Палевски тврди: Арифи и Меџити се уценети од Бејли со готови предмети во СЈО (ВИДЕО)

Во СЈО постојат неколку предмети кои се насочени директно кон високи функционери на ДУИ, и тоа токму оние кои денес глумат социјалдемократи, а се членови на ДУИ, открива за ТВ „Нова“ поранешниот висок функционер на СДСМ, Љупчо Палевски, притоа наведувајќи ги Изет Меџити, Теута Арифи и други.

– Изет Меџити е предмет околу изборен фалсификат на минатите локални избори, за што има и сведоци и претседател на Општинска и фалсификат потписник на општинската изборна комисија. Тоа стои во фиока кај Катица (Јанева). Процесор на целата таа работа, локална, македонскиот процесор е Ленче Ристоска. За Теута (Арифи), исто така, големиот социјалдемократ од редовите на ДУИ постои конкретен веќе документиран предмет каде транспортот на ученици во Тетово чини колку во Битола, каде што имаше куќен притвор и, исто така, критикуван и покриен со истраги, транспорт во Струмица. Значи, колку што чинат заедно Струмица и Битола, толку е транспортот на ученици на Теута Арифи во Тетово. Нема кривична пријава, нема процесирање. Тоа е тој главен алат на Џес Бејли за креирање политички состојби и резултати – открива Палевски.

Изет Меџити уценет од СДСМ и СЈО со снимки за сторен криминал и љубовни афери?!

Која е причината поради која чаирскиот градоначалник Изет Меџити толку силно го крева гласот за коалиција со СДСМ и погазување на волјата на мнозинството Македонци?

Според информациите до кои дојдовме, станува збор за уцена со снимки за сторен криминал љубовни афери во кои е вклучен Меџити.

Во јавноста е сосема јасно дека ДУИ клекна под притисок на силни закани и уцени од СЈО по наредба на СДСМ.

Последните информации велат дека причината поради која чаирскиот градоначалник и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити е толку гласен за коалиција со СДСМ е резултат на тоа што СЈО има снимки како се слуша дека Меџити е фатен во криминал и компромитирачки љубовни триаголници и дека е уценет.

Останува да видиме каква разврска ќе добие тензичната атмофесра која се создава на релација Бејли-СЈО-СДСМ-ДУИ и која како што веќе пишуваа медиумите, може да предизвика вистинска експлозија.

Главните кочничари – Арифи, Бејта и Меџити се исплашија дека ќе бидат збришани на локалните избори

Стравот на ДУИ дека ако влезе во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги загуби локалните избори во мај, била втората главна причина, по двојазичноста и пописот, зошто не се случи договорот за состав на влада меѓу победничките партии, пишува Дневник.

Зошто Ахмети се повлече?

Kако што дознава „Дневник“, завчерашната изјава на Талат Џафери дека главната пречка во преговорите настанала кога на маса било ставено прашањето за Специјалното јавно обвинителство, всушност, е неточна – бидејќи СЈО било спомнато само неколку секунди, еднаш на почетокот на разговорите, но дискусијата не продолжила.

Имено, во финалето на разговорите изминатиот викенд, во саботата, 80 проценти од членовите на ДУИ го поддржувале Ахмети во намерата да формира влада со Никола Груевски. Но, како што дознаваме, во неделата по 17 часот се случил пресврт под влијание на Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, по што мнозинството застанало во нивна поддршка, па Ахмети во страв да не биде изолиран и да не крахира партијата, на крајот се повлекол.

-Според нашите извори, меѓу аргументите Арифи нагласила и дека нејзината сестра работи во фондацијата финансирана од Џорџ Сорос, во која порано била и член на Одборот, па се заканила и дека ако се реализира заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе излезе од партијата. Вториот нејзин аргумент, но и на Бејта, бил дека по ударот што ДУИ го доби на декемвриските избори, само партнерство со СДСМ може да ги спаси од дебакл на претстојните локални. Иако Ахмети, како што брифираат изворите, се противел на нивните ставови, нагласувајќи им дека токму поради СДСМ ги изгубија албанските гласови, сепак, на крајот ја прифатил тезата како нова политичка реалност за ДУИ, пишува Дневник.

Со други зборови, потпретседателите покажале загриженост дека постои можност на следните локални избори со кандидати Албанци од СДСМ, ДУИ да бидат поразени од партијата на Зоран Заев во најважните општини со доминантно албанско население, како Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Арачиново и други. Но ако успеат да се договорат со СДСМ да се поддржуваат едни со други во различни општини, тогаш ДУИ би можела да излезе со крената глава од следните локални избори.

Иако некој од присутните споменал дека ДУИ на тој начин станува разгранок на СДСМ, сепак преовладала тезата дека е најважно да се „преживеат локалните избори, за другото потоа“. Преовладал наметнатиот страв на Ахмети дека одејќи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без главните ресурси – големите општини, односно дека СДСМ и Беса ќе станат доминантни албански партии во Македонија.

И Бејта со свои аргументи во полза на коалиција со СДСМ

Освен причините што ги изнеле Арифи и Меџити во полза на коалицирање со СДСМ, свои аргументи имал и Бејта. Според нашите информации, Бејта стравувал од можноста кривично да биде гонет за сторени финансиски кривични дела при изградба на локални патишта, односно градени без тендер. За да ги прикрие сторените дела, Бејта налагал тендери да се објавуваат по една година за патишта што веќе се готови.

Според извори на Дневник, силна улога врз промената на ставот на ДУИ доцна во неделата имало и Соросовото влијание, пренесено преку влијанието на неколку локални дипломати, кои буквално оделе од човек на човек со убедувања да не се прифати коалицијата со Груевски. Иако Ахмети на состанокот спомнал дека има поддршка од две од трите најголеми партии во Албанија, од главните политички партии на Kосово, од новата администрација во САД и од некои европски држави, за коалиција со Груевски, сепак, од неколкумина присутни, повеќепати било спомнувано дека некои локални дипломати им го сугерирале спротивното.

Во неформалните разговори надвор од седницата, дел од присутните го отвориле прашањето дали ДУИ треба да остане верна на соросоидните влијанија во ситуација кога Сорос стана не само главен непријател на ВМРО- ДПМНЕ, туку и на новата администрација на Доналд Трамп. Сепак, на партиската седница никој не се осудил јавно да го каже тоа.

За време на партиските разговори во ДУИ, за издвојување бил ставот на поранешниот министер за локална самоуправа Тахир Хани, според кого, „сега е вистинскиот момент ВМРО-ДПМНЕ да ја моли ДУИ на колена и да бидат притиснати да прифатат с` што тие бараат“.

И ЗАКОН ЗА НВО СТАВЕН НА МАСА

На заедничката средба, според нашите извори, покрај другите, ВМРО-ДПМНЕ изнела предлог за носење закон со кој би се оневозможило некомерцијално финансирање од странство на телевизиите и другите медиуми. Kако што е познато, Сорос со свои пари и со парите доверени од УСАИД дава многу пари во вид на грантови или т.н. проекти во опозициските медиуми со цел нивно корумпирање и наведување да ги прокламираат политиките на оние што им плаќаат, а не да имаат сопствена уредувачка политика. „Телма“, „Алсат“ и поголем број други медиуми во Македонија се приматели на огромни вакви пари.

Од ВМРО-ДПМНЕ побарале законски измени со кои сите НВО ќе бидат задолжени на своите веб-страници детаљно и прецизно да ги објават сите свои приходи и расходи, односно целосна транспарентност во нивното работење.

Ова би вклучувало и информации за тоа од кого точно доаѓаат парите за каква намена и во каква форма, по која основа, со наведување на секое физичко и правно лице.

СОРОСОИДИТЕ ЛАЖАТ: Трудовата инспекција е раководена од кадар на ДУИ – била и кај Чадиев, не само кај Арифи и Меџити

Дотолку повеќе лагите и манипулациите од соросовите медиуми излегуваат на виделина за што сведочи и фактот што токму Трудовиот инспекторат е раководен од кадарот на ДУИ, Алајдин Авзиу, а не од кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Соросовите опозициски медиуми кои важат за блиски до СДСМ излегоа со информација дека трудова инспекција влегла на проверки во општината Тетово, која е под водство на градоначалникот од ДУИ, Теута Арифи и тоа го опишуваат манипулирајќи како еден вид на реваншизам поради непостигнувањето на договор за Влада со ВМРО-ДПМНЕ.

Inspekcija-Arifi-Medziti

Но, вистината е далеку од оваа обликувана лага. Имено, дознаваме дека се работи за редовно работење на трудовиот инспекторат и дека исти такви проверки се водат паралелно и во повеќе други општини каде градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите, се работело за редовно работење на службите, а една од општините каде е извршена контрола е општината Велес, каде градоначалник е Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ. За таквата проверка ниту беше крената фама, ниту пак се доведе во политичка конотација.

Дотолку повеќе лагите и манипулациите од соросовите медиуми излегуваат на виделина за што сведочи и фактот што токму трудовиот инспекторат е раководен од кадар на ДУИ, Алајдин Авзиу, а не од кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи за очигледна тенденција за отворено манипулирање какво досега е видено на многу пати.

КУРШУМ ЗА ИЗЕТ МЕЏИТИ: Избегал од 20 члена група која упаднала во неговата канцеларија

Чаирскиот градоначалник и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити пред два дена избегнал блиска средба со група од 20-ина лица кои упаднале во неговата канцеларија во општинската зграда на Чаир, дознава „Дневник“.

Нема информации која е групата и зошто насилно влегла кај Меџити. Од МВР ни го потврдија настанот, но и оттаму нема детали што барала групата од 20-ина лица од чаирскиот градоначалник. Се шпекулира и дека откако групата не го нашла Меџити во општинската зграда, како поздрав од посетата му оставиле куршум.

И покрај обидите да добиеме потврда од Меџити за упадот, градоначалникот вчера не одговараше на телефонските повици и на СМС-пораките за тоа кои се заканувачите, ни дали како предупредување групата му оставила куршум.

Неофицијално, кружат информации дека станува збор за бизнис-интереси или за притисок за реализација на нечии интереси.

Ни од партијата не сакаа да зборуваат за упадот на засега непознатата група во Општина Чаир.

Од МВР за „Дневник“ потврдија дека завчера вработен во Општината пријавил во полиција дека ден претходно околу 11.30 часот во општинската зграда на Чаир упаднала група од 20-ина лица и дека се упатиле кон канцеларијата на Меџити. Според полицијата, поголем дел од групата останал на првиот кат од општинската зграда, а само тројца се качиле на третиот кат, каде што се канцелариите на градоначалникот. Таму ја затекнале секретарката која им кажала дека градоначалникот е службено отсутен, по што тие ја напуштиле зградата.

Некои портали на албански јазик вчера пренесоа дека Меџити во општинските канцеларии го „посетиле“ двајца Kосовци. Според порталите, двете лица побарале Меџити да се повлече од градоначалничката функција. Градоначалникот за настанот ја известил партијата, но нема информации дали случајот е пријавен во полиција. Порталите информираат дека двајцата Kосовци ~ биле познати на приштинската полиција како проблематични. Се наведува и дека Kосовците биле блиски пријатели на друг функционер од Чаир и дека посетата се случила кога во ек се недоразбирањата меѓу функционери од чаирскиот разгранок.

Kој му се заканува на Меџити засега нема одговор ни од полицијата ни од партијата. Од ДУИ брифираат дека во чаирскиот разгранок врие откако неодамна се нарушени односите меѓу Меџити и претседателот на разгранокот Беќир Асани. Но партиски извори ја отфрлаат можноста дека зад упадот стои недоразбирањето меѓу двајцата функционери кои повеќе од 10 години неприкосновено владеат со Чаир.

Неофицијално, токму на 14-годишнината на ДУИ викендов, додека лидерот Али Ахмети повика на единство меѓу сопартијците, на состанок на разгранокот кулминирало нетрпението меѓу крилата на Меџити и на Асани со барање за оставка на чаирскиот градоначалник. Недоразбирањата меѓу двајцата функционери настанале по протестите на Албанците предводени од „Беса“ на кои учествувале значителен број чаирчани. Наводно, тогаш Асани го обвинил Меџити дека ја губи контролата и влијанието во Чаир. Според партиски информации, заладување на односите меѓу двајцата високи функционери дошло и по именувањето на внукот на Меџити за нов министер за економија.

Но, за „Дневник“ и Меџити и Асани демантираат дека се во кавга и дека меѓу нив има нетрпение.

– Ништо не е точно од тоа што се зборува од душегрижниците дека Изет и Беќир се скарани. Само тие што не ~ посакуваат добро на ДУИ и не сакаат да ги видат резултатите на разгранокот и на Општина Чаир може да измислуваат такви работи. ДУИ во Чаир е многу силна и сложна и тоа ќе го покажеме на изборите – вели Беќир Асани преку СМС-порака.

Извор: Дневник (Мариела Траjковска)