ВМРО-ДПМНЕ ТРГНУВА ВО НОВА ПОБЕДА: Избрани првите пет кандидати за градоначалници за локалните избори

Hristijan-Mickoski-pres-16-8

Мицкоски вели дека изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина.

Марјан Бајрактаров орален хирург за Струмица, за Петровец Борче Митревски, Славчо Чадиев за Велес, Тони Затковски за Кривогаштани и Зоран Ѓорѓиевски за Куманово се кандидатите за градоначаници со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на локалните избори во овие општини.

-ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема победа. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги предложи на Централниот комитет следните кандидати за градоначалници: За Струмица Марјан Бајрактаров, орален хирург, почитува граанин на струмичани, долгогодишен партиски активист, член на општинскиот комитет и на ЦК, за Петровец Борче Митревски – актуелен градоначалник, Славчо Чадиев за Велес актуелен градоначник, за Кривогаштани Тони Затковски актуелен градоначалник и за Куманово Зоран Ѓорѓиевски хирург, актуелен пратеник во Собранието и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели дека изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина.

-Програма на која што работат врвни експерти од земјава и од странство, програма која се базира на реалните потреби на граѓаните и има за цел подобрување на нивното секојдневие, инфраструткура и стандардите на живот. На овие локални избори граѓаните ќе одлучуваат не само за локални теми туку тие се веројатно последна шанса за да биде запрена оваа екскурзија наречена СДСМ и да ги казнат овие катастрофални месеци на Македонија за економско уназадување, национални порази и понижувања, погубни политики по однос на клучните и стратешките прашања за државата, посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Кога на јавноста и објаснувавме дека се потребни 63 пратеници за да не се случи овој ужас кој сега и се случува на државата, вели Мицкоски, некои веројатно имаа и дилеми на таа наша констатација. Овојпат повторно и конечно алармираме: почитувани, моќта е во вас, граѓаните на Република Македонија. Само вие со пенкалото во рака на гласачкото ливче може да ја запрете оваа деструкција и изживување врз Македонија и само вие сте тие кои можете да одберете меѓу работа, посветеноста и достоинството, наспроти она што и се случува сега на Македонија, а тоа е неспособност, хаос и понижувања.

-Нашите градоначалници ќе работат посветено и одговорно кон сите реални секојдневни потреби на граѓаните. Во тоа бидете убедени, нашите дела, конкретни мерки и проекти и досега се реализираа на државно и локално ниво, и се доказ дека само работата е таа која што движи напред и која што може да придонесе кон подобро утро. И вие знаете дека на нас секогаш можете да се потпрете, заклучи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Рокот за поднесување кандидатски листи за градоначалници е до 14 септември

Izbori-glasanje

Крајниот рок за поднесување листи на кандидати за локалните избори е 14 септември, информира Државната изборна комисија. Од таму ги известиле сите општини и градот Скопје дека се должни најдоцна до денеска, 11 август јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а најдоцна до 25 август се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

Исто така, Државната изборна комисија ги известила општините и градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од буџетот на РМ и со нив располага Државната изборна комисија.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври.

Поради несогласувања околу листите, Централниот одбор на СДСМ одложен за покасно

aleksandar-palas-prazna-sala

Поради несогласување околу листите за претстојните избори, Централниот одбор на најголемата опозициска партија на кој треба да се верификуваат истите е одложен за покасно.

Откако во јавноста се појавија имињата на лицата кои ќе се најдат на изборните листи на СДСМ во шесте изборни единици, лавина од реакции следаа од страна на многу поддржувачи на опозицијата, меѓу кои и најистурени медиумски лица кои отворено ги бранат политиките на СДСМ.

komentari-listi-sdsm-borjan-1

„Ферид Мухиќ на листа, па срамота за сите што 10 години мајка им се расплака затоа што не молчеа како тој квази интелектуалец. Значи Ферид Мухиќ од кај Ѕинго трансфер овде, браво…

komentari-listi-sdsm-borjan-2

Ова е коментарот што главниот уредник на порталот „Нова“, Борјан Јовановски го објави на неговиот профил на „Фејсбук“, како реакција на објавените имиња кои се најдоа на пратеничките листи на СДСМ.

komentari-listi-sdsm-borjan-3

Најмногу реакции пристигнаа за изборот на Ферид Мухиќ кој се најде на високата петта позиција во втората изборна единица, заедно со Оливер Спасовски, Фросина Ременска, Мухамед Зекири. Оваа изборна единица опфаќа делови од скопските општини, како и населените места во северозападните делови од земјава.

„Ако пропуштам ден да го хејтам Мухиќ и одлуката на СДСМ ве молам потсетете ме“, додава Јовановски во своите објави на „Фејсбук“.

Нему му се придружи и Јадранка Костова, од „Фокус“, исто така опозициски настроен медиум. Таа јавно ја критикува одлуката на СДСМ да го постави Мухиќ на својата пратеничка листа.

komentari-listi-sdsm-jadranka

Ферид Мухиќ на листата на опозицијата!? Јас не се сеќавам дека кренал глас против груевизмот во изминативе години! Или грешам!? Но знам дузина професори кои јавно и жестоко го правеа тоа. Збунета сум, де!“, пишува Костова.

На листите се најдоа и Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефковска, кои беа меѓу предводниците на т.н. Шарена револуција.

Од кадрите кои се веќе познати, Зоран Заев е носител на пратеничката листа во Изборна единица 4, Радмила Шекеринска носител во Петката, а Петре Шилегов во шестата изборна единица.

komentari-listi-sdsm-kolozova komentari-listi-sdsm-nezadovolstvo

komentari-listi-sdsm-svetlana

komentari-listi-sdsm-ivor

ЌЕ ИМА ЛИ КОНСЕНЗУС: Еден кандидат се повлече, само еден остана за избор во Комисијата за медиуми

Ad-hok-telo-4

Привремената комисија за следење на медиумското претставување и на денешниот состанок не постигна согласност за избор на петтиот член, а притоа еден од кандидатите, Даут Даути, јавно соопшти дека ја повлекува номинацијата, по што Сефер Тахири останува единствен кандидат за член на ова тело кое треба да ги мониторира изборите во предизборниот период.

– Бидејќи пат-позицијата е поради самото персонално решение кој ќе го води ад-хок телото, а јас сум еден од двајцата сега веќе спорни кандидатури, ве молам мојата кандидатура да ја сметате како непостоечка со цел таа да не стане пречка за комплетирање на ад-хок телото, како и да не го задржи во заложништво целиот политички процес и да биде пречка за носење одлука за одржување договорени предвремени избори, информираше Даути преку соопштение испратено до Агенцијата за медиуми.

Привремената комисија ќе функционира како дел од Агенцијата за медиуми, при што во 100 дена пред изборите, кога ќе се спроведува засилено набљудување на информирањето, одлуките на Комисијата треба да бидат задолжителни за Агенцијата. Тие одлуки можат да доведат до постапки за казнување на телевизиите и радио станиците, за прекршување на методологија за известување подготвена според француски модел, која телевизиите ја оценија како претерано строга и произволна.

– Мислиме дека ќе најдеме решение во потребниот рок. Се надевам дека во Комисијата ќе го одбереме најоптималното решение кое што ќе доведе Комисијата да одлучува легитимно, без проблематизирање и врз основа на методологијата, изјави Горан Трпеноски, еден од четворицата актуелни членови на Комисијата, кои со консензус треба да го изберат петтиот член.

Јанкуловски и Новковски во трката за нов ректор на УКИМ

Jankulovski-Nenkovski

Универзитетските професори Никола Јанкуловски и Ненад Новковски се двајцата кандидати од кои ќе се избира нов ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Ова денеска го одлучи Ректорската управа, објави Fakulteti.mk.

Јанкуловски е актуелен декан на Медицинскиот факултет, а Новковски е редовен професор на Природно-математичкиот факултет и поранешен министер за образование и наука.

Сенатот на УКИМ на седница на 27 јуни ќе избере еден од овие двајца кандидати да го води Универзитетот во следните четири години.

Во трката за ректор на Скопскиот универзитет беа уште четири професори: Александар Димитров, Атанас Кочов, Коле Василевски и Елена Думова-Јованоска.

Ова е листата на 123-те кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

VMRO-Makedonija

Државната изборна комисија (ДИК) ја објави листата на кандидати на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ синоќа пред полноќ ги поднесе листите со имињата на кандидатите за пратеници за предвремените избори закажани на 5 јуни.

Еве кои партии ја сочинуваат коалицијата, а подолу прочитајте ги имињата на 123-те кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ ( ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство), Социјалистичка партија на Македонија, Демократска Партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на Правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Работничко Земјоделска Партија на Република Македонија, Нова Либерална Партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Македонска Алијанса, Демократска Партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДП (ВМРО – Демократска партија ), Демократски сили на Ромите, Демократска Бошњачка Партија, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Демократска партија на Ромите, Социјалдемократска Унија, Роми Обединети од Македонија, Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ. 

Изборна единица 1

  1. НИКОЛА ГРУЕВСКИ
  2. ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА
  3. ДИМЕ СПАСОВ
  4. ДАНИЕЛА РАНГЕЛОВА
  5. ФАТМИР ИМЕРОСКИ
  6. ЉУПЧО ДИМОВСКИ
  7. ЈАСМИНКА ДАМЧЕСКА
  8. СВЕТЛАНА ЈАКИМОВСКА
  9. ЧЕДОМИР САЗДОВСКИ
  10. СВЕТЛАНА КОЛАРИЌ
  11. ДРАГАН ДАНЕВ
  12. АНДОН ЧИБИШЕВ
  13. ИРЕНА ПОПОВА
  14. ВЛАДИМИР НЕЛОСКИ
  15. СИМОНА ЈАНДРЕВСКА
  16. АНДРИЈАНА ПАВЛОСКА
  17. ТИМЧО МУЦУНСКИ
  18. БОЈАН ТРАЈКОСКИ
  19. ИВА ТОНЕВСКА
  20. КЕНАН АБДИ

Изборна единица 2

  1. НИКОЛА ПОПОСКИ
  2. ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ
  3. ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ
  4. ИВАН СТОИЛКОВИЌ
  5. АМДИ БАЈРАМ
  6. ОЛГА НАЈДЕНОВСКА
  7. ЗОРАН ЃОРЃИЕВСКИ
  8. АЛЕКСАНДАР СТОЈКОСКИ
  9. ВЕСНА ДАМЧЕВСКА – ИЛИЕВСКА
  10. МАРИЈА АНГЕЛОВА
  11. АВДИЈА ПЕПИЌ
  12. ДРАГАН ПЕТКОВСКИ
  13. ДАНИЕЛА СИМОНОВСКА
  14. БОЈАН СТОЈАНОСКИ
  15. ЗОРАН БАЈОВСКИ
  16. ЕМИЛИЈА ТРАЈКОВСКА
  17. МАРЈАН ДАИЛОВСКИ
  18. ГОРДАНА ТОШЕСКА
  19. БОБИ БОЈЧЕВСКИ
  20. САЊА ДИМИТРИЕВСКА

Изборна единица 3 

  1. ИЛИЈА ДИМОВСКИ
  2. НИКОЛА МИЦЕВСКИ
  3. СЛАЃАНА МИТОВСКА
  4. АЛЕКСАНДАР КОЛЕВ
  5. ИВАН ИВАНОВ
  6. МАГДАЛЕНА МАНАСКОВА
  7. ТРАЈЧО ДИМКОВ
  8. БЛАГИЦА ЛАСОВСКА
  9. СТОЈАН МИЛАНОВ
  10. СУЗАНА СЕКУЛОВСКА
  11. ВЛАТКО ЈОРДАНОВСКИ
  12. ЕМИЛИЈА АЛЕКСАНДРОВА
  13. МАРЈАНЧО КОЛЕВСКИ
  14. ЃОРЃИ КОЏАБАШИЕВ
  15. МИЛКА ХРИСТОВА
  16. МИТЕ КОСТОВ
  17. МАЈА СТОЈАНОВСКА
  18. МАРЈАН МИЛОШЕВСКИ
  19. ВЕСНА ЈОВАНОВА
  20. БЕТИ ТАСЕВСКА

Изборна единица 4

  1. НИКОЛА ТОДОРОВ
  2. ПАНЧО МИНОВ
  3. АНЕ ЛАШКОСКА
  4. ВАСИЛ ПИШЕВ
  5. ДИМИТАР СТЕВАНАНЏЈА
  6. МИМОЗА СЕРАФИМОВА
  7. ДРАГАН ЦУКЛЕВ
  8. ЃОКО КАМЧЕВ
  9. ВЕСНА ПЕМОВА
  10. НАДА ЦИПУШЕВА
  11. СЛАВЕ ГОШЕВ
  12. РОМЕО ТРЕНОВ
  13. БЛАГОРОДНА БОЈАЏИЕВА
  14. ДАЈАНЧО ЕФТИМОВ
  15. АЛЕКСАНДАР ГАЛАПЧЕВ
  16. МИРЈАНА ХАЏИЕВСКА
  17. ВИКТОР ДЕСПОТОСКИ
  18. МАРИЈА ГУГОВА – СТОЕВА
  19. ИГОР ИЛИЕВ
  20. ЕЛЕНА МАНОЛЕВА- ЃАВОЧАНОВА

Изборна единица 5

  1. АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ
  2. ЗОРАН СТАВРЕСКИ
  3. ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
  4. ЗОРАН ИЛИОСКИ
  5. САШО ВАСИЛЕВСКИ
  6. НОЛА ИСМАЈЛОСКА СТАРОВА
  7. ЛИЛЈАНА КУЗМАНОВСКА
  8. КРСТО МУКОСКИ
  9. НИКОЛЧЕ ЈАНКУЛОВСКИ
  10. СОЊА ТАЛЕВСКА
  11. АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ
  12. МОМЧИЛО АВРАМОСКИ
  13. СИЛВАНА АНГЕЛЕВСКА
  14. БЛАГОЈА ДЕСПОТОСКИ
  15. АНАСТАС ЏУРОВСКИ
  16. ЕЛВИРА ЕЈУПИ
  17. МУТАИР МАКСУД
  18. ЕЛЕНА СТЕПАНОСКА
  19. АЛЕКСАНДАР ВАНГЕЛОВСКИ
  20. СНЕЖАНА СТЕФАНОСКА

Изборна единица 6

  1. ВЛАДИМИР ЃОРЧЕВ
  2. ЈУСУФ ХАСАНИ
  3. СВЕТЛАНА КАРАПЕТРОВА
  4. САШО АЌИМОСКИ
  5. АЛИМ БИЛАЛИ
  6. ВАЛЕНТИНА МAРЧЕВСКА
  7. ГОРАН МАНОЈЛОСКИ
  8. НАТАША САЗДОВСКА
  9. СТОЈАН ТОДОРОСКИ
  10. МИЛКА ЃУРКОВИЌ
  11. ЛОРАН СТРАШЕВСКИ
  12. НАТАША БЛАЖЕВСКА
  13. АРМЕН НЕЗИРИ
  14. СРЕБРА КОЦЕВСКА
  15. РИСТО МАНЧЕВ
  16. ЗОРАН ИЛИЕВСКИ
  17. РАМАДАН МЕХМЕДИ
  18. ДИЈАНА БИБОВСКА
  19. АМЗО АХМЕДОВСКИ
  20. ВЕРИЦА ТОФИЛОВСКА

Изборна единица 7

  1. ПАВЛЕ САЗДОВ
  2. КАРОЛИНА БАРБУТОВА
  3. ВАСКО НАУМОВСКИ

Мирчев: Со поднесувањето на листите, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека го почитува договорот од Пржино

Dimitar-Mircev

Процесот за надминување на кризата и дијалогот течат. Најважно е што меѓународниот фактор се нема откажано од договорот, смета професорот Димитар Мирчев.

Разговорите за надминување на политичката криза продолжуваат, а со поднесувањето на листите за пратеници ВМРО-ДПМНЕ покажа дека го почитува договорот од Пржино, нагласува професорот Димитар Мирчев. Според него, доаѓањето на германскиот пратеник Јоханес Хајндл е позитивно и лидерите ќе немаат аргументи да му се спротивстават.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажа дека го почитува договорот од Пржино. Процесот за надминување на кризата и дијалогот течат. Најважно е што меѓународниот фактор се нема откажано од договорот. Во таа насока треба да се гледа и на доаѓањето на германскиот пратеник Хајндл. Тоа е добар политички чекор и ја покажува посветеноста на Германија да се најде решение – вели Мирчев за Телеграф.мк.

ОФИЦИЈАЛНО: ВМРО-ДПМНЕ поднесува кандидатски листи за пратеници

VMRO-DPMNE-novo

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави листи за кандидати за пратеници. Информацијата за Press24 ја потврди Директорот на центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски.

„Извршниот и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа заклучија дека нема поголем приоритет од почитување на Уставот и законите на Република Македонија и членовите на овие две тела одлучија партијата денеска до Државната изборна комисија да достави листи на кандидати за предвремените Парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Извршниот и Централниот комитет го утврдија составот на листите и по завршување на сите формалности, во законски предвидениот рок, истите ќе бидат предадени во ДИК.

Извршниот и Централниот комитет на партијата, исто така одлучија да го поддржат учеството на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на изнаоѓање излез од кризата во која што СДСМ ја втурна Република Македонија.“ – вели Котевски за Press24.

Истекува рокот: СДСМ и ДУИ бојкотираат, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА чекаат полноќ

Liderska-sredba

До овој момент, листи најави единствено партијата НДМ на Јанко Бачев. Според соопштението испратено од Народното движење, тие денеска ќе ги поднесат листите и ќе учествуваат на изборите.

До овој момент нема најава од други партии дека ќе учествуваат на изборите.

ДУИ нема да учествува на изборите на 5 јуни. Партискиот портпарол Бујар Османи вели дека неговата партија нема да поднесе кандидатски листи во рокот предвиден од Државната изборна комисија, кој истекува ноќеска на полноќ.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјален став. Неофицијални партиски извори велат дека сите опции се отворени, па пред полноќ не треба да се избрзува со прогнози.

Ставот на СДСМ е дека нема да учествува на изборите и нема да поднесе кандидатски листи. И партискиот шеф Заев денеска е во посета на Хрватска. Вчера, тој своето неучество на изборите го оправда со изјава дека не се појавува пред граѓаните бидејќи ќе победи, а победата нема да му биде признаена.

„Ако се оди на нерегуларни избори тие можат да бидат непризнаени и од Никола Груевски, имајте го тоа во предвид. Опозицијата е во моментот е убедена дека ако оди на избори ќе победи и ќе ја добие поддршката. Но, тие избори може да бидат непризнаени и од Никола Груевски и од Али Ахмети како претставници на власта. Зошто? Затоа што нема услови за регуларни, фер и демократски избори. Едноставен е одговорот.” – вели Заев

Во ДПА владее вистински мол. Веќе неколку дена од Тетово не одговараат на нашите прашања. Освен неофицијални информации дека партијата ќе ги следи директивите кои доаѓаат од меѓународните претставници, ништо не доаѓа до новинарите. Според тие информации, ДПА, најверојатно нема да поднесе кандидатски листи.

До овој момент, листи најави единствено партијата НДМ на Јанко Бачев. Според соопштението испратено од Народното движење, тие денеска ќе ги поднесат листите и ќе учествуваат на изборите.

До овој момент нема најава од други партии дека ќе учествуваат на изборите.

ИСТЕКУВА РОКОТ: До полноќ може да се поднесат листи на кандидати за пратеници

Izbori-glasanje

Според Роковникот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, вечер на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

До синоќа, како што информираат од Државната изборна комисија (ДИК), не пристигнала ниту една листа за кандидати за пратеници.

Откако ќе ги добие листите, ДИК има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.

ДИК вчера одржа седница на која го разгледа Извештајот од регистарот на државјани доставен од Министерството за внатрешни работи, кој покажува дека е зголемен бројот на лица со право на глас односно полнолетните жители на Македонија на 1.958.844. Малолетни се 505.422 или вкупно МВР има регистрирано 2.464.266 државјани на Република Македонија.

Во однос на дијаспората, до ДИК се пристигнати 6.686 пријави за гласање на македонски државјани кои престојуваат во странство. Можно е, беше посочено, некој повеќе пати да се пријавил. За проверка е постапено по 3.190 пријави, но, има рок од уште три дена за обработка.