлог на јавниот обвинител, судот со решение може да им наложи на финансиска институција или на правно лице привремено да го запрат извршувањето на одредена финансиска трансакција или работа, а имотот привремено се одзема.

Член 202

Привремено одземање на имот или предмети заради обезбедување

(1) Судот може во кое било време во текот на кри- вичната постапка да донесе, по барање на јавниот об- винител, привремена мерка одземање на имот или предмети кои според Кривичниот законик треба да се одземат, мерка запленување или друга неопходна при- времена мерка за да се спречи користењето, отуѓување- то или располагањето со тој имот или предмети.

(2) Барањето на јавниот обвинител од ставот (1) на овој член содржи:

– краток опис на кривичното дело и неговиот закон- ски назив,

– опис на имотот или предметите што потекнуваат од извршување на кривично дело,

– податоци за лицето што го поседува тој имот или предмети,

– докази на кои се засновува сомневањето дека имотот, односно предметите, потекнуваат од кривичното дело и

– причини за веројатноста дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозмо- жено одземањето на имотот или предметите.

ПУ, ПУ НЕ ВАЖИ: СДСМ не кажува зошто лани им беа доволни 18 месеци за СЈО, а сега им се малку

Пред една година СДСМ без збор се согласи да го потпише Законот за специјалното јавно обвинителство кој готов им беше ставен на маса на 4-те партии од страна на Белгиецот Питер ван Хут, а во кој е јасно пропишан рокот од 18 месеци во кој СЈО треба да ги заврши истражните постапки и да поведе обвиненија. Сега за истиот СДСМ тој потпис не важи

Пред една година СДСМ без збор се согласи да го потпише законот за специјалното јавно обвинителство кој готов им беше ставен на маса на 4-те партии од страна на Белгиецот Питер ван Хут, а во кој е јасно пропишан рокот од 18 месеци во кој СЈО треба да ги заврши истражните постапки и да поведе обвиненија.

Сега за истиот СДСМ тој потпис не важи, ами ревносно се борат, поддржани од странците, рокот на СЈО да му биде продолжен. Со други зборови, по којзнае кој пат за СДСМ, а сега и за странците-посредници во потпишувањето, пржинскиот договор по извесно време станува парче хартија.

Ова го потврдија и самите судејќи според изјавата што ја испратија како одговор на прашањето на „Дневник“: Зошто сега, а не пред да се изгласа законот, не го отворија прашањето за рокот на СЈО? Целта е намерно одолжување на актуелната криза или нешто друго?

Пишува: Искра Kоровешовска
Поопширно во печатеното или електронско издание на Дневник