Смрт наместо живот: Никој не одговара за тоа што умираат бебиња

Низа трагедии ја потресоа македонската јавност, неколку семејства се завиени во црно затоа што им умреа најмилите, а Владата на чело со Зоран Заев си молчи.

Црн биланс ги одбележува случувањата во македонското здравство изминативе неколку месеци. Умираат бебиња и деца во клиниките ширум Македонија, а Заев си тера кампања за да придобие гласачи за своите кандидати за градоначалници.

Дрско е и арогантно премиерот да ветува подобар живот додека бебиња и деца умираат во клиниките кои сега се во надлежност на неговата Влада и каде тој постави директори од својот партиски кадар.

Две ипол годишно дете од Велес почина пред неколку дена на Детска клиника. Детето било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест, односно тешка општа состојба со знаци на сепса и менингитис. Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести. Според неофицијални информации, детето веднаш не било пренесено на интензивната нега бидејќи немало место. Веќе Канал 5 објави дека токму на интензивната нега се располага само со шест места за итни деца, за што е добиена и потврда од шефот на одделот Лилја Којиќ.

Хорор во здравството, Заев си тера кампања!

Случајот со починатото детенце на Детска клиника е само една од низата трагедии кои ја потресоа цела јавност, откако Заев е премиер, а неговите луѓе се поставени како директори на клиниките.

Додека премиерот Зоран Заев си тера кампања, во македонското здравство се случува вистински хорор и хаос. За жал, смртните случаи во болниците стануваат се почеста појава, а никој од одговорните се уште нема понесено никаква одговорност.

Минатата сабота во тетовската болница почина триесетгодишна родилка, а неколку дена подоцна почина и бебето, кое беше беше префрлено во Детската клиника во Скопје.

Шест дечиња ги загубија животите за само неколку дена во месец август. Четири новороденчиња починаа на ГАК, две ипол годишно детенце во Охрид и 7-месечно бебе во Струга. Црниот биланс е поголем. Вкупно 9 дечиња ги загубија животите за само два месеци.

Наместо живот, смрт: Иднината на државата умира по болниците, Владата нема одговор за смртноста на новороденчињата!

Бебиња и деца умираат, а Владата избегнува одговорност обидувајќи се да ги заташка грозоморните случаи. СДСМ ветуваше дека ќе донесе живот во Македонија, а наместо живот донесе смрт. По секоја трагедија, Заев молчеше и згора на тоа се обидуваше да го заташка случајот за да се спаси себеси и неговите соработници од одговорност. Во друга држава, премиерот лично ќе бара одговорност, ќе ги истражи случаите, а ако се докаже дека во прашање се грешки на луѓето кои сам ги постави на функции, треба да си поднесе оставка. Но, Заев е зафатен со одржување на митинзите и за големите потресителни трагедии, очигледно нема време. Одговорност од Заев бараат дури и неговите најжестоки поддржувачи.

Живот за сите, освен за бебињата?!

Дури и најжестоките поддржувачи на Заев и неговите политики, излегоа со остри пораки за ваквиот игноранстки однос на Заев и неговите министри пред големите трагедии.

Со низа критики за постапките и непревземањето одговорност од страна на Заев и за неговите луѓе излезе и Сашо Ордановски. Тој во колумна насловена како „Живот за сите, освен за бебињата?!“, удри по политичарот чии постапки со години јавно ги фалеше и поздравуваше.

-Во нормални држави, кога ќе ви умрат 130 бебиња за неполни десет месеци во главното државно породилиште во земјата, се одлагаат сите други активности и се решава тој проблем ИТНО и БЕЗ ОДЛАГАЊЕ! Само во Македонија може да се случи надлежниот министер (за здравство) да се даде во нова изборна кампања, додека има криза од ваков обем во ресорот, а при тоа да се надева и дека ќе ги добие изборите! И само во Македонија премиерот ветува здравствени ДОНАЦИИ, качен на бина на предизборен митинг – дополнителен популистички митингашки безобразлук е што тоа ќе го направел со парите заработени од продажбата на мајбахот на Грујо! Па, каков „Живот за сите“ ветува Заев по митинзи, кога ни/му умираат бебиња по државни инкубатори како да се вински мушички?! И кои се тие други приоритети во државата, за надлежното Министерство да не може да набави – без тендер! – толку нови инкубатори (20, 50, 100?) колку што се неопходни. Всушност, зошто веќе ВЧЕРА, итно и без одлагање, не се набавени тие неопходни апаратури?!, напиша Ордановски.

Јоци: Каде се сега шарените, оние кои се вработија во влада да реагираат за смртните случаи на бебиња

Нема кој да организира протест за 6 починати бебиња за десет дена. Ни да пише отровна колумна, да гукне бар. Сите “граѓански активисти”, кои, претходно се колнеа во чесност и партиска необоеност, се вработени во Влада, по кабинети, носат бурек, точат зелка за некој министер, напиша Јорданка Ивановска – Јоци на својот Фејсбук профил.

-Вазалство е мал збор. За греота е правиот. Направија кариери врз мртви деца, а сега си прават селфија, пишува Јоци.

Ивор Мицковски до Владата на СДСМ: Сега се молчи за бебињата, ќе преземе ли некој одговорност, а партиски слуги дволични?

Вистински хорор и хаос се случува во македонското здравство во последниот период, смртните слуачаи по болниците во Македонија стануваат се почести. Лошите политики на новата власт во здравството, наидоа на голема и силна критика и кај луге од СДСМ. Ивор Мицковски е уште еден во низата кои јавно излегоа со критика за работата на оваа Влада, тој прашува дали некој конечно ќе преземе одговорност.

-Имаме министер за здравство кој си брка политика. Сега се молчи за бебињата, а директорката кажа, ништо не се инвестира, ништо не е подоборено. Ќе преземе некој одговорност, ќе преземе некој одговорност нешто да подобри, а партиски слуги дволични?!, напиша во статус на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Ставриќ: Катастрофа!

Лошото менаџирање со здравството кое го прави новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, наиде на остра критика и кај доктор Дејан Ставриќ, кој организираше протести против поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој вели дека кадровските промени кои ги направи новата власт штетни, а доколку не се реагира соодветни, последиците би можеле да бидат сериозни според него.

-Катастрофа! Се боревме да го смениме амбиентот, квази реформите и ступидните проекти кои доведоа до смртни последици и енормни долгови, а што добивме? Само континуитет, бидејќи де факто во здравствениот систем ништо не е сменето. Состојбата не е само наследена, нема реална и суштинска промена, нема нови програми, туку само кадровски промени кои во поголем дел ја продолжуваат штетната политика во работењето на своите претходници. Доколку не се реагира соодветно, последиците можат да бидат посериозни, а крахот би бил неизбежен, предупредува д-р Дејан Ставриќ, поранешен прв синдикалец на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје, во изјава за Дојче Веле.

Познавачите на состојбите велат е навистина загрижувачки фактот што и понатаму продолжува низата на трагичните случаи на македонските клини, тие велат дека овие четири месеци се најцрниот период во нашето здравство. Тие велат дека некој мора да понесе одговорност за оваа состојба и големиот број на смртни случаи, од кои најголем дел се деца и новороденчиња.

Граѓаните бараат одговорност од раководните лица во врвот на власта, бидејќи како што велат во здравството се случува вистинска чума, откако Зоран Заев е премиер.

Ивор Мицковски до Владата на СДСМ: Сега се молчи за бебињата, ќе преземе ли некој одговорност, а партиски слуги дволични?

Вистински хорор и хаос се случува во македонското здравство во последниот период, смртните слуачаи по болниците во Македонија стануваат се почести. Лошите политики на новата власт во здравството, наидоа на голема и силна критика и кај луге од СДСМ. Ивор Мицковски е уште еден во низата кои јавно излегоа со критика за работата на оваа Влада, тој прашува дали некој конечно ќе преземе одговорност.

-Имаме министер за здравство кој си брка политика. Сега се молчи за бебињата, а директорката кажа, ништо не се инвестира, ништо не е подоборено. Ќе преземе некој одговорност, ќе преземе некој одговорност нешто да подобри, а партиски слуги дволични?!, напиша во статус на Фејсбук, Ивор Мицковски.

ЗА НИВ НЕ ДОЈДЕ ЖИВОТ: За 40 дена во Македонија починаа 11 бебиња

11 новороденчиња починаа за помалку од 40 дена. Ова е црната статистика која го одбележува владеењето на СДСМ и министерот за здравство Таравари.

Неизнесувањето став за „црната ноќ“ кога починаа четири бебиња, од страна на Павле Богоевски, Влатко Васиљ, Ивана Туфекџич, Замир Мехмети и останатите активисти и гласноговорници на „шарената револуција“, говори за двојни стандарди и механизми кои служеле само за доаѓање на власт и немање морален кодекс. Бруталната кампања која ја водеше тогаш опозициската СДСМ а потпомогната од членови на шарената револуција против екс министерот за здравство – Никола Тодоров, доведе до атентат на Тодоров кој за малку ќе го загубеше животот – пишува порталот Денешен.

Според Денешен, Македонското здравството „на колена“ пред потребите на македонските граѓани. Комисијата за стручен надзор, формирана од страна на министерството за здравство, констатираше дека последниот случај со четирите новороденчиња кои за една вечер починале на Клиниката за гинекологија се резултат на ризична бременост и предвремено породување.

Пренатрупаноста на одделот за интензивна нега, недостиг на персонал и несоодветни хигиенски услови се едни од главните причини за зголемување на морталитетот кај новороденчињата. Докторите бараат нова опрема и вработување на стручен кадар. Д ежурната лекарка која требало да се грижи за нив а си заминала од работа среде смена, веднаш е суспендирана. Бебињата починаа ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица на клиниката за гинекологија во Скопје. Во моментов се собираат извештаи од докторите и медицинските сестри кои биле на работа таа ноќ а на терен е и државната инспекција која испитува дали има пропусти во хигиенско санитарните услови. – анализира порталот.

Министерот Таравари сам на себе советник – Ќе си плаќа по 200 евра за да се советува самиот себе

Министерот за здравство и невролог на скопските клиники Арбен Таравари за 200 евра, односно 12.000 денари месечно е именуван за национален советник – за тие пари требало, освен другите колеги и тој самиот себе си да си се советув- покажува решението на министерот, објавено од Новатв.

На решението, покрај министерот Таравари се потпишани и неговиот шеф на кабинет Бесник Хамити и државниот секретар Владимир Милошев.

Министерот, пак, во изјава за медиумите вели дека тој е иден градоначалник на Гостивар и не е сигурен дали има определено надомест, оти за членство во многу комисии го укинале или редуцирале надоместот.

Решението за именување на Национални советници на Министерството за здравство е донесено на 27 јули годинава, кога министерот Таравари немаше најавено дека ќе го напушти министерското место и ќе се кандидира за градоначалник, пишува порталот Нова.

СДСМ порачува – имајте секс со кондом за да не умираат деца: Направија хаосот во здравството, а ќе го средуваат со кондоми и кондомати

Секторот во кој се споведуваа убедливо најуспешните реформи на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ се претвори во симбол на неспособноста на владата на чело со Заев. Министерот за здравство во владата предводена од СДСМ, Арбен Таравари, кој се кандидра за градоначалник на Гостовар, водејќи ја сопственат партиска кампања целосно го запостави и онака запоставеното здравство, а неговиот заменик од СДСМ, пак, Гоце Чакаровски, се занимава со кондомати и контрацептивни средства, како да се тоа клучни прашања во здравствениот систем.

Во јавните здравствени установи низ државата не работат компјутерски томографи, ангиографи и бројни други апарати, а пациентите од целата држава се принудени да патуваат по стотици километри до Скопје во состојба кога и секундите може да значат живот.

Во цела Источна Македонија не се вршат никакви процедури на ангиографите и пациентите со инфаркт се оставени на немилост и се препраќаат за Скопје. Нема термини за важни дијагностички процедури и постојано се зголемува времето на чекање во Мој термин и за најобични рутински прегледи кај специјалист.

Владата ја укина обврската на докторите за задолжителни обуки во странство и се оставени да работат со застарени методи.

Владата на Заев ќе го закопа здравството: Укината задолжителната обука во странство

Во парламентот во рамките на 12. седница донесени се измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите. Овие измени, односно укинувањето на обврската на докторите за задолжителни обуки во странство, ги предложи владата на СДСМ. (продолжете со читањето ТУКА)

Главна преокупација на СДСМ е поставување раководни кадри по партиска и семејна линија и целосно партизирани управни одбори со некомпетентни членови.

За тоа време, заменик-министерот Чакаровски наместо да се фокусира на клучните теми во здравството, гордо најавува „реформи“ во здравството со набавка на кондомати.

Социјалните мрежи вријат од осуди кон заменик-министерот и СДСМ кои не преземаа никаква одговорност за смртта на повеќе новороденчиња минатиот месец, а сега на крајно ноншалантен начин промовираат кондомати како „клучна реформа“ за помал број починати новороденчиња.

Владата на Заев ќе го закопа здравството: Укината задолжителната обука во странство

Во парламентот во рамките на 12. седница донесени се измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите. Овие измени, односно укинувањето на обврската на докторите за задолжителни обуки во странство, ги предложи владата на СДСМ.

Според Јагода Шахпаска од СДСМ причината за укинувањето на обуките во странство е затоа што тој проект не се покажал корисен и продуктивен.  Таа појасни дека со новиот закон обуките, стручното усовршување на докторите ќе се прават согласно потребите на јавната здравствена установа и оти ЈЗУ, ќе биде таа што ќе ги намири трошоците за обуките.

Покрај ова со предлогот се укинува обврската за полагање стручен испит по завршување на втора година студии, ангажирањето професори и користење стучна литература од странски универзитети, проверката на докторите кои имаат 25 години работен стаж, како и видеоснимањето на сите интервенции.

Новото законско решение ќе се применува за студентите запишани од 2014/2015 година,а оние од учебната 2013/2014 година ќе студираат по постојното законско решение.

Реакции за овие измени имаше на Фејсбук-профилот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој посочи дека резултатите покажуваат дека над 2.000 лекари и стручен медицински персонал посетувале обуки во голем број реномирани здравствени центри и установи. Тие потоа во македонското здравство вовеле многу новини при лекувањето на пациентите. Истовремено овие придобивки се вклучени во стоте најуспешни проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа тема во Парламентот реагираше Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека во здравството се случува хаос и оти новата Влада го прекинала најголемиот проект во здравството, изградбата на Клиничкиот центар.

Неговиот сопартиец Горан Манојлоски посочи дека специјалистите очекуваат СДСМ да го оствари ветувањето од 100.000 плата и праша колку специјалисти заминале во изминатите 3 месеци.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ исто така реагираше и посочи дека уште во првите 100 дена можело да се види неодговорноста во здравството, но и присуството на арогатноста во овој сектор.

Милошоски: Денес здравството го води човек кој што не верува дека треба да е министер за здравство

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антоиот Милошоски денеска од собраниската говорница истакна дека  здравството денес го води човек кој што не верува дека треба да е министер за здравство.

-Дали ова значи дека министерот за здравство во моментов не е ниту министер за здравство, ниту градоначалник или си води кампања на терен додека некој им говори на студентите по медицина дека имаме добар предлог кои што ќе подобри некои работи во здравството. Или пак министерот  Таравара кој на прес-конференција премиерот Заев кажа дека е многу задоволен од  неговата работа не верува дека овој предлог закон е добар или не е спремен да го брани или не го прочитал, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека во овие 100 дена од новата Влада можевме да се увериме каква неодговорност се случуваше во здравството.

Трибина на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: СДС постави лоши кадровски решенија кои за жал не покажаа некаков резултат во овие 100 дена

Трибините насловени „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ- Знаеме како, можеме подобро“ е најновиот начин на партијата за комуникација со граѓаните. Денешната трибина ја одржа Комисијата за здравство.

Докторот Виктор Камиловски кој говореше на трибината истакна дека Владата на СДСМ во првите 100 дена ја задолжиле Република Македонија за 350 милиони евра, со кои пак можело да се купат најсовремени апарати за дијагностицирање на пациентите или да се реновираат болнички капацитети.

-Дали со ова министерот Таравари си го дигна рејтингот па можеби одлучил да седне во градоначалничката фотелја, тоа е сепак негово право. Но, сепак она што се забележува е брзото поставување, час поскоро на директорите, на функционерите од нивните партии иако во стартот беше најавувано дека тоа нема да бидат партиски луѓе, туку ќе бидат професионалци, истакна Камиловски.

Според него, за да се задоволат партиските барања биле поставени доктори кои ја немаат адекватната специјализација за да можат да ги менаџираат Јавните здравствени установи.

-Веднаш по седнувањето на министерското столче кажа дека лекарите ќе имаат плата од 100.000 денари. Она што е важно како интелектуалци и како доктори, треба да знаеме дека работите треба да се покажуваат во правилно светло, односно да се изговараат со вистинското име, а не со манипулативна политика каде што своите грешки партијата СДС, односно ресорниот министер Таравари сака да ги трансформира вредности и личен успех, посочи Камиловски.

Вели дека она што тој го забележал е концентрацијата на лошите кадровски решенија кои што за жал не покажаа некаков резултат во овие 100 дена.

Не можеме да го премолчиме значителниот напредок на здравствениот систем што го имаше во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истиот напредок на македонското здравство е признат и од најрелевантниот показател за фунцкионирањето на здравствените системи во Европа, а тоа е Европскиот здравствен потрошувачки индекс. Република Македонија за една година успеа да оствари напредок од цели 11 места, така што од 27 во 2011, Република Македонија успеа да се издигне на 16 место во 2014, истакна Марија Андоновска.

Според неа, ова е показател дека Република Македонија стана една од водечките земји, како во регионот, така и во земјите од Југоисточна Европа, а како што рече, Македонија избила пред Шпанија, Словенија, Бугарија, Грција.

-Неоспорен факт е и континуирањето инвестирање во набавка на најсовремена медицинска опрема, појаснува Андоновска.

Посочи дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт контиунирано било инвестирано во медицинска опрема, основана била Државната кардиохирургија, изграден е објектот на ПЕТ Центарот, изграден е комплетно нов објект на Детската клиника во Козле, изграден е нов современ објект за цистична фиброза, изграден е нов објект за Клиниката за гинекологија и акушерство, реконструирани се и изградени повеќе болници на територијата на Република Македонија.

-Проектот „Мој термин“ е една исклучителна мерка која не искачи исклучително високо и со која што ние ги избегнавме оние нереди, оние чекања, оние турканици, нервои кои што претходно ги имаше во ходниците. Така што, со самото тоа пациентите добиваат навремена и квалитетна здравствена услуга. Се воведе некој ред и самото тоа се препорачува да биде преземно, истакна Андоновска.

Додаде дека тој систем веќе е препорачан во другите земји, а веќе една земја во целост го презела системот „Мој термин“.

Со доаѓањето на новиот министер кој што е во заминување и кој што направи една голема фама дека доаѓа од лекарската фела и дека најмногу ќе дипринесе за лекарите со своето дејствување, своето министерување го започна со Хипокретовата заклетва, за да после неполни 90 дена комплетно се повлече од сето она што го кажа, изјави денеска доктор Игор Николов, на трибината.

-Познавајќи го колегата, би рекол дека станува збор за двајца луѓе, едниот е доктор Арбен и другиот е министерот Tаравари, кој што е еедна бледа фигура која што седи на Твитер и на Фејсбук, кој што дава изјави за медиумите, кои што по извесно време ги повлекува, рече Николов.

Претходните проекти кои што се викаа „Ало докторе“, сега се викаат „Ало Таравари“, проектот „Мој термин“ и Приоритетен упат сега се решија да ги крстат Итен упат. Практично, рече Николов, нема ништо суштинско, само некои шминкерски промени што треба да дадат впечаток дека министерството на големо работи под лидерство на Таравари и дека прават некои големи и суштински промени.

-Во амбуланта доаѓаат пациенти од кои што сите викаат дека му биле роднини на министерот и бараат да бидат услужени преку ред и преку „Мој термин“. Веројатно е тоа одраз на блискоста која сакаше да ја покаже министерот, за евентуално да ги набилда своите поени, за да може потоа да се кандидира за градоначалник на еден од градовите, а ништо не направи за лекарите и за здравствениот систем, рече Николов.

Драги Јовевски на денешната трибина „Отворено со Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека министерот Арбен Таравари во овие 100 дена заборавил дека постојат стоматолошки услуги во здравството.

-Актуелниот министер буквално не презема ништо во поглед на приватните здравствени установи кои пружаат стоматолошки услуги. Буквално не се ни споменати. Инаку, во контакти со моите колеги, тие бараат зголемување на капитацијата, изедначување со докторите по медицина, на 65 денари. Колегите стоматолози бараат исто така старосните групи, односно возрасните групи, бодирањето кое што се прави кај докторите по медицина да почне да се бодираат и докторите по општа стоматологија, истакна Јовевски.

Тој појасни дека стоматолозите бараат и субвенционирање во едукацијата, поточно упатување на специјализација.

-Бараат исто така да Владата, т.е. Министерството за здравство помогне при едукацијата, поточно специјализацијата во одредени дејности во стоматологијата барем да се финансираат 50 отсто, појаснува доктор Јовевски.

Истакна дека во Македонија постојат матични стоматолози кои едвај преживаат со моменталната капитација, појаснувајќи дека тие остваруваат приходи кои се под просечната плата во јавното здравство.

-Дел од нив секојдневно ги затвораат стоматолошките ординации затоа што не можат да работат. Не се рентабилни затоа што во стоматологијата потрошниот материјал е доста скап. За еден стоматолог да отвори стоматолошка ординација потребна му е стоматолошка столица. За да ја купи, најевтината е 3.000 евра, посочи Јовевски.

Во врска со „Мој термин“ во последниот период докторите се соочуваат со проблеми, бидејќи, како што рече, нема термини. Доктор Јовевски појасни дека ако порано се чекале неколку денови, сега се чека со месеци, а некаде се чека и по повеќе од три месеци.

ЌЕ ЛЕТААТ ГЛАВИ: Таравари се заканувал на вработените во здравство и клиниките дека „ќе летаат глави“ ако протече уште една информација!

Обидите за заташкување на трагичните случаи во кои починаа 11 бебиња за 10 дена, немаа ефект, а ПР тимот на Арбен Таравари бил прв на удар. Според Инфомакс Таравари бил лут и на новата директорка во медицинскиот центар во Охрид, бидејќи дозволила информацијата за малата Анастасија да протече во јавноста, што предизвикало сериозен удар на неговиот рејтинг.

Неофицијално, пишува Инфомакс, Таравари и новата директорка имале вжештен телефонски разговор, во кој што се заканувал дека ако протече уште една информација ќе ги брка од работа. Во меѓувреме, Таравари отворил и интерни истраги за да се пронајде „молецот“ кој ги издавал информациите.

Инфомакс тврди дека истото се случувало и на скопските клиники, каде што со закани се обидувал да ги заплаши и запре сите оние кои ќе ја информираат јавноста за недоследностите и хаосот кој се случува во здравството.

Дополнително, како што неофицијално дознава порталот Инфомакс, Таравари на свој близок соработник му се доверил дека „киксот“ со трите бебиња во тетовско ги чинел 100.000 евра, кои наводно биле исплатени на семејството со барање да молчат и случајот да не го експонираат медиумски.

Претходно, се заканил и на ПР тимот кој го води фејсбук, писателот Коста Петров, со зборовите дека „ќе летаат глави“ ако протече информација за уште едно починато дете. Според Инфомакс, Таравари Зборувал дека „тој Коста“ земал многу пари, давал глупави идеи, а во јавноста Таравари веќе е етаблиран како неспособен министер. Според Таравари, неофицијално дознава Инфомакс, идејата за промоција на тројазичните табли била токму на Петров со образложение дека „Албанците не се разбирале многу“, па на тој начин ќе се префрлело вниманието од родилката и трите бебиња, а ќе се зборувало за таблите.

Хаосот во здравството не запира: И ќотек се добива на болничка постела

Нови ужасни сведоштва за условите и односот на Клинички центар се споделуваат деновиве. Порталот Мкд.мк објави сведоштво на човек кој бил натепан во болничка постела. Од ден на ден кулминираат хаосот и ужасите во здравството Таравари и Заев. Саша Цветковиќ за Мкд.мк раскажува дека неговиот внук бил физички нападнат, добил вербални закани од непознато лице, а по куса препирка бил физички нападнат и крвнички претепан во болничката постела.

Неговиот 28-годишен внук веќе седум дена е на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Семејството на Кирил Божиновски нема никакви замерки за однесувањето на персоналот и за нивната професионалност.

-Но вчера, во еден часот по полноќ, во болничката соба влегло лице на возраст од околу 30-35 години, син на хоспитализирано лице што се наоѓало во истата соба, ја почнува Цветковиќ својата приказнa.

Гостинот легнал да спие на креветот помеѓу својот татко и внукот Кирил, кој се разбудил од гласното зборување и го замолил гостинот да биде потивок. Кирил веднаш добил закани и на албански и на македонски јазик, а по куса препирка добил и ќотек во болничката постела. Цветковиќ вели дека персоналoт повикал полиција, која по доаѓањето го затекнала напаѓачот во просторијата. Напаѓачот почнал да се кара и со полицајците, им се заканил со пиштол и избегал, пишува порталот.

-Внукот е сега преместен во соба 318, каде што го продолжува лекувањето. Како граѓанин на оваа држава, како човек што гласаше за промени, апелирам до сите надлежни органи да преземат мерки и да спречат во иднина вакви работи да не ни се случуваат, вели Цветковиќ и најавува можна тужба против болницата, која дозволила ваков јавашлук и безредие, и против насилникот.