Божин Павловски од кодош на македонската интелегенција до сервилен слуга на Заев

Bozin-Pavlovski-lustracija

Петре М. Андреевски, Коле Чашуле, Симон Дракул, Гане Тодоровски, Љубиша Георгиевски. Долг е списокот на истакнатите македонски писатели кои биле жртви на Божин Павловски. Ваков е впечатокот по подлабоката анализа на досието на академикот Божин Павловски, кое го објави Комисијата за лустрација. Освен Славко Јаневски и Павловски редовно ги информирал службите за своите колеги, пред се фокусирајќи се на оние кои ги изразувале македонските национални чувства. На 22 ноември 1982 година во својата канцеларија Божин Павловски се состанал со агент на тајните служби, кого го информирал за активностите на лицето под псевдоним Апотеоза, како и за уште едно лице, за кое од досието може да се заклучи дека е Петре М. Андреевски.

Денес Божин Павловски се претвора во сервилен слуга на Зоран Заев, негов верен поддржувач и патриот од странство на дугме. Но да погледнеме кое е минатото на Божин Павловски и да потсетиме на фрагментите со кои Павловски ја кодошел македонската интелегенција.

Апотеоза и Петре М. Андреевски во повеќе пригоди заедно и секој одделно разговарале со мене за обединета Македонија како за нешто кое треба да се оствари за кое е нужно ангажирање, нивно и на сите кои се чувствуваат како Македонци. Секогаш сум укажувал на нивната необјективност и непознавање на најелементарните сегменти на нашата историја, сум сугерирал да ја сфатат и прифатат стварноста за македонскиот народ, онаква каква што е, исклучиво во рамките на СФРЈ” – му рекол Павловски на оперативецот на УДБА. Ваквите изјави на Павлоски доаѓаат во време кога за македонски национализам многумина добивале и затворски казни.

Десетина години претходно, на 5 октомври 1971, исто така во канцелариите на издаваштвото “Мисла”, каде што Павловски директорувал, за национализам било искодошено уште едно лице, за кое според документацијата лесно може да се заклучи дека станува збор за истакнатиот писател Симон Дракул.

Мислам дека Симон Дракул е позагреан националист, има поголем авторитет, а околу себе собира и доста млади неафирмирани писатели. Сум слушал дека порано на едно литературно читање во Кочани Дракул организирал една група младинци да запалат повеќе книги. Покрај тоа Дракул настапува многу поорганизирано иако не зборува многу. На еден пленум на Друштвото на писатели Дракул се залагаше од средствата од фондот за издавачка дејност да се финансираат само делата на македонските автори, а делата на албанските и турските автори треба да се печатат и финансираат од Приштина” – забележале тајните агенти цитат од разговорот со Божин Павловски.

Во досието на 45 страници Павловски зборувал за активностите на многу лица, а меѓу нив може да се препознаат и Гане Тодоровски и Славко Јаневски, како членови на Друштвото на писатели, за кое академикот, редовно и детално ги информирал службите. На неговиот список жртви се наоѓаат и режисери, кои најверојатно се Љубиша Георгиевски и Коле Чашуле. За нив Павловски кодошел кај службите дека не дозволувале Македонија на фестивал за драма да ја претставува српска претстава.

Божин Павловски  преку медиумите на СОРОС се оправдуваше дека во неговото досие по грешка е ставен документ од обработката на лице со псевдоним Рашомон, за кое тој тврди дека е на Драган Богдановски. Останува дилемата како Павловски знаел кој се крие зад псевдонимот Рашомон доколку немал никаква соработка со тајните служби.

Перо Арсовски-Кодошот со уцени и закани: ДУИ да се дисциплинира со бомбите на Заев

Pero-Arsovski-bombi

-А да им понудиме на уценувачиве нешто „што не можат да го добијат“. Едно “бомбиче“, а?, напиша Арсовски.

Актерот Петар Арсовски, во јавноста познат како Кодошот, кој е дел од Комисиите на СДСМ и неуспешно беше носител на советничката листа на СДСМ за Скопје, преку пост на својот ФБ профил порачува ДУИ да се дисциплинирал со бомбите на Заев.

Pero-Arsovski-Bomba-DUI

-А да им понудиме на уценувачиве нешто “што не можат да го добијат“. Едно “бомбиче“, а?, напиша Арсовски.

Покрај Арсовски, пред неколку дена сериозни закани кон ДУИ упати и новопечениот пратеник Павле Богоевски.

-Знае ли али ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на дуи од евентуален прогон од СЈО?, напиша Богоевски меѓу другото.

ВМРО-ДПМНЕ: Наследничката на лустрираниот кодош Милчин застана зад работењето на аболицираниот Заев

Zaev-Milcin

СДСМ и Сорос се лице и опачина на истата паричка. СДСМ и Сорос се заедничкиот именител на актуелната криза и сите деструктивни и ретроградни политики во земјава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

СДСМ/Сорос ги уништија невладиниот сектор и независната мисла.

Со последниот јавен настап, наследничката на соработникот на службите Владимир Милчин, докажа дека Сорос целосно го поддржувал и прикривал Заев во криминалното владеење со Општина Струмица.

Наследничката на лустрираниот кодош Милчин, ја прогласи Струмица за најуспешна Општина заштитувајќи го Заев за криминалот и украдените 8 милиони евра во случајот Глобал.

Со нејзиниот настап Сорос застана зад работењето на аболицираниот Заев кој од бизнисмените изнудува по едно евро од квадрат за Вицето. Сорос застана зад дивоградбите на Цареви кули и зад принципот тендерите во Општина Струмица да се делат само на милионерите од кланот Заеви.

Сега е целосно јасно зошто наследничката на Милчин ја фаќа паника дека после 24 години, институциите конечно си ја вршат својата функција и како и во секое друго правно лице вршат инспекциски надзор.

Народот на 11-ти декември гласаше против деструктивната политика на СДСМ/Сорос. Народот гласаше против платеничката револуција, против насилството врз полицијата, против вандализмот, палењето и уништувањето на државни институции и спомен обележја. Народот гласаше против СДСМ/Сорос и испратипорака дека е време за десоросоозација.

КОДОШКА ТЕЗГА: Колку пари зема кодошот на Колозов за да му пее на Жерновски на отворањето на скапо поплочените 270 метри

nino-velickovski-boemska

Општина Центар се пофали дека за отворањето на втората Боемска улица, кое се случи вчера, го ангажирала Нино Величковски, за кого според досиејата кои ги поседува Државниот архив на Македонија се дозна дека го кодошел македонскиот актер Ѓорги Коловоз, пишува порталот Денешен.

Не е познато колкав износ легнал на сметката на Величковски кој вчеравечер го забавувал и градоначалникот Андреј Жерновски.

-Јас како граѓанин на овој град и како државјанин на СФРЈ се чувствувам должен да ја дадам оваа изјава. На 29 април 1976 година бев сведок на една немила сцена, на еден отворен атак на нашата земја, конкретно над нашата република. Имено тоа се случи во бифето на народниот театар во Куманово. Главниот иницијатор на таа сцена беше актерот при МНТ, кој работи во Скопје, а живее во Куманово – Горѓи Колозов . Истиот некултурно се вмеша во еден разговор кој се однесуваше околу патувањата во Грција, се водеше меѓу мене и Насковски Тодор- наставник во училиштетото „Крсте Мисирков“. Ѓорѓи Колозов се вмеша со прашањето: Што е таа инвазија во Грција, што луѓето наоѓаат таму и знаат ли каде идат? Зарем немаат каде да идат? Еве тука е Бугарија.“, започнува изјавата од студентот кој и пренесува информации на тајната полиција за еден од најпознатите македонски актери, Ѓорѓи Колозов.

nino-velickovski-izjava nino-velickovski-izjava-1

Колозов бил кодошен во деновите додека студирал од своите колеги. Бил обвинет за бугарофил. Во дел од текстот од досието на Колозов, кое се наоѓа во 6-тиот том од „Црните страници на Удба“, едицијата која ја објави Државниот архив пишува дека актерот постојано ја посетувал Софија, па дури и во неколку наврати на факултетот за драмски уметности зборувал на бугарски јазик со свој колега, потсетува порталот.

Непознат е и износот кој го добил Ѕвонко Богдан, кој исто така беше ангажиран од Жерновски за отворањето на Боемска 2. Граѓаните го паметат и промашувањето на градоначалникот со еден од најпознатите диџеи, Стив Аоки.

Наместо забава, граѓаните добија концерт кој не се одржа поради лошата организација, а американскиот диџеј десетици илјади евра, исплатени од општинскиот буџет, односно од парите на граѓаните.

Дополнително, градоначалникот се одлучи да не ја откаже прослава за новогодишната ноќ, и покрај апелите на граѓаните средствата наместо да се потрошат на прослава да се донираат на социјални семејства. За овој повик на граѓаните се одзваа Град Скопје, Велес., пишува Денешен.

ДРОГА И ЛУКСУЗНИ СТАНОВИ: Еве како Никола Димитров одработува за странците

Nikola-Dimitrov

Вечно незадоволниот лаком за власт и единствен пример каде што татко и син биле амбасадори во ист период, истрошената политичка кукла Никола Димитров, со ваквата психолошка особина е особено поволен одново и одново биде искористуван од разни странски интересни групи, иако неговата употребна вредност опаѓа со секое негово искористување.

Вечно незадоволната политичка кукла Никола Димитров, откако беше изигнориран од македонската јавност во обидот да фати приклучок кон очајната стратегија на Зоран Заев, по подолга стагнација вчера повторно беше активиран од неговите странски покровители.

Човекот на кој што единствена психолошка особина му е алчност за власт и за тоа е спремен да го продаде својот интегритет на луѓе кои го искористуваат како презерватив, вчера се јави со реакција на одлуката на уставниот суд. Не дека неговата реакција е многу важна за македонската јавност, но би сакале со овој текст да го разобличиме “ликот и делото” на Никола Димитров, син на Ратка Димитрова.

Имено, Никола Димитров е истрошена политичка фигура која што живее со комплекс на пониска вредност и оваа болест се обидува да ја излечи преку алчноста за власт и потребата да биде цетар на внимание. Затоа тој е лесно подложен и искористуван од разни странски интересни групи, од кои како што дознавамеод сигурни извори на Никола Димитров му бил доделен луксузен стан во Холандија.

Во последно време дознаваме дека и неговите странски покровители, почнуваат да се откажуваат од неговите “услуги”, бидејќи Никола Димитров почнал да се оддава на разни пороци вклучувајќи и наркотици. За таквите задоволства, сеуште го негува пријателството со Борјан Јовановски, со кого ја споделуваат страста кон хашишот и марихуаната, но и други опијати. Ваквите “страсни” дружби, се случувале секогаш кога едниот на другиот ќе му дојде на посета.

Со сиот овој багаж, Никола Димитров е лесна цел на странските служби и воопшшто не треба да не зачудува тоа што тие повторно го притискаат копчето од далечинскиот управувач, преку кој го диригираат Димитров за одново да почне со лаги и клевети насочени кон ВМРО ДПМНЕ.