ДУИ ТАКТИЗИРА: Ахмети ќе пресече, одлуката ќе биде во „консултација со меѓународните пријатели“

Ali-Ahmeti-DUI-pres

ВО МАЛА РЕЧИЦА ГИ АНАЛИЗИРААТ ОПЦИИТЕ

Централното претседателство на ДУИ вчера во Мала Речица решаваше со какви позиции ќе настапи во преговорите за новата влада, во очекување нивниот лидер Али Ахмети и официјално да добие покана од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Никола Груевски за средба.

Интегративците ќе премеруваат која од опциите – коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, коалиција со СДСМ, техничка влада, ДУИ во опозиција или нови избори – ќе биде најдобра за партијата.

Воедно анализата на интегративците ќе биде и за тоа која од можните опции ќе им нанесе најмала штета, особено во пресрет на локалните избори во мај годинава, а во ситуација кога ДУИ е клучот дали Македонија ќе добие влада по изборите на 11 декември.

– Kај некои членови на ДУИ и кај членовите на Централното претседателство преовладува отпор за повторно владино партнерство со ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски и други високи функционери опфатени во истрагите на СЈО. Но, ова не значи дека одлуката ќе биде да не влегуваме во влада со ВМРО-ДПМНЕ. Во ДУИ на крајот секогаш пресекува лидерот Ахмети – вели член на Претседателството на ДУИ.

Во ДУИ немаат одговор за тоа како тогаш би правеле влада со СДСМ, бидејќи додека Груевски е осомничен, Заев е обвинет во најмалку два случаја пред Јавното обвинителство на РМ, „Пуч“ и „Поткуп“. Ако го применуваат тој принцип, им останува во секој случај да бидат надвор од владата или да бараат нови избори, што не би им го решило проблемот бидејќи и на новите избори Груевски и Заев би ги предводеле своите партии. Исто така немаат одговор ни за тоа како тогаш Ахмети можеше своевремено да влегува во Владата на РМ и партијата да застане зад тоа кога беше обвинет пред македонските судови за воени злосторства.

Нашиот соговорник додава дека за секоја од опциите што се на маса ќе се дебатира кои се придобивките, но и последиците и за партијата, албанскиот електорат и за државата.

– Особено голем отпор за влада со ВМРО-ДПМНЕ има од градоначалниците, бидејќи во мај се локалните избори. Стравувањата се дека ДУИ на локалните ќе доживее целосен крах и фијаско и ќе изгуби повеќе од половина општини ако ја продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на парламентарните избори завршивме со преполовена доверба – вели функционерот на ДУИ.

Ова значи дека Ахмети е на тешки маки за која од опциите да се определи, ако се знае дека најблиските соработници на лидерот, односно сите потпретседатели на партијата Теута Арифи, Изет Меџити, Невзат Бејта и Садула Дураку се и градоначалници. Ако ним им се приклучи и организацискиот секретар и партискиот бунтовник Хазби Лика, јасно е дека најтесното партиско раководство на ДУИ е меѓу функционерите што се противат на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Но, од друга страна, Теута Арифи одамна влече кон СДСМ, за Невзат Бејта неодамна се изјасни Груевски во интервјуто за „Дневник“, а за отпорот на градоначалникот на Чаир постојат други шпекулации.

За влада со ВМРО-ДПМНЕ натежнува фактот дека владејачкото мислење во партијата е оти коалиција на ДУИ и Алијансата за Албанците со СДСМ ќе биде со краток рок. Аргументите за ова се дека ако ВМРО-ДПМНЕ биде опозиција, ќе ги користи сите демократски мерки да ја опструира и блокира работата на Собранието, а тоа ќе значи дека голем дел од барањата од албанската платформа не ќе може да добијат законска рамка, бидејќи ќе нема двотретинско мнозинство. Аргумент во корист на влада со ВМРО-ДПМНЕ е и дека ДУИ тогаш нема да го прекрши принципот што сама го наметна – победниците да прават влада.

– Тешка ќе биде одлуката и ако решиме да одиме со ВМРО-ДПМНЕ, но и ако одлучиме да не коалицираме со партијата на Груевски – вели функционер на ДУИ.

Дека функционерите на Централното претседателство се меѓу два огна, потврда се позициите оти ДУИ, пред с`, треба да мисли на партиските интереси и, од друга страна, дека станува збор за одлука за процеси што се подолгорочни и покомплицирани.

Во секој случај, според соговорниците од ДУИ, одлуката што ќе ја донесе Ахмети ќе биде во консултации, како што велат, со меѓународните пријатели.

Партискиот портпарол, Бујар Османи, вчера потврди дека Централното претседателство разгледува пет опции за можно коалицирање во наредниот период. Тој истакна дека ДУИ нема стратешки партнер и оти се разгледуваат сите опции.

– ДУИ почна процес на сеопфатна анализа на можните опции за коалицирање во наредниот период. Ги спомнавме сите пет опции што се денес на маса на Централното претседателство, за кои детаљно се разговара за сите аргументи за и против и за краткорочните и долгорочните ефекти. Анализите се без емоции, без преференции, ДУИ нема стратешки партнер, ДУИ нема префериран партнер. Сериозно ги разгледуваме сите аргументи – изјави Османи.

Од партијата велат дека преговорите со мандатарот ќе почнат откако ДУИ ќе заврши со анализите на опциите и оти ќе има повеќе состаноци на Централното претседателство.

Ахмети: СДСМ не е победник на изборите – коалиција со нив не носи стабилна ситуација

ali-ahmeti-intervju

СДСМ не е победничка партија на изборите и коалицијата со нив не е стабилна ситуација. Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за ТВ21 вели дека неговата партија детално ги разгледува сите опции по што ќе ја донесе одлуката како ќе се постави во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии.

Иако во игра е и опцијата за коалиција со СДСМ и други албански партии, Ахмети вели дека таа ситуација не е стабилна.

„СДСМ не е победничка партија на изборите и кој ни гарантира нам за тоа колку ќе има стабилна ситуација. Секој избрзана одлука може да предизвика последици. Не брзаме никаде, туку 99 пати ќе размислиме, а 100-иот ќе пресечеме. За да донесеме одлука ќе ги анализираме придобивките и последиците со ВМРО-ДПМНЕ, придобивките и последиците со СДСМ, придобивките и последиците со проширена влада. Во вакви околности ДУИ одлучи да ја разгледа можноста и да прејде во опозиција, во многу специфични околности, со големи последици”, нагласи Ахмети

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ВЛАДА: Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите

gruevski-ahmeti

Преговорите за состав на новата влада ќе се водат лично помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели за „Дневник“ Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети.

Kако што веќе објавивме, Ахмети ќе го почитува воспоставениот принцип преговорите за влада да ги водат победниците на изборите од македонскиот и од албанскиот блок и оти лидерот на ДУИ веќе чека покана од Груевски за средба.

Груби вели дека нивниот претседател ќе инсистира преговорите за влада да се водат на највисоко ниво, односно лично двајцата лидери Груевски и Ахмети ќе треба да проценат дали е можно продолжување на владиното партнерство. Доколку тргнат разговорите и се процени дека е можна владина коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не се исклучува можноста натамошното договарање да се спушти на ниво на партиски тимови.

Ова ќе значи дека иако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ петти пат ќе почнат преговори за владина коалиција, првпат разговорите за нова влада ќе ги водат лично Груевски и Ахмети.

Во 2006 година по победата на изборите ВМРО-ДПМНЕ водеше паралелни разговори и со ДУИ и со ДПА за владин партнер. Тогаш ДУИ извиси и владина коалиција формира ВМРО-ДПМНЕ со НСДП и ДПА.

По предвремените парламентарни избори во 2008, 2011 и 2014 година се воспостави принципот победник со победник и преговорите за владина коалиција ја водеа тимови на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Kарактеристика на претстојните преговори за влада е дека иако станува збор за веќе стари владини партнери, првпат исходот од преговорите е неизвесен. Ахмети преговорите за нова влада ќе ги услови со прифаќање на сеалбанската платформа. Груевски врати дека ако ДУИ игра со платформа и ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери има платформа, но и куп забелешки кон досегашното практикување на власта од функционери на ДУИ.

– И ние и во минатото, и сега и во иднина ќе бидеме речиси 25 партии во коалиција со заедничка платформа. Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем така ќе тераме отсега – порача Груевски во интервјуто за „Дневник“.

Ахмети, пак, за телевизија на албански јазик потврди дека очекува покана од Груевски.

– Ние ќе преговараме со партијата што ќе добие повеќе мандати – потврди Ахмети.

Од ДУИ не сакаат да прејудицираат како ќе течат преговорите. Од таму повторија дека услов е сеалбанската платформа, која ќе биде на маса пред Груевски, но и пред секој евентуален преговарач за новата влада. Оттука од ДУИ велат сè е на маса, можен е договор за влада и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, битно е да се прифатат барањата од платформата. Во спротивно, од ДУИ не ја исклучуваат и можноста од широка коалиција, тие да бидат опозиција или ако нема договор со ниту една страна, повторно да се оди на нови парламентарни избори.

Ова го потврди и Ахмети прашан дали е за нови избори.

– Зошто да не. Сигурно дека неприфаќањето на платформата од кој и да е субјект ја носи земјата кон нови избори – вели Ахмети.

Поддршка од Коалицијата до Груевски за формирање на стабилна влада, со барање за претпазливост во постигнување на договорот

gruevski-koalicija

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одржува средба со лидерите на политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“. Фокусот на средбата е на резулатите од предвремените парламентарни избори, а во пресрет на започнувањето на преговорите за формирање нова влада.

-Главна тема е анализата на изборните резултати. Сите претставници ги предочија свопите видувања околу ангажманите, околу резулататите и околу сето она што се случи во Макеоднија на денот на изборите. Беа различни согледувања потенцирани од страна на претставниците на политичките партии и беа давани различни идеи како од тука натаму треба Коалицијата да постапува, при што беше несомнено потврден целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и како мандатар за состав на нова влада, ја има од целокупната Коалиција „За подобра Македонија“, изјави Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата и пратеник.

gruevski-kolicioni-partneri

Во однос на најавеното отпочнување преговори за формирање влада со ДУИ, Димовски рече дека насоките за преговори се составен дел од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

– Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници во врска со таа платформа и евентуално сведување на целата дискусија на некаков си бинационален дијалог помеѓу етничките заедници, рече Димовски.

Во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, се претставени сите политички партии на помалите етнички заедници на Турците, Власите, Ромите, Бошњаците, Србите во Македонија.

 

Додовска: Преговорите со партиите од албанскиот блок ќе бидат со тешкотии

sredba-albanski-partii

Преговорите со партиите на Албанците нема да одат лесно поради ветувањата од страна на опозицијата за одредени прашања. Сепак, верувам дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно ќе направат коалиција, евентуално засилена со ДПА, нагласува професорката Иванка Додовска.

Таа за Телеграф.мк ја анализира актуелната политичка состојба по прегласувањето и преговорите што ќе се одвиваат за формирање на новата влада.

Сметам дека преговорите со албанскиот блок ќе бидат со извесни тешкотии. Доволно е само да го погледнеме фактот кој во текот на изборната кампања беше наметнат од опозицијата во однос на одредени прашања што се директно поврзани со интересите на албанското национално малцинство во Република Македонија. Од тие причини, претпоставувам деканајсериозна ќе биде повторно коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но, со оглед на тоа што доколку се договорат ќе имаат мнозинство од 61 пратеник во македонското Собрание, можно е да бидат вклучени и уште најмалку една партија од албанскиот политички блок. Во овој поглед, најлогично е тоа да биде ДПА бидејќи таа е и идеолошки и традиционално блиска со владејачката гарнитура. Дали и како ќе се реализираат овие прогнози, зависи пред сè од ДУИ бидејќи во оваа ситуација е сосема реално да се очекува дека нејзините апетити ќе бидат зголемени во поглед на поделбата на владиниот колач. Ценам дека времето што доаѓа ќе донесе нови расплети на дејствијата на македонската политичка сцена за кои во наредниот период ќе имаме можност да сведочиме и во поглед на штетата што е направена врз националните интереси и во поглед на зрелоста и мудроста на релевантните политички фактори во земјата – анализира професорка.

ОВА СЕ СИТЕ 123 КАНДИДАТИ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата за пратеници

vmro-dpmne-kandidati-za-pratenici-zurnal

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција во Метрополис арена на Скопски саем ги објавува листите со кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември.

konvencija-vmro-2016

Ова се листите на Коалицијата во седумте изборни единици.

7 ИЕ

1. Рамазан Мифтароски
2. Зоран Стојановски
3. Славица Галевска-Милчиноска

6 ИЕ

1.Влатко Ѓорчев
2. Јусуф Хасани
3. Дафина Јованоска-Стојаноска
4. Горан Манојлоски
5. Фатмир Имероски
6. Валентина Стефановска
7. Дениз Ризванче
8. Јованка Ставреска-Данаковска
9. Стојан Тодороски
10. Јасминка Богдановска
11. Лоран Страшевски
12. Елизабета Новеска
13. Елвира Ејупи
14. Ангеле Јовановски
15. Ерол Исмаили
16. Наташа Блажевска
17. Зоран Спанџевски
18. Игор Павлески
19. Дијана Бибовска
20. Верица Тофиловска

5 ИЕ

1.Антонио Милошоски
2. Зоран Илиоски
3. Лилјана Затуроска
4. Љубен Арнаудов
5. Благоја Деспотоски
6. Нола Исмајлоска Старова
7. Крсто Мукоски
8. Сашо Василевски
9. Лилјана Кузмановска
10. Соња Талевска
11. Момчило Аврамоски
12. Алим Билали
13. Сузана Божиноска
14. Јован Тозиевски
15. Хасан Мазлум
16. Олга Лозановска
17. Дејан Пандилески
18. Максуд Мутаир
19. Николина Дамчевска
20. Валентина Стојкоска

4 ИЕ

1.Никола Груевски
2. Ванковер Манчев
3. Ане Лашкоска
4. Панчо Минов
5. Весна Пемова
6. Васил Пишев
7. Нада Ципушева
8. Димитар Стевананџија
9. Драган Цуклев
10. Павлинче Честојнова
11. Ѓоко Камчев
12. Дајанчо Ефтимов
13. Мирјана Хаџиевска
14. Александар Галапчев
15. Тони Гражданлиев
16. Павлина Георгиева
17. Јованче Јошев
18. Оливер Трајков
19. Гордана Тошеска
20. Катерина Шурбеска

3 ИЕ

1. Илија Димовски
2. Емил Димитриев
3. Слаѓана Митовска
4. Трајчо Димков
5. Стојан Миланов
6. Магдалена Манаскова
7. Зеќир Рамчиловиќ
8. Никола Мицевски
9. Благица Ласовска
10. Емилија Александрова
11. Иван Иванов
12. Ѓорѓи Коџабашиев
13. Милка Христова
14. Марјанчо Колевски
15. Александар Ѓорѓиевски
16. Сузана Секуловска
17. Костадин Штериов
18. Весна Јованова
19. Тина Петрова
20. Зоран Здравевски

2 ИЕ

1.Никола Тодоров
2. Трајко Вељаноски
3. Жаклина Пешевска
4. Иван Стоилковиќ
5. Амди Бајрам
6. Владанка Авировиќ
7. Зоран Ѓорѓиевски
8. Јохан Тарчуловски
9. Весна Дамчевска – Илиевска
10. Невенка Стаменковска
11. Бојан Стојаноски
12. Драган Петковски
13. Емилија Трајковска
14. Ѓоко Велковски
15. Дарко Костовски
16. Марија Николовска
17. Зоран Бајовски
18. Марија Ангелова
19. Марио Цветковски
20. Милка Спасевска.

1 ИЕ

1. Никола Попоски
2. Елизабета Канческа Милевска
3. Борис Змејковски
4. Драган Данев
5. Даниела Рангелова
6. Љупчо Димовски
7. Крсто Јовановски
8. Чедомир Саздовски
9. Светлана Јакимовска
10. Јасминка Дамческа
11. Владимир Нелоски
12. Андон Чибишев
13. Ирена Попова
14. Оливер Зафировски
15. Роберт Вељаноски
16. Симона Чаминска
17. Мите Костов
18. Жарко Ристоски
19. Светлана Колариќ
20. Марија Јакимовска

ВО ЖИВО: Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – ќе се објават листите со кандидатите за пратеници

za-makedonija-koja-odi-napred

Следете го онлајн преностот од Конвенцијате на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, каде што ќе бидат објавени листите со кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори.

Груевски: Се обврзуваме дека ќе ги штитиме интересите на Македонија

gruevski-deklaracija-koalicija-1

До вечерва на полноќ треба да бидат објавени имињата на кандидатите од коалицијата „За подобра Македонија“

Партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска потпишаа декларација за заеднички настап на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември.

Декларацијата „Македонија „2020“ ја потпишаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претставници од околу 25 коалициски партии во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето истакна дека ќе се залагаат за унапредување на стандардите на сите полиња и обезбедување просперитетна иднина за сите граѓани. Стратегиски приоритет, како што посочи Груевски, останува зголемувањето на економскиот раст и на вработеноста, како и пораст на животниот стандард на граѓаните.

Ние, членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“, се обврзуваме дека ќе ги штитиме интересите на Република Македонија и на македонскиот народ, како и интересите на припадниците на етничките заедници. Заеднички ќе се залагаме за унапредување на стандардите на сите полиња и обезбедување просперитетна иднина за сите граѓани. Наш стратегиски приоритет останува зголемување на економскиот раст и на вработеноста, како и пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот. Нема да отстапиме од стратегиската определба за интеграција на РМ во ЕУ и во НАТО – истакна Груевски.

Тој нагласи дека ќе вложат максимални напори за борба против организираниот криминал и корупцијата и за унапредување на меѓуетничките односи, а ќе останат посветени и на реализацијата на реформите и проектите што се во насока на развој на државата. Во тој контекст, посочи дека најважни цели ќе бидат подобрувањето на животниот стандард на граѓаните преку унапредување на условите за водење бизнис на домашните и на странските инвеститори, отворањето нови работни места, високи субвенции за земјоделците, зголемување на платите, пензиите и социјалната помош и подобри здравствени и образовни услуги.

Груевски потенцира дека ќе водат фер и демократска изборна кампања и оти ќе ја ценат и почитуваат волјата на граѓаните.

– Свесни дека граѓаните сакаат крај на кризата во која бевме втурнати како држава, криза која донесе поделби, конфликтност и деструкција, ќе работиме неуморно на нејзино надминување и во најдобар интерес на граѓаните. Граѓаните сакаат, очекуваат и заслужуваат сите овие пречки и блокади кои СДСМ ги поставуваше изминативе две години да завршат и да бидат надминати. Граѓаните сакаат напредок и просперитет. Граѓаните знаат кој има капацитет да го стори тоа и кому да му веруваат – истакна Груевски.

Според него, ветувањата дадени од коалицијата „За подобра Македонија“ тежат, а зборовите вредат. – Сите заедно можеме да помогнеме за подобра иднина на Република Македонија – рече Груевски по потпишувањето на декларацијата.

Владејачката коалиција потпиша Декларација: Сите заедно ќе помогнеме за подобра Македонија

gruevski-deklaracija-koalicija

Партиите дел од коалицијата „За подобра Македонија“, денес ја потпишаа декларацијата „Македонија 2020“, со која се обврзуваат за посветено работење и реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по потпишувањето на Декларацијата истакна дека ќе работат во насока на сеопшт развој, свесни се дека има уште да се работи и убедени се дека идеите на државотворност и одговорност се прифатени од граѓаните.

gruevski-deklaracija-koalicija-1

-Нашите ветувања тежат, а нашите зборови вредат. Сите заедно ќе помогнеме за подобра Македонија. Ние членовите на Коалицијата се обврзуваме да ги штитиме интересите на РМ, македонскиот народ и интересите на етничките заедници, истакна Груевски.

Тој додаде дека и натаму остануваат посветени на стратешките определби како економскиот раст, отворањето на нови работни места, влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, унапредување на меѓуетничките односи, борбата со организиран криминал и корупција и инвестиции во секоја област.

vmro-dpmne-koalicija-deklaracija

Милетиќ удри печат на крахот во СДСМ, најсилните активисти разочарани до срж од потегот на Заев

dragisa-miletic-1

Вечерашната средба на која СДСМ заедно со коалиционите партнери го потпишуваше договорот за коалиција за настап на изборите го донесе финалниот печат на сите бунтови кои се кренаа во партијата од моментот на промовирање на листите со кандидати за пратеници се до денес.

sdsm-koalicija

Печат на пукањето по шавови од сите страни на изборниот коалиционен план на СДСМ вечерва го удрија заеднички Зоран Заев и Драгиша Милетиќ, откако претседателот на СДСМ во коалицијата го покани расколникот Милетиќ и смртен непријател на „отпорот“ на СДСМ во очи на минатите локални избори.

Фукционерите на СДСМ, членовите и најгласните активисти и поддржувачи дигнаа голем бунт поради учеството на Милетиќ во коалицијата за настап на изборите, поради неговото отстапување на печатите од неговата партија на Стевче Јакимовски за настап на локалните избори во 2013 година.

Овој потег на Милетиќ сите во СДСМ освен Зоран Заев го сметаат за предавнички, а вечерашниот потег на Заев исто така сите освен Заев го водат во истата категорија. Дури и се шпекулира дека со ова Заев му се оддолжува на Милетиќ кој имал наредба од Заев доколку не го убеди СДСМ за настап на локалните избори во 2013, да „удри печатче“ и за Заев исто како и за Јакимовски, за да може лидерот на СДСМ да трча на локалните во Струмица.

Веќе проследивме дел од реакциите на високи партиски функционери и поддржувачи на СДСМ (Прочитајте ТУКА), а тие не стивнуваат туку се разгоруваат. Сеир на одлуката на Заев вечерва удрија и Бранко Героски, Љуми Бекири и Петрит Мра Сараќини.

petritlumigero