Незадоволни активисти на СДСМ од Кривогаштани го демолирале штабот

Утрово околу 9 часот е демолиран штабот на СДСМ во општина Кривогаштани од страна на член на општинската организација на партијата во општината, кој во исто време е и сопственик на објектот каде бил сместен штабот, повеќе од десетина година. Имено од очевидци дознаваме дека истиот фрлал и документи и инвентар од тераса кога ги иселувал СДСМ од просториите во кои биле сместени. Револтот кај сопственикот на објектот, партиски функционер и активист во Кривогаштани е предизвикан од лажните ветувања на партијата во изминатиов период, кои очигледно не се реализирале со доаѓањето на СДСМ на власт.

Незадоволството во Кривогаштани ескалира и поради незадоволство предизвикано од актуелниот градоначалник и претседател на ОО СДСМ, Кривогаштани – Рубинчо Шефтероски.

Незадоволство помеѓу едни од најактивните членови и активисти на СДСМ, настанува како резултат на лажните предизборни ветувања кои Шефтероски им ги дал во врска со раководните функции и другите работни места кои што треба да бидат распределени. Имено Шефтероски ветувал работна позиција личен шофер на најмалку пет лица, а слични примери имаме и со доделувањето на функцијата – директор во ЈКП “Пелагонија”, работна позиција – командир на ТППЕ Кривогаштани, како и наставнички места на замена кои допрва треба да бидат распределени.

На последните одржани состаноци во општинската организација на СДСМ, актуелниот градоначалник и претседател на ОО СДСМ Рубинчо Шефтероски, јавно ги признал неговите лажни ветувања бранејќи се со фактот дека тоа била неговата тактика за активирање на што е можно повеќе членови и симпатизери во неговата предизборна кампања за локалните избори одржани на 15.10.2017 година. Денешното случување кулминирало со тоа што отстранетиот партиски амблем од седиштето на партијата, било донесено и исфрлено во седиштето на актуелниот градоначалник, а дел од партискиот инвентар бил исфрлен од терасата на главниот штаб.

Според извори блиски до СДСМ во Кривогаштни дознаваме дека Рубинчо Шефтероски, моментално ја игра улогата на англиска кралица во општина Кривогаштани, со оглед на тоа што неговата функција и овластувања се преземени од страна на други лица, вработени во локалната самоуправа, како Даниела Лукароска, сопруга на Оливер Лукаровски, советник во кабинетот на Оливер Спасовски.

 

Груевски најави инвестиција во медицинската индустрија: Американска компанија ќе отвори 300 работни места во Кривогаштани

Нова американска компанија, која ќе отвори околу 300 директни работни места, влегува во Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска истакна дека компанијата веќе почнала да го средува браунфилд објектот каде што ќе биде лоцирана. Станува збор за фабрика во делот на медицинската индустрија.

-Освен оние две инвестиции кои неодамна ги објавивме, едната во Желино со потенцијални 350 вработувања и едната во Скопје во рамките на поранешната фабрика „Охис“ со 200 вработувања, има веќе донесена одлука и купена опрема за отворање нова фабрика во делот на медицинската индустрија во општина Кривогаштани. Се работи за инвестиција на американски инвеститори кои веќе најдоа браунфилд објект, го реновираат и адаптираат, ги прибавуваат потребните дозволи, ја набавија опремата и очекувањата се дека најдоцна за два месеци од сега, а може и порано, ќе започнат со работа и ќе вработат околу 300 луѓе. Заедно со претходни 550 вработувања, тоа се нови 850 директни нови работни места во услови на тешка криза, во услови на напори на СДСМ во секој поглед да ја закочи државата – истакна Груевски.

Тој посочи дека има континуирани разговори со многу инвеститори, дека кризата направила проблеми, инаку, веројатно, бројот на инвеститори ќе бил поголем, но сѐ уште напорите на владините институции даваат ефект.

Инвестиција од 1,5 милиони евра: Нова фабрика во Кривогаштани

Камен-темелник за изградба на нов погон за преработка на зеленчук и овојшје е поставен денеска во индустриската зона кај населеното место Славеј, во општина Кривогаштани. Станува збор за нова инвестиција од 1,5 милиони евра.

Инвеститор е домашната компанија „ДООЕЛ Стефан“. Рубинчо Благадуша од компанијата истакна дека фабриката ќе се простира на површина од 3.000 м2, а се планира градбата да заврши во текот на летото 2017 година.

– Започнуваме со градба на халата во која ќе бидат сместени дел од коморите и дел од производствениот процес. За почеток ќе се вработат 50 луѓе, а е планирано таа бројка да достигне до 100 лица. Суровиината за погонот ќе ја откупуваме од индивидуалните земјоделци. Оваа инвестиција е многу важна за нашата општина Кривогаштани, особено за производителите на зеленчук, бидејќи производот навремено ќе им биде откупен и цените ќе бидат повисоки, истакна Благадуша.

Посочи дека најголемиот дел од производоството е договорен да оди за европскиот, а помал дел за американскиот пазар.

Инаку, на поставувањето на камен-темелникот за новиот погон за преработка на овошје и зеленчук, беше најавено дека за 15-тина дена со работа ќе почне погонот за преработка на зеленчук и овошје на фирмата „Бакалески промет“.

Според управителот на „Бакалески промет“, Бранко Петрески, инвестицијата е околу еден милион евра и за почеток ќе работи 30 лица. Оваа фабрика исто така се наоѓа во населеното место Славеј.

– Ќе откупуваме пиперки, корнишони, феферони, зелки, а од следната година планираме да започнеме откуп на овошје, пред се сливи и праски. Нашите производи ќе се пласираат на американскиот пазар. Оваа година, како прва година од нашето работење, ќе откупиме околу 500 тони зеленчук, а в година планираме тој откуп значително да се зголеми, рече Петрески.

Според градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски, индустриската зона кај селото Славеј се пополнува со крупни инвестиции.

– Покрај овие две инвестиции, пред неколку месеци, компанијата „Везе Шари“ зеде под концесија 550 хектари земјиште кое го засади со пченка, а планира да отвори и фарма за добиток, кланица за бикови и сушара. Инвестиција се планира да достигне 3 милиони евра за 4 години, истакна Заткоски.

Појасни дека во последната година во Кривогаштани се реализирани три инвестиции од земјоделскиот сектор од околу 5 милиони евра и на почеток ќе се вработат 100 луѓе. Според Заткоски, на територијата на општината има четири фирми за преработка на зеленчук и овошје чие производство е за извоз.

– Капацитетите на овие четири фабрики значат многу за економијата на општина Кривогаштани и на поширокиот регион, бидејќи ќе се вработува локалното население. Бенефит ќе имаат и самите производители на земјоделски производи, бидејќи цената на производот ќе биде повисока бидејќи станува збор за фабрики кои директно ќе ги откупуваат производите од производителите, додаде Заткоски.

Потенцира дека поради зголемениот интерес на инвеститорите, општина Кривогаштани, веќе донела решение за проширување на постојната индустриска зона кај Славеј. Заткоски дека ќе се формиираат и две нови зони, едната во близина на сегашната индустриска зона кај Славеј, а другата кај населеното место Боротино.

Кривогаштани ќе добие спортска сала – поставен камен-темелник

Премиерот Никола Груевски денеска го означи почетокот на градба на новата спортска сала во ОУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани, за која Владата има издвоено 24 милиони денари.

Салата ќе се гради на површина од 650 метри квадратни, ќе биде опремена со најмодерна спортска опрема, посебни простории за наставниците по спорт и спортски активности и ќе биде оспособена да се користи за повеќе видови на спорт. По нејзината изградба ќе и биде отстапена на општина Кривогаштани.

– Оваа сала е дел од големиот проект на Владата за изградба на 145 училишни спортски сали низ целата територија на Македонија. Во рамките на овој проект досега се изградени 47 спортски сали за кои се инвестирани околу 23 милиони евра со што се подобрени условите за спорт и рекреација на околу 40.000 ученици ширум Македонија, рече премиерот Груевски, по поставувањето на камен-темелникот.

Тој најави дека во моментов, покрај оваа спортска сала, во фаза на градба се уште други девет спортски сали, а до крајот на годината се очекува да започнат со градба и две нови.

– Со овој проект, но и со проектот за изградба на 35 големи спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 повеќенаменски спортски игралишта и 120 тениски терени, полека но сигурно ја менуваме спортската слика за Македонија, рече Груевски, нагласувајќи дека во иднина тоа ќе донесе повеќе спортски успеси за нацијата.

Нагласи дека проектите на Владата продолжуваат да се реализираат со одлична динамика и одлично темпо и најави дека следниот период ќе следува реализација на уште повеќе проекти.

Тој посочи дека во изминатиот период Владата заедно со Општина Кривогаштани има реализирано повеќе проекти во Кривогаштани и во околните села, како што се реконструкцијата на училиштето „Манчу Матак“ во износ од околу 150.000 долари, изградбата на пунктот на Итната помош, изградба на нова детска градинка и додаде дека во завршна фаза е изградбата на првото повеќенаменско спортско игралиште во Кривогаштани, инвестиција вредна околу 150.000 евра, како и најсовремениот сточен пазар во земјава и пошироко кој ќе чини околу 300.000 евра. Најави реконструкција на неколку локални патни правци, како и проширување на регионалниот пат Кривогаштани – Обршани – Воѓани која ќе чини околу милион евра.

Градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски истакна дека со помош на Владата во изминативе 2,5 години во општината се реализирани проекти во вредност од околу два милиона евра или, како што кажа, околу 20 милиони денари за реконструкција на локални и регионални улици, 50 милиони денари образование, 23 милиони денари за комунални дејности и урбанизам и пет милиони денари за здравство.

Посочи дека изградбата на спортската сала многу ќе значи за идните генерации бидејќи, како што кажа, во последниве години општината бележи зголемување на наталитетот на повеќе од 30 отсто.

Груевски во работна посета на Прилеп, Долнени и Кривогаштани

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на прилепскиот регион.

ngruevskiiii

Според агендата, Груевски прво ќе приствува на поставување на камен темелник на спортската сала на основното училиште „Манчу Матак“ во Кривогаштани, а потоа на пуштање во употреба на пречистителна станица и канализационен систем во населено место Секирци, општина Долнени.

Премиерот ќе присуствува и на пуштање во употреба на локален пат Дупјачани-Мало Мраморани, општина Долнени, а денешната посета ќе ја заокружи со остварување увид во градежните работи на Железничката станица во Прилеп.