Колумна на Ламбе Арнаудов: Тотална распродажба заради ликвидација

Надвор од НОМО според член.0 став.0 алинеја.0 се подготвува спроведување на распоражба на незаконски стекнат имот од страна на трговското друштво со неограничена одговорност (за сега) запишано во судскиот регистар под име “Сојуз на дилери и сервисери на Македонија’’, скратено СДСМ со седиште на улица Бихачка ББ, непосредно до зградата на фирмата ќерка “Мелничко воденичарска работилница’’ со кратенка МВР и делумно е во сопственост на мајката фирма СДСМ чија основна дејност е мелење, пропуштање низ вода и обработка на субјекти.

Распродажбата на МВР не се однесува на делот кој веќе е продаден, со договор во четири очи на 15-ти и  29-ти октомври 2017 година. Останатиот најголем дел од оваа фирма е народен имот во сопственост на граѓаните и за среќа таа никако и никогаш повеќе нема да биде предмет на било каква расподажба.

Заради доспеани, а ненаплатени долгови од странски кредитори, надворешни инвестициски фондови и домашни доверители, а се во функција за опстојување на гореспомнатата фирма се распишува оглас за:

РАСПРОДАЖБА

На имот кој никогаш не бил во нивна сопсвеност или било каков друг вид на времено или трајно располагање за што е потребна  брза реализација на трансферот. Истовремено ги известуваме потенцијалните купувачи дека цените се извонредно поволни и многу ниски од разбирлива причина бидејќи стоката што е предмет на продажба е присвоена, насилно одземена и украдена од вистинските сопственици, нашите прадедовци, дедовци и татковци кои во своите оставински тестаменти, познавајќи не’ какви недомаќини сме не имаат целосно разбаштинето со што губиме секакво наследно и сопственичко право.

Напоменуваме, дека трговските спогодби ќе се склучуваат исклучиво во четири очи без тендер надгледувани од вујко Сем и блудницата Вавилонска со што се гарантира апсолутна дискреција за цената, вредноста и името на идните сопственици.

Предмет на распродажбата се следните артикли:

  1. Име. Го продаваме по багателни цени за докрај да ја обезвредниме неговата вистинска и непроценлива вредност, се со цел да не е конкурентно на светскиот пазар и да не ја загрозува монополската позиција за името во корист на друга фирма.
  2. Идентитет. Со оваа распродажба се елиминира со закон определениот наследник да нема право да ја оспори оваа расподажба на името и во некои поповолни услови на пазарот да си го врати во своја сопственост.
  3. Јазик. Со ова се елиминира секаква опасност од можен ризик за потпишување на документи со текст и правно дејство на јазик кој не постои.
  4. Историја. Осигурување на потполно изчезнување на докази за времено движење на имотот низ годините, десетолетијата, вековите се до денешен ден со што поимот имотен лист станува безвреден.
  5. Народ. Е, народ нема. Без овие предходни распродадени вредности народот ќе се врати во фаза на раја или уште полошо на модерни робови и ќе биде предмет на размена по принцип на првобитниот, најпримитивен вид на трговија, проста размена производ за производ.

Сето останато што не е предмет на овој договор за распродажба езера, реки, планини, рамнини, пасишта, шуми, рудни богатства, градови, села, патишта, стамбени згради, болници, фабрики и се друго останато автоматски ќе му припадне на купувачот по принцип плати четири носи се. Нашата парола е Задоволен купувач, наша обврска! Затоа побрзајте навалете цените се многу поволни.

Ние, вистинските законски сопственици, граѓаните на Република Македонија со чест и обврска кон нашите предци, заради наше избавување и грижа за идното потомство бараме од институциите на државата пред се од државниот правобранител веднаш да стави времена забрана на оваа срамна, бандитска и незаконска постапка за распродажба на се она што е свето за нашиот народ. Сепак свесни сме, дека од ова барање нема да има фајде, затоа што искуството не научило да не веруваме на празни соништа и на зборови на измамници.

Народе мој, сакам да те предупредам дека доаѓаат историско тешки, но и срамни времиња. Ќе ти треба голема смиреност, истрајност, здрав разум, вештина и заедничка храброст од сите. Предизвиците пред кој си исправен народ наш напатен се огромни. Ама, токму од напатените народи излегуваат силни и креативни личности. Длабоките лузни врежани во вашите души се непобитна потврда за тоа. Убаво знаеш дека народ не може никогаш да биде поразен, народ може само сам себе да се посрамоти. Сега е моментот да ја согледаш разликата помеѓу понудените реформи промена на систем и држава од една страна и татковината од друга која ти е род од прво колено.

Сега треба смело да им порачаш на џамбазите и праматарите да продолжат да продаваат свињи, магариња и бижутерија. Ова се премногу скапоцени вредности за да поминуваат низ вашите лепрозни раце. На вас кастрираните евнуси маскирани во некои политичари, колумнисти, советници, аналитичари, новинари и невладини активисти, боледувате од лесно пренослива болест и пред да го заразите граѓанството престанете со купување на честа на својот народ во замена за срамна понуда за подобар живот. Ветувањата за полни стомаци и дебели газови само можат да ти наштетат, тие авал не прават, тие главата ќе ти ја изедат.

Не рекле старите попусто “Ако среќа се огледаше во ситост, тогаш и воловите би биле среќни кога ќе се најадат слама’’. Сега е неопходно да застанеш храбро и да се спротиставиш енергично во одбрана од се’ што ти се подготвува. Еве ти несекојдневна прилика од публика каде што зборуваш за другите да се трансформираш во актер за кого со восхит ќе зборуваат. При тоа немој да заборавиш што и да направиш за татковината никогаш не е доволно. Направи го тоа веднаш. Утре е доцна. Сетнина нема.

Во спротивно ќе дојдат многу туѓинци кои прв пат ги гледаш чии јазици нема да ги разбираш, нивните традиции и обичаи нема да ги познаваш заради што ќе се чувствуваш странец дома. Многумина ќе бидат принудени да заминат, тие малку што ќе останат ќе бидат претворени во био роботи или модерни робови без чувство за радост и за тага кој ќе им работат на новопечените чорбаџии како аргати и измеќари. Ќе им ги уредуваат градините, ќе им ги чистат домовите, ќе им ги шетаат домашните миленици, ќе разнесуваат млеко и весници и ќе менуваат мелни пелени за возрасни. Ќе се претворите во редок ендемски примерок и ќе бидете управувани од туѓинци кои немаат никакво разбирање за вашиот начин на живот. Твојата Македонија и понатака ќе биде совршена интеграција на природните убавини, културно историски споменици, духовно наследство ама ти сето тоа нема да го гледаш, нема да го чувствуваш и нема да се радуваш затоа што тоа нема да биде твое и на него ќе гледаш како духовна пустелија.

Пишува: Ламбе Арнаудов за Свест.мк

На 15 октомври најмногу загуби Македонија

Што се случи на 15 октомври, е прашање на кое има еден одговор – загуби ВМРО-ДПМНЕ, но најголем губитник е Македонија.

Секој што од било кои причини се сити на поразот на ВМРО-ДПМНЕ, треба да го има ова на ум во периодот што претостои. Секој оној пак, што гласал за Социјал-демократскиот сојуз исто така треба да има на ум дека придонел за текот на настаните кои што ќе следат. Тие сметаат дека гласале за подобро. Јас им тврдам дека гласале за полошо! Многу полошо и тоа многу скоро ќе го почувствуваат на своја кожа.

На прашањето пак, „зошто загуби ВМРО-ДПМНЕ?“, уште долго време ќе се анализира и дебатира.

И јас како и многумина се прашувам зошто голем дел од македонскиот народ донесе ваква одлука? Дали резултатите се одраз на изборен инженеринг и украдена волја на гласачите? Дали е тоа казна за лошите политики од претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ? Дали е разочараност од 27 април? Или пак можеби е поддршка за политиката на Заев за тиранската платформа, договорот со Бугарија и конечно промената на името?

Факт е дека овие избори беа едни од најлошо организираните, на кои за прв пат беше убиен кандидат! Факт е дека беа регистрирани голем број случаи на физички напади, закани, уцени, притисоци и поткуп… Можеме само да замислиме колку пари се фрлени за поткуп на гласачи и колку такви случаи не се регистрирани. Но сето тоа без документација ќе остане во сферата на шпекулациите. Факт е дека странците го поддржаа изборното насилство преку премолчување на сето она што се случуваше и ваквиот однос не е неочекуван, знаејќи колку од овие избори му зависи кариерата на премиерот, пардон, амбасадорот Бејли. Дали ВМРО-ДПМНЕ треба да поднесе приговори на сите нерегуларности и да бара санкционирање? Апсолутно да! Дали тоа ќе ја промени фактичката ситуација? Секако дека не, но сите настани и прекршувања на изборниот процес мора да останат регистрирани, за на некои следни избори да имаме нов репер за „фер и демократски избори“ какви што ги оценија ОБСЕ/ОДИХР и американската амбасада. Добро е да знаеме што подразбираат фер и демократски и добро е да чуеме дека „не постоеле идеални избори, затоа што во нив учествувале живи луѓе“. Ви благодариме за просветлувањето.

Аналитичарите на актуелната власт тврдат дека резултатите се одраз на незадоволството на народот од практицирањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Со оваа теза делумно ќе се сложам, затоа што многу пологична ќе беше на 11 декември, отколку сега. Зошто? ВМРО-ДПМНЕ по три години жестока пропаганда и силен меѓународен притисок, лани на 11 декември освои само 30.000 помалку гласови од 2014 година. Значи не само што го задржа гласачкото тело, туку и ги разби сите сценарија и лажни обвинувања за фантоми и украдени 200.000 гласови.

Неколку месеци подоцна, ВМРО-ДПМНЕ кое нели веќе е во опозиција изгуби дополнителни 120.000 гласови. Ако народот не беше задоволен од ВМРО-ДПМНЕ нели пологично беше да го казни лани кога беше власт? Некој на ова ќе одговори- ВМРО-ДПМНЕ до сега беше власт на локално ниво, и казната се однесува на нивните градоначалници исто така . Би ја прифатил оваа теза ако резултатите дадеа простор да поверувам дека навистина народот казнувал лоши градоначалници, но истовремено ги наградил со нов мандат оние од кои биле задоволни. Мојот впечаток е дека народот воопшто не гласал за кандидати туку излегол на гласање со друга побуда. На крај на краиштата, листата на кандидати на СДС беше толку очајна што оваа теза никогаш не би поминала кај здраворазумен човек. Ова не значи дека и внатре во ВМРО-ДПМНЕ не би требало да се позанимаваат анализа на одлуките.

Но, најлогична теза според мене е дека главната причина за падот на ВМРО-ДПМНЕ е разочараноста на граѓаните, од нивниот однос по 27 април и од лесното предавање на власта на квислинзите и оставање на народот на улица сам. По 27 април, јавноста се уште чека логично објаснување зошто народот што ја бранеше државата се влече по судови, а предавниците не завршија зад решетки?

За воља на вистината и меѓу оваа група разочарани и меѓу оние казнувачите на груевизмот, има уште една категорија на граѓани, можеби најбројна, популарно наречени-властољупци. Тоа е онаа маса гласачи која во декември очекуваше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт и дека ќе ги задржат бенефициите од тоа, а сега се приклонуваат на новата власт единствено очекувајќи да ги задржат привилегиите од претходната власт, без да ги интересира последиците кои ќе следуваат од практицирањето апсолутна власт од СДС.

Најлогичен заклучок е дека сите овие причини, помалку или повеќе, влијаеле на исходот од гласањето, а ваквиот исход пак, драматично ќе влијае на понатамошниот тек на настаните што ќе следуваат. За жал, на полошо.

Ситуацијата многу мудро ја искористија сценаристите, а резултатот го препишаа како заслуга на квислингот Заев за да му дадат дополнителна поддршка да продолжи со неговата досегашна уништувачка политика. Конечната бројка му сега му дава зелено светло на Заев да продолжи со спроведување на тиранската платформа, со бришење на историјата во интерес на Бугарија и конечно со промена на името по желба на Грција како услов за влез во НАТО. Во една ваква ситуација, Заев воопшто нема да биде комотен. Напротив, ставен е во тесно – веќе нема простор да „ги дрибла“ сите околу него, туку ќе мора да го реализира тоа за што е инсталиран на власт. Во вакви услови тој не може да ги задоволи сите што му помогнаа да ја преземе власта. Затоа, некој во блиска иднина ќе биде многу изненаден и разочаран од неговите одлуки.

До скорото будење на мнозинството, за жал државата ќе претрпи такви штети, што нема да ја биде препознатлива. Тогаш трагајќи по виновниците, освен што ќе биде неминовна казната за предавниците, ќе мора и самите да се погледнеме во огледало и да си признеме дека имаме дел од одговорноста за сето тоа.

Да живее Македонија!

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Колумна на Ламбе Арнаудов: „Ѓекна још није умрла ал ускоро ќе!“

Ова е оригиналниот наслов на култната црногорска телевизиска серија од раните осумдесетти години на минатиот век. Во неа многу порано од било кој и да претпоставуваше прецизно со космичка точност беше предвидено распаѓањето на Југославија на начин и редослед токму како и што се случи.

Со брилијантната изведба на актерите во улога на обични луѓе, рурални јунаци со вродена народна мудрост, со извонредно сценарио и мајсторска режија преку силна симболика во која главната улога ја толкуваше Ѓекна претопена во кристално јасна персонификација на поранешната држава.

Додека ова го пишувам ерупивно почнува да се распаѓа во исти стил една друга многу поголема, но исто така сразмерно неправедна Унија заснована на патерналистичка форма, со народи кои меѓу себе не можат да се поднесат еден со друг, држави со ограничен суверенитет (чудно, зошто автор на теоријата за ограничен суверенитет е Леонид Брежњев) предводени од неспособни лидери и корумпирани Влади.

И оваа Ѓекна ја очекува истата судбина од истите причини, а тоа се: неправеден распоред на доходот на штета на оној кој го создава, а во корист на трутови кој го трошат, што од друга страна предизвикува нерамномерен развој на сите делови на Унијата.

Најглавната причина сепак ќе биде недостатокот на демократија која во Југославија беше маскирана во поимот демократки централизам, а кај овие во вид на реформи пред кои секогаш стои најомразениот атрибут во вистинската демократија “мора’’. Мора ова, мора она, мора така, мора сега, мора после. Дека не сум единстениот кој мисли вака денеска се огласи и директорот на Музејот Аушвиц со својата драматично предупредувачка анализа дека, Европа денеска се наоѓа во потешка ситуација отколку пред Втората Светска војна. Причините што ги наведе за таквите состојби се енормниот раст на национализам, популизам, антисемитизам и ксенофобија.

Сето ова влезе на голема врата во државите таканаречени чувари на демократијата и човековите права и слободи. Во ваква ситуација најзагрозени се државите кои немаат дооформен, ограничен или никаков суверенитет и со тоа стануваат многу лесен плен на блиското и подалечно опкружување. Го молам Господ само тоа да помине без крвопролевање, но според она насилство што го видов во Барселона не е исклучена ниту таа можност. Само сум многу зачуден што таканаречените “чувари на демократија’’ воопшто не го коментираа овој случај.

Од тука, како што реков и погоре мене нема да ми беше воопшто гајле што се случува таму, ако ваквите состојби немаа директна импликација врз мојата татковина. Сериозно сум загрижен за неизвесната судбина на мојата Ѓекна.

Сигурно и затоа последниве денови постојано пред очиве ми излегува една стара илустрација според некои хералдичари грб, на кој Македонија е представена како прекрасна стројна девојка облечена во бела невестинска руба што симблизира невиност и со развиорен бајрак во рацете на кој пишува слобода или смрт.

Е, таа убава, вита, чедна девица наскоро треба да биде силувана обесчестена и посрамотена. Силувана и обесчестена од на сите нам познат силувач, а посрамотена за жал од своите родители кои после грозоморниот чин на обесчестување наместо да го осудат ќе се согласат девојката да се омажи за силувачот. Поточно, да стане една од триесетината жени во харемот на силувачот, но овој пат не како законска сопруга туку како безимена конкубина која ќе раѓа потомство без корен, без потекло и идентитет. Да се потсетиме дека конкубинат е див брак непризнаен од законот многу распростанет во стариот Рим помеѓу патрициј и плебејка во кој таа, плебејката колку и да е убава и паметна нема никакви права за себе и за своето непризнато потомство.

Кум на овој брак од пеколот треба да биде едно ништовно превртливо министерче, префарбано со сите бои од шарената револуција, омразено дури и внатре во самото семејство на СДСМ. Кукавичето се осмелило да го јавне досега нескротениот коњ и да ја превземе улогата на непознатиот петти јавач на апокалипсата врз својот народ и татковина. Како ли само помислил дека ќе го јава тој нескротлив коњ.  Се обиделе да го јавнат и многу појаки и повешти јавачи , но биле треснати на земја. Затоа ти порачувам јавај си таму каде што те прилега, на старо магаре свртен со своето безличие кон опашката.

Вие господа, стројници и сватови кој имате намера да направите ваква свадба во вторник, сте на лизгав терен. Нема да ви успее. Во не така дамнешно време кога наместо денешното декадентно живеење царуваше честа, моралот и еснафот ваквите насилни свадби без љубов црквата одбиваше да ги венча и да ги благослови во недела на Христовото воскресение за наук и за одвраќање.

Лажното алиби кое си го подготвивте за утеха на вашата потоната совест веднаш ќе ви се распадне. Народот нема да ви ги прифати застрашувањата за моќта на силувачот заради која мора тој да се слуша. Народот добро знае дека од храброста што сега ќе ја покаже ќе зависи иднината на нивната татковина. Исто така народот знае дека храброста не е привилегија или ексклузивност на поединци туку е сознание и освестување дека опасноста што му виси над главата го протерува стравот.

Светот низ својата историја има многу примери каде послабите, но со силна вера ги победуваат вообразените насилници. На сите нам ни е позната библиската приказна за Давид и Голијат.

Веројатно ретко кој од вас ја имаат слушнато оваа современа вистинска сторија за малиот против големиот. Секој од нас при споменувањето на областа Амазонија првата асоцијација што допира до нас се големи води, непроодни прашуми и деноноќно пеење, гракање и врескање на многуте птици кои заедно во исти хор ја пеат секој својата песна како знае и умее. Само во еден момент целата Амазонија ја обзема гробна тишина. Тоа се случува само тогаш кога втората најситна птица во светот, само неколку милимери поголема од колибрите ќе ја запее својата песна, за која оние што имале чест да ја слушнат се согласуваат дека е најубавата мелодија што воопшто ја слушнале. А таа мала птица која ја замолкнува целата Амазонија која патем кажано е поголема од Европа пее само еднаш во својот живот. И тоа кога? Тогаш кога го гради своето гнездо, својот сигурен дом за своето потомство.

Како во примерот со оваа птица ќе го слушнете истиот глас од оние кои веќе го имаат изградено својот дом полн со духовни и материјални добра за да го одбранат од вас гракачите и врескачите. Тоа бидете сигурни дека е гласот на народот.  Ќе ви ја отпее најубавата песна, ќе ве натпее и ќе ве замолчи овој пат засекогаш.

Сега можеме да поразговараме и за вистинската храброст на овие простори. И затоа сакам да ви поставам неколку хипотетички прашања тебе Петре, Диме, Коста, Славе…. Теодора, Марица, Николина, Кристина…

Прво.  Дали помниш дека некогаш и надвор од твојата татковина твоите предци и твојот народ се бореле против послаби од себе? Никогаш.

Второ.  Дали помиш дека истото ова го правеле против силни? Никогаш.

Трето. Дали помниш дека ова го правеле и против посилни од себе? Колку и да ти е чудно одговорот е пак ист, никогаш.

Четврто. Дали помиш дека твоите предци и твојот народ некогаш и надвор од својата татковина се бореле против најсилни? Секогаш!

Секогаш драг мој пријателе, твоите предци и твојот народ се бореле против најсилните, големи империи, насилно изградени кралства, сојузи и пактови засновани на крв, оган и смрт, квазидемократски унии предводени од групни сили и поединечни велесили. Ете затоа твоите предци и твојот народ се посебни и поинакви од другите, а тебе како личност те прават горд на своето потекло. Затоа ти сега не смееш да потфрлиш, сега, кога е многу полесно и речиси безопасно да бидеш храбар и да го раскрчмиш она што не си го создал. За наследство што го уживаме ние денес положени се многу млади животи и заради тоа ти си должен со своето однесување да покажеш голем пиетет кон нивното дело. За да се увериш во ова доволно е да ги посетиш најголемите гробишта покрај кои секојдневно поминуваш, а не ги забележуваш. Стотици илјади гробови се сместени тука покрај нас, а ние се правиме дека не ги гледаме. А, толку е едноставно. Во подрумите на Државниот историски архив се гробовите на сите наши доброчинители со полно име и презиме. Прашај било кој од нив и ќе го добиеш истиот одговор. На епитафите запишани на нивните надгробни плочи стои одговорот зошто живеел, за кого се борел, како умрел и на која возраст. Се ќе ти биде јасно. Посети ги за да не паднат во заборавав. А ти воспостави ја репродукциската врска со оваа благородна лоза за да не се претвориш во сорта на изумирање. Посети ги и затоа што ако не го направиш тоа ќе станеш многу лесен плен на петтокласни белосветски скулптори кои ќе го изделкаат твојот вистински лик до степен на карикатура. Ај што другите нема да те препознаат туку и сам нема да се препознаеш.

Ако ги посетиш сите добиваме, а ако не одиш ќе изгубиш само ти.

Од твојата татковина грабал и присвојувал кој ќе стигнел. Грабал се и сешто територија, идентитет, култура, наледство,  јазик… Тешко дека сега тоа може да се врати. Затоа сега не е важно што ти одзеле, туку дали знаеш што ќе правиш со тоа што останало.

Повикај го оној кој народот секогаш го повикувал кога му било тешко. Само  ВМРО знае што да направи од тоа што останало. ВМРО знае да направи многу и од ништо. Сиве овие години опстојувањето на македонскиот народ особено во најмрачниот и најкрвав век во историјата на човештвото нераскинливо и судбински е поврзано со делото на ВМРО. Овој пат не мораш ни да го повикаш ВМРО е секогаш тука.

Малку ли зборува за оваа вечна поврзаност помеѓу ВМРО и народот, записот од почетоков на дваесеттиот век што се наоѓа во мојата матична црква во Охрид. Тогашниот свештеник за малку ќе бил расчинет затоа што надвор од предвиденато со Канон пеење при обредите на погребување додавал. Цитирам ,, Господи боже наш, во овие тешки, мрачни и тажни времиња кога нашите најдобри синови паѓаат како класје пред остар срп, знам дека е голема гужва од нив пред Твоите рајски порти. Чунки, тие што го дале она најскапоценото што Ти си им го вдахнал, го положиле за доброто на својот народ и со тоа заслужуваат нивните души да се населат кај праведниците. Господи ако немаш место во рајот Те молам врати ни ги назад ќе Ти бидат благодарни затоа што нивниот рај е нивната борба, а и нас ќе ни помогнеш полесно да ги издржиме овие тешки страдања на напатениот македонски народ.

ВМРО ги креваше и ги водеше ослободителните востанија, формираше селски заштитни милиции, организираше речиси регуларни воени единици низ планините. ВМРО го бранеше својот народ и за време на балканските војни и за време на двете светски војни и во периодот меѓу нив.

АСНОМ кој многу го сметаат за втемелувач на државноста во Република Македонија и првиот президиум беа составени од луѓе на кои идеологијата им беше доминантно вмровска.  Друга работа е  што одредени измеќари по налог од надвор сосем исто како и сега извршија истовремено и воен и државен удар и Македонија од самостојна и независна држава ја вовлекоа во водите на омразениот федерализам.

Но, ВМРО никогаш не се предава дојде 1990 година. И тогаш во новоформираната политичка партија ВМРО ДПМНЕ во која беа вградени принципите, критериумите и начелата на изворното ВМРО повторно ја воскресна идејата за независна, самостојна и суверена Македонија и најмногу по негови заслуги и ја оствари. ВМРО ДПМНЕ исто така се докажа дека е секогаш со својот народ и во периодот од 1998 до 2002, а и последниве десетина години додека беше на власт посветено и со љубов работеше за доброто на својот народ за што доби заслужена сатисфакција со постојаното завземање на високи места во горниот дел на табелите за унапредување на севкупниот живот на граѓаните. А не ретко го запоседнуваше и самиот врв на некои табели.

Човеку, можеш да се прикажуваш секако и ваков и таков, но никогаш нема да дознаеш од каква градба си направен ако не застанеш во одбрана на својот народ и својата татковина. Не заборави дека покрај тебе секогаш е времето кое е најобјективен судија и свидетел кој секогаш ја зборува вистината. Изборот е твој. Само од тебе зависи дали времето од тебе ќе направи музеј или ќе го зграпчиш во свои раце да биде твое најсилно оружје со кое ќе станеш современик на времето, што ќе значи безвременост и за тебе. Бирај.

Изрод не е тој што не си го познава татка си, туку тој што се одродил од својот народ.

На крај нешто и за оние мрзливи читатели што ги читаат само заглавијата. Некој, вмровците ги прават националисти, шовинисти дури и фашисти. Неточно. Вмровците се само чесни патриоти кои неизмерно го сакаат својот народ исто толку колку и сите народи.

Колумна на Ламбе Арнаудов, објавена на порталот svest.mk

Колумна на Стевчо Јакимовски: МИЗЕРИЈА

Денес силно ја почувствував миризбата на очајот. Стевче Јакимовски објави некаква квазиелектронска анкета на која наводно води, за што Курир објави и вест. За негова жал има и реални анкети, правени според научна методологија, и тие покажуваат дека разликата од 7.000 гласа во полза на СДСМ на парламентарните избори, (21 спрема 14.000) пред локалните избори е зголемена во полза на Стефан Богоев. Ако има општина која е фикс во прв круг, тоа е бездруго Карпош. Веројатно видел реални анкети и Стевчо, ама не ги објавува, очајот го тера да потклава некаква шега од Strawpoll, за која најде за сходно да им се заблагодарува на жителите на Карпош. Очај, и мизерија. И да најавам: Идната недела вистинска анкета на Телма за рејтинзите на партиите пред локалните избори.

Почитувани, го гледате ли изливот на омраза и бес од македонското независно новинарство?
Јас никогаш не зборам напамет туку со факти:

1. Електронската анкета за Општина Карпош е направена во штабот на СДСМ односно од мојот против кандидат. Горе именуваниот тоа може да го провери.

2. Кога мој пријател гласал на почетокот на електронската анкета, неговиот бил 17-ти глас за мене а веќе против кандидатот имал 160 гласа.
Заклучокот е логичен, тие ја подготвиле апликацијата и се спремиле да го зададат ударот за да обезбедат стартна позиција од 200-300 гласа предност, очекувајќи потоа дека граѓаните на Карпош едвај ја чекале неговата анкета и ќе доживее силен бран на поддршка. Очигледно не биле блиску до реалноста и набрзо потоа им се случи пресврт и како што ме информираа моите пријатели (бидејќи немам време да седам пред компјутер туку имам друга работа), во континуитет бев во водство меѓу 200 и 300 гласови. Веројатно луѓето кои што живеат во виртуелниот свет, со виртуелна анкета очекувале силен почетен ефект и после 12 часа да објават дека нивниот кандидат убедливо води, а народот да каже ваууууу!!! Каков кандидат.

3. Се јавив еднаш да им се заблагодарам на тие што гласале за мене и да прекинат со гласањето од две причини:

а). Да не ја трошат енергијата зошто поддршката е евидентна

б). Затоа што има трик во електронската анкета зошто постои можност кај нив да ги покажува ИП адресите на гласачите и потоа да ги напаѓаат моите поддржувачи.

4. Бидејќи оваа работа не им успеа, добро е да си ги запраша своите пријатели зошто првата вечер после 23 часот луѓе коишто сакале да гласаат за мене, апликацијата им покажуваше дека веќе гласале а тие тоа претходно не го сториле.

Се мачеше така цел Социјалдемократски сојуз и со сите трикови разликата се движела во моја полза од 11 и 13%. По дводневно измачување во 50 минути по полноќ се јавува гореименуваниот претставник на независното новинарство со навреди во кои што ме нарекува мизерија. Кој е овде мизерија? Тој што мести и спрема анкета, подготвува партиски војници за „блиц-криг“ гласање или оној кој што граѓаните го поддржуваат? Бидејќи срамот е голем, воодушевување од нивниот кандидат нема, па независниот новинар се обидува да ги извади како „минус пред заграда“ со навреди кон мене се разбира. Кој е овде мизерија одлучете сами.

Се повикува на минатогодишните избори и предноста што ја оствариле минатата година. Лесно е да седиш зад компјутерот и да плукаш на далечина, а многу потешко е да работиш на терен но за среќа, многу покорисно. Од работата на терен моето искуство го вели следново: Во јуни 2008 година ВМРО ДПМНЕ во Карпош го победи СДСМ со 7.200 гласа разлика, а само девет месеци потоа во март 2009-та во првиот круг јас водев со 3.600 гласа разлика. Колку сигурни им се денес анкетите на независните мислители  и нивните пријатели покажува фактот што цела пролет немаше да форсираат еден, па потоа втор кандидат и сега на крајот го исфрлаат малку подобриот од трите кандидати, за кои што не се среќни ни тие ниту пак јавноста. И сега на крајот да се послужам со зборовите на Тито кои се однесуваа за битката за Неретва или т.н. операција „Wais“ цитирам: Ми смо знали да се спрема велика операција под називом „Wais“ и да на нама иде 120.000 непријатељских војника. А ми смо имали око 40.000 партизана. На Неретви су се први пут удружили и били на истој страни и четници и усташи и немци и италијани и муслиманске полиције. Али ја и моји другови нисмо спавали, веч смо припремили наш план. – затворен цитат. Е да знаат „и ја и моји другови не седимо скрштених руку“. Тие правеле анкета која ќе ја објавеле наредната недела. Па и ние правиме анкета која ќе ја објавиме наредната недела. И не само оваа, правевме и претходно. Резултатот вели дека народот ве прочита.

Јас нема да употребам навредливи зборови, а независното новинарство нека се преиспита дали е етички нивен колега да ме споредува со Хитлер, да ме нарекува мизерија, да ми се заканува со миразот на мајка му – телевизија Телма. Всушност не ми кажа ништо ново, телевизија Телма никогаш не била на моја страна, секогаш била против мене не известувала објективно во ниту едни мои избори, во моментов прави необјективни стории. Но нека. Ќе ги издржам сите нив, како што вели Тито и „четници и усташи и немци и италијани“ и.т.н уште четириесетина дена. Сите нив и нивните навреди, лаги, конструкции. Тие нека лажат и нека мразат а јас ќе продолжам да работам за Карпош.

СО ЗАЕВ ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО! Не ја даваме својата татковина Македонија!

Копнееме по здрава демократија и вистинска правна држава. Ова што ни се случува е лудило, хаос и насилство над разумот и над правото и правдата.

Зоран Заев со неколку остри, брзи предавнички, неуставни и незаконски, авторитарно и на своја рака повлечени потези, однадвор и одвнатре ги матира Република Македонија и македонскиот народ. Но таа нагло вивната „ѕвезда опашарка Заев” интензивно согорува пред наши очи и бргу ќе ја снема од ова политичко небо! Време е да си го вратиме човечкото и национално достоинство и нормалниот општествен живот во својата татковина.

За изградба на убава, цврста, стабилна и функционално хармонична зграда „што ќе допира до облаците”, со која и во која ќе бидат пресреќни сите нејзини корисници, а надворешниот свет ќе запира пред неа за да је гледа, да ја проучува како највисока културолошка и општествена доблест и да и’ се восхитува, а потоа за неа и за нејзините вредности и нејзината посебност да раскажува надалеку – е потребен врвен архитект, исклучително надарен, поткован со највисоки стручни знаења од архитектурата, градежништвото и од разни други мултидисциплинарни области, длабоко запознаен со историјата на архитектурата и со нејзините најважни развојни фази, појави и дострели во минатото, како и со нејзините најактуелни современи трендови и насоки во светот, и пред се’ човек умен и разумен, стрплив и трпелив, што за таа сложена задача со почит и со доверба е одбран од луѓе рамни на себеси во секоја смисла, човек способен да презема и да се носи и со најтешка индивидулана одговорност за проектот, но и сосема отворен, толерантен и готов за инспиративна колегијална работа со голем и комплексен тим соработници од најразновидни специфични сфери, за сите заедно да ја остварат највисоката градителска цел – убаво, респектабилно, функционално и на секој начин препознатливо архитектонско дело.

Таков благороден уметник, архитект-градител, никогаш не брза хистерично веќе наредниот ден по преземањето на обврската, без долгоречен и јасно, во секоја насока проучен и обмислен прецизен план, да натрупа арматури, бетон и цигли, „па што испадне”, туку пред воопшто и да ги направи првата скица и првиот постудиозен нацрт и да го започне својот проект, доаѓа на самото место на планираната градба за да види in situ што има таму од старите културолошки наслојки и објекти, не за утредента да довлечка багери и булдожери, грубо да ги урне и да ги срамни со земја за да направи нова амбиентална tabula rasa на која со него и со неговите идеи ќе започне светот, туку затоа да види на кој начин би можел тие стари вредни објекти и наслојки да ги вгради во својата творечка визија, или дури тој самиот авторски да се вгради во творечката визија на своите претходници, и не само да ги поврзе во природен континуитет времињата минати и сегашни, туку и да им ја искаже заслужената почит на бројните генерации градители кои со иста таква одговорност и грижа настојувале да го облагородат и да го осмислат просторот со убавина, функционалност, духовност и други хуманистички вредности

Така е и со државата. За изградба на убаво организирана, достоинствена, здрава, цврста и стабилна, функционална држава по мера на човекот, потпрена врз долгите, столетни и милениумски општохуманистички но и посебни национални искуства, држава пред која со восхит ќе го задржуваат својот здив и својот поглед соседните и најдалечните земји, пријателите и оние што не се тоа, за да се чудат и да се восхитуваат на таа единствена општествена градба, до подробности обмислена и најрационално и праведно структурирана за задоволување на сите сопствени животни и граѓански потреби, но и за успешна надворешно-политичка комуникација и соработка и соодветна врамнотежена економска размена со надворешниот свет – за изградба на таква држава е потребен навистина голем, пред се’ исклучително општопризнаен чесен и достоинствен човек, со никаква морална, етичка, или не дај Боже криминална дамка или каква и да е друга срамотна афера и дубиоза на својот општествено-политички и граѓански лик; умен државник, водач со визија и со најреспектабилно знаење, особено од сферата на политиката и политичката економија, човек на кој на прво место му се идеалите на доброто, просперитетот и достоинството на татковината и на неговиот народ, човек што одлично ги познава и највисоко ги вреднува длабоката национална историја и култура врз чии темели, поставувани низ епски драматични луњи и невремиња е создавана и создадена државата, човек за кој на сите им е познато дека има својство на освестен хуманист и космополит, но пред се’ и над се’ голем непоколеблив патриот кој никогаш, под никакви условувања, закани и уцени во интерес на туѓи државни, политички, воени или криминални интереси, нема да ги предаде и да ги продаде највисоките национални вредности и стојности на својата држава и на својот народ.

Таков благороден државник не се јавува како ѕвезда опашарка која доаѓа од никаде, болснува само кратко, преку ноќ, со брзинска револуција и преврат, и особено не денес, во 21 век, кога народните социјални и други револуции се најдалечно историско минато, а пак новите се само дизајниран, бојадисан (портокалов, розов или „шарен”) производ на обмислени и најбогато финансирани меѓународни заговори. Тој и таков благороден човек расте постапно во својот народот и со својот народот, вреднувајќи го секој свој човек, секој поединец, без оглед на националност, раса, политичко, верско или какво и да е друго определување, но вреднувајќи го и секое драго камче, секоја нежна тревка, секоја дробна капка вода на својата земја и секое и најмало делче на своето сакано небо. Таков човек се вика патриот и може да се овенча со титулата државник, зашто не е само помоден подлизурко на некои и на нечии минливи егзибиционистички и авантуристички идеи однадвор, туку вистински претставник на својата држава и нација, подеднакво модерен и актуелен во своето и во сите наредни времиња.

Таков благороден државник кога ја презема власта, најнапред се опкружува, не со распашана тајфа сомнителни и кримогени типови прибрани кој од каде, туку со најврвни стручњаци од сите области, независно од нивната партиска, политичка или каква и да е друга припадност и определеност, непоткупливи, професионално проверени и докажани во домашната и меѓународна јавност, со истите оние високо морални, етички и хуманистички својства што го красат и него самиот, далеку од секоја примисла на каква и да е криминална или антидржавна дамка и сенка на својот граѓански лик.

Таквиот државник-домаќин седнува со тие свои најодбрани соработници, длабински ги проучува претходните текови во државните работи, внатрешни и меѓународни, до последниот цент се запознава со постојните финансиски прилики и очекувања. Заедно со својот тим ја констатира општата состојба во државата, а кога таква реална слика е создадена, официјално и’ се обраќа на јавноста и со сето тоа ја запознава, зацртувајќи ги основните назнаки за целите и за натамошниот развој на општествено-економските планови што треба да се спроведат, и достоинствено бара и од народот со општ консензус да го поддржи во тие настојувања, стоејќи зад нив со својата одговорност. Но тоа не е возможно да се направи како во експрес-лонец, во најкус можен рок од неколку дена, па нека се и 100 дена, но во секој случај создавање на таа и таква длабинска објективна слика не е возможно преку ноќ. Тоа подеднакво важи и за меѓународните односи.

Затоа само сосема хистеричен човек, неразумен и апсолутно неспособен да ја врши највисоката власт во државата, како квислиншкиот премиер Зоран Заев, веќе наредниот ден по доаѓањето на тоа место, по неотповикливите налози на своите бројни надворешни и домашните големоалбански уценувачи, на своја рака итно превзема најрадикални внатрешни и меѓународни потези и активности, манијакално брзајќи да ги реализира од денес до утре, „зашто се нема време”, божем веќе наредниот ден ќе влеземе во НАТО и ќе ги започнеме преговорите за прием во ЕУ. Според таквото хистерично однесување и невидено панично забрзување на сите најважни и највитални процеси во државата за кои секогаш е потребно соодветно време и општ национален консензус, веднаш се виде неговото тотално политичко лудило и избезуменост, неговиот најприземен, „шарен” уличарски дилетантизам, но пред се’ и над се’ до крај се разголи неговиот најбеден предавнички карактер од самото морално дно.

За жал, токму ова, најлошото, најстрашното, најбедното не’ задеси нас во Македонија со појавата на Зоран Заев.

Околу однадвор издизајнираната и импортирана „шарена револуција”, за која веќе знаеме се’, се насобра најразличен свет, од оние обични, па и добронамерни, чесни, но излажани и заведени луѓе, само желни за квалитетни општествени промени, до ултра-левичари, полу-левичари, пара-левичари, анархисти, љубопитни денгуби, па оние сосема дезориентирани и животно неуспешни типови, „бунтовници без причина”, лудаци, неранимајковци, насилници, уверени и неуверени социјалдемократи и шовинистички интриганти, од „наднационални”, „надвременски” и „надграѓански” будали и тепајмајковци до најобични уличарски штеточини, и особено до оние бескрупулозни дебели кариеристи, кариеристи од сите видови, што во тие матни води си ја почувствуваа својата единствена, прва и последна шанса за брз лов на кожени фотелји и работни места. Да се урива „режимот”.

Личност бр. 1 која можеше до крај да го исхистеризира и да го обедини сето тоа „шаренило без придавка” беше безобѕирниот и подмолен социопатски и криминален водач Зоран Заев, уценет од разни страни и на разни начини, и готов на се’, особено на безочно предавство. За него апсолутно никогаш нема да има поинакви зборови, а времето и народот ќе му судат, нему и на неговата предавничка клика, до последниот (нека не се лажат дека ќе има оправдувања со „партиска заповедна одговорност” и слични глупости), зашто со неколкуте најстравотни, вртолумни деструктивни потези, и само во неколку дена, Заев тотално и најбедно ни ја понижи нацијата, ни ја расшрафи државата, ни ја раздаде татковината на меѓународниот дивјачки алчен панаѓур, и не’ фрли на коленици.

Со Зоран Заев го допревме дното. Го видовме и тоа најцрно црно зло во сиот негов бес и разурнувачко лудило. Така не постапуваат благородни градители и архитекти на државата, така не се гради ништо, така само се урива и се уништожува создаденото од генерации и генерации вредни луѓе. Овој најстрашен национален стрес што го доживеавме и што сеуште секојдневно го проживуваме поради неговото лудило и предавство е клучен момент за целосно разбудување! Сега ни е навистина доста!

Крајно време е силно да се оттурнеме од тоа дно до кајшто, давејќи не’ безмилосно, не’ потона Зоран Заев, и додека сеуште имаме здив во душата и сила во телото енергично да изнурнеме, да испливаме на површина од овој мрачен и болен хаос на самоуништување, да вдишеме нова надеж и да си го вратиме човечкото и национално достоинство и нормалниот општествен живот во својата татковина Република Македонија.

Македонија е рајска градина – затоа така безмилосно и безобѕирно се грабаат да ни ја земат!

Но душата на македонскиот народ е нашиот најголем и неуништлив потенцијал.

Бескрајно да си ја сакаш татковината – тоа е нешто најнормално, најчовечко и најубаво.

Бескрајно да си го сакаш својот народ – тоа е нешто најблагородно и најсвето.

Бескрајно да си го сакаш својот мајчин јазик – тоа значи да си ја сакаш својата божествена дарба, својата Песна над песните!

Да сториме се’ и да дадеме се’ од себе за да не дозволиме подмолни грабежливци да ни го откраднат сето тоа и да го уништат – тоа е најголемиот дедовски и татковски завет што не можеме и не смееме никогаш да го изневериме и да го препуштиме на ваквата зла судбина што и’ ја наменил Зоран Заев со својата предавничка клика и со своите големоалбански партнери.

Послушајте го овде нашето топло македонско срце како чука. Зарем ќе дозволиме тоа да ни го одземат и да ни го уништат? (Јордан Митев: „Изгрејсонце во Македонија”)

https://www.youtube.com/watch?v=mpgPCmuIn_I 

Пишува: Алдо Климан за Република

Фабриката за лаги на Зоран Заев

Како проклетство, секогаш кога СДС е на власт не се гради ништо, туку се уништува и  се руши и тоа што е изградено и создадено со многу труд и мака на народот. За толку години владеење на СДС не се изгради ниту еден стопански објект, фабрика, не направија ниту едно метро автопат, експресен или селски пат, водостопански, културни, здравствени, образовни, спортски и други објекти за потребите на граѓаните.

СДС е неславен рекордер, не донесоа ниту една странска инвестиција и не се изгради ниту една нова фабрика со странски капитал. Уништија многу фабрики, комбинати, задруги и многу други стопански капацитети, ја растурија економијата, а работниците ги исфрлија на улица. Каде ги трошеа парите? Создадоа пирамидални штедилници и преку нив ги опљачкаа граѓаните.

Криминалот долги години беше и останува основен белег на владеењето на СДС.

Владата на Зоран Заев овој пат посегна по најзначајните проекти од инфраструктурата во Македонија, по автопатиштата, брзите патишта и други инфраструктурни објекти, по објектите од областа на енергетиката, здравството и образованието, детската заштита,  детски градинки, спортот и други објекти.

Поништија многу објавени тендери за изградба на нов клинички центар, тендер за набавка на опрема за ископ на јаглен за потребите на електраните, за набавка на лекови и многу други тендери за изградба на објекти и за задоволување на други потреби на државата и граѓаните.

Шампиони  на неработење

Неспособни да ги решаваат проблемите, сосема неосновано предизвикаа застој на изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, на брзите патишта, реконструкција и проширувањето на патот Градско – Прилеп. Запре да се гради се што беше започнато или подготвено за градба, а објектите ги оставија на милост и немилост да се уништуваат. Машините на автопатите ги сведоа на минимум, а дневно се истура по еден или ниту еден кубен метар песок или се фрла по една лопата асвалст!.

Како докажани рушители, многу е очигледо дека запирањето на градбата на автопатиштата и на други инфраструктурни објекти не е од техничка, туку од политичка природа. Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски даде  небулозни изјави за запирање на градбата на автопатиштата поради “технички пропусти”. Сосема неосновано даде произволни лажни проценки извадени од ракав дека за градбата на автопатот Кичево-Охрид ќе биле потребни дополнителни 120 милиони евра и за автопатот Миладиновци – Штип 20 милиони евра!!.

Неодговорни и неспособни, поништија огромен труд за изградба на Клинички центар во Скопје, објект од приоритетно значесње за граѓаните вреден над 84 милиони евра, каков објект никогаш нема да изградат. За жал, за една недела починаа 8 деца во болниците и клиники во Македонија, а министерот за здравство Арбен Таравари не презема ништо да не се повторуваат вакви несакани случаи. Што направи за здравството освен што противзаконито разреши голем број директори на клиниките и именува нови партиски кадри. Како негово најголемо достигнување во овие три месеци е поставување на тројазични табли на клиниките. Морбидно  и неетички смртта на невините дечиња ја споредува со големиот број на граѓани кои заминале на работа во странство!. Од неодговорните постапки на Владата и Министерот за здравство ќе страдаат граѓаните, а настрадаа невини дечиња.

И додека се привршуваат овие редови, стигна уште една кобна вест дека на детската клиника во Скопје починале уште две деца. Кога ќе се освести министерот Арбен Таравари и Владата? Уште колку деца треба да настрадаат па да се преземат некакви мерки. Наводните невладини хуманитарни организации молчат и немаат никаква реакција. Тие уште се наоѓаат во победоносен занес добивајки нови грантови и фотељи .

Се подготвува терен за голем грабеж

Сосема е јасно зошто се прави тоа. Се подготвува терен за голем грабеж. Целта не е изградба на автопатиштата и другите објекти, туку тендерите кои треба да ги објават за наводните пропусти и да профитираат од нив.

Неспособноста на Владата и надлежниот министер Горан Сугаревски уништија цела градежна сезона. И не само ова, туку и наредната градежна сезона. Неодговорните манипуланти и калкуланти ги доведоа во реална опасност најзначазните објекти од инфраструктурата  во Македонија.

Смислено се одолговлекува предавањето во употреба на веќе изградениот дел од автотпатот од Демир Капија до Смоквица, сакајки да прикажат дека еве и тие нешто направиле на веќе изградениот автопат, да се китат со туѓи перја.                 

Фабрика за лаги во Владата

За да може се оправда ова евидентна рушителска политика, да се оправда  неспособноста, неодговорноста и неработењето, Зоран Заев и СДС посегнаа по веќе испробаниот рецепт да се покриваат со лаги и манипулации.

Во градење на фабрики за лаги СДС има големо искуство.

Во 2005 година ја изгради првата фабрика за лаги, која единствено функционираше, бидејки фабриките беа уништени или багателно приватизирани. Тогаш, некои уредници и некои новинари и преставници на наводни “невладини организации” претпладне ги уредуваа медиумите, а попладне и навечер работеа за потребите на раководството и пратениците на СДС.

Во 2014 година се изгради фабриката лаги на Захир Бекири-Чаушот, близок на Зоран Заев, за фалсификување на лични карти, патни исправи, лажни сметки за депозити во странски банки за функционери на ВМРО-ДПМНЕ и фалсификување на други документи. Ова фабрика за лаги беше комплетно опремена со најсовремена техника за фалсифукување, а беше “снабдена” и со окулу 70 илјади незаконски прислушкувани разговори.

Зоран Заев денес во Владата ја гради најголемата фабрика за лаги со окулу 50 вработени лица!. Ова фабрика за лаги е повеќе од двојнопоголема и од поранешното Министерство за информации. На големината и бројноста на ова фабрика можат да и позавидат и држави кои повеќе од десет пати се поголеми од нашата. Со ова фабрика за лаги раководи Министерот без ресор Роберт Поповски, задолжен за “комуникации, отчетност и транспарентност”. Под маска на отчетност и трнспарентност, ќе се трошат повеќе сторици милиони денари пари на граѓаните за лаги, манипулации и подметнувања.

Сосема е извесно кој веќе е, и кој ќе биде дел од ова фабрика за лаги и на каков начин ќе се примаат “советниците”. Судејки според досега именуваните, нема илузии дека тоа ќе бидат докажани партиски послушници, соросови платеници, шарени рушители, насилници, манипуланти, фолиранти и “пљампачи”, како што деновиве напиша еден поранешен министер.

Нема отчетност и транспарентност

Каква отчетност и транспарентност може да се очекува од еден министер кој служи само на теснопартиските интереси? Поттикнат и охрабрен од  неговиот ментор, опседнат со омраза и реваншизам ги лечи фрустрациите и цинизамот со кој се одликува.

Каква отчетност и транспарентност може да се очекува од таков министер кој нема никаква реакција за толку големото кршење на Уставот и законите.

Министерот без ресор задолжен за комуникации остана нем и глув, а транспарентноста ја замени со гробна тишина за најзначајните прашања од посебен интерес на државата и граѓаните.

Во најстрога тајност се држеше Договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија, додека во исто време за договорот расправаше пaрламентот на Репубилика Бугарија, но не и Собраието на Република Македонија. Тоа ли е транспарентност на Владата и на овој министер?

За вицепремиерот на Владата Бујар Османи, задолжен за евроинтреграции, забелешките кон текстот на Договорот со Бугарија биле „емоционални“, а не “рационални”, а Владата не била тука за решавање на емоционални проблеми!. Национален интерес на земјата биле евроатланските интеграции, а не заштитата на македонскиот идентитет и посебност!. Тој не ја признава македонската химна и никогаш не станал при нејзиното изведување. Голем демократ и голем реформатор-легалист, нема што, па уште задолжен за евроинтеграции!. За него најважна работа е донесувањето на неуставниот Закон за употреба на јазиците, како основа на Тиранската платформа за двојазичност на целата територија на државата и рушење на унитарноста на државата. Илјада пати повторува голема лага дека тоа било последносто прашање од легислативниот дел на Рамковниот договор.

Нема никави комуникации за ниту едно прашање

Што направија  Владата и министерот за комуникации и транспарентност? Ветуваа широка расправа и консултација со граѓаните, невладините организации, друштва и здруженија по сите прашања. Ветуваа транспарентност и инклузија, а постапуваат сосема обратно, таинствено и подмолно.

Зошто за Предлог-Законот за употреба на јазиците  не  е отворена јавна расправа, не е обезбедена ниту една научна и стручна дискусија, не се обезбедени мислења од релевантни државни и научни институции. Бесрамно на тој закон му ставија европско знаменце за да се ограничи расправата во Собранието, иако таков закон никогаш досега не бил, а ниту сега е услов за евроинтеграциите.

Ако за некој закон требаше најширока расправа, тоа беше овој неуставен Закон за употреба на јазиците. Вакви прашања не се решаваат набрзина со уцена и со надгласување. Тоа се прашања за општ консензус, но за жал се тргна во обратна насока. Не се направи ниту обид да се расправа, со што се подигнаа тензиите дека бидејки целта е сосема јасна, да се протури нешто на штета на државата и граѓаните спротивно на Уставот.

Очигледно е дека на Владата и на министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, големата фабрика за лаги им служи единствено за конструкции на невистини и полувистини, за уништување на се што не мисли како нив со ковање на завери и подметнувања, уништување на секој медиум кој не е по нивна воља,   притисоци и уцени со СЈО, како некое најголемо плашило.

Тоа ли е враќање на демократијата и слободата? Целта на Зоран Заев е комплетен медиумски мрак, како инструмент за владеење. Мора да има само една вистина, а тоа е она што ќе ја пласира оваа фабрика за лаги, но во тоа нема да успеат, колку притисоци и закани да вршат..

Да основаат и сто фабрики за лаги, неможат да го прикријат овој хаос во државата што го создадоа за сто дена владеење. Сто дена грубо кршење на законите и правата на граѓаните, сто дена расипништво и неспособност, сто дена крчмење на државните и националните интереси на државата. За грубата манипулација и подценување на граѓаните и хаосот што го направија наскоро на наредните избори ќе положат сметка. Народот не заборава и не трпи измамници и лажговци и за тоа  ќе ги казни.

Пишува: Михајло Маневски

Колумна на Тања Каракамишева: Правото ќе го победи насилничкото, расипничкото и предавничкото делување на СДС

Откако СДС со директна помош и обмислена стратегија од надворешниот чадор тргна во походот наречен окупација на системот и пропаѓање на државата со цел исчезнување на  уставното име Република Македонија од внатрешна и меѓународна употреба, со цел насилна промена на идентитетот на Македонците и нивно претопување во бугари, со цел промена на унитарниот карактер на земјата преку аминување двојазичноста да влезе на цела територија на државата спротивно на Уставот, со цел економско уништување на државата, земјата започна вртоглаво да тоне во до сега невидена неуставност, незаконитост, насилништво, расипништво и криминални дејствија што во ниту еден сегмент не можат да се поврзат со демократијата. Секој ден во изминатите три години бевме сведоци на брутално газење и целосно непочитување на Уставот, свесно девалвирање на законите и на институциите на државата, како и политички ангажмани што не се во полза на нашата држава, туку на нечии други интереси.

Почнувајќи од криминалното непризнавање на изборните резултати од страна на Црпко на 27 април, 2014 година, преку неуставното поднесување оставки на пратениците на СДС во Собранието, од една, и незаконското и неделовничкото земање плата цели 15 месеци без еден ден поминат во Собранието, од друга страна, незаконието и неуставното делување на СДС продолжи со несмален интензитет низ разни форми на клеветење и лажно обвинување пред дипломатите и во странските организации дека во Македонија има евидентирано над 500.000 фантоми во избирачкиот список кои наводно секој изборен циклус гласале во полза на ВМРО-ДПМНЕ и дека токму тоа била причината зошто оваа партија победувала 11 пати во континуитет.

Незаконското, неуставното и предавничкото делување продолжи и преку скандалозното откривање на есдеесовската и Чаушовата фабрика за печатење лажни лични карти, фалсификат банкарски сметки, и други документи за потребите на тајфата, а со цел оцрнување на раководните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од раководните луѓе на СДС беа индиректно вклучени и во помагање на групата терористи во кумановското „Диво насеље“. Црпко и Оливер не се криеја во давањето поддршка. Горди и насмеани правеја селфи со сомнителни типови на местото каде пред само неколку часа беа загинале осуммина македонски полицајци бранејќи ги Уставот и законите на државата.

СДС е партија што во контиунитет го повредува правото во земјата. Тоа го направи кога јавно обзнани дека не го признава легитимитетот и легалитетот на сите државни институции и органи, вклучително и судството преку нивното хистерично инсистирање во правниот систем да се внесат неуставни органи од типот на СЈО, некакви измислени дополнителни или технички министри со право на вето, разни други измислици од типот на Влада за спроведување на избори, гласање на дијаспора по неуставни правила. Сите закони донесени во периодот 2015-2016 година, а кои произлегоа од договорите во Пржино беа неуставни и спротивни на сите европски практики, но поради инсистирање на чадорот, а со тоа и на СДС и платената ергела од шарени „револуционери“ тие станаа македонска реалност. Со нивното брутално, уценувачко и насилно внесување во системот беше извршено класично силување на правно-политичкиот систем во земјата.

Во многу наврати сум пишувала за сите аномалии на овие квази-органи и практики и сум изнела низа констатации дека ниту една од овие експериментални творби нема никаква допирна точка со нашиот правен систем. Сум пишувала и чија творба е СЈО, која е основната цел и намена на овој орган. Три години Македонците и државата Република Македонија се заложници на група политички насилници и криминалци кои не бирајќи начин и средства да дојдат на власт практично насилнички се наметнаа во државата како некакво нужно зло. Заеднички содржател на сите нивни политики и политички дејствувања е насилство, неуставност и незаконитост. Овие политички делувања спротивни на правото треба да се изучуваат како студии на случаи како не треба да се практикува правото и како не треба да „владее правоото“ од сите помлади генерации студенти на правните факултети во земјата, но и пошироко.

Повеќе од јасно е дека политичката криза во Македонија беше вештачки наметната со цел реализација на неколку конкретни планови поврзани со земјата. Мастер планот секако беше поврзан со брзата смена на власта која не одговараше на потребите на чадорот со цел непречена реализација на дамнешната идеја за промена на уставното име, промена на идентитетот на Македонците, внесување на сите елементи зацртани во Тиранската платформа и најбрзо што може внесување на таквата осакатена земја во НАТО. За членство во ЕУ веројатно земјата ќе попричека уште бааги подолг период со оглед дека сите активности што се случуваат на терен се во прилог на дамнешната идеја на Меркел земјите од Западен Балкан да бидат покриени со некакви договори за привилегирано партнерство со ЕУ со кои ем ЕУ ќе ги користи сите бенефити од земјите на Западен Балкан ем овие земји ќе останат надвор од членството во Унијата, а сепак доволно близу до Унијата.

Имајќи предвид дека пред нас се тешките и мачни преговори за членство, ЕУ веројатно уште долго ќе остане со затворени врати за Македонија. Дури и да ги започнеме преговорите за членство денес, процесите ќе одат бавно и со калкулирање на поединечните интереси, пред се, на земјите-членки на ЕУ. Оттаму, примарната цел на чадорот е брзо приклучување на земјата во НАТО структурата со што би се затворила дури и теоретската можност за какво било влијание на Русија во нашата држава, а со тоа и заокружување на интересите на Америка во овој дел од Балканот. Откако Америка ќе ја оствари зацртаната мисија Македонија да ја зачлени во НАТО  природно е да се очекува дека ќе опадне и актуелната поддршка на оваа влада од дел од американската администрација. Со реализацијата на мисијата Црпнатиот најверојатно ќе ја доживее истата судбина како и многумина лидери кои биле донесени на власт не од страна на народот и од избирачите, туку од странски центри на моќ. Да потсетиме на судбината на Гадафи, Садам Хусеин, Мадуро, но и на други „славни“ лидери со еднократна и краткотрајна употреба. Употребени и фрлени во буништето на срамот за сторено предавство на сопствениот народ. Предавниците никој не ги почитува, ниту ги игра на подолг период. Посебно тоа важи за политичари што си го предале сопствениот народ за остварување на свои болни амбиции и себични интереси. Политичари што сакаат преку труповите на своите сограѓани, преку структурата на својата држава да доживеат некаква замислена во нивните глави голема слава за да си ги лечат комплексите на пониска вредност, никој не почитува, и никој не им верува.

Со такви луѓе никој не прави долгорочни политички пријателства и сојузи затоа што и другата страна е свесна дека може лесно да биде излажана, превеслана од предавникот. Кога предавникот е кадарен да се сврти против својот народ, тогаш што го спречува да се заврти и против сопствениот креатор. Старо правило што им е добро познато на старите и искусни политички волци.  Токму затоа, креаторите на овие инстант лидери кои служат исклучиво на нивните интереси ги користат до максимум и за многу брзо време ги фрлаат. Прашањето е не дали Црпко ќе биде фрлен во буништето на срамот од страна на неговиот креатор, туку кога ќе биде направено тоа и каква ќе биде неговата судбина потоа? Што ќе прави тој потоа откако ги направи сите правни преседани во земјата, откако ја погази и ничкоса секоја правна норма, откако го преврте на глава целиот правен систем за да им ги „скине главите“ на омразнетите му политички непријатели? Црпнатиот забрава дека правниот систем колку и од петни жили да се труди во моментов нема да може целосно да го воспостави по негова мерка за да добие заштита тогаш кога ќе му биде најпотребна, тогаш кога „пријателот“ ќе реши да се ослободи од него. Нема да може да ги скрои сите судски и јавнообвинителски „реформи“ по негова мерка затоа што тоа е практично невозможно. Кривичните законици и квалификациите на кривичните дела се горе-долу исти во сите европски држави, судската пракса исто така. Тоа значи дека еден ден кога целата прашина и еуфорија на „голема слава“ ќе се спушти на подот, одговорност за секое сторено кривично дело од страна на Црпко и неговите пајташи ќе има.

Политичката хајка што сега Црпко им ја прави на многу луѓе од ВМРО-ДПМНЕ со директни закани и уцени за затворски казни ќе му се врати како бумеранг. Тоа што на други му го прави спротивно на закон, спротивно на Устав, еден ден ќе му се удри по глава. Еден ден кога со заеднички сили ќе успееме правната држава повторно да ја вратиме со полн сјај, во неа нема да има место за нови политички реваншизми, и нови правни преседани. Едноставно шпилот карти на правната сцена ќе се намести така што повеќе никој нема да може да игра надвор од правилата на правото. Правото ќе биде единствената сила чиј што збор ќе биде последен. Ниту Црпко, ниту кој било друг нема да може таа сила да ја помести од централната ложа. Е дури тогаш ќе можеме да кажеме дека имаме правна држава и дека имаме држава со вистински ред и поредок. За таква држава вреди да се бориме сите и почнувајќи од денес, со целата енергија и расположливо знаење што го имаме како нација за да им оставиме на идните генерации здрав политичко-правен организам кој нема да може да биде инфициран од ниту еден нов црпнат вирус, од ниту една нова или стара политичка или друг вид криминална бактерија. Да се избориме заеднички за имуна правна држава во која секој грешник ќе одговара за стореното противправно дело. Во реорганизираната нова правна држава место ќе нема за анархијата што ја направи Црпко кога влезе во кабинетот на премиерот и со уцена го услови да ја напушти Владата во рок од три дена. Место ќе нема за јавно обвинителство кое ќе одмолчува вакви или други слични криминални настани и дејствија. Место ќе нема за Уставен суд што одлучува да молчи во клучни моменти за државата кога му се „шетаат“ во системот буквално пред очи неуставни закони и незаконски акти а тој не прави ништо. Место ќе нема за истражни органи што молчат за лажни обвинувања дека во Македонија имало незаконски изборни резултати со кои директно се има за цел да се ништи вистинската волја на македонските гласачи. Место ќе нема за уцени и притисоци со незаконски креирани материјали, притисоци од страна на странски амбасадори, подземни пресметки. Место ќе нема за насилен избор на претседател на Собрание, или за кој било друг функционер. Место ќе нема за луѓе кои ќе ја преземат власта како дивјаци, кои ќе ги окупираат институциите со криминалци и послушници, кои незаконски менуваат професионални кадри со насилници и подземни типови. Место ќе нема за партиски послушници во администрацијата, место ќе нема за притиснати судии уценети да судат не по Устав и по закон, туку по директна партиска директива. Место ќе нема за Катици и слични приучени правници, за кандидати за државен јавен обвинител кои зборуваат за селективна правда и за уште поселективна одговорност. Место ќе нема за кандидати кои уште не седнати на јавнообвинителската фотелја зборуваат само за стореното физичко, но не и за стореното политичко насилство врз државата, кандидати за јавен обвинител кои не можат да го видат апла извршениот државен удар во земјата на 27 април 2017 годин. Место ќе има само за Уставот, за законите, како и за неспорните меѓународни договори. Оние меѓународни договори што се спротивни на интересите на Македонците нема да бидат ратификувани и нема да имаат правна вредност.

Пишува: Тања Каракамишева- Јовановска

Колумна на Оливер Андонов: Безбедносни кираџии?

Да видиш па да не поверуваш. Вака во една проста реченица може да се даде целиот коментар на глупавата колумна на Геровски насловена како „Алиби за пучистите“ објавена на 24.08.2017 година во плус Инфо. Незнаев дека Геровски станал експерт за безбедносни прашања и не толку за безбедносни ами дури и за разузнавачки односни шпиунски операции. Бравос за првото перо на ѓон СДС и неговата „длабока“ (цпната) промисла.

Доколку сакаме да зборуваме на професионално, а не на политичко ниво, тогаш да зборуваме со неспорни факти, а потоа да судиме кој тоа лаже и за чии цели. Нели според ѓон Црпко сите наши соседи се во право, а само ние не сме. Сообразно со тоа кај нас е вината. Водејќи се од овој црпнат заклучок и Геровски кажа (тресна) голема мисла во јавноста па остана жив. Замислете Живаљевиќ не лажел! Ајдеее! Кој е тој Живаљевиќ и што всушност работи цел живот или што му е основната животна дејност? За голема жал и разочарување на Геровски, јас Живаљевиќ го познавам лично, од некои други времиња и ситуации. Човекот е професионален разузнувач (безбедњак) на српските служби (без разлика во која од нив работи во моментов официјално). За што би бил испратен тој во Македонија, ако тоа не е вршењето на основната му професионална дејност, а веројатно и животна определба? Дали можеби Геровски повеќе му верува на странски разузнавач или на нашите служби? Дали можеби Геровски добил задача од некого од службите (незнам чии или кој) да продолжи со обвинување на нашите служби, конкретно на Агенцијата за разузнавање? Заклучокот од неговата колумна кажува се, бидејќи Живаљевиќ беше кираџија во еден од становите на Геровски. Веројатно од тогаш датира безбедносната кираџиска експертиза на Геровски.

Но, да се вратиме на фактите и професионалноста. Не мислам дека незнае и дека не е информиран Геровски, туку мислам дека зорле се прави будала по оваа прашање. Сепак ќе појаснам. Сите разузнавачки служби во својата оперативна работа во странство се служат со измислици (лаги), легенди, подметнувања, фалсификувања (добро познат спорт на ѓон СДС), манипулирања или кршења на законот (исто така омилен спорт на ѓон СДС) и други помошни неморални и неетични активности. Покрај овие активности разузнавачките служби, особено на територија на друга држава (тука не постојат пријателски и непријателски служби и држави, туку секој работи за свои интерес и за своја сметка, а „соработува“ со другиот повторно од сопствен интерес) работат и користат разни субверзивни и превратнички, пропагандистички и други методи кои ќе донесат полза или ќе предизвикаат промена на политичката, економската и воопшто општествената ситуација во полза на остварување на интересите на нивната држава (и ова е практично или оперативно делување на терен е многу добро познато на ѓон СДС и Геро, така што нетреба да се прави недоветен). Токму затоа сметам дека Живаљевиќ лаже. Лаже како крадец или измамник фатен на дело во недело. Впрочем, кој воопшто може на странски разузнувач или поточно резидент, па дури и скриен зад дипломатскиот статус во амбасадата да му одобри присуство во Собранието или друга институција, а во исто време и да му забрани. Тоа е вечна игра на мачка и глушец помеѓу домашната контраразузнавачка служба и странската разузнавачка служба која сака да направи продор. Затоа тука нема барање дозвола, а понајмалку Живаљевиќ ќе ги најави своите субверзивни и разузнавачки дејствувања на нашите служби. Ова е да плаче човек над глупоста на Геро и неговите наредбодавци, а што има сосема друга и поопасна цел која е политичка и безбедносна. Таа цел Геровски ја најави на крајот на колумната.

Наоѓањето „рачка“ за да се укине Агенцијата за Разузнавање на Република Макеоднија како институција под Претседателот на државата и институција за офанзивно-дефанзивна работа надвор од Македонија за заштита и остварување на нашите национални интереси, е всушност тенденција на ѓон СДС за ставање на сите безбеднсони служби во Македонија под ингеренција на ѓон Црпко и со тоа воспоставување потполна еднострана или поточно еднопартиска политичко-безбедносна контрола врз државата.

Ова е идеја која ѓон СДС како идеолошко деформирана партија одамна ја има. Затоа ги интересираат „реформите“ на Прибе како и ланскиот снег. Ги интересира како да се да стават под контрола во државата за да можат да ги спроведуваат беззаконие и да не бидат казнети за тоа. И еве им се најде можност да ја обвинат Агенцијата за разузнавање и кабинетот на Претседателот Иванов. Во тоа им помогна српскиот разузнавач Живаљевиќ кој со еден удар оствари неколку цели:

1.Се „оправда“ себеси за тоа што беше жив фатен во субверзивно – разузнавачко дејствување на територијата на друга држава.

2.Обвини поединци од разузнавачката служба на Република Македонија дека соработуваат со него, а на тој нашин и со србските разузнавачки служби со што ги дескредитира и по автоматизам ги става вон функција.

3.Помага на ѓон СДС да ја растури безбедносната заедница на Македонија со укинување на Агенцијата за Разузнавање и притоа (во рамки на евентуалното префрлање-преземање на оперативци) искористи можност за повторна инсталација или реинсталација на соработници ан србските служби во Македонскиот безбедносен систем.

4.На посреден анчин да го дискредитира кабинетот на Претседателот на Р.Макеоднија и лично Претседателот Иванов.

Веќе видена приказна на старите пријатели ѓон СДС и УДБА (преточена во структурите на србските служби и остатоците во Македонија), а целата активност координирана од Калето ќе биде сработена од Верушевски и Авромовски, проверени оперативци на ѓон СДС.

Добре дојдовме назад, среќна нова 49-та!

Доцент д-р Оливер Андонов

Евроатлантските Далтони(сти) – Заев, Шекеринска, Османи и компанија

ДИКТАТУРА
По сите незаконски и дубиозни постапки на кои трагично сведочиме од државниот удар на 27 април 2017 до денес, а сега и по незаконското сменување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, навистина дефинитивно не постои веќе ништо што Зоран Заев и неговата кримогена клика нема да го направат во Македонија на незаконски начин, само ако им се ќефне. Тоа се вика Диктатура, со голема буква. Прашање е само дали граѓаните на Република Македонија навистина сакаат тоа да го трпат и да го поднесуваат, и дали и до кога сите ние заедно ќе дозволиме да живееме во такво изопачено општество со распашани Далтони.

КРИМИНАЛЕЦОТ ЗАЕВ ЗАСЕКОГАШ Е ЖИГОСАН СО БУКВАТА „П”
Со политичкото уривање на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, и на Зоран Заев од криминалниот грб му падна еден голем срамен камен за случајот „Поткуп”. За околу еден месец најверојатно ќе добиеме нов државен јавен обвинител, се разбира по партиска заевска линија, а според досегашните мрачни искуства со севозможните махинации на Заев со судството, треба да очекуваме тој да биде и ослободен од обвинението за обид за земање поткуп од 200.000 евра од еден струмички бизнисмен. И така, „дезинфициран”, „прочистен”, „морален”, „како нов”, Заев ќе си се шетка слободно меѓу нас и ќе ги ужива плодовите на својата успешна кримогена дејност, а нам и натаму ќе ни го соли умот за длабинска реформа на судството и за доблестите на правната држава. Но Зоран Заев, што и да си мисли за себеси, мора сосема јасно да сфати и да знае дека како црн црносан жиг втиснат на задникот на некој тупав вол од Дивиот Запад и тој засекогаш е жигосан со голема буква „П”(откуп) и секогаш, каде и да го сретнеме и каде и да го видиме, ќе го гледаме како еден беден криминалец кој кукавички 11 пати бегаше и мизерно се извлекуваше и се криеше од едно до друго судско рочиште само да не го стаса тешката рака на правдата. А замислете само колку убаво би било новиот државен јавен обвинител сите бескрајно да не’ изненади и да не’ израдува, па да го заев(бе) Заева и храбро да го продолжи процесот против него за дебелиот криминален случај „Поткуп”? Но, можеби Зоран Заев баш за тоа и се завзема и вака крваво се бори, за да ни покаже и на сите да ни докаже дека и со него како кримоген, марионетски премиер е можна правна држава во која и тој ќе биде осуден на затвор!!

АРБИТАР БЕЗ ОПШТОНАЦИОНАЛЕН ЛЕГИТИМИТЕТ
Кој е Бујар Османи, претставник на само половина, т.е. на 9% од 18-процентното албанско население во Македонија, што така дрско се наметнува како незаобиколен фактор што ќе одлучува за менувањето на уставното име на Република Македонија? Но, ете, драг мој мнозински македонски народе, токму таков човек што не знае ни за елементарна мерка на цивилизациска пристојност со оглед на вистинската демографска реалност во Македонија во која денес има околу 18% или нешто малку повеќе албанско етничко население, резолутно, пред наши очи енергично ги форсира и ги забрзува преговорите и, што е најстрашно, тој и ќе одлучува за она што му е најсвето на секој македонски човек – за името на нашата татковина. Ете, тоа е таа највисока и најступидна можна цена на бедниот компромис што го направи предавникот Зоран Заев со големоалбанските партнери, кои на тенки и цимкави нишки ќе го држат на власт се’ додека целосно не ја спроведат Тиранската платформа во дело, т.е. Република Македонија да ја претворат во двонационална држава. Се прашувам што ни е нам, луѓе, кога дозволуваме нешто така идиотско и бесмислено, еден случаен, ситен албански политичар со навистина незначителна поддршка од вкупниот македонски електорат, да преговара и да одлучува за менување на името на Република Македонија, и тоа човек на кој тоа име не му значи ништо повеќе од обична мачкина кашлица?

СЛОНОТ И ГЛУВЦИТЕ
Трчаат преку мост слонот по име НАТО и глувците Зоран Заев и Радмила Шекеринска. И глувците си велат: леле, колку татниме! Ете така, неодамна, на средбата на челниците на НАТО на кој му дозволија на Зоран Заев да ѕирне на тој нивен тековен состанок, тој, под ужасен адреналински шок и со цел да ги импресионира со нашата воена готовност, и секако за да го забрза до светлосна брзина приемот на Македонија во членството на Сојузот, пред сите тие воинствени мажишта, „стари борци”, храбро стана, се подисправи, се испрчи, се засили и бувна како некој искусен тобџија-мустаклија од НАТО дека Македонија значително ќе го зголеми буџетот за одбрана. Е, тоа многу ги импресионира челниците на НАТО (а за Трамп и да не зборуваме!) зашто сега барем знаат дека Алијансата со НАТО-Македонија некако финансиски ќе преживее, зашто премиерите на другите членки се покажаа како бедни кучкини синови кои бараа, ако не да се намалат постојните давања, барем да не се зголемуваат. По овој храбар и оригинален, сосема автономно повлечен политички но и продуктивен стопански потег на лидерот на миротворното граѓанско македонско општество, Зоран Заев, НАТО сега ширум ќе ни ја отвори својата шим-шир порта. Само уште до крај да си го скршиме и последниот пршлен од и така веќе до земја свитканиот ‘рбет. Истовремено, пак, охрабрена од тоа што имаме такви моќни добро вооружени, опасни пријатели и Биг-браќа, министерката Шекеринска реши да ги од…бе Русите. „Тие ни се мешаат во животот, и ако му кажеме на НАТО – ќе видат тие со кого имаат работа”, ја цитирам по сеќавање. Лично не се согласувам со таков нејзин плиток говор на омраза кон нашите пријатели Русите, на чија голема и фасцинантна, длабоко европска култура, која, впрочем не почива само на стелтови, томахавки, дронови и носачи на авиони, се напојуваа и се вдахновуваа генерации и генерации, не само македонски граѓани од сите општествени слоеви, туку и денес врз таа импресивна и инспиративна култура растат, учат и се вдахновуваат нови генерации млади луѓе во целиот свет. Затоа, кога не би ми било малку непријатно и јас да применам говор на омраза и одбивност, би рекол дека тие две бедни глувчиња од црнохуморниот виц на нашата современа политичка стварност, Заев и Шекеринска, што толку силно татнат трчајќи на мостот по слонот НАТО, се навистина бескрајно смешни и глупави. Но не, нема да го изговорам тоа, зашто тоа и со голо око се гледа дури и од воените, разузнавачки сателити на НАТО што баш во моментов прелетуваат преку Република Македонија која, гледана од горе, има некакво друго, непознато, сосема бесмислено име.

Пишува: Алдо Климан за Република

А сега се на ред за уништување синдикатите – СКАРАЈ ПА ВЛАДЕЈ!

Ова што во моментов се случува со македонските синдикати е само очекувано продолжение на уништување на македонското граѓанско, демократско, социјално општество, што внимателно и според цивилизациска логика и општи искуства е градено со децении. Имено, разглобувањето и растурањето на Македонија не се одвива само на државно и на национално ниво, со меѓународен комплот, однадвор и кон надвор, туку и длабоко одвнатре, од самото егзистенцијално јадро, при што на уништувачите на нормалниот социо-економски живот во Републикава им е најважно што поитно да го минираат и да го урнат носечкиот столб на општеството – работникот, и воопшто работниот човек во сите сфери и на сите рамништа, и тоа, се разбира, со ослабнувањето и уништувањето на неговите највитални функционални организациски структури – синдикатите. Едноставно: скарај па владеј.

Можеби во македонските синдикални организации и воопшто самите граѓани се чудат што е тоа што наеднаш почна вака наопаку да се случува во редовите на македонското синдикално движење, и тоа баш сега кога имаме социјалдемократска власт, но веднаш треба да речеме дека тоа е сосема вообичаена, мрачна, деструктивна пракса на квази-социјалдемократските власти во транзициските земјите на нашето најблиско, балканско но и пошироко соседство, бидејќи, како што веќе и пишував за тоа во некои свои поранешни колумни, таа и таква социјалдемократија што се практикува во спомнатите земји, и особено оваа траги-карикатура од траги-социјалдемократија во Македонија („што јужније – то тужније”!), нема никаква врска со изворното значење и смислата на поимот социјалдемократија, туку е друго, тројанско име за најподмолен неолиберализам со кој, со политички притисоци, партизација и директно влијание од нивото на власта, со разни ad hoc мерки и со закони прилагодени кон дневно-политичките потреби треба сосема да се дотолчи работничкото движење, до крај да се потчини и да се зароби работниот човек, и да се оневозможи секој вид организирана граѓанска и политичка побуна и хумана манифестација на отпор против социјалната неправедност и неправда.

Така големите неолиберални банкарски и индустриско-трговски светски центри на моќ како јадица со меко лижавче и на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија му го продадоа тој штос дека, само доколку сосема се откачат и бидат супер модерни, шарено-револуционерни, неконформисти во секоја смисла на зборот, и низа други глупости, и доколку го применат импортираниот иделошко-политички терк за капитализам со човечко лице (кај нас е измислен оној идиотски слоган „Македонија за живот”!) ќе станат и ќе бидат посоцијалдемократски и помодерни од сите социјалдемократии во светот, ќе остварат фасцинантен спој на социјална правдина и вртолумен економски растеж, при што е нужно само сосема да ги следат општествено-економските процеси и текови обмислени од глобалниот финансиско-банкарско-трговски аждер, па така постапно ќе се стаса до такво ниво лесно и пријатно да се живее во еден исцело финансизиран свет, односно во таков свет во кој парите сами ќе си се репродуцираат од себеси и ќе си се умножуваат до бескрај, а градовите и селата, улиците и парковите и секое катче во државата ќе блескотат од невидена раскош, светлина и богатство, а магарињата ќе се врзуваат со колбаси. Со еден збор: капиталистичко-комунистички рај! Но нема ништо од тоа!

Еве, почитувани сограѓани, што отприлика ни следува, и тоа не затоа што јас сум пророк, туку едноставно затоа што тоа сценарио е веќе видено и до коска применето во пракса, со тажен крај и за синдикалното движење, и за работниот човек, и за самата социјалдемократија која се претвора во нешто сосема спротивно на себеси и на својата суштина. Што се однесува до македонската социјалдемократија, таа веќе недвосмислено покажа дека станала нешто сосема спротивно на себеси, со тоа што во највиталните државни и национални прашања безобѕирно му го сврте грбот на својот народ и, комплотирајќи со бескрупулозни агресивни странски сили, го изневери, го предаде и сосема се оддалечи од него и од неговите национални права и очекувања.

Но да се вратиме на сегашните и претстојните маки на македонската синдикална сцена.

Прво, во синдикатите ќе се пронајдат или ќе се инфилтрираат шарени социјалдемократски партиски кртови – а тоа, според последниве настани во и околу ССМ, во Македонија очигледно веќе се случува – и одвнатре ќе се изврши груб удар врз нивното социјално заедништво и единство. Тоа на владејачката политиката и’ треба само за да може што полесно да овладее со синдикалните организации и лесно да манипулира со нив. Од една страна, целта е синдикалните лидери да бидат прикажани како синекуранти, неработници, паразити и злоупотребувачи на лидерската позиција што живеат врз грбот на работниот народ, и со разни лаги, подметнувања и измислици сосема да се дезавуираат, а, од друга страна, во синдикалните организации да се внесе немир, неспокојство и чувство на предавство од своите водачи.

Второ, на законодовно ниво допрва ќе се одредат ригорозни квоти на број на членови на одделни синдикални организации кои, доколку се под максимумот на членството што ќе го дефинира/наметне законодавецот, а таа бројка ќе биде исклучително висока, воопшто нема да можат да учествуваат во социјалниот дијалог со властите за заштита, зачувување и подобрување на работничките права. Тоа значи дека голем број помали синдикални организации едноставно сосема ќе бидат исклучени од можноста како најдиректно заинтересирани општествени субјекти рамноправно да учествуваат во разговорите и во донесувањето одлуки за судбината на своето синдикално членство. Истото тоа важи и за организациите на пензионерите, како и за селските или земјоделските цеховски организации. Тоа со квотите, инаку, е една подмолна измислица на Европската Заедница, а се применува секаде каде што се сака да се оневозможи нешто што не им е во интерес на големите концерни или на владејачките структури на ЕУ.

Трето, синдикалните права на полицијата, и особено правото на штрајк, ќе бидат радикално сосечени, со оглед на нивната специфична положба во општеството, а за сите други заинтересирани субјекти ќе се донесат и најстроги прописи за тоа кога воопшто, каде и како ќе се штрајкува. На чесната влада на Зоран Заев, доколку воопшто потрае, многу добро ќе и’ дојдат оградите од ковано железо (што се закануваше дека ќе ги урива, па не ги урна) кога ќе почнат сериозните социјални немири, а на нив нема да чекаме уште многу.

По ваква темелита подготовка за поништување на синдикалната сила и на нејзиното значење во општеството следуваат паралелно неколку работи: изработка на сосема нов закон за работните односи со кој тотално ќе се прекопачат, ќе се деградираат и ќе се искасапат работничките права при склучувањето, траењето и прекинувањето на работниот однос, а истовремено радикално ќе се либерализираат правата на работодавачите. Парадоксално е што сето тоа на најгруб, невиден начин ќе го покрене и ќе го спроведе токму социјалдемократската власт, зашто инаку нема да може да опстане под притисоците од надворешните фактори, т.е. од Брисел, кој од својата кукла на конец Зоран Заев немилосрдно ќе бара штедење, штедење и само штедење, стегање на ременот, смалување на јавната администрација, и пред се’ далеку поконкурентни услови за продор на европскиот капитал во Македонија, а поконкурентни услови во таа смисла, меѓу другото, подразбира и што поевтина, т.е. послабо платена работна сила, и со што помали права.

Во јавните дејности, следува одземање или битно намалување на практично сите здобиени права на вработените, како што се разни додатоци за стаж, за тешките работни услови, додатоци за храна и превоз, додатоци за прекувремена работа и др. А она, пак, што веќе е одземено, сигурно нема да се врати. Сите постојни услужни дејности, пак, во јавниот сектор (во школството, здравството, полицијата итн.), како што се чистењето, одржувањето на објектите, кујните во болниците и сл., сосема ќе се изземат оттаму и ќе се решаваат по пат на надворешна услуга, т.е. на тнр. аутсорсинг (outsourcing), односно во духот на слободниот пазарен натпревар ќе им се понудат на разни домашни и странски приватни претприемачи, што значи дека голем дел од сега вработените во јавниот сектор од тие наведени и низа други гранки на дејност, ќе се отпуштат, дел трајно ќе останат без работа, а останатите ќе бидат принудени да се вработуваат под сосема други, далеку понеповолни услови и со значително намалени права.

Ова не е црна бајка. Тоа е цената на опстојувањето што оваа марионетска социјалдемократска влада ќе мора да и’ ја плати на Европа доколку сака воопшто да се движи кон евро-клубот, особено со вака веќе национално и државно сосема спуштените и скинати гаќи. Она што досега во таа смисла е видено е навистина трагично со самоуривањето и самоуништувањето на социјалдемократските власти кои се соочија со сите тие проблеми, а притоа токму тие мораа да искажат најбрутален однос кон најзагрозените слоеви на населението, всушност, токму кон своите најверни членови и избирачи.

Го имаме на дланка примерот на Хрватска, чија неолиберална „социјалдемократија” со Милановиќ на чело водеше неколкугодишна груба неправедна битка против сопствениот народ, и која, натпреварувајќи се со останатите да биде што попроевропска и посоцијалдемократско-неолиберална и затоа донесувајќи немилосрди закони, особено Законот за извршување, кој за само неколку години вештачки испродуцира 330.000 блокирани и осиромашени граѓани, со внатрешен долг по таа основа поголем од 45 милијарди куни (т.е. преку 6 милијади евра) и илјадници бескуќници и гладни, – заврши во хаос и внатрешно распаѓање, губење на изборите неколкупати едно-подруго, и конечно со голема вантрешна нерамнотежа, фракционерство, главно од кариеристички мотиви, губење и разочарување на членството и на симпатизерите, всушност во една состојба што уште долго ќе мора сериозно да ја преиспитува и да ја санира. Парадоксално е што новата хрватска власт со изразито десен предзнак, покажа многу поголем слух и социјална чувствителност кон најзагрозените слоеви, колку и тоа да е можеби само дел од дневно-политичкиот фолклор кој дури допрва ќе мора да ја потврди својата втемеленост и уверливост како цврст политички став.

Македонските синдикати, еве, наеднаш се најдоа во зона на самракот што ја продуцира власта на Зоран Заев. Дојде редот и на нив. Ќе им биде тешко, и наспроти недвосмислено заедничкиот синдикален интерес ќе имаат меѓусебни разидувања и судири, потпалени и форсирани од власта. Некои од нив можеби и ќе згаснат или ќе се втопат со други доколку не се снајдат во таа политичко-интригантска врвулица. Во услови кога од другата страна на масата за социјален дијалог имаат бескупулозна марионетска влада што ќе се врти онака како што се врти малиот прст на Европа, ќе успеат да опстанат и ќе успеат во својата борба за правата на работниот човек само оние што ќе бидат цврсти, транспарентни и крајно доследно приврзани кон своите синдикални принципи, па и по цена на секоја жртва и страдање.

Се разбира, ова што сега се случува во Сојузот на синдикатите на Македонија е само сондирање на теренот од страна на власта. Веројатно ништо длабоко радикално од горе наведените нешта нема да добие замав се’ до локаните избори. Сериозната синдикална битка со себе самите и со оваа власт ќе започне дури по изборите.

Пишува: Алдо Климан за Република