СОРОСОИДОТ БИЛТ ЛАЖЕ: Еве доказ дека побарал средба со Иванов уште на 5-ти април

Ова е дописот со кој делегацијата на тинк-тенк организацијата, „Европскиот совет за надворешни односи“, а во чие својство како ко-претседавач е Карл Билт, бара средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Дописот е со датум од 5 Април, 2017 година.

Bilt-pokana-za-sredba-so-Ivanov

Имено, поранешниот шведски дипломат кој е во посета на нашата држава во својство на претставник на невладина организација, пред седиштето на СДСМ, во својата изјава рече дека не побарал средба со претседателот Иванов.

„Не знам, не сум побарал средба“, одговори Билт на новинарското прашање дали побарал средба со македонскиот претседател.

Претходно, Билт правдајќи се пред македонските новинари изјави дека негова примарна цел не била средба со претседателот Иванов, што е во тотална спротивност со дописот испратен до Кабинетот на Претседателот на Репиблика Македонија.

Bilt-pokana-za-sredba-so-Ivanov-1

Од Кабинетот на Иванов потврдуваат дека до нив е пристигнат допис со барање за средба од страна на организацијата „Европскиот совет за надворешни односи“, и додаваат дека ставовите на Претседателот во однос на актуелната политичка состојба се јавно и јасно искажани во повеќе наврати.

Карл Билт – Соросов емисар кој не го признава македонскиот народ

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билт денеска е во Македонија. Станува збор за неофицијална посета на дипломат кој во моментов нема никаква официјална функција, туку е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.

Билт самиот се нарекува добар познавач на Балканот и често излегува со оцени за политичките состојби во Македонија и во Србија. Не случајно токму Скопје и Белград се дестинации на оваа негова приватна посета.

Билт во 2014 година на форум во Хрватска, коментирајќи ги случувањата во земјава, нѐ нарече Славомакедонци, а пак неодамна побара од Европската Унија да испрати воени трупи на Балканот и да се изведат воени вежби. Коментирајќи го традиционалниот „Кроациа форум”, кој летото 2014 се одржа во Дубровник, во своето размислување за тоа како минал Форумот, шведскиот министер, меѓу другото ќе напише:

„Се разбира, овој Форум беше можност за дискусија во однос на состојбите во различни земји. Она што ме загрижува најмногу во моментов е развојот во Македонија. Таму може да видиме прилична затегнатост во односите меѓу славо-македонската и албанската заедница во земјата“, посочува Карл Билд во писанието каде се обраќа на шведски јазик.

Ваквиот став на Билт дојде една седмица откако тогаш новиот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли, во американскиот Сенат посочи дека во Македонија живеат „мнозинство Словени и малцинство етнички Албанци”.

Билт доаѓа во Скопје како копретседавач со Европскиот совет за меѓународни односи, невладина организација која се занимава со политички анализи, но доколку подобро се погледне за каква организација станува збор, тогаш излегува на виделина дека Билт во Скопје всушност доаѓа како соросов емисар.

funded

Организацијата во чие име доаѓа Билт е основана и финансирана од американскиот милијардер Џорџ Сорос. На официјалната страна на Организацијата стои дека Фондациите „Отворено Општество“ се најголем донатор и поддржувач и посебно се заблагодаруваат. Впрочем и во листата на донатори за 2016, „Отворено Општество“ е во 4-те донатори со најмногу придонес.

Дополнително, дека Карл Билт е верен соросов пион покажува и мејлот кој го објави Викиликс испратен од Џорџ Сорос до Хилари Клинтон во 2011 година, додека била шеф на американската дипломатија, во кој и дава детални упатства за тоа како таа да им пристапи на тогашните немири во Албанија, истакнувајќи дека за тоа „е потребно вниманието од највисоко ниво на американската Влада“.

„Сметам дека е непходно итно да се направат две работи: 1) Максимално ангажирање на меѓународната заедница за премиерот Бериша и лидерот на опозицијата Еди Рама да ги спречат натамошните демонстраци и да ја ублажат јавната реторика; 2) да се именуваат високи европски претставници како посредници“, пишува во мејлот упатен до тогашната  државна секретарка на САД.

Сорос, покрај тоа, предлага тројца кандидати за посредување во решавањето на албанската криза: Карл Билт, Мартин Ахтисари и Мирослав Лајчак, со објаснување дека сите тројца се „силно врзани за Балканот“.

vikiliks

Билт во Скопје ќе има одделни средби со претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но не и со претседателот Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата се изјаснија дека средба со шведскиот дипломат не е предвидена. Претходно Иванов одби да се сретне и со комесарот за проширување Јоханес Хан откако тој претходно не сакаше да се сретне со претставници на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Средба не е предвидена: Карл Билт наиде на затворена врата кај Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов нема да го прими поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт кој е во посета на Македонија.

Поранешниот шведски политичар, и сегашен ко-претседавач нa‎ тинк – тенк организација која се занимава со политички анализи, доаѓа во Македонија на средба со политичките лидери, јавуваат повеќе домашни медиуми.‎

Од Кабинетот на Иванов официјално велат дека во агендата на македонскиот претседател не е предвидена таква средба.‎

Неофицијално до средба Иванов – Билт нема да дојде пред се поради непринципиелните ставови и крајно необјективниот пристап на Билт во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија.

Билт честопати фаворизира одредена страна, давајќи свои коментари и изјави во врска со политичките случувања на Балканот но и во Македонија. Пред своето доаѓање во Скопје тој на својот Твитер профил напиша: „Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дела разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка.“