Јакимовски: Полицијата и криминалците се заедно, ОЈО да ги казни напаѓачите!

По синоќешниот напад пред седиштето на ГРОМ во Скопје, лидерот на партијата и досегашен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно го повика Основното јавно обвинителство да ги казни напаѓачите.

-Јавно го повикувам ОЈО да постапи, нели фрлавте бомби по фасади, нели бевте спремни да гинете за правната држава, рече тој на прес-конференција во Скопје.

Јакимовски ги наведе казните предвидени во Кривичниот законик член 386 – од 3 месеци до 3 години за груба навреда, а бидејќи, според него, Сеад Рахиќ носел нож, по член 133 од законот е предвидена затворска казна од 6 месеци или парична казна.

-Тоа што полицијата не презела мерки синоќа само покажува дека полицијата и криминалците се заедно, односно СДСМ и неговиот ментор е таков во целиот свет, па и во Македонија ја спроведуваат истата политика. Како ќе им дадете живот на овие граѓани што синоќа беа во штабот, претежно госпоѓи и госпоѓици, рече Јакимовски.

Тој потсети дека уште во 21:30 часот, по преброени 48 проценти од гласовите, излегол и го признал поразот и му го честитал изборот на новиот градоначалник на општина Карпош.

-Политичарите треба да се носат и со победата и со поразот, додаде Јакимовски.

Тој рече дека разликата во гласовите на овие локални избори била над 7.500 гласови, но потсети дека во 2013 година тој го победил СДСМ со 11.194 гласови разлика. И тогаш, рече Јакимовски, го навредувале него и неговите деца, му пишувале недолични работи, му палеле свеќа и му порачувале „почивај во мир“, го нарекувале „четник“, „Шешељ“, но тој не пратил никого да ги тепа, како што нему му пратиле синоќа. Напаѓачите ги нарече „луѓе од подземјето, хулигани од кои СДСМ не се оградило и не го осудило настанот“.

ВИДЕО: Насилници од СДСМ со ножеви упаднале Стевче Јакимовски во штабот на ГРОМ во Карпош

Активисти на СДСМ вечерва пробале насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ кој се наоѓа на раскрсницата помеѓу улиците Рузвелтова и Теодосиј Гологанов во скопски Карпош, пишува Република.

Насилниците со тупаници и шамари физички го нападнале и кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски. Според информациите биле употребени и ножеви и лисици.

Во моментов пред штабот на ГРОМ врие од полиција.

Живот за сите бизнис партнери: Шилегов се договорил со албански бизнисмен да изгради шанк и диско клуб во паркот спроти Веро во Карпош

Покрај празните ветувања дека ќе донесел чист воздух, а без никаков план како тоа би го реализирал, Петре Шилегов има и некој ветувања кои сепак не ги кажува пред граѓаните туку ги кажува на свои бизнис партнери. Шилегов со албански градоначалник договорил уништување на паркот карши Веро во Тафталиџе, во Општина Карпош.

Овој простор се наоѓа на територијата, а покрај тоа што ги побива своите ветувања, тој ги побива и празните ветувања на кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Стефан Богоев, кој како еден од главните проекти го има зацртано враќањето на маалскиот живот, за кој како што велат младите карпошани е одличен и дружбата меѓу карпошани е одлична. А со тоа што ќе биде уништен овој парк, директно се удира по ветувањето на Богоев, бидејќи парковите се местото каде сите млади се собираат и го поминуваат времето заедно.

Еден од најубавите паркови во Скопје, ќе биде уништен ако Шилегов стане градски татко, бидејќи тој договорил и изградба на шанк и диско клуб во паркот спроти Веро во Тафталиџе. Прашање е и како на ова ќе реагираат лугето кои живеат во тој дел од Скопје, а во секој случај тие не се во мал број. Реализатор на овој проект доколку дојде Шилегов до градоначалничкото столче ќе биде косовски бизнисмен.

Освен дискотека, според нашите информации Шилегов договорил и изградба, иако токму тоа дена нема да има изградба на нови згради е главно ветување на сите градончалници на СДСМ во Скопје.

 

ВИДЕО: СДСМ-овска ХИСТЕРИЈА

Погледнете го хистеричниот „социјалдемократ“ и поранешен претседател на ОО Карпош, Анте Поповски како урла на презентацијата на удбанистичкиот план за Карпош 4 и не сакаше да го слушне објаснувањето на раководителот на урбанизам.

Тодоров: На 11 декември народот ќе го порази СДСМ и неговата политика на деструкција

Народот ќе си дојде по своето на 11 декември. Народот ќе го порази СДСМ и неговата политика на деструкција и политика на креирање на кризи и одржување на таа криза многу долг период, истакна денес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров по средбата која ја оствари со жителите од скопски Карпош.

-Криза во која што многу изгубија и граѓаните и државата и поради сите овие причини, како и поради тоа што граѓаните му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе победиме на 11 декември. На тој начин ќе заврши кризата и ќе може да се фокусираме на реалните проблеми и потреби на граѓаните, на реализација на она што го имаме ветено во нашата програма која ќе биде обемна, прецизна, со конкретни рокови, проекти и носители, истакна Тодоров.

todorov-vmro-karpos-1 todorov-vmro-karpos-2

„Дневник“: Чаир со 8.659 и Тетово со 6.692 лица први на листата, во Пехчево само еден фантом

Чаир води со 8.659 од 39.502 спорни гласачи за кои се очекува деновиве да почне да тече рокот од 25 дена за да го потврдат своето гласачко право, во спротивно ќе бидат избришани од Избирачкиот список, пишува Дневник.

Веднаш зад неа е Тетово со 6.692 лица, Kарпош, каде што има 4.008 избирачи, и Центар со 3.005 гласачи за кои ќе важи активната регистрација доколку на претстојните парламентарни избори сакаат да гласаат и да останат во Избирачкиот список.

„Дневник“ дојде до неофицијалниот список на спорните 39.502 гласачи и впечаток е дека таканаречени фантомски избирачи се најмногубројни во општините каде што мнозинство се Албанци. Од пресметките, според етничката структура, од 40.000 спорни гласачи, 70 отсто се Албанци, па Роми, Македонци-муслимани и само неколку илјади се Македонци.

Kако што веќе објавивме, поради ова партијата на Али Ахмети веќе е на терен за да ги информира тие гласачи сами да се пријават во ДИK или во подрачните единци на Kомисијата. Од ДУИ брифираа дека, според партиската административна проверка, веќе утврдиле дека 80 отсто од спорните гласачи-Албанци постојат и дека партиските теренци со списоци од куќа до куќа веќе ги информираат за саморегистрација. И додека ДУИ е растрчана на терен за да докаже дека станува збор за реални, а не фиктивни гласачи, од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ нема одговор дали вршат проверки. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека максимално ќе се ангажираат да се спроведе договорот и дека се подготвени да дадат поддршка на ДИK на терен за таа категорија гласачи.

И додека во Чаир се најмногубројни спорните гласачи, при што во самиот Чаир регистрирани се 5.418, во Бутел 1.192, Шуто Оризари 1.794 и во Чучер Сандево 255, најмалку или 1 таков гласач е регистриран во Пехчево. Во Гази Баба вкупно има 2.552 спорни гласачи, од кои во Арачиново 433, во Гази Баба 1.759, во Илинден 102 и во Петровец 258. Во Гостивар има 3.532 спорни гласачи, од кои во самиот град се 2.671, во Врапчиште 598, а во Маврово и Ростуше има 263 гласачи кои сами треба да го потврдат правото на глас.

Впечаток е дека спорни гласачи има во речиси сите општини во земјава. Меѓу нула и 50 спорни гласачи има во Берово, Виница, Делчево, Kратово, Македонски Брод, Неготино и Пробиштип.

Од 100 до 1.000 во Струмица, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Прилеп, Охрид, Kрушево, Дебар, Kавадарци, Kочани, Велес, Гевгелија.

Во Kарпош има 4.008 спорни избирачи, од кои 630 во Ѓорче Петров, 958 во Kарпош и 2.420 во Сарај.

Во Тетово од 6.692 спорни гласачи, 3.182 се во самиот град, во Боговиње се евидентирани 897, Брвеница 507, Желино 741, Јегуновце 340 и во Теарце 1.025.

Од партијата на Ахмети, освен што се ангажирани со посета на спорните гласачи од врата на врата во земјава, велат дека упатиле инструкции на сите семејства што имаат блиски во странство да ги информираат за листата на спорни гласачи.

Веднаш кога ДИK на својата веб-страница ќе го објави списокот со спорни гласачи, гастарбајтерите преку своите семејства во земјава веќе се информирани да ја погледнат листата и доколку нивното име и презиме е впишано сами да се пријават и да го потврдат своето право на глас – велат од ДУИ.

Се чека ДИK да го објави списокот

ДИK вчера попладне требаше да расправа за упатството за постапување по поднесени пријави на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните, ќе бидат предмет на проверки во Избирачкиот список. Според најавата, ДИK се очекуваше да донесе заклучок за објавување на списокот со спорните записи на веб-страницата на Kомисијата, како и за јавниот повик и образецот, односно пријавата за пријавување на тие лица.

ДИK ќе расправа и за информацијата од ИТ-секторот за состојбата со гласачите чиј список треба да биде објавен на веб-страницата на Kомисијата, како и за одлуката за отворање канцеларии на ДИK во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде што ќе се спроведува пријавувањето. Овие гласачи ќе се повикуваат и писмено по пошта. Писмена покана од ДИK ќе добијат и партиите за да номинираат набљудувачи на целиот процес.

Колумна на Стевчо Јакимовски: Веш машина

Опааа! Слушаме добро, или? МВР му поднесе кривична пријава на Бобо Дајнерс. Поточна локација, сопруг на Радмила Шеќеринска. Дали е ова расчистување со криминалците во сопствените редови од страна на СДСМ? Внатрепартиска пресметка, или ова се делови од МВРО кои што техничкиот министер сеуште не ги ставил под контрола?

По се изгледа дека не е ниту едното ниту другото, туку криминалот е евидентен и очигледен, видлив дури и од сателит.

Очигледно е, дека Бобо на Рада, преку кирии за сопствени станови исплаќал на себе си и на мајка си, дел од плата, и со тоа правел кривично дело перење на пари, прикривање на даноци и придонеси. За овие 300.000 евра кои вкупно ги земал, тој платил само персонален данок, но не и придонеси за пензиско и инвалидско, придонес за здравствено осигурување, и придонес за осигурување во случај на невработеност.

За ова зборував пред три години, и за таквото мое тврдење Бобо ми поднесе кривична пријава за клевета и навреда, и дури бараше и оштета.
По принципот на онаа народната „и рекол некој на мечката дека црн и бил задникот, а таа се навредила и почнала да урла на сите страни“ е така на другарот Бобо му кажав дека сите нас пробува да не направи будали, а тој мене на суд. И не само тоа, туку тој дури и побрзал кај невропсихијатарот Тони Новотни да добие уверение „штанцано“ на гештетнер, во кое тој дијагностицирал дека човекот многу пател, имал душевна болка, многу бил навреден од моите зборови, небаре полудел.
Епа кој не би побудалел…да земаш 5.700 евра за стан во Скопје, и 860 евра за стан од 50 квадрати во Охрид, и тоа секој месец, и наеднаш да те фатат жив, и овие „евриќи“ да ти секнат….

Кој не би паднал во севдах, и кој не би одел на психиатар.

Интересно беше што на судењето, големиот „господин“ не се појавуваше, туку праќаше правни застапници, па дури и последниот пат неговата правна застапничка не извести, дека од секретарката дознала дека „господинот“ Бобо е на пат надвор од земјата. Замислете, имал и секретарка. А, кутрата застапничка сакаше да не фасцинира во судот.

Јас постојано тврдев, дека не значи дека ако не си осудуван, не си притваран, дека не си перел пари. И, еве ја кривичната пријава од МВР до Обвинителството. Но, не ми е јасно, зошто не се бара притвор. Ако за кутриот Едмонд Темелко, онака болен и искривен се плашиме дека може да ни избега, незнам зошто „господинот“ Бобо здрав и прав не би можел да ни побегне.

Е сега, повторно ке ве потсетам на мојата претходна колумна, кога смешната Шеќеринска им велеше на граѓаните на Радовиш дека не се живее со 8.000 денари плата, и сега ќе повторам.
Да Радо, не се живее со 8.000 денари, но ти Радо кажи им како се живее со 5.700 евра од станот во Скопје и 860 евра од станчето во Охрид.

Чудна е оваа предизборна кампања каде што ситиот го разбира гладниот. Но не можам да сватам, како ситиот не разбира зошто рејтингот му е на помалку од половина од владеачката партија.

Одговорот е едноставен:
Народот ја препознава лагата и дволичноста, неискреноста. И на тие им вели, вас местото ви е во опозиција. Изборите не ги добиваат фолиранти. Едниот го видовме на снимка во Струмица, како Ал Пачино во „Кум“, со цигара во уста, тресе пепел во пепелникот во канцеларијата на градоначалникот, и вели „парите однесете ги кај Вицето“, а другата нелегално секој месец со својот „лепотан“ преку нивната веш машина си переле по 6.500 евра.

Добар двоец, нема што, ама без кормилар.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Груевски на средби со жителите и увид на проектите во Нерези

Премиерот Никола Груевски денеска го посети село Нерези во Општина Карпош каде што на средби со жителите и општинските власти се запозна со тековните и идни инфраструктурни и комунални проекти.

Во присуство на Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалниците на Скопје и на Општина Карпош Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, во Средно Нерези беше пуштена во употреба хидрофорска станица.

Gruevski-vo-Nerezi-1Gruevski-vo-Nerezi-2Gruevski-vo-Nerezi-3

Проектот, според Груевски, е реализиран со заеднички напори на повеќе институции и со него се надминува проблемот со водоснабдувањето.

–  Проектот е завршен и како што гледате голем број луѓе се собраа да го изразат своето задоволство и честитки до оние коишто го направија, до градоначалникот на Скопје,  на Карпош, директорот на Водовод и сите други коишто учествуваа во изработката на сето ова, изјави Груевски.

Gruevski-vo-Nerezi-4 Gruevski-vo-Nerezi-5 Gruevski-vo-Nerezi-6 Gruevski-vo-Nerezi-7

Претходно Груевски изврши увид на активностите за обнова и проширување на улицата „Козле“ со краците 3,5,8 и 10. Со завршување на патот и со пуштањето во употреба на хидрофорската станица, потенцира Груевски, практично се решаваат двата најгорливи проблеми на Нерези, на овој дел на општината Карпош.

Следен за реализација треба да биде проектот за изградба на училиште. Сегашното училиште, како што информира градоначалникот Јакимовски, е старо и со несоодветни услови.

–  Градоначалникот кажа дека во иднина треба да се направат одредени не многу големи инвестиции во училиштето во Нерези и со тоа клучните работи поврзани со овој дел на некој начин би биле покриени, завршени, посочи Груевски.

Gruevski-vo-Nerezi-8Gruevski-vo-Nerezi-9Gruevski-vo-Nerezi-10

На средбите со жителите на Нерези, како што рече,  слушнал многу различни идеи, проблеми, поплаки, критики и пофалби. Биле извонредна можност одблизу да се запознае со проблемите  со коишто се соочуваат секојдневно.

– Добро е што сме заедно, со мене е и градоначалникот на Скопје и градоначалникот на Карпош, неколку директори на јавни претпријатија, тука е и министерот за транспорт, и дополнителниот заменик за труд и социјална политика така што може за некои од работите и веднаш да одговориме на граѓаните. За некои од работите не можеме веднаш  па закажуваме термини со нив или ги земаме нивните контакти за подоцна нашите кабинети да направат напори да им помогнат. Но за некои од нив со оглед дека многу од луѓето кои се надлежни за некои од  работите се тука, на лице место ги договораме работитекако, кога, на кој начин да се надминат дел од проблемите, изјави Груевски.

Gruevski-vo-Nerezi-11Gruevski-vo-Nerezi-12Gruevski-vo-Nerezi-13

Не може, додаде, да се решат сите проблеми, но може да се решат многу од нив.

– И кога биле изборите никогаш не сме давале ветувања дека сите проблеми ќе ги решиме. Луѓето знаат дека тој што дава такво ветување всушност ги лажи неговите гласачи. Но сме ветиле дека ќе решиме многу повеќе проблеми отколку нашите политички конкуренти, нашите опоненти во политичкиот живот и мислам сега засега прилично успешно го правиме што потврдува и она што го имавме на сите изминати избори,  една силна поддршка од граѓаните за оваа коалиција и за луѓето што денеска се присутни тука на терен со граѓаните кое што е нешто што  го правиме многу често и со особено задоволство, изјави премиерот Никола Груевски.

Gruevski-vo-Nerezi-14 Gruevski-vo-Nerezi-15 Gruevski-vo-Nerezi-16 Gruevski-vo-Nerezi-17