Героски со жестоко предупредување до Заев: Некои од децава ќе мораат да летаат од Влада, со бизнис класа, на клоци

Големата државна ПР-машинерија на претходната влада се надградува и проширува. Бројот на лицата што работат односи со јавност и комуникации во министерствата и Владата е зголемен за најмалку 18 лица од лани, покажуваат бројките до кои дојде истражувањето на „Макфакс“.

Во Владата и министерствата во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации, откриваат информациите што „Макфакс“ за 2016 и 2017 година ги доби од институциите преку барања за слободен пристап до информациите.

Зголемувањето на ПР машинеријата на остра критика наиде и кај еден од најголемите поддржувачи на власта и според многумина главен медиумски стратег на СДСМ додека беше во опозиција.

Бранко Героски во својата нова колумна насловена „Пиарчење“ остро ја критикува оваа одлука на власта на СДСМ.

Тој на нападна и одлуката да биде направено посебно министерство за пи-ар, таков ресор според Героски таков сектор нема во ниту една европска држава.

Тој во колумната вели и дека не е сигурен дека луѓето впрегнати во оваа како што тој ја вели машинерија немаат ниту завршено каков било факултет и дека првпат во живото се среќаваат со поимот пи-ар. Според него тоа не е никако не е во ред, не е во ред владините служби да служат за вработување на „шарени револуционери“, „фејсбук активисти“ и други заслужни по било каква основа.

Тој во колумната пишува и дека Владата повеќе време посветува на пропагандата отколку на реформите, што како што вели е апсолутно точно. Тој на Заев и му порача „некои од децава сепак ќе мора да летаат од Влада. И тоа со бизнис-класа. Што ќе рече, на клоци… Жал ми е, но тоа е вистината“ .

Најмалку 120 луѓе работат во ПР и пропаганда за Владата на Заев и Поповски: Народот плаќа, бројката секојдневно се зголемува

Големата државна ПР-машинерија на претходната влада се надградува и проширува. Бројот на лицата што работат односи со јавност и комуникации во министерствата и Владата е зголемен за најмалку 18 лица од лани, покажуваат бројките до кои дојде истражувањето на „Макфакс“.

Во Владата и министерствата во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации, откриваат информациите што „Макфакс“ за 2016 и 2017 година ги доби од институциите преку барања за слободен пристап до информациите.

-Платите и хонорарите на вработените што работат односи со јавност во Владата и министерствата ги чинат граѓаните најмалку 690.000 евра годишно, покажуваат податоците за 2016. Иако сè уште е рано да се спореди сумата потрошена за годинава, која не е завршена, дека пиарот, освен на претходната, ѝ е важен и на новата Влада, говорат бројките на вработените во одделите за односи со јавност, кои и годинава остануваат слични, а некаде има и дополнителни вработувања, информира „Макфакс“.

Порталот пишува дека дури ни оваа огромна бројка не е конечна затоа што лица во секторот односи со јавност Владата продолжува да вработува, па „Макфакс“ анализира дека институциите им доставиле нецелосни информации или имаат вработени што работат односи со јавност, но технички нивните работни места се заведени со други имиња

Најмалку 120 лица во Владата и во министерствата работат односи со јавност, пиар и комуникации, покажуваат податоците што „Макфакс“ ги доби од институциите преку барања за слободен пристап до информациите. Оваа бројка е најверојатно и поголема затоа што кога направивме повторна проверка, дознавме дека некои институции ни доставиле нецелосни информации или, пак, имаат вработени што работат односи со јавност, но технички нивните работни места се заведени со други имиња. Некои од служениците, пак, работат пиар и односи со јавност, но имаат и други работни задачи, па се водат како да се вработени во друг сектор.

-Најмногу вработени што работат односи со јавност и комуникации и информирање има во Владата, каде што најмалку 40 лица работат односи со јавност и комуникации. Во 2017 тие во секторот за односи со јавност дополнително вработиле 25 лица ангажирани со авторски договор, како и еден портпарол и еден посебен советник за односи со јавност во кабинетот на претседателот на Владата. Во владата во 2016 година во Секторот за односи со јавност имало 17 вработени како државни службеници под генералниот Секретаријат и дополнителни 13 вработени лица и 2 портпарола на владата, кои биле задолжени за односи со јавноста директно во Кабинетот на претседателот на Владата или вкупно 32 лица. Вторите 13 лица, како и двата портпарола, веќе не се вработени во Владата.Од 17-те државни службеници, четворица не се веќе во тој сектор, но 13 лица, според старата систематизација и потврдата што ја добивме од владиниот портпарол, се сè уште вработени во секторот за информирање, анализира „Макфакс“.

Годинава за платите на овие вработени досега биле потрошени најмалку 562 илјади евра, но податоците за платите за 2017 не се целосни поради тоа што годината не е завршена, но и поради тоа што некои од институциите  дадоа податоци само за шест, седум или осум месеци. Бројките за платите за оваа година реално се многу поголеми од оваа бројка, а бројките до кои дојде порталот може да ги разгледате во табелите во продолжение.

Вработени поради „Шарената револуција“, „Пленумот“,  јавната поддршка за СДСМ и партиска послушност!

Освен што е скандалозна ваквата превработеност и што огромен број на лица земаат плата од џебот на македонските граѓани, спорна е и нивната компетентност за работните места кои ги вршат. Ликови познати од „шарените револуции на СДСМ“, јавни поддржувачи на партијата на Зоран Заев и партиски послушници беа наградени со место во ПР секторите во Владата и министерствата.

Министерот Роберт Алаѓозовски за лице со односи со јавност го вработи Петрит Сарачини. Главен на сите протести против минатата Влада, јавен и гласен поддржувач на СДСМ, а учесник и во насилните протести во кои беа повредувани полицајци.

Комичарот Бубо Каров, познат како Цацко исто така е ставен на платниот список на Зоран Заев. Тој е вработен како надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски. Инаку, Цацко беше еден од критичарите на претходната власт, беше дел од протестите против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а држеше говори и на протести пред Македонската Радио Телевизија.

Министерството за финансии за свој портпарол ја избра презентерката на „Фчерашни новости“, Јована Аврамовска. Водеше хумористична емисија со политичка содржина контра минатата власт, спонзорирана од УСАИД, а со тоа си заслужи место во ПР секторот на едно од најважните министерства.

И за “пленумците“ следуваа работни места како награди за послушноста кон СДСМ. Така, во Министерството за образование и наука минатата година вработиле пет лица, а годинава дополнително како советник за односи со јавност во Кабинетот на министерката Рената Дескоска го ангажирале поранешниот пленумец Владимир Делов.

МВР како “строго доверливо“ го држи податокот колку лица работат во нивниот ПР сектор.Сепак, според нивната веб-страница, во Министерството за внатрешни работи се вработени 12 портпароли и советници за односи со јавност, што значи дека во Министерството најмалку 12 лица работат односи со јавност и комуникации, но оваа бројка може да е поголема.

Лице за односи со јавност кое ги држи прес-конференциите во МВР е Тони Ангеловски, екс новинар на 24Вести. Скандалите во неговото назначување започнаа уште првиот ден кога на оваа функција беше ставен по незаконски начин непочитувајќи ги основните правила.Од началник на одделение, Ангеловски стана државен советник за медиуми во МВР.

Тој не е единствениот новинар од телевизија 24Вести кој е близок до СДСМ, па беше награден со работно место во сектор односи со јавност од Владата на Заев. Во Министерството за земјоделство односи со јавност и комуникации работи Соња Трпчевска-Јанковска, која претходно беше новинарка во телевизијата. Марина Узунов од истата телевизија си доби функција портпарол во кабинетот на Кочо Анѓушев.

Превработеност на грбот на граѓаните!

Платите на овие над 120 лица ќе се исплаќаат од џебот на македонските граѓани. Владата на Заев изминатиов период води штетни економски политики поради кои граѓаните трпат. Расте цената на акцизата за дизелот што ќе биде терет за најголем дел од граѓаните, а со зголемените даноци кои се ставаат на грбот на народот исто така овие лица ќе бидат исплаќани.

Зоран Ивановски разочаран од своите во СДСМ: Овие се само за циркус, јас со цел памет застанав зад Заев, тешко мене на паметот

Деновиве сме сведоци како најблиските и најгласните поддржувачи на политиките на Зоран Заев јавно искажуваат револт против политиките кои ги води и јавно се покајуваат за поддршката која му ја дале.

Кандидатот за пратеник на СДСМ од дијаспората Зоран Ивановски во својот вчерашен статус на фејсбук профил изразува разочарување и револт од политиките кои ги води Зоран Заев.

Имено тој во својот статус пишува дека сегашната власт е „циркуз“ и дека најверојатно нема да има ништо од изградбата на Чебрен и Галиште, ветерни фарми, фотоволтаични системи итн.

Зоран Ивановски во 2016 година беше кандидат за пратеник на СДСМ од дијаспората, тој важеше за еден од најголемите поддржувачи на идеите на Зоран Заев но по неполна година од доаѓањето на СДСМ на власт го промени својот став.

Тој на својот фејсбук профил напиша: „Јас со цел памет помислив кога застанав зад Заев дека ќе се прават Чебрен и Галиште, ветерни фарми, фотоволтаични системи….. овие само за циркуз за друго….. Тешко мене на паметот.“

Зоран Ивановски- кандидат за пратеник на СДСМ: Заев треба да се извини пред сите нас кои го донесовме на власт, а ние да се извиниме за грешката што ја напрвивме

Лошите политики на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев наидува на остри критики и кај оние кои токму го донесоа Заев на власт. Имено покрај ветувањата за подобар живот и повеќе пари во џебовите граѓаните, добивме покачување на акцизата за нафтата, која самата како еден од главните енергенси што се користи во скоро секој сектор, повлекува и зголемување на цените на сите производи. Ветувана беше просечна плата од 500 евра, а откако е на власт СДСМ, просечната плата паѓа. Уште многу ветување за подобар живот на граѓаните како да се заборавени од страна на власта.

Поради ваквата работа на оваа Влада, со реакција излезе Зоран Ивановски, кандидат за пратеник од СДСМ, кој беше втор на листата пратеници од дијаспората. Тој во својот најнов пост на Фејбуск вели дека Заев треба да се извини пред сите кои го донеле на власт, а дека тие кои го донеле на власт треба да се извинат пред граѓаните.

Ивановски упати критики кон власта и поради нелогичното однесување кое го има. Во текот на кампањата за локалните избори СДСМ единствено што ветуваа беше чистиот воздух, додека од друга страна актуелната власт најави дека ќе се менува законот за пушање, со кој сега повторно ќе се дозволи пушење во јавните простории.

Тој ги напаѓа и како што самиот вели лошите кадровски решенија на власта предводена од СДСМ. Имено, откако Тевдовски ги нарече медиумите кои пишуваат за зголемувањето на акцизата за дериватите нестручни, само затоа што го критикуваат овој потег на власта, а неговиот советник Бранимир Јовановиќ се обиде да им објасни дека тоа што дериватите ќе поскапат, било добро за граѓаните.

Тој на Фејсбук напиша дека пред изборите СДСМ пуштиле голем број криминалци од затвор, за да ги добијат овие локални избори, па како што вели дека не треба сега да се жалат дека се зголемил бројот на убиства во државата.

Ивановски упати и прашање дали министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски воопшто работи нешто, постирајќи неколку вести од трагични настани кои се случија само минатиот викенд.

Ивановски на Фејсбук напиша и дека Заев дејствува за ослободување на градоначалник, дека Заев знае дека двајца функционери му се под истрага, но дека тие ингеренции и информации по закон премиерот ги нема. Тој заклучува дека тука се создава новото македонско божество.

Кандидатот за пратеник на СДСМ од 2016 година упати критики и кон новиот буџет кој го предлага Владата предводена од Зоран Заев и Министерството за финансии, предводено од Драган Тевдовски. Ивановски вели дека во него предвидено ниту еден капитален проект.

Пред изборите во 2016 година една од главните работи кои цело време ги зборуваше тогашната опозиција е дека во државните установи има превработеност, а во новиот буџет за 2018 побарани се средства за 200 нови вработувања во градинките.

Тој прашува и дали Заев сака да го направи најголемиот грабеж досега од постоењето на Македонија.

Тој ги нападна и оние „непартиски“ активисти, од кои дел сега се вработени во Владата, дел се пратеници, дел директори, советници.

Душко Млекарот, пуленот на СДС: Ленче Николовска се слика додека фармерите страдаат

Душан Илиевски, познат како Душко Млекарот кој во иминатите години постојано одработуваше за СДСМ како лидер на земјоделците а во исто време е член на партијата, на социјалните мрежи жестоко удри кон партиските функционери за ситуацијата во фармерскиот сектор.

Николовски напиша дека додека функционерите на СДСМ се сликаат по некои мини млекари, цената на килограм млеко е се пониска а во исто време трошоците се зголемуваат. Фармерот алудираше и на се помалиот сточен фонд кој го има во Пелагонија благодарение на лошите политики на Владата.

Душко млекарот со нови обвинувања: Кирацовски спречува легални избори на синдикатот во РЕК, Ковачевски си купи магистерска диплома

Душан Илиевски познат и како Душко млекарот од Битола, активист на СДСМ упати сериозни обвинувања до неговиот сограѓанин, генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

На социјалните мрежи Душко млекарот за Кирацовски напиша дека се обидува да спречи легални избори на синдикатот во РЕК Битола со цел на чело на синдикатот да постави човек кој е негов послушник.

Илиевски додава и дека поради написите против генералниот секретар на СДСМ, истиот му се реванширал со тоа што го повлекол адвокатот кој му го доделил СДСМ за да го брани поради неговото учество во немирите на шарената платеничка „револуција“, односно за напад на службено лице.

Покрај Кирацовски, Душан Илиевски „Млекарот“ ги обвинува и другите негови сопартијци од Битола за кои тврди дека има докази за незаконски постапки. Па така на мета на „Млекарот“ се најде и Васко Ковачевски, пратеник и претседател на битолскиот огранок на СДСМ. Него Илиевски го обвинува за купена диплома во незаконска постапка.

Ова не е прв пат Душко Млекарот да открива скандали за сопствената партија. Неодамна напиша дека Кирацовски и Ковачевски од СДСМ Битола направиле „јавна куќа“ и дека ќе остане СДСМ до крај но ќе продолжи да објавува информации за „криминалците кои профитираа од СДСМ и што наплаќаа пари од бизнисмени за својот џеб“.

Орданоски на ТВ „Шења“: Овој Заев нема многу високи морални и политички стандарди (ВИДЕО)

Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, кој важи за близок до СДСМ, како гостин во емисијата “Отворено студио“ на телевизија Шења, ги коментираше актуелните политички случувања и потезите на Зоран Заев, при што констатираше кога тој би бил во политиката би поставил цврсти линии и стандарди, и дека Заев нема високи морални и политички стандарди.

-Јас кога би бил во политиката, би ставил некои по цврсти линии преку кои не може да се помине, но гледам дека овој Заев, има прилично отворена една концепција, дека нема многу високи морални и политички стандарди, во оваа фаза во која бара поддршка од сите бидејќи не чекаат крупни прашања за решавање, рече Сашо Орданоски во “Отворено студио“.

Тој исто така констатираше дека сега притисокот не е толку голем врз ДУИ колку што е врз СДСМ, затоа што сега СДСМ е таа која треба да испорача за етничката агенда на Aлбанците, пред кој што претходните власти во Македонија немале такви обврски.

-Погледнете го сега проблемот со законот за јазиците, сега е тоа иницијатива помалку на ДУИ колку што е сега исправање на тест на СДСМ, сега СДСМ треба, и тоа добро го прави, да излезе со понуда која што ќе ги задоволи и некои етнички барања од нејзините гласачи, – рече Орданоски во неговото гостување на ТВ Шења, притоа алудирајќи на гласачите Aлбанци.

Аналитичарот Орданоски исто така кажа дека на крај цената ќе ја плати Заев, со тоа што ќе дојде време кога ќе се излезе на избори и тој ќе ја плати цената за сето ова што го прави.

ВИДЕО: Заев, Наум и Пимен го пречекаа Борисов – Која е поврзаноста со скандалот на МПЦ?

Премиерот Зоран Заев, утрово го пречека бугарскиот колега Бојко Борисов пред водочкиот манастир „Свети Леонтиј“ во Струмица, кој се наоѓа на границата со Бугарија.

Заев беше придружуван од владиците на МПЦ, Пимен и Наум, на кои бугарскиот премиер им баци рака пред да влезе во манастирот.

Инаку, средбата на Заев, Пимен и Наум со Борисов, доаѓа само една недела по излегувањето во јавност на скандалозниот документ со кој МПЦ ја признава бугарската црква за црква мајка.

Токму струмичкиот владика кој сега е домаќин на Борисов, прв јавно ја почна иницијативата МПЦ да стане црква ќерка на БПЦ, со неговата изјава минатата недела.

„Сметаме дека автокефалноста на МПЦ-ОА не е призната од политички причини. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ-ОА да стане мајка на МПЦ-ОА. Тоа е ретка историска шанса, која БПЦ не треба да ја пропушти“, изјави митрополитот струмички за приватната бугарска телевизија БТВ.

Во интервјуто направено во Струмица тој нагласи дека Македонија и Бугарија имаат заедничка религиозна историја.

„Ние сме биле дел од Бугарска Егзархија. Луѓето тогаш (кон крајот на 19. век и во почетокот на 20. век) биле разделени меѓу Егзархијата и Цариградска патријаршија, но повеќето биле егзархисти“, изјави владиката Наум.

Симптиматично е што Борисов и Заев се среќаваат токму со човекот кој го иницираше овој скандалозен документ, при што се поставува прашањето, дали писмото со кое МПЦ ја признава БПЦ за црква мајка е само уште една остапка која е предвидена во договорот со Бугарија кој го потпишаа Заев и Борисов а со кој Македонија се откажува од голем дел од својата историја и од историските учебници го брише терминот „Бугарски Фашистички Окупатор“ за периодот од втората светска војна.

Милчин до Заев: И песната „Тиквешко негде, в некое село…“ ли ќе ја заборавиме?

Поранешниот директор на канцеларијата на фондацијата „Отворено општество“ на Сорос во Скопје, Владимир Милчин, на Фејсбук жестоко удри по политиките на премиерот Зоран Заев и Владата, со кои се предвидува од спомениците и историските учебници да се исфрли терминот „бугарски фашистички окупатор“.

„И песната која почнува со „Тиквешко негде, в некое село…“ ќе ја заборавиме? Чии униформи носеле убијците? На кој јазик биле изговарани командите? Кој ќе потпише тотална амнезија? Кој ќе прости без да слушне извинување?“, напиша Милчин на Фејсбук.

Ваквата реакција на Милчин доаѓа по изјавата на премиерот за бугарската телевизија БТВ дека ставот на македонската историографија дека во Втората светска војна овде имало „бугарски фашистички окупатор“ е шовинистички кон Бугарија и токму затоа треба да се сменат учебниците.

Песната која ја цитира Милчин е напишана од славниот македонски поет Славко Јаневски, и е посветена на дванаесетте младинци од кавадаречкото село Ваташа, кои на 16 јуни 1943 биле стрелани  од страна на бугарската војска, под изговор дека им помагале на партизаните.

Во нивна чест, Славко Јаневски ја пишува песната „Цветови“, која Милчин ја цитира во својата полемика за намерата од историјата да се избришат злосторствата на бугарскиот окупатор во овој период.

Освен што со години беше прв човек на Соросовата фондација „Отворено општество“, која директно финансиски ги поддржа протестите на Шарената револуција и на СДСМ, Миличин беше и еден од иницијаторите и водачите на таканаречената Шарена револуција. Неговата реакција за менувањето на историјата доби поддршка од повеќе активисти на Шарената револуција, новинари, професори, истакнати општественици.

Ставот на Милчин го поддржаа:

Билјана Секуловска, новинар на „Нова ТВ“

Југослав Петровски, уметник, активист и учесник во Шарената револуција

Ристо Лазаров, писател и поранешен директор на „Телма“

Тито Беличанец, универзитетски професор во пензија и подржувач на СДСМ

Горазд Чаповски, музичар, „Мизар“

Милчин: Откако ќе ги изеде своите деца, револуцијата ќе се изеде себеси

Реакциите на Милчин кон политиките на владата почнаа вчера, кога тој констатираше дека во Македонија револуцијата ги јаде своите деца.

-Откако ќе ги изеде своите деца, револуцијата ќе се изеде себеси, напиша вчера вечер на својот Фејсбук профил поранешниот директор на Сорос фондацијата во Македонија, Владимир Милчин.

Во друг пост, Милчин се прашува дали Заев ќе му каже на Ахмети да престане со шверцувањето геноцид во држава која не постоела.

-Нека побара извинување од државите кои владееле на територијата на РМ. Ги преќекори сите граници!, пишува Милчин.

На горенашишаното со свој коментар се јави Бранко Героски, уредник на порталот Плусинфо и весникот Слободен печат.

-Не, сега децата ќе ја изедат револуцијата, напиша Героски.

Случајот со Милчин не е изолиран, секојдневно активисти на СДСМ и луѓе кои учествуваа во шарената револуција жестоко се спротиставуваат на политиките на владата. Таков беше примерот и со аналитичарот Сашо Орданоски и актерот Петар Арсовски.

Пандов: Заев ја дели Македонија на делови, нашите деца ќе учат дека македонските револуционери се Бугари

Заев и неговата пропаганда успеваат доста вешто да ја дефокусираат македонската јавност уверувајќи ја дека единствениот спорен дел помеѓу Македонија и Бугарија во делот на историјата биле неколкуте години од втората светска војна и гледањето на бугарската улога во истата низ наша призма и учебници по историја, пишува во својот статус на Фејсбук Александар Пандов. Тој пишува и дека Бугарите веруваат, а тоа Заев постојано им го потврдува дека е така, дека почнувајќи од Свети Климент и Наум, Свети Кирил и Методи, па преку Самуиловото царство, преродбениците, Кресненското, Разловечкото и Илинденското востание, сите револуционери, ВМРО, се и сите до еден се Бугари, па прашува: Така ли ќе учат децата на училиште? Падов во својот статус го потенцира и писмото на МПЦ, дека бугарската ни станала мајка црква. Toj истакнува и дека Зоран Заев со тоа што се гласа за закон за двојазичност останува уште поделба на Македонија на кантони.

-Се гласа закон за двојазичност, со што останува уште Заев како што вети во Швајцарија, Македонија да ја подели на кантони, а зборот си е збор, па државата и официјално да биде поделена на два или повеќе дела. Како црешка на тортата во очекување сме да слушнеме како ќе не крсти кумот, како Северњаци или како Вардарци , па така очајни и исфрустрирани, а историски и духовно освестени, биде прашање на време кога ќе сватиме дека принципот еден народ две држави не функционира, завршува Пандов

Никовски: Политиката на виткање кичма води кон долгорочна дестабилизација на регионот

Се работи за тоа, Македонците како најмалобројни, како нација и територија кои биле спорни со векови, да ги елиминираат мислејќи дека на тој начин ќе ги решат проблемите на регионот. Но, тоа е апсурд, една заблуда невидена, бидејќи Македонците постоеле и ќе постојат доказ за тоа е „Македонското прашање” кое се развлекува најмалку 150 години од Берлинскиот конгрес па, наваму. Проблемот е на маса веќе подолг период, што значи дека неможе да има Македонско прашање а да не постојат македонеците, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски во гостувањето на ТВ Нова на тема „Ревизија на историјата или бришење на Македонците”.

Според него, обидите да се затвори тоа прашање и да се избришат македонците се погубни. Тоа не можело ни пред 150, ниту пред 5о години, а најмалку сега без нова Балканска војна. Бидејќи ако некој се обиде да ги прекрсти македонците, а според Никовски сега тие напори се интензивираат и се максимизираат, тоа би значело нови конфронтации во регионот кои ќе траат долги години, бидејќи сите имаат свои аспирации тука. Гаранцијата дека сепак нема да има војна е гаранцијата од Вашингтон, бидејќи тие највеќе се плашат од доаѓањето на Русите во регионот, дециден е Никовски. Што значи дека доколку има војна тоа би значело отворена врата за Русија. Спрема тоа, војна нема да има, но нема да има ни мир.

– Ако Македонија продолжи со една ваква политика на виткање на кичмата, на капитулација де факто, тоа води во долгорочна дестабилизација на регионот и уништување на Балканот како еден ентитет кој треба да биде дел од Европа – рече Никовски.

ЗНМ ОБВИНУВА: Владата сака да биде главен уредник во медиумите

Владата предлага измени на членовите 61 и 145 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои се предлагаат казни за медиумите кои нема да почитуваат одредени етички правила кои се пропишани со законите, велат за агенцијата „Макфакс“ од Здружението на новинарите на Македонија .

Според информациите кои ги добил Макфакс од ЗНМ, кои добиле една верзија на предлог-законските измени кои се подготвуваат на медиумските закони, Владата предлага да се промени членот 61, каде што е наведено дека радиодифузерите „треба да почитуваат“ повеќе начела за објективно и професионално известување, со зборовите дека „се должни“ да ги почитуваат.

Истовремено постои предлог да се менува и членот 145 кој сега ќе гласи:

„(1)Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не ги почитува обврските од членот 61 од овој закон.
(2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противредност ќе му се изрече и на одговорното лице на правното лице за сторениот прекршок од ставот 1 на овој член.“

Од ЗНМ за „Макфакс“ велат дека тие се загрижени во однос на овие измени бидејќи со членот 61 се регулираат повеќе етички правила. Дел од начелата кои ги регулира овој член се:

„Негување и развој на хуманите и моралните вредности на човекот и заштита на приватноста и достоинството на личноста. Еднаквост на слободите и правата независно од полот, расата, националното, етничкото и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествената положба на човекот и граѓанинот. Поттикнување на духот на толеранцијата, заемното почитување и разбирање меѓу индивидуите од различното етничко и културно потекло итн.“

Од ЗНМ денеска испратија и соопштение во кое тие информираат дека изразуваат загриженост од измените кои се предлагаат и истата ја пренеле и до меѓународната заедница.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, денеска заедно со претставници на пет други граѓански организации имале средба со генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој престојува во дводневна посета на Македонија.

„Во врска со измените на медиумските закони, Селмани рече дека дебата место да го подобри текстот на законот, тој напротив се влошува. За ЗНМ е апсолутно неприфатлива идејата на Владата да ја регулира медиумската содржина. „Тоа е во спротивност со најдобрите практики во европските демократии“, рече Селмани. Тој рече дека наметнувањето парични казни за начинот на известување на новинарите покажува дека Владата сака да ја игра улогата на главен и одговорен уредник на медиумите. Според него, Владата досега не покажала желба за вистинска дебата со аргументи околу моделот за финансирање на Македонската радиотелевизија. Ако Владата однапред знае дека за МТВ треба да се одвојат само 0.7 проценти од буџетот на државата, тогаш за што служи дебатата за законот, праша Селмани“, се вели во соопштението.

Заев и неговите колеги од Владата со пари на државата си купуваат брендирана облека и скапи подароци

Зоран Заев и владините чиновници на службените патувања се луксузираат со народните пари. Нашите извори говорат дека на службените патувања Заев и неговите придружници покрај тоа што уживаат во благодетите кои ги нудат најскапите хотели и на богати ручеци, тие државните пари не ги штедат ниту за купување на брендирана облека и скапи подароци.

Владините чиновници на овие службени патувања купуваат облека, обувки и парфеми од најпознатите и најскапи светски брендови, трошејќи илјадници евра од парите на граѓаните. Како што дознаваме државните пари не ги трошат само за себе туку редовно на секое патување се трошат илјадници евра на скапи подароци за членовите на нивните семејства и пријателите.

Тие престојуваат во скапи хотели со по 5 ѕвезди каде уживаат во благодетите кои ги нудат како што се затворен базен, спа центри, фитнес центар па дури и сопствено кино. Посебно внимание посветувале на изборот на ресторани. Така соработниците на Заев на овие службени патувања ручаат и вечераат во најлуксузни угостителски објекти, а сметките за нивните гозби граѓаните на Република Македонија ги чинат илјадници евра.

Се почесто се зборува дека служените патувања се само маска да може Зоран Заев со народните пари да награди што е можно повеќе негови соработници кои секојдневно му помагаат во матните зделки и криминалите.

ЛУКСУЗ СО НАШИ ПАРИ: Колку ги чинат граѓаните патувањата на Заев, само во Словенија 10 лица од владиниот кабинет

Над 10 лица од владиниот кабинет на Зоран Заев, беа присутни за време на официјалната посета на Љубљана, членови на кабинетот, посебно ангажиран фоторепортер, камерман, дополнет со советникот за јавност Бојаровски, сите тие на државна сметка.

Во платеното патување на владините чиновници е вклучено патувањето, а како што дознавме тие пристигнале авионски од Приштина за Љубљана, а се сместени во хотел со 5 ѕвезди, што само ја зголемува сумата на трошоци. Згора на тоа земаат дневница која од град во град кој се посетува е различна, а се движи од 60 до 90 евра по ден. Само за овие 10 лица вкупните вкупните трошоци во кои е билетот, сместувањето, покриените трошоци за јадење и плус дневниците, изнесуваат над 20 илјади евра.

Владините административци кои отишле во необично голем број сместени се неколку дена во хотелот во центарот на Љубљана „Grand Hotel Union“, кој е на само 150 метри од централниот плоштад. Хотелот располага со сопствен затворен базен, спа центар, фитнес центар, голема концертна и кино сала.

Исто така новопечените владините административци не пропуштија на своите Фејсбук профили да се фотографираат за време на посетата како и да објават панорамски фотографии од зимската идила на Љубљана. И сето тоа додека премиерот Заев ја објаснува потребата за кратења и повисоката акциза за нафта, која треба да ја платат граѓаните.

Груевски: Крајната цел е името – Дојде тоа време Заев договара ново име на државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред речиси еден месец предупредуваше дека крајната цел со носењето на Зоран Заев и СДСМ е власт е промена на името на Република Македонија Груевски нагласува дека власт на СДСМ е марионетска, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот.

-Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, тоа се шест точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е носење на мигранти во Република Македонија и нивно доселување тука, четвртата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, петтата точка е зголемување на даноците и шестата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца, изјави Груевски.

Заев од Словенија го потврди она што Груевски го кажуваше. Тој од Словенија порача дека Македонија влегува во обид, кој што, како што кажа, ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име.

НА ПРЕДАВНИКОТ МУ СЕ БРЗА: Заев се надева дека конечно ќе го смени името