Груевски: Првиот круг помина во недемократска атмосфера со нерегуларности – Изборите не се завршени!

Првиот круг од локалните избори помина во недемократска атмосфера и беа креирани нефер услови во кои што се одвиваше изборната кампања. Во предизборието имаше физички пресметки, убиства, закани, притисоци. Од официјални државни органи имаше закани врз нашите кандидати за градоначаланици. Се креираше атмосфера на страв и заплашувања со кое се трудеа да влијаат на луѓето и нивната демотивираност, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој посочи дека полицијата била најголем заштитник и поддржувач на овие активности и ставена во партиска функција.

-Од многу страни добивме информации за огромен број обиди за директен поткуп на гласачи. Секако, продолжи и црната кампања, а скоро и да немаше ден да нема неоснована кривична пријава за некој наш кандидат за градоначалник или актуелен градоначалник. Денешниот изборен ден помина со бројни нерегуларности и кршење на изборниот законик. Беше узурпирање на државните ресурси, се вршеше притисок, имавме информации од многу места за поткупување на гласачи во сиот изминат период, а граѓани организирано се превезуваа на гласачките места. Има сериозни индиции и за манипулација со гласачките ливчиња, па така на повеќе места се појавуваат гласачки ливчиња од други општини, што отвора сомнеж за организирана кражба на гласови, истакна Груевски.

Тој посочи дека дури и медиумите објавувале за однапред заокружени гласачки ливчиња, дел од официјалниот изборен процес.

-За прв пат во историјата на Македонија, полициски џипови кружеа со партиски симпатизери на СДСМ во истите автомобили. Сето ова имаше свое влијае на изборниот резултат и овие нешта придонесоа за водство или некаде за победа на СДСМ. За сите нерегуларности ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе преставки и жалби до соодветните органи. Изборите не се завршени, а ВМРО е голема партија со голем број на симпатизери, поддржувачи и партиски членови, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски истакна дека по завршување на изборите ќе следи анализа на истите.

-Ќе се анализираат сите аспекти на денешните резултати, со цел да се утврди покрај сите масовни нерегуларности, што друго од нашата страна беше недоволно добро или погрешно направено заради што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата секако имам највисока одговорност за изборните резултати што и претходно го кажав. За сето тоа, за причините, за резултатите и идниот правец ќе се дискутира во периодот веднаш по завршување на изборите, вели Груевски.

ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА: Државниот апарат главен мотор во изборната кампања на СДСМ (ФОТО)

Лентата со која СДСМ упорно „верглаше“ пред да дојде на власт, дека претходнaта власт не ја раздвојувала државата од партијата, сега на голема врата го промовира како некоја традиционална вредност.

Прво, протестираа и злоупотребуваа секакви можни сценарија за наводно погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ која под опсада го држел целиот народ, бидејќи не постоело јасна дистинкција помеѓу партиските и државните активности, за сега да ни ги покаже „транспарентно“, нејзините манипулации.

Слика која секојдневно се повторува во текот на предизборната кампања е како министри од Владата на СДСМ, државни службеници, директори и разни други функционери, во работно време и со државни ресурси учествуваат митинзи на својата партија. Оттука се поставува и прашањето дали можеби кандидатите на СДСМ за градоначалници стојат толку лошо, па потребен е дополнителен притисок и ветер во грбот на ваков начин?

Амбиентот е засилен со уште позастрашувачки момент, кога кандидати на СДСМ за градоначалници, одат од врата на врата, дома кај гласчи во придружба со министри да агитираат за нивни гласови.

А, предничи, секако, не кој било министер, туку лично министерот за внатрешни работи, првиот полицаец во државава, Оливер Спасовски.

Каква порака сака да им се даде на граѓаните со ваквиот начин на водење кампања?

Покажување на моќ, сила и дискретно заплашување се методите кои од стартот ги користи новата влада на Зоран Заев. Методи кои секаакао не одат ниту во нејзина корист, ниту во корист на државата со сите битни препораки кои политичарите се обврзаа дека ќе ги исполнат во корист на придвижувањето на Македонија кон ЕУ.

Се’ што се ветуваше и за што веројатно само деклративно се заложуваше новата власт, се покажа како голема лага. Сега, никој не ги споменува ни препораките на Прибе, во сегментот на раздвојување на државата од партијата.

Нешто што сега толку елоквентно се спроведува, на очиглед и на целата стручна јавност која претходно беше толку загрижена во која насока се движела државата.

Но, веројатно кога си главен во играта, правилата и не мора да важат за тебе.

Освен Спасовски, на терен во предизборната кампања учествуваше и министреката за одбрана, Радмила Шекеринска, која ја поддржа кампањата на ДУИ во Тетово. Вицепремиерот Кочо Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Министерот за транспор и врски Горан Сугарески, пак, му беше рамо до рамо со кандатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.
А, подршка за Јовановски не изостана ниту од Министреот за надворешни работи, Никола Димитров.

  Злоупотребата на државните институции од страна на СДСM во партиски цели за време на предизборниот период е се поголема, и сите ресурси на МВР се ставени во функција на  кампањата, обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој факт го потврдува и советникот за полициски работи на Оливер Спасовски, Стојанче Ангелов, за кој медиумите објавија дека во Ранковце вршел агитација меѓу пазарџиите да гласаат за СДСМ. Тој во Ранковце пристигнал со службено возило на МВР во текот на работното време.

Грубо прекршување на Изборниот законик од страна на СДСМ се повторува и во Струмица. Изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под општината.

Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Неодамна беше објавено и дека вработени од јавното кумановско претпријатие „Чистота и зеленило“ биле пронудени во текот на работното време да делат фралери и пропаганден материјал за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, пратеникот Максим Димитриевски.

А, пак, кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски, кампања води со министерот за финансии Драган Тевдовски.

ГЛЕДАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО: Во 20:50 часот на сите телевизии ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати порака со нов изборен спот

ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати порака на само неколку дена пред изборите преку ново видео кое ќе се емитива вечерва на националните телевизии во 20:50 часот.

Лидерот на партијата Никола Груевски во своите настапи предупредува на помрачувањето кое ја зафати Македонија, предупредувајќи на катастрофалните економски политики, намалувањето на платите, преполувањето на капиталните инвестиции, аферите и корупцијата која ја прави Владата на Заев.

ВО ОЧИ НÈ ЛАЖАТ: СДСМ тврди дека нема потрошено за билборди, а градовите се преплавени со билборди и плакати од нивни кандидати

Финансискиот извештај на СДСМ за првиот дел од изборната кампања отвора сомнежи за тежок финансиски криминал од страна на владејачката партија.

Според финансискиот извештај, во ек на предизборната кампања за локалните избори на 15-ти октомври, СДСМ пријавуваат трошоци од само 40.000 евра, од кои само нешто повеќе од 17.000 евра се пари за кампања и пропаганда. Според експертите пак, доволно е да се излезе на улица и да се види дека овој финансиски извештај е фингиран.

Експертската јавност вели дека во овој случај се работи за тежок криминал со парите на граѓаните. Оваа класична манипулација и кршење на законот, значи само уште една работа плус за полицијата и Јавното обвинителство.

Вкупните расходи на партијата се 2.598.256 денари, според моменталниот курс на денарот точно 42.122 евра, вели извештајот кој СДСМ го има пратено во Државната изборна комисија.

Вкупните трошоци на СДСМ во досегашниот тек од кампањата се 1.062.210 денари, или во евра 17.271.

Познавачите на состојбите, велат дека оваа сума не е ниту блиску до реалната на потрошени пари, со оглед на силната медиумска кампања која ја тера СДСМ.

Посимптоматично станува кога ќе се погледне дека во трошоците за кампања и пропаганда, се пресметани и 768.750 денари, или 12.462 евра, пари кои ги добила Алсат-М телевизија.

Тоа значи дека, од вкупните трошоци кои се 17.200 евра, 12.500 евра се пари кои се одлеале само на сметката на Алсат-М телевизија. Со проста математика, се доаѓа до бројка дека СДСМ за сите останати потреби во кампањата 4.700 евра.

Експертите пак велат дека доволно е човек да излезе на улица за да види дека владеачката партија СДСМ, предводена од премиерот на Македонија, Зоран Заев прави големи финансиски малверзации.

Значи СДСМ со 4.700 евра ги плаќа рекламите на телевизија, на интернет порталите, на билбордите низ градовите, на социјалните мрежи, со овие 4.700 евра исто така се испечатени и пропаганден материја како летоци, плакати, програми, маици, упаљачи, пенкала и уште многу други работи кои партијата ги користат во кампања.

Доказ дека станува збор за класична манипулација и кршење на законот е и тоа што СДСМ нема ставено никакви трошоци во полињата за рекламирање на телевизија, рекламирање на интернет, рекламирање на радио, нема пари за печатење програми. Експертите велат дека е доволно е да уклучите телевизор, отворите некој портал, пуштите радио во автомобил, за да се потврди дека се работи за криминал од страна на владеачката партија.

Иако од СДСМ реагираа на ова, на секој чекор можете да видите билборди и банери од кандидатите за градоначалници од СДСМ, а во финансискиот извештај тој трошок го нема. Инаку цената на еден билборд на фреквентно место во Скопје чини 1.200 евра месечно, а бидејќи на сите фреквентни места можеме да видиме билборди од СДСМ, се поставува прашањето како со 4.700 евра успеале да ги закупат.

Експертите велат дека полицијата мора веднаш да реагира. Меѓутоа велат и дека ако се гледаат досегашните активности на полицијата кога е во прашање сериозното прекршување на изборниот законик, тешко е да се очекува да реагира. Во текот на оваа кампања, досега министерството предводено до потпретседателот на СДСМ премолчува и прогледува за прекршувањата на законот од страна на СДСМ.

Инаку, СДСМ во текот на оваа кампања неколку пати го прекрши законот со изборен поткуп, сега и овие документи кои покажуваат дека покрај поткуп партијата прави и големи финансиски малверзации.

-Веќе е тешко да се очекува дека овие локални избори ќе може да ги наречеме фер и демократски, велат познавачите на состојбите.

КРВАВА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА: МВР не презема ништо да го спречи изборното насилство

Крвава кампања полна со прекршувања на законот има Македонија за локалните избори на 15-ти октомври, кандидати за градоначалници доведени во животна опасност, искршени и демолирани штабови и партиски седишта, изборен поткуп на граѓани. Министерството за внатрешни работи, предводено од потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски досега нема расветлено ниту еден случај.

Последниот пример е вчерашното претепување на кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Тој заедно со уште едно лице кое било со него бил крвнички претепан со метални и дрвени прачки, објави НетПрес.

Според првичните информации до кои дојде Нетпрес, Бајрам бил во друштво со лицето Аднан Мемет, кое е дел од неговиот изборен штаб. Двајцата оделе во посета на жители на населбата Шуто оризари, како дел од предизборната кампања.

Околу 17.50 часот додека се движеле по улицата Гвадалахара, четири лица непознати, без никакви причина, физички го нападнале прво Аднан, а потоа и Бајрам. Откако со тупаници ги собориле на земја, почнале да ги удираат со клоци и со метални и дрвени прачки.

Од крвничкото тепање Елвис Бајрам паднал во безсознание. Насилниците побегнале, а екипа на Брзата помош констатирала тешки повреди кај Бајрам. Веднаш бил одвезен во скопската градска боница „Осми септември“, каде поради сериозноста на повредите бил хоспотализиран и според тамошните информации е во критична состојба.

Пратеникот Амди Бајрам тврди дека напаѓачите кои вчера попладне го истепале син му Елвис Бајрам, се поврзани со кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.

-Пред 4-5 дена местевме банери и тие почнаа со инцидент. Му се јавивме на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и му рековме да не правиме провокации, да одиме на фер и демократски избори и подобриот да победи. Тој ни рече дека нема да има привилегирани за оној кој ќе погреши, без разлика дали е од наша страна или од страната каде што е кандидат од СДСМ. Секој според законот ќе биде дали притворен или ќе бидат преземени мерки кон него. Градоначалникот е во кампања и идел од врата на врата. Одеднаш му излегле со секири, со шипки и го удриле. Ми кажаа дека шефот на кабинетот прво бил удрен а потоа и мојот син. Таа фамилија е позната, го држеа „Матекс“ пазарот во Шутка со рекет и со сила. Тие сега се во партијата на СДСМ и кандидатот Курто Дудуш е со нив. Барам министерот да го спроведе тоа што треба, ако нашата страна е крива нека притвори од кај нас. Знаат дека народот е со нас и затоа одат со сила – рече Бајрам.

И лицето кое беше со Елвис Бајрам за време на нападот вели дека во овој инцидент замешани се лица од СДСМ. Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од Коалицијата „За подобра Македонија“, Елвис Бајрам бил нападнат за време на партиски активности во општината со кандидатите за советници, вели Аднан Мемет.

-На еден дел, таму каде што беше лоциран штабот на противкандидатот Курто Дудуш имаше лица кои беа веќе спремни. Беа спремни со секири, беа спремни со шипки и не нападнаа физички и со боксови.  Ние им објаснувавме таму дека сме дојдени за нешто друго, дека посетата на улиците, односно со граѓаните на Шуто Оризари е по нивна иницијатива. Тие вербално не нападнаа, па откако физички не нападнаа, настана гужва и тоа беше целата работа, изјави Мемет.

Потенцира дека по него и кандидатот за градоначалник бил удиран со боксови, шипка и секира.

-Апелирам до институциите односно до Државната изборна комисија и до Министерството за внатрешни работи да преземат мерки, рече Мемет.

Нагласи дека вчера Елвис Бајрам бил во болница и му правеле испитувања.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди крвавиот инцидент и физичкиот напад врз кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари Елвис Бајрам. Нападнат е актуелен истовремено и кандидат за градоначалник. Нанесени му се тешки телесни поврди, со тупаници, боксирачи, метални шипки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова претставува уште едно грубо и брутално нарушување на изборниот процес. Имаме серија на груби прекршувања на изборниот закон и инциденти на кој полицијата и институциите на владата предводена од СДС молчат. Институциите покажуваат недостаток на капaцитет и способност да ги расветлат ваквите настани, додека органите под контрола на СДС се активно вклучени во нарушување на изборната атмосфера.Сите овие инциденти се израз на нервозата во редовите на СДС и свесноста дека тие ќе доживеат пораз. Кога не би биле нервозни и соочени со уште еден изборен пораз не би се случувале груби нарушувања на изборниот процес, стои во партиското соопштение.

Овој инцидент не единствен, за само осум дена од кампањата се случија десетина големи инциденти, во животна опасност беше доведен и носителот на советничка листа во Кичево, Алит Абази.

Покрај тоа искршени беа штабови на партиите, а најчесто на удар се опозициските партии. Искршени се штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Битола, демолиран штаб на Демократската партија на Србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а искршен беше и штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На удар беше и опозициската партија во албанскиот блок, БЕСА, во текот на викендов демолиран беше нивниот штаб во Бутел.

Притисок голем се прави и врз кандидатите за градоначалници. Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев без било каква причина бил застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР, а досега никој за жал не е санкциониран поради тој настан. Во Прилеп, кандидатот за градоначалник од СДСМ, заедно со пратеничката на СДСМ од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи, организирано делеа зејтин и останати намирници меѓу граѓаните. Во Ресен директорката на Центарот за социјални работи им се заканувала на станарите во социјалните згради дека ако не гласаат на СДСМ, треба да си ги пакуваат куферите.

Грубо прекршување на изборниот законик имаме и во Крушево, каде беше обелоденет скандал со сеча на огревно дрво, кое подоцна беше делено на граѓаните пред штабот на СДСМ во градот, секако, барајќи гласови за возврат. Претседателот на Општинската Изборна Комисија во Кисела Вода, и Кратово наместо организирање на избори одат и агитираат во кампањата на СДСМ, што исто така претставува грубо кршење на законот.

Граѓаните чувствуваат разочараност и гнев од неодговорноста на полицијата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тие велат дека тој полицијата ја претворил во партиска испостава на СДСМ, која одработува само за потребите на владеачката партија. Експертската јавност е едногласна дека со волку инциденти за време на предизборна кампања, а ниту еден разрешен случај, министерот би требало веднаш да си поднесе оставка.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека имаме флагрантно мешање на партијата и државата. Од таму велат дека министерката за труд и социјална политика се вклучи во изборите и ги лаже граѓаните дека ќе изгради градинка, а по којзнае којпат министерот за земјоделие Љупчо Николоски иако реално ги намали субвенциите на двеипол недели пред изборите ветува дека ќе се дале субвенции.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека Куманово е преплавено со партиска полиција, која во последните четири месеци Оливер Спасовски ја стави во функција на СДСМ, а цело СВР Тетово е на партиски состаноци во Мала Речица за што има и фотографии од тоа.

-Се случува организирана политичка хајка против кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. На само ден по објавување на кандидатурите се почна со објавување на измислени кривични пријави за измислени дела. Па така се поднесоа пријави против градоначалниците на Крива Паланка само затоа што организирал превоз на ученици од социјално ранливи семејства, за надоместок помал од 3 илјади евра, за градоначалникот на Велес затоа што ставил точка на дневен ред пред повеќе од 5 години на советот на општина Велес, за градоначалникот на Прилеп затоа што не ја осигурал општиската зграда од нагрдувањето извршено од шарените платеници, додека тие сега слободно шетаат низ градот, извршен е упад во исто време во општината и фирмата на градоначалникот на Вевчани, измислени пријави добија и градоначалниците на Кавадарци, Ново Село и Штип затоа тоа што направил пристапен пат до фабрика која е странска инвестиција и која што вработува стотици штипјани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ги киднапираше изборните органи: Наместо непристрасност, претседатели на ОИК аплаудираат на послушници на Заев

Додека за време на предизборната кампања минатата година челниците на СДСМ јавно говореа за фер и демократски избори и тоа како треба да се одвои партијата од државата, очигледно дека откако дојдоа на власт не се заинтересирани за такво нешто.

Еден доказ на дело за тоа можел јавно да се види на презентазијата на програмата на еден од кандидатите на СДСМ каде била присутна и Марија Петковска, вработена во агенција за катастар и недвижности – Кратово и Актуелен претседател на ОИК Кратово.

– Каде е сега законот, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.

ВАКА ЛИ ЌЕ ЈА ОДВОЈУВАТЕ ПАРТИЈАТА ОД ДРЖАВАТА: Владиниот мерцедес во кампањата на СДСМ за локалните избори (ВИДЕО)

Скапиот мерцедес на Министерството за внатрешни работи е уште една од лагите на Заев во предизборието – иако ветуваше дека ќе го продаде и од парите ќе „ги потроши за поквалитетен живот на народот“, не само што го користи за намената за којашто го купи претходната влада, туку и за партиска кампања за локалните избори.

Иако камапањата се уште не е официјално започната, партиите се раздвижени на терен, а очигледно за таа пригода СДСМ избра да се движи со мерцедесот чијашто вредност ја проценуваше во „болни Тамари“.

Наместо „поквалитетен живот“ граѓаните од мерцедесот можат да добијат само „луксузна партиска кампања“ од власт која нема од што да се плаши, која ги отвори портите на Владата, но меѓу народот се движи со блиндирано возило.


 

Евтината пропаганда на СДС фатена на дело: Пред една недела не им чинеше неизмиениот мерцедес, сега возат гости во него (ВИДЕО)

Како меур од сапуница се распрсна евтината пропаганда на СДСМ. Пред една недела правеа спекаткл од неизмиенот мерцедес, а сега во истиот мерцедес се вози турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Се чини, автомобилот кој СДСМ го користеше во својата кампања за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ сега е нешто со кое Зоран Заев и Владата се гордеат. Тоа се покажа уште синоќа кога автомобилот набавен за високи странски делегации го пречека гостинот кој е во посета на Македонија.

Истиот овој автомобил беше предмет на монти-пајтон пресконференцијата со која Оливер Спасовски се изламира и себе си и МВР, покажувајќи го автомобилот по наредба на Зоран Заев и Роберт Поповски. Тој прикажуваше дека автомобилот е извалкан од кал и е со стапалки од мачки. Претходно Заев  состојбата во која се наоѓа автомобилот се обиде да го подметне како причина за непродавање на возилото.

На видеото јасно се гледа дека состојбата во која се наоѓа автомобилот е одлична, и дека Македонија има потребна од ваков автомобил. Тоа очигледно го знае и Заев уште од првиот ден, но свесно замижа пред вактот поради потребите на СДСМ за кампањата со која ќе се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и ќе се се лажат граѓаните. Токму затоа и Заев измислуваше начини како да се оправда за непродавањето на автомобилот, па наведе дека „затоа што го гребеле мачки во гаража“, мерцедесот изгубил на вредност. Па така, велеше тој, наместо 570 000 евра, колку што се платени за него, Македонија доколку го продаде ќе земе само 400 000 евра.

Обожавателите на СДСМ кога течеше кампањата, за оцрнување преку мерцедесот, како аргументи користеа некрофилски компарација дка ваков автомобил чини одреден број на операции за деца во странство.

Сега истите коментатори не го коментираат фактот што истиот мерцедес, Заев одбива да го продаде за да има операции за деца во странство (по нивната логика) и омразениот автомобил се користи за промовирање на Македонија, како што впрочем призна и самиот Заев во интервјуто на МРТ неодамна.

Во истиот овој мерцедес, претходно се возеле видни личности и дипломати како Федерика Могерини, Јоханес Хан, Бан Ки Мун при посетата на Скопје, но и останати дипломати и преставници.

#ЛАЖЕВМЕ: Галерија од неостварените ветувања на СДСМ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и првите луѓе на оваа партија во предизборната капања за изборите минатата година, излегоа со големи ветувања, кои за народот беа нереални. Но, очигледно голем број граѓани поверуваа на тоа и го дадоа својот глас за оваа политичка партија, која сега ја предводи власта во Република Македонија.

По социјалните мрежи се проширија флаери од големите ветувања на СДСМ, од чие исполнување до сега нема ни трага ни глас.

Очигледно граѓаните се револтирани од ваквиот однос на власта кон она што го ветиле пред нив.

SDSM-Zaev-Lazevme-1 SDSM-Zaev-Lazevme-2 SDSM-Zaev-Lazevme-3 SDSM-Zaev-Lazevme-4 SDSM-Zaev-Lazevme-5 SDSM-Zaev-Lazevme-6 SDSM-Zaev-Lazevme-7 SDSM-Zaev-Lazevme-8 SDSM-Zaev-Lazevme-9 SDSM-Zaev-Lazevme-10 SDSM-Zaev-Lazevme-11 SDSM-Zaev-Lazevme-12 SDSM-Zaev-Lazevme-13

Мицкоски: По триумфот на локалните избори ќе бараме предвремени парламентарни избори (ВИДЕО)

Ни претстојат локалните избори и целокупната оваа активност која што ја нарековме работно лето чувствуваме, а тоа го потврдуваат и анкетите од терен дека локалните избори ќе бидат уште еден триумф за ВМРО-ДПМНЕ, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Кичево.

-По изборите оваа есен ние ќе одиме чекор плус и ќе бараме предвремени парламентарни избори што ќе значи целосно делегитимирање на  оваа ненародна власт и повторно враќање на ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ: Кампањата ќе беше почната ако се донесеше одлука за избори

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека веќе би била почната кампањата за предвремените парламентарни и локални избори доколку СДСМ не се плашела од гласот на македонските граѓани.

– Доколку криминогеното раководство на СДС имаше образ и одлучеше да ги праша граѓаните за тиранската платформа, наместо постизборно да им ја подметне, веќе наголемо ќе течеа дебатите околу штетните последици од кукавичкото прифаќање на елементите од платформата. Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7-ми или на 14-ти мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека наместо храбра и државничка политика, лидерот на СДСМ одбрал да молчи за сите негирања на македонскиот идентитет.

– Народот бара реални мерки за подобра иднина. Народот не сака платформи од туѓи држави. Народот бара нови предвремени парламентарни избори за да му покаже на СДС како се сака Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.