ВИДЕО: Предавството е договорено – Коѕиас повтори дека ќе има ревизија на учебниците во Македонија

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас уште еднаш повтори дека ќе има ревизија на учебниците во Македонија.

Комисијата која ја договориле со македонскиот колега Никола Димитров, според него, ќе почне со работа на 4 ноември.

Уште на 29 септември Коѕиас изјави мешовита грчко–македонска комисија ќе прави ревизија на македонските учебници по историја и „ќе ги вади сите примери кои според Атина се иредентизам“.

Во Институтот за национална историја на Република Македонија за ваквата иницијатива дознале од медиумите.

ЕМ ПЕДЕР, ЕМ ПРЕДАВНИК: Димитров призна „Договоривме комисија со Грција, ќе ги менуваме учебниците по историја“

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров призна дека продолжува праксата на новата Влада на распродавање на македонската историја, играњето со националните интереси и рушење на позициите кои државата напорно ги градеше со години. Граѓаните гласно коментираат дека не им дале мандат на Зоран Заев, Никола Димитров и СДСМ, за да си играат со националните интереси на Македонија.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

Откако Коѕијас изјави дека се разговарало за формирање на комисии за разгледување на историските учебници, Димитров вели дека нема ништо лошо во разговори во кои ќе се утврди историскиот поглед што Скопје и Атина го имаат.

-Разговаравме во основа, тргнувајќи од цитатот на Черчил дека Балканот содава историја што нема капацитет да ја процесуира, и сите наративи на балканските држави имаат историски предрасуди, кога 2 земји решиле да се смируваат, убаво е историчарите од една и од другата страна да седнат и да разговараат за наративите на двете земји – и за тоа како Грција не гледа нас и за тоа како ние ја гледаме Грција, изјави Димитров.

Попоски признава дека договорил комисија за историјата, по што ќе следи измена на учебниците по историја по мерка на Грција, нешто што до вчера го негираше, исто како што беше случајот со договорот со Бугарија, каде што потоа се потпише промена на спорните делови за Бугарија од учебниците за историја.

Комисијата треба да биде составена и со работа да почне од ноември, т.е. после локалните избори, што буди сомнеж дека СДСМ после изборите сака повторно да почне со преговори штетни по државноста на Македонија, а во предизборниот период да ги лаже граѓаните дека ништо нема да биде променето. Експертската јавност вели дека од авион се гледа дека токму тоа е идејата на Владата, по изборите да почне да ги плаќа сметките на оние кои ги донесоа на власт.

Никола Димитров вели дека се` уште се исцртуваат контурите и се размислува за тоа во каков формат ќе се води процесот кој веќе неколку години е статус-кво. Она што се најавува е дека ќе има раздвижување по завршувањето на локалните избори, по кои се очекува и засилен ангажман на посредникот Метју Нимиц.

-Многу е важно да гледаме напред, да се извлечат идентитеските прашања од процесот и комункиација и разбирање на грижите на другата страна. Јасно е дека на Грција и пречи кога се објавуваат мапи со територија на Грција, како што и нам ни пречат мапи кои навлегуваат на наша територија, изјави Димитров.

Експертската јавност вели дека ова значи дека целта е да се смени името, а идентитетот на државата да не е предмет на преговори на договорот. Како што велат тие тоа пред се беше цел на Грција, а Димитров ја покажува како цел на Македонија. Ставот на Грција е дека идентитетот, името на јазикот и името на нацијата треба да ја следи судбината на името на државата.

Експертите велат дека тука се кријат многу интриги, тие се едногласни дека власта се обидува да продаде теза дека се менува името на државата, но не и идентитетот. Тие велат дека логично е од Грција во овој момент да се бара да се признае идентитетот на Македонците, со македонски јазик и македонска нација.

Се погласно се зборува и дека оваа попустлива политика на Владата предводена од Зоран Заев, ќе значи дека Грција ќе бара да попуштиме во сите полиња, веројатно ќе бараат промена на пасоши, лични карти и други документи, каде е запишано името на националноста.

Експертите велат дека дефинитивно се поставуваат контурите на преговорите за промена на името веднаш по локалните избори. Како што сметаат тие се чека да поминат локалните избори, а пред тоа граѓаните да бидат лажени дека ништо од ова нема да биде.

Експертската јавност вели дека овие најави не треба да претставуваат изненадување, посебно откако Заев веќе и самиот најави дека ќе има промени и во учебниците по историја, според желбата на Бугарија, како што тој кажа ќе има ревидирање на спорните делови од учебниците, а спорни делови за Бугарија се револуционери како Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански и многу други историски личности на Македонија.

-Едно од отворените теми во Македонија е дел од прашањето за несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали, кои официјално државни материјали. Постои консензус во Македонија по ова прашње и сите нови изданија ќе имаат отстрането сите грешки кои што оставаат трага, во најблага форма кажано, на непријатност, која што не е во функција на она што се залагаме сите. Како што знаете, веќе се направени одредени чекори за таа соработка да расте, и тоа во минатото, не само од нашата нова Влада. Има многу датуми кога се се чествуваат настани пред гробишта на покојни војници, се обновуваат одредени обележја кои што се значајни и за нашата, но и за бугарската историја. Спомен плочата во Струмица го има отклонето зборчето „фашистички“. Значи, нема да дефинирам поими за да навлезам директно во историјата оти ние сме политичари, но сигурно ќе биде во духот на тоа што се залагаме дека тоа е заедничка историска личност овдека на Балканите, рече Заев во скандалозната изјава.

ВИДЕО: Ако се откажеме од АСНОМ и НОБ, ќе немаме своја држава и народ

Прво треба да се навратиме во втората светска војна, односно во Народно ослободителната борба на Македонија и ова фактички било обединување на Македонците и македонскиот народ масовно се вклучил во трите дела на Македонија со цел да го оствари правото на самоопределување. Една од основните цели на НОБ било обединување, ослободување и државотворно формирање на Македонскиот народ и да се создаде етногеографската територија од Македонија, вели професорката Виолета Ачковска во емисијата на телевизија Алфа, „Без Ракавици“.

– Доколку ние земеме да ја преправаме историјата тогаш ќе се откажеме од целите од НОБ и ние ќе ја негираме целата антифашистичка борба на македонскиот народ бидејќи заедно со таа борба се водело таа национално ослободителна борба и во сите документи на македонскиот народ стои обединување на македонскиот народ и токму таа цел на НОБ е одразена и во документите и на првото заседание на АСНОМ каде што фактички е прогласена демократска држава каде што оваа прва држава треба да биде пиемонт за обединување на другите делови на документите и замислете сега да се откажеме од НОБ и од АСНОМ, потенцираше Ачковска.

Таа вели дека доколку ние со договорот со Бугарија се откажеме и од АСНОМ ние тогаш немаме своја држава и дека македонскиот народ воопшто не се изборил и формирал своја држава во минатото.

НЕВИДЕНО ПРЕДАВСТВО: Има ли земја, освен Македонија, во која премиерот и министрите прифаќаат соседите да им ја пишуваат историјата?!

Република Македонија со Владата на СДСМ е можеби единствената држава во светот која прифаќа соседите да ја пишуваат историјата. Најпрво во договорот за добрососедство со Бугарија предвидено е ревидирање и промена на учебниците по историја, а такво нешто најави и министерот за надворешни работи на Грција Коѕиас.

Откако Коѕиас во интервју за националната телевизија ЕРТ изјави дека заедно со македонскиот колега Никола Димитров во Њујорк договориле ревизија и промена на учебниците по историја во Македонија, македонското МНР демантираше и соопшти дека тие воопшто не разговарале за такво нешто.

-Она за што е разговарано на состанокот во Њујорк помеѓу Димитров и Коѕиас е во насока на иницијативата на Република Македонија од 2007 година за средба на историчарите од двете земји. На состанокот во Њујорк, соговорниците се согласија дека треба да се работи на надминување на историските предрасуди на Балканот во интерес на соработката и на заедничката европска иднина. Двајцата министри во оваа фаза разговарале за средба на експерти од областа на историјата, а не за формирање заедничка комисија, при што е разбирливо процесот да се однесува на двете страни, велат од МНР за Мета.

Зошто МНР ги негира тврдењата на Коѕиас? Дали тоа е така зашто во Македонија на 15 октомври ќе се одржат локални избори?

Промената на македонските учебници уште пред изјавите на Коѕиас ја потврди премиерот Зоран Заев уште пред да се потпише договорот за добрососедство со Бугарија, потенцирајќи дека дека во учебниците ќе биде променето се она што не е во новиот дух на соработка меѓу Македонија и Бугарија.

-Едно од отворените теми во Македонија е дел од прашањето за несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали, кои официјално државни материјали. Постои консензус во Македонија по ова прашње и сите нови изданија ќе имаат отстрането сите грешки кои што оставаат трага, во најблага форма кажано, на непријатност, која што не е во функција на она што се залагаме сите. Како што знаете, веќе се направени одредени чекори за таа соработка да расте, и тоа во минатото, не само од нашата нова Влада. Има многу датуми кога се се чествуваат настани пред гробишта на покојни војници, се обновуваат одредени обележја кои што се значајни и за нашата, но и за бугарската историја. Спомен плочата во Струмица го има отклонето зборчето „фашистички“. Значи, нема да дефинирам поими за да навлезам директно во историјата оти ние сме политичари, но сигурно ќе биде во духот на тоа што се залагаме дека тоа е заедничка историска личност овдека на Балканите, рече Заев во скандалозната изјава.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија пред пет дена, коментирајќи ја средбата со својот македонски колега, рече дека разговарале за преземање одредени мерки за справување со иредентизмот и недовербата од двете страни. Уште поинтересно е што Коѕијас вчераутро беше многу подециден и соопшти за што станува збор – од ноември годинава ќе биде формирана заедничка комисија, која околу 4 месеци ќе ги разгледува учебниците. Комисијата ќе има мандат да ги лоцира, а потоа во соодветна процедура да ги отстрани мапите и другите елементи на иредентизам што биле присутни во нашите дидактички материјали. Коѕијас во 20-минутното интервју за државната ТВ говореше за сите аспекти на грчката надворешна политика, го спомена, неизбежно, и прашањето за името, првпат ја коментираше Привремената спогодба меѓу двете земји, а за шефот на македонската дипломатија, кому името му го промени од Никола во Николас, рече дека е интересна личност.

Коѕиас истакна и дека спорот за името во заднина крие еден проблем со ирендентизам.

– Спорот за името во заднината крие еден проблем со иредентизам. Се надевам и верувам дека ќе постојат мерки од нивна страна за ограничување на иредентизмот. На пример, во Њујорк се согласивме со доста интересната личност, со министерот за надворешни работи на соседната земја, со господинот Николас Димитров, дека ќе направиме заедничка комисија од ноември, која ќе работи четири месеци и се надеваме дека ќе ја заврши својата работа, која ќе ги разгледа учебниците за да се отстранат иредентизмот и мапите што постојат. Тоа е еден важен чекор што го направиме, но постојат и други за кои преговараме – објасни шефот на грчката дипломатија.

Никос Коѕијас коментираше дека чека да поминат локалните избори кај нас, но и вториот круг, доколку биде потребно, па потоа, како што истакна, нашата влада ќе треба да оцени дали се зајакнува или не и, соодветно со тоа, како што рече, „владата да покаже дали сака и дали може суштински да преговара за решение на спорот за името“. Шефот на грчката дипломатија првпат јавно ја коментираше и Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, за која рече дека има свои недостатоци, особено во делот посветен на нашата интеграција во меѓународните организации. Никос Коѕијас не испушти да спомене дека членството во НАТО и во ЕУ ќе дојде само по решение на името.

– Нашата соседна, пријателска земја, како што велам јас, затоа што нашите народи имаат доста пријателски односи, не може да се интегрира во меѓународна заедница од овој тип како што се НАТО и Европската Унија без да биде решено прашањето за името, во согласност со тоа што го налагаат договорите од 1990-тите, но и Привремената спогодба налага да се реши. Слабата точка на Привремената спогодба беше дека претпоставуваше дека името брзо ќе се реши и затоа даваше можност соседната земја да бара прием во меѓународни организации и не предвидуваше, а тоа е една слаба точка, кои мерки ќе се преземат доколку соседната земја не преговара суштински, затоа што сите овие децении не преговараше – рече Коѕијас во интервјуто за утринската информативна емисија на грчката ТВ ЕРТ.

Коѕијас: Македонско–грчка комисија ќе го брише иредентизмот во учебниците

Заедничка македонско -грчка комисија од ноември ќе ги разгледува школските учебници за да се запре со иредентизмот – ова е една од точките за кои што се договориле Димитров и Коѕиас на нивната средба во Њујорк, јавува „Канал 5“.

Шефот на грчката дипломатија, говорејќи за државната ТВ ЕРТ откри детали од разговорите
со неговиот македонски колега, за кого рече дека е интересна личност.

– Спорот со името во позадина крие еден проблем со иредентизам. Се надевам и верувам дека ќе постојат мерки од нивна страна за ограничување на иредентизмот. На пример, во Њујорк се согласивме со доста интересната личност,со министерот за надворешни работи на соседната земја, со господинот Николас Димитров дека ќе направиме заедничка комисија од ноември која за 4 месеци ќе работи и се надеваме дека ќе ја заврши нејзината работа, која ќе ги разгледа школските учебници за да се отстрани иредентизмот и мапите што постојат. Тоа е еден важен чекор што направиме, но постојат и други за кои што преговараме – рече шефот на грчката дипломатија за ЕРТ.

Никос Коѕиас во интервјуто, уште еднаш порача дека прво треба да се реши името, па потоа нашата земја да се интегрира во НАТО и ЕУ, а за прв пат ја коментираше и Времената спогодба за која вели дека има свои слаби точки.

– Нашата соседна, пријателска земја, како што велам јас, затоа што нашите народи имаат доста пријателски односи, не може да се интегрира во меѓународна заедница, од овој тип, како што е НАТО и Европската унија, без да е решено прашањето за името, согласно со тоа што го налагаат договорите од 90те но и Времената спогодба. Налага да се реши. Слабата точка на времената спогодба беше дека претпоставуваше дека името брзо ќе се реши и затоа даваше можност соседната земја да бара прием во меѓународни организации и не предвидуваше, и ова е една слаба точка, кои мерки ќе се преземат доколку соседната земја не преговара суштински, затоа што сите овие децении, не преговараше – вели министерот за надворешни работи на Грција.

Коѕиас коментираше дека треба да се почека да поминат изборите кај нас, за како што рече, самата влада да оцени дали се зајакнува или не и да покаже дали сака и дали може суштински да преговара за решение на спорот со името.

Иванов: Заедничката историја започнува на 15 јануари 1992 година, кога Бугарија ја призна независноста на Македонија

Договорот е резултат на компромиси кои не можат секого да задоволат. Вакви договори се израз на компромис што треба да се гледа од аспект на иднината, а не на минатото. Ги повикувам двете Влади да придонесат кон исполнувањето на целта на договорот, вклучително и преку мешовитата комисијата, која треба да работи на градење доверба и пријателство, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во обраќањето на одбележувањето на државниот празник Илинден.

– Од самиот почеток на процесот, инсистирав договорот да биде симетричен. Што значи тоа? Добрососедството е двонасочна улица. Овој договор подразбира дека истите правила важат и за левата и за десната страна на улицата. Она што важи за Македонија, важи и за Бугарија. Придржувајќи се до принципите на рамноправност и реципроцитет, затвораме едно отворено прашање што ги оптоваруваше нашите односи. И, истовремено, отвораме врата за градење меѓусебна доверба и соработка, рече претседателот Иванов.

Тој истакна дека од почетокот на првиот мандат се залага за унапредување на добрососедските односи со сите соседи, и тоа врз основа на принципите на заемно почитување, помош и поддршка. Затоа, рече Иванов, ја поддржал и иницијативата за преточување на Декларацијата за добрососедство од 1999 во Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија.

– Ако започнеме да ги отвораме старите рани, лесно ќе најдеме причини за кавги. Затоа, уште на почетокот јасно посочив дека со Бугарија треба да ги славиме само светлите датуми од заедничката историја на нашите две соседни, суверени и рамноправни држави, порача македонскиот претседател.

Признавањето на независноста на Република Македонија од страна на Република Бугарија и Денот на Европа – 9 мај, се настаните кои, како што посочи македонскиот претседател, тој предложил заеднички да бидат прославени.

– Таа заедничка историја започнува на 15 јануари 1992 година, кога Република Бугарија, под водство на Претседателот Жељу Желев, прва ја призна независноста на Република Македонија. Со тоа Желев го отвори патот за меѓународно признавање на Македонија и ги разби мрачните сценарија за нови поделби на Македонија. Затоа, предложив заеднички да го славиме 15 јануари – денот на признавањето на независноста. Бидејќи тоа е почетокот на нашата заедничка историја. Кога, пак, на 19 декември 2009 година стапи на сила визната либерализација за македонските граѓани, заедно со поранешниот бугарски претседател Прванов ги кренавме рампите на граничниот премин Деве Баир – Ѓуешево. Со тоа симболично го кренавме меѓникот што ја делеше Европа на два дела. Затоа, предложив заеднички да го славиме и 9 мај – Денот на Европа. Бидејќи, таму е насочена нашата заедничка иднина, рече претседателот Иванов.

– Но, има луѓе од цивилизациско значење кои треба заеднички да ги слават не само Македонија и Бугарија, туку и сите словенски земји, како светите браќа Кирил и Методиј, истакна во обраќањето претседателот Иванов.

Моја должност како Претседател, порача Иванов,  е да ги штитам придобивките за кои се бореле и избориле нашите предци. – А тие придобивки нужно ја вклучуваат и вистината за нашето минато, како основа за нашата сегашност и иднина, истакна македонскиот  претседател.

Иванов подвлече и дека е подготвен да кохабитира за сите закони кои ќе го градат европското лице на Македонија.

Кохабитацијата подразбира дека треба заедно да работиме на решенија за доброто на граѓаните кои не избрале. Решенија кои нема да бидат оспорени, и нема да предизвикаат штетни последици. Решенија не само до наредните избори, туку и за наредните генерации. Затоа, подготвен сум да кохабитирам за сите закони кои ќе го градат европското лице на Македонија, порача претседателот на Република Македонија.

Иванов истакна дека како досега така и во иднина учествувам во креирањето на надворешната политика во соработка со Владата и побара професионалност, стручност и искуство од македонските дипломати.

– Кај мене ќе поминат само оние предлози за амбасадори кои ќе ги исполнуваат критериумите за професионалност, стручност и искуство. Од сегашните и од идните амбасадори очекувам засилен ангажман во насока на реализација на поставените стратегиски цели на Република Македонија. А тоа се евроатлантските интеграции, добрососедските односи, регионалната соработка и отвореноста кон сите добронамерни партнери, истакна шефот на државата.

Иванов истакна дека очекува унапредување на координацијата меѓу надлежните институции задолжени за надворешни работи, со цел македонската дипломатија да зборува со единствен, јасен и добро аргументиран глас. – Мора да ги зајакнуваме постоечките и да создаваме нови пријателства и партнерства на билатерален и мултилатерален план, порача претседателот Иванов.

Системските реформи на системот за национална безбедност да бидат во согласност со уставните надлежности на Советот за безбедност, додаде Иванов.

Претставувањето, безбедноста и одбраната на државата не се луксуз, туку потреба. Буџетот за претставување на државата не е трошење туку инвестирање во нови пријателства и партнерства за Македонија. Буџетот за безбедноста и одбраната не е трошење туку инвестирање во услови за нормално функционирање на државата, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во своето Илинденско обраќање.

– Разузнавањето е првата линија на одбраната, а столбот на одбраната е Армијата на Република Македонија. Армијата не само што си ја исполнува уставната обврска да го штити територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, туку  честопати ги извршува и задачите на други институции. Оперативната средина се менува. Се почесто ќе се справуваме со непогоди и неконвенционални закани. Затоа Армијата треба да биде подготвена, а за тоа и е потребен зголемен буџет, истакна шефот на државата.

Претседателот изјави дека ги поддржува системските реформи на субјектите на системот за национална безбедност, и посочи тие да бидат во согласност со уставните надлежности на Советот за безбедност на Република Македонија.

Иванов порача дека врвен приоритет на секоја Влада треба да биде  успешна економска политика, со цел да придонесе кон економски просперитет за македонските граѓани.

Колумна на Искра Коровешковска: СОРОС НИ ЈА ИСПИША ИСТОРИЈАТА

„Самите Славомакедонци не знаат што се – Срби, Бугари или некоја друга словенска нација? Војната повторно ќе започне, но народот овој пат треба да го раководат луѓе што се појунаци и поодлучни за да ја тераат војната до конечна победа. Албанците не можат да живеат повеќе со Славомакедонците окупирани во своите краишта“. Овие реченици се дел од книгата „ОНА – порака и надеж“ на Петрит Менај, учесник во војната како дел од ОНА, финансирана и издадена од македонската фондација на Џорџ Сорос – ФИООМ, седум години по војната – во 2008 година. Од истиот Сорос кој во раните 90-ти години н` убедуваше дека имаме проблеми со знамето, на пример.

И не само таа. Истата година е издадена уште една со слична тематика – за војната, во која се содржат белешките и дневникот на авторот, исто така учесник во конфликтот – Фазли Велиу, инаку вујко на Али Ахмети и еден од креаторите на ОНА. Во неа јасно се запишани барањата не само за двојазичност, ами и за промена на Уставот во кој треба да се впише „БЈРМ да биде држава на два народа, албанско-македонски или македонско-албански“.

Значи, станува збор за две книги, објавени и на македонски јазик, седум години по крајот на војната, која заврши со примирје оти се потпиша Рамковниот договор. Договор кој донесе мир постигнат со посредство на САД и на ЕУ, а според кој потоа се изврши и симулирано разоружување на ОНА. Велиме симулирано зашто припадниците на албанската паравојска јавно го оставија само старото оружје.

Седум години потоа се објавуваат книги финансирани од ФИООМ во кои се негира македонскиот идентитет, државата се нарекува БЈРМ, Македонците – Славомакедонци, па и се повикува војната повторно да почне, но овој пат до конечна победа. И не само тоа, во книгите се слави и идејата за голема Албанија.

Покрај тоа што во книгите е јасно и повеќе од ден дека албанското прашање во земјата од самиот почеток не било само борба за еднакви права, како што некои тоа на почетокот благопријатно го изјавуваа за Си-ен-ен или за Би-би-си, уште еден апсурд е фактот што тие се објавени на македонски јазик, со пари од Фондација на македонска територија.

Тоа поминало без никаква дискусија, без речиси и некој да чул воопшто за нив. Барем таков е впечатокот по објавата на вчерашниот текст во „Дневник“. Дали политичарите, експертите и надлежните ги прочитале книгите пред тие да бидат отпечатени и пред да се најдат на рафтовите и да полнат библиотеки во училишта? Зошто не се редактирани, тоа било најосновното што можело да се стори. Да не споредуваме со повлечената македонска енциклопедија затоа што не им беше по мерак и по мерка на македонските Албанци.

Со вакви книги Албанците ја пишуваат историјата, тие оставаат пишани траги, и тоа фалсификувани, фиромизирајќи ја државата во која се родиле и создале с` што може да се создаде во еден живот, напишале нова митологија, која само создава почва за нови конфликти.

Оние најприкосновените во Македонската академија на науките и уметностите се плашат да оформат единствен официјален став во врска со моментната состојба во државата. Брзаат да демантираат дека пораките на некои од нив, во кои се критикува тиранската платформа, не се општ став на МАНУ. Ама никако да го оформат. Тие би ги избрале полесните начини на дејствување – да ја префрлат одговорноста на политичарите оти тие се криви. Впрочем, тоа и го соопшти МАНУ кога беше повикана по социјалните мрежи. Веројатно, постојат уште најмалку толку книги со неверојатна содржина и факти што сме си ги објавиле, а за тоа немаме ниту поим. Некој ни ја пишува фалсификуваната историја во нашиот двор, а дежурните чувари на нацијата и на националното седат со очи ширум затворени.

Колумна на Искра Коровешковска за Дневник

Одбележување 110 години од смртта на Даме Груев

Во Музејот на македонската борба денеска ќе бидат одбележани 110 години од смртта на македонскиот револуционер и идеолог на Македонската револуционерна организација, Дамјан Груев.

dame-gruev-ubien

Освен потсетување на неговиот животен пат, во оваа пригода првпат ќе бидат изложени и документи од тајната кореспонденција меѓу Дамјан Груев и Христо Узунов.

dame-gruev-ubien-1

Гости на свеченоста ќе бидат учениците од ПОУ „Иднина“ од Скопје, а во музичкиот дел ќе настапат членовите на ансамблот „Македонија“.

Димитриев: Успехот на ВМРО е силно запечатен во историјата, ВМРО е темелот на Македонија и движечка сила

Оваа година се навршуваат точно 123 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација ­ ВМРО, 123 години од денот кога големите визионери Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Андон Димитров, Христо Батанџиев и Иван Хаџи Николов ги поставија основите на македонското револуционерно движење и темелите на организираната македонската револуционерна борба. ВМРО е темелот на кој е изградена нашата Татковина, симболот на Македонија и движечката сила која го гради Илинден, која го создава АСНОМ и која го трасира патот до триумфот на 8­ми септември. Ова го истакна премиерот Емил Димитриев во вечерашното обраќање на Свечената академија во Македонската опера и балет по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Пред претседателот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, присутните министри, пратеници, претставници на Македонската академија на науките и уметностите, дипломатскиот кор и верските заедници, професори, градоначалници,директори на државни институции и други гости, Димитриев напомена дека сега, кога слободата е остварена и ја имаме, кога Македонија е самостојна и независна држава, треба да ја почитуваме и да ја браниме.

– Суверенитетот е слободата и правото одлуките сами да се донесуваат. Ако го потцениме суверенитетот, ќе го изгубиме народот зашто народот е суверенитетот и народот секогаш ќе го брани суверенитетот, зашто така ќе се брани самиот. Кој ова го разбира си знае добро што значи, кој не го разбира треба да го научи што побрзо, потенцира премиерот.

Според него, овој празник е одлична прилика да земеме пример од минатото, да ја продлабочиме нашата љубов кон Татковината. Нашите предци живееле во многу бурно време, рече, време на болка, на тешки животни предизвици, на големи лични и семејни загуби. Нивното однесување, идеали и жртва не може, а да не не замисли и поттикне да бидеме подобри, попосветени и поодговорни кон нашата земја зашто и тие се бореле за истата кауза, за истата земја,…, се бореле за Македонија.

– Денес живееме во држава за која порано се леело крв и се жртвувале многу генерации. Денес ние ја живееме слободна и независна Република Македонија. Слободата во која денес ја градиме нашата држава, пред 123 години била само сон, само идеал кој се запишувал во програмските документи на ВМРО и апсолутно никој од нејзините основачи, ниту пак членови, немал претстава колку години, колку децении и колку генерации ќе бидат потребни за таквиот сон да стане јаве, нагласи Димитриев.

Тоа, додаде, било време во кое децата се раѓале под ропство исто како и нивните татковци, мајки, дедовци и баби. Генерации и генерации родени во ропство…. Ропство во кое навистина било тешко да се замисли какво е чувството да живееш во слобода, да зборуваш на мајчин јазик, да пееш на мајчин јазик, да се молиш на мајчин јазик… Ропство во кое слободата била само поим, но и исклучително силен идеал и иако никој не верувал дека за еден живот може да се достигне тој идеал – во секого тој идеал постоел.

– За таквите времиња можеби најдобро говори изјавата на Јане Сандански кој рекол „Јас не го чекам брзото ослободување на Македонија. Тоа може да не дојде дури и во моите денови, но јас сакам да го запазам народот и да го организирам и ако тоа се случи, тој ќе ја добие својата слобода, посочи премиерот.

Се осврна и на Димо Хаџи Димов, еден од основачите на организацијата, кој ќе забележи: „Успехот на Револуционерната организација е редок пример во историјата на другите народни револуции, бидејќи за толку кратко време, во мошне сложени внатрешни и надворешни  услови, успеа да се сплоти цел еден народ, една цела земја, под едно знаме и за една револуционерна цел. Пројавената оружена акција на востанатите народни маси е епохална, зашто беше започната при еден таков невиден ентузијазам и при едно такво самоодречување што можеше да го пројави само народ воспитуван да умира за својата слобода, а така беше воспитуван македонскиот народ од својата Револуционерна организација, која не може да биде поинаква освен достојна за својот народ“.

Истакнувајќи дека успехот на ВМРО е силно запечатен во историјата, премиерот рече дека илјадниците борци и револуционери биле цврсто убедени во потребата да ја принесат својата жртва во темелите на македонската држава па дури и да загинат за слободата.

– Можеби не знаеле кога тоа ќе се случи, но восхитува спокојот со кој го напуштале својот живот и со кој за навек ги задолжиле идните генерации. Како што кажал Христо Узунов: „Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата света организација“. Тој и многу други од неговата генерација знаеле и силно верувале дека еден ден нивните потомци ќе живеат во слободна, самостојна и независна Република Македонија. Тие знаеле дека ќе дојде ден, како што е овој денеска, каде ние, нивните потомци, со гордост и почит ќе ги спомнуваме, ќе ги цитираме, ќе се поклониме на нивната големина и ќе го славиме нивното дело, напомена премиерот Емил Димитриев во обраќањето.

Историја што чека да биде откриена: Промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“

Државниот архив на Република Македонија денеска ја промовира едицијата „Црните страници на УДБА“ во која на 13.000 страници преку користење на неовластено направени извештаи од тајната полиција е опишано што се случувало во Македонија од 1945 до 2000 година.

promocija-crnite-stranici-na-udba-3

Едицијата, составена од 16 книги во девет тома со „забранета историја“ што беше промовирана по мотото „Историја што чека да биде откриена“, од денеска ќе им биде достапна на граѓаните во сите библиотеки во земјава.

Првиот том е насловен „Елиминацијата на ВМРО по 1945 година“, вториот „Информбиро“, третиот „Помалку познати судбини“, четвртиот „Ченто и Доцев на удар“, петиот „Емиграцијата – државен непријател број еден“, шестиот „Уметниците на мета“, седмиот „Борбата за независна Македонија никогаш не престанала“, осмиот „Следење, обработка и обиди за растурање на ВМРО-ДПМНЕ“ и деветтиот том „Лустрацијата недовршен процес“.

Промовирајќи ја едицијата Александар Даштевски рече дека е необично што во Македонија следењето од страна на тајната полиција продолжило и по падот на претходниот систем и осамостојувањето на земјава, па дури и во првите две години од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, односно до февруари 2000 година кога за министер за внатрешни работи била именувана Доста Димовска.

promocija-crnite-stranici-na-udba-2

–  За целиот период од УДБА се користени најгнасните  методи кои се под секакво човечко достоинство, односно најблиските роднини, пријатели и колеги биле користени како поткажувачи кои давале податоци за следените лица. Во едицијата се опфатени само 2 отсто од целокупниот архивски материјал, но извади на површина многу работи кои ќе придонесат за промена на сериозни историски факти и многу важни големини во општеството кои своите кариери ги направиле со уништување на туѓи судбини, а не ретко и животи, рече Даштевски.

Директорот на Државниот Архив Филип Петровски посочи дека едицијата е сведоштво за едно време во кое била забранета секоја напредна мисла која не соодветствувала со погледите на елитите кои биле на власт.

– Ние во едицијата не тврдиме дека една личност е жртва или соработник. Во систем кој користел нечовечки методи многу возможно е иста личност да биде скршена и да подлегне не притисокот за да се спаси. Има и такви случаи во кои самата УДБА се сомневала дека тие што се согласиле да станат нејзини соработници тоа го направиле за да ја заведат во погрешна насока или, пак, давале бесполезни информации колку да се каже дека нешто направиле. Наша работа не беше ниту да коментираме, тоа ќе го  направи јавноста и историската наука, рече Петровски.

promocija-crnite-stranici-na-udba-4

Прецизира дека во едицијата не се објавени страници поврзани со интимата на „обработуваните“ и не зазеле страна.

– Забележавме дека во одредени досиеја кои се дадени во Државниот архив недостасуваат страници. Останува  на идните истражувачи да утврдат што се случило и каде исчезнале. Ние нашата работа ја завршивме. Ги направивме достапни за јавноста овие црни страници на поновата македонска историја и ги заштитивме од изчезнување за да бидат сведоштво за големиот и нескршлив македонски дух што ја издигна Македонија во постоење кое никој не ќе може да го оспори се додека постои сеќавањето на Македонците и нивното крварење за ова што денеска го имаме, потенцира Филип Петровски.