ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА: Државниот апарат главен мотор во изборната кампања на СДСМ (ФОТО)

Лентата со која СДСМ упорно „верглаше“ пред да дојде на власт, дека претходнaта власт не ја раздвојувала државата од партијата, сега на голема врата го промовира како некоја традиционална вредност.

Прво, протестираа и злоупотребуваа секакви можни сценарија за наводно погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ која под опсада го држел целиот народ, бидејќи не постоело јасна дистинкција помеѓу партиските и државните активности, за сега да ни ги покаже „транспарентно“, нејзините манипулации.

Слика која секојдневно се повторува во текот на предизборната кампања е како министри од Владата на СДСМ, државни службеници, директори и разни други функционери, во работно време и со државни ресурси учествуваат митинзи на својата партија. Оттука се поставува и прашањето дали можеби кандидатите на СДСМ за градоначалници стојат толку лошо, па потребен е дополнителен притисок и ветер во грбот на ваков начин?

Амбиентот е засилен со уште позастрашувачки момент, кога кандидати на СДСМ за градоначалници, одат од врата на врата, дома кај гласчи во придружба со министри да агитираат за нивни гласови.

А, предничи, секако, не кој било министер, туку лично министерот за внатрешни работи, првиот полицаец во државава, Оливер Спасовски.

Каква порака сака да им се даде на граѓаните со ваквиот начин на водење кампања?

Покажување на моќ, сила и дискретно заплашување се методите кои од стартот ги користи новата влада на Зоран Заев. Методи кои секаакао не одат ниту во нејзина корист, ниту во корист на државата со сите битни препораки кои политичарите се обврзаа дека ќе ги исполнат во корист на придвижувањето на Македонија кон ЕУ.

Се’ што се ветуваше и за што веројатно само деклративно се заложуваше новата власт, се покажа како голема лага. Сега, никој не ги споменува ни препораките на Прибе, во сегментот на раздвојување на државата од партијата.

Нешто што сега толку елоквентно се спроведува, на очиглед и на целата стручна јавност која претходно беше толку загрижена во која насока се движела државата.

Но, веројатно кога си главен во играта, правилата и не мора да важат за тебе.

Освен Спасовски, на терен во предизборната кампања учествуваше и министреката за одбрана, Радмила Шекеринска, која ја поддржа кампањата на ДУИ во Тетово. Вицепремиерот Кочо Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Министерот за транспор и врски Горан Сугарески, пак, му беше рамо до рамо со кандатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.
А, подршка за Јовановски не изостана ниту од Министреот за надворешни работи, Никола Димитров.

  Злоупотребата на државните институции од страна на СДСM во партиски цели за време на предизборниот период е се поголема, и сите ресурси на МВР се ставени во функција на  кампањата, обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој факт го потврдува и советникот за полициски работи на Оливер Спасовски, Стојанче Ангелов, за кој медиумите објавија дека во Ранковце вршел агитација меѓу пазарџиите да гласаат за СДСМ. Тој во Ранковце пристигнал со службено возило на МВР во текот на работното време.

Грубо прекршување на Изборниот законик од страна на СДСМ се повторува и во Струмица. Изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под општината.

Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Неодамна беше објавено и дека вработени од јавното кумановско претпријатие „Чистота и зеленило“ биле пронудени во текот на работното време да делат фралери и пропаганден материјал за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, пратеникот Максим Димитриевски.

А, пак, кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски, кампања води со министерот за финансии Драган Тевдовски.

ПУКНА БАЛОНОТ СО ЛАГИ: Ни најблиските не им веруваат повеќе – На пет митинзи на СДСМ дошле вкупно 500 граѓани

Дека ниту најблиските не веруваат на лагите кои ги шири Заев и дека кампањата на владејачката партија се сведува само на лаги и лажни ветувања говорат официјалните податоци до кои дојде редакцијата на Денешен.

Имено, според полициската евиденција на последниот митинг кој се одржал деновиве во Македонска Каменица присуствувале вкупно 25 граѓани.  Слична, но и полоша е состојбата со митингот во беровското село Владимирово каде дури 10 граѓани присуствувале на митингот, пишува порталот.

Истиот ден предизборен митинг во скопската неселба Шуто Оризари одржала СДСМ каде што присустувале дури 300 граѓани.

-Ваквите бројки се сериозен показател дека граѓаните ја губат довербата во СДСМ, а и знак дека наместените и штелувани анкети нема да и помогнат на оваа партија да победи на овие избори и уште еднаш да ги излаже и измани граѓаните, стои во текстот на Денешен.

Истовремено, само во скопската населба Ѓорче Петров на митингот на ВМРО ДПМНЕ присустувуваа повеќе од 1000 граѓани, слична беше сликата и на митингот во Куманово, Карпош. Речиси и да нема општина каде што граѓаните масовно даваат поддршка на политиките на ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните сеуште ги паметат големите митинзи кои ВМРО ДПМНЕ ги одржуваше во Шуто Оризари, а видеото е ушта една потврда за тоа.

БОМБА ВО СТАЈКОВЦИ: Криминалците ослободени и охрабрени од СДСМ дивеат, а МВР дреме

Жителите на Стајковци се вознемирени од детонацијата што ја слушнаа вечерва на првиот ден од отпочнувањето на изборната кампања.

Голем број жители на населбата се собрани на самото место, а заради паниката што се прошири во тој дел од Скопје, некои од мештаните одлучија децата да ги однесат да преноќат кај свои роднини. Сите говорат за инцидентот и за нарушената безбедност во последниве месеци.

Вечерва околу 21.00 час.во с.Стајковци на ул.18 бр.26 во двор сопственост на А.Н. експлодирала експлозивна направа од која има оштетување на куќата и на ПМВ Рено со скопски регистерски ознаки. Повредени лица нема, а дополнително ќе се врши увид на лице место.

Од разговорите со соседите, се дознава дека сопственикот на куќата во која што е фрлена бомбата е симпатизер на ВМРО ДПМНЕ.

МВР засега не излегува со никаква информација околу инцидентот, а медиумите под контрола на СДСМ исто така молчат.

Ад хок комисијата за медиуми не поведе прекршочни постапки

Привремената Комисија за следење на медиумското претставување на својата денешна седница одлучи да не покрене ниту една прекршочна постапка против медиумите.

Предмет на разгледување беа извештаите за последните десет дена од изборната кампања.

Два предлози за поведување постапки беа одбиени, а во повеќето случаи Комисијата едногласно гласаше против поведување постапка. Со оваа седница заврши оценувањето на работата на телевизиите и радијата во врска со изборите.

Комисијата дополнително ќе се состане да ја разгледа работата на локалните и регионалните медиуми.

Kоровешовска: Со ладни глави по жешката кампања

Предизборната кампања вечерва завршува, почнува молкот до затворањето на гласачките места в недела и се надеваме дека неделниот ден ќе биде крајот на две и полгодишната политичка криза. Но, тоа што сега е важно е нечистата и на моменти брутална кампања, која трае подолго отколку законски предвидената пред избори, да не фрли дамка врз денот на гласањето.

Ваквите пораки треба да допрат до сите учесници во овој политички процес и треба да го сфатат круцијалното значење, оти се задолжени да ја исполнат волјата на народот и да се погрижат мирот да остане. Народот, кој две и пол години е трпелив, го заслужува тоа.

Тоа што било досега, од започнувањето на кризата, треба да остане зад нас и на лидерите и на сите политички субјекти приоритет треба да им биде мирот на граѓаните, кои на изборите ќе се изјаснат за тоа што го посакуваат во иднина. И волјата на гласачите мора да се почитува.

Се изнагледавме и изнаслушавме разни сценарија за прислушувањето, бомбите, непризнавањето на институциите, кризата стана политичка, но и економска кочница на државата. Предвремените избори, какви што се бараа, дефинитивно треба да стават точка на долгата криза. Практично, во кампања сме 2,5 години, само што повеќе се слушаа бомби отколку реални планови за подобар живот во земјата.

Во согласност со нив и официјалната предизборна кампања изгледаше вака како што изгледаше, негативна и тензична иако во основа мирна. Сега не треба да се дозволи акумулираната тензија да го урниса мирниот и слободен дух на денот на гласањето.

Доколку тоа се случи, нема да се завршат работите само на 11 декември. Тоа би значело продолжение на голготата и развивање кон уште пострашни сценарија.

А дека изборните денови претходно не биле мирни и имало инциденти е јасно и познато, но никогаш претходно тие не беа подгревани толку долго пред да се случат, како што е сега.

Американската амбасада ги предупреди своите граѓани да не одат на масовни собирања в недела оти биле можни инциденти. Не многу пријатна порака оти фразата „можно е да се случат“ не само што предизвикува страв, туку значи и веќе оформена негативна слика за нас.

Пред десетина години на денот на изборите се случи и убиство, а во престрелка настрадаа и невини гласачи. Тоа не смее да се дозволи да се повтори. Овој пат повеќе од кога и да е, на овие избори, партиите мора да дадат максимум и повеќе од тоа денот да изгледа беспрекорно, да биде мирно и без провокации, да помине најдобро досега. Лесно е изводливо, само ако се има волја, ако партиите размислуваат за безбедноста и мирот на граѓаните, а не исклучиво и само на бројот на гласовите.

Пишува: Искра Kоровешовска за Дневник

ФОТО: Злоупотреба на малолетни деца на митингот на СДСМ во Кочани

Кандидатот за пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Иванов, денеска одржа прес-конференција на која изјави дека СДСМ злоупотребуваат малолетни лица во нивната предизборна кампања.

Почитувани сограѓани денешнава прес конференција ја свикуваме по синоќешниот митинг на коалицијата предводена од СДСМ. Имено поради огромната безидејност и се помалата доверба од страна на граѓаните, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија почна да злоупотребува и малолетни лица за политички цели во нивната предизборна кампања. На вчерашниот катастрофален митинг, кој што СДСМ го организираше во Општина Кочани, злоупотребија малолетни лица, качувајќи ги на бината, како дел од кореографијата, изјави Иван Иванов.

eden640

Малолетните две деца кои биле на сцената се на возраст од 17 години, ученици во средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“, а едно до децата има само 16 години, ученик во средно училиште во Штип.

Покрај двегодишната деструктивна и негаторска политика на СДСМ, лажните и нереални ветувања на граѓаните како дел од памфлетот наречен програма на СДСМ, тие вчера со злоупотреба на малолетни деца за политички цели, по кој знае кој пат ја преминаа границата на коректно однесување и делување. Ваква злоупотреба на малолетни лица е јасно дефинирана и регулирана со закон, според член девет од законот за заштита на децата, се забранува злоупотреба на деца поради политичко или верско организирање или дејствување. Според истиот закон за истото дело се предвидува парична глоба, рече Иванов.

Според Членот 19 од Законот за правата на децата, дете е секое лице на возраст до 18 години.

dva640Ние како партија сме згрозени од ваквата злоупотреба на малолетни лица, но не сме и изненадени, гледајќи во изминатиов период на што се СДСМ е спремен само за да дојде на власт, рече Иванов.

СДСМ поради ова кршење на законите и оваа злоупотреба на малолетни деца за политички цели во предизборната кампања мора да понесе морална, политичка и кривична одговорност.

Апелираме вакви и слични злоупотреби на малолетни лица, а одговорот што на сето зло го направи оваа партија на државата ќе го добијат на 11 декември, рече Иванов.

Колумна на Сотир Костов: КОНЕЧНО, ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ

Изборна вртоглавица

Можеби не е за верување, но од денеска, 21 ноември 2016 година, започнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори, кои се закажани за 11 декември. Ете, се случи и тоа чудо! По големо натегање и држ не дај за тоа дали има услови за одржување фер, слободни и демократски избори во Република Македонија, шарените револуционери, поточно компромитираниот невладин сектор и опозицијата, се убедија или поточно ги убедија (а богами крајно време беше) дека нормално е и во нашата држава да се одржат избори. Тоа и така е нормална работа за една демократија, ама ете тој непобитен факт некои борци за човекови права и револуционери во демократијата тешко го варат. Врти-сучи, сакам не сакам, никако да го соџвакаат, ама еве некако го проголтаа. Ништо страшно за нивното здравје. Kако прво, само потврдиле и се согласиле дека во Македонија постои правото на слободно изразување на политичката волја, дека имаме активно и слободно избирачко право, дека нема дискриминација и дека постои право на употреба на соодветен правен лек доколку е загрозено избирачкото право на избирачите. И, второ, што е многу важно, ќе сфатат дека во животот с` е избор. Не еднаш сум напишал дека човекот од најмлади (бебешки) денови, па се до својата длабока старост избира. Најпрвин помеѓу благото и горчливото, па помеѓу соленото и блуткавото, потоа помеѓу топлото и ладното, следува изборот помеѓу злото и доброто, правдата и неправдата и на крајот помеѓу лагата и вистината и моралот и неморалот. Но, можеби најсудбоносен избор на човекот е неговиот избор кој да владее со него. На тој начин човекот ја одредува својата судбина, судбината на своите блиски и судбината на сите со кои живее во заедницата. Тој и таквиот избор човекот го прави на избори. А изборите се, всушност, времето кога започнува да се мери обичното изразување на волјата на граѓаните.

Значи, на 11 декември годинава ќе заседава неговата светост граѓанинот избирач. Метафорично кажано, се работи за врховен судија кој овој пат има околу 1.783.715 поротници (избирачи). На секој еден од нив најсилно оружје им е гласачкото ливче. Најголем број од нив, најчесто околу 60 до 68 отсто, го употребуваат тоа нивно моќно оружје и на секого му покажуваат дека избирачот, само тој и никој друг, е вистинскиот творец на демократијата. Да, токму така. Неговото величество избирач најпрвин сам зад параванот за гласање на гласачкото ливче ја заокружува политичката партија или коалиција што ја преферира, потоа го става гласачкото ливче во кутијата за гласање и со тој избор човекот избира за себе, за своите блиски, за животот, за работата, образованието, стандардот, како и за сегашноста и иднината. Така избирачот заедно со останатите што излегле на гласање пресудува. И тоа е тоа, што би рекол Леонард Kоен. Сите показатели, индикации и факти ме наведуваат да мислам дека овој пат избирачите нема само да гласаат, туку и вистински ќе избираат. Е, сега, прашање за милион долари е прашањето за кого ќе гласаат, т.е. кого ќе го изберат за свој фаворит? Пред да се одговори треба да сме свесни за еден факт: било да се интересира многу или воопшто да не се интересира за политиката, било да зборува за неа со своето опкружување или тоа да не го прави никогаш, било да оди на гласање или да остане дома на денот на изборите или, пак, да се потчини на своите избраници или е подготвен да излезе на улица за да го покаже своето негодување, гласачот има свои причини.

Изборот не е мал. Во изборната трка учествуваат шест политички партии кои самостојно настапуваат. Тоа се ДУИ, ДПА, ПДП, Беса, Левицата и Либералната партија. На нив во политичкиот натпревар друштво ќе им прават и пет коалиции: коалицијата „За промени“ (ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО – Работничката партија, Демократскиот сојуз), коалицијата „ВМРО за Македонија“ (ВМРО-НП, Достоинство, Обединети за Македонија), „Алијансата за Албанците“ (Унитети, Движењето за реформа на ДПА, НДП), коалицијата на СДСМ и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Навистина избирачите имаат квалитетна понуда. Ја карактеризираат повеќе основни карактеристики, но и еден-два феномена. Прво што може да се забележи е дека од 11 политички субјекти во изборната трка, 5 се нови, а останатите се добро познати на избирачите од поранешните изборни циклуси. Тоа е првиот феномен, кој треба подетаљно да биде анализиран. Kако второ, паѓа во очи дека изборот може да биде како за новите политички понуди, така и за веќе познатите и докажани политички актери. И тоа е добро. Kој не е задоволен или е презаситен од досегашната политичка понуда може да бира нова, и ајде да кажеме, да се определи за свежи идеи. Следува констатацијата дека понудата во албанскиот кампус, пет политички субјекти, безмалку е еднаква со понудата во македонскиот дел, кој се состои од 6 политички субјекти. Тоа малку е нелогично и зачудува бидејќи албанското избирачко тело брои околу 310.000 илјади избирачи и за него ќе се натпреваруваат 5 субјекти, а за останатиот дел од избирачкото тело, кое брои околу 1.470.000 избирачи, ќе се натпреваруваат 6 политички субјекти. За ова треба да му ја мислат албанските парти и коалиции затоа што кога се тие во прашање, преголемата плурализација може да им се врати како бумеранг. Ако се додаде и новата реалност, дека СДСМ многу отворено и агресивно го атакува албанскиот електорат, тогаш навистина ќе биде интересно и весело. Ајде да причекаме, па да видиме што ќе се случи. Kако и да е, мислам дека имаме претерана плурализација, т.е. енормно голем број политички партии и коалиции во Македонија. Ова се потврдува и од фактот дека во коалицијата на СДСМ има околу 12-13 партии, а во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ околу 25 партии. Тоа, пак, од друга страна, значи дека политичкиот систем и изборот не се дводимензионални, туку повеќедимензионални. Тоа што најчесто и најмногу се гласа за најголемите (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА), а многу помалку за малите политички парти е друга работа. Тоа е потврда дека вториве, т.е. „малите“, навремено не обезбедиле ресурси за изборен натпревар (време, луѓе, тим, пари), политичкиот менаџмент им е неуспешен, а политичкиот маркетинг дури и непознат. Kога на ова ќе се додаде и најчесто отсуството на стратегија за настап на избори, немање стручен и професионален тим, немање акциска програма и медија план и употреба на несоодветни изборни тактики, работите се повеќе од јасни. Не е ниту до изборниот модел ниту до монополот на „големите“, туку до немање партиска инфраструктура и платформа за настап на избори. Си треба работа на терен и привлекување нови членови и симпатизери. Во нив е клучот за успех во изборната трка. Секако и во понудата, платформата за настап на избори, идеите, претворени во проекти и нивното успешно реализирање. Можеби и најинтересен феномен на овие избори ќе биде двостраната опозиција. Од десната страна се коалицијата „За промена и правда“ и коалицијата „ВМРО за Македонија“, во центарот и лево се Либералната партија и Левицата кај македонскиот кампус и БЕСА, ПДП, ДПА и коалицијата „Алијанса за Албанците“. Ова ти се вика кармакаша за која не се знае кој ја мати, а кој ја бистри. Некоректно е да не ги споменам партиите метеори, кои како по правило се појавуваат од избори на избори како метеори, но и согоруваат исто така како метеори, дури и пред самите избори, како што овој пат е случајот со Народното движење на Бачев и Социјалдемократската партија на Јаневски. Сликата е комплетна кога на нив ќе ги додадеме: партиите „двосед“ како Либералната партија, ПДП и Левицата; коалицијата „тросед“, коалицијата „Алијанса на Албанците“ и коалицијата „канапе“, каква што е „За промени и правда“. Уф, за малку ќе ги заборавев и политичките партии „гулаби превртачи“, како што се ДОМ и Демократскиот сојуз, кои својата егзистенција на политичката сцена ја сфаќаат и поминуваат како прелет од едно јато во друго.

И сега без да имам претензии за предизборно гледање во филџан кафе ниту, пак, да ја повикувам на помош политичката астрологија, а најмалку да се потпирам на предвидувањата на изборниот хороскоп, пред изборната кампања ќе ги дадам моите генерални прогнози. Редоследот според добиените гласови на претстојните избори, гледано од денешна перспектива, според мене е: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на првите четири места. Во средината се коалицијата „ВМРО за Македонија“, коалицијата „За промени и правда“, Беса и „Алијанса за Албанците“, а на крајот на резултатската скала се ПДП, Либералната партија и Левицата. Значи, сега за сега е според онаа позната: „На Западу ништа ново, на Истоку старе приче“.

П.С.
Можни се мали поместувања по спроведените изборни кампањи. Ама за тоа нешто повеќе пред самите избори.

Пишува: Сотир Костов за Дневник

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, СДСМ од Прилеп – еве од каде партиите ќе ги започнат митинзите

Во понеделник на 21 ноевмри и официјално започнува изборната кампања. Тогаш партиите ќе ги имаат првите митинзи.

ВМРО-ДПМНЕ традиционално првиот митинг ќе го одржи во Охрид, додека опозициската СДСМ ќе стартува од Прилеп.

Коалицијата ВМРО за Македонија наместо во понеделник, кампањата ќе ја почне во вторник, за да не се поклопи со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и тие првиот митиниг ќе го имаат во Охрид.

ДУИ ќе започне од Липково, а митинзите во текот на кампањата ќе ги држат во затворени места. ФРОДЕМ ќе стартува од хотелот Континентал.

ДИК: Од понеделник почнува изборната кампања

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе започне на 21 ноември, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Од ДИК потсетуваат дека од денот на распишување на изборите се до почетокот на изборната кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.

– Од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, се истакнува во соопштението на ДИК.

За прекршителите на овие одредби, Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности. Висината на глобите за ваквите прекршоци се определени во член 181 и 182 од Изборниот законик.

Божиновски: Јанева е ударниот механизам на СДСМ за изборната кампања

За да ја почитуваат и таа треба да покаже почитување кон институцијата што ѝ дава легитимитет. Недозволиво е таа кон Собранието да се однесува во стилот „може, но и не мора да се појавам“

Јанева мора да покаже почитување кон институцијата што ја избрала и да се оттргне од блискоста до СДСМ. Само на тој начин може да стекне доверба кај граѓаните, нагласува политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

Тој во разговор за Телеграф.мк вели дека со последните настапи на специјалната обвинителка излегува на виделина нејзината непрофесионалност и дека таа нема капацитет да ја извршува функцијата за која е избрана.

За да ја почитуваат и таа треба да покаже почитување кон институцијата што ѝ дава легитимитет. Недозволиво е таа кон Собранието да се однесува во стилот „може но и не мора да се појавам“. Таа дури и не одговори на најголемиот дел од прашањата што ѝ беа поставени. Ова особено се однесува на делот за кој таа немаше одговор, односно за што се потрошени половина од парите што ѝ се дадени од буџетот – вели Божиновски.

Според него, Јанева сега тешко ќе може да се дистанцира од поврзаноста со луѓе од опозицијата, конкретно од СДСМ.

– Катица се поврза со одредени луѓе блиски до СДСМ и таа не се ни обиде да се оттргне од тоа и да биде објективна . Граѓаните поставуваат паралела помеѓу неа и СДСМ. Очигледно е дека таа ќе биде ударниот механизам на СДСМ за изборната кампања. Треба да се направи разлика околу тоа дали граѓаните имаат доверба кон институција специјалното јавно обвинителство, а друго е за луѓето што работат таму и за нивниот капацитет – додава Божиновски.