ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА: Државниот апарат главен мотор во изборната кампања на СДСМ (ФОТО)

Лентата со која СДСМ упорно „верглаше“ пред да дојде на власт, дека претходнaта власт не ја раздвојувала државата од партијата, сега на голема врата го промовира како некоја традиционална вредност.

Прво, протестираа и злоупотребуваа секакви можни сценарија за наводно погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ која под опсада го држел целиот народ, бидејќи не постоело јасна дистинкција помеѓу партиските и државните активности, за сега да ни ги покаже „транспарентно“, нејзините манипулации.

Слика која секојдневно се повторува во текот на предизборната кампања е како министри од Владата на СДСМ, државни службеници, директори и разни други функционери, во работно време и со државни ресурси учествуваат митинзи на својата партија. Оттука се поставува и прашањето дали можеби кандидатите на СДСМ за градоначалници стојат толку лошо, па потребен е дополнителен притисок и ветер во грбот на ваков начин?

Амбиентот е засилен со уште позастрашувачки момент, кога кандидати на СДСМ за градоначалници, одат од врата на врата, дома кај гласчи во придружба со министри да агитираат за нивни гласови.

А, предничи, секако, не кој било министер, туку лично министерот за внатрешни работи, првиот полицаец во државава, Оливер Спасовски.

Каква порака сака да им се даде на граѓаните со ваквиот начин на водење кампања?

Покажување на моќ, сила и дискретно заплашување се методите кои од стартот ги користи новата влада на Зоран Заев. Методи кои секаакао не одат ниту во нејзина корист, ниту во корист на државата со сите битни препораки кои политичарите се обврзаа дека ќе ги исполнат во корист на придвижувањето на Македонија кон ЕУ.

Се’ што се ветуваше и за што веројатно само деклративно се заложуваше новата власт, се покажа како голема лага. Сега, никој не ги споменува ни препораките на Прибе, во сегментот на раздвојување на државата од партијата.

Нешто што сега толку елоквентно се спроведува, на очиглед и на целата стручна јавност која претходно беше толку загрижена во која насока се движела државата.

Но, веројатно кога си главен во играта, правилата и не мора да важат за тебе.

Освен Спасовски, на терен во предизборната кампања учествуваше и министреката за одбрана, Радмила Шекеринска, која ја поддржа кампањата на ДУИ во Тетово. Вицепремиерот Кочо Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Министерот за транспор и врски Горан Сугарески, пак, му беше рамо до рамо со кандатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.
А, подршка за Јовановски не изостана ниту од Министреот за надворешни работи, Никола Димитров.

  Злоупотребата на државните институции од страна на СДСM во партиски цели за време на предизборниот период е се поголема, и сите ресурси на МВР се ставени во функција на  кампањата, обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој факт го потврдува и советникот за полициски работи на Оливер Спасовски, Стојанче Ангелов, за кој медиумите објавија дека во Ранковце вршел агитација меѓу пазарџиите да гласаат за СДСМ. Тој во Ранковце пристигнал со службено возило на МВР во текот на работното време.

Грубо прекршување на Изборниот законик од страна на СДСМ се повторува и во Струмица. Изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под општината.

Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Неодамна беше објавено и дека вработени од јавното кумановско претпријатие „Чистота и зеленило“ биле пронудени во текот на работното време да делат фралери и пропаганден материјал за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, пратеникот Максим Димитриевски.

А, пак, кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски, кампања води со министерот за финансии Драган Тевдовски.

Јоци до Мила Царовска: Спиеш ли мирно министерке? Малку жал да имаше, за што те биравме? Не е твој буџетот, наш е!

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци која беше дел од шарената револуција, на фејсбук со жестоки зборови кон министерскката Мила Царовска за непреземање на мерки и помагање на слепо лице од Старо Нагоричане.

Интегрално го пренесуваме Фејсбук статусот на Јорданка Ивановска-Јоци

Ако ви се верува, а мене не, детето со оштетен вид од Старо Нагоричане, уште оди пеш до училиште, со километри, веќе цела година од објавување на прикаската, а семејството нема саниран дом или пак нов, никаква помош, иако им беше ветено од Ременски.

Станува збор за луѓе со посебни потреби.

Министерката Мила Царовска се оградила.

Спиеш ли мирно, министерке ?
Малку жал да имаше ?
Живеат на крајот на светот, во најзафрленото и пусто место. Полуслепи. Сиромашни до коска. Утепани од црната судбина.

Па, помогни им, пи*ка му матер, за што те биравме ? Не е твој Буџетот, наш е. – напиша Јоци на Фејсбук.

Joci-FB-Carovska

Димовски: Еден кандидат испукан и во животна опасност, друг претепан, на трет му вперија пиштол во глава, така е кога СДСМ е на власт

Еден кандидат во Кичево испукан и во животна опасност, друг кандидат крвнички претепан во Шуто Оризари, трет кандидат во Кавадарци беше со вперен пиштол во глава. Тоа е СДСМ, ова на својот ФБ профил го објави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој во својот статус додава и дека помладите не памтат, но така е кога СДСМ е на власт.

Министерот Таравари сам на себе советник – Ќе си плаќа по 200 евра за да се советува самиот себе

Министерот за здравство и невролог на скопските клиники Арбен Таравари за 200 евра, односно 12.000 денари месечно е именуван за национален советник – за тие пари требало, освен другите колеги и тој самиот себе си да си се советув- покажува решението на министерот, објавено од Новатв.

На решението, покрај министерот Таравари се потпишани и неговиот шеф на кабинет Бесник Хамити и државниот секретар Владимир Милошев.

Министерот, пак, во изјава за медиумите вели дека тој е иден градоначалник на Гостивар и не е сигурен дали има определено надомест, оти за членство во многу комисии го укинале или редуцирале надоместот.

Решението за именување на Национални советници на Министерството за здравство е донесено на 27 јули годинава, кога министерот Таравари немаше најавено дека ќе го напушти министерското место и ќе се кандидира за градоначалник, пишува порталот Нова.

СЕКОГАШ ПРОТИВ ЗАКОНОТ: СДСМ го злоупотребува целиот државен апарат во изборни цели

Министрите во Владата на Република Македонија, државните службеници, административците – сите заедно, во работно време, со државни ресурси, учествуваат во изборната кампања на владејачката партија. СДСМ најавуваше строга динстикција меѓу државата и партијата, но како и се друго што ветуваше, и ова се покажа како голема лага. Дури и планот 3-6-9 на Владата на Заев, според неговите зборови, е базиран на забелешките на Прибе, но досега тоа се покажало како невистина. Клучните препораки на Прибе се однесуваат токму на раздвојување на државата од партијата.

Во поднасловот „Европски вредности“ е забележано „Местото на избраните партии е во Парламентот. Интересот на политичарите и партиите не треба да се меша со јавниот интерес на државата.“ Во делот „Патот напред“, Прибе го споменува и „спојувањето на државата и партијата”, повикувајќи се „на политичка волја и одлучност да воочат недостатоците и да се направат промените“ како услов за „спроведување на препораките на групата”. Делот „Избори“ го  прецизира проблемот на релација држава-партија:„ Некои од набљудувачите покажаа загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности… неуспехот на медиумите да направат разлика помеѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри и кандидати, придонесоа кон поткопување на линијата помеѓу државата и партијата…“.

Наместо изделување на партијата од државата и следење на препораките на Прибе, последно што видовме на терен е како министри учествуваат во кампањата. Шеќеринска излезе во Тетово во поддршка на кампањата на ДУИ, а вицепремиерот Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Министерот за транспор и врски Горан Сугарески, пак, му беше рамо до рамо со кандатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ветува живот во Прилеп.

„Македонија сe врати на вистинскиот, на европскиот пат, кој ќе и овозможи со европска помош да напредува брзо и на централно и на локално ниво, преку директна помош за државни и општински потреби, водоводи, канализации , пречистителни станици“, порача синоќа министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со жителите на селото Неготино на средбата на жителите од ова село со кандидатот за градоначалник во општина Врапчиште Даут Демири.

Вицепремиерот Анѓушев освен што присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на турската компанија Чагатај Кабло во зоната во Бунарџик, заедно со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Максим Димитриевски оствари средба со бизнис заедницата од Куманово, каде што ги објасни мерките на Владата за унапредување и развој на економијата во државата.

Анѓушев не смета дека го прекршува Изборниот законик со тоа што промовира стимулативни мерки во изборна кампања.

Во однос на средбата во Куманово, се сретнав со бизнис заедницата во градот. Истото го правев и ќе го правам понатаму бидејќи треба да знаеме кои се локалните проблеми на секоја заедница за да може да направиме рамноправни услови за сите. Немам проблем да седнам на маса со секој оној што сака да помогне на домашните фирми, секој што сака напредок. И во Прилеп и во Велес и во Куманово и во секој друг град, вели Анѓушев за Нова ТВ.

И кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ Максим Димитриевски не гледа спојување на државата и партијата, во неговата средба со Анѓушев, при промовирање на економската програма на Владата.

Од почетокот на изборната кампања гледаме како СДСМ грубо го прекршува Изборниот законик и ја става државата во функција на партијата. Во работно време Оливер Спасовски со службено обезбедување и во придружба на државни службеници вработени во Министерството за внатрешни работи остварува партиски активности.

Спасовски е акативен и во промоција на кандидатите на СДСМ за градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски, и на Маврово-Ростуша, Медат Куртоски.

Изборните материјали во Струмица, каде што е градоначалник Зоран Заев, се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под капата на општината.

Во Куманово, пак, вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ ја злоупотребуваат службената положба и за работно време, во работна облека, делат летоци за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

На презентазијата на програмата на еден од кандидатите на СДСМ каде била присутна и Марија Петковска, вработена во агенција за катастар и недвижности – Кратово и Актуелен претседател на ОИК Кратово.

„Човекот кој треба непристрасно да организира избори всушност е партиски војник на СДС. Ова е грубо прекршување на изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка на Марија Петковска од функцијата претседател на ОИК Кратово. Државната изборна комисија под раководство на Чичаковски се уште молчи за скандалот од невиден размер“, реагораше опозициската партија.

СДСМ ја изедначи државата со партијата: И Царовска води изборна кампања преку МТСП

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска преку официјаната страница на Министерството за труд и социјална политика ја промовира партиската кампања на СДСМ за претстојните локални избори.

Според законите, ова претставува директно мешање на партијата и државата, затоа што страница која ја одржуваат службеници платени од буџетот да работат за министерството, промовира партиска кампања.

Токму мешањето на партијата и државата беше една од главните забелешки кои беа нотирани во извештајот на Прибе.

Примерот со страницата на Царовска е само еден од неколкуте во кои се забележува директна употреба на државни ресурси во партиска служба на СДСМ.

СДСМ деновиве грубо го прекршуваше изборниот законик во Струмица. Општината чиј градоначалник со години беше Зоран Заев врши злоупотреба со цел политичко агитирање кај гласачите.

Имено, изборните материјали во Струмица деновиве се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под капата на општината. Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Изборните материјали на СДСМ за локалните избори, се разнесуваат низ општината во возилото, ставајќи го во функција на превоз за партиски потреби.

Иако е само втор ден од предизборната кампања, СДСМ веќе на големо ги крши законите.

Исто така, како што информиравме вчера (прочитајте ТУКА), вработените во ЈП  „Чистота и зеленило“ во Куманово ја злоупотребуваат службената положба и  додека се на работа делат флаери за кандидатот Максим Димитриевски. Додека владата на СДСМ и министерот  за пропаганда Роберт Поповски на прес-конференција зборуваше за одлука за забрана  на користење на државни  ресурси во кампања, во ист момент СДСМ во Куманово активно ги злоупотребува  ЈП ,,Чистота и зеленило”-Куманово,каде вработените се тераат со присила да разнесуваат флаери за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Максим Димитриевски.SDSM-Komunalno-Kumanovo

ФОТО: Грубо нарушување на изборниот законик – СДСМ дели изборни материјали со општинско комбе во Струмица

СДСМ грубо го прекршува изборниот законик.Општината чиј градоначалник со години беше Зоран Заев врши злоупотреба со цел политичко агитирање кај гласачите.

Имено, изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под капата на општината. Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Изборните материјали на СДСМ за локалните избори, се разнесуваат низ општината во возилото, ставајќи го во функција на превоз за партиски потреби.

Иако е само втор ден од предизборната кампања, СДСМ веќе на големо ги крши законите.

ФОТО: Вработените во кумановски „Комуналец“ под присила делат летоци од кандидатот на СДСМ Максим Димитриевски

Вработените во ЈП  „Чистота и зеленило“ во Куманово ја злоупотребуваат службената положба и  додека се на работа делат флаери за кандидатот Максим Димитриевски. Додека владата на СДСМ и министерот  за пропаганда Роберт Поповски на прес-конференција зборуваше за одлука за забрана  на користење на државни  ресурси во кампања, во ист момент СДСМ во Куманово активно ги злоупотребува  ЈП ,,Чистота и зеленило”-Куманово,каде вработените се тераат со присила да разнесуваат флаери за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Максим Димитриевски.

На сликите  кои ги добивме од граѓаните јасно се гледа дека вработените во јавното претпријатије,, Чистота и Зеленило”Куманово,како  пред штабот на СДСМ во центарот на градот,им се дават  флаери  од кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски за делење,кои  подоцна со камионот за  собирање  на смет на јавното претпријатие, ќе ги распространат и дистрибуираат низ градот.

И покрај ветувањата на СДСМ за  чесна и фер кампања за локалните избори и донесеното упатство од страна на владата  за  забрана за користење на државни ресурси како што се  владини  возила и други државни ресурси,возила на државни и јавни претпријатија и вработените  луѓе во истите,СДСМ уште  од првиот ден од официјалниот старт  на  кампањата за локални избори ги ставфи и злоупотреби во корист на отпочнатата кампања.

По налог на владата и Зоран Заев, актуелните градоначалници на СДСМ ги активираа сите  расположливи ресурси   на опшинските и јавните претпријатија како логистика за  нивните кандидатите  за  градоначалници, при што се врши класична злоупотреба на луѓето и општествени ресурси  за време на  работа за изборни цели.

СЕ САМОПРЕДЛОЖИЛ, А ЗАЕВ ОДОБРИЛ: Рашковски ќе ја претставува Владата во УО на Телеком за хонорар од 500 евра

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски самиот се предложил да ја претставува владата во Управниот одбор на Телеком а премиерот Зоран Заев и владата ја одобриле ваквата одлука, покажуваат документите кои протекоа во јавноста.

На 3 август Владата го овластила Драган Рашковски да присуствува и да биде владин преставник на Собранието на акционери на Телеком, а документ си го потпишал самиот Рашковски. Полномоштвото било потпишано и од Зоран Заев.

За секое присуство на седница на Собранието на акционери Рашковски ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање.

Според познавачите на правото, се работи за класичен конфликт на интереси. Генералниот секретар на владата е и владин преставник на собрание на акционери.

Дополнително, по првите контакти со Телеком, Рашковски за правните работи сакал да го ангажира својот кум адвокатот Дејан Костиќ за правен застапник на Телеком.

Кумашинот на Рашковски ја регистрирал фирмата на само 2 месеци пред да почне да добива вносни бизниси од Владата

Инаку истата адвокатска канцеларија на Костиќ е ангажирана и од Рашковски да ги води правните работи на генералниот секретаријат на владата иако Владата поседува свои правни служби.

ВИДЕО: Заев ја злоупотребува позицијата и државните ресурси – со владини возила оди на партиски митинг во Битола

Оние кои цела една деценија обвинуваа за злоупотреба на државните ресурси во партиски предизборни цели, во пракса всушност го спроведуваат токму тоа и на најеклтантен начин покажуваат како тие ја претвораат државата во алатка на партијата.

Zaev-kola-miting-SDSM-BitolaСамо неколку часа откако министерот без ресор Роберт Поповски на прес-конференција денеска во Владата најави дека на овие локални избори никој немало да користи државни ресурси за партиски потреби, премиерот Зоран Заев со владини возила пристигна на вечерашниот митинг во Битола.

-Во пресрет на изборите, Владата донесе Декларација за слободни и фер избори. Усвоивме и дистрибуиравме прецизни упатства за начинот на постапувањето на премиерот, министрите во Владата и на сите останати државни функционери за забраната за користење на државните ресурси како возила, опрема и останато за време на изборната кампања, рече Поповски.

И додека Поповски од една страна ја замајува јавноста дека забраната за мешање на државни и партиски активности е еден од главните услови за одржување на фер и демократски избори, премиерот Заев го прави токму спротивното од она за што денеска Поповски говореше.

Прецизните упатства за начинот на постапувањето на премиерот и некористењето на државни возила очигледно не се дистрибуирани ниту до самиот Заев, а не пак до останатите државни функционери.

Вечерашниот пример со појавувањето на Заев со владини возила на партиски митинг во Битола претставува класично мешање на партијата и државата, и воедно потврде дека она што го ветува Владата се само декларативни заложби, бидејќи во пракса со спроведува токму спротивното.