КРИМИНАЛОТ ЦВЕТА: Обвинителството молчи за корупциските афери на Заев, измамите за Санос, тендерите на Анѓушев

Обвинителството се уште молчи иако треба да ги разгледа случаите Санос и тендерите на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и да поведе постапка.

Откако СДСМ дојде на власт и Зоран Заев стана премиер, граѓаните секојдневно се сведоци на скандали, злоупотреби и криминални и корупциски афери.

За само неколку месеци, јавноста дозна за измамата за Санос, криминалните тендери на вицепремиерот Анѓушев и како Заеви дополнително се богатат. Сите овие се големи криминални афери за кои медиумите пишуваат, фактите потвдруваат, а власта игнорира мислејќи дека јавноста поради молчењето од нивна страна ќе заборави. Покрај власта, и Обвинителството молчи за овие афери.

ФИЛМСКА ИЗМАМА НА ЗАЕВ: Промовираа дека „САНОС“ произвел автобуси, а фирмата има тројца вработени

Zaev-Sanos

Големата најава на премиерот за враќање на една од најголемите фабрики која работеше порано во Македонија „ФАС 11 Октомври“, ребрендирана во името „САНОС“, требаше да му даде полни раце работа на Јавното обвинителство, бидејќи постојат сериозни индиции за голем криминал и директно удирање по државната каса и џебот на граѓаните.

Веќе некое време сите се прашуваат како е можно да се направат 70 автобуси од само тројца вработени, еден службеник и две жени. Експерти и од областа на производството и од областа на економијата се согласни дека во овој случај се работи за голема измама.

Позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок, е ставот на економските експерти. Познавачите на приликите сметаат дека овде има сериозен сонмеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.

Дека има сериозно индиции за измама преку која има за цел на криминален начин да дојде до пари од државната каса, пари на граѓаните на цела Македонија, е и фактот дека во разговор со поранешен вработен во фабриката „ФАС 11 Октомври“ дознавме дека најголемиот дел од опремата за производство е продадена и таму нема никаква шанса да се направи нов автобус.

Царина потврди: „Санос“ нема направено извоз на автобуси, Заев и Владата направиле измама со промоција на нови автобуси

Sanos-fabrika

Од Царина добивме потврда дека фирмата „Санос“ нема направено извоз на автобуси, со што се потврдуваат сомнежите дека се работи за филмска измама од страна на премиерот Заев. Премиерот Заев очигледно ја потцени интелигенцијата на граѓаните и се обиде со евтина измама собере политички поени. Заев пред два месеци беше во посета на фабриката, каде изрази задоволство што еден домашен македонски производ излегува на странскиот пазар, очигледно лага, информација која беше демантирана од Царината.

Тендер вреден 2.6 милиони денари во рацете на Анѓушев

Zaev-Angjusev-pari

Од функцијата вицепремиер во Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, наместо за граѓаните си работи самиот за себе. Си дозволи низа придобивки и огромна заработка, на незаконски начин. За ова во целиот процес има силна поддршка од премиерот.

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери.

На овој начин мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработи 2.6 милиони евра, а предноста пред сите останати ја доби благодарение на тоа  што е вицепремиер во владата на Заев. Поради функцијата која ја обавува, тој може да влијае врз работата на државните институции.

ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД АМБИС: Заев, Анѓушев и Тевдовски секојдневно ја уништуваат државата, ново задолжување од 24,4 милиони евра

Македонската економија е пред амбис. Македонија влезе во рецесија. Црното економско трио секојдневно ја уништува државата. Заев, Анѓушев и Тевдовски, синоќа донесоа одлука за измена на максималниот износ на задолжување преку издавање на државни хартии од вредност. Со оваа одлука црното економско трио ќе не заглави и нас и сите идни генерации во долгови само за да ја покријат сопствената неспособност за креирање нормални услови за раст на економијата, истакна на денешната прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Делев посочува дека црното економско трио веќе во вторник ќе ја задолжи државата за нови 24 милиони евра.

-Не поминаа ниту десет денови од последното задолжување кое изнесуваше 72,3 милиони евра, а финансиската кујна на СДС веќе ни спреми ново задолжување на домашниот пазар. Во екот на предизборната кампања, министерот Тевдовски, издава широка палета на државни хартии од вредност составена од: 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 750 милиони денари, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 500 милиони денари и 15-годишни државни обврзници со евро клаузула во износ од 250 милиони денари. СДС во очи на избори забрзано се задолжува, без да каже каде ќе одат парите, кои утре треба сите ние заедно да ги враќаме, нагласува тој.

Делев прашува за што ќе служат ваквите пари кога знаеме дека досега владата нема реализирано ниту една капитална инвестиција.

– СДС отвара сомнеж за можна изборна корупција, за кое претставниците на меѓународната заедница и меѓународните организации не смеат да останат неми. Со новото задолжување, СДС за нешто повеќе од 4 месеци ќе ја задолжи Македонија за 523 милиони евра. Како што е видливо од графичкиот приказ, задолжувањата со хартии од вредност има загрижувачка тенденција на постојано зголемување. Од 18 јули оваа година, СДС непрестано ја задолжува земјата, првично за 10,6 милиони евра, притоа за неполн месец, на 8 август оваа година ја задолжи земјата за додатни 30 милиони евра. Понатаму расипничката и должничка влада, само во септември, два пати ја задолжи државата со хартии од вредност, и тоа на 5 септември, за 27 милиони евра и на 19 Септември, за 76,33 милиони евра. На 3 октомври исто така следеше ново задолжување во износ од 72,26 милиони евра, посочува Делев.

Тој вели дека последните вести од финансиската кујна на СДС се нови 24,4 милиони евра задолжувања во хартии од вредност на 17 октомври.

-Социјалдемократскиот сојуз нема ниту грам одговорност кон сопствените граѓани. Владата се однесува расипнички и ја става иднината на граѓаните и државата на коцка. Владата во период пред избори задолжи милиони евра за кои никој не знае кај завршиле и каде допрва ќе завршуваат. Милионски задолжувања и ниту еден реализиран проект. Недомаќинското работење на СДС почна уште првиот ден на мандатот и уверени сме дека ќе трае до последниот. СДС ќе одговара за поигрувањето со народните пари и катастрофалното управување со економијата. На 15-ти октомври граѓаните ќе стават крај на ова расипничко владеење, нагласува Делев.

Шилегов и Заев ќе го продаваат скопски Водовод

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев со својот партиски портпарол и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, подготвуваат уште една матна зделка.

Тие имаат план да го продадат ЈП Водовод и канализација на фирма од Австрија со мешовит сопственички состав. Кога ќе се погледне историјата на оваа фирма, станува јасно каква корист од оваа продажба ќе имаат Заев, Шилегов и нивните најблиски соработници.

Имено,еден од акционерите на фирмата во чии раце треба да остане скопски Водовод, е ЕДС на Кочо Анѓушев. Вицепремиерот откако седна во столчето до Заев во македонската Влада, веќе беше дел од низа скандали кои имаат за цел негово дополнително богатење.

Оваа зделка каде освен Заев, таен преговарач е и Шилегов, ќе биде дополнителен извор за лично богатење на овие тројца политичари.

Ако матната зделка се реализира, многу е можно цената на водата да биде поскапена и додека Заев, Шилегов и Анѓушев го зголемуваат и онака огромното свое богатство, за сметка на тоа да трпат и патат граѓаните.

Куновска до Анѓушев: Прв знак дека некој е лопов е откажувањето од плата

Актерката Софија Куновска е само уште една од низата луге од СДСМ или блиски до СДСМ кои излегоа со критика за работата на новата Влада. Таа на Фејсбук напиша дека прв знак ако некој се откажува од плата или надомест е дека сака да краде.

-Прв знак дека некој е лопов е откажувањето од плата или надомест. Тоа ме упатува на сомнеж дека платата е трошка во однос на тоа другото на кое се надева, напиша Куновска на Фејсбук.

kunovska post

Овој пост најверојатно се однесува на Кочо Анѓушев, кој што се откажа од својата плата, но подоцна видовме како неговите фирми добиваат тендери од Владата, во која тој е вицепремиер.

Инаку, да потсетиме само 10 дена откако беше назначен за генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, пренесува Република.

На 15 август 2017 година директорот Миновски заедно со комерцијален директор Марјанчо Николов, поранешен пратеник на СДСМ од Велес, донеле одлука по јавна набавка бр.01-125/2016 со предмет на набавка Транспортни ленти за ПЕ Рудник. Од вкупно предвидените 258.300.000 денари за оваа набавка повеќе од половината односно 140.086.090 денари без ДДВ му се доделени на конзорциумот составен од „Фероинвест“ од Македонија и Озербанд од Турција кои добиле 3 од 5-те предвидени лота за оваа набавка.

Граѓаните се сомневаат дека целта на Кочо Анѓушев е поуспешен живот за граѓаните, тие велат дека само неговите бизнис интереси се оние поради кои тој е дел од Владата.

Афера до афера, скандал до скандал: Криминалот заштитен знак на Владата на СДСМ

Најавуваа живот, прикажаа криминал. По четирииполмесечното владеење на СДСМ предводено од Зоран Заев, впечатокот е дека криминалот стана заштитен знак на оваа влада. Афера до афера. Jавноста дозна за измамата за криминалните тендери на вицепремиерот Анѓушев и како Заеви на грбот на граѓаните дополнително се богатат. Се купува фабрика по цена од гарсониера, се гради без правосилна дозвола, се доделуваат тендери на незаконски начин….

Анѓушев на чело на коруптивните афери

Од функцијата вицепремиер во Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, наместо за граѓаните си работи самиот за себе. Си дозволи низа придобивки и огромна заработка, на незаконски начин. За ова во целиот процес има силна поддршка од премиерот.

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери.

На овој начин мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработи 2.6 милиони евра, а предноста пред сите останати ја доби благодарение на тоа што е вицепремиер во владата на Заев. Поради функцијата која ја обавува, тој може да влијае врз работата на државните институции.

Бонбона зделка за Заеви: По цена на една гарсониера ја земаа цела фабрика „Герас Цунев“

Вице Заев, брат на Зоран Заев влегува со бизниси во Скопје, а кланот Заеви го укрупнува капиталот. Уште пред неколку месеци медиумите пишуваа дека фирма блиска до Зоран Заев, СИМ Инжинеринг ДОО Струмица, која според информации на Инфомакс е во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстеви од Струмица, кои учествуваа во градбата на „Глобал“ во Струмица ќе градат зграда во скопски Аеродром.

Од „Герас Цунев конфекција“ а.д. Струмица преку Македонската берза информираат дека Трајче Заев преку трговска трансакција се стекнал со 4.861 акција од издавачот „Герас Цунев конфекција“, со што сега поседува вкупно 15.126 акции или 22,25% од основната главнина на друштвото, пишува порталот Нетпрес.

Со ова се отвора оправдан отвори сомнеж дека семејството Заеви користејќи ја, односно злоупотребувајќи ја политичката закрила и моќ, започнуваат со купување капитал во конкурентните македонски компании. Се разбира, со цел да го окрупнат своето богатство. Имено со 20.000 евра не може да се купи ниедна најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти, индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни локации во општина Струмица.

Со ова се отвара сериозен сомнеж дека купопродажбата е вклучена со уцена или некој друг вид на притисок.

„Фени“ се затвора поради блокада на фирмите на Анѓушев

Како што пишувашe Економски.мк, фирмата ЕДС на вицепремиерот Кочо Анѓушев ја блокирала сметката на кавадаречки Фени Индустри, а самиот тој преку неговите фирми го снабдува комбинатот со електрична енергија.

Порталот објавува дека во фабриката извршители почнале да прават попис, а за тоа говорат и фотографиите кои се залепени во деловите каде е завршена работата. Моментално компанијата работи минимално, колку да не биде целосно исклучена.

Според „Економски“, производство нема, дел од вработените одат на работа, а неофицијално се говори дека прашање на време е кога ќе им биде соопштено дека нема потреба од нив.

Како водечка компанија во металургијата во земјава, „Фени“ има повеќе од 1000 домашни набавувачи и уште три сестрински фирми кои гравитираат околу неа. Директно Фени Индустри вработува 850 луѓе, стручни за оваа проблематика, но и многу изведувачи и фирми соработнички кои додатно го зголемуваат целокупниот ефект врз економијата .

Од опозициската партија постојано обвинуваат за пад на економијата, трпи и БДП и индустриското производство.

ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ станува фирма задолжена за перење на пари и матни тендери на пријателите на Заев и Анѓушев

ЕЛЕМ станува фирма задолжена за перење на пари и матни тендери на пријателите на Заев и вицепремиерот Анѓушев, стои во денешната рекација од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Драган Миновски.

-Манипулативните напади насочени кон претходните раководни лица, објавени на денешната прес конференција се само обид да се избега од реалните скандали на владата на СДС. ЕЛЕМ е компанијата која намести тендер и од кој требаше да се офајди фирмата на вицепремиерот Анѓушев во износ од 2.6 милиони евра. ЕЛЕМ е компанијата која поништи легален тендер за РЕК Битола со која требаше на долг рок да ги намали трошоците за ископ на јаглен и со сопствени средства да обезбедува ископ, нешто што не му одговара на актуелното раководство, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Колку имот има Кочо Анѓушев?!

ВМРО-ДПМНЕ повторно прашува колку имот поседува вицепремиерот Кочо Анѓушев и дали крие дел од него од јавноста и зошто го прави тоа.

„Ова се прашањата што се наметнуваат од информациите објавени во медиумите. Дали Анѓушев има фирми во странство што не ги пријавил во анкетниот лист и зошто не ги пријавил?

Медиумите објавија дека Анѓушев поседува фирма во соседна Србија, за производство на жичани производи, синџири и опруги, под името „Brako Wire Products“ која не можеле да ја најдат во анкетниот лист на Анѓушев.

Јавноста се прашува уште колку фирми низ светот поседува Кочо Анѓушев, кои не се пријавени во неговиот анкетен лист.

Што крие Анѓушев од јавноста и зошто не ја навел фирмата во Србија во својот анкетен лист како дел од имотот што го поседува.

Јавноста веќе виде како работи Кочо Анѓушев. Јавноста е сведок на криминалот кој го прави власта со цел да му се овозможи милионски профити на Анѓушев.

Кога е Анѓушев во прашање законите не играат некоја важна улога. Законите беа прекршени во случајот хидроелектрани „Тополка“. Првото прекршување се случи кога владата спротивно на Изборниот законик изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно со цел фирмите на Анѓушев да можат да добијат одобрение за градба. Потоа, според информации во медиумите, фирмите на Анѓушев, отпочнаа градба на електраните без одобрението за градба да стане правосилно.

Тоа го видоа граѓаните и од личното признание на Анѓушев, дека тој одлучил дали ќе ги добие или не неговата фирма „Фероинвест“ тендерите од ЕЛЕМ. Со тоа јавно призна дека има судир на интереси и дека тој е одлучувачкиот фактор и во двете страни од договорот.

Анѓушев демонстрира целосно беззаконие. Анѓушев се однесува како државата и законите да не важат за него„, порача Соња Гелова Стојанова.

Газда Кочо побогат отколку што се прикажал: Анѓушев „заборавил“ да пријави во Анкетниот лист дека поседува фирми во странство

Најбогатиот министер во владата на Зоран Заев и еден од петте најбогати Македонци, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, поседува приватнa фирмa во странство, но не ја навел во Анкетниот лист на Антикорупциската комисија, пишува порталот Нетпрес.

Според податоците до кои дојде Нетпрес, Анѓушев поседува приватна фирма во Панчево, Србија. „Brako Wire Products“ ДОО Панчево е основана на пети јули 2005 година, стои во регистарот на приватни компании на Србија. Фирмата е активно стопанско друштво, а се наоѓа во општината Панчево, место Панчево на адреса „Утва Златокрила“ број 9. Наведено е и дека дејноста со која се занимава „Brako Wire Products“ ДОО Панчево е производство на жичени производи, синџири и опруги. Во српскиот регистар како законски застапнци на фирмата се наведени: Крсте Лазаров – директор и Кочо Анѓушев – заменик-директор.

Освен во Србија Анѓушев имал бизнис активности, своевремено, имал и во Бугарија, каде е еден од основачите на компанијата „Брако Бугарија“, пишува порталот.

„Според Централниот регистар на Бугарија, оваа фирма е основана на 20 октомври 2009 година. Како основачи се јавуваат: Кочо Анѓушев, неговите бизнис партнери од Велес, Орце Давчев, Владе Гравчев и Василчо Шалев, но и бугарскиот државјанин Иво Велков Велев, кој е поставен и за менаџер на „Брако Бугарија“. Анѓушев, Давчев, Гравчев и Шалев се заведени како партнери“, стои во тектот на Нетпрес.

Нешто повеќе од две години по формирањето на „Брако Бугарија, поточно на 10 февруари 2012 година, Иво Велков Велев е заведен како сопственик на целосниот капитал. На истиот датум заведени се и купопродавања на акции од „Брако Булгарија“. Акциите ги купуваат Иво Велков Велев и Кочо Анѓушев од Орце Давчев, од Василчо Шалев и од Владе Гравчев. На истиот датум Анѓушев акциите му ги продава на Иво Велков Велев. Потоа на 27 декември 2012 година, менаџерот на „Брако Бугарија“, Иво Велков Велев, акциите ги продава на сингапурската компанија „Nayngandagar trade and investment“ приватна фирма со ограничена одговорност.

Но, за вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, беше објавувано и дека е во партнерски бизнис односи со офшор компанија од Белизе.

„Кочо Анѓушев и откако стана висок владин функционер не го открива вистинскиот основач на фирмата „Макинвент“ со која неговата „Фероинвест“ е во партнерски односи. БИРН пред две години се заинтересира за „Макинвент“, откако дознавме дека во моментот кога Анѓушев се здружил со оваа компанија, нејзин сопственик била фирма со седиште во Белизе, офшор што гарантира дискреција на сопственичката структура на компаниите.

Мистериозната „Макинвент“, „Феро Инвест“ на Анѓушев и фирмата на неговиот кум Митко Кржовски го сочинуваат конзорциумот „Хидро Осогово“, кој управува со четирите мали хидроцентрали на цевководите преку кои вода добиваат граѓаните на Крива Паланка.

Во 2015 ги прашавме сите учесници во конзорциумот чија е фирмата од Белизе.
„Сопственик на фирмата од Белизе е бизнисмен од соседството, мој пријател, меѓутоа не можам да ви кажам кој е. Тој нема никаква врска со сите оние што во Македонија се поврзуваат со офшор-капиталот од Белизе“, тврдеше Анѓушев.

Кој е мистериозниот бизнисмен не откри ниту вториот партнер во „Хидро Осогово“, Митко Кржоски, а сопственикот не го знаеше ниту човекот што управуваше и подоцна ја презема ’Макинвент’, скопјанецот Игор Секуловски.

„Не знам кој е газдата, иако мислам дека не е еден човек туку цела корпорација. Анѓушев ме замоли да бидам директор, бидејќи сум електроинженер. Не работам таму за плата, фирмата не е активна, освен во проектот со малите хидроцентрали“, изјави Секуловски за БИРН пред две години, објавуваше Балканската мрежа за истражувачко новинарство.

ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА: Фирмата на вицепремиерот Анѓушев ја блокира и затвора Фени индустри, 1.000 луѓе остануваат без работа

Фирмата на вицепремиерот на Владата предводена од Зоран Заев, Кочо Анѓушев ја блокира и затвора фабриката Фени индустри, а ова за фирмата значи и згаснување поради што без работа на улица остануваат 1.000 луѓе.

Како што пишува Економски.мк  фирмата ЕДС на Кочо Анѓушев ја блокирала сметката на кавадаречкиот металуршки  гигант Фени Индустри. Фирмата на Анѓушев го снабдува комбинатот со електрична енергија и практично во негови раце е судбината на околу  илјада лица вработени во комбинатот.

Според информациите извршители влегле во фабриката уште во петокот и почнале да попишуваат се што е во сопственот на Фени. Таму каде што завршиле работа стои попишано од извршител. Производната линија на Фени во моментов како што велат сознанијата од компанијата функционира само на одржлив миниум, односно се одржува само неопходно ниво на топлина за да не биде изгасната целина. Производство нема, дел од вработените одат на работа, а неофицијално се говори дека прашање на време е кога ќе им биде соопштено дека нема потреба од нив.

Доколку сметката на Фени Идустри е блокирана повеќе од четириесет дена по автоматизам Фени Индустри ќе влезе во стечај. Откако дојде на власт владата на Зоран Заев на чело со бизнисменот Кочо Анѓушев кој има функција вицепремиер економијата бележи пад, бруто домашниот производ за 1,8% и индустриското производство за 2,2%. Дополнително , повеќе од шеесет инвеститори како што изјави и претседателот на ВМРО ДПМНЕ кои веќе биде решени да инвестираат во Република Македонија сега ги повлекле своите одлуки и разгледуваат други дестинации за вложување на својот капитал.

Владата предводена  од Зоран Заев заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев не само што не креираат нови работни места со отворање на нови фабрики и ги бркаат потенцијалните инвеститори со своите погубни економски политики згора на тоа сега постои можност за затворање на еден од најголемите фабрики која вработува над четири илјади граѓани.

Имено, ефектот кој го има Фени Индустри врз економијата не е само за луѓето што работат во компанијата. Фени Индустри има огромен број на набавувачи односно околу илјада  само од државата.  Фирмите кои гравитираат околу Фени исто така вработуваат луѓе и тоа има секако позитивен ефект врз целокупната економија. Понатаму, Фени Индустри има сестрински фирми како „Нова Инжинеринг“, „Нова Рефактории“ и „Нова Логистика“ . Директно Фени Индустри вработува 850 луѓе но оваа фирма има многу изведувачи и фирми соработнички кои додатно го зголемуваат  целокупниот ефект врз економијата .  Многу важно за оваа компанија е човечкиот капитал со кој располага односно техничко технолошкото знаење кое го имаат вработените , нормално мора да се спомне дека Фени е една од  ретките компании во Македонија во која платите се едни од највисоките во државата.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ветуваше поддршка на компаниите но очигледно дека владата на Зоран Заев има намера да ги затвора и постоечките капацитети а најмалку има намера  да отвора нови. Прашање е доколку Фени Индустри отиде во стечај  дали приближно  четири илјади фамилии во Тиквешијата ќе останат на улица?

Лошите економски политики на СДСМ ја ставија на колена македонската економија

“Кога ќе ги натерате другите јавно да ја повторуваат вашата лага, тогаш и тие стануваат соучесници во таа лага, а некои од нив продолжуваат да ја бранат дури и кога вие ќе се откажете од неа“ пишува Сашо Ордановски во неговата колумна во обид да ги брани економските политики на СДСМ и Заев што веќе 3 месеци се како цунами кои ја пустоши македонската економија по хоризонтала и вертикала.

Уште стотина колумни да напише Сашо Ордановски за да го оправда Заев,Тевдовски и Анѓушев,нема да се доволни да го прикријат фактот дека токму поради нивните катастрофални економски политики ја клекнаа македонската економија на колена.

Колку и да сака Сашо Ордановски да купи време и да ги пофали Заев,Тевдовски и Анѓушев,бројките и фактите во македонската економија не се на нивна страна.

Во изминатите 3 месеци под водството на владата на СДСМ во Република Македонија влегоа верувале или не нула странски директни инвестиции. СДСМ во изминатиов период, ја задолжија Република Македонија енормно и потрошија неверојатни 420 милиони евра пари кој никој не знае каде отидоа.

Наместо да го подобар животен стандард,повисоки плати и пензии кои со фанфари им го ветуваа и најавуваа на граѓаните пред изборите,реалноста од ветуваниот ,,Живот” на СДСМ за граѓаните е сосема поинаква.Пензионерите беа изманипулирани и не ги добија ветуваните 5% покачување на пензиите,државните службеници не добија повисоки плати за 5% повисоки плати.

Во изминатиот период на владеењето на СДСМ имаше пари за луксузирања и патувања,но е и за подобрување на стандардот на граѓаните,преку покачување на платите и пензиите.

Поради лошите економски политики на СДС,прв пат по многу години имаме пад на индустриското производство за 2,2%,пад на просечната плата за 0,7%,пад на извозот за јуни и јули за 12%,односно за 52 % милиони евра со што му се нанесе голема штета на домошното стопанство.прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1%.

Странските директни инвестиции,поради лошите економски политики и игнорантскиот однос кон странските инвеститорите на СДСМ, во првото полугодие се за 100 милиони евра помалку во однос на истиот период лани.

Јуни бил месец во кој имало одлив на директни инвесетиции од вкупно 61,4 милиони евра.

Политиката на СДСМ ги стави странските инвеститорит во ,,офсдајд”.

Во изминатиот период владата на СДСМ не успеја да привлече ниту една нова странска инвестиција,туку напротив постоечките веќе се размислуват да ја напуштат Република Македонија.

Со еден збор задолжувачкото трио Заев,Тевдовски и Анѓушев ја доведоа државата пред работ на банкрот и економијата во слободен пад.

Новата влада на СДСМ, го оспоруваше предходниот успешен модел на привлекување на странски инвестиции,осмислен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и во 100-те дена практицирање власт, покрај бројните полемики и дебати кои ги имаше во предходниот период,не превзеде ништо на планот на привлекување на нови странски инвестиции,освен укинувањето на економските промотори.

Зоран Заев со новиот владин тим за привлекување на инвестиции,на чело со Рамиз Мерко,Самка Ибраимовски,Зоран Шапуриќ,Зорица Апостоловска и Кочо Анѓушев како министри без ресор за привлекување на инвестиции, со своето сиромашно работно искуство во делот на привлекување на странски компании не влеваат надеж дека ќе можат сериозно да одговорат на предизвикот наречен придобивање или привлекување на нови странски инвестиции и отварање на нови работни места.

Сашо Ордановски како бликок подржувач на политиките на СДСМ И Зоран Заев, преку манипулаторски колумни сака да ги релативизираат и спинуваат ефектите од странските директни инвестиции,но бројките и ефектите од странските директни инвестиции не можат да ги извртат.

Позитивните ефекти од странските директни инвестиции се огромни , само во изминатите 10 години збирно во Македонија како странски директни инвестиции се вложени над 3 милијарди евра.

Економскиот тим за привлекување странски инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ изминативе години донесе над 49 гринфилд инвестиции и многу други мега компании кои отворија над 30.000 директни работни места и им дадоа простор на домашните компании за развој и отворање на индиректни работни места.

Oколу 500 домашните компании соработуваат со странските инвеститори.

Странските компании ја сменија структурата на македонскиот извоз.

Третина од вкупниот извоз од земјава го сочинуваат машините и транспортните уреди. Пред десетина години оваа ставка изнесуваше помалку од 5% од вкупниот извоз. Фабриките кои работат во зоните придонеса да се смени структурата на извозот и сега наместо евтини, Македонија извесува софиситицирани производи со висока додадена врендост.

-Со извоз на пософистицирани производи се отвори потреба за квалификуван и повеќе платен кадар во земјава, што придонесе за побрзо и реално, а не изнудено и краткорочно, покачување на платите во земјава, што на крајот резултираше со подигнување на бројот на ново отворени работни места и намалување на невработеноста на историски ниски 22,9%

Талкањето на новата Влада на СДСМ во избор на модел за привлекување странски инвестиции,со Самка,Шапуриќ,Анѓушев и Мерко, секојдневно ги чини граѓаните помалку нови работни места и нови фабрики.

Во изминатите 100 дена се стекнува впечаток дека Македонија како дестинација за привлекувањ е на странски инвестиции ја губи позицијата,односно ја губи трката со другите држави во соседството, која што ја имаше пред неколку години.

Соседните држави,а тука мораме де ги потенцираме Србија и Бугарија како најголеми конкуренти на Македонија, забрзано работат на пакетите кои им ги нудат на странските компании и сведоци сме дека секојдневно се отвараат или најавуваат нови компании кои ќе инвестираат во овие земји.

Ќе успее ли Македонија,со ваквите економски мерки да им донесе просечна плата од 500 евра и да им го подобри животниот стандард,или новата влада на СДСМ ќе пробува да купи време пред на граѓаните со нарачани политички колумни.

Милошоски: Неуставниот закон за јазици е тука за да рашири магла, за Анѓушев и Мерко да си ги покријат криминалите (ВИДЕО)

На денешната седница во Собранието каде точка на дневен ред е Законот за јазиците, говореше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој напомена дека меѓу другите, овој закон го предложиле вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот без ресор Рамиз Мерко.

Тој говореше зошто тие имаат потреба од овој закон, карање меѓу Македонци и Албанци, меѓу политички партии и стереотипи.

-Затоа што против господинот Мерко, сегашен министер, се води постапка за 6 милиони евра проневера за улично осветлување во Струга, наменски формирана фирма Сити Лајт, која што во моментот на тендерот, нема исполнето ниту еден од условите вреден 6 милиони евра, изјави Милошоски.

Тој напомена дека сега е поважно Мерко да им каже дека Антонио не ги сакал Албанците, а да се тргне курсот од неговиот криминал.

-Заедничкиот интерес на Анѓушев и Мерко е тендери, милиони, кеш и пари. Не потребата на граѓаните на Македонија. Овој неуставен закон е тука за да рашири магла, пред избори треба да се гласа, за да се направи политички пазар, не за да донесе поквалитетен живот, туку некој да си ги покрие криминалите кои што ги направил или што има намера да ги прави, изјави Милошоски.